Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

27022021_PVRSM_Zaev_MZ_Filipce_sredba-so-zdruzenija-za-retki-bolesti_6-1

Заев и Филипче: Воведуваме системски пристап на грижа за луѓето кои живеат со ретка болест и го зголемуваме бројот на достапни лекови

Во завршницата на месецот посветен на ретките болести и на кампањата „Ги запознаваме ретките болести“ премиерот Зоран Заев заедно со министерот за здравство Венко Филипче се сретна со 12 претставници на здруженијата за ретки болести.Премиерот Заев ги потврди заложбите на Владата кон афирмација и поддршка на граѓаните кои живеат со ретка болест, на здруженијата кои им даваат гласност и рече дека политиките донесени во последните 4 години сосема го променија пристапот кон справување со ретките болести и грижата за пациентите.„Кога некој се соочува со болест, целото семејство го носи товарот на таа болест. Затоа се направени повеќе чекори за подобрување на квалитетот на здравствените услуги за овие пациенти и не застануваме на досега направеното. Во однос на бројот на пациенти кои примаат терапија преку Фондот за здравствено осигурување е забележлив растот на опфатени пациенти од 96 во 2015, до 190 во 2020 година. Во 2017 година буџетот за ретки болести изнесуваше 213 милиони денари, а во 2020 година, тој е дуплиран и изнесуваше 527 милиони денари“, рече премиерот Заев и додаде дека за прв пат е воспоставен електронски регистар на ретки болести.„Системскиот пристап за грижа на пациентите со ретки болести е потенцијал за креирање соодветни политики и во лекувањето и во опфатот. Благодарение на електронскиот регистар на ретки болести секој лекар од јавните здравствени установи, кој лекува пациент со ретка болест има увид само за своите пациенти кои ги лекува, како и увид и целосна евиденција за пропишаната терапија“, објасни премиерот Заев.Министерот Филипче на луѓето кои живеат со ретка болест им порача дека не се сами и дека Министерството за здравство е секогаш отворено за да ги слушне нивните потреби и стручно да ги следи новите и достапни терапии.„Интензивно работиме да ја приближиме иновативната терапија од сите најсовремени европски и други земји во светот до нашите пациенти. Со зголемувањето на Буџетот се зголеми и бројот на лекови и достапни терапии за многу дијагнози и групи на ретки болести кои претходно не беа достапни во нашата земја. Нови лекови добија пациентите со болеста Гоше со една форма на анемија, пациентите со пулмонална хипертензија и пациентите со пулмонална фиброза. Вкупно околу 560 пациенти во регистарот за ретки болести во нашата земја се целосно покриени со соодветна и најсовремена терапија“, рече министерот Филипче и додаде дека во сите процеси активно се вклучени сите здруженија за ретки болести.Министерот Филипче истакна дека со изработената Национална стратегија за ретки болести 2020-2030 дополнително ќе овозможи унапредување на законодавството според европските регулативи за лекови за ретки болести, и за унапредување на експертизата на медицинскиот персонал во нашата држава.Наташа Анѓелевска, претставничка на здруженијата за ретки болести, рече дека напредокот е огромен во државата и изрази благодарност што се добредојдени во Влада каде слободно зборуваат за предизвиците и тоа што понатака треба да се направи во насока на унапредување на состојбата за ретките болести.

Македонија | пред 5 години

Screenshot_41

„Колку камења кон полицајците, толку шок бомби кон Македонците кога протестираа против името“, реакции по вчераниот протест

Жестоки реакции по вчерашниот протест против пресудите донесени за пекратното убиство кај Смилковското Езеро:„Борци за човекови права. Насилството за секаква осуда. Некој како да заборави кој е жртва тука! Тешко на родителите на убиените деца и на луѓето што денес беа повредени. Оставени во клинч на бесна толпа и без вистинска команда! Колку камења денес летнаа кон полицајците толку шок бомби и солзавци летнаа кон Македонците кога демонстрираа против промена на името..... До кога со овие двојни аршини? За луѓе се работи!!!“, пишува на профилот од Приказни од булеварот.

Коментари | пред 5 години

filipce

Филипче: Здравствените работници покажаа истрајност, професионалност и патриотизам на највисоко ниво

Министерот за здравство д-р Венко Филипче во видео порака по повод една година од првиот регистриран Ковид случај во земјата вели дека здравствениот ситем покажал дека има знаење и искуство да се носи со најголемиот здравствен предизвик во поновата историја. Тој им се заблагодари на здравствените работници за кои вели дека заслужуваат цела почит и благодарност.„Во изминатата година докажавме и покажавме дека здравствениот систем има сили, знаење и искуство да се справи со најголемиот здравствен предизвик во поновата историја на светот. Здравствените работници кои беа на првата линија на борбата против вирусот покажаа истрајност, професионалност и патриотизам на највисоко ниво и токму поради тоа, ја заслужуваат целата почит и благодарност.“ вели Филипче.Тој порача дека набавката на вакцини е најголем предизвик за сите земји во светот а околу 130 земји сеуште го немаат почнато процесот на имунизација.Посочува дека се даваат максимални напори да се обезбедат вакцини и убеден е дека многу брзо ќе започне масовната вакцинација.„Како Влада даваме максимални напори да обезбедиме вакцини што поскоро и доволно за сите граѓани, за што барам трпение и разбирање од сите. Набавката на вакцини во моментов е главен предизвик за сите држави во светот, а 130 земји сеуште немаат почнато со вакцинација. Ние успеавме да ја започнеме вакцинацијата на здравствените работници, а многу брзо ќе ја почнеме и вакцинацијата на сите граѓани.“ посочува министерот Филипче.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

ilija-casule-960x573-1-750x430

(ФОТО) Претепан академик Чашуле од МАНУ: Му ја блокирале колата, па го го раскрвариле

Професорот Илија Чашуле на Фејсбук објави дека бил следен од тројца мажи кои му го попречувале патот кога се враќал од Прилеп, а кога стасал во Скопје на неколку метри пред својот дом бил брутално претепан.Академик Чашуле отворено застана против промената на името на МАНУ. Тој одамна најави повлекување од Македонската Академија на науките и уметностите, ако според договорот со Грција биде преименувана во Академија на Северна Македонија.Во продолжение Ви го пренесуваме сведоштвото на професорот:„Некаде кај клучката за Синѓелиќ (Ченто) се појавија пак силеџиите и почнаа да ме гонат по Скопје. Се обидов да им избегам, ама кај Влада, баш на Димитрие Туцовиќ, кај што сум растел, почнаа да ми го попречуваат патот и излегоа првпат од кола да ме блокираат, но јас ги одминав. Продолжив по Илинденска и тие пак запреа и излегоа двајца, пак со цел да ме блокираат, да ме запрат и да ме нападнат. Ме фати семафорот кај парк кој трае долго. Силеџиите беа три коли зад мене и излегоа тројцата и дојдоа до мојата кола, среде улица и почнаа да пцујат и ми ја отворија вратата и почнаа да ме удираат додека јас се уште седев. Тројца млади јаки мажи тепаат 64 годишен човек“, пишува Чашуле.Професорот, потоа раскажува што се случило кога стасал на Илинденска:„Јас се бранев и им вратив, но тие ме повредија вака: Очилата ми ги набија под левото око и бидејќи се метални се забодија едно пола сантим во кожата и почна да грга крв. Ме удрија и по носот, кој исто почна да крвари, и ме удрија на милиметри под окото, кое потече и исто така крвареше. Ми удри еден од нив бокс во ребрата и ми го повреди најдолното лево ребро. По кратко време, кога видоа дека им враќам, тргнаа кон својата кола пцуејќи ми мајка…Значи имаше многу коли, многу сведоци, но никој не им го попречи патот, никој десетина минути иако очигледно крварев, НИКОЈ не запре да ми помогне. Отидов на тротоарот и една жена ми пристапи која виде сѐ и која се згрози. Меѓутоа и таа се исплаши и си замина. Континуирано крваврев 15 минути и почна малку да ми се врти во глава. Едно момче, исто сведок ми понуди помош и ме испрати до дома. Си помислив дека можат да ме дотепаат дома и и други несреќи да ми прават. Се прибрав дома, со раскрвавена кошула и панталони, во болка и ми требаше 15 минути да го сопрам крварењето, особено тешко зараснуваше местото каде ми ги набија металните очила кои се сосема искривени а ги фрлија на улица (јас ги прибрав).“, вели професорот.Се поставуваат неколку прашања, вели професорот, кој ми ги смести силеџиите?„СДСМ, Заев, Шеќеринска? Ахмети, ДУИ? или можеби дури од МАНУ,ВМРО? Мијалков?Или најпосле сите овие креатури најдоа кауза околу која да се здружат и да ме ликвидираат оти со мојата праведност им ги мрсам сметките? Да го натепаат најеминентниот етимолог, индоевропеист, македонист, балканолог и славист? Ама не предвидоа колку сум јак и дека можам да се одбранам.И никој не ме штити, никој не застанува во моја одбрана само крокодилските солзи на фејсбук..а инциденти колку да сакаш, како нокаутот среде Струга крај Дрим, труења со храна итн итн на мртви да кажуваш…БРАВО!“

Македонија | пред 5 години

Mijalkov-sud

ИРЛ: Скопје-Прага-Шутка

Со растреперен глас долгогодишниот судија, Владимир Туфегџиќ, ја читаше пресудата за Сашо Мијалков во случајот „Тврдина– Таргет“.„Ми се одзема гласот. Не знам што ми се случи. Јас не сум тремаџија, меѓутоа ми се одзема гласот. Водичка добро што имаше“, и’ рече судијата Туфегџиќ на неговата колешка Џанета Бегтовиќ кога мислеше дека микрофоните се исклучија.Судиите Џанета Бегтовиќ и Владимир Туфегџиќ ја донесоа пресудата за најголемиот судски случај од независноста на државата во кој жртви на системот беа над 20.000 незаконски прислушувани граѓани во период од седум годни. Осудени се 12 луѓе кои добија 55 години затворски казни и 5 условни осуди, објави admin.irl.mk. Поранешниот шеф на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков, е осуден на затворска казна од 12 години затвор. Во Кривичниот суд беше донесен од домашен притвор со полициско комбе, но на рацете немаше лисици, туку папка со документи. Во судницата најбројни беа новинарските екипи, а во делот за јавност седна постариот син Јордан Мијалков.И тој можеше да ги слушне пораките кои на крајот на судењето ги прочита судијката Бегтовиќ упатени до осудените, до актуелните функционери, но и до граѓаните.„Обвинетите кои биле високи функционери на власта, покажале став дека функционерите се над законот. Кога таков функционер со такви овластувања го прекршува законот, тоа ги урива темелите на правната држава. Тие целосно ја уништиле довербата на јавноста во институциите и власта, создавајќи слика за себе како недопирливи. Граѓаните кои биле предмет на прислушување се обесправени и изгубија секаква доверба во функционирање на иснтитуциите. Со самата судска завршница на овој предмет судот потврдува дека актерите се казнети за се она што го направиле. Нема недопирливи. Сите граѓани во оваа држава се еднакви пред законот“, рече судијката Бегтовиќ.Началникот – под ова име стана познат меѓу граѓаните по објавувањето на прислушуваните разговори. Митот за ладнокрвен кој го изгради додека беше шеф на тајната полиција, уште повеќе го надгради додека неговиот глас се слушаше во т.н. „бомби“. Го задржа имиџот и денеска додека ја слушна висината на казната и не покажа никаква емотивна реакција.На крајот на судскиот процес, единствено судијата Туфегџиќ почуствува потреба да им се обрати на присутните и да им објасни дека трепетот во гласот бил поради заштитната маска и сувиот воздух.Текстот во целост на:  admin.irl.mk.  

Македонија | пред 5 години

zaev33

Заев ја достави својата кандидатура за претседател на СДСМ

Денеска ја доставив мојата кандидатура за претседател наСДСМ – Социјалдемократски сојуз на Македонија, објави Зоран Заев, лидерот на оваа партија и премиер на својот фејсбук профил..-Пред членовите на партијата излегувам сo Програма: Нова политика – СДСМ прв во промените!Ја барам поддршка за нов мандат како претседател, на првите директни внатрепартиски избори што ќе се одржат на 21 март, напиша Заев.Додава во објавата дека доколку ја добие доверата, со својот нов мандат, најавува досега најголема политичка акција за промена на начинот на функционирање и менталитетот на политичките партии во нашата земја, почнувајќи токму од СДСМ.-Нова политика – Пролетна офанзива за нов пресврт во политичкото делување на #СДСМ и Република Северна Македонија, наведува Заев на фејсбук.

Македонија | пред 5 години

protets-9-nikoloski

Николоски: По „мастер сценариото“ на власта Мијалков требаше да организира пуч во ВМРО-ДПМНЕ, планот на Заев му се удри од ѕид

Во вечерашното издание на „Што не е јасно“ во Алфа телевизија, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, во врска со бегството на Сашо Мијалков истакна дека мастер сценариото на власта било Мијалков да организира пуч во ВМРО-ДПМНЕ, но планот на Заев му се удрил од ѕид затоа што македонската јавност се спротивстави на манипулациите со владеење на правото, па СДСМ во очај мораше да смислува глупости за да се испере пред граѓаните.Ова е едно мастер сценарио на СДСМ, во кое попусто се обвинува ВМРО-ДПМНЕ, јас вчера на пратенички прашања го прашав Зоран Заев ако веќе бегалецот од правдата бил во Скопје во која куќа или стан и дали е спроведена редовната процедура со претрес на таа куќа што е нормална пракса за да можат од таму да се прибават докази, но требало да се провери што има во таа куќа, а Заев одбегна да одговори на истото, вели Александар Николоски.Николоски вели дека чиста глупост се обвинувањата кон ВМРО-ДПМНЕ за поврзаност со бегството на Сашо Мијалков, затоа што службите можеле во било кој момент да ги проверат просториите на партијата, но можеби бил во Владата или во просториите на СДСМ каде дозвола за влез може да се добие само од Заев.Мастер сценариото на СДСМ започнува некаде од јануари месец, во коешто требаше да се истргува со правдата, да се направи притисок врз судот за минимална казна, а за возврат да Сашо Мијалков организира пуч во ВМРО-ДПМНЕ и да ја потсетам јавноста не случајно прес конференцијата на тој фамозен Иницијативен одбор се случи само ден по завршните зборови од случајот, кога беше јасно дека црно му се пишува.Николоски вели дека откако власта увидела дека не може да ја контролира ситуацијата прво му рекла да бега, а потоа под притисок од меѓународната заедница го вратија некаде од пред Белград затоа што им пропаднал планот.Во еден ваков очај власта мораше да смислува глупости за да може да испере, но задоволен сум од македонската јавност покажа една голема сензитивност за владеење на правото и се спротивстави на манипулациите кои Зоран Заев ги прави четири години по ред со правото и правдата, па така тие кои му се пријатели на Заев, како брат му, братучед му, бизнис партнерите, не одговараат, а сите други одговараат дури и за најмали работи – потенцираше Николоски.Николоски истакна дека премногу индикативен е фактот што Заев напишал статус на Фејсбук една минута откако случајно го затекна камерата бегалецот од правдата пред Обвинителството што е физички невозможно, значи дека се било плански сторено, како и тоа дека истиот тој план на власта и се „удрил од ѕид“.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

MVR-za-popis-2

Османи ги собра шефовите на Амбасадите и Конзуларните претставништва за претстојниот Попис

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска одржа вонреден работен состанок со сите шефови на дипломатско-конзуларните претставништва, со цел подготовка за спроведување на активностите во нивните надлежности поврзани со претстојниот попис. На состанокот присуствуваа и Директорот и заменикот директор на Државниот завод за статистика, Апостол Симевски и Иљми Селами.Османи информираше за законските надлежности на Министерството за надворешни работи посочувајќи на активната улога во спроведување на пописот на лицата упатени на служба во ДКП-та, како и обврската на дипломатската мрежа за поддршка на Заводот за статистика за информирање во врска со процесот на дијаспората.“Од 1 март започнува оваа важна статистичка операција, токму со вас како дипломати и за вашите семејства; дополнително, истата процедура ќе треба да се примени и за лицата кои престојуваат во странство по која било основа. Во следните 50 дена ова треба да претставува врвен приоритет на работата на дипломатската мрежа, со цел да им обезбедиме соодветни услови на пописните органи да ја завршат оваа обврска”, истакна Османи.“Жалам што донесувањето на Законот доцнеше од неоправдани причини, што како институции нѐ доведе во состојба со забрзано темпо да се подготвуваме за квалитетно да ги пресретнеме обврските, но барам од вас, и очекувам, преку вонреден капацитет од страна на дипломатската мрежа, да ги надминеме овие предизвици и да им обезбедиме поддршка на пописните органи”, посочи Османи.Османи потсети и на новата реорганизација на Владата, каде што исклучителна надлежност за прашања поврзани со дијаспората, се префрли во рамките на надлежностите на МНР. Во таа насока Министерството за надворешни работи, ги прошири организациските капацитети на Министерството, преку креирање на дополнителна организациона единица за дијаспората, која ќе биде надлежна за сите прашања поврзани со нашите државјани во странство.“Пописот е добар пример преку нашата проактивна улога да демонстрираме одговорност и посветеност кон дијаспората, која има важна улога во севкупните процеси на земјава. Важно е да создадеме трајни услови за соработка, за брза комуникација и блискост, остварувајќи ја со тоа клучната цел – дијаспората да биде нераскинлив дел од земјава”, – потенцираше Османи.Лицата кои имаат место на живеење во Република Северна Македонија, а за време на спроведувањето на  Пописот се на служба во дипломатско-конзуларните претставништва на Република Северна Македонија во странство како и членовите на нивните семејства кои со нив престојуваат во странство ќе се спроведе, во периодот од 01 март до 15 март  2021 година, додека самопопишувањето/саморегистрацијата на нерезидентното население, но и сите други државјани кои по било кој основ престојуваат во странство ќе започне од 01 март и ќе трае до 21 април, 2021 година.

Македонија | пред 5 години

mnr-696x316

МНР: Вандалскиот акт во Солун нема да влијае на односите со Грција

Во врска со вчерашниот инцидент во кој на вандалски начин беше опожарено возило од Генерален Конзулат на Република Северна Македонија во Солун, Министерството за надворешни работи е во редовна комуникација со нашиот Конзулат и со надлежните институции на Република Грција, велат од министертвото за надворешни работи и додаваат:Нашиот Конзулат е известен дека грчките власти направиле соодветен увид и ги преземаат сите потребни мерки и активности за пронаоѓање на сторителите и евентуалните мотиви на овој немил случај, како и дека покрај возилото на нашиот дипломат, во истиот период, запалено било и второ возило на различно место во градот. Двата случаја се предмет на истрага, со цел да се откријат извршителите и мотивите, кои цениме дека на ниту еден начин не се насочени против нашата држава. Исто така, веруваме дека овој вандалски акт на ниту еден начин нема да влијание врз одличните добрососедските односи меѓу двете пријателски земји.фото: Архива 

Македонија | пред 5 години

make-bugarska-komisija

Мешовитата комисија на Скопје и Софија не постигна напредок за историските прашања

Мешовитата комисија на Скопје и Софија не постигна напредок за историските прашања, а прашањето за Гоце Делчев не било ниту отворено иако било на дневен ред, соопшти Министерството за надворешни работи.Изминативе два дена Комисијата ја одржа 12. средба. Според предложениот дневен ред за работа, тема на дискусија беа прашањата поврзани со изготвување препораки за учебниците по историја со цел надминување на споровите што произлегуваат од различните и силно политизирани толкувања на минатото и усогласување текст-препорака за заедничко чествување на Гоце Делчев.„Во однос на дискусијата за учебниците по историја, како и на претходната средба, не беше постигнат напредок. И покрај конструктивната дискусија и желбата да се постигне напредок, не беше постигната согласност во однос на прашањата поврзани со средновековието. Остануваат големите разлики во пристапите и разбирањето на улогата на историското образование и образовните политики. Со оглед на продолжената дискусија за учебниците по историја, на оваа средба Комисијата не го отвори прашањето за Гоце Делчев и негово евентуално заедничко чествување иако беше на дневен ред“, соопшти МНР.Дискусијата по овие теми ќе продолжи на следната средба на Комисијата, која треба се одржи на 22 и 23 април.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

presuda-mijalkov-4

Левица: Правда ќе има само со конфискација на нелегално стекнатиот имот на Мијалков

После фијаското со самопријавувањето на Мијалков во Обвинителството и скандалозната изјава на премиерот Заев дека тој лично координирал со акцијата, како да е обвинител, а не премиер – денес беше изречена 12 години затворска казна за поранешниот директор на УБК. Се работи за еден од најголемите криминали и злодела на претходниот режим, преку кој масовно беа нелегално прислушувани тогашни критичари на власта, вклучително и претседателот на Левица – Димитар Апасиев, се вели во соопштението од Левица.Во продолжение на соопштението од партијата додаваат:Со падот на тогашната власт, Сашо Мијалков продолжи да биде продолжена рака на новиот режим, директно учествувајќи во недемократските процеси на новата Влада, како што беше насилната промена на уставното име. Впрочем, семејните фирми на Мијалков неколкукратно ги зголемија своите профити преку државни тендери доделени токму од власта на СДСМ.И покрај помпезните изјави на власта дека со оваа одлука правдата е задоволена, политичката пракса во Македонија го покажува спротивното. Впрочем, денеска како главен преговарач со Бугарија и ревизор на учебници е поранешен премиер кој беше осуден на три години затвор, пресуда која никогаш не стапи на сила. Да не заборавиме дека токму денешниот премиер на Македонија е аболицирано лице, додека пак како амбасадор во САД е испратен Фрчковски – лице со кое се врзуваат многу скандали и контроверзии, особено од времето кога токму тој беше Министер за внатрешни работи при што се случи атентатот врз Претседателот Киро Глигоров, случај кој никогаш не беше расчистен. И на крај, разните случаи на бегство и застарување на делата, како што е случајот токму со премиерот од претходниот режим Груевски, остава голем сомнеж дека и во овој случај ќе се создадат слични околности кои ќе значат прикриена амнестија на криминалецот или негова привилегирана положба на „издржување“ на казната.За правдата да биде задоволена, потребно е спроведување на конфискација, односно како што предвидува член 97 од Кривичниот законик: „Од сторителот ќе се конфискува имотната корист прибавена со кривичното дело што се состои во пари, подвижни или недвижни предмети од вредност, како и секоја друга сопственост…, а ако нивната конфискација не е можна на сторителот ќе му се конфискува друг имот што одговара на прибавената имотна корист. Имотната корист се конфискува и од трети лица на кои е пренесена без соодветен надоместок, ако не знаеле, а можеле или биле должни да знаат дека е прибавена со кривично дело.”Јасно е дека Мијалков ја злоупотреби својата политичка моќ, преку која прибави огромна економска корист и политичко влијание при што постана еден од најбогатите олигарси во државата. Токму концентрацијата на политичка и економска моќ ги предизвикува сите девијантни појави на системот – како неказнивост, корупција, уцени и сеење страв спрема граѓаните. Затоа, не е доволно да се лиши Мијалков од слобода, туку нужно потребно е истиот да се лиши од плодовите на неговите криминални дејствија!фото: Архива

Македонија | пред 5 години

mijalkov-sud-2-1

Бачев: Еуфорија за затворот на Мијалков,но што е со штетата од околу 1.500.000 евра, која треба да ја надоместат Гордана Јанкуловска и избеганите во Грција

Медиумите еуфорично го налепија народот за затворот на Мијалков. Нема збор за штетата од овие кривични дела од 87.422.668,00 денари (околу1.500.000 евра), а според пресудата треба да ја надоместат Гордана Јанкуловска и овие двајцата што избегаа во Грција. Тука Мијалков не го чепкаат иако е носител на грабежот од милијарди евра кај претходната власт, напиша на својот ФБ профил претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев.Бачев во својата објава додава:Останувам на ставот дека нема никакво фајде доколку и сите обвинети од поранешната власт завршат во затвор а украдените милијарди останат нечепнати.Го осудија на 12 години, а прашање е колку ќе одлежи оти Апелација ќе намали, едното дело за кое е осуден 3 години застарува на крајот на февруари, па помилување...и на крај дали ќе одлежи и половина, 5-6 години, ако одлежи, де.Затоа, да прашам, иако е крајно непријанто и неугодно, колку луѓе би се пријавиле доброволно да одат во затвор 5 до 6 години, ако утре им дадат стотици милиони евра со се куќи на Водно и хотел во срцето на Скопје.Бројчаникот на Заев во центарот на Скопје застаре и трокира, бидејќи и власта на Заев е заглавена во грабеж на народниот имот. Без одземање на украденото, осудите се само добра забава за народот, напиша Бачев на ФБ.фото: ФБ Јанко Бачев

Македонија | пред 5 години

152874800_1179918075759267_3895315206117151452_n

(ВИДЕО) „Влатко ме сакаше и покрај предрасудите за нашиот брак“: 30 години „Силви бенд“

Влатко и Силви Плевнеш 30 години се на музичката сцена. Познатиот „Силви бенд“ летово ќе го одбележи јубилејот со концерт на Долни Сарај во Охрид. Таму првпат пред публика ќе ја испеат „Ја излези стара мајко на пенџерето“, песна за која Влатко е емотивно врзан бидејќи раскажува приказна за девојка што во турско време живеела во неговата семејна куќа во Охрид.„Песната има интересна историја, поврзана лично со моето семејство, а собата што се споменува, од каде што девојката го гледала Осман-бег како оди по калдрмата, е истата онаа соба каде што спиеме со Силви кога одиме кај моите во Охрид“, ни раскажа Влатко.Приказни имаат многу. Но, малкумина знаат дека пред да почнат да пеат заедно, Силви и Влатко биле две години во врска. Во тоа време Влатко свирел во групата „Тао“ со најголемите ју-ѕвезди, Здравко Чолиќ, Вајта..., а Силви секаде патувала со него.„Тоа време, кога одевме на турнеи низ Југославија, за мене е едно од најубавите во животот. Со Влатко уживавме и во патувањата и во љубовта“, се сеќава Силви. Ни откри дека се запознале на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Таа дошла на студии од Ниш, а тој бил втора година. „Цело време беше околу мене, каде и да се свртам, ќе се појавеше од некаде“, вели Силви, а Влатко додава: „Ја бркав една година. Во неа беа заљубени сите студенти, па и професорите се вртеа по неа. Полесно ќе ми беше да го освојам Монт Еверест“, се шегува тој.Иако се во брак речиси три децении и ја имаат ќерката Деа, која е музичар, на почетокот на врската не им било воопшто лесно. Поради ромското потекло на Силви, се соочиле со предрасуди, најмногу од семејството на Влатко. „Само поради неговата упорност, но и затоа што мојата добрина ги смири, не дозволивме никој да ни ја уништи врската“, вели Силви за „Репортер“.За односот со свекрвата денес, за навредите што ги трпела како дете, но и за советите од мајка си како да се издигне над ситуацијата, Силви зборува со многу емоции. Тука се и муабетите за ќерката Деа, за ромските корени, првите живи свирки во Скопје, како им е кога ќе се скараат на минута пред настап... гледајте го интервјуто.извор: Репортер

Магазин | пред 5 години

nikola-todorov-696x463

Ја спукаа Тородов и Мицкоски: “Мериот” коалицијата те избра, а додека се борев со Заев ти градеше хидроцентрали

„Додека јас го напаѓав и се борев против Заев и СДСМ, Мицкоски си градеше хидроцентрали“, вака Никола Тодоров, ексминистер за здравство и поранешен висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ, му одговори на лидерoт, Христијан Мицкоски кој јавно го критикуваше. Коментарот на Тодоров доаѓа откако Мицкоски го нарече кукавица која избегала и решила да одработува за Заев. Ова е прво јавно препукување помеѓу Тодоров и Мицкоски, откако, ексминистерот беше исклучен од партијата во 2018 година, објави А1ОН.Тој посочува дека гласањето на како што вели „Мериот коалицијата“ за Мицкоски како наследник на Груевски на конгресот во Валандово, било грешка.„Мицкоски, оди си! Доста ни е од твојата хидро-група и од твоите порази. ВМРО не е Мицкоски, ВМРО е многу повеќе и многу поважно од тебе. Оди си за да можеме да го победиме Заев и СДСМ. Равенката е едноставна: Мицкоски си оди, Заев си оди. Мицкоски претседател на ВМРО, Заев претседател на Влада. Оди си, за спас на ВМРО!“, додава Тодоров.Текстот во целост на: А1ОН 

Македонија | пред 5 години

Policija-kordon

На протестите за „Монструм“ повредени седум полицајци

На протестот за пресудите во случајот „Монструм“ се повредени седум полицајци.Од МВР, информираат дека се приведени осум лица и дека се работи за пронаоѓање и прведување на уште лица учесници во протестот.Инаку денешните протести за „Монструн“ станаа насилни кога демонстрантите неможеа да го поминат полицискиот кордон на крстосницата поради силното полициско обезбедување, оклопни возила и специјалци кои го обезбедуваа протестот.Демонстрантите во неколку наврати се обидоа да го пробијат полицискиот кордон. Фрлаа шишиња, запалки, столови кон полиција, а дел од нив, маскирани со фантомки, со цело тело се фрлаа во полициските штитови, но полицијата не им дозволи да се доближат до судовите.Протестот заврши кога полицијата ги потисна демонстрантите кои имаа намера да одат до Собранието и ги принуди да се вратат кон Бит-пазар.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

ljube-boskovski-2

Бошкоски за Мијалков: Плови Саша... Ме радува фактот, што вистината секогаш излегува на виделина

Плови Саша...Ме радува фактот, што вистината секогаш излегува на виделина, затоа што, уште еднаш се докажа дека Обединети за Македонија не излезе од ВМРО, а излезе од ДПМНЕ, напиша на својот ФБ профил Љубе Бошкоски од „Обединети за Македонија“ по денешната пресуда на поранешниот директор на тајната полиција Сашо Мијалков кој доби казна затвор 12 години  за предметот „Таргет-Тврдина“ .Бошковски во својата објава додава:Уште во 2011 година, апелирав дека банда криминална ги злоупотребува светите букви на ВМРО, се изнесуваат пари во други држави и се врши секаков криминал. Меѓу првите го кренавме гласот за слобода и правда.Ми претставува огромно задоволство, што токму луѓето кои ги поддржуваа лошите политики на минатото раководство на ДПМНЕ, дали од неверување или изманипулирани од пропагандната машинерија на тогашниот режим, денес, се согласуваат со нашите тези и ставови.Јас не сум човек што се сити на нечија несреќа, мене не ме исполнува никакво страдање. Можеби и затоа сме различни од нив и затоа се гордеам со тоа.Јас - Љубе Бошкоски и нашата Обединети за Македонија секогаш се бориме за воспоставување на ред и доследно спроведување на законите.

Македонија | пред 5 години

26022021_PVRSM_Zaev_sredba-so-ministerot-od-Helenskata-Republika_1

Средба Заев - Хрисохоидис: Поддршка за аспирациите кон ЕУ и развој на соработката

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, придружуван од министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски се сретна со Михалис Хрисохоидис, министер за заштита на граѓаните на Хеленската Република.На состанокот е заеднички констатирано дека е отворено ново поглавје во билатералните односи помеѓу Република Северна Македонија и Хеленската Република и дека во последниве две години соработка меѓу државите оди во нагорна линија.Оценето е дека се чувствува напредок во нашата држава, при што е посочено на придонесот на премиерот Заев во посочените развојни процеси. Во таа насока, пренесена е пораката дека Хеленската Република продолжува да ги поддржува аспирациите на нашата држава кон Европската унија, во рамки на важечките договори и добрососедските односи и дека има определеност Хеленската Република да има водечка улога на патот на земјава кон ЕУ. За таа цел, соопштено е дека има политичка поддршка, но и заинтересираност за техничка поддршка на тимовите од Северна Македонија коишто ќе работат на поглавјата во рамки на пристапниот процес кон ЕУ.Премиерот Заев посочи на придобивките од развојот на добрососедските односи помеѓу двете држави, како што е зголемениот интерес на грчки инвеститори во нашата држава, посебно во областа на енергетиката, како што е интересот за ХЕЦ Чебрен, за ТЕЦ Неготино, или обратно, вклучувањето на нашата држава со 10-процентно учество во стратешкиот проект за природен гас Александрополис.„Граѓаните и компаниите веќе ги чувствуваат бенефитите од зајакнатата соработка по Договорот од Преспа, а пред нас е голем потенцијал за натамошно унапредување на односите, како на политичко ниво, така и на цивилно ниво“, рече премиерот Заев.На состанокот беа посебно нагласени заложбите за интензивирање на соработката помеѓу МВР и Министерството за цивилна заштита на Хеленската Република, преку денешната размената на планови и идеи, со цел заедничко дејствување во борбата против криминалот и корупцијата, нелегалната миграција, безбедноста на граѓаните. Посочено беше и на посветеноста кон отворањето два гранични премина кај Преспа, Маркова Нога и Мајден. Како пример за меѓусебната доверба е истакната и соработката насочена кон заштитата на интегритетот на воздушниот простор на земјите членки на НАТО и склучениот технички аранжман помеѓу министерствата за одбрана на двете држави.На средбата е разговарано и за меѓусебната помош и поддршка во справувањето со последиците од пандемијата.фото: Влада

Македонија | пред 5 години

korona-2

Денеска починати 8 лицa и нови 554 случаи на Ковид 19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 3.477 тестирања, а регистрирани се 554 нови случаи на ковид-19 во:Скопје – 258, Кавадарци – 51, Прилеп – 41, Куманово –25, Неготино – 22, Охрид – 18, Тетово – 16, Струга – 13, Гевгелија – 12, Битола – 11, Велес, Струмица и Крива Паланка – по 10, Штип - 8, Кичево -7, Гостивар и Валандово – по 6, Крушево и Богданци – по 5, Пробиштип и Демир Хисар – по 4, Кочани – 3, Делчево – 2, Свети Николе, Дебар, Берово, Виница, Кратово, Демир Капија и Пехчево – по 1.Регистрирани се 210 оздравени пациенти од:Скопје – 90, Прилеп –25, Кавадарци – 19, Неготино и Тетово – по 8, Куманово и Штип – по 7, Гостивар и Делчево – по 6, Гевгелија – 5, Битола и Велес – по 4, Струмица, Крушево и Берово – по 3, Кочани, Свети Николе, Виница и Ресен – по 2, Охрид, Кратово, Пехчево и Дојран – по 1.Пријавени се вкупно 8 починати лица. Починати се по 2 пациенти од Скопје (77г,70г) и по еден пациент од Прилеп (72г), Кавадарци (73г), Охрид (71г), Ресен (68г) Валандово (66г) и Дојран (64г). Од пријавените смртни случаи сите се починати во болнички услови.Направени се 3.477 тестови преку: ИЈЗ-575, ЦЈЗ Скопје-90, Авицена-358, Биотек-601, Жан Митрев (Филип Втори)-151, Систина-294, Лаор–241, МАНУ-0, Судска медицина-10, ЦЈЗ Битола-80, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-2, ГАК-0, Синлаб-50, Ремедика-15, ИБЗД Козле-12, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 997, УК Пулмологија со алергологија–1, ГОБ 8-ми Септември-0, лаборатории од странство-0.Досега во земјата се направени вкупно 516.169 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 101.762, бројката на оздравени пациенти е 90.895, на починати е 3.119, а бројот на активни случаи изнесува 7.748.Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови, Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)Скопје 44485, активни 3421Куманово 5545, активни 256Тетово 5428, активни 272Прилеп 5328, активни 604Гостивар 3770, активни 138Штип 3650, активни 122Велес 3426, активни 250Битола 3413, активни 168Кавадарци 3304, активни 559Охрид 3218, активни 403Струмица 2696, активни 168Струга 2399, активни 172Кочани 1817, активни 72Кичево 1769, активни 66Гевгелија 1199, активни 172Неготино 1196, активни 183Свети Николе 1106, активни 23Крива Паланка 822, активни 78Ресен 805, активни 63Дебар 792, активни 41Радовиш 744, активни 26Делчево 734, активни 184Берово 641, активни 24Пробиштип 542, активни 26Виница 519, активни 23Валандово 366, активни 30Крушево 277, активни 67Кратово 275, активни 36Демир Хисар 265, активни 15Богданци 265, активни 39Македонски Брод 252, активни 7Демир Капија 241, активни 31Македонска Каменица 193, активни 3Пехчево 185, активни 3Дојран 95, активни 3фото: Архива

Македонија | пред 5 години

zname-2

Јави се  Стево Пендаровски ти мавтаат со знамиња за окупирање територија на државата, пишува на социјалните мрежи

Јави се  Стево Пендаровски ти мавтаат со знамиња за окупирање територија на државата!И Оливер Спасовски лоцирај ги сторителите експресно како палењето на бугарско знаме, стои во ФБ објава,Фото: ФБ

Македонија | пред 5 години

monstrum-8

На протестите нападнат новинар на „Слободен печат“ и избришани се сите видеоматеријали

Штотуку беше нападнат новинар на Слободен печат на протестите за „Монструм“  од полициско лице при што насилно му е одземен уредот за снимање и избришани се сите видеоматеријали.Повеќе информации наскоро!фото: ФБ Слободен печат

Македонија | пред 5 години

policija-2-1

(ВИДЕО) Санкционирани 74 возила што вршат јавен превоз

Министертвото за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден  во периодот од 08 до 12 часот спроведе акциска контрола за контрола на возилата со кои се врши јавен превоз. При контролата санкционирани се 74 возила, најмногу (28) на територијата на СВР Тетово, 15 на територијата на СВР Штип. Од овие возила, 39 имале неисправен уред за кочење, пет неисправен уред за управување, како и други прекршоци, за кои се поднесени соодветни поднесоци.Министертвото за внатрешни работи продолжува со засилените акциски контроли и во наредниот период, со цел обезбедување на поголема безбедност на патиштата во државата.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

snimatel

(ВИДЕО) На протестите нападнат снимателот на МИА

Снимателот на државата новинска агенција МИА, Аслан Вишко е нападнат на протестите против пресудите донесени во случајот „Монструм“. Неколку лица му се доближија додека траеше преносот во живо, по што побараа да се претстави. Тој им кажа дека е снима за телефизија, по што почнаа да го маваат и да пробуваат да му го одземат телефонот со кој снимаше, Објави А1ОН.По нападот, преносот во живо на снимателот продолжи. Тој не е повреден.

Македонија | пред 5 години

monstrum-8

(ЖИВО) Тензично на протестите за „Монструм“, има повредени полицајци

Под мотото „Слобода, правда и демократија – Стоп на монтираните случаи“ Во Скопје се одржува  протест на членови на семејствата и поддржувачи на казнетите во, според нив, судските монтирани случаи „Монструм“, „Алмир“, „Алфа“, „Харун Алиу“, „Бродец“ и други судски случаи.Полицијата постојано е провоцирана, има луѓе со качулки кои со камења маваат со полицајците. Демонстрантите скандираат Голема Албанија, носејќи албански знамиња во рацете.Во немирите неофицијално повредени се неколкумина полицајци.Тензиите почнаа откако демонстрантите побараа полицијата во рок од 10 минути да ја „ослободи“ улицата. Но, напротив, патот им го попречува огромен полициски кордон составен од припадници на специјалните единици, а на улица има и оклопни возила.Учесниците на протестите почнаа да фрлаат со камења и други предмети кон припадниците на полицијата.Протестот е поради незадоволството на семејствата на обвинетите во случајот „Монструм“ по изрекување доживотни казни затвор на обвинетите Халил Демири, Африм Исмаиловиќ и Агим Исмаиловиќ, единствена казна затвор од 15 години за обвинетиот Фејзи Азири и единствена казна затвор од девет години на обвинетиот Хаки Азири, обвинети за петкратното убиство на пет лица кај Смилковското Езеро на 12 април 2012 година.За обвинетиот Сами Лута, се одбива обвинението, поради откажување на јавниот обвинител.

Македонија | пред 5 години

Monstrum

(ЖИВО) Тензично на протестите од Монструм, се фрлаат камења кон полицијата - има повредени

Семејствата на осудените за „Монструм“ стигаа до Бит Пазар, неможат да го поминат полицискиот кордон на крстосницата.  Силно полициско обезбедување, оклопни возила, специјалци го обезбедуваат протестот кој е најавен од 13.30 од Чаир до Кривичниот суд, па до Владата. Демонстрантите се очекува во секое време да пристигнат каде што ќе бидат пречекани од 100 тици полицајци.Според роднините на обвинетите „се работи за монтиран случај за кој не биле доставени доволно докази за да се открие вистинската причина за мотивот, но и за нарачателот и извршителите на убиството на петте лица кои ловеле риба на Смилковско Езеро во 2012 година.

Македонија | пред 5 години

26022021_Vladini-delegacii-na-grobot-na-pretsedatelot-Trajkovski_5

Владини делегации на гробот на претседателот Борис Трајковски

Делегации на Владата на Република Северна Македонија денеска положија венци со свежо цвеќе на гробот и на спомен обележјата во чест на претседателот Борис Трајковски, во рамките на одбележувањето на 17-годишнината од неговата смрт.Делегација на Владата составена од министерката за одбрана Радмила Шекеринска, министерот за надворешни работи Бујар Османи и заменик-министерката за животна средина и просторно планирање Христина Оџаклиеска, положија венец со свежо цвеќе на гробот на претседателот Трајковски на градските гробишта „Бутел“ во Скопје.На споменикот на претседателот Трајковски во Струмица, свежо цвеќе положи владина делегација, која ја сочинуваа министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и националниот координатор за интеркултурализам, едно општество, развој на културата и меѓуресорска соработка Роберт Алаѓозовски.Претседателот Трајковски, заедно со осумчлена делегација од неговиот кабинет и членови на екипажот на владиниот авион, трагично ги загубија животите во авионска несреќа на 26 февруари 2004 година во близина на Мостар, Босна и Херцеговина.Со оддавање на должна почит и признание за неговиот исклучителен придонес му искажуваме благодарност на скромниот, искрен и често емотивен Трајковски, кој како шеф на државата во сложени времиња за нашата земја покажа лидерство и знаеше како да ги стави државничките интереси пред тесно партиските интереси.Во нашето колективно сеќавање претседателот Трајковски останува врежан како човек од народот и човек за народот, но и како државник со непоколеблива визија за нашата земја како општество на сите граѓани и фактор на мирот и стабилноста во регионот. видео: ВМРО ДПМНЕ

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања