Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

Vlado-Misajlovski-26.02

Мисајловски: 80.000 потписи за една недела е навистина добар ветер во грб, да ставиме крај на политичкиот попис кој што го наметнува власта

Пред се сакам да истакнам дека сум премногу задоволен и премногу благодарен на многу македонски граѓани што ни дадоа потпис. Зборувам оној потпис на овие штандови за оној фалсификат попис. Сакам да најавам дека преку 80.000 потписи собравме за една недела, тоа е навистина за поздрав и за восхит, истакна Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.Мисајловски додаде:Денеска тука во Ѓорче Петров, повторно сме на терен заедно со претседателот на Општинскиот Комитет секако и пратеник Бојан Стојаноски, со Дафина Стојаноска пратеничката, и со претседателот на Градскиот Комитет на Скопје Владимир Нелоски, и со многу луѓе што ни се приклучуваат на оваа акција за еден куп потписи да собереме, за да ни дадат поддршка на нас пратениците да го бутнеме овој фалсификат попис.И затоа уште еднаш ќе кажам 80.000 потписи за една недела е навистина еден добар ветер во грб за сите нас пратеници. Се разбира потоа ние ќе го доставиме овој закон и во Собранието и ќе се надеваме се разбира да има слух оваа власт, да не тера со главата во ѕид.Сакам да ги охрабрам граѓаните уште помасовно да ни се приклучуваат бидејќи се уште трае оваа кампања, и ќе продолжи во наредните две – три недели за да имаме што повеќе потписи. Еве додека јас зборувам, граѓани се потпишуваат и навистина ни даваат елан за да продолжиме со оваа акција.Насекаде во Македонија се чувствува оваа атмосфера и се чувствува расположението дека сакаат промени во власта. Видовте вие што се случува со овој попис, пред неколку дена општинските организации или како да се нарекуваат оние на СДСМ почнаа да ставаат огласи за попишувачи. Ова значи дека не е статистичка операција, ова е сепак политичка операција што ја тера власта со оние во нивната коалиција. И на крај бројките ќе бидат да речам фингирани.Затоа народот е добро што ни се приклучува и оваа тема што ја кренавме е навистина на едно високо ниво и се надевам дека ќе имаме уште подобар резултат во периодот што следи.Затоа би завршил со овој дел, само со уште едно големо благодарам на сите граѓани бидејќи навистина многу ни значи, истакна Мисајловски.фото и видео: ВМРО ДПМНЕ

Македонија | пред 5 години

mijalkov-sud-2

Судот му одреди на Мијалков ефективен притвор

Судот го прифати барањето на Обинителството Сашо Мијалков да одиво истражниот затвор „Скопје“, односно мерката куќен притвор му се заменува со ефективен притвор.Построга мерка за обезбедување побара обвинителката Ленче Ристоска, откако денеска Мијалков беше осуден на 12 години затвор. Тој во затворот „Шутка“ ќе биде спроведен од неговиот дом.Во образложението Обвинителката Ленче Ристовска, како еден од застапниците на обвинението во случајот случајот „Таргет –Тврдина“ побара ефективен притвор, наместо куќниот кој сега е во сила за поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков кому денеска во Основниот кривичен суд Скопје му беше изречена затворска казна од 12 години за овој предмет што се однесува на масовното прислушување и уништување на опремата од Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК).Во текот на вчерашниот ден се добиени известувања од МВР и БЈБ согласно кои тие не поседуваат техничка опрема и можност за 24 часовен видео надзор над Мијалков. Дополнително, преку Европол потврдено е дека Мијалков има дозвола за престој во Прага и регистрирани две возила на свое име. Исто така, тој е добро ситуиран има свои компании, како и оти компании имаат и членови на неговото семејство. Поради ова тој може да си дозволи да живее сосема комфорно во бегство, изјави Ристоска.извор: Република

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Голема акција за чистење на кејот на Вардар во Ѓорче Петров

Градот Скопје во соработка со Општината Ѓорче Петров почна голема акција за темелно чистење на кејот на Вардар, на потегот од мостот во Хром до мостот во Сарај во должина од околу 4 километри. На терен работат екипите на ЈП „Комунална хигиена“ и комунални работници од општината.- Изминатава година интензивно работиме на кејот, она што повеќе децении било запоставувано од претходните градски администрации сега темелно го работиме. Одиме чекор по чекор, со цел кејот да го добие сјајот што го заслужува. Заедно со Општината Ѓорче Петров на овој потег работиме на должина од 4 километри, на целосно и темелно чистење и облагородување на просторот со цел овој јавен простор на граѓаните од Ѓорче Петров и од Сарај да им послужи за рекреација и за разонода. Да не заборавиме дека се уште сме среде пандемија и секој добро осмислен и обновен јавен простор е добредојден за граѓаните. Ние веќе темелно работиме на чистење на кејот, па ги повикувам и другите градоначалници на општините низ кои поминува реката Вардар да се вклучат со свои ресурси со цел што е можно побрзо да го вратиме сјајот на нашиот кеј – рече градоначалникот Петре Шилегов, на денешната прес-конференција.На почетокот на акцијата за чистење на кејот на Вардар, на потегот од мостот во Хром до мостот во Сарај денеска присуствуваше и градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски.фото: Градот Скопје

Скопје | пред 5 години

policija-1

Затворен угостителски објект во гостиварско, приредувал игри на среќа без лиценца

На 25.02.2021 во 17.10 часот, полициски службеници од СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар, во содејство со Управата за јавни приходи, извршиле контрола во угостителски објект во с.Добридол, гостиварско, сопственост на Е.Џ.(32) од с.Добридол.При контролата било констатирано дека во објектот, без лиценца, нелегално се приредуваат игри на среќа, поради што времено му била одземена целокупната опрема за приредување на игри на среќа. По расчистување на случајот, против Е.Џ. ќе следува соодветен поднесок.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

ZPVRSM-Fatmir-Bytyqi-Utrinski-brifing-1-1

Битиќи во „Утрински брифинг“ - Просечната плата ќе продолжи да расте

Заменикот на Претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, гостуваше во емисијата „Утрински брифинг“, на Слободна ТВ, кадешто зборуваше за повеќе актуелни теми, помеѓу кои и нивото на просечнта плата и управувањето со задолжувањата во Република Северна Македонија.Вицепремиерот Битиќи рече дека просечната плата продолжи да расте, а тоа е резултат и на значително покачената минимална плата, но и како резултат на притисок од пазарот на трудот.„Минималната плата треба да биде некаде на 60% од просечната. Просечната плата континуирано расте и ќе продолжи да расте. Во декември 2020 година, просечната плата изнесува 28.294 денари, што е пораст од 5% во однос на декември 2019 година, или пораст од над 15% во споредба со 2017 година. Просечната плата расте и поради растот на минималната плата, која од 8.000 односно 9.000 денари, порасна на 14.500, и просчената плата ќе продолжи да расте, затоа што економијата тоа го бара, затоа што пазарот на трудот тоа го наметнува. Мерките за поддршка на компаниите се конципирани на тој начин да се поддржуваат компании кои исплаќаат солидни плати кон вработените, не даваме ниту денар на оние компании кои исплаќаат минимални плати за вработените. Очекуваме во јуни 2021, кога се всушност 4 години од владењето на оваа Влада, да стигнеме до просечна плата од 30.000 денари. Во 2017 година беа потребни 4 минимални плати за да се задоволи потрошувачката кошница, сега се потребни 2,2 минимални плати, а тежнееме кон тоа да 1,5 минимална плата биде доволна за потрошувачката кошница“, нагласи Битиќи.Вицепремиерот нагласи дека Северна Македонија има стабилен кредитен рејтинг и дека тоа значи пристап до поефтини кредити за раздолжување со претходни задолжувања кои се со повисоки каматни стапки.„Во моментов немаме одлука за задолжување, тоа е процес кој трае и кој го води Министерството за финансии, но ако се задолжувам, би се задолжувале, со значително подобри услови. Би можеке да добиеме поволни заеми со каматни стапки помали за 50% од тие што ги имаме. Значи, би се задолжиле да ги вратиме старите задолжувања, со помали каматни стапки, кои сега се 8%, 6%, 5%, а ние може да најдеме кредити со каматни стапки и од 2,5%, со претходно земените кредити, граѓаните само за камати годишно плаќаат 150 милиони евра, тоа е недомаќинско работење. Кога би имале можност да се рефинансираат заемите со други заеми со пониски каматни стапки, секој би го сторил тоа, тоа е во интерес на граѓаните“ нагласи Битиќи во своето гостување во емисијата Утрински брифинг на Слободна ТВ.фото: ЗПВРСМ за економски прашања

Македонија | пред 5 години

pistol

Приведен тетовец, пронајдено оружје во неговото возило

На 25.02.2021 во 21.15 часот на ул.„Видое Смилевски Бато“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Ш.И.(25) од с.Желино, тетовско, затоа што при преглед во неговото возило „ауди“, со тетовски регистарски ознаки, бил пронајден и одземен пиштол „ЕКОЛ 99“-9 мм, за кој немал дозвола.Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Усвоени одлуките за начинот на поставување на урбана опрема во Општина Центар

Советот на Општина Центар, на последната 61-ва седница ги донесе Програма за поставување урбана опрема за дел од подрачјето на Општина Центар за период од 2020-2025 и Одлуката за утврдување потреба за поставување на урбана опрема и условите, начинот и постапката за издавање одобрение за поставување урбана опрема на јавни површини.Задача и цел на донесените документи е да се унапреди јавниот простор, да се подобри неговото користење, да се овозможи насочување и заштита на сите учесници во сообраќајот и да се обезбеди заштита на јавниот интерес.Веќе подолг период Општина Центар е одлучна да воспостави ред со поставувањето времени објекти и урбана опрема на својата територија. Целта позади оваа тенденција е нерешеното прашање како се користат јавните површини, кој сѐ ги користи и под кои услови. Документацијата се донесува и со цел усогласување со Град Скопје за надлежностите за поставување на урбана опрема на јавни површини.Со овие одлуки законските надлежности на Општина Центар ќе бидат издавање на одобренија за поставување на сите видови урбана опрема на јавни површини на дел од територијата на Општина Центар, дел кој е опфатен со Програмата за поставување урбана опрема.„Со програмата за поставување урбана опрема се уредува видот и големината на урбаната опрема која се поставува на јавни површини, како и можните локации и зони каде да се поставува. Програмата опфаќа дел од територијата на Општина Центар, опфатите дефинирани со деталните урбанистички планови: Дебар Маало 1, Дебар Маало 2, Централно зеленило покрај реката Вардар и Мал ринг“, појасни градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ.Предмет на обработка е само дел од територијата на општината за да се посвети поголемо вниманије и подетално да се обработи материјата. Во изработката на програма се користи делатална инвентаризација на состојбата на терен (зеленило, постојна комунална урбана опрема и инфраструктура), планираните решенија од актуелните детални планови и важечкиот Правилник за нормативите и стандардите при поставување урбана опрема донесен од страна на Град Скопје.Овие две одлуки имаат за цел не само да ѝ ги вратат законските надлежности на општината да дава одобрение за поставување урбана опрема, туку и да биде активен чинител за заштита на јавните простори на својата територија врз основа на закон.фото: Општина Центар

Скопје | пред 5 години

heroin-111

Претрес во Битола, запленета дрога

На 25.02.2021, полициски службеници од Отсекот за за недозволена трговија со дрога и оружје од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Битола, врз основа на судска наредба, извршиле претрес во домот и помошни простории на П.Б.(31) од Битола.При претресот биле пронајдени и одземени хероин, амфетамин, марихуана и семки од марихуана. П.Б. бил лишен од слобода и приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

presuda-mijalkov-4

Затворска казна од 12 години за Сашо Мијалков

Затворска казна од 12 години за поранешниот прв човек на УБК, Сашо Мијалков, пресуди Кривичниот суд, прогласувајќи го за виновен за незаконското масовно прислушување во Управата за безбедност и контраразузнавање. Тој, според пресудата е главниот организатор на прислушувањето, за што имал можност и моќ.Ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска е осудена на четири години, откако судот пресуди дека таа ја спровела наредбата на Мијалков, формирала комисија и ја уништила опремата со која нелегално се прислушувало. Екс началник на Петтата управа на МВР, Горан Грујевски кој заедно со Мијалков учествувал во прислушкувањето му е досудена 15 години. На Никола Бошкоски кој исто така е во бегство му е изречена 15-годишна затворска казна.Тони Јакимовски, шеф на кабинетот на Мијалков во УБК, по чија наредба биле уништени системите за следење на комуникациите во МВР доби 6 години.Маријан Шумуликивски – условна осуда, а доколку направи ново кривично дело во рок од пет години ќе има затвор од две години.Силвана Златкова – условна осуда, две години затвор ако во рок од пет години стори ново кривично дело.Васил Исакоски – условна осуда, а ако стори ново кривично дело во наредните пет години ќе треба да издржи казна затвор од две години.Валентина Симоновска – условна осуда, со казна затвор од две години доколку обвинетата во наредните пет години стори ново кривично дело.Во судница беа присутни поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, поранешниот шеф на неговиот кабинет, Тони Јакимовски, поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, Владимир Варелов од УБК и уште пет други лица од Управата, кои според обвинителниот акт, се обвинети за незаконско прислушување преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година.Мијалков во судот беше спроведен од домашен притвор што му беше одреден како мерка на претпазливост, а од затвор каде издржува казна за случајот „Тенк“ беше донесена Гордана Јанкулоска.Во овој предмет обвинети се и поранешниот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски и вработениот во УБК Никола Бошкоски, кои се во бегство во Грција, и им се суди во отсуство.Во Таргет Тврдина биле следени 4614 телефонски броеви од новинари, политичари, експерти, високи претставници од власт, орислушувани во периодот од 2008 до 2014.Пресудата за „Таргет-Тврдина“ e првостепена, а странките ќе имаат право на жалба до Апелацискиот суд.фото:PRTSC МИА

Македонија | пред 5 години

korona-test

Обвинителни предлози за употреба на фалсификувани ПЦР тестови на скопскиот аеродром

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителни предлози против вкупно 9 лица, од кои шестмина македонски државјани, двајца швајцарски државјани и една државјанка на Република Босна и Херцеговина. Сите се обвинети дека во издвоени кривично-правни настани сториле кривично дело – Фалсификување исправа од член 378 став 1 од Кривичниот законик.Имено, на граничниот премин на Меѓународниот аеродром Скопје тие прикажувале како вистински лажни потврди за негативни ПЦР тестови за SARS-CoV-2 вирусот, кои наводно биле издадени од лаборатории во Скопје.На странските државјани, врз основа на признание на вина, Основниот кривичен суд Скопје веќе им изрече пресуда со која ги огласи за виновни и им изрече условна осуда – казна затвор од една година, која нема да се изврши доколку обвинетите во рок од три години по правосилноста на пресудата не сторат ново кривично дело. Исто така, изречена им е и казна протерување на странец од земјата во траење од пет години.​фото: Архива

Македонија | пред 5 години

policija-1

16 годишник со „БМВ Х6“ без возачка го прегазил хирургот Ѓорѓи Јота

Познатиот хирург, 58-годишниот доктор Ѓорѓи Јота вчера вечерта бил прегазен на крстосницата од булевар „Мајка Тереза“ и улицата „Елисие Поповски Марко“ и со тешки телесни повреди бил пренесен во комплексот клиники Мајка Тереза, дознава „Слободен печат“.МВР за го потврди случајот:„На 25.02.2021 во 20:30 часот било пријавено дека на крстосницата од бул еваерот „Мајка Тереза“ и улица „Елисие Поповски-Марко“ патничко моторно возило „БМВ Х6“ со скопски регистарски ознаки управувано од 16- годишник удрило во Ѓ.Ј.(58) од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се задобил пешакот констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје – се наведува во одговорот од МВР.Како што информираат дел од медиумите, докторот е во коматозна состојба.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

1-9

Зградата на општина Охрид, синоќа блесна во боите на ретките болести

Зградата на општина Охрид, синоќа блесна во боите на ретките болести.Даваме силна поддршка за кампањата „Ги запознаваме ретките болести 2021“ и активностите на здружението "Живот со предизвици". Лицата со ретки болести и нивните семејства ја заслужуваат нашата подадена рака за помош и соработка.Само заедно можеме да ја подигнеме јавната свест за поголема инклузија и подобри услови за овие лица во нашето општество, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Општина Охрид, Константин Георгиески.фото: ФБ Константин Георгиески

Македонија | пред 5 години

Hristijan-Mickoski-26.02.2021

Мицкоски: Овие од Бугарија ми е јасно зошто му помагаат на Заев со лаги, ама вчера братот на премиерот директно праќаше пораки на новинари ширејќи ја оваа лага, ова е навреда за моето семејство

„Христијан на сите е таргет, не само на Џамбаски. Четири години е така, четврта година сум претседател, од самиот почеток или ќе бидат уценетите, или уценувачите, или некој од соседиве, секогаш таква аура имам, да сите буквално ги вперуваат стрелите врз Христијан Мицкоски. Но јас ќе ги издржам. Голем е овој грб и ќе ги издржи сите такви како Ковачев, како Каракачанов, како Заев, и сите останати Мијалков, Тодоров, на купче, немам никаков проблем ќе ги издржиме, битно е на крајот од денот, да не искрвариме до толку за да можеме да стигнеме до стартно целната рамнина да си ја извадиме државата“,рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостување во „Радио Лидер“Мицкоски додаде дека треба оваа држава да се извади од тињата во која власта ја турна.„Имам членство навистина прекрасно, граѓани кои што на улица те среќаваат и ти даваат поддршка, сето тоа е мојот мотив да издржам низ сите овие пречки“, истакна Мицкоски.Мицкоски посочи дека не е трагична вчерашната изјава на политичар од Бугарија, потрагичното е тоа што братот на премиерот лично го праќал текстот на новинари за да го објават по медиуми. Околу 20-тина новинари ми сведочеа дека лично братот на Заев го праќал текстот со насока да го објават.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

skolo

Левица: По чија мерка се прекројува образованието

Деновиве се случуваат разни средби, се даваат изјави, доаѓаат информации и сите се во прилог на стравувањата, кои ги искажа јавноста во врска со причините и карактерот на т.н реформи во образованието. Прво дојдоа најави за обуки во текот на летото – како и што беше јасно дека ќе бидат потрошени парите (21,5 милиони евра), со кои државава се задолжи за следната деценија. Но, апетитите на политичарите очигедно не завршуваат таму и не можат да бидат зауздани ниту кога јадењето живи луѓе ќе се трансформира во незаситно проголтување на иднината. Неприфатливо е политичари да дискутираат за содржини во учебници и да најавуваат промени и цензура, делејќи ги содржините на прифатливи и неприфатливи, се вели во соопштението од  политичката партија „Левица“ – Сектор образование.Во продолжение на соопштението од партијата додаваат:Да не заборавиме дека Арбр Адеми, довчерашниот министер за образование, денешен преговарач за квалитетот на учебниците, се има стекнато со научно звање надвор од законски дадената рамка на криминален начин, што ни малку не го препорачува за лице соодветно за преговори, освен ако и измените не подразбираат некое незаконско дејство.Основна особеност на науката, оттука и на образованието засновано на научни содржини е објективноста! Содржините во учебниците треба да бидат јасни, нагледни, илустративни, соодветни на возраста и степенот на образование, засновани на потврдени и прифатени научни факти, и.т.н., а не дали тие се прифатливи или неприфатливи за дневно политичките манипулации и трибалистичкиот популизам на одредени политички групации. Тоа што е неприфатливо е дневната политика и тесните партиски интереси да ги кројат наставните програми и учебниците, според кои ќе се образуваат децата и младите во Македонија.Левица во својата изборна програма и низ своето дејствување се залага за образование и учебници по мерка на личноста, бесплатно, јавно и достапно за сите, затоа што само такво образование може да креира личности кои ќе успеат да создадат пристојно за живот општество, општество по мерка на човекот и човечкото достоинство, а не по мерка на капиталистите чиј интерес и кога е завиткан во разни обланди е постојано ист- живот на туѓ грб!фото: Архива

Македонија | пред 5 години

mijalkov-pred-sud-960x510

ВМРО ДПМНЕ: Мијалков бил во Србија, од каде преговарал со Заев, државата претворена во тезга

Крими-коалицијата Сашо Мијалков-Зоран Заев го урива системот. Мијалков од Србија преговарал со Заев, а Заев лаже дека Мијалков не го напуштил Скопје, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Во продолжение на истото се додава:Доколку е така, зошто е распишана национална, а потоа и меѓународна потерница?!Заев ја претвори државата во тезга.Доколку Мијалков бил во Скопје, тогаш зошто МВР не извршила претрес во станот или куќата кај што бил сместен Мијалков и што нашле таму?!Што крие Заев и дали мисли дека јавноста верува во приказните за качување и симнување на температура.Додека Заев со Спасовски снима боливудски филмови во главна улога на Мијалков, Македонија тоне во корупција.Догодина не на 111 место, туку на 150 место ќе бидеме. Македонија тоне во корупција. Со Заев никогаш нема ниту да излезе.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

hq_boristrajkovski_1493888704

17 Ггодини од смртта на претседателот Борис Трајковски

Пред точно 17 години, на 26 февруари 2004 година, во авионска несреќа близу Мостар, загина македонскиот претседател Борис Трајковски. Во несреќата, покрај Трајковски животот го загубија Димка Илкова-Бошковиќ, Ристо Блажевски и Анита Кришан Лозановска од Кабинетот на претседателот, Миле Крстевски од Министерството за надворешни работи, Борис Велинов и Аце Божиновски, членови на обезбедувањето и пилотите Марко Марковски и Бранко Ивановски.Претседателот Трајковски ќе остане запаметен како светла страница во поновата македонска историја, олицетворение на еден систем на вредности, за кој вреди да се залагаме.Со положување цвеќе на гробот и на спомен-обележјата во чест на поранешниот претседател Борис Трајковски денеска ќе биде одбележана 17-годишнината од неговата смрт во авионската несреќа кај Ротимље во близина на Мостар.Како што е најавено, претседателот Стево Пендаровски ќе положи цвеќе на гробот на претседателот  Трајковски и на вечните почивалишта на загинатите членови на неговата делегација на градските гробишта „Бутел” во Скопје.Делегации на Кабинетот на претседателот ќе положат цвеќе и пред спомен-обележјето на местото на несреќата во Ротимље, во близина на Мостар, Босна и Херцеговина и на гробот на еден од членовите на делегацијата, во Велес.На 21 месецов, 15 планинари од Струмица и Валандово по шеснаесетти пат маршираа во чест на трагично загинатиот македонски претседател. Маршрутата и годинава ја почнаа пред споменикот „Македонија” во Струмица, подигнат во чест на Трајковски. Заради пандемијата од КОВИД-19 планинарите пешачеа до село Дедино, Радовишко, а денеска ќе поминат уште една етапа во Скопје до гробот на вториот македонски претседател на гробиштата Бутел во Скопје, каде ќе се приклучат на одбележувањето на 17-годишнината од смртта.Освен до Скопје, триесет планинари од Струмица и Валандово пешачеа и по падините на планината Беласица. Тие се искачија на врвот „Ботра” кој го носи името на Трајковски, на надморска височина од 1.880 метри.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Филипче: Изградбата на Клинички е транспарентен, помина времето на криминални зделки во здравството

„Конечно треба да сфатите дека криминални зделки на тоа што сте учени веќе нема, во нашиот здравствен систем“ - истакна министерот за здравство д-р Венко Филипче, одговарајќи на пратеник од ВМРО ДПМНЕ, кој во Собранието постави пратеничко прашање за изградбата на новиот Клинички центар.-Клиничкиот центар што вие требаше да го правите беа само обични Интерни клиники и требаше да не чинат 120 милиони евра. Ние ги реновираме за не повеќе од 1 милион евра. Замислете колкава разлика е тоа?! Договор потпишавте со компанија која после неколку месеци отиде во стечај, замислете каков договор направила претходната Влада за таканаречениот нов Клинички центар? Нормално е дека го преќинавме договорот. Зошто? Поради тоа што се направи соодветна ревизија на физибилити студијата која беше напарвена токму од претходната Влада пред повеќе години, која јасно укажува дека гринфилд инвестиција е многу подобро од браундфилд инвестиција за Клинички центар. Во тој проект влезе и се приклучи австриската Влада лично преку канцеларот Куртц и како донација ја ревидираа таа физибилити студија и стигнавме до еден современ и модерен проект на Клинички центар како што заслужуваат нашите граѓани, нешто што ќе служи во следните децении за да пружи интегриран модел на здравствена услуга - рече Филипче.Министерот посочи дека е направена физибилити студија со предлог проект, а две најреномирани европски комапнии аплицираа и се квалификуваа во втората фаза на конкурентниот дијалог – германската „Вамед” и француската „Буиг констракшн”. Едната компанија со одлична експертиза во делот на физичката градба и другата компанија во делот на опремувањето и ставањето во функција на новиот Клинички центар. Филипче истакна дека граѓаните заслужуваат модерен и современ клинички центар и уште еднаш ја повика опозицијата заедно да го сработат овој проект, односно да го поддржат законот.- Во самиот закон ставивме дека ќе има независен финансиски ревизор заради тоа што сакаме со тој закон да дозволиме девете компании да дадат една понуда да не ги изгубиме врвните европски компании да ни го пружат своето искуство и можности да направиме конечно Клинички центар како што нашите граѓани заслужуваат. Ве повикувам да бидете дел од тој процес, да бидете дел од процесот којшто го мониторира и го прати изведувањето на проектот. Еднаш да покажеме дека нема разлика помеѓу власта и опозицијата кога станува збор за еден таков важен и битен проект - рече Филипче.Министерот потенцираше дека целиот процес е јавен и транспарентен, укажувајќи дека помина времето кога големи иновативни компании си одеа од нашата земја.-Во ваше време заминаа Астра Зенека, којашто сега замислете прозиведува вакцина, замина Глаксо поради криминалниот увоз на паралелни лекови кога којзнае што носевте и ги труевте граѓаните на Република Северна Македонија - рече Филипче.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

drzaven-zavod-za-statistika

Државен завод за статистика: Добар одзив на конкурсот за заинтересирани кандидати за реонски попишувачи и реонски инструктори

Државниот завод за статистика го објави јавниот Конкурс за ангажирање на реонски попишувачи и реонски инструктори за претстојниот Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, кој ќе се спроведе од 1-ви до 21-ви април годинава.Пријавувањето на учесниците до овој момент се одвива добро и веќе се пријавени околу 4.000 кандидати заинтересирани за попишувачи и реонски инструктори.Пријавувањето е многу едноставно, преку електронската апликација поставена на веб страницата:https://popis2021.stat.gov.mk/ каде што може да се најдат сите информации за повикот.На конкурсот можат да се пријават сите полнолетни државјани на Република Северна Македонија кои се невработени со завршено најмалку средно образование и имаат основни компјутерски вештини.Пријавувањето трае од 23 до 28 февруари.Дополнително, Државниот завод за статистика во Правилникот за утврдување на начинот и поблиските услови за утврдување на надоместокот за извршените работи на учесниците во Пописот, 2021 година ги утврдува и надоместоците за реонските попишувачи и реонските инструктори.Надоместокот за попишувачите за правилно внесени податоци во електронскиот прашалник се утврдува да изнесува:• за попишувач паушален износ од 4.000,00 денари;• за секое попишано лице по 30,00 денари;• за секој попишан стан по 20,00 денари;• за секое попишано домаќинство по 50,00 денари;• за лице определено за резерва паушал од 5.000,00 денари;• за секој ден ангажирање по повик на резервниот попишувач 700,00 денари дневно.Надоместокот на реонскиот инструкторот се утврдува да изнесува:• за реонски инструктор паушален износ од 5. 000,00 денари;• за секоe попишано лице од попишувачот по 3,00 денари;• за секое попишано домаќинство од попишувачот по 5,00 денари;• за секој попишан стан од попишувачот по 2,00 денари.Ги поттикнуваме сите заинтересирани лица за учество во пописните активности да се пријават на Конкурсот за реонски попишувачи и реонски инструктори, а крајниот износ на надоместот ќе зависи најмногу од нив – од нивната професионалност, посветеност и квалитетот на извршеното попишување.

Македонија | пред 5 години

korona-njemacka

Денеска починати 13 лица и 582 нови случаи на ковид-19 од 2.972 тестирања

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 2.972 тестирања, а регистрирани се 582 нови случаи на ковид-19 во:Скопје – 274, Прилеп – 55, Кавадарци – 40, Куманово – 24, Гевгелија – 23, Неготино – 20, Тетово и Велес – по 18, Охрид – 13, Струмица – 12, Битола и Кочани – по 10, Гостивар – 9, Штип и Струга – по 8, Крушево – 7, Крива Паланка и Богданци – по 5, Валандово – 4, Дебар и Виница – по 3, Ресен, Делчево, Пробиштип, Кратово и Демир Капија – по 2, Кичево, Демир Хисар и Берово – по 1.Регистрирани се 374 оздравени пациенти од:Скопје – 160, Охрид – 59, Струга – 24, Кавадарци – 20, Прилеп – 14, Тетово – 12, Гевгелија и Велес – по 9, Куманово – 8, Ресен – 7, Дебар – 6, Битола, Штип и Радовиш – по 5, Делчево – 4, Неготино, Гостивар, Крива Паланка и Берово – по 3, Струмица, Крушево, Валандово, Пробиштип, Кратово и Кичево – по 2, Кочани, Виница и Македонска Каменица – по 1.Пријавени се вкупно 13 починати лица. Починати се 6 пациенти од Скопје (64г, 66г, 72г, 74г, 77г и 89г), три од Прилеп (48г, 72г и 83г), и по еден смртен случај е пријавен од Штип (61г), Охрид (75г), Крива Паланка (83г) и Пробиштип (79г). Од пријавените смртни случаи сите се починати во болнички услови.Направени се 2.972 тестови преку: ИЈЗ-549, ЦЈЗ Скопје-83, Авицена-290, Биотек-527, Жан Митрев (Филип Втори)-118, Систина-194, Лаор–205, МАНУ-0, Судска медицина-9, ЦЈЗ Битола-81, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, ГАК-0, Синлаб-79, Ремедика-18, ИБЗД Козле-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 819, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-0, лаборатории од странство-0.Досега во земјата се направени вкупно 512.692 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 101.214, бројката на оздравени пациенти е 90.685, на починати е 3.111, а бројот на активни случаи изнесува 7.418.Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови, Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)Скопје 44233, активни 3261Куманово 5520, активни 238Тетово 5413, активни 265Прилеп 5287, активни 589Гостивар 3764, активни 138Штип 3641, активни 120Битола 3402, активни 161Велес 3416, активни 244Охрид 3200, активни 387Кавадарци 3253, активни 528Струмица 2686, активни 161Струга 2386, активни 159Кочани 1814, активни 71Кичево 1762, активни 59Гевгелија 1187, активни 165Неготино 1174, активни 169Свети Николе 1105, активни 24Ресен 805, активни 66Крива Паланка 812, активни 68Дебар 791, активни 40Радовиш 744, активни 26Делчево 732, активни 188Берово 640, активни 26Пробиштип 538, активни 22Виница 518, активни 24Валандово 360, активни 25Кратово 274, активни 36Демир Хисар 261, активни 11Крушево 272, активни 65Македонски Брод 252, активни 7Богданци 260, активни 34Демир Капија 240, активни 30Македонска Каменица 193, активни 3Пехчево 184, активни 3Дојран 95, активни 5фото: Архива

Македонија | пред 5 години

mickoski-3

Мицкоски: Јас и мојата сопруга имаме единствено македонски пасош - Ќе продолжам да се борам за македонските национални интереси

И јас, и мојата сопруга имаме единствено македонски пасош. И ќе продолжам да се борам за македонските национални интереси.Колку повеќе лажат, толку повеќе ќе удираме по мафијата. Нема да му помогнат ниту "браќата и пријателите" на Заев кои гледаат дека Владата е сериозно разнишана, напиш на својот ФБ профил претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. фото: ФБ Христијан Мицкоски

Македонија | пред 5 години

nikoloski

Николоски за Фокус: Има сознанија дека Мијалков влегол во Србија, па по преговори се вратил

Додека водечките претставници на власта тврдат дека поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков постојано бил во земјава, иако беше недостапен за органите на прогонот, од опозицијата посочуваат дека тој ја напуштил државата, па се вратил назад, објави  Фокус .-Има сериозни сознанија и информации дека Мијалков откако исчезна ја напуштил земјава, односно ја минал северната граница и влегол на територија на Србија, за потоа, после преговори и договор со власта, да се врати во земјава. Доколку не е така, зошто никој досега не излезе јавно да соопшти каде точно бил Мијалков додека го немаше? Во кој објект бил сместен и дали е извршен претрес за да се пронајдат траги? – прашува Николоски.Текстот во целост на:  Фокус .

Македонија | пред 5 години

25022021_PVRSM_Pratenichkiprashanja

Заев за случајот Таргет-Тврдина: Испратена е пораката дека системот функционира

„Треба да знаат граѓаните дека сме на добар пат во јакнењето на правниот систем“, оцени премиерот Зоран Заев во врска со случајот со првообвинетиот во случајот Таргет-Тврдина, на седницата за пратенички прашања во Парламентот.„Тоа што секој сегмент на нашето општетсво, а тоа е извршната власт, преку Министерството за внатрешни работи и тоа за правда, судската власт преку судовите и Обвинителството преку самите обвинители, го завршија својот дел од работата, за да нема каде да се крие, да бега, да калкулира, обвинето лице кое е пред изрекување на казна затвор, а тоа е Сашко Мијалков и се појави во Обвинителството, се предаде“, рече премиерот Заев.„Целиот овој амбиент вчера ја испрати пораката дека системот може да биде ставен во функција, почитувајќи ги законите“, додаде премиерот Заев.Тој рече дека само со владеење на правото може да се спроведат реформите и во другите области, со цел рамноправност со развиените земји.„Граѓаните треба да знаат дека 11-годишниот режим има оставено траги на коруптивен и влијателен начин, а сепак има разрешници на вака крупни случаи, коишто се симбол на борбата против криминалот и корупцијата“, констатираше премиерот Заев, додавајќи дека македонското правосудство, дел од предметите донесе до завршници во прв степен, дел предметите се завршени, а некои се пред пресуда, како што е овој важен случај со прислушувањето.„Судиите се лицето на правдата. Ваквите процеси во ниедна земја не се едноставни, не се ни кај нас. Убеден сум дека мониторингот на нашиот народ и позитивниот притисок ќе придонесе да се забрзат овие постапки. Обвинителите и судиите никому ништо не должат. Треба да ја зголемат ефикасноста, транспаретноста, делењето на правдата еднакво за сите, за да имаме реформирано правосудство како трајна придобивка“, порача премиерот Заев на седницата за пратенички прашања во Собранието на Република Северна Македонија.фото: Влада

Македонија | пред 5 години

Hristijan-Mickoski-23.02

Мицкоски: Сопругот на сестрата на мојата сопруга има фирма во Бугарија, најверојатно така добиле и бугарско државјанство

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан за „Скопје 1“ ја искоментира објавата на бугарската агенција „БГНЕС“, која објави дека сестрата од сопругата на Мицкоски има бугарско државјанство.„Сопругот на сестрата на мојата сопруга од 2002 год има приватна компанија во Бугарија (што е речиси 20 години) и по овој основ најверојатно добиле државјанство. Јас никогаш не сум се осмелил да ги прашам за тоа бидејќи тоа е нивна приватна работа. Јас никогаш не сум го мешал потесното и поширокото семејство на никој политичар, а на децата од семејството од премиерот дури им бев и професор на факултет додека ја водам партијата“, вели Мицкоски за „Скопје 1“.Претходно, „БГНЕС“ објави дека Стевица Јанева, која наводно е сестра на Рози Мицкоска, сопруга на Христијан Мицкоски има бугарско државјанство. Агенцијата пишува дека овој факт го потврдиле откако виделе во избирачките списоци за претстојните парламентарни избори во Бугарија, стои името на сестрата од сопругата на Мицкоски, објави bgnesagency.com.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

mickoski-1

Бугарската агенција „БГНЕС“ објави натпис со наслов: „Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски е ‘женет за Бугарка’“

Бугарската агенција „БГНЕС“ објави дека Стевица Јанева, која наводно е сестра на Рози Мицкоска, сопруга на Христијан Мицкоски има бугарско државјанство. Агенцијата пишува дека овој факт го потврдиле откако виделе во избирачките списоци за претстојните парламентарни избори во Бугарија, стои името на сестрата од сопругата на Мицкоски, објави bgnesagency.com.„Стевица работи како нотар во градот Струмица, има бугарски пасош. Овој важен документ може да го добие само врз основа на докажано бугарско потекло и да се самоопредели како Бугарка. Стевица Јанева е на списоците за претстојните парламентарни избори во делот 47 од општината Петрич, што е оддалечено само неколку километри од нејзината родна Струмица. Нејзиниот сопруг Јорданчо Јанев е сопственик на најголемиот ресторан во центарот на Струмица. Тој е исто така бугарски државјанин и се појавува на избирачките списоци, само во Благоевград. Доколку сака, може да го искористи своето право на глас во делот 25 во Второто основно училиште ‘Димитар Благоев’, стои во текстот на „БГНЕС“ објавен на веб-страницата bgnesagency.com.Дополнително во текстот се додава и „дека ако Стевица Јанева, сестра на Рози има бугарско државјанство врз основа на докажано потекло, бидејќи такво се дава само ако нејзините предци се Бугари, тогаш и Рози Мицкоска е Бугарка“.извор: bgnesagency.com.

Македонија | пред 5 години

zaev

Заев: Политичарите мора да ги тргнат рацете од судството и од обвинителството, правосудниот систем ги носи одлуките

Претедателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, одговара на пратенички прашања во Парламентот.„Секој заслужува правда, повторување на постапки и одговорност ако се огрешил пред законот. Дел од процесите завршија успешно како Сопот, дел со казни. Овој случај доби повторување“, посочи премиерот Заев, повикувајќи се на одлука од правосудните органи, во врска со инцидентот кај Смилковското езеро.„Сите докази, транскрипти беа презентирани пред судот. Процесот е воден на транспарентен начин. Правосудниот систем е тој кој ги носи одлуките“, додаде премиерот Заев.„Политичарите мора да ги тргнат рацете од судството и од обвинителството. Зошто таа година кога бевме заедно не направивме нешто?! Затоа што тоа не е наша работа. Имаме должност да охрабруваме доверба во правосудниот систем“, се обрати премиерот Заев кон пратеникот од Алијанса за Албанците кој го постави пратеничкото прашање.Претседателот на Владата, Заев, порача дека треба „да се даде шанса на вистината“.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања