Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

Kucinja

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Масовно труење на кучиња во охридското село Косел

Денеска е забележано масовно труење на кучиња во охридското село Косел, а вознемирувачко видео од овој нечовечки чин веќе се споделува на социјалната мрежа Фејсбук.– Масакар во с. Косел, Охрид. Ми ги отруја душињава што ги хранев, предупредував на тоа та затоа и ги објавував скоро секој ден. Полиција доаѓа на терен. Само да стигнеме до сторителот бел ден не ќе види. Ми трпи и работа и сѐ, животов ми се скрати ќе ја тужам и државава за нанесен душевен бол и сѐ. Ми ја нема уште една голема кучка, стерилизирана и скоцкана чувана со години тука, телото го нема никаде, напиша Климент Арнаудов, кој прв ја сподели оваа вест на социјалните мрежи.Фото: PRTSC

Македонија | пред 5 години

Mickoski-111

Мицкоски: Ќе ја поддржиме интерпелацијата за Оливер Спасовски

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по денешната средба со здравствените работници на медиумите посочи дека секако ќе ја поддржи интерпелацијата поднесена за Оливер Спасовски од коалицијата Алтернатива и Алијанса.„Апсолутно да. Човекот е најголемиот заштитник на оваа крими-коалиција која што владее со Македонија во изминативе години. Имаме свои аргументи зошто ќе ја поддржиме оваа интерпелација поднесена од коалицијата Алтернатива и Алијанса, се надеваме на исцрпна дебата, се надеваме на мнозинство во Парламентот со што ќе му изгласаме недоверба на најнеуспешниот министер за внатрешни работи, човекот кој што не му избега некој џебчија, сето останато кое што нешто значеше во делот на криминалот во државата му избега и којзнае каде се наоѓаат по Европа“, истакна Мицкоски.Мицкоски додаде дека има многу афери околу Оливер Спасовски, оваа последната не е единствена афера. Дел од тие афери јавноста ќе има можност деновите кои што следат да ги слушне и види.Фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Islamisti-dzihadisti-islamska-drzava-ISIS-2

Обвинение за тројца терористи од Куманово

По спроведената истражна постапка, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонењена организиран криминал и корупција, денеска до Основниот кривичен суд – Скопје достави Обвинителен акт против три лица од Куманово. На обвинетиот Б.А (28), му се става на товар дека сторил кривично дело – Терористичка организација од член 394-а став 1 и кривично дело – Тероризам од член 394-б став 6 во врска со став 1 од Кривичниот законик, додека обвинетите В.А. (22) и Е.Љ. (26) со дејствијата опишани во обвинението сториле кривично дело Терористичка организација од член 394-а став 2 и кривично дело – Тероризам од член 394-б став 6 во врска со став 1 од Кривичниот законик.Имено, во почетокот на 2019 година, обвинетиот Б.А., создал злосторничка организација – терористичка организација „ќелија“, со основи на идеолошка матрица на познатата терористичка организација ИСИС. Прифаќајќи го криминалниот план на злосторничката организација – терористичка група „ќелија“ припадници станале обвинетите В.А.и Е.Љ., како и осумтемина осомничени за кои се спроведува истражна постапка од 28.12.2020 година. Во терористичката група „ќелија“ постоела координација и заедничко делување, со намера загрозување на животот и телото и создавање чувство на несигурност и страв кај граѓаните. Секој член имал конкретни задачи и тоа: обвинетиот А.Б. како организатор обезбедувал финансиски средства за остварување на целите на злосторничката организација, го договарал и организирал набавувањето – купувањето на оружјето, муниција и воената опрема, организирал вежбовни активности поврзани со употреба на огнено оружје и експлозивни направи, организирал средби на кои се прикажувале видеа со радикална содржина, како и начинот на изработка на експлозивни направи. Обвинетите В.А.и Е.Љ. како припадници на злосторничка организација – терористичка група „ќелија“ добивале конкретни задачи од обвинетиот А.Б., обезбедувале логистичка поддршка и имале задача да обезбедат простории односно објект, во кој ќе го држат оружјето, муницијата и воената опрема. Воедно изработувале импровизирани експлозивни направи, обезбедиле патничко моторно возило со кое ќе се пренесува оружјето и учествувале во неговото пренесување и прикривање, а собирале и информации за движење и вршеле опсервирање на објекти и локации.Обвинетите, дејствувајќи по однапред направениот план, со намера да извршат едно или повеќе дела на убиство, телесно повредување, уништување на јавни објекти, објекти на инфраструктура и објекти во општа употреба на територија на Република Северна Македонија, од почетокот на 2019 година, се подготвувале, купиле, пренесувале и држеле експлозив, огнено оружје, муниција, гранати, бомби и воената опрема. Притоа изработувале импровизирани експлозивни направи и во два наврати од крајот на месец април до средината на месец август 2020 година со намера да го испробаат разорното дејство на изработените експлозивни направи, ги употребиле во напуштениот објект на поранешниот Хотел „Ку-ба“ во близина на с. Проевце, Куманово. Како дел од обуката за користење на ракетен фрлач- зоља и другото автоматско оружје, обвинетите од засега непознато лице набавиле ракетен фрлач – зоља и вршеле пробно испалување, како и пукање со автоматска пушка во близина на местото викано Менкова Колиба во близина на Куманово.Имајќи ги предвид околностите што постоеле во моментот на определувањето на мерката притвор, како и специфичноста, видот, тежината и начинот на извршување на кривичното дело и оправданиот страв дека обвинетите ќе ги повторат кривичните дела, односно ќе бидат во можност да извршат кривични дела: убиство, телесно повредување, изведување на терористички акти на цивилни или така наречени меки цели, како и изведување на напади на јавни објекти, објекти на инфраструктура и објекти во општа употреба на територија на Република Северна Македонија, обвинителството со Обвинителниот акт достави и Посебен предлог за продолжување на мерката притвор определена од судијата на претходна постапка.​фото: Архива

Македонија | пред 5 години

mickoski-4

Мицкоски за немањето на вакцини против КОВИД:Незнам зошто Филипче му треба да му слугува на Заев, најнеспособноиот министер во историјата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната средба со здравствени работници, на прашање во врска со најавите за доцнењето на вакцините во Македонија, му порача на министерот Филипче да не се препелка и што побргу го напушти бродот на најкорумпираната и најкриминалната влада на Балканот.„Не можам уште да го разберам овој помлад колега бидејќи е и тој на Универзитетот зошто дозволува толку да се препелка и да се бојадисува со глупости, да му слугува на Зоран Заев, зошто му е сето ова потребно на отворена сцена вака да се бламира, не можам да го разберам и да не се чуди после тоа ако народот стави знак на равенство помеѓу него и Зоран Заев, да не си го поставува прашањето што ми требаше ова еден ден затоа што честа и образот се најважни во животот, кога ќе ги изгубите честа и образот тогаш сте изгубиле се“ истакна Мицкоски.Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски му порача на министерот Филипче што побргу го напушти бродот на најкорумпираната и најкриминалната влада на Балканот.„Јас само можам да му порачам како помлад колега во академски стаж не во години, во години иако во години сме тука некаде, нема потреба да му слугува на најкриминалниот и најнеспособниот премиер на Балканот и во Европа. Престанете да се препелкате и престанете да го загрозувате здравјето на граѓаните, не ве бива заминете си веднаш. Помина и нова година помина и Божиќ поминаа и Водици помина и кинеска нова година ќе почнат велигденските празници ќе дојде и Велигден а ние сеуште ќе се занимаваме со глупостите на Зоран Заев и оваа влада на СДСМ. А луѓето за жал го губат својот живот и луѓето се полни со трауми коишто го поминале КОВИД- 19 вирусот. Така што еве му порачувам на овој помлад колега во академската средина помлад колку побргу го напушти бродот на најкорумпираната и најкриминалната влада на Балканот толку подобро за него и ќе задржи барем мал детал од честа и достоинството коишто се надевам сеуште ги има“рече Мицкоски.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

internet-kafe-2

Затворено интернет кафе во Скопје, еве зошто

На 24.02.2021 во 22.00 часот, додека вршеле контроли во угостителски објекти, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Тале Христов“ констатирале дека интернет кафе работи и вo објектот има 10 лица. Тие биле приведени во Полициската станица Чаир и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик – „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. фото:Hürriyet 

Скопје | пред 5 години

Janusev-25.02

Јанушев до Николовски: Вашиот брат преку фирма наплаќа готовина без да издава фискална сметка, ги крши законите и работи нелегално

На денешната собраниска седница, Игор Јанушев, пратеник од редовите на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ постави прашање до Љупчо Николовски дали знае дека неговиот брат преку фирма наплаќа готовина без да издава фискална сметка, а при тоа се кршат закони.„Ќе започнам со тоа што ќе цитирам неколку членови од Законот за регистрирање на готовински плаќања. Член 2 вели –„Даночните обврзници кои вршат прометни добра и прометни услуги, за кои плаќањето не се извршува по банкарски пат односно готовинско плаќање должни се да користат и воведат одобрен фискален систем на опрема за регистрирање на готовински плаќања и задолжително да издаваат сметка за извршениот промет односно услуга“. Понатаму, во членот 12 се вели – „Не е дозволен промет на добра и услуги кои не се вршат преку монтиран и воведен во користење одобрен фискален систем на опрема освен во случаи кога е потребен ремонт или поправка на фискална апаратура односно надворешниот GPRS уред“. Членот 13 вели – „Даночниот обврзник, значи просечен промет во деловниот објект надминува еден милион денари во претходна година со исклучок на даночни обврзници кои вршат промет на нафтени деривати е должен да регистрира трезорен фискален систем на опрема“. Тоа е за оние кои имаат над милион денари промет. А, во член 20 се вели дека – „УЈП врши контрола на спроведување и примена на одредби на овој закон и прописи донесени врз основа на овој закон“. И во членот 21 вели – „Предвидена е глоба во износ на 5.000 евра во денарска противредност да се изрече на даночен обврзник односно правно лице и трговец поединец за сторен прекршок доколку не користат фискална опрема“. А, со други зборови значи плаќање во готово без издавање на фискална сметка и фискални уреди не се дозволени. Значи прашањето господине вицепремиер за корупција ми е дали имате информација дека фирмата на вашиот брат овозможува спротивно на Законот кој што го цитирав за готовински плаќања промет на услуги со начин на плаќање без да се издаде фискална сметка“, Јанушев го запраша Николовски.Јанушев посочи дали Николовски е свесен криминалот кој што се прави, и дали за тоа ќе се поведе одговорност.Фото: ВМРО ДПМНЕ

Македонија | пред 5 години

velgosti

Најавена реставрација на манастирот Св.Петка во Велгошти

Од Велгошката парохија на Дебарско-кичевската епархија при МПЦ-ОА информираат дека започнуваат со целосна реставрација и ревитализација на манастирот „Св. преподобна маченичка Параскева-Петка“ во селото Велгошти.За таа цел апелираат до сите верници кои се во можност да помогнат и финансиски да го поткрепат ова Богоугодно дело.Доброволните прилози можат да се уплатат на жиро сметката: 530-0003022803-06 Охридска Банка АД Скопје, филијала Охрид.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

(ФОТО) Шилегов: Скопјани ќе добијат ослободен јавен простор на кејот „13 ноември“

Градоначалникот Шилегов денеска одговарајќи на советничко прашање детално го објасни проектот за уредување на кејот „13 Ноември“, на потегот од градскиот плоштад до улицата Стив Наумов.- Пред неколку денови веќе започнаа градежните активности за реконструкција на кејот „13 Ноември“, таму е предвидено целосно преуредување на партерот, во оваа фаза се врши отстранување на терасите од страна на локалите коишто таму беа поставени во минатото. Проектот беше претставен на јавноста, веќе нема да има централни таканаречени тераси во средината, тоа ќе биде целосно еден јавен простор којшто ќе служи на граѓаните како шеталиште. Согласно со програмата што ја носи Општина Центар за поставување урбана опрема, веројатно ќе има зголемување на терасите, односно предните тераси на локалите. Исто така, бидејќи станува збор за секундарна сообраќајница, ќе биде сообраќајно решено движењето на возилата по договорот со Телеком, кој за жал ние го имаме наследено, меѓутоа ќе станува збор за една движење на сериозно редуциран број на возила, со ново смарт решение коешто со препознавање на патниците ќе се подигнува рампата, па потоа и втората рампа ќе треба да го препознае возилото за да може да влезе на кејот, и тоа во строго определени саати во текот на денот, саат до саат и пол, исклучиво наутро кога одат на работа и попладне кога излегуваат од работа, од 8 до 9 и 30 часот наутро и од 14 до 17 и 30 часот. Тоа ќе бидат ограничен број на возила коишто ќе добијат посебни одобренија и ќе бидат внесени во софтверот за да може да се контролира нивното движење – изјави Шилегов во неговиот одговор на советничкото прашање.фото: Град Скопје

Скопје | пред 5 години

zaharieva-osmani

Захариева: ЕУ не е Југославија, нема да подлегнеме на притисок за Северна Македонија

Бугарија нема да подлегне на притисок за интеграциите на Северна Македонија, изјави за БТВ вицепремиерката и министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева, по повод синоќешната средба со министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи.Захариева потврди дека двајцата разговарале за претстојното свикување на меѓувладината конференција, но истакна дека датумот треба да биде објавен од двете страни.„Европската Унија не работи како Југославија, таа работи поинаку и ние ѝ зборуваме за тоа на Република Северна Македонија од 2019 година. Ниту една земја членка на ЕУ, ниту пак САД може во иднина да ја притисне Бугарија да попушти и да дозволи пристапни преговори на Северна Македонија со ЕУ. Тие треба да разберат дека Европската Унија не функционира како Југославија. Никој не може нам да ни наложи што да правиме во Унијата.“ - изјави Захариева.Шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи вчера се сретна со захариева во Софија, каде разговараа за акцискиот план за меѓусебна соработка и можноста за неговата финализација..Во пресрет на средбата, Османи соопшти дека 99 отсто од Акцискиот план со Бугарија кој се однесува само на технички детали и бизнис релации е усогласен. Но, кои се точките кои останале и кои мора да се договорат со Захариева, не се откриваат.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Бочварски: Преку нов предлог Закон го продолжуваме процесот на легализација

Наша интенција е да го продолжиме рокот за легализација преку нов Закон за да може да им се даде можност на сите физичи и правни лица кои досега не ги легализирале објектите или подземната инфраструктура, тоа да го сторат. Ова го истакна министерот за транспорт и врски Благој Бочварски при денешната работна посета во општина Ѓорче Петров.Новиот предлог Закон за добивање на правен стстус на бесправно изградените објекти веќе е влезен во собраниска процедура. Со него се очекува да се продолжи рокот за легализација на дивоизгардените објекти со нов рок по предлог на локалните самоуправи.“Според новиот предлог Закон, а за кој очекуваме поддршка од пратениците, висината на надоместокот е утврдена со висината на надоместокот за уредување на градежно земјиште во секоја општина посебно -комуналии- и се зголемува за 50 проценти. Од плаќање на надоместок со предлогот ослободени се примателите на социјална помош, државни органи, единици на локална самоуправа, јавни субјекти како и верските објекти. За бесправните објекти кои се изградени во одредени заштитени подрачја со новиот предлог закон се предвидува да се побара согласност за легализација од органите надлежни за управување со овие подрачја. Сакам да напоменам дека првично со овој предлог закон крајниот рок за легализација беше за објекти изградени до 1 октомври 2019 година, а беше на барање и со силна поддршка на локалните самоуправи и градоначалниците”. изјави Благој Бочварски, министер за транспорт и врски.Министерот заедно со градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски, доделија триесетина решенија за легализација на жители од општината.“ Остваривме работна средба, на која дадовме акцент на новиот Клинички центар ,изработката на проектот за инфраструктура, а истовремено даваме и апел да се одблокира целиот прокет кој е закочен од опозицијата во Собранието. Станува збор за најголемата гринфилд инвестиција која досега ја имала оваа земја.. Како сиромашна општина голема помош имаме од Министерството особено во делот на изведба на фекалната мрежа и преку Македонија пат за изведба на улици во руралниот дел на општината, како и за најгорливот проблем а тоа е легализацијата. Од вкупниот број на предмети или 12 500 во Ѓорче Петров нереализирани се 22 проценти. Им напоменавме на граѓаните за тие кои не успеале да стигнат навреме заради сложеноста на предметите дека во тек е носење на нов закон кој е во собраниска процедура”, истакна градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски.На новинарско прашање за изградба на Клиничкиот центар, министерот Бочварски апелираше до пратениците да не го блокираат процесот за изградба на Клиничкиот центар како стратешка инвестиција за државата.фото и видео: Министерство за транспорт и врски

Македонија | пред 5 години

policija-1

Расчистени 24 кривични дела, кривична пријава за измамникот и помагателот

Секторот за внатрешни работи Тетово до Основното јавно обвинителство Тетово поднесе кривична пријава против 44-годишниот тетовец Р.М.(44) од Тетово, поради основи на сомнение дека сторил кривично дело „измама“, предвидено и казниво по член 247 од Кривичниот законик и против С.Ш.(45) од с.Копаница, скопско, поради основи на сомнение дека сторил кривично дело „помагање“ предвидено и казниво по член 24 во врска со член 247 и во врска со член 45 од Кривичниот законик и расчисти 24 измами.Имено, првопријавениот Р.М., во периодот од ноември минатата година до втората половина на јануари годинава, претставувајќи се како бизнисмен од Турција, со приказни за наводно случени сообраќајни несреќи, телефонски измамил повеќе лица вработени во фирми од Бугарија, Србија, Албанија и Косово. Пласирајќи им лажни приказни дека нивни вработени, најчесто возачи, загинале или се тешко повредени во сообраќајни несреќи и дека се потребни пари за погреб или лекување, тој успеал да се стекне со противправна парична корист од околу 9000 евра. Парите преку филијали на извесна фирма ги подигнувал С.Ш. и потоа му ги давал на Р.М., а тој, пак, за услугата му плаќал од 50 до 100 евра.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

francija-korona

ИЈЗ: Зголемување од 3,9% на нови случаи, оздравени 1.760 лица, процентот на позитивност во просек 14,7%

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 15 до 21 февруари 2021, тестирани се вкупно 15.849 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од 2,8% во однос на минатата недела. Регистрирани сe 2.320 нови позитивни случаи од 33 градови во државата со зголемување од 3,9% во однос на минатата недела.Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=1.007; 43,4%), со неделна инциденца – 163,0/100.000. Највисока неделна инциденца од 412,8/100.000 е регистрирана во Неготино и Кавадарци (409,0/100.000).Процентот на позитивност се движи од 11,8 до 16,3%, просечно 14,7%, на исто ниво како минатата недела.Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=575, 24,8%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 30-39 (n=445; 19,2%), 40-49  (n=442; 19,1%), 50-59 (n=413; 17,8%) и 20-29 (n=300; 12,9%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=38; 1,6%) и 10-19 години (n=107; 4,6%).По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, со статус „оздравени“ се стекнале 1.760 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, 30,1% помалку во споредба со минатата недела.Пријавени се 70 смртни случаи од 13 градови, со зголемување од 62,8% во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 65 лицa биле над 60 години, и 5 лица на возраст од 50-59 години.Деталниот извештај на Институтот за јавно здравје за состојбата со Ковид-19 за периодот од 15 до 21 февруари 2021, како и кумулативната состојба со Ковид-19 во Република Северна Македонија се објавува на веб страницата на Институтот за јавно здравје: http://iph.mk/.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Bogdanka-Kuzeska

Пропаѓаат сите обиди на потрчкото Мицкоски да ја спречи правдата, случајот со Мијалков е негов последен дебакл

Единствената улога на докажаниот губитник Христијан Мицкоски како шеф на ВМРО-ДПМНЕ е да го одбрани криминалот и да ја спречи правдата. Сите блокади, кочници, деструктивното однесување на ВМРО-ДПМНЕ се токму тоа – обиди да се спасат криминалците во нивните редови. Мицкоски не се грижи за граѓаните, не се грижи за правдата. Негова единствена грижа е неговата фотелја во белиот дворец и одбрана на криминалите на луѓето што го поставија во таа фотелја, истакна Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.Кузеска на денешната прес конференциоја додаде:Се што прави Мицкоски е да го заштити менторот од Будимпешта, Груевски, да ги заштити Мијалков, Камчев, Милошоски, Димовски, Јанушев и сите останати сегашни и поранешни функционери на ВМРО ДПМНЕ, против кои се водат процеси пред надлежните судови.Тоа е единствената грижа на Мицкоски, а не правдата, како што ја лаже јавноста.Токму затоа Мицкоски беше против носење на Законот за Јавно обвинителство со што предметите на СЈО добиваат судска разрешница, токму затоа Мицкоски застана во одбрана на осудените за 27 април.Случајот со Мијалков е последниот пораз, последниот дебакл на Мицкоски.Сите обиди на Мицкоски да го одбрани криминалот на ВМРО-ДПМНЕ пропаднаа, со што пропадна и неговата главна задача за која што Мијалков и Груевски го поставија на чело на ВМРО-ДПМНЕ.Сега, патот на правдата е чист и се почесто ќе бидеме сведоци на спроведена правда, но и на силен одговор од институциите кон сите кои се ставаат над Законот.Државата веќе не е заробена од поединци кои ја користеа за нивно лично богатење. Денес имаме силна правна држава, држава во која редот, правдата и дисциплината на сите нивоа се приоритет.Мицкоски останува осамен во белиот дворец, осамен на браникот на криминалот и останува во опозиција затоа што не нуди ништо друго освен лажни вести и одбрана на криминалот.фото и видео: СДСМ

Македонија | пред 5 години

mijalkov

За случајот Мијалков одлучивме во најбрз рок, вели Претседателот на Кривичниот суд Џолев

Претседателот на Кривичниот суд Иван Џолев за случајот со Мијалков судот одлучил во најбрз можебн рок, за само три и пол часа.„Предлогот за притвор беше стигнат во 15 часот, а одлуката беше издадена во 18:30 часот. Судот оттаму, постапува ажурно, затоа што сметавме дека треба да се делува итно и веднаш. Затоа што Судот, треба да се има предвид дека има законска обврска да постапи по 24 часот, и ние можевме да издадеме одлука во понеделникот до 15 часот“, истакна Џолев.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

korona1

По обвинителен предлог, изречени казни за употреба на фалсификувани ПЦР тестови

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против маж и жена, државјани на Република Германија по потекло од Косово, кои се товарат за кривично дело – Фалсификување исправа од член 378 став 1 од Кривичниот законик.На 22 февруари, на Меѓународниот аеродром Скопје, на граничниот премин при излез од државава, пред овластените службени лица за проверка на пасошите, двајцата сопружници употребиле лажни потврди за негативни ПЦР-тестови за SARS-CoV-2 вирус. Иако знаеле дека потврдите на кои стоело дека се издадени од една лабораторија во Скопје се лажни, тие ги прикажале како вистински.По признание на вина, Основниот кривичен суд Скопје донесе пресуда за двајцата обвинети, огласувајќи ги за виновни и им изрече условна осуда – казна затвор во траење од две години, која нема да се изврши доколку обвинетите за време од пет години не сторат ново кривично дело. Во исто време, на обвинетите им е изречена и казна – протерување од територијата на Република Северна Македонија во траење од пет години.​фото: Архива

Македонија | пред 5 години

filipce-1

Се зголемува бројот на заболени од КОВИД 19, Филипче вели се размислува за нови рестриктивни мерки

Има зголемување на бројот на заболени од Ковид-19 во државава. Во овој момент се уште траат испитувањата во лабораторијата во МАНУ. Во текот на вчерашниот ден имав разговори со претставници на лабораторијата од клиниката „Жан Митрев“, каде британскиот сој е присутен во 70 проценти. Очигледно е дека се зголемува бројот на заболени, а еден дел од ова зголемување на бројките се должи и на присуство на тој сој на вирусот, кој полесно се пренесува, ова денеска го истакна министерот за здравство Венко Филипче.-Во дел од болниците ширум државата конкретно Кавадарци, Прилеп и Охрид,зголемен е бројот на хоспитализации, но има доволен слободен болнички капацитет. Во Скопје слободни болнички кревети има и на Инфективната клиника, без модуларната болница, значајно ослободен болнички простор има и на Интерните клиники, коишто сега нормално функционираат.Во кој било момент подготвени сме сите овие капацитети да се вратат во оној претходен режим на работа кога сите лекари и сестри ротираа и сите интерни одделенија беа наменети за третман на пациенти заболени од ковид. Во секојдневна комуникација сум со директорите на сите тие Клиники, тие се свесни знаат и очекуваат - рече Филипче.Периодов може да има измена на мерките, тоа ќе зависи од епидемиолошката состојба, вели министерот.-Следиме дали овој тренд ќе продолжи вака до тој степен да биде ризик, повторно да се преоптеретат болничките капацитети, засега нема таква индиција, засега добро се менаџира, но не ја исклучувам таа можност- рече Филфото: Архива

Македонија | пред 5 години

50251395362_d8f1e0167d_c

Локалните избори треба да се одржат на 3-ти, 10-ти или 17-ти октомври, вели Џафери

Локалните избори во Северна Македонија треба да се одржат на 3-ти, 10-ти или 17-ти октомври, соопшти денеска на средба со новинарите претседателот на Собранието Талат Џафери.Џафери предупредува дека доколку дојде до тоа паралелно да се одржуваат предвремени парламентарни избори, треба да се има предвид како тоа ќе се одрази на роковите за техничката влада, за кампањата и за увидот во избирачкиот список и како ќе се одрази врз работата на ДИК и соодветните институции.Инаку  локалните избори треба да се распишат деведест дена претходно односно во јули, а најдоцна на 1 август.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

zooloska-otcet

Инспектори ќе ги казнуваат несовесните посетители во Скопје ЗОО

Од овој викенд, службите на Инспекторатот на град Скопје ќе ги казнуваат несовесните посетители кои ќе хранат и вознемируваат животни во Скопје Зоо. Санкционирани ќе бидат и оние кои ќе фрлаат отпадоци во живеалиштата на животните и по патеките.Под мотото „Подарете љубов, а не храна“ ја започнуваме кампањата за заштита и благосостојба на животните во Зоолошка градина Скопје. Низ годините многу несовесни посетители фрлаат храна која е несоодветна и штетна за нив и покрај таблите со кодекс на однесување кои се поставени на влезот и низ градината, каде јасно е истакнато се она што е забрането.За потсетување, во Скопје Зоо, строго забрането е хранење и допирање на животните, било какво вознемирување на животните и фрлање предмети и отпадоци во нивните живеалишта, тропање по оградите и стаклата, прекачување преку огради и влез во забранети зони. Нашите животни имаат свои таблички за исхрана и секоја храна надвор од тоа е штетна за нив. На пример, имаме животни дијабетичари кои не смеат да јадат банана, портокал и јаболко, или пак голем дел животни за кои зелката е најштетна.Доколку посетителите сакаат интеракција и хранење на животни, за тоа постои делот Бејби Зоо, каде под надзор на вработени секој посетител добива пакетче храна за животните и може да ги погали и одблизу да се запознае со процесот на чување на миленик.Секако ги потсетуваме сите кои сакаат да хранат животни, дека на улиците има многу бездомни кучиња и мачиња, како и птици кои се гладни, па доколку ги нахранат со соодветна храна ќе направат хумано дело, велат од Зоолошка градина Скопје.

Скопје | пред 5 години

Kejt-Burnz

Амбасадорката Брнз одговара прашања на инстаграм: Борбата против корупцијата е работа на сите, а САД се тука за да помогнат

Американската амбасадорка Кејт Мари Брнз открива дека за да стане дипломатка се инспирирала од татко ѝ кој работел во дипломатската служба, дека тренирала фудбал и дека е страсна навивачка на американската женска фудбалска репрезентација, во серијата видео-одговори на прашањата од следбеници на Инстаграм профилот на амбасадата. Таа вели и дека е многу горда што во нејзиниот мандат се случило членството на Македонија во НАТО и оти верува дека членството во ЕУ е многу важно за регионот. Брнз, исто така, отворено кажува дека борбата против корупцијата пред сѐ е работа на сите граѓани, политичари, бизниси и невладини организации во земјава, а дека САД се тука за да помогнат со своето искуство и стручност, објави smart.sdk.mk.Во одговорите на разновидни прашања, амбасадорката Брнз открива дека во Македонија најмногу ја воодушевуваат луѓето и природните убавини, особено планините, бидејќи и таа и сопругот се страсни планинари и тоа им е најомилената активност во слободно време.Текстот во целост: smart.sdk.mk.

Македонија | пред 5 години

policija-i-inspekcija-3

Затворен угостителски објект во гостиварско, приведен сопственикот

На 24.02.2021 во 21.15 часот, по претходна пријава, полициски службеници од Полициското одделение Чегране извршиле контрола во угостителски објект во с.Чегране, сопственост на В.Ф.(37) од Чегране. При контролата, во објектот биле затекнати четири лица, заедно со сопственикот и било констатирано дека не биле почитувани меркита на Владата за спречување на ширењето на ковид-19.Објектот бил затворен од Државен пазарен инспекторат, а сопственикот бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик за „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

terasa-kej-skopje

Сопствениците на кафулињата започнаа да си ги рушат летните тераси на Кеј 13 Ноември

Сопствениците на кафулињата на Кеј 13 Ноември во строгиот центра на Скопје сами  си ги уриваат терасите заради реновирање на шеталиштето.  Сите објекти кои се наоѓаат буквално среде целото шеталиште, треба да се отстранат.Според договорот помеѓу Град Скопје и кафанџиите, летни тераси нема да има во средина, туку ќе им се дозволат плус 3,5 метри во делот пред локалите.По завршувањето на градежните работи, Град Скопје ќе го реновира кејот, ќе се постави нов плочник, клупи, корпи, осветлување.„Градот го подготвува теренот за да може да започне реконструкцијата на Кејот. Локалите се согласија да го ослободат просторот, но за возврат ќе добијат проширување на постојните тераси. Тоа значи дека летни тераси во средина на шеталиштето нема да има, но за сметка на тоа Градот ќе им овозможи на локалите да го прошират постојниот капацитет“, објаснија од Град Скопје.Кејот „13 Ноември“ треба да биде уреден до лето.фото: vecer.press

Скопје | пред 5 години

pistoli

Поднесено обвинение за недозволено поседување пиштол и муниција

Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена истражна постапка, поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик.Обвинетиот, на 1 февруари во селото Горно Количани, во автомобилот неовластено држел пиштол марка „Црвена застава М 70А“ со калибар 9 мм Para, со две рамки и 15 куршуми за тој пиштол. Оружјето и муницијата биле пронајдени под возачкото седиште во автомобилот.Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка куќен притвор за обвинетиот 27-годишник, за кого се оценува дека се уште би можел да се даде во бегство или да го повтори делото кое му се става на товар.​фото: Архива

Македонија | пред 5 години

2-9

(ФОТО) Вандалски уништен симболот Битола

Нов вандализам утрово ја потресе Битола. Симболот со буквите БИТОЛА, кој за кратко време стана препознатлив за градот, се најде на илјадници фотографии и беше едно од омилените места за граѓаните и посетителите, вандалски е уништен. Искршени се дел од буквите, оштетени се рефлекторите и металната конструкција.Во моментов се врши увид на терен , по што ќе се преземат соодветни мерки за санација. Пред само неколку денови, Општина Битола испрати апел до граѓаните да не ги уништуваат јавните добра, откако масовно беше регистрирано уништување на автобуските стојалишта, а претходно и терминал на ЈП Паркинзи.Жално е што ваквите вандалски појави на уништувања на симболите, кои што се дел од нашата култура на живеење, сè повеќе зачестуваат. Општина Битола повторно апелира на разум и негување на објектите, со цел заеднички и конструктивно да придонесеме за создавање слика за нас, како битолчани.Фото: Општина Битола

Македонија | пред 5 години

solza

Грчева: МАНУ го одби барањето на Владата да го промени името

Претседателката на „Глас за Македонија“, Солза Грчева, на својот ФБ профил објави дека Македонската академија на науките и уметностите, го одбила барањето на Владата.„МАНУ успеа да си го задржи името. Го одбија дописот од Владата за итна промена во нешто перверзно како Национална Академија на ....Северна Македонија. Против, само акад. Беџети. После натегања, Владата мораше да попушти. Браво за Македонската академија!! Камо вака сите инситуции да не попуштаа“, напиша Грчева на Фејсбук.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Slika-Frosina-18-12

Ременски: Бегството на Мијалков е срам за правосудниот систем

Екс пратеничката од СДСМ Фросина Ременски, во вечерашното гостување во емисијата Топ тема на ваша страна на ТВ Телма, вели дека бегството на екс директорот на УБК Сашо Мијалков е срам за правосудниот систем, но и дека власта не треба да го триумфализира неговото појавува во јавното обвинителство како успех.-Главниот проблем е што зборуваме за формата, а не за суштината. Самото распишување на централна потерница значи вонредна состојба на полицијата за барање на лицето, дури и оранизирање блокади и упади. За мене, недозволиво е лице кое се бара со потерница да избере каде да се пријави. Дали ќе подигне решение од ОЈО кое нема недлежност за тоа, или ќе биде ќе биде приведено. За мене како граѓанин кој смета дека Мијалков е виновен за повеќе дела, недозволиво е да излезе и да лаже и да ги прави недоветни сите, а Русковска да вели дека преку трети лица јавил дека сака да се пријави. Преку кои контакти, преку кој телефон?, прашува Ременски.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања