Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

23022021_PVRSM_UNDP_1

Заев: Потенцијалите од Акцелераторската лабораторија на УНДП во земјата ќе учествуваат во економското рестартирање на развојните двигатели по пост-ковид периодот

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, заедно со постојаната претставничка на УНДП во Северна Македонија Нарине Сахакјан, денеска свечено го означи почетокот на работата на првата Акцелераторска лабораторија на УНДП во земјата.Акцелераторската лабораторија, која канцеларијата на УНДП ја основа во земјава кон крајот на 2020 година, има за цел да ја приклучи и Северна Македонија во најбрзата и најголемата светска мрежа за учење за предизвиците и за остварување на Милениумските цели за одржлив развој на Обединетите нации.Новата Акцелераторската лабораторија ќе отвори можности за партнерства на иновативни развојни проекти и за учење од најуспешните развојни практики ширум светот, рече премиерот Заев во своето обраќање пред многубројната интернационална публика.„Како премиер сакам да потенцирам дека ова е исклучителна можност за целата бизнис заедница, за сите микро и макро чинители да ги искористат потенцијалите и искуствата од Акцелераторската лабораторија на УНДП за трансформативна промена. Истовремено ги повикувам заедно да работиме на дизајнирање на стратешки документи од лабораторијата кои потоа сите засегнати страни ќе ги преточат во јасна и децидна имплементација за економско рестартирање на економските двигатели по пост-ковид периодот и за остварување на 17-те меѓусебно поврзани и амбициозни цели за развој од Агендата 2030“, истакна премиерот Заев.Владата на Република Северна Македонија и нејзините институции, додаде тој, се сериозно посветени на меѓународниот дијалог и на користење на домашни, но и странски експерти во градењето на сите 5 економски пакети преку кои креативно го стимулираме економскиот потенцијал и притискаме за дополнителен креативен инпут во надминувањето на последиците од пандемијата со КОВИД-19.Премиерот Зоран Заев пред почетокот на состанокот имаше и билатерална средба преку интернет конференциска врска со Администраторот на УНДП во Вашингтон, САД - Ахим Штајнер на кој се разговараше за политиките на Владата за развивањето на Националната развојна стратегија за следните 20 години преку своите институции како што е Фондот за иновации и технолошки развој, којашто е сериозно посветена на овие цели, како и на креирање на инвестициски фонд со кој сериозно ќе се подобрат моделите на финансирање на микро и старт-ап бизнисите.фото: Влада

Македонија | пред 5 години

zaev-mijalkov-960x580-1

Заев: Мијалков е во Обвинителството и обезбеден е неговиот домашен притвор!

После преземената акција објавувам конкретен резултат од кој имаме значаен успех:Се пријави Сашо Мијалков во Обвинителството за организиран криминал и обезбеден е неговиот домашен притвор!Институциите ги презедоа сите редовни и вонредни мерки во врска со бегството на Сашо Мијалков. Координацијата помеѓу сите институции со сите активности што се презедоа во последниве 40 часа дадоа резултат. Правдата е обезбедена, ќе ја има и повеќе и почесто!Следува и моја изјава за медиумите за што јавноста дополнително ќе биде информирана, напиша на својот ФБ профил премиерот Зоран Заев.

Македонија | пред 5 години

mile-janakieski

Нови 30 дена домашен притвор за Јанакиески

Миле Јанакиески доби нови 30 дена домашен притвор за случајот „ТНТ“. Случајот „ТНТ” се однесува за уривањето на комплексот „Космос” на инвеститорот Фијат Цановски.За делото се обвинети повеќе лица, меѓу кои и поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и тогашниот градоначалник на Општина Гази Баба Тони Трајковски, додека во отсуство му се суди на екс премиерот Никола Груевски.Извор/фото:Агенции

Македонија | пред 5 години

mijalkov-2

Се појави Сашо Мијалков, бил изолиран поради висока температура

Сашо Мијалков е во Македонија. Се извини на целата македонска јавност затоа што сите го барале, а тој бил изолиран заради висока температура.Тој замина во Обвинителството за организиран криминал, да го земе решението и ќе замине во домашен притвор.Мијалков го пречека екипа на „24 Вести“ за која даде изјава.– Јас кога ќе дадам збор, не го погазувам. Еден ден бев во изолација и гледајте што се случи – вели Мијалков за телевизијата.

Актуелно | пред 5 години

mijalkov

Спасовски: Според сите наши анализи, сметаме дека Мијалков сè уште е во државава

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, на денешната прес конференција на која посочи детали од истрагата за бегството на Сашо Мијалков истакна дека според досегашните анализи на МВР, Мијалков сè уште не е излезен од Македонија.„Според сите наши анализи, сметаме дека сè уште е во државата и дека не ја напуштил Република Северна Македонија. Тоа е согласно сите анализи и проценки, ако знаеме каде е ќе беше во притвор. Анализите и проценките се врз основа на потражните дејствија. Наша увереност е дека е во државата и се работи на негово пронаоѓање“, рече министерот Спасовски.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

23-02-2021-Kostadinov

СДСМ: Мицкоски е дете на Груевски и Мијалков, тие го поставија за да ги брани нивните криминали, одговорност ќе има

Граѓаните бараат правда и правдата мора да се обезбеди.  Очекуваме надлежните институции да го пронајдат Сашо Мијалков и да постапат по судската наредба. Одговорност за бегството мора да има и секако ќе има. Ама тоа нема никаква врска со детето на Мијалков и Груевски, Христијан Мицкоски. Многу нечисто, нечесно, па дури и перверзно изгледа кога од устата на Христијан Мицкоски излегуваат зборовите „правда“, „правна држава“ „одговорност“. Тоа е истиот Мицкоски кој три години со сите сили правеше се да ја попречи правдата, истакна на денешната прес конференција Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ.Костадинов додаде:Да, тој е истиот Мицкоски кој работеше против носењето на Законот за јавно обвинителство, човек кој предметите на Специјалното јавно обвинителство ги квалификуваше како „политички прогон“.А токму во тие предмети се обвинети Сашо Мијалков и Никола Груевски, но и Орце Камчев. Предмети има и за Антонијо Милошоски ама и за Игор Јанушев....Така ги бранеше сите овие лично Мицкоски. За овие арамии може да зборува Мицкоски да.Тоа е Христијан, детето на Мијалков и Груевски. Токму тие го поставија на чело на ВМРО-ДПМНЕ и затоа повеќе од три години Мицкоски работи во нивна заштита, против правдата и законите.ВМРО ДПМНЕ е симбол за криминал и корупција а Мицкоски е единствен на браникот на криминалот на режимот. Од тоа бегање нема.Јавноста слушна и негово признание како правел се за да падне случајот „Империја“ и други предмети на СЈО, призна како земал пари од Орце Камчев.Сашо Мијалков, олицетворение на криминалиот режим на ВМРО-ДПМНЕ побегна од правдата.Тоа покажува дека единствени со кои имал дилови и релации не е СДСМ туку белиот дворец.Единствена коалиција на криминалот е онаа на Мицкоски и Груевски, сосе Мијалков, Камчев, Гордана Јанкуловска.Одговорност за бегството на Мијалков мора да има ама одговорност мора да има и за сите бивши и сегашни функционери од белиот дворец и ВМРО-ДПМНЕ против кои се водат процеси пред судовите.фото и видео: СДСМ

Македонија | пред 5 години

avtobus

Општинските и меѓуопштинските превозници ќе го зголемат капацитетот на патници од 50% на 75%

На оваа седница на Владата е прифатена и согласноста на Комисијата за заразни болести на барањето на група општински и меѓуопштински превозници за зголемување на дозволениот број патници од 50% на 75% од вкупниот капацитет во превозните средства утврдени со закон за оваа намена.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

23022021_VRSM_sednica

Влада: Одобрена согласност за грант од Инвестицискиот фонд за Западен Балкан за делницата на пругата од Крива Паланка до границата со Бугарија

На денешната 47-ма седница на Владата на Република Северна Македонија е разгледана Информацијата за доделување на грант преку 25-ти повик за техничка помош и за 6-от повик за инвестициски грант за изградба на делницата Крива Паланка - граница со Република Бугарија како дел од коридорот VIII, со укажување со ЈП за железничка инфраструктура ,,Железници на Република Северна Македонија“- Скопје, да ја достави апликацијата за овој грант до Инвестицискиот фонд за Западен Балкан (WBIF).Со овој грант значително ќе се забрза процесот на довршување на железничката пруга помеѓу Северна Македонија и Бугарија, како дел од обврските на нашата земја во развојот на Паневропскиот коридор 8, а со добивање на инвестицискиот грант ќе се дополни финансиската конструкција за изградба на делницата Крива Паланка – граница со Бугарија, со што ќе се намали задолженоста на Република Северна Македонија.На предлог на Министерството за труд и социјална политика Владата денеска ја разгледа и усвои Информацијата за проектот „Зајакнување на националните и локалните системи за поддршка на ефективната социоекономска интеграција на Ромите повратници од Западен Балкан“, и ги задолжи Министерството за труд и социјална политика и Канцеларијата на Претседателот на Владата да ги координираат активностите за имплементацијата на проектот.Проектот има за цел да ги унапреди капацитетите на западнобалканските земји на централно и локално ниво за спроведување сеопфатни модели за реинтеграција на повратниците со поопширна агенда за социјална инклузија со унапредување на социоекономската благосостојба и разрешување на изворните причини и негативните фактори за миграција на Ромите и ранливите популации.Буџетот на проектот е 4,6 милиони евра и ќе се имплементира регионално во 3 држави, Република Северна Македонија, Република Србија и Република Албанија. Финансиран од Европската комисија и УНДП.фото: Влада

Македонија | пред 5 години

oliver

Спасовски ги отфрли сите шпекулации за било какви договори и со било кого, за бегството на Мијалков

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски предмалку на прес конференција изнесе детали за исчезнувањето на Сашо Мијалков. Спасовски ги отфрли шпекулации за какви било договори за бегството на Сашо Мијалков.„МВР ги презеде сите расположиви мерки за обезбедувањето на лицето и активно работи на пронаоѓање на бегалецот и негово приведување пред правдата“ , информираше министерот Спасовски.Министерот посочи дека во тек се информативни разговори со лица кои е можно да поседуваат информации или се поврзани со бегството на Сашо Мијалков. Напомена дека во текот на вчерашниот ден извршени се информативни разговори со 10 лица, меѓу кои се членови на семејството и обезбедувањето, а денеска дополнително се повикуваат други лица. Одземени се телефони, документација и други предмети кои можат да послужат во врска со случајот. Обезбедени се снимачи од згради и објекти, а проверувани се и камерите од „Безбеден град“ со цел добивање на дополнителни информации, појасни министерот.„МВР ќе продолжи со сите расположливи средства да трага по бегалецот. Сите надлежни институции, согласно своите надлежности, имаме таква обврска да го лоцираме и да постапиме по судска наредба“, рече Спасовски.Запрашан за неговата одговорност во бегството на Мијалков, Спасовски вели:„Оставката нема да ги реши сама по себе проблемите па чија сака нека е. На тој начин само ќе овозможиме дека ќе дојде до триумф на криминалците наспроти институциите на системот“, рече Спасовски.фото: PRTSC

Македонија | пред 5 години

ohrid-1

Соопштение до јавноста за веб порталот Ohrid1.com

Почитувани граѓани, политички партии, институции и медиуми.Onemedia.mk ја информира јавноста дека денес во СВР Охрид е пријавен фејсбук профил кој го користел името „Ohrid Eden“, кој го користел логото на нашиот портал Ohrid1.com и кој постирал идентични постови како тие на официјалната ФБ страна на Ohrid1.com Линкот до лажниот профил е следниот: https://www.facebook.com/ohrid.macedonia.58Според тоа што до сега се знае, профилот е креиран на крајот од март 2020 година. При креирањето е користен телефонски број и за профилната фотографија употребено е логото на порталот, додека во насловната фотографија употребена е иста фотографија како таа што стоела на официјалната ФБ страна во март 2020 година.Ве информираме дека овој профил е лажен, не е дел од нашата редакција и доколку некогаш во изминатата една година сте комуницирале со овој профил некој свесно ве довел во заблуда.Затоа Вае молиме, сите кои сами сте се обратиле на овој профил, или некој од овој профил ви се обратил Вам да не информирате за комуникацијата со лажниот профил на нашата официјална ФБ страна : https://www.facebook.com/ohrid1 Доколку во минатата една година некој доживеал некакви непријатности од овој профил кој го злоупотребил брендот и логото на „Охрид1“ изразуваме жалење за тоа.Со почит Ваша OneMedia.mk ( Ohrid1.com, News1.mk, Skopje1.mk, Lifestyle.mk и News1.al )

Македонија | пред 5 години

kanabis-medicina

Поведена постапка за браќа кај кои е пронајдена дрога

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка за две лица, браќа на возраст од 33 и 29 години, за кои постои основано сомнение дека го сториле кривичното дело –Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.При извршен претрес од овластени службени лица на 20.2.2021 година, во домовите на двајцата осомничени во село Граешница пронајдена е наркотична дрога. Осомничените, од засега непознати лица, неовластено ја набавиле дрогата со намера да ја продадат. Кај едниот од нив, наркотичната дрога марихуана во вкупна нето маса од 1843,6 грама била пронајдена во помошна просторија која е во состав на неговото дворно место. При претресот биле пронајдени и 566 семки со нето маса од 6,92 грама, за кои осомничениот знаел дека се наменети за производтсво на наркотични дроги.Во помошна просторија која се наоѓа во дворното место на вториот осомничен, службените лица при вршење на претресот пронашле гранки, листови и врхушки од растението Канабис Сатива, од кое со понатамошна преработка може да се добијат опојни дроги.Во насока на непречено одвивање на кривичната постапка, јавниот обвинител до надлежниот суд достави предлог за определување на мерка притвор за двајцата осомничени.​ Основиот суд Битола го прифати предлогот на обвинителството и на осомничените им определи протвор во траење од по 30 дена.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Шест лица од четири држави биле затекнати на скопскиот аеродром со фалсификувани ПЦР-тестови

Шест лица од четири држави вчера биле затекнати на скопскиот аеродром, приложувајќи фалсификувани ПЦР-тестови.Во првиот случај, приведени се Р.Б.(36) и Л.Б.(34), двајцата од Боговиње, Тетовско.Со лажен ПЦР-тест вчера се обидела да ја премине границата и 21-годишнна девојка од Казахстан, како и двајца косовски државјани.Фалсификуван тест на аеродромот доставил и 50-годишник од Турција.Сите тие се приведени и задржани во полициска станица за понатамошна постапка, соопшти полицијата.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

mickoski

Мицкоски до сите партии во парламентот: Зачувајте ја вашата чест, изгласајте недоверба на оваа влада

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната прес конференција упати апел до сите партии во парламентот да ја зачуваат свеста и да изгласаат недоверба на Владата.„Ова не е игра на 100 метри. Ова е игра која веќе станува хорор, а тој хорор мора да го поразиме. Ќе го поразиме ако смислиме неколку чекори однапред и ќе дојдеме до конечната цел. Затоа бидете трпеливи и тоа ќе се случи. Затоа ги повикувам уште еднаш сите членови во парламентот, сочувајте ја вашата чест и честитост, изгласајте недоверба на оваа влада, ова е моментот да застанете рамо до рамо со граѓаните. Граѓаните тоа го очекуваат. Оваа влада нема веќе никаква поддршка од граѓаните“, рече Мицкоски.Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ кажа дека министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски треба веднаш да поднесе оставка, и оти истото треба да го направи и премиерот Зоран Заев.„Но, за жал ниту едниот, ниту другиот не го направија тоа, видовме дека интересиме им се исти како и интересите на граѓаните, а тоа се правда, безусловна правда, а не организиран криминал и организирана мафија која што владее со државата“, рече Мицкоски.Според Мицкоски, по вакво однесување на власта кажа дека интерпелацијата е логичен чекор. фото: Архива

Македонија | пред 5 години

mijalkov

УЈП ги блокираше сметките на Мијалков

Телевизијата „24“ во вчерашната информација за тоа со каков имот располага поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, кој избега пред пресудата за случајот „Таргет Тврдина“, меѓу другото информира дека Управата за јавни приходи ја блокирала сметката на Бест Веј Инвестмент.Компанијата ја поседува постариот син на поранешниот разузнавач, а истата води кон други пет фирми, кои пак влечат нов бран на сопствеништво на нова група фирми од различни дејности-нафта, градежништво, хотели, фармација, игри на среќа.Токму преку Бест Веј Инвестмент и Дивелоп груп, Мијалкови имаат сопствеништво и во луксузниот хотел Мериот.фото:Архива

Македонија | пред 5 години

Hristijan-Mickoski-23.02

Мицкоски: Постои коалиција на криминалот Заев, Мијалков, се договорија да избега, мафијата и владата мора да падне

Правда во Македонија нема, затоа што си имаме работа со МАФИЈА.Ова не е претежок збор, туку комплетно отсликување на реалноста.Денес криминалците и власта се едно. Нема разлика.Кој одговараше досега за криминал, е вистинското прашање?А, одговорот е буквално никој, Истакна на денешната прес конференција Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ.Мицкоски додаде дека тоа е така затоа што мафијата има своја држава.„Ако до вчера бевме најкорумпираната држава во Европа, од денес или да бидам попрецизен од вчера ние ќе бидеме најкорумпираната држава во светот. Ова е срамота и на ништо не личи.Државата ја приватизираа Зоран Заев и пријателите. Функционира коалицијата на криминалот Заев, Вице и Сашо.Собрани се на купче. На едно место, соединети се со магнет, а магнетот се парите, желбата за власт и моќта да контролираат се, а притоа да не одговараат. Ја погребаа правната држава. Дозволија да им избега пред очи, затоа што така се договорија. Оваа криминална коалиција функционира вака поради заробените институции. Сите на купче без институциите кои што ги заробија, се обични кукавици, истакна Мицкоски.Првиот човек на ВМРО ДПМНЕ вели:Кога ја нацртав линијата во ВМРО-ДПМНЕ дека компромис со криминалот не правам, тие што се така научени веднаш се соединија со тие што прават криминал. Затоа најдобар пријател на Зоран Заев станаа т.н. иницијатори. Доброто е што се собраа сите на едно купче, лошо е што хараат по државата и ја пљачкосуваат. Додека МВР на Оливер Спасовски пишува казни на народот и се фали секое утро колкави казни и колку казни напишале на народот за неносење на маска, Сашо Мијалков го пуштија да им избега со милионите. Ама и на овие арамии им доаѓа крајот.Тоа купче кое е мафија цели четири години прави брутални хајки врз мене како личност, и врз луѓето во ВМРО-ДПМНЕ кои се на исправната страна. Бев, сум и претпоставувам се уште ќе бидам предмет на медиумски линч овие четири години. Ама се што е вештачки и невистина распукува, слично како и бетонот на Зоран Заев кој наеднаш стана прашина, истакна Мицкоски и додаде:Заев, тоа купче на уценувачи и уценувани чиј што лидер си ти и кое ти вршеше работа за пресметки во ВМРО-ДПМНЕ, за креирање на вештачки раскол, за наводно слабеење на опозицијата, а за возрат му даваше поддршка, и му ветуваше да не се соочи со правдата стана сега твој тег на ногата. Твој срам, и твоја работа. Денес те потонува длабоко во калта и тебе и твојата власт и за жал што е најголема жал и трагедија, ја тоне Македонија. Затоа ние имаме обврска Македонија да престане да тоне. И затоа мојата, нашата борба против тебе и твојата мафија ќе продолжи со уште пожестоко темпо.Никогаш ама баш никогаш, не сум правел компромис со криминалот, затоа и знам дека овој пат по кој го водам ВМРО-ДПМНЕ е толку трновит и тежок. Но и затоа ќе победиме заедно со народот.Дадовме 24 часа, вашата истрага, криминалната истрага да даде резултат. Ама договорено ви е. Договорено ви е, и вчера душата ми се параше кога ве гледам како се препелкате пред ТВ екраните. За жал Спасовски не најде храброст да излезе и да им се обрати на граѓаните. И затоа денес Заев не смислувај изговори. Целиот наш народ очекува детално објаснување. Јавното обвинителство, Судот, МВР се должни да дадат јасни одговори на сите прашања за овој случај.Нема компромиси со правдата и одговорноста. Одговорност мора да има бидејќи граѓаните ја бараат правдата и правдата мора да се обезбеди.Ништо добро не сте способни да направите. Се упропастивте. Не можете да обезбедите вакцини сите ни се смеат, не можете да направите кредибилен и статистички попис, не можете да направите реформи во образованието, не втурнавте во рецесија, не можете да одржите седница во Собрание затоа што не можете да обезбедите мнозинство. Македонија е во политичка криза. Македонија поради вас стана држава со која што сите се потсмеваат.Секој ден Заев како премиер, подразбира дека кризата се продлабочува, а народот и државата ќе продолжат да губат. Затоа време е мафијата да биде поразена, и ќе биде поразена.И не сакам ни да размислувам за тоа кога да се даде оставка на Оливер Спасовски. Тоа се подразбира и тоа требаше да се случи уште вчера додека Заев смислуваше изговори што да каже и што да лаже за овој скандал. Спасовски ќе остане запаметен како најенергичниот бранител на криминалот на чие чело е Заев. Но неговата оставка не е доволна. Уште поважно потребна е оставка на целата Влада веднаш. Формирање на експертска Влада која ќе има задача да го стопира слободниот пад на државата, и заедно со локалните да организира и парламентарни избори. Само така ќе дојде и правдата и оваа мафија ќе биде изведена пред лицето на правдата, истакна претседателот на ВМРО ДПМНЕ и додаде:Ја користам оваа прилика сите оние пратеници во парламентот без разлика дали се од политичките партии од опозицијата и власта без разлика дали се од СДСМ, или партиите кои што се во коалиција со СДСМ да не бидат соучесници со мафијата, да излезат и да се охрабрат и да кажат доста е. Време е за нова Влада. Време е за техничка Влада. Не го правиме ова за власт, за моќ, за пусти пари. Ова го правиме за нашите деца, за нашите внуци. Не е важно кој ќе ја предводи Владата, само оваа мафија да ја нема, а потоа да одговара. Важно е да направиме техничка Влада која што овие неколку месеци до локалните избори ќе подготви терен за кредибилни, фер, а не мафијашки избори каде што стравот, притисоците, заканите, уцените, кеш парите ќе бидат главната алатка за анимирање на гласачи.Да ја ослободиме Македонија од оваа мафија. Излезете, охрабрете се. Застанете заедно со народот, да ја поразиме мафијата. Да изгласаме недоверба на оваа Влада, а потоа заедно, заедно сите ние да избереме Влада на чест, Влада која што ќе се бори за овој народ, за граѓаните на Македонија. Влада која што ќе обезбеди тоа што овие мафијаши не можат да го обезбедат, а тоа е достоинствен живот, тоа е она кое што денеска е потребно и на Македонија, и на народот во Македонија, без разлика дали се Македонци, Албанци, Турци, Срби, Власи, Роми, Бошњаци, Еѓипкани. Денеска ни е потребна Влада која што ќе ја спаси Македонија од канџите на оваа криминална коалиција.Доста е од неспособност, доста е од корупција, доста е од корумпирани политичари. Да ставиме крај сите заедно на срамот. Веднаш оставки, вие, вие кои што го создадовте срамот. Оставка на Владата веднаш, истакна Мицкоски.фото и видео: ВМРО ДПМНЕ

Македонија | пред 5 години

monstrum-sudenje

Осудените во „Монструм“ пренесени во притвор

На сите осудени во случајот „Монструм“, Кривичниот суд им одреди притвор и тие веднаш ќе бидат спроведени во затвор. Судиите го одобрија барањето за притвор на обвинителката Фатиме Фетаи поради опасност од бегство.„На обвинетите Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ , Хаки и Фејзи Азири им се определува мерка притвор, по објавување на пресудата, до отпочнување на казна затвор односно правосилноста на пресудата“, рече судијата Огнен Ставрев.На ова бурно изреагира осудениот Фејзи Азири кој рече: „Не ви е срам како судија да ги лажете родителите на децата дека ќе им ја кажете вистината, а сега донесовте друга одлука?“.Сами Љута доби ослободителна пресуда поради немање докази за негова вмешаност во убиството.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

ZPVRSM-Bytyqi-Top-Tema-22.02.2021-20

Битиќи: Имаме најава за четири нови инвестиции со вредност од над 300 милиони евра и нови 2000 работни места

Заменикот на Претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи вчера вечер гостуваше во емисијата Топ Тема, на телевизија Телма, кадешто за актуелни економски теми дебатираше со претседателката на Сојузот на стопански комори Данела Арсовска и претседателот на Стопанската комора на Северозападна Македонија, Неби Хоџа.Вицепремиерот Битиќи, на прашање во однос на нивото на странските директни инвестиции во земјата, рече дека не би сакал да ги дели компаниите на странски и домашни и дека она за што сака да зборува се инвестиции на компаниите, затоа што на крајот сите компании кои работат во земјата се наши, домашни компании.„Законот за стратешки инвестиции и мерките од Законот за финансиска поддршка на инвестиции, т.е. Планот за економски раст навистина даваат резултати. Најавив пред 10-тина дена, еве денес можам да потврдам дека веќе во петокот имам потврда за 2 нови инвестиции од постојни компании коишто заради потребата, односно добивање на договори со нивните добавувачи ќе го прошират и зголемат производството. Тоа се дополнителни 2000 работни места коишто до крајот на годината ќе се реализираат. Дополнително две други компании планираат 300 милиони евра инвестиции, коишто претходно кажав дека доаѓаат преку стратешките инвестиции. Овиe се две стратешки инвестиции за коишто можам во моментот да зборувам, но сакам да укажам дека сега во овој момент од листата на стратешки инвестиции коишто ги разгледуваме, имаме вкупно 11, коишто достигнуваат навистина фрапантни бројки, коишто веројатно ако ги кажеме нема да верувате и затоа како што ќе се случуваат ќе ги кажуваме. Дека нашата економија е стабилна, не го потврдувам тоа јас, тоа го потврди пред 2 дена и „Standard & Poor’s“ со кредитниот рејтинг, ни го задржа на исто ниво без разлика на тоа што бевме погодени со кризата. Тоа го потврдуваат сите меѓународни финансиски организации, коишто кажуваат дека без разлика на кризата остануваме добри во регионот со падот. Падот секако не е позитивна работа, но тоа е секаде во светот, сепак се предвидува солидно заздравување во 2021, а веќе во 2022 да се вратиме во нормалните текови, односно на стапките на раст кој сите го очекуваме околу 5%, а зашто не и повеќе“, нагласи Вицепремиерот.фото: ЗПВРСМ за економски прашања

Македонија | пред 5 години

ojo-1

Поднесено обвинение во предметот познат како „Лидери“

По спроведена предистражна и истражна постапка од поранешното Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе Обвинителен акт против едно лице во предметот во јавноста познат како „Лидери“. Обвинетиот 50-годишник од Скопје се товари за кривично дело – Бесправно градење согласно член 244-а став 1 од Кривичниот законик.Во периодот од септември 2011 до февруари 2013 година, обвинетиот градел на земјиште во државна сопственост на булеварот „Никола Карев“ во Скопје, за кое во 2004 година имал склучено Договор за закуп и користење на пасишта со ЈП за пасишта – Подружница Бит Пазар – Скопје. Иако согласно договорот бил корисник на земјиштето за период од 10 години, тој инвестирал во градба на армирано-бетонски објект од втора категорија. Без одобрение за градба тој изградил станбена зграда на два ката со вкупна корисна површина од 1.001 м2, со деловен простор и шест стана.​фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Foto-D.-MItkovski-23.02.2021

Комората на сметководители бара итна неодложна измена на роковите за поднесување на завршни сметки

Процедурите за имплементација на економските мерки за поддршка на стопанството содржани во петтиот пакет е неопходно да се едноставни и да не претставуваат дополнително оптоварување на правните субјекти, со што потенцијално се ризикува наместо заздравување на економијата да се предизвика нарушување на и така кревката ликвидност на деловните субјекти и да се одрази на дополнителна загуба на работни места. Затоа Комората на сметководители бара при подготовка на законското решение за мерката Финансиска поддршка за исплата на плата, месец јануари 2021 година да се изземе од периодот за споредба.„Во фазата на имплементација на мерките постојано се комплицираат состојбите и се ризикува успешната реализација што би било на штета на стопанството и економијата. Конкретно, во мерка за финансиска поддршка за исплата на плати за вработените, како основа за пресметка се земаат месеците ноември и декември 2020 година и јануари 2021 година, кои се споредуваат со ноември и декември 2019 година и јануари 2020 година. Тоа значи дека за да може да ја спроведеме оваа мерка во пракса, целокупната документација заклучно со 31.01.2021 година треба да биде предадена од деловните субјекти и да биде обработена, сметководствено евидентирана, анализирана и споредена со пропишаниот период. Останува не јасно зошто за споредба се зема и јануари 2021 година, во услови кога поради пандемијата имаме сериозни потешкотии квалитетно и навремено да ги обработиме дури и податоците за 2020 година“, изјави Драган Митковски, претседател на Комората на сметководители.Комора на сметководители бара овие ограничувачки услови веднаш да бидат отстранети, односно да се изземе јануари 2021 година од споредбениот период. Сметководството е единствената врска меѓу државата и стопанството, и занемарување на оваа професија, наместо вистинско залагање за нејзино издигнување, во иднина ќе доведе до сериозни потешкотии во извршување на сите економски процеси во државата.Комората на сметководители предупредува и за последиците од игнорирањето од страна на институциите, а особено на Министерството за финансии, на барањето за продолжување на роковите за поднесување на финансиски извештаи и завршни сметки, со што во континуитет сметководителите се ставени во состојба на неизвесност под притисок на рокови кои се недостижни сред пандемија и се ризикуваат бројни грешки кои можат да бидат штетни по деловните субјекти на долг рок. Комората на сметководители во повеќе наврати реагираше до ресорните министерства и бараше навремено пролонгирање на роковите за доставување на годишни сметки и финансиски извештаи, но досега истото е без реализација со што неизвесноста продолжува.„Со оглед на фактот дека се наближуваме до крајните рокови, а до Комората на сметководители секојдневно пристигнуваат реакции од колеги кои биле или се уште се заболени или во изолација, повторно се обративме до Министерството за финансии и Министерството за економија и побаравме пролонгирање согласно законските можности. Имено, во членот 477 од Законот за трговски друштва е пропишано дека годишната сметка се поднесува во рок од 2 месеци од завршување на календарската година, освен ако надлежниот орган истиот не го продолжи на три месеци. На овој ист член се повикаа минатата година кога на 13.03 добивме продолжување, но, нас ни треба ваква одлука час поскоро и да биде соодветно продолжувањето на состојбите кои се критични, со цел непречено работење и зачувување на здравјето и дигнитетот на професионалците од оваа дејност, а не тоа да биде во последен момент“, изјави Ана Тасевска, потпретседател на Комората на сметководители и упати апел Министерството за финансии и Министерството за економија, да ги искористат своите надлежности и согласно актуелните можности во Законот за трговски друштва да ги пролонгираат роковите за годишни сметки и финансиски извештаи.Комората на сметководители потсетува дека споредбено со Европа во нашата земја имама најкратки рокови за поднесување на годишните сметки и апсолутно смешни се оправданијата дека некакви статистички податоци за Европската Унија зависат токму од нас, а уште помалку дека истите треба да се ставаат пред здравјето на граѓаните. фото: Комората на сметководители

Македонија | пред 5 години

dete-2

(ФОТО) Две интервенции на ПСС во еден ден, спасуваа повредено момче кај Лабино и домашно милениче

На 21.02.2021 год. (недела), во 16:35ч. од страна на Итната Медицинска Помош Охрид, беше побарана асистенција од Планинскара спасителна служба (ПСС) при интервенција на повредено момче во месноста „Лабино“, кое поради невнимание и подлизнување, се здоби со сериозна повреда во пределот на левото колено. Поради непристапноста на теренот за возилото на Итната Медицинска Помош, Планинската Спасителна Служба ги алармираше  своите волонтери, од кои дел, за среќа живеат во непосредна близина и први стигнаа на местото со приватен пловен објект. Истите ја пренесоа и лекарската екипа, која на повредениот веднаш му укажа лекарска помош за намалување на болките, додека пристигнуваше другиот тим од ПСС со специјализирана опрема за имобилизација и безбеден транспорт. По комплетната имобилизација, повредениот со помош на пловниот објект, беше пренесен до возилото на ИМП и понатаму транспортиран до Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ Охрид, на понатамошен третман. Акцијата заврши во 17:20ч, објави Планинскара спасителна служба (ПСС).Еден час подоцна, во 18:20ч. дежурниот СОС телефон на ПСС повторно заѕвони, но овој пат со пријава и молба за спасување на домашно милениче, мачка, која се качила на дрво, на 15-ина метри висина и веќе четврта вечер не може да слезе. Повторно беше мобилизиран тим од Планинската Спасителна служба, кој се упати кон овоштарникот, во близина на манастирот Св. Наум, каде во 20:00ч. успеа безбедно да го спушти миленичето од високото дрво и да ги смири видно загрижените сопственици.Планинската Спасителна Служба при Црвен крст Охрид, му посакува брзо закрепнување на повреденото момче и радосни мигови за сопствениците на мачето.извор: Планинскара спасителна служба (ПСС)фото: Планинскара спасителна служба (ПСС)

Македонија | пред 5 години

ZPVRSM-Bytyqi-Top-Tema-22.02.2021-16

Битиќи: Економијата заздравува, мерките од петтиот пакет носат развој

Заменикот на Претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи вчера вечер гостуваше во емисијата Топ Тема, на телевизија Телма, кадешто за актуелни економски теми дебатираше со претседателката на Сојузот на стопански комори Данела Арсовска и претседателот на Стопанската комора на Северозападна Македонија, Неби Хоџа.Осврнувајќи се на Петтиот пакет економски мерки за справување со кризата предизвикана од коронавирусот Ковид-19, вицепремиерот посочи дека овој пакет, како и претходните, е креиран во широки консултации со сите чинители, стопанските комори, синдикални организации, организации на работодавачи и други социјални партнери, со цел соодветно да одговори на реалните потреби на стопанството, на сите микро, мали, средни, па и големи компании, како и да се зачува секое едно работно место.„Сите економии, вклучувајќи ја и нашата, се обидуваат да се прилагодат на новата ситуација, а дека сме на вистински пат покажуваат повеќе индикатори. Падот на економските активности, кој беше во првите месеци на пандемијата е значително поголем во споредба со последните месеци. Индустриското производство бележи тенденција на раст, исто така со тенденција на раст е и трговската размена со странство. Приходите во буџетот исто така се во пораст, ако се земе во предвид периодот по април, кога беше и пикот на пандемијата. Ги следиме секојдневно бројките поврзани со приходите од ДДВ и другите даноци, не велиме дека овие бројки се подобри од 2019 година, но тенденцијата е во позитивен раст и затоа велиме дека економијата заздравува. Сите мерки кои ги имаме креирано во Петтиот пакет се во духот на економското заздравување и развој“, посочи вицепремиерот Битиќи.Втората мерка во Петтиот пакет, односно бескаматните кредити од Развојната банка на Република Северна Македонија, е насочена за поддршка на најпогодените сектори, како што се туризмот, угостителството, транспортот на патници, индустријата за организација на настани, а преку оваа мерка компаниите од овие сектори може да добијат поголеми средства во износ од 3-30 илјади евра, кои може да ги користат и како ликвидни средства, но и за обезбедување на плати за вработените.„Компаниите ќе добијат 12 месеци грејс период, тоа е долг период во кој ќе располагаат со средствата. Доколку во рок од една година, компаниите покажат позитивен финансиски резултат и го имаат зголемено за 5% бројот на вработени, 50% од кредитот ќе биде неповратен, односно грант. Како за илустрација, ако компанија земе кредит од 30 илјади евра, покаже позитивни резултати и ако имала 5 вработени, а сега вработи уште 1, тоа е повеќе од 5%, може да очекува да 50% од кредитот, или 15 илјади евра да бидат грант. Тоа е значителна директна помош за најпогодените сектори“, нагласи вицепремиерот.Битиќи рече дека досегашните предвидувања и активности на Владата во однос на ковид кризата даваат резултат, оваа година ќе биде година на заздравување на економијата, но додаде дека сепак оваа криза не е целосно предвидлива и во случај да има потреба од дополнителни мерки, ќе треба да се постигне широк консезус во општеството за да се обезбедат доволно средства за да се искреираат и аплицираат тие дополнителни мерки, кои би се однесувале на поддршка за исплата на плати за вработените.„Ако има потреба за дополнителни финансиски средства токму за мерката финансиска поддршка за плати и низа на други мерки секако треба да постигнеме консензус, дека на крај на денот ќе се задолжиме дополнително, да најдеме нови извори на средства коишто ќе отидат за помош на стопанството. Но јас сум кажал, дека тоа не е проблем и не треба да претставува проблем ниту за стопанството, ниту за Владата, ниту за граѓаните, се додека на транспарентен начин се кажува дека се трошат тие средства за да се помогне економијата, да се помогнат граѓаните, за да ги зачуваме работните места итн. Се додека тоа се основните принципи за тоа како ги трошиме средствата мислам дека ќе постигнеме таков консензус. За сега, моето очекување е дека не би имало потреба од таква мерка понатаму. И сега, таа мерка е само дел од вкупниот обем на мерка, вкупно 160 милиони евра се на располагање со петтиот пакет, оваа мерка носи 20% од вкупниот пакет и затоа не би сакал да ги минимизираме другите. Јас знам дека и овде го аплицираме „парето“ системот, а тоа е 20% од мерките зачувува 80% од работните места и одиме кон тоа, дека е потребно. Но да не ги занемариме 28 други мерки кои се компилирани заедно со стопанските комори и синдикатите“, рече вицепремиерот Битиќи.Вицепремиерот Битиќи посочи дека е потребна побрза динамика во носењето на законски решенија со кои ќе се овозможи примена на одредени мерки за поддршка на стопанството.„Ние во овој момент имаме дел од мерките од четирите пакети кои се спроведени, а заедно со овој пакет од 160 милиони евра доаѓаме на 1,150 милијарди евра коишто опфаќаат мерки, кои нема да се спроведат само до декември 2020, туку ќе се спроведуваат и некои ќе се спроведуваат до декември 2021, па и понатаму со една претпоставка дека законските решенија нема да заглават по 3 месеци во собраниски процедури. Ние имаме 2,5 месеци несвикана Комисија за финансии и буџет, во којашто треба да се гледаат законските решенија. Поднесовме 3 закони, Законот за државна гаранција, којшто треба да ни обезбеди, а средствата се веќе алоцирани, си стојат во Развојната банка, минимум 18 милиони евра како инструмент за државната гаранција коишто би требало да донесе 120 милиони евра во стопанството во име на ликвидност и поддршка на инвестиции. Не е возможно во овој момент, затоа што законското решение не е донесено“, нагласи вицепремиерот и посочи дека ковид кризата придонела до унапредување на одредени административни процеси, кои преку процес на дигитализација овозможија побрз проток на документација, но и сигурност на граѓаните во однос на заштита од коронавирусот.фото: ЗПВРСМ

Македонија | пред 5 години

popis-1

Објавен конкурсот за попишувачи и реонски инструктори

Државниот завод за статистика денес го објави Конкурсот за пријавување на кандидати за реонски попишувачи и реонски инструктори кои во периодот 1-21 април ќе го спроведуваат попишувањето на терен во рамките на Пописот 2021. На конкурсот можат да се пријават сите полнолетни државјани на Северна Македонија кои се невработени, кои имаат завршено најмалку средно образование и имаат компјутерски вештини.Пријавувањето се врши преку електронска апликација достапна на веб-страницата popis2021.stat.gov.mk, а сите детали поврзани со конкурсот и условите се содржани во огласот објавен во дневните весници „Нова Македонија“, „Вечер“, „Слободен печат“ и „Коха“.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

МВР: 101 санкционирани возачи во Скопје: 12 без возачка, седум за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (22.02.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 101 мерка, меѓу кои за возење без возачка дозвола 12, 7 санкции за непочитување на брзина на движење, три за технички неисправни возила за јавен превоз.Изречени се шест санкции за користење на мобилен телефон, три за минување на затворен семафор (црвено светло) и 29 за непрописно паркирани возила.Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.фото: Архива

Скопје | пред 5 години

HM-protest-28112020

ВМРО ДПМНЕ: Спасовски да си даде оставка веднаш!

Оливер Спасовски да си даде оставка веднаш! Додека Спасовски ажурира членство по куќи Сашо Мијалков му побегна пред очи. Иако институциите знаеле уште од саботата дека постои опасност да бега МВР 24 часа не преземале ништо и чекале да побегне, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Од партијата додаваат:Според информациите кои излегоа во јавноста институциите знаеле уште во саботата во 16 часот дека постои опасност од бегство на Сашо Мијалков, но не преземале ништо. Чекаа да помине цел ден и Мијалков да избега.Доколку Спасовски знаел дека Мијалков ќе бега, зошто не ги преземал сите неопходни мерки против негово бегство?! Зошто дозволил Мијалков да побегне?!Со самиот факт што Спасовски знаел за бегството на Мијалков и не преземал ништо говори дека Спасовски свесно го пуштил Мијалков да избега.Постои основан сомнеж дека има договор Заев - Спасовски - Мијалков за бегството на Мијалков и Спасовски мора веднаш да си даде оставка.Секој поминат ден на чело на МВР е штетен за државата. Оставка веднаш.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

retki23-1200x1080

Ги запознаваме ретките болести: Пит-Хопкинс синдром

Pitt-Hopkins syndrome– Пит-Хопкинс синдромМКBQ 87.0преваленца: 1-9/1.000.000Пит-Хопкинс синдромот е заболување кое се карактеризира со интелектуална попреченост, проблеми со дишењето, повторувачки епилептични напади и посебни карактеристични црти на лицето. Луѓето со овој синдром имаат средна до тешка интелектуална попреченост. Тие исто така имаат забавен психомоторен развој, касно проодуваат и доцнат со фините моторни вештини како што е фаќањето на предмети со прсти, а не со цела шака. Тие скоро никогаш нема да научат да зборуваат, нивниот фонд се состои најмногу од 2-3 тешко артикулирани зборови. Многу од нив имаат карактеристики на заболувањата од аутистичкиот спектрум со пореметување во комуникацијата и социјализацијата. Проблемите со дишењето се манифестираат со епизоди на брзо дишење (хипервентилација), потоа може да следи период на успорено дишење или комплетен престанок на истото (апнеа), што води до недостаток на кислород во организмот со помодрување на устата и кожата (цијаноза). Недостатокот  на кислород може да доведе и до губење на свеста. Проблемите со дишењето се јавуваат кај поголеми деца, но можат да почнат и во раното детство. Обично се провоцирани од преголема возбуда или замор. Епилепсијата се јавува во детството, а некогаш веднаш по раѓањето. Пациентите со Пит-Хопкинс синдромот имаат карактеристични црти на лицето, а тоа се тенки веѓи, вдлабнати очи, нагласена закривеност на горната усна, широка уста со големи усници и широко раздвоени заби. Децата обично имаат среќен изглед, насмеани и често плескаат со рацете. Но, можат да бидат загрижени и да имаат проблеми со поведението (агресивност). Другите придружни црти се: затворот (опстипација), мала глава (микоцефалија), низок раст, минорни абнормалности на мозокот. Исто така, типични се мали шаки и стапала, а на рацете може да се види единечна бразда. Имаат и рамни стапала. Кај машките обично тестисите не се спуштени. Можат да имаат и страбизам како и ослабен вид на далечина (миопија).Болеста е многу ретка, се смета дека во светот има 500 индивидуи со оваа болест. Болеста не се наследува бидејќи индивидуите се стерилни. Нивните родителите се здрави. Мутацијата за првпат настанува кај заболената индивидуа. Болеста првпат е опишана од  Пит и Хопкинс во „Австралиското списание за педијатри“ во 1978 година каде што биле претставени двајца пациенти кои не биле во сродство. Врската со TCF-4 не била пронајдена до 2007 година-период кога се увидува дека генот TCF-4 игра значајна улога во развојот на централниот нервен систем и мозок.Болеста се должи на дефектот т.е. недоволната функција на транскрипциониот фактор-4. Генот кој го кодира овој фактор се нарекува TCF-4. Генот се наоѓа на долгиот крак на 18-тиот хромозом. Родителите се здрави, но во своите полни клетки (јајце-клетка, сперматозоид) можат да имаат такви клетки коишто носат мутација и да ја предадат на потомството. Затоа во исклучително ретки случаи можно е две деца да ја имаат болеста. TCF-4 протеинот е важен за нервните клетки. Тие имаат продолжетoци наречени синапси со коишто нервните клетки се поврзуваат меѓу себе, создаваат мрежи за проток на инфромации. Што е поголемо умрежувањето тоа се поразвиени интелектуалните функции на индивидуата. Бидејќи кај Пит-Хопкинс синдромот едниот од двата гена е мутиран, нема доволно создавање на TCF-4 протеинот, а со тоа се намалува умрежувањето на нервните клетки. Интересни се испитувањата за шизофренија каде активноста на двата TCF-4 гена е премногу изразена и има преголемо производство на протеинот што води до преголемо абнормално умрежување на невните клетки и предизвикува „хаос“ кај индивидуата.Слична клиничка слика на Пит-Хопкинс синдромот може да се види кај индивидуи кои имаат мутации во два други гена CNTNAP-2 на долгот крак на 7-миот хромозом и NRXN-1 на краткиот крак на вториот хромозом.Дијагноза:Не постојат утврдени дијагностички критериуми, но одредени симптоми одат во прилог на дијгнозата за Пит-Хопкинс синдромот. Тоа се фацијалната дизморфија, раниот глобален психомоторен застој, тешката интелектуална попреченост, проблемите со дишењето и отсуството на други конгенитални аномалии. Половина од пациентите имаат епилептични напади, а останатите имаат мозочни абнормалности како што е хипопластичниот неразвиен corpus callosum. Според клиничката дијагноза, Пит-Хопкинс синдромот спаѓа во групата на первазивни развојни пореметувања.Сепак, потребно е да се направат следните консултации:Развојна процена;Консултација со детски бихевиорален специјалист;Пулмолошка консултација;Невролошка консултација;Офталмолошки преглед;Консултација со астроентеролог;Мускулоскелетна евалуација;Консултација со клинички генетичар.Третман:Засега нема специфичен третман на Пит-Хопкинс синдромот. Потребен е мултидисциплинарен пристап. Треба да се третираат симптомите, да се применуваат антиконвузивни лекови за епилепсијата, соодветна исхрана, физикална терапија и слично. Во третманот се вклучува дефектолог, логопед, развоен психолог во склоп на симптомите на болеста. Во рамките на генетската терапија, како реална можност се наметнува алтернативниот фармакогенетски пристап, а се состои во изнаоѓање на соодветни лекови коишто би влијаеле и би го поттикнувале здравиот ген да ја зголеми продукцијата на TCF-4 протеинот.Прогнозата на болеста:Текот на болеста е непрогресивен. Нема доволно податоци во врска со лонгитудиналното следење на пациентите, но нема причина да се носи заклучок дека нивниот животен век би бил значајно скратен. Поради тоа што никогаш нема да можат да постигнат автономија, имаат потреба од доживотна поддршка.Кампањата „Ги запознаваме ретките болести 2021“, која ја реализираат активистот Гордана Лолеска, охридското Супер радио и Здружението „Живот со предизвици“ ќе се прикажува на 49 национални, регионални и локални и 2 сателитски медиуми ширум државата. И оваа година, покрај на македонски јазик, проектот има и албанска верзија.Првиот ден на ретки болести беше одбележан во 2008 година, точно на 29-ти февруари, „редок“ датум кој се случува само еднаш на секои четири години. Од тогаш, Денот на ретки болести се одржува секоја година на последниот ден од февруари, месец познат по тоа што има „редок“ број на денови. Денот на ретките болести е меѓународна кампања за подигнување на свеста за ретките болести. Од почетокот во 2008-ма година, илјадници настани се организираат низ целиот свет и опфаќаат милиони луѓе. Кампањата започна како европски настан и со текот на времето стана глобален феномен, со учество на над 90 земји од целиот свет во 2018-та година. Република Македонија за прв пат се вклучи во одбележување на овиј редок ден во 2013-та година.Кампањата за Денот на Ретки Болести е за пошироката јавност, за релевантните институции и секој е добредојден да се придружи: пациенти и семејства, организации на пациенти, медицински професионалци, истражувачи, фармацевтска индустрија, јавни здравствени институции – колку повеќе не има, толку подобро. Денот на ретките болести е можност за учесниците да бидат дел од глобалниот повик кон креаторите на политики, истражувачите, компаниите и здравствените професионалци повеќе и поефикасно да ги вклучат пациентите во истражувањата за ретки болести.Извор:ОхридПрес

Магазин | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања