Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

Нема фотографија

Националниот Блок „Не отворам врата“ поднесе иницијатива до Уставниот суд за поништување на членови од Законот за попис

Националниот Блок „Не отворам врата“ денес, среда, 24.02.2021 до Уставниот суд поднесе Иницијатива за уставна оценка на одредби од Законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2021 година.Во изјава за јавноста претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев како дел од Националниот Блок „Не отворам врата“ рече:Правно гледано, денес пред Уставниот суд ги оспоривме член 8 став 1, член 34 став 1 и член 51 од законот за попис кои не се во согласност со член 7, член 8 став 1 алинеа 1, 2 и 3, член 9 став 1 и 2, член 16 став 1, член 19 став 1 и 2, член 39 став 2 и член 51 од Уставот на Република Македонија.Во член 8 став 1 од Законот за попис се пропишува дека за лицата кои се на привремена работа или престој во странство податоците за нивни етнички и религиозни карактеристики ќе ги дава полнолетно лице на кого најмногу му се познати.Меѓутоа, етничката и религиозната припадност е лично право на секој поединец и не може никој друг во негово име да ги дава овие определби. Овие определби се едни од најчуствителните прашања и никој со ништо не смее да влијае врз лицата во давањето на одговорот на ова прашање при пописот. Станува збор за строго лична работа, за составен дел на приватноста. Дури, одредено лице може од приватни причини и да не се изјасни по овие прашања или во однос на религиската припадност да се изјасни дека е атеист, односно, не е верник. Според тоа, овие определби не може да ги дава трето лице, на пример, комшија, другар, роднина.... Граѓаните не може да се дискриминираат на начин што за врема на попис некој друг ќе им ја определува етничката и религиозната определба по основ на уставно непознати термини кои се користат во оспорената одредба во смисла податоци за етничките и религиозните карактеристики да се даваат според формулацијата во законот „полнолетно лице на кого најмногу му се познати“.Понатаму, го оспоруваме член 34 став 1 од законот со кој е пропишано дека пописот ќе се спрорведе на 7 јазици: македонски, албански, турски, ромски, влашки, српски и босански.Според амандманот V од Уставот, на целата територија во Република Македонија и во нејзините меѓународни односи службен јазик е македонскиот јазик и неговотo кирилско писмо. Друг јазик што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните, исто така е службен јазик и неговото писмо како што е определено со овој амандман во контекст на употребата во единиците на локалната самоуправа во која најмалку 20% од граѓаните зборуваат службен јазик различен од македонскиот. Оттука, обврската пописот да се спроведува на седум јазици нема своја уставно-правна основа.Исто така го оспоруваме и член 51 од законот каде е пропишано глоба во износ од 200 до 300 евра за прекршок на физичко лице ако одбие да ги даде податоците што се бараат од него за Пописот.Имено, граѓанинот има обврска да се грижи за сопственото здравје и здравјето на другите. Во оваа насока, на 11 март 2020 година, Светската здравствена организација прогласи глобална пандемија на болеста КОВИД - 19 предизвикана од новиот коронавирус САРС-КоВ-2, а кое нешто Република Македонија како членка на СЗО е во обврска да го почитува. Во Македонија е прогласена кризна состојба заради заштита на јавното здравје, односно, справување со кризна состојба која претставува ризик по здравјето и животите на луѓето. Оттука, во услови на пандемија, посетата на т.н. попишувачи кои посетуваат бројни домови од својот пописен реон кој опфаќа повеќе општини (во државата има 80 општини а според законот има 50 пописни реони) е директна закана по здравјето земајќи предвид дека општо познато е како се пренесува вирусот.Затоа, парична санкција за недавање на податоци преку одбивање на средби во своите домови заради заштита на сопственото здравје и здравјето на другите е во директна спротивност со уставната обврска за заштита на здравјето.За крај уште да спомнам дека со оглед на фактот што оспорените одредби се однесуваат на попис што треба да се одржи од 1 до 20 април 2021 година, а со цел спречување на настанување тешко отстранливи последици, му предлагаме на судот врз основа на член 27 од деловникот на Уставниот суд и начелото на приоритет до донесувањето на конечна одлука, да донесе решение за запирање на извршувањето на поединечни акти и дејствија што се преземаат врз основа на оспорениот акт.Верувам дека уставните судии ќе бидат на висината на задачата и ќе донесат одлука за поништување на оспорените одредби од законот за попис - потенцираше Бачев.фото: Единствена Македонија

Македонија | пред 5 години

koronavirus

Денеска починати 13 лицa и нови 725 нови случаи на Ковид 19

Министерството за здравство информира согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 3.342 тестирања, а регистрирани се 725 нови случаи на ковид-19 во:Скопје – 274, Прилеп – 79, Кавадарци – 55, Тетово – 39, Куманово – 34, Охрид – 29, Гевгелија – 26, Неготино – 25, Велес -24, Штип -20, Гостивар -18, Битола -16, Струмица – 13, Кочани – 12, Струга и Крива Паланка – по 11, Богданци – 6, Крушево – 5, Ресен – 4, Свети Николе, Делчево, Пробиштип, Виница, Валандово, Кратово и Демир Капија – по 3, Кичево – 2, Берово – 1.Регистрирани се 215 оздравени пациенти од:Скопје – 125 , Прилеп – 19, Кавадарци – 13, Струмица – 9, Велес – 6, Битола – 5, Тетово, Куманово и Неготино – по 4, Гевгелија, Делчево, Демир Капија, Кичево и Радовиш – по 3, Гостивар, Ресен, Пробиштип и Демир Хисар – по 2, Кочани, Крива Паланка и Виница - по 1.Пријавени се вкупно 13 починати лица. Починати се по 4 пациенти од Скопје (85г, 78г, 72г, 64г) и Куманово (70г, 63г, 57г, 50г) и по еден пациент од Тетово (66г), Прилеп (72г), Битола (71г), Велес (75г) и Пробиштип (83г). Од пријавените смртни случаи сите се починати во болнички услови.Направени се 3.342 тестови преку: ИЈЗ-1029, ЦЈЗ Скопје-86, Авицена-268, Биотек-337, Жан Митрев (Филип Втори)-116, Систина-218, Лаор–183, МАНУ-0, Судска медицина-10, ЦЈЗ Битола-92, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, ГАК-0, Синлаб-45, Ремедика-23, ИБЗД Козле-20, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 903, УК Пулмологија со алергологија–7, ГОБ 8-ми Септември-5, лаборатории од странство-0.Досега во земјата се направени вкупно 509.720 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 100.632, бројката на оздравени пациенти е 90.311, на починати е 3.098, а бројот на активни случаи изнесува 7.223.Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови, Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)Скопје 43959, активни 3153Куманово 5496, активни 222Тетово 5395, активни 259Прилеп 5232, активни 551Гостивар 3755, активни 132Штип 3633, активни 118Битола 3392, активни 156Велес 3398, активни 235Охрид 3187, активни 434Кавадарци 3213, активни 508Струмица 2674, активни 151Струга 2378, активни 175Кочани 1804, активни 62Кичево 1761, активни 60Гевгелија 1164, активни 151Неготино 1154, активни 152Свети Николе 1105, активни 24Ресен 803, активни 71Крива Паланка 807, активни 67Дебар 788, активни 43Радовиш 744, активни 31Делчево 730, активни 190Берово 639, активни 28Пробиштип 536, активни 23Виница 515, активни 22Валандово 356, активни 23Кратово 272, активни 36Демир Хисар 260, активни 10Крушево 265, активни 60Македонски Брод 252, активни 7Богданци 255, активни 29Демир Капија 238, активни 28Македонска Каменица 193, активни 4Пехчево 184, активни 3Дојран 95, активни 5фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Алијанса и Алтернатива: Поднесовме интерпелација за Спасовски, ова со Мијалков е театар

Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива поднеле барање за гласање доверба за министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Причина за овој потег се бегството и појавувањето на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков.  Првите луѓе на Коалицијата, Зијадин Села и Африм Гаши, исто така, најавија дека ќе го поддржат и предлогот за интерпелација на Владата и за создавање ново парламентарно мнозинство.„Ова е театар. Мијалков го нема два дена дома, а во неделата неговите жена и деца не знаат каде е нивниот татко, односно не знаат дека е во изолација и е болен. Знаете што е најскандалозно? Сашо Мијалков повторно е дома. Тоа е доказ за договор меѓу Мијалков и Заев. Тоа е доказ дека сите актери кои правеа сценарија за 27 април сега се заедно со владата“, вели Села.Гаши повтори дека ги повикуваат земјите членки на ЕУ да донесат тим судии и обвинители кои повторно ќе ги отворат сите монтирани политички процеси од „Монструм“, „Алфа“, па се до „27 април“, но и според него, монтирани судски случаи од осамостојувањето до сега, за како што вели, сите корумпирани политичари да одговараат оти само така ќе има правна држава. Според коалицијата, ние имаме судии и обвинители кои се прилагодуваат на партиите кои се на власт.фото: META

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Филипче нема информации дали Мијалков се тестирал за Ковид-19

Министерот за здравство, Венко Филипче, нема информации за тоа дали поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков се тестирал за Ковид-19 и дали контактирал со здравствените власти, по неговото објаснување откако се појави дека бил во самоизолација поради тоа што имал температура над 40 степени.„Немам информации дали се тестирал и дали контактирал со Здравствениот инспекторат“, кусо одговори министерот Филипче.На прашањето дали е можно по само три месеци некој повторно да се зарази со вирусот, министерот Филипче одговори дека болеста има многу непознаници има многу специфични случаи, но науката сè уште не дала одговор на тоа прашање.фото: Архива 

Македонија | пред 5 години

kosta-2-1

Георгиески: Продолжуваме да постапуваме согласно препораките на УНЕСКО

Општина Охрид продолжува да постапува согласно препораките на УНЕСКО. Во тек е тендерска постапка за избор на фирма која ќе работи на отстранување на дивоградбите на охридското крајбрежје.Во меѓувреме исто така поднесени се кривични пријави за узурпација на државно земјиште. Станува збор за правни и физички лица кои вршеле дејност преку користење на плажите на крајбрежјето, при што се стекнале со износ по основ на закуп, кој до денеска не го подмириле, Напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.фото: ФБ Константин Георгиески

Македонија | пред 5 години

Naum-Stoilkovski-24.02

Стоилковски: Кој бегалец од притвор, откако е фатен завршува во куќен притвор - ова е јасен доказ дека има договор Заев - Мијалков

Овде сме пред седиштето на криминалот, пред СДСМ. Зоран Заев, Костадин Костадинов и СДСМ имаат потреба да се дообјаснуваат за циркусот кој го направија. Но никој во државата, па ни самиот Костадинов не верува во зборовите за владеење на право и правна држава со власт на Зоран Заев.  Во која земја бегалец од правдата, откако е фатен завршува во куќен притвор? И сам се шета пред медиуми. Ова укажува на можен договор меѓу Заев и Мијалков. Па затоа ли Заев за Милјаков озвозможува екстра услови и екстра третман, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Стоилковски додаде:Ова е класичен циркус и исмејување на правната држава и владеењето на правото, но пред се потценување на интелегенцијата на јавноста.Системот за кој што самиот Оливер Спасовски говореше дека не функционира, всушност е нивната власт. Тоа е така затоа што власта на Заев целиот систем го впрегнала во заштита, компромис и пазарење со криминалот.Јавноста препознава договор со анекси. За да го пуштат, па анекс договор за да дојде. Поради силните и бурни реакции на граѓаните и надворешни фактори мораа да отстапат од планот. Впрочем затоа Заев, како што и сам брифираше, вчера викал судии, обвинители кај себе во кабинетот. Тоа значи Заев сам се легитимираше како врвот на пирамидата на мафијата и координатор на пазарењето со правдата кој под контрола ги чува обвинителите и судиите. Смешни се во обидот ова да го оправдаат.Поради ваквата коалиција на Заев со криминалот, младите ја напуштаат државата, не гледаат перспектива и иднина. Поради коалицијата власт-криминал државата тоне и се уништива.Но овој циркус покажа дека нервозата и паниката растат во СДСМ и ќе кулминираат во моментот кога ќе заминат од власт.фото и видео: ВМРО ДПМНЕ

Македонија | пред 5 години

filipce-tabanovc

Пристигна втората пратка вакцини „Фајзер“ кои Србија ги донира за Македонија

Министерот за здравство, Венко Филипче на граничниот премин „Табановце“ ја прими втората пратка 3.510 дози вакцини на производителот Фајзер кои се донација од вкупно 8 илјади дози од соседна Србија.Филипче ја прими донацијата од неговиот српски колега Златибор Лончар. Тие двајцата ја претоварија пратката од автомобилот, со кој српските власти ги транспортирале вакцините до Табановце, во возило на македонското здравство.Првата пратка од 4.680 дози вакцини Фајзер од Србија пристигна во нашата земја на 14 февруари. Со оваа втора пратка, Србија вкупно ѝ донираше на Македонија 8.190 дози.Министерот Филипче истакна дека овие вакцини ќе бидат доволни за вакцинирање на здравствените работници кои се предвидени согласно планот за имунизација.„Исклучително ми е драго што сме во можност да им помогнеме на нашите соседи и пријатели. Од министерот разбрав дека вакцинацијата е почната, дека ќе продолжите понатаму. Она што посакуваме е и вие да биедете безбедни, вашите граѓани што помааку се разболуваат и кога вие ќе имате подобра ситуација, ќе имаме и сите ние и регионот. Тоа е нашата цел, ќе гледаме и понатаму да помагаме“, рече Лончар. Извор:Агенции

Македонија | пред 5 години

03-1

Средба Спасовски-Кожуваровска: Се зголемува безбедноста во сообраќајот, договорени кампањи на МВР и РСБСП

Денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски оствари работна средба со претседателот на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, г-ѓа Гордана Кожуваровска. Министерот Спасовски, изрази задоволство од досегашната соработка со РСБСП, а г-ѓа Кожуваровска потенцира дека безбедноста во сообраќајот е врвен заеднички приоритет. Статистиките покажуваат дека во 2020 година е евидентно намалувањето на бројот на сообраќајни незгоди и жртви во сообраќајни незгоди, а овие трендови се уште повидливи во јануари 2021 година. Во јануари 2021 има намалување на жртвите од сообраќајни незгоди за 56 отсто, споредено со јануари минатата година. Во јануари оваа година има четири жртви, а во јануари 2020 година имало девет жртви. Вкупниот број на сообраќајни незгоди пак во јануари е намален за 19 отсто. 2020 година пак е година со најмал број на жртви во историјата- 125 и доколку се направи анализа евидентно е дека од 2017 година оваа бројка постојано се намалува. Соговорниците заклучија дека со заеднички напори и залагања можат да се постигнат уште подобри резултати во областа на сообраќајот и пред се дополнително намалување на бројот на жртви. За таа цел се договорени низа превентивни кампањи кои треба да стартуваат од наредниот месец.фото: МВР

Македонија | пред 5 години

popis-1

Арсовски и Хоџа: И покрај опструкциите од страна на опозицијата, пописот 2021 дефинитивно ќе се спроведе

Портпаролите на Владата на Република Северна Македонија Душко Арсовски и Муамет Хоџа на денешната редовна прес-конференција информираа за заклучоците и одлуките донесени на вчерашната 47-ма седница на Владата и одговараа на прашања на новинарите.На самиот почеток владините портпароли ги соопштија најновите податоци за динамиката на имунизација на медицинскиот персонал според кои, заклучно до денеска во 10:00 часот вакцинирани се вкупно 1.510 лица, а воедно информираа и дека министерот за здравство Венко Филипче денеска ќе ја преземе втората пратка вакцини од донацијата од Република Србија.Информирајќи за одлуките на 47-мата владина седница, портпаролите соопштија дека Владата ја прифати согласноста на Комисијата за заразни болести на барањето на група општински и меѓуопштински превозници за зголемување на дозволениот број патници од 50% на 75% од вкупниот капацитет во превозните средства утврдени со закон за оваа намена.Воедно информираа дека Владата ја разгледа Информацијата за доделување на грант преку 25-ти повик за техничка помош и за 6-от повик за инвестициски грант за изградба на делницата Крива Паланка - граница со Република Бугарија како дел од коридорот VIII, и во таа насока му укажува на ЈП за железничка инфраструктура „Железници на Република Северна Македонија“- Скопје, да ја достави апликацијата за овој грант до Инвестицискиот фонд за Западен Балкан (WBIF).Со овој грант значително ќе се забрза процесот на довршување на железничката пруга меѓу Северна Македонија и Бугарија, како дел од обврските на нашата земја во развојот на Паневропскиот коридор 8.На предлог на Министерството за труд и социјална политика Владата ја разгледа и усвои Информацијата за проектот „Зајакнување на националните и локалните системи за поддршка на ефективната социоекономска интеграција на Ромите повратници од Западен Балкан“, и ги задолжи Министерството за труд и социјална политика и Канцеларијата на Претседателот на Владата да ги координираат активностите за имплементацијата на проектот.Портпаролите информираа дека Владата ја усвои Информацијата за проектот „Енергетски ефикасна рехабилитација на студентските домови во Република Северна Македонија“. Станува збор за реконструкција на студентските домови, кои со овој проект ќе станат енергетски ефикасни и ќе овозможат студентски комфор и подобра средина за живеење и учење на студентите. Програмата ќе се започне со студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје, а со овој капитален зафат ќе бидат опфатени и студентските домови во Прилеп, Битола, Охрид и Штип.Во однос на деталите за реализација на проектот за Енергетски ефикасна рехабилитација на студентските домови, портпаролот Хоџа одговарајќи на новинарско прашање истакна дека овој проект претставува капитална инвестиција и влог во нашата иднина, кој ќе ги унапреди условите за учење на студентите.„Рокот за реализација на овој проект е до 2025 година, а истиот ќе чини околу 24 милиони евра, додека пак средствата за 2021 година се предвидени во предлог-буџетот за 2021 година на Министерството за образование и наука“, истакна портпаролот Хоџа.Одговарајќи на новинарско прашање за случајот со бегството на Сашо Мијалков, портпаролот Арсовски истакна дека тој во моментов се наоѓа во притвор и правдата е обезбедена.„Институциите ги презедоа сите редовни и вонредни мерки во врска со бегството на Сашо Мијалков. Тој се пријави во Обвинителството за организиран криминал и обезбеден е неговиот домашен притвор. Координацијата помеѓу сите институции со сите активности што се презедоа во последниве два дена дадоа резултат. Владата нема да толерира ситуации коишто ја уриваат довербата во системот. Правдата е обезбедена, тоа е најважно!“, нагласи Арсовски.Во однос на прашањето за опструкциите од страна на опозицијата за Пописот 2021, портпаролот Арсовски информираше дека Пописот дефинитивно ќе се спроведе во месец април.„Пописот ѝ е неопходен на државата. Секој граѓанин треба да придонесе да се спроведе оваа значајна статистичка операција која ќе даде податоци важни за проектирање стратешки планови за натамошен развој на државата. Методологијата е дефинирана. Сите подготовки се во тек. Од први почнува пописот на нерезидентното население“, посочи Арсовски.На новинарско прашање за развојот на настаните со соседна Бугарија, портпаролот Арсовски информираше дека министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска патува за Софија каде ќе има посебна средба со неговата бугарска колешка Екатерина Захариева, а во фокусот на разговорите е Акцискиот план, кој е во финална фаза.На прашање за реализацијата на изградбата на пругата кон Бугарија, портпаролот Арсовски соопшти дека се одвива во три фази.„За Првата од Куманово до Бељаковце се обезбедени 47 милиони евра и таму изградбата е 55% реализирана, но знаете дека се раскина договорот со изведувачот. За Втората фаза се обезбедени 147 милиони евра – 70 милиони од нив се од ЕБОР, 70 милиони се грант од ЕУ. Бидејќи за оваа фаза се распиша тендер за изведувач, а беше раскинат договорот за првата фаза, Владата донесе одлука да го поништи тендерот за втората фаза и двете фази - првата и втората да се тендерираат заедно. Претквалификацијата на оние што се пријавија заврши, а сега ЕБОР ги евалуира фирмите што влегоа во квалификација. За Третата фаза од пругата претходно се обезбедени 60 милиони евра грант преку ИПА 2. Сега ЈП „Железничка инфраструктура“ аплицира за 150 милиони евра до фондот ВБИФ“, информираше Арсовски.Во однос на неодамнешната средба на премиерот Зоран Заев со градоначалниците од општините Охрид, Струга и Дебрца, кои го опфаќаат Охридскиот Регион заштитен од УНЕСКО, портпаролот Арсовски информираше дека станува збор за усогласување на напорите централната и локалните власти за заедничка акција за отстранување на ризиците по заштитениот Охридски Регион и Охридското Езеро.Тој наведе дека на средбата премиерот Заев им пренесе на градоначалниците дека претстојниот извештај на УНЕСКО треба да се прифати како силен аларм кој повикува на заедничка акција на Владата и надлежните ресорни министерства како централна власт и на општините Охрид, Струга и Дебрца.„Премиерот Заев ја реафирмираше определбата на Владата, во координација со локалните самоуправи на трите општини за усогласено спроведување на Планот за управување со културното и природното наследство во Охридскиот Регион со плановите за развој на општините, водејќи грижа на сите вклучени во процесот дека примарна важност имаат заштитата на културните и природните вредности на Охридското Езеро и на крајбрежјето опфатени со Конвенцијата на УНЕСКО за заштита на природното и културното наследство. Заедничка констатација на средбата беше да продолжи координацијата меѓу Владата и општините Охрид, Струга и Дебрца на утврдените активности, како и на усогласување на легислативата за надлежностите кои ќе овозможат успех во спроведувањето на Планот за управување со културното и природното наследство во Охридскиот Регион и на развојните планови на општините“, истакна Арсовски.

Македонија | пред 5 години

DSC_0644

Буково за прв пат добива колекторски систем

Започна изградбата на колекторскиот систем во опфат од излезот на населбата Буковски ливади до селото Буково, во должина од околу 1500 метри, по што ќе следува санација на коловозот до ова населено место. Градоначалничката Наташа Петровска, директорот на КЈП „Нискоградба“ и задолжените екипи за изведба на терен, ја посетија локацијата од каде стартува проектот и ги запознаа присутните и локалното население со начинот и динамиката на работа.„Вкупната инвестиција во овој дел ќе биде над 13.000.000 денари, исклучиво средства од Општина Битола. со што ќе озовможиме подобрени услови и услуги кон граѓаните од овој дел, бидејќи станува збор за село кое што е живо, со голема традиција и во близина на градот. Со овие активности ќе овозможиме и заштита на животната средина, а воедно и подобрени услови за развој на руралниот туризам, кој што и тоа како претставува атракција во денешницата, кога зборуваме за туризмот. Со овој проект продолжуваат градежните активности кои што досега ги изведуваше Општина Битола и со кои покажавме дека општината се грижи за сите месности и населби“, рече градоначалничката Наташа Петровска.КЈП „Нискоградба“ склучи договор со Општина Битола во вредност од околу 8.000.000 денари за изведба на фекалната канализација и колекторскиот систем.„Со изведбата ќе бидат прифатени сите фекални води од селото, а во иднина се предвидува, повторно во соработка со Општина Битола, да се изведи изградба на секундарна канализација за која проектот е изготвен“, посочи директорот на КЈП „Нискоградба“, Методи Сиљановски.фото: Општина Битола

Македонија | пред 5 години

Stefoska

Стефоска: Сите заедно можеме да одговориме на препораките и барањета од УНЕСКО, не амнестирам никого од одговорност

Со вонреден напор и под голем притисок кон комисиите, успеавме да ги селектираме најдобрите проекти за кои единствен критериум беше квалитетот, рече министерката за култура, Ирена Стефоска, на денешната прес-конференција за резултатите од годишниот конкурс за проекти од национален интерес од културата.На конкурсот биле пристигнати рекордни 6.352 проекти, а вкупниот буџет изнесувал 11 милиони евра.– Знам дека оваа прес-конференција најмногу ја очекуваат уметниците и културните работници. Сакам да нагласам дека буџетот ни е намален за 3 милиони евра од причини за недомаќинско работење во минатото. Значи, доделени се толку средства со колку што располагавме, односно 11 милиони евра и ние нема да го пречекориме овој буџет – рече Стефоска.Што се однесува на препораките на Унеско, министерката вели дека за да одговориме на препораките и барањата на центарот за заштита на свесткото култрно наследство од УНЕСКО, одговорноста мора да ја понесеме сите.„ Охрид и охриидскиот регион мора да стане национален стратешки приоритет, точка на обединување, и само така сите заедно можеме да одговориме на препораките и барањета од Центарот за светска заштита на УНЕСКО. Не амнестирам никого од одговорност, но за жал има институции кои не си ја завршуваат работата“ рече Стефоска.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Реформи за унапредување на средното стручно образование

Градоначалникот Петре Шилегов, министерката за образование и наука, Мила Царовска и швајцарската амбасадорка Сибил Сутер денеска одржаа консултативна средба со раководствата на скопските средни стручни училишта и со претставници на бизнис заедницата. На средбата што се одржа во Музејот на современа уметност се разговараше за потребата од реформи за унапредување на средното стручно образование.- Денеска почнуваме со процесот на реформи во средното образование со започнување дебати, дискусии и анализи околу процесот на таканареченото дуално образование. Во Градот Скопје имаме 23 средни училишта од кои што 15 продуцираат стручни кадри со посебни стручни знаења. Во овој процес, благодарејќи на Министерството за образование и наука и Владата, благодарејќи на Швајцарската амбасада и ангажманот на Град Скопје, правиме анализа на потребите на пазарот. Во тој процес ги вклучуваме и компаниите со цел децата кои го изучуваат средното образование преку дуалното образование да бидат доволно стручни и способни, според потребите на пазарот на трудот и според она што го бараат компаниите како дефицитарен кадар. Целта е тие деца утре да бидат конкурентни на пазарот, стручни и добро платени. Денеска го почнуваме овој процес и јас очекувам дека веќе од наредната училишна година ќе може да зборуваме дека децата учат според потребите на пазарот на трудот, за да обезбедиме поефикасни и подобри работни места за нив - рече градоначалникот Шилегов.Град Скопје преку 15-те училишта обезбеди целосна поддршка на МОН при спроведувањето на анализата со која се утврдува соодветноста на постојните образовни профили што ги нудат училиштата, како и потребата од нови профили кои им се потребни на компаниите, но не се вклучени во наставните програми. Во услови кога кадрите кои имаат завршено средно стручно образование стануваат дефицитарни, оваа реформа во средното стручно образование ќе овозможи средните училишта да произведуваат кадри кои ќе ги задоволат потребите за ваков стручен кадар.фото: Град Скопје

Македонија | пред 5 години

Siljanovska-Davkova-24.02

Силјановска Давкова: Ваков попис нема ниту во една европска држава, овој закон не е правна рамка за статистика, туку за политика

Можеби некому му изгледа невообичаено, некој кој се занимава со право цел живот, и кој повикува на процедури, да се потпише на ваков начин. Но, ќе објаснам, зошто се потпишав и што мислам за овој чин. Мислам дека тоа своевиден граѓански и политички протест против еден лош Закон, од Аристотел преку Монтескје до нас, значи граѓаните имаат право на протест. На граѓански протест, па ако сакате и на бунт. Зошто го правам тоа овде?Бидејќи секој ден слушаме па зошто не поднесете предлог на Закон, зошто не го оспорите Законот на Уставен суд итн, истакна пратеничката од ВМРО ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова.Силјановска Давкова објасна дека веќе се поднесени неколку закони, меѓутоа не дошле на дневен ред. Зошто? Заради хибридниот режим. Ние исто така сме поднеле неколку иницијативи пред Уставниот суд меѓутоа не дошле на дневен ред. Зошто? Заради хибридниот режим. Исто така ние знаеме дека 10.000 граѓани можат со потписи исто така да предложат закон, но тврдам дека во хибриден режим и во ова Собрание нема да дојде на дневен ред. Некој ќе праша што со референдумот, за жал во 2008 година со измена на Законот за референдум и други облици на непосредно изјаснување за т.н. закони што се носат со двојно мнозинство невозможен е референдумот.Што е заклучокот значи? Заклучокот е дека тогаш вие мора во еден хибриден режим соодветно да реагирате.Јас одговорно тврдам дека овој закон ако влезе во редовна процедура, иако во демократски манир опозицијата беше вклучена во процесот на одлучување бидејќи ние поднесовме речиси 50-тина амандмани, амандманите не беа за точки и запирки туку беа точно за одредби од регулативата и од директивите на кои се повикуваат. Ништо од нив, ниту еден не беше усвоен, зошто?Зошто преку ноќ ја трансформираа постапката во постапка под европско знаме, злоупотребено, скратена постапка и имаше само три дена. Да кажам би сакала навистина Европската комисија и унија да реагира како што реагираше за Законот за лични карти. Зошто?Силјаноска Давкова на денешната прес конференција додаде:Еве живо сум заинтересирана за пример на земја во која на попис наместо резидентното население она со постојано живеалиште значи вие и јас кои тука го поминуваме денот во домот и остануваме тука да спиеме токму таква е одредбата од регулативата, дали има таков пример некаде каде што се попишуваат оние кои што се надвор повеќе од 12 месеци.Замислете ваков попис во Ирска или во соседна Грција, или во соседна Бугарија, или во Италија колкав ќе биде бројот на жителите односно на вкупното население. Зошто е ова важно?За да заклучам дека овој закон не е правна рамка за статистика оти статистиката е потребна за утре да планираме здравство, образование, култура, социјална заштита, туку за политика.Или за трансформација за еден политичко, етнички ако сакате пазарен партиски договор во законот. Таквите закони се лоши закони. Уште една поента, еве нека ми каже некој дали има закон за попис било каде во регионот или во Европа во која т.н. најинформирано лице поим кој нема врска со правото може да ги даде сите податоци за отсутните па дури и да ја декларира нивната етничка припадност, иако во сите меѓународни и европски документи само лично може да ја изразите етничката и верската припадност.И завршувам. Нека ми покаже некој закон во кој заменик директорот на Заводот за статистика, инаку политичар, има право на вето на одлуките што ги носи директорот. Тоа не е политика во границите на правото. И затоа јас за да покажам дека граѓаните имаат право на пристојна нормална, досадна држава, држава во која владее правото, а не луѓето дојдов овде за да потсетам дека овој закон е лош закон и дека се уште има време да се размисли за некој нов закон.Заклучувам, згора уставна одредба е дека вие, јас, министрите пратениците, лидерите на партиите се должни да го чуваат сопствено здравје, ама и здравјето на другите. Јас имам дилема дали во ваква состојба кризна каде можеби 15-тина држави го одложија пописот далеку поорганизирани од нас, некој ми гарантира за моето здравје или дали јас можам да му гарантирам на оној кој ќе дојде кај мене дека ќе остане здрав, истакна Силјаноска Давкова. фото и видео: ВМРО ДПМНЕ

Македонија | пред 5 години

foto-2-1

Бочварски-Реџепи: Оваа година завршува изградбата на магистралниот гасовод во Скопје

Оваа година завршуваме со изградба на магистралните гасоводи од Скопје до Гостивар и од Неготино до Битола со што ќе се поврземе на преносниот систем на гас. Следат нови проекти за интерконекциско поврзување со Грција, Косово и Србија, истакнаа министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на Национални Енергетски Ресурси, Бајрам Реџепи.Тие, заедно со заменик министерот за транспорт и врски Беким Реџепи извршија увид во изградба на магистралниот гасовод Скопје-Тетово Гостивар.Оваа делница е инвестиција од 29 милиони евра, до сега изградени се околу 80 проценти од трасата или заварени се 53 километри цевки од вкупно 86 километри колку што изнесува вкупната должина на овој проект.Министерот Бочварски потенцираше за огромното значење на гасификацијата на држвата од апсект на заздравување на економијата, намалување на аерозагадувањето како и поевтин енергенс за граѓаните и компаниите.“Ги користиме сите технички и човечки ресурси за да може што поскоро да ги завршиме започнатите магистрални делници а воедно да отпочнеме и нови проекти за гасификација на цела територија на државата. Значењето на гасот е силно потенцирано и од граѓаните и од бизнис секторот и затоа ги охрабрувам, ние цврсто стоиме на нашите определби гасот да го доведеме до сите корисниици. Очекувам оваа делница да биде завршена годинава, имаме чист терен за работа а изградбата се одвива со добра динамика. Исто така и магистралниот гасовод од Неготино до Битола е во завршна фаза и тој ќе биде оперативн оваа година. Во однос на новите проекти, за оваа година планираме да отпочнеме постaпки за изгрaдба на делницата од Неготино до Гевгелија и да се поврземе со конкеторот со Грција, а веќе слeдната да отпочнеме со два нови магистрални делници од Велес до Свети Николе и од Гостивар до Кичево”, изјави Благој Бочварски, министер за транспорт и врски.Директорот на Национални Енергетски Ресурси, Бајрам Реџепи истакна дека со завршување на овој проект оваа година, цел Полошки регион и западниот дел од Скопје ќе имаат пристап до преносниот систем на гас.“Надминати се сите состојби со експропријација на земјиштето, најтешките предели се изградени, добрата вест е дека полесниот дел од трасата оваа година ќе се заврши вклучувајќи ги двете мерно регулациони станици и седумте блок станици. Со тоа ќе се овозможи пристап до преносниот систем на гас и заедно со диструбутивниот систем да се опслужуваат корисниците. Оваа година започнуваме и постапка за изградба на интеконекторот со Грција, исто така оваа година завршуваме со физибилити студија за поврзување со интеконекторот со Косово и очекувам наредната година да проектираме и конечно нашиот преносен систем да го користеме за да пренесеме гас до нашите северни соседи. Исто е и со конекторот со Србија, заеднички ќе аплицираме до Инвестицискиот фонд на Западен Балкан за физибилити студија и проектирање”, изјави директорот на Национални Енергетски Ресурси, Бајрам Реџепи.фото: Министерство за транспорт и врски

Македонија | пред 5 години

Penzioneri

Пензионерскиот синдикат бара да се врати начинот на усогласување на пензиите пред измените во декември 2018

Пензионерскиот синдикат на Македонија го изразува своето незадоволство од петтиот сет мерки за справување со последиците од Ковид 19 кризата.Сметаме дека со овој сет на антикризни мерки требаше да бидат опфатени сите пензионери, имајќи во предвид дека дел од пензионерите добија помош со претходната мерка. Очигледно е дека како старосна група пензионерите и постарите лица не се сметаат за група на која и е потребна помош а во суштина се група на граѓани кои се последни на списокот за да се подобри нивниот економско социјален статус во државата. Сметаме дека е направен пропуст и дека треба да се води сметка сите пензионери да бидат опфатени со сет антикризни мерки за помош.Во дел од соседните земји каде исто така се подготвуваа мерки за помош поради ковид пандемијата, пензионерите беа опфатени со сите мерки неколку пати додека пак кај нас пензионерите немаат пристап до мерките од државата што би значела помош пензионерите, велат од пензионерскиот синдикат.Тие додаваат дека оваа состојба на пензионерите не е од сега имајќи во предвид дека Пензионерскиот синдикат уште од своето формирање го осврна вниманието на потребата од минимални пензии и стави акцент на нискиот животен стандард на оваа група граѓани.Пензионерскиот синдикат бара да се врати начинот на усогласување на пензиите пред измените во декември 2018 година каде усогласувањето се вршеше согласно трошоците на живот (инфлацијата) и покачувањето на просечната нето плата исплатена во државата за претходните 6 месеци.Соодносот во 2018 година на просечната плата со просечната пензија изнесувал 60 % додека ако се види тој сооднос денес, тој изнесува 56% ( односно просечна пензија во износ од 15.449 денари) од што може да се заклучи дека пензиите стагнираат и покрај тоа што реалност е и инфлацијата и покачувањето на платите.За споредба ќе го наведеме следното:Просечна плата во ноември 2020 год изнесува 27.588 ден., а ако пресметаме 60% ( според законот до 2018 година) просечна пензија би изнесувала 16.553 денари.Исто така сакаме да истакнеме и дека одредени институции постапуваат своеволно и не го почитуваат Уставот и Европската конвенција за човекови права на Меѓународната организација на трудот и не дозволуваат регистрација на синдикатот. Синдикатот е формиран уште во 2018 година и сеуште го бара остварување на правото да биде регистриран како Пензионерски синдикат на Македонија како што е случајот со соседните земји каде одамна се формирани и функционираат синдикатите на пензионерите и постарите лица.Синдикатот поради ваквите моментални состојби е приморан да се обрати и до одредени меѓународни институции во чии земји функционираат пензионерски синдикати со цел да ја изнесеме состојбата и да кажеме дека во Македонија не можеме да си го оствариме правото кое ни е загарантирано со домашните и меѓународните законски прописи.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

24-02-2021-Kostadinov

Костадинов: Правдата е тука, пропадна мисијата на Мицкоски поради која Груевски и Мијалков го поставија во ВМРО ДПМНЕ

Правдата е тука, правдата е обезбедена, ќе ја има се повеќе и се почесто.  Јавноста вчера сведочеше на нов дебакл на Сашо Мијалков и неговиот потрчко Христијан Мицкоски. Мицкоски, кој претходно ги призна сите криминали на ВМРО-ДПМНЕ за кои се водат судски процеси, одново е поразен.  Потонати се сите негови обиди да го одбрани криминалот и криминалците во својата партија. Пропаднаа лажните обвинувања за „политички монтирани процеси“. Исто како што не успеа ниту со блокирањето на Законот за преземање на пресметите од СЈО, истакна Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ.Костадинов додаде:На секого му е јасно, Мицкоски во заложништво ја држи целата партија единствено за да ги заштити Груевски, Мијалков, Камчев, Милошоски, Димовски, Јанушев и сите други сегашни и бивши функционери на ВМРО-ДПМНЕ против кои се водат процеси пред надлежните судови.Падна во вода единствената мисија на Мицкоски, поради која и беше поставен од Мијалков и Груевски на чело на ВМРО-ДПМНЕ.Сега патот на правдата е чист, секој има да понесе одговорност!Почитувани,Институциите, Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев, презедоа силна, координирана акција со која се обезбеди правдата.Преку силен одговор на државата, бегалецот Сашо Мијалков, беше спречен да ја напушти државата и принуден да се педаде. Обезбеден е неговиот притвор.Правдата ќе ја има се почесто, а почести ќе бидат и вакви одговори на институциите кон сите кои се ставаат над законот и се обидуваат да си играат со владеењето на правото.Обезбедувањето на присуството на бегалецот Мијалков не значи и ослободување на одговорност на оние поради кои се случи тој да биде недостапен до органите.Очекуваме брза, ефикасна истрага која ќе ги лоцира пропустите кој довеле до можноста за бегство на Мијалков и секако санкции за одговорните за кои ќе се утврди дека сториле свесни и намерни пропусти.Дополнително, сите надлежни институции мора да имаат предвид дека навремено треба да се превенираат вакви обиди во иднина, имајќи предвид тежината на предметите за кои се водат судски постапки.Редот, правдата и дисциплината на сите нивоа се приоритетит.фото: СДСМ

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Битиќи и директорот Тунџев го промовираа новиот Национален Геопортал – Со само еден клик граѓаните и стопанството може да пристапат до огромен број на просторни податоци

Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи и директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, Борис Тунџев, денес, на прес конференција го промовираа новиот на Национален Геопортал на просторни податоци, којшто од неодамна е пуштен во функција.Вицепремиерот Битиќи, којшто е и претседател на Советот на Националната инфраструктура на просторни податоци посочи новиот Геопортал е дел од иницијативата на Владата на Република Северна Македонија за зголемување на транспарентноста на работата на јавниот сектор и достапноста до гео-просторните податоци до сите граѓани и стопанството.„Токму затоа се ставаат на располагање податоците од НИПП гео-порталот, да може да ги користат државните органи, стопанството и граѓаните. Со еден клик на НИПП гео-порталот може да се дојде до бараната информација, може да се видат катастарските парцели, хидрографската мрежа, патната мрежа, начинот на искористување на земјиштето, зградите, географските имиња, висинскиот модел на теренот, ортофото картата, како и други податоци“, рече Битиќи.Вицепремиерот додаде дека во текот на пандемијата, НИПП Геопорталот на многу корисници им овозможува „on-line“ пристап до гео-просторните податоци од нивните домови.„Дигитализацијата е иднината на светот, а со воспоставување на овој нов геопортал, со само еден клик, им овозможуваме на граѓаните, бизнисите, на државните институции, да пристапат до мноштво гео просторни податоци, со што значително се олеснува и забрзува секој процес“, нагласи вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.Директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, кои се носители на работата на Националната инфраструктура на просторни податоци, подвлече дека новиот Национален Геопортал овозможува брз, автоматизиран и непречен пристап до просторните податоци, како и нивна интероперабилна размена.„При креирањето на финалното софтверско решение за НИПП гео-порталот се земени во предвид неколку аспекти како што се производите, корисниците, административните аспекти, бизнис аспектите, стратешките цели, но и одредени визии и концепти за тоа како системот во иднина треба да функционира. Од системски аспект НИПП гео-порталот ги интегрираа просторните податоци од сите државни институции во едно централизирано место од каде истите се достапни за користење до сите корисници во и вон Република Северна Македонија. НИПП порталот е веб-базирано решение на кое се објавени просторните податоци и услуги. Податоците и услугите на порталот можат да се пронајдат, да се прегледаат и да се преземат од страна на корисниците“, кажа директорот Тунџев.Националниот Геопортал содржи повеќе компоненти: апликација за пребарување, каталог на метаподатоци со алатка за креирање на метаподатоци, апликација за прегледување на мапи односно ГИС прегледник, регистри, административен модул и основен модул за е-комерцијални услуги.Во моментов на Националниот Геопортал се објавени 161 мета податоци и 79 веб сервиси кои се однесуваат на 82 видови на просторни податоци објавени од страна на 5 институции (АКН, МЗШВС, ЦУК, УЗКН и АПП), што покажува дека гео-порталот е во напредна фаза, но сеуште има потреба од негово континуирано надополнување со нови податоци.Промоцијата на новиот Национален Геопортал се случува во денот на Националната инфраструктура на просторни податоци, а по тој повод се одржува и втората конференција на НИПП, преку видео конференциска врска, на која свое воведно обраќање имаа вицепремиерот Битиќи и директорот Тунџев.фото: ЗПВРСМ за економски прашања

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Петров: Градиме партнерства и ја јакнеме соработката помеѓу корпоративниот сектор и стартапите

Фондот за иновации и технолошки развој воведува Програма за корпоративна иновативност која ќе овозможи воспоставување на партнерства и јакнење на соработката помеѓу корпоративниот сектор и стартапите, новооснованите трговски друштва.Програмата за корпоративна иновативност која ФИТР ја воведува за прв пат има за цел поттикнување на иновативните проекти и нивна соодветна примена, размена на искуства и знаења, унапредување на бизнисот, раст и развој на двете страни.Програмата предвидува доделување на финансиски средства и/или техничка поддршка на новоосновани трговски друштва (стартапи) што ќе овозможи подобрување на реализацијата и пласманот на нивните производи и услуги преку соработка со претпријатија кои имаат значајно присуство и влијание на пазарот.Од друга страна, на корпоративниот сектор оваа програма му овозможува да добие директен пристап до иновативни решенија за унапредување на работните процеси, подобар пласман на производите и услугите и освојување на нови пазари. Воедно, на овој начин корпоративниот сектор ќе даде значаен придонес во развојот на стартап екосистемот и иновативната економија, притоа обезбедувајќи си општествено одговорно позиционирање.„ Целта на оваа програма е да ги мотивираме големите корпорации и брендови, во партнерство со Фондот, активно да се вклучат во развојот и трансформацијата на македонскиот стартап еко систем. Фактот што досега само од Фондот се поддржани над 300 стартап компании, покажува дека македонскиот стартап екосистем брзо се развива и партнерствата со веќе докажани корпорации и брендови, уште повеќе ќе го забрза процесот на трансформација и ќе им овозможи на македонските стартапи да бидат покомпетитивни и на национално но и на глобално ниво.“ – изјави Коста Петров, директор на ФИТР и додаде дека институцијата, преку повеќе иницијативи интензивно работи и на позиционирање на Република Северна Македонија како регионален стартап хаб.Претставниците од корпоративниот сектор, односно трговските друштва, веќе од денес и во текот на целата година можат да аплицираат за Програмата за копрпоративна иновативност со доставување на пополнет образец со основни податоци за компанијата, област на делување и краток предлог-концепт за партнерство или соработка со Фондот. Во зависност од целите, соработката ќе се реализира преку различни модели, како: организирање на еднократни настани (предизвици, хакатони), споделување на ресурси (бесплатни алатки, простор за работа), поддршка за развој на бизнисот (инкубатори, акселератори) и сл. ФИТР ќе формира Комисија за разгледување на доставените предлог-концепти, додека одобрувањето ќе се врши врз основа на точно дефинирани критериуми.фото: Фонд за иновации и технолошки развој

Македонија | пред 5 години

IMG_4152

(ВИДЕО) Претреси во Скопје и во Кочани, приведени три лица, запленети над 6 кг дрога

Вчера од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција - Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во заедничка координирана акција со Одделот за сузбивање на организирани сериозен криминал, СВР Штип и ОВР Кочани биле лишени од слобода Д.Б.(41) од с.Другово, кичевско, Г.П.(31) од Скопје и А.А.(31) од Кочани, поради основано сомнение за нивна инволвираност во неовластено производство и продажба на дрога, при што се запленети над 6 килограми марихуана.Имено, во почетокот на февруари 2021, во координација со Јавен обвинител од ОЈО Кочани е спроведена истрага поради сомнение дека во фабрика за производство на канабис за медицински цели во с.Уларци, кочанско се одгледува наркотична дрога марихуана со цел да биде продавана на илегалниот пазар, при што беа обезбедени материјални докази дека три лица вработени во правниот субјект се инволвирани во неовластено производство и продажба на марихуана.На 23.02.2021 година во координирана акција во Кочани и во трговски центар во Скопје Д.Б. бил затекнат при продажба на шесте килограми дрога и бил лишен од слобода. По претходно обезбедена наредба од Судија на претходна постапка од Основен суд Кочани, во присуство на Јавен обвинител од ОЈО Кочани и претставници од Комисија за оценување на исполнетост на условите по однос на простор, опрема и кадар за одгледување на канабис за медицински цели при Министерство за здравство, извршен е претрес во правниот субјект во с.Уларци, кочанско, при што се лишени од слобода и Г.П. и А.А.Во текот на истрагата било утврдено дека Д.Б. заедно со Г.П. во периодот од ноември 2020 до февруари 2021 преземале низа дејствија со цел неовластено производство на марихуана во објектот, со намера неовластено ја продадат и да се стекнат со противправна имотна корист, додека А.А., вработен како обезбедување во објектот, помогнал во извршување на кривичното дело на начин што преземал дејствија спротивни на законските норми за обезбедување на објекти за производство на марихуана за медицински цели согласно Законот за контрола на опојни дроги.Од страна на СВР Штип-ОВР Кочани, поради постоење основи на сомневање дека Д.Б. и Г.П. го сториле кривичното дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”, предвидено и казниво по член 215 ст.1 од Кривичниот законик, а А.А. го сторил кривичното дело „помагање“, предвидено и казниво по чл.24, вв чл.215 од Кривичниот законик ќе бидат поднесен кривични пријави до ОЈО Кочани.фото и видео: МВР

Македонија | пред 5 години

oliver

Спасовски: Никој не преговара за ништо со Мијалков

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во гостувањето на Утрински брифинг изјави дека се води истрага во Јавното обвинителство и назначен е јавен обвинител. До вчера, МВР работело со ОЈО во Скопје, со дежурните обвинители во однос на повикување на информативни разговори на лицата кои би можеле да бидат помагатели во бегството, дали се тоа членови на неговото семејство или неговото опкружување, односно обезбедувањето. Важно беше, истакна Спасовски, да се одземат сите телефони и други електронски уреди и документи кои ќе можат да бидат дел од истрагата при претресот на неговата резиденција.Министерот нагласи дека никој не преговара за ништо со Мијалков, ниту пак преговарал со него за тој да се предаде.„Прво, ако Заев или кој било друг од СДСМ сакал да се пазари за што било со Мијалков, Груевски, со таа криминална структура во државата…ние тоа ќе го правевме во моментите кога започнавме една сериозна битка со нив, во однос на објавувањето на прислушуваните разговори. Но, ние во ниту еден момент не сакавме да преговараме, бидејќи сметавме дека се направени сериозен криминал и злодело за кои треба да се одговара. Ние можевме да преговараме и да видиме што ќе се случува и за 27 април, но ние не влеговме во никакви преговори. Одлучивме дека мора да се испочитува волјата на мнозинството во Собранието, дури и по цена на сопствените животи“, рече Спасовски.Во моментот Сашо Мијалков е на издржување на мерката домашен притвор во неговиот дом. Мијалков е обвинет за незаконското прислушување на илјадници граѓани во случајот „Таргет-Тврдина“, за кој пресудата треба да биде соопштена в петок.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

boki-1

Судењето за „Меѓународен сојуз“ одложено за 3 март

Судењето за незаконското финансирање на невладината организација „Меѓународен сојуз” се одложува за 3 март.Одложувањето е на барање на надлежен јавен обвинител, заради присуство на друга главна расправа.„Поради интерес на медиумите кои ја следата главната расправа за предметот со КОК бр. 49/20, во јавноста познат како ‘Меѓународен сојуз’, ја информираме јавноста дека по барање на надлежниот јавен обвинител, заради присуство на друга главна расправа, судењето се одлага, за што веќе се известени странките во постапката. Следниот термин за продолжување на главната расправа е на 3.3.2021 година“, се вели во соопштението од Основен кривичен суд Скопје.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Sednica-na-Sovet-2

Град Скопје – родово еднаков град

На последната седница Советот на Град Скопје ја разгледа и усвои стратегијата за родова еднаквост на Град Скопје 2021 – 2025.Станува збор за стратешки документ кој се донесе со цел унапредување на еднаквите можности на жените и мажите во севкупното општествено живеење во градот. Град Скопје е една од првите единици на локална самоуправа која беше вклучена во програмата за родово одговорно буџетирање на телото на Обединетите Нации за родова еднаквост и зајакнување на жените – UN Women, а со ваквата стратегија се потврдува како лидер и пример за општините во промоција и унапредување на родовата рамноправност.Како основа во изработка на оваа стратегија се земени двата меѓународни документи кои се однесуваат на локалната самоуправа и родовата еднаквост: „Светската декларација на жени во локалната власт“ и „Европската повелба за еднаквоста на мажите и жените во локалниот живот“. Стратегијата за родова еднаквост на Град Скопје ги има превид и преостанатите стратешки документи на национално и на локално ниво. Истата е направена врз основ на анализа на реалните податоци и дава преглед на основите индикатори на Град Скопје во различни области, со посебен акцент на прашањата во кои најмногу можат да се детектираат родовата нееднаквост и нерамноправност во односот помеѓу мажите и жените како што се неплатениот труд, јавната безбедност и насилството, пазарот на труд и вработување, здравство, образованието и друго.Со Стратегијата за родова еднаквост, Град Скопје ги промовира еднаквоста, недискриминацијата, партиципативноста, еднаквите можности за сите, одржливоста, толеранцијата, лидерството, транспарентноста и отчетноста.Акцискиот план за родова еднаквост (2021-2025), кој е дел од оваа стратегија, предвидува преземање краткорочни и среднорочни активности од повеќе области планирани за период од четири години, а имплементирани преку годишните оперативни програми. Предвидено е да се примени родов пристап при планирање и доставување на сите јавни услуги од областите на: урбанизмот, социјалната здравствена и детска заштита, културата, спортот, сообраќајот, животната средина, комуналните дејности, локалниот економски развој, образованието, како и во работата на јавните претпријатија и културните установи на Град Скопје.Планирани се многубројни конкретни активности како: обезбедување услуги на нега во домашни услови, дневна нега и грижа за стари и изнемоштени, болни лица и лица со посебни потреби, зголемување на опфатот на девојчиња во средното образование со посебен акцент на Ромки, зголемување на бројот на девојки во техничките науки, намалување на сегрегацијата на работните места, зголемување на бројот на бизнис жени, промоција на женски автори, зајакнување на женски културни дејци, инвестиција во јавна инфраструктура за развој на спорт според преференции на жените, достапност на јавен транспорт и транспортни линии.Активностите ќе бидат финансирани од буџетот на Град Скопје.Оваа стратегија е сеопфатен документ на Град Скопје, како креатор на еднакви можности за жените и мажите, и ја изразува севкупната политика и плановите на Градот за унапредување на родовиот аспект во сите области на живеење и работење со цел подобрување на целокупниот квалитет на живеење на жените и мажите.фото: Архива

Скопје | пред 5 години

Нема фотографија

(ФОТО) Спомен обележјето на Горан Стефановски го започнува своето патување за Скопје

Во чест на починатиот писател, режисер, сценарист, драматург и еден од најзначајните ликови во македонската култура, Горан Стефановски, Општина Центар заедно со семејството на Стефановски во неговото Дебар Маало наскоро ќе постават спомен-обележје.Симболичната клупа-споменик, е излеана, се наоѓа во Лондон, Велика Британија и ќе биде поставена во паркчето кое се наоѓа спроти бараките на општината, веднаш до чинарот, кој на роденденот на Стефановски – 27-ми април, беше засаден во знак на сеќавање на доајенот на македонската литература.„Клупата на Горан Стефановски; малото, но сепак големо спомен обележје на македонскиот литературен лауреат, го започнува патешествието од Лондон до Скопје. Во наредниот период очекуваме да пристигне тука и заедно со семејството, пријателите, но и со сите почитувачи на ликот и делото на Стефановски, да ја поставиме во неговото Дебар Маало“, изјави градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ.Покрај поставувањето на споменикот, Општина Центар секоја година во Дебар Маало со пригоден настан го одбележува и роденденот на Горан Стефановски, како дел од општинската Програма за култура, со исклучок на минатата година, кога целиот свет се соочуваше со пандемијата на коронавирусот.Активно е и Здружението на граѓани за зачувување и промоција на културното наследство на Горан Стефановски, чија цел е неговиот опус во секое време да биде достапен на граѓаните за подобро запознавање со неговите дела и промоција на сето она што значеше Горан за македонската културна сцена.Роден во Битола, на 27-ми април 1952-ра година, Стефановски останува еден од најпознатите и признати македонски академици, писатели, професори и драматурзи. Автор е на многу текстови и драми, меѓу кои и “Јане Задрогаз“, “Диво месо“, “Лет во место“, “Хај-Фај“, “Дупло дно“, “Тетовирани души“, “Црна дупка“, “Демонот од Дебар Маало“ и на детската ТВ-серија, “Бушава азбука“.фото:  Општина Центар

Скопје | пред 5 години

Retka-Pesna-1

(ВИДЕО) Најмладите со „Ретка песна“ за поддршка на РЕТКИТЕ

Февруари месецот на ретките болести ги одбројува своите последни денови од националната кампања „Ги запознаваме ретките болсти 2021“ исполнет со многу позитивна енергија пренесена од страна на граѓаните, институциите...Цел Охрид блеска во боите на ретките болести со илуминацијата на значајните историски споменици и објекти чии фотографии го обиколија светот. Кога поддршката доаѓа од најмалите, најчистите и најискрените души тогаш позитивата која се пренесува насекаде е најтопла. Децата членови на ФА „Бисери“ и хорчето „Весели бисерчиња“, дуото Black Moon (Мила Тренеска и Билјана Буџоска), под раководство на уметничкиот раководител Татјана Узуноска Тренеска ја снимија песната „Ретка песна“, чиј автор, музика и текст е на Тренеска.- Секогаш се трудиме да сме дел од хуманитарни настани, со цел децата покрај игра и песна да ги запознаат правите вредности во животот, почит, сочувство, еднаквост меѓу луѓето. Спонтано, инспирирана од кампањата за ретки болести се роди песничката. Веќе четврта година вредно работиме во одржување и изучувањето на традицијата. Учевствуваме на концерти, фестивали, турнеи, во Македонија и надвор, како амбасадори на нашата традиција и култура. Но, кога се работи за хуманост и подигнување на човечката свест, посебно ме исполнува и инспирира. Покрај учевство на концерти, фестивали, турнеи, секогаш се вклучуваме во хуманитарни настани, како учесници, а често и како организатори, што ми претставува посебна гордост. Веќе четврта година сме вклучени во кампањата за ретки болести, а оваа година спонтано, со посебна инспирација, се роди песна, која ги израдува дечињата членови на хорчето „Весели бисерчиња“, оркестарот и пејачката група. Се почувствувавме среќни и горди, што и ние ќе дадеме еден мал придонес за децата со ретки болести. Аранжманот за „Ретка песна“ е на Јовица Карали, а во оваа прилика би ги поздравила луѓето кои на било каков начин ме поддржаа во остварување на овој проект. Тоа се пред се' родителите на децата, членови на ФА „Бисери“ и хорчето „Весели бисерчиња“, Мила Тренеска и Биљана Буџоска од дуото Black Moon, Гордана Лолеска, жената борец и носител на оваа кампања, Ка 2 Продукција, Јовица Карали, Ин Тв, Ване Петкоски и други, вели Тренеска.На почетокот на месец февруари беше одбележан стартот на кампањата „Ги запознаваме ретките болести“, која оваа година ја бележи третата сезона. Со нови 28 ретки дијагнози во аудио, видео и текстуална форма, во месецот со најмалку дена во годината, во месецот кој пациентите со ретки болести го викаат „свој“, месецот кој е редок по своите ретки 28 дена, и оваа година се запознава јавноста со ретките болести.

Македонија | пред 5 години

paridenari1

Oд утре почнува исплатата на пензиите

Oд утре почнува етапната исплата на февруарските пензии. Министерството за труд и социјална политика информира дека пензиите ќе бидат исплатени предвреме и етапно, со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот.Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата:-За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 25.2.2021 година (четврток);-За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 26.2.2021 година (петок);-За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 1.3.2021 година (понеделник); и-За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 2.3.2021 година (вторник).Пензионерите кои користат платежна картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите можат да располагаат од 25 февруари (четврток). Тие можат да ја подигнат пензијата на банкомат, да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа или за електронски плаќања.Етапното процесирање на пензиите ќе овозможи спроведување на препораките и мерките за спречување и ширење на вирусот, со оглед на тоа што пензионерите како возрасна група се најранливи.Министерството за труд и социјална политика укажува дека пензиите се сигурни на сметките на корисниците, пензискиот систем е стабилен и функционира без проблеми.Апелираат до пензионерите да се придржуваат до распоредот за исплати, затоа што етапната исплата е направена со цел да се намали метежот пред банките и можностите за загрозување на личното и јавното здравје.Задолжително е носење лична заштитна опрема којашто ги покрива пределот на носот и устата, како и држење растојание при чекање ред пред и внатре во банките. фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања