Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

22022021_PVRSM_sredba_eccoperator-1

Заев се сретна со новиот економски советник од Германија, Хајдекер

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, се сретна со Јоханес Хајдекер, економски експерт од Сојузна Република Германија, кој доаѓа на местото на досегашниот германски советник Валтер Дефа, со тоа што во следните две години ќе биде редовно ангажиран во Владата и ќе работи активно со економскиот тим.На состанокот е поздравен фокусот на премиерот Заев и на Владата кон развојот на економијата и е разговарано за натамошната имплементација на проектите коишто се работат заедно со Германското друштво за интернационална соработка.Заеднички е констатирано дека е важно креирањето одржливи развојни политики, со воспоставување долгорочни и среднорочни стратешки цели и навремено спроведување на стратешките инвестициски проекти. Во таа насока е разгледана важноста од воспоставувањето Централен мониторинг, со цел следење на имплементацијата на проектите. Разговарано е и за Стратегијата за паметна специјализација, што има за цел да го поттикне растот и работните места во Европа, преку овозможувањето секој регион да ги идентификува и развива сопствените конкурентски предности и за нејзино спроведување во нашата држава.„Нашата цел е раст на економскиот животен стандард на граѓаните и на тоа сме силно посветени и во овие услови на пандемијата, како земја којашто стана членка на НАТО и очекува исчекор во европските интеграции. Изразувам голема благодарност до Германија и граѓаните на земјата, за големата поддршка што ја даваат на Република Северна Македонија на политички и на економски план“, рече премиерот Заев.На состанокот е договорено соработката активно да продолжи со заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи.фото: Влада

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

(ВИДЕO) Претрес на автомобил поврзан со истрагата за Мијалков, одземни телефони, актовки со документи, торбици

Откако повеќе од три часа беа на распит, полицијата направи и претрес во возилото марка „пасат“, кое неофицијално припаѓа на обезбедување на Сашо Мијалков. Полициски службеници од полициската станица Кисела Вода целосно го проверија возилото на обезбедувачите, објави А1Он. Од возилото се запленети телефони марка „Ајфон“, актовки со документи, торбици. Истите ги внесоа во станица. Непознато е на кому му припаѓаат овие предмети.Текстот во целост на: А1Он. 

Македонија | пред 5 години

dimsa-1

Арсовски: Зоран Заев и Оливер Спасовски се главни виновници за бегството на Мијалков

Во вечерашното издание на дебатната емисија "Што не е јасно" гостуваше портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски кој се осврна на лошите владини политики, криминалните афери, како и околу актуелните случувања во врска со бегањето на Сашо Мијалков.Арсовски потенцираше дека СДСМ е неспособно, бидејќи дозволија по втор пат да им се случи бегство, но овој пат ова бегство изгледа на добро монтирано и во соработка со СДСМ, бидејќи во текот на денешниот ден нема никаква реакција ниту од СДСМ, ниту од Владата.Граѓаните бараат одговорност од Владата во однос на овој настан, бидејќи доколку земјата се води согласно праксата која што ни ја прикажуваат Заев и Спасовски, тогаш фактите говорат дека македонските граѓани немаат никаква безбедност, односно дека во земјата секој може да влезе и излезе кога сака, независно дали постојат некакви процеси против него, вели Арсовски."Министерството за внатрешни работи во овој случај се покажа како тотално нефункционално и непрофесионално. Независно од тоа дали Спасовски постапува по некоја насока на неговиот претседател Заев, сепак ваквиот чин претставува пример за тоа како функционира држава во која владее хибриден режим. Зоран Заев ќе ја користи оваа прилика да расчисти со своите функционери и сметам дека со овој случај се пушта низ вода Спасовски", додаде Арсовски.После ваквите случувања, неминовна е оставката на Заев и Спасовски, бидејќи тие се директно одговорни за ова бегство на Сашо Мијалков. Иако најверојатно прават нови сценарија и ништо не е случајно, сепак за ваков несериозен пристап кон работите, мора да следува одговорност. Зоран Заев бил во потесна соработка со многу соработници и актери во овој случај и за тоа мора јавно да даде објаснување, а потоа да поднесе оставка, истакна Арсовски.Оваа владина гарнитура нема тежина и истата ќе сноси огромни последици. Ваквите моменти укажуваат на фактот дека земјата ја водат криминалци, рекетари и корумпирани политичари и истите ќе мора да сносат одговорност и да си заминат од функциите, а потоа да одговараат, заврши Арсовски.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Grabez-pistol

Ограбиле спортска обложувачница во Ченто, пукале, па направиле сообраќајна несреќа

Хаос се случувал синоќа во скопската населба Ченто кога две лица ограбиле спортска обложувачница, а на излегување од објектот испукале еден кушум.Според информациите од полицијата, тие заминале со автомобил и на улицата Фуштанска удриле во патничко возило „мицубиши“ по што го оставиле нивниот автомобил и побегнале.Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.фото: Архива

Скопје | пред 5 години

Corbeski

Икона со Св Јован крстител и честитки од градоначалникот Георгиески за Чорбески - годинешниот фајќач на светиот крст

Во мое лично име и во името на Општина Охрид денеска упатив честитки до Никола Чорбески, кој годинава го извади светиот крст од осветената вода во црквата "Свети Никола Геракомија", во рамки на црковните чествувања по повод православниот празник Богојавление Водици, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид Константин Георгиески.Градоначалникот во објавата додава:Иако поради актуелните здравствени протоколи изостана официјалната организација на традиционалната манифестација на градското пристаниште, празникот Богојавление помина во духот на хуманите вредности, со надеж и желба дека догодина ќе имаме можност посвечено и достојно да го прославиме.фото: ФБ Константин Георгиески

Македонија | пред 5 години

korona-test

Денеска починати 13 лицa и нови 129 случаи на Ковид 19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 854 тестирања, а регистрирани се 129 нови случаи на ковид-19 во:Скопје – 76, Кавадарци - 19, Неготино – 9, Прилеп – 6, Велес, Охрид и Струга – по 3, Куманово и Тетово - по 2 , Битола – 9, Гостивар, Штип, Кичево, Виница , Македонски Брод и Демир Капија – по 1.Регистрирани се 342 оздравени пациенти од:Скопје – 101 , Кавадарци – 49, Делчево – 45, Охрид и Струга – по 22, Велес – 18, Прилеп – 14, Неготино – 11, Тетово – 7, Куманово – 6, Гостивар, Демир Капија, Свети Николе и Берово – по 5, Штип – 4, Гевгелија , Радовиш и Валандово – по 3, Битола, Струмица, Крива Паланка, Пробиштип, Демир Хисар и Богданци – по 2, Кочани и Кратово – по 1.Пријавени се вкупно 13 починати лица. Починати се 5 пациенти од Скопје (76г, 70г, 61г, 58г, 54г ), 2 пациенти од Кавадарци (87г, 78г ), и по еден пациент од Тетово (73г), Куманово (79г), Охрид (66г), Гевгелија (73г), Прилеп (80г) и Неготино (61г). Од пријавените смртни случаи сите се починати во болнички услови.Направени се 854 тестови преку: ИЈЗ-86, ЦЈЗ Скопје-83, Авицена-0, Биотек-67, Жан Митрев (Филип Втори)-140, Систина-215, Лаор–0, МАНУ-0, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-0, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, ГАК-0, Синлаб-0, Ремедика-0, ИБЗД Козле-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 263, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-0, лаборатории од странство-0.Досега во земјата се направени вкупно 503.565 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 99.408, бројката на оздравени пациенти е 89.742, на починати е 3.076, а бројот на активни случаи изнесува 6.590.Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови, Заболени (нови), Активни случаи (вкупно)Скопје 76, активни 2938Куманово 2, активни 208Тетово 2, активни 228Прилеп 6, активни 473Гостивар 1, активни 118Штип 1, активни 95Битола, активни 138Велес, 3, активни 212Охрид, 3, активни 382Кавадарци 19, активни 454Струмица, активни 156Струга, 3, активни 157Кочани, активни 47Кичево 1, активни 62Гевгелија, активни 130Неготино 9, активни 129Свети Николе, активни 19Ресен, активни 68Дебар, активни 43Крива Паланка, активни 51Радовиш, активни 37Делчево, активни 188Берово, активни 27Пробиштип, активни 21Виница 1, активни 23Валандово, активни 20Кратово, активни 32Демир Хисар, активни 12Крушево, активни48Македонски Брод 1, активни 8Богданци, активни 20Демир Капија 1, активни 29Македонска Каменица, активни 5Пехчево, активни 3Дојран, активни 9фото: Архива

Македонија | пред 5 години

vlatko-mijalkov

ВИДЕО: Влатко Мијалков не знае кај е брат му

Влатко Мијалков брат на Сашо Мијалков по напуштањето на полициската станица,  порача дека нема  да дава изјава.видео: ТВ 21

Македонија | пред 5 години

mirjana-najcevska

Најчевска: Јас сега веднаш би ја ослободила Гордана Јанкуловска

Јас сега веднаш би ја ослободила Гордана Јанкуловска.Само таа имаше мадиња да не побегне туку да си отслужи казна затвор.И очигледно само таа нема испокрадено толку многу за да си обезбеди добар живот во бегство,Напиша на својот ФБ профил професорката Мирјана Најчевска.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Синот и сопругата на Мијалков повикани во станица, на разговор ќе бидат повикани и телохранителите и блиските

Полицијата почна истрага за бегството на Сашо Мијалков, па на разговор се повикани или ќе се повикуваат членовите на семејството на поранешниот директор на УБК, како и лицата од неговата најблиско окружување, а тоа во изминативе години се повеќемина телохранители.Во моментов на разговор во ПС Кисела Вода се Јордан Мијалков, син на Мијалков и сопругата Александра Мијалкова.Се очекува да се разговара и со неговата сопруга, како и телохранителите, за да се утврди кој го возел автомобилот, во кој како што пишува „Фокус“ бил превезен мобилниот телефон на Мијалков и бил оставен во домот на Водно за да се одведе полицијата на погрешна трага.Извор/фото:Агенции

Македонија | пред 5 години

Jelena-Zugic-21.02.2021

Жугиќ: Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје бара повлекување на точката за преименување на улиците од дневен ред и организирање широка јавна расправа

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во град Скопје бара повлекување на точката за преименување на улиците во град Скопје од дневниот ред. Шилегов својата неработа и неспособност после четири години не може да ја замачка и замаскира со потези како промена на имиња на улици, туку само може дополнително да пропаѓа.  Петре Шилегов гази по жртвата и по имињата на Митрополит Теодосиј Гологанов, на Борис Сарафов, на Христо Батанџиев, на Мајка Тереза, на Киро Глигоров и на Борис Трајковски, истакна Јелена Жугиќ, советник во Советот на Град Скопје од ВМРО- ДПМНЕ.Жугиќ на прес конференцијата додаде:Петре Шилегов со предлогот за преименување на улиците во градот Скопје прави апсурдни ситуации, предлага за имиња на улици странски претседатели, а го трга името на покојниот претседател Борис Трајковски.Денеска, Градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, токму овде од булеварот кој го носи името на претседателот Борис Трајковски, организира протест против преименувањето на улиците и газењето врз целокупното македонско достоинство.Борис Трајковски е втор претседател на Независна Република Македонија, тој на функцијата е избран на претседателските избори во 1999 година. Трајковски имаше огромна почит во регионот и светот, тој во 2002 година беше почесен витез на орденот на Свети Михаил и Свети Ѓорѓи од нејзиното височество кралицата Елизабета Втора. Истата година, Трајковски ја доби Светската методистичка награда за мир од страна на Светскиот методистички совет за неговата улога во унапредувањето на мирот и на политичката стабилност. Тој е одликуван и со голем број други награди, а најголема заслуга има во мирното разрешување на конфликтот во 2001 година.Трајковски, почитувани скопјани е еден од темелите врз кои ја градиме нашата модерна државност, а Шилегов не смее да ја гази неговата посветеност, работа и жртва за Македонија.Оттука уште еднаш го повикуваме Шилегов, повлечете ја точката за преименување на улиците од дневниот ред на утрешната седница на Советот на Град Скопје и немојте да газите врз луѓе кои животот го посветиле на Македонија.Воедно бараме да се спроведе и широка јавна расправа во која ќе биде вклучен и Институтот за историја и други релевантни чинители, како и општините во градот Скопје, кои не се воопшто прашани за предлогот на градоначалникот Шилегов.фото и видео: ВМРО ДПМНЕ

Скопје | пред 5 години

pendarovski

Пендаровски: Очекувам целосно расветлување на случајот, ако има пропусти мора да има одговорност

Претседателот Стево Пендаровски во врска со бегството на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков ги повикува сите надлежни институции да ги преземат неопходните мерки со цел да биде спроведено судското решение за негов притвор.„Вакви случувања се неприфатливи за земја која очекува да започне преговори за членство во Европската Унија и која напорно работи на реформирање на правосудниот систем и градење доверба во правната држава. Ова ги дискредитира напорите и надежите за справување со криминалот и високата корупција“, потенцира претседателот Пендаровски.Претседателот очекува надлежните институции во најкус можен рок да спроведат истрага за целосно расветлување на случајот и доколку бидат констатирани какви било пропусти од страна на надлежните институции да биде преземена одговорност.Граѓаните бараат одговорност и кривична и морална. Борбата за правна држава значи секој кој се огрешил пред законот да биде казнет, порачува претседателот Пендаровски.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

zaev-mijalkov-960x580-1

Левица: Заев е директно одговорен за бегството на неговиот побратим Мијалков

Бегството на главниот и одговорен организатор на криминалите од времето на Груевски и екс-директорот на УБК, Сашо Мијалков, воопшто не изненадува. Напротив, ова е само уште една потврда за јавната тајна дека власта на чело со премиерот Заев и СДСМ се во тесна врска со сите првообвинети од случаите, кои СЈО ги отвори како резултат на „бомбите“, кои пак Заев селективно ги објавуваше од опозиција за време на т.н. „Шарена револуција“, се вели во соопштението од Левица.Тие во истото додаваат:Повеќе од јасно е дека ова не е „пропуст“ на Министерството за внатрешни работи кое го води Спасовски. Очигледно е дека и во овој случај, како што беше случај и со претходните бегства на осудени криминалци, раководните структури на МВР се директни соучесници во исполнување на ветувањата, кои премиерот Заев ги даде на криминалците од претходниот режим. Да се потсетиме, токму зборовите на Заев беа дека од него „зло нема да видат ни Сашо, ниту пак Груевски“.Без криминалниот дел на ВМРО-ДПМНЕ не ќе беше реализирана и неуставната промена на името, за што Заев во изјава потврди дека Мијалков разговарал со осумте пратеници и ги охрабрувал да гласаат за Преспанскиот договор. Очигледно слободата за Сашо Мијалков е награда од Заевизмот за устоличувањето на Северна!Кога станува збор за заштита и унапредување на криминалот и корупцијата, СДСМ и Заев како предводници на власта, покажаа дека сѐ што ветија – исполнија и реализираа. Но, кога се работи за ветувањата со кои ја прелажаа пошироката јавност, од нив останаа само слоганите и флоскулите со кои се служат само уште ситно поткупените партиски поттрчковци и лукративни бивши шарени револуционери.Од „живот за сите“ и „нема правда, нема мир“ – видовме само семејни тендери и партиски вработувања; тесна соработка со највисоките криминални структури; лично богатење на функционерите од власта и „бројчаникот“ кој Зоран Заев, како тогашен лидер на опозицијата, го ветуваше на партиските митинзи како регистар на украдените народни пари, кои требаа да бидат вратени во буџетот на државата. Сега остана само истиот бројчаник да се надополни со украдените пари од времето на Заевизмот како надградба на Груевизмот!За надминување на политичката криза во која се наоѓа државата, не е доволна само оставката на Владата, туку и кривична одговорност на функционерите од истата и формирање на преодна влада која ќе спроведе фер парламентарни избори!фото: Левица

Македонија | пред 5 години

mijalkov-1

ОЈО: Немаше индиции дека Мијалков ќе побегне, но сепак презедовме превентивни мерки

Во врска со издржувањето на мерката куќен притвор на обвинетиот Сашо Мијалков, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ја информира јавноста дека во моментот на завршување на главната расправа за предметот Таргет-Тврдина, обвинителите кои постапуваа во предметот немале никакви индиции дека обвинетиот подготвува бегство. Но и покрај тоа, по завршување на главната расправа, со цел да се преземат превентивни мерки, го известиле Министерството за внатрешни работи дека главната расправа е завршена.Првите индиции дека можеби се подготвува бегство на обвинетиот Сашо Мијалков Министерството за внатрешни работи ги сподели со обвинителството на 20.02.2021 година (сабота) во 23:00 часот. Во неделата утрото по направените неопходни проверки, изготвен е предлог за определување на притвор. Во 12:00 часот со цел да обезбеди услови за прием на предлогот за притвор, обвинителството го извести Основниот кривичен суд – Скопје за изготвениот предлог, како и Министерството за внатрешни работи. По исполнување на административните процедури, предметните обвинители во 14:30 часот се упатиле во Основниот кривичен суд – Скопје, каде во 15:00 часот Предлогот за определување на притвор е примен од судот и со Решение на обвинетиот Сашо Мијалков му е определeна мерка куќен притвор и 24 часовен видео и аудио надзор. Решението од страна на обвинителството е примено во 18:45 часот. Во меѓувреме, до приемот на решението, јавните обвинители се известувани од надлежни лица во Министeрството за внатрешни работи дека имаат визуелен контакт со обвинетиот Мијалков и дека тој не е избеган.Околу 21:20 часот обвинителството е известено дека има проблем со врачување на решението за притвор, по што во 21:47 е потврдено дека обвинетиот Мијалков не е пронајден.Имајќи го предвид фактот дека во моментот на изготвување на предлогот за определување на мерка притвор, како и во моментот на нејзиното поднесување до судот, обвинетиот Мијалков не бил во бегство, обвинителството смета дека постојат основи на сомнение за сторено кривично дело Помагање на сторител по извршено кривично дело од член 365 од Кривичниот законик заради што ќе ги преземе сите неопходни мерки за расчистување на ваквите сомненија.​

Македонија | пред 5 години

bacev-1

Единствена Македонија до Заев: Ич не се сеќирај за бегството на Мијалков, тука е украденото и хотелот Мериот, повели ти си на потег

Единствена Македонија го охрабрува Зоран Заев ич да не се сеќира за бегството на Мијалков, а народот ќе биде многу среќен ако Заев го спроведе тоа што го ветуваше.Зоран Заев како опозиционер велеше дека претходната власт украла 5 милијарди евра и сликовито ветуваше:Ууништувале, краделе пари, товареле бродови, однеле 5 милијарди евра и доколку СДСМ формира влада се ќе им биде одземено до последен денар“. Еве СДСМ веќе петта година има влада, а Заев нема конфискувано еден денар од украденото. Дури и бројчаникот на Заев во центарот на Скопје застаре и трокира.Носител на грабежот од милијарди евра кај претходната власт беше токму Сашо Мијалков. Народот не гледа никакво фајде доколку и сите обвинети од поранешната власт завршат во затвор а украдените 5 милијарди останат нечепнати.Затоа Единствена Македонија го повикува Зоран Заев да почне со конфискација на хотелот „Мериот“ која е стекнат со украдени народни пари. Но, се поставува прашањето, дали тоа може да го направи власт на Заев која и самата е заглавена во грабеж, криминал, корупција и безаконие.За Единствена Македонија нема дилема. Одоговорност за грабежот на народни пари мора да има, а украденото од позиција на власт во изминатите 30 години ќе биде конфискувано. Само тогаш Македонија ќе биде држава каква што ја сакаат македонскиот народ и државјаните на Република Македонија, се вели во соопштението од Единствена Македонија.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

zatvor

Приведен охриѓанец кој пред два дена избегал од струшкиот затвор

Затвореник, кој во саботата избегал од Струшкиот затвор, приведен е синоќа на плоштадот во Охрид, соопшти СВР Охрид.-На плоштадот „Крушевска Република“ во Охрид, синоќа во 19 часот, приведен и од слобода е лишен 46 годишен охриѓанец, изјави портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.Лицето, додаде тој, е спроведено во Казнено – поправната установа Затвор- Струга, од каде избегал на 20 февруари во 23 часот.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

mijalkov

Распишана и меѓународна потерница за Сашо Мијалков

Распишана меѓународна потерница за поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалкоив, кому судот вчера му одреди мерка куќен притвор пред пресудата за „Таргет-Тврдина“.„Од страна на надлежното Министерство за внатрешни работи до Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, претпладнево е поднесено барање за согласност од судот за распишување меѓународна потерница за обвинетиот, на кој во текот на вчерашниот ден му беше определена мерка куќен притвор со 24 часовен надзор по негово пронаоѓање, односно лишување од слобода. Кривичниот совет веднаш по приемот на барањето има донесено решение за согласност за распишување меѓународна потерница од страна на МВР и истото е доставено до барателот“, се наведува во соопштението од судот.фото: The world news platform

Македонија | пред 5 години

mijalkov-2

МВР распиша национална потерница по Сашо Мијалков

МВР распиша национална потерница по  екс директорот на УБК Сашо Мијалков,  кого го нема од вчера попладне откако полицијата го бараше да му го врачи решението за куќен притвор.„Мијалков Сашо, од татко Јордан , мајка Милка, роден на 15.09.1965 во Скопје, со живеалиште на ул.Народен Фронт бр.5-31 во Скопје,  се бара по наредба за распишување на потерница на Основен суд Скопје 1 КОК – КР бр.56/21, а врз основа на решение на судот со кое му е определена мерка куќен притвор, поради постоење на основано сомневање дека сторил кривично дело – “Злоупотреба на службената положба и овластување“ од чл. 353 , кривично дело “Злосторничко здружување “ од член 394 и кривично дело “Примање награда за противзаконито влијание“ по член 359 од КЗ.“, се вели во објавата на МВР.фото: PRTS МВР

Македонија | пред 5 години

mijalkov

МВР го следеле сигналот од мобилниот на Мијалков, апаратот бил во домот, но не и Мијалков

Поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков не бил во неговиот дом на Водно кога полицијата вчера попладне пристигнала за да му врачи решение за куќен притвор, но во домот бил неговиот телефонски апарат, чиј сигнал бил следен, дознава Фокус од добро упатени извори вклучени во истрагата.Според сознанијата до кои дојде  Фокус  , во текот на вчерашниот ден Јавното обвинителство доставило писмено известување до Министерството за внатрешни работи дека Мијалков планира бегство поради високата затворска казна што ја очекувал во предметот за масовното прислушување „Таргет-Тврдина“, по што биле преземени техничко-оперативни мерки.Врз основа на телефонскиот сигнал, велат соговорниците за ФОКУС, се верувало дека Мијалков е дома, меѓутоа на крајот се испоставило дека возилото со кое патувал телефонот не било управувано од Мијалков.Текстот во целост на: Фокус

Македонија | пред 5 години

zaev

Заев: Се случи уште едно бегство, ќе побарам одговорност

Премиерот Зоран Заев денеска пред Кривичниот суд истакна дека разочаран што се случи уште едно бегство во земјава, говорејќи за бегството на поранешниот шеф на тајната полиција, Сашо Мијалков.„Народот бара правда, а се случи уште едно бегство. Исто како и целиот наш народ така и јас секако сме разочарани од тоа што сѐ уште не е пронајден и не е приведен, односно не е однесенo во домашен притвор лицето Сашо Мијалков“, истакна претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев во изјавата за медиумите, и ја изрази својата, како и загриженоста на граѓаните што сѐ уште не е лоциран човекот за кого вчера е изречена мерка домашен притвор за случајот „Таргет-Тврдина“.„Барам веднаш да постапат институциите и да направат пронаоѓање на Сашо Мијалков и да ја спроведат судската пресуда. Убеден сум дека тоа може да се спроведе. Очекувам детално информации од надлежните институции под извршната власт, а тоа е МВР, како и очекувам комплетно детали со истрага за самиот случај од судот, од ЈО и од МВР. Целосно нашиот народ очекува расветлување на ваквиот случај и секако понесување одговорност доколку не се спроведе судското решение“, нагласи премиерот Заев. фото: Архива 

Македонија | пред 5 години

bolnica-ohrid

Разрешен и суспендиран секретарот на болницата во Охрид

Директорот на охридската болница денеска ќе го разреши и суспендира секретарот на болницата, кој спротивно на Националниот план за ковид имунизација се вакцинира преку ред во модуларната болница на КИБФС во Скопје, соопшти Министерството за здравство.„ Министерството за здравство ја осудува секоја злоупотреба и прекршување на приоритетните групи опфатени во трите фази на ковид имунизација. Укажуваме дека никој кој не е здравствен работник, опфатен во првата група, од првата фаза за имунизација, не смее да се вакцинира. Министерството за здравство апелира до сите здравстени установи, кои ги изготвуваат списоците за вакцинација и ги испраќаат до националниот систем „Мој термин“, дека за непочитување на планот и стратегијата за вакцинација, како и за секоја злоупотреба на процесот ќе следуваат строги санкции“ порачуваат од министерството.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

15012021_PVRSM_Zaev_intervjuKapital-2

Заев: Одлуката на ЛДП е легитимна, но коаклицијата е повредена

Премиерот Зоран Заев за одлуката на ЛДП во која  соопштија дека ќе има самостоен настап во Парламентот и јавноста, рече дека тоа е легитимно право, но коаклицијата е повредена и тој нивниот потег го доживува како удар врз СДСМ.„Право на ЛДП е да ги носи одлуките за нивното однесување во парламентот. Ние вчера искомунициравме преку генералниот секретар на СДСМ и кажавме дека ова што го правии ЛДП е удар врз СДСМ. Можеа да почекаат петнаесетина дена, не мораше да го прават сега. Ова ние го чувствуваме како повредување на коалицијата. Во околности кога опозицијата тврди дека може да формира мнозинство, а власта тврди дека тоа апсолутно не е возможно, ваквиот исчекор од страна на ЛДП апсолутно е испраќање на јасна порака којашто е повредување на коалицискиот или заедничкиот настап“, истакна Заев.фото: Архива 

Македонија | пред 5 години

eurostandard

Здружение на оштетени штедачи на Еуростандард банка: Оставени сме на работ

Од Здружението на оштетени штедачи на Еуростандард банка реагираат дека со затворањето на банката тие се оставени без лични парични средства.„Се работи за илјадници семејства кои се погодени и фирми кои во ова време на пандемија се соочија со проблеми со ликвидност и затворање. Верувавме во систем којшто не заштитува, ги доверивме нашите тешко заработени средства во финансиска институција лиценцирана, регулирана и контролирана од Народна банка. Еднаш покрадени од организираната кражба на нашите депозити во Еуростандард банка и сега повторно покрадени во стечајната постапка. Согласно член 163 став 3 од Законот за банки, на државниот Фонд за осигурување на депозити му се дава првенство, односно монопол во наплата на побарувањата во однос на физичките и правни лица депоненти на банка во стечај, кои на ваков начин се ставени во нерамноправна положба и се директно оштетени“, информираат од здружението.Додаваат дека се, како што велат „ уникатен пример за рушење на темелните вредности на уставниот поредок на државата“.Според нив, јавноста треба да знае дека ниту една од 2.000 фирми депоненти на банката не добила ниту денар обештетување од Фондот.Велат дека единствена институција во државата која може и треба да ја реши ситуацијата е Уставниот суд.„Во пресрет на седницата на Уставниот суд, што е закажана да се одржи оваа среда, на којашто како прва точка од дневниот ред e ставена иницијативата за оценка за уставноста и законитоста на предметниот член од Законот за банки, Здружението на оштетени физички и правни лица на Еуростандард банка ‘Правда за штедачи’ сака јавно да изрази надеж во владеење на правото и заштита на темелните вредности на оваа држава заштитени со Устав“, информираат од здружението.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

ulici-skopje

Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Бараме повлекување на точката за преименување на улици, денес блокада на булеварот Трајковски во знак на револт

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата бара повлекување на точката за преименување на улици во градот Скопје што на утрешната седница на советот ќе се најде на дневниот ред.Не е почитувана процедурата за менување на имињата. Не е одржана јавна расправа во која ќе бидат консултирани релевантни авторитети и институции за адекватноста на самите имиња. Спроведена е само анкета која нема никаква релевантност во целиот процес.Шилегов со предлозите за менување на имињата на улиците прави идентитетско обезличување на Скопје и скопјани. Меѓу имињата кои ќе се сменат се Теодосиј Гологанов, Борис Сарафов, Мајка Тереза, Христо Батанџиев, Киро Глиглоров, Борис Трајковски...Во организација на Градскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ од 13 до 14:30 часот ќе се блокира булеварот Борис Трајковски во знак на протест против преименувањето на улиците, велат во соопѓтението од Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата.фото: Архива

Скопје | пред 5 години

korona-test

Турски државјанин обвинет затоа што прикажал фалсификуван ПЦР тест за коронавирус

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против државјанин на Република Турција, осомничен дека сторил кривично дело – Фалсификување исправа од член 378 став 1 од Кривичниот законик.Обвинетиот 32-годишник, на 17 февруари на граничниот премин на Меѓународниот аеродром – Скопје, при пријава за излез од државава, употребил медицински сертификат за извршено тестирање за SARS-CoV-2 (ПЦР тест). На сертификатот стоело дека е издаден од една лабораторија во Скопје, иако обвинетиот знаел дека воопшто не се тестирал. При проверка службите утврдиле дека таа лабораторија не го издала сертификатот, односно дека сертификатот е фалсификуван.​фото: Архива

Македонија | пред 5 години

platformata

Македонската туристичка берза за дојдовен туризам годинава на интернет платформа

Во отсуство на саеми за туризам, за разлика од претходните години, петтата по ред македонската берза за дојдовен туризам ќе се оддржи на интернет платформата mtb.org.mk, велат од Националната асоцијација за дојдовен туризам на Македонија, кои се воедно и организатори на истата.Виртуелниот настан ќе се оддржи на 25-ти и 26-ти февруари, каде свое учество може да земат сите тур-оператори/туристички агенции кои работат во доменот на дојдовниот туризам, хотели, ресторани, превозници и туристички атракции. Предноста од учеството е тоа што ќе може да ги промовираат своите услуги и производи пред странските тур оператори, да разговараат со нив и да стекнат нови контакти кои ќе им помогнат во натамошна соработка.Оваа година настанот нема да се разликува по обем, туку само по начинот на реализација.Организаторите се задоволни од досегашната заинтересираност зашто говори големиот број на пристигнати апликацииите за приклучување кон берзата. Впрочем, со самото учество, сите присутни ќе добијат исклучително вредни совети за тоа како да се искористат предностите на дигитализацијата во туризмот. Ќе ги слушнат новите глобални трендови презентирани од потврдени светски експерти во областа на туризмот а, најважно од сѐ, ќесе запознаат сонови потенцијални соработници.Постојат различни можности за компаниите, во зависност од нивниот интерес. Нашата платформа нуди можност да ги промовираме нивните понуди пред странските тур оператори, да закажуваат состаноци со нив, да разменуваат контакти и мислења и да слушаат предавања од врвни светски ескепрти кои ќе зборуваат за она што може да го очекуваме во иднина, вели Влатко Сулев кој е претседател на НАИТМ.На платформата, што веќе е активна и ги очекува останатите апликации, може да се забележат шест потврдени врвни имиња кои ќе имаат свои предавања. Дел од нив се Френк Мар– специјалиство дигиталната сфера, Тине Мурн- основач на „Мајнбранд УК“, Марлон Ван Хее- експерт за туризам, тренер за извозен туризам и проект менаџер.Берзата ќе трае два дена, но контактите и стекнатото знаење ќе останат многу подолго. Ние, како организатори, успеавме да договориме голем број реномирани имиња кои ќе ни го пренесат нивното знаење со цел да бидеме во тек со актуелните случувања во туризмот. Од друга страна пак, успеавме да изградиме одчична база на странски компании од туристичкиот сектор кои ќе бидат присутни на самиот настан. Ова е одлична можност за сите да го промовираат она во што се најдобри, додава Сулев.Организаторите велат дека присутните компании ќе го чувствуваат придобивките во текот на целата година. Платформата ќе функционира и по завршувањето на берзата, а регистрираните компании ќе добиваат нови информации од сферата на туризмот.фото: Националната асоцијација за дојдовен туризам на Македонија

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања