(ВИДЕО) Искршени светилки кај Билјанини извори
Несовесноста кај некои поединци сеуште трае. Искршени се поставените светилки крај пешачката патека во каналот Студенчишта.
Македонија | пред 5 години
Несовесноста кај некои поединци сеуште трае. Искршени се поставените светилки крај пешачката патека во каналот Студенчишта.
Македонија | пред 5 години
„Џабе сите станови, мерцедеци, чалами, кога ти го зедоа чаламот“, вели новинарот Миленко Делековски, во обраќањето на Фејсбук емисија посветена на бегството на Сашо Мијалков, кого синоќа полицијата неможеше да го пронајде за да му го врачи решението за домашен притвор.Миленко прашува сега што ќе прават оние кои во саботата правеа некаква собиранка, сакајќи да организираат вонреден конгрес на ВМРО ДПМНЕ, затоа што финансиерот си замина. ТВ21 објави дека забележале обвинетиот во „Таргет-Тврдина“ вчера, недела, околу 14 часот во кафе барот „Дистрикт“ во хотелот „Мериот“. Мијалков седел на првата маса од влезот кој се наоѓа од страна на Плоштадот Македонија заедно со Ивица Коневски, еден од најгласните говорници и организатори за вонреден конгрес на ВМРО ДПМНЕ.Неделковски вели дека кога увидел Мијалков дека немаат поддршка за конгресот, му останал чекорот бегство од земјава. Миленко постави прашање дали сега полицијата ќе го сослуша Ивица Конески?Неделковски тврди дека има и информација каде е и на каде оди Сашо Мијалков во моментов за кој вели дека си ги понел и финасиите со себе.Миленко трврдите дека Мијалков избеган преку Бугарија, дека оваа е транзит држава во правец на земјите од Заливот. Вели не сум сигуерен дека ќе оди во Дубаи, затоа што преку туристичките агенции таму има многу наши луѓе, а Мијалков е препознатлива фигура, но сепак станува збор за некоја од заливските земји, каде тешко доаѓа до испорачување и каде е доволно да се има убава врска со некој од принцовите.Онаку каде што оди Мијалков го гледаат како „банкомат“, вели Неделковски. Таму тој ќе ја плаќа слободата.ЕМИСИЈАТА НА МИЛЕНКО НЕДЕЛКОВСКИ може да ја погледнете на овој линкИнаку новинарот Милeнко Неделковскина 3 ти февруари во своите видео обраќања истакна дека во текот на втора половина на јануари од правосудните органи почнала да излегува информација дека на 15 февруари (за што погреши само со неколку денови) ќе биде приведен Сашо Мијалков, за што денеска вели дека оваа информациоја многу малку медиумски куќи ја објавиле, затоа што не им се верувало дека Мијалков навистина ќе биде уапсен.Миленко во истата емисија кажа дека најдобриот дописник од Македонија и пошироко, Бобан Нонковиќ уште одамна ги предупредупредувал Никола Груевски и неговите најблиски советодавци како и Сашо Мијалков, дека западот имаат дадено директна наредба да после сите збиднувања во земјава, дека еден од нив мора да лежи затворска казна.фото: Архива
Македонија | пред 5 години
Сашо Мијалков е недостапен за Министерството за внатрешни работи, а екипата на ТВ21 последно го виде вчера (21.02.2021) во кафе барот Дистрикт, Мериот.Седеше на првата маса од влезот кој се наоѓа од страна на Плоштадот Македонија. Надвор од објектот и внатре имаше неколку лица кои го обезбедуваа.На маса беше заедно со Ивица Коневски, разговараа околу половина час. А потоа, Коневски си замина, а по извесен период и Мијалков. Влезе во хотелот Мериот, за по 10-тина минути да го напушти хотелот.Екипата на ТВ21 остана во Дистрикт, а до крајот додека бевме таму, тој не се врати.Инаку, полицијата, попладнето не успеала да му го врачи решение за куќен притвор, како мерка за претпазливост, кое на барање на обвинителството викендот го донесол Кривичниот суд.
Македонија | пред 5 години
Сите локации каде би можело да се наоѓа ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков се опколени со полиција, јавува „А1он“. Единствено е тивко пред хотелот „Мериот“.Погледнете ја обиколката на „А1он“:Пред домот на Мијалков се службеници на ЕБР.
Македонија | пред 5 години
МВР издаде потерница за поранешниот директор на ДСК Сашо Мијалков. Алсат од извори во полицијата дознава дека телеграмата е испратена до сите гранични премини.МВР се сомнева за можно бегство на Мијалков пред изрекувањето на пресудата за случајот „Таргет-Тврдина“ .фото: Архива
Македонија | пред 5 години
Поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков не е во неговиот дом на Водно. Фокус од извори во МВР, објави дека полицијата го бара и во хотелот Мериот, во косопственост на компанија на неговиот син.Неофицијално, Министерството за внатрешни работи размислува да распише потерница.Текстот во целост на: Фокус
Македонија | пред 5 години
Либерално-демократската партија има донесено одлука за самостојно делување на своите пратеници Моника Зајкова и Боби Мојсоски на седница на Централниот одбор на партијата уште од месец август 2020 година, но сеуште не е реализирана од објективни причини.- Како партија донесовме одлука уште пред седум месеци за самостојно делување во македонскиот Парламент заради подобро претставување на либералните вредности и поголем простор на делување од страна на нашите пратеници. Тоа за нас претставува демократски потег и не е поврзано со дневно политички теми. Оставивме доволно простор за имплементација на оваа одлука. ЛДП како и нејзините пратеници и понатаму ќе продолжат да ја поддржуваат Владата а тоа ќе се потврди и со гласањето на доверба на министрите Љупчо Николовски и Бојан Маричиќ, велат од Либерално-демократската партија.Од партијата додаваат дека во следниот период одлуката ќе се реализира и ќе делуваат како и останатите либерали во парламентите низ Европа.фото: Архива
Македонија | пред 5 години
Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, од вечерва е во куќен притвор, неофицијално дознава Фокус, од доброупатени извори.Според Фокус досегашните мерки на претпазливост му се сменети со куќен притвор, по барање на обвинителството за случајот Таргет и Тврдина.Во моментов пред домот на Мијалков има зголемено присуство на полиција.извор: Фокусфото: ИНФОМАКС
Македонија | пред 5 години
Вистинска драма се случувала во Порта Влае, поточно на семафорите кај надвозникот „Влајко“, дознава „Плусинфо“Засега непознати лица со друго возило го попречиле патот на автомобил марка „Голф 5“ и целосно го демолирале.Според зборовите на очевидците од местото на настанот, се сѐ случувало многу бргу, напаѓачите откако го сопреле возилото, излегле од нивниот автомобил и со палки во рацете почнале да удираат и ги искршиле сите стакла. Откако завршиле со нападот тие влегле во нивното возило и избегале.Текстот во целост на: Плусинфо“фото: Плусинфо
Скопје | пред 5 години
На автопатот Тетово-Гостивар во 2:30 часот по полноќ, на 20 февруари, се случила сообраќајна незгода во која 34-годишниот Т.Т. од Тетово управувајќи автомобил „голф“ со тетовска регистарација, удрил во полициска службеничка.Како што информираат од МВР, „голфот“ најпрво удрил во полициски автомобил „шкода јети“, кој обезбедувал место каде претходно се случила сообраќајна незгода, а потоа и во полицајката.Таа било итно пренесена во клиничката болница во Тетово каде и биле констатирани повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од тетовската полиција.фото: Архива
Македонија | пред 5 години
Денес се собрани нови 20 илјади потписи против фалсификат на пописот кој на сила го турка власта. За два дена собрани се 45 илјади потписи.Благодарност до секој еден граѓанин за поддршката. Никој повеќе го нема правото да го игнорира народот, затоа што народот е силата, енергијата и кај него е вистината. 45 илјади потписи за вистински попис. Но и многу поширока порака за власта, која ако сега не ја разбираат, ќе ја разберат многу скоро.Македонската пролет доаѓа, напиша на својот ФБ профил претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Македонија | пред 5 години
Денеска, 18 организации од земјата подржани и од македонските организации од Канада, Америка, Австралија и Европа потпишаа Повелба за стратешка соработка против фалсификување на пописот и негово одложување поради КОВИД - 19.Претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев на настанот истакна:-„Убаво е чувството што ние од Единствена Македонија сме заедно со националните и патриотските сили кои секогаш се на првата линија во одбрана на највисоките национални и државни интереси.Но, чувствата се поматени оти повторно сме исправени пред предизвикот да водиме битка од немерливо значење за Татковината. На повидок е фалсификување на попис во април со кој Македонија дефинитивно го губи темелот на државноста а кој може да има и живото- загрозувачки последици во услови на здравствена криза.Јас сум убеден дека ќе ја добиеме и оваа битка, како што заедно со народот сите што сме тука ја добивме референдумската битка со големата референдумска победа во септември 2018.Ќе успееме и во оваа битка да спречиме попис односно да го направиме неуспешен со мал процент на попишување од граѓаните и да и покажеме на власта дека не признаваме нелегален, нелегитимен, криминален и живото-загрозувачки попис во тешка здравствена криза.Денеска на конкретен начин покажуваме дека сме на страната на народот.Секој обид за фалсификување на пописот и загрозување на здравјето ќе го сметаме за велепредавство спрема Републиката, за што, одговорност мора да има.Ние мора да го спречиме лудилото на власта да го фалсификува пописот и да спроведе попис во тешка здравствена криза.Почитувани пријатели, судбина ни било добар дел од својот живот да го посветиме во борбата за Македонија, еве сега пак ќе водиме кампања за да го спречиме лудилото на власта да го фалсификува пописот и да спроведе попис во тешка здравствена криза.Но, ништо неможе да не поколеба кога се работи за Македонија.Ќе ја победиме марионетската власт во Битката за пописот како што ја победивме и во Битката за референдумот. Нашата борба продолжува се додека не си ја вратиме државата назад.Битката за Македонија никогаш не запира!Да живее Република Македонија, се вели во соопштението од Центар за комуникации на Националниот Блок „Не отворам врата“.фото: Единствена Македонија
Македонија | пред 5 години
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев и заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања и координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, министерот за економија Крешник Бектеши, заедно со градоначалникот на Општина Пробиштип, Драган Анастасов ја посетија словенечката фабрика „ТАБ МАК“ за оловно-киселински акумулатори во Пробиштип.Премиерот Заев истакна дека оваа компанија од индустриската дејност, дури 97 проценти од производството го пласира на странскиот, главно европски пазар.„Од разговорите со менаџментот добивме информација која дава мотивација дека состојбата во секторот е стабилна со тенденција за натамошен раст и развој. Пандемијата секако дека имаше влијание на производството во првата половина на 2020 година, како и во целиот свет, но „ТАБ МАК“ успеа до крајот на 2020 година да надополни со вкупно производство на стартер акумулатори од 1,5 милиони парчиња, што е 5% повеќе во однос на претходната 2019 година.Дека влегуваме во фаза на развој е и самата потврдата на компанијата која за годинава планира двојно да го зголеми производството на 3 милиони парчиња на стартер акумулатори. Дополнително до крајот на 2020 година, работеа 452 работници, а сега се 465 со тренд на натамошен раст“, изјави Заев и додаде дека Владата ги охрабрува во амбициите да го зголемуваат производството, да извезуваат, да отвораат нови работни места, а со тоа да влијаат и во подобрување на севкупниот деловен амбиент во земјава.Премиерот истакна дека „ТАБ MAK“ е една од компаниите која ги искористи можностите на Законот за финансиска поддршка на инвестиции и мерките од Планот за економски раст и потпиша пет годишен договор за државна помош со што ги забрза инвестициите.„Целиот инвестициски циклус до крајот на минатата година изнесува над 20 милиони евра. Само минатата 2020 година и покрај пандемијата инвестираа 9,4 милиони евра и со тоа ги завршија започнатите инвестиции од претходната година. Инвестициите ги насочуваат во проширување на производството на стартер акумулатори и тракциски ќелии како и во проширување на дополнителната потребна инфраструктура за производство. Со низа мерки и во петтиот пакет економски мерки вреден 160 милиони евра ги поддржуваме компаниите од сите дејности, граѓаните, како и извозно ориентираните дејности.За извозните компании покрај намалувања и укинување на царинските стапки, на располагање е и финансиска поддршка преку основање Фонд за поддршка на извозни компании во висина од 10 милиони евра, кој ќе се воспостави преку Развојната банка на Северна Македонија. Се работи за евтини кредитни продукти за компании кои најголемиот дел од своето производство го извезуваат.Дополнително со кредити со 0% камати за компаниите од останати дејности како туризам, занаетчиство, угостителство, транспорт, индустрија за организација на настани,приватните здравствени установи преку Развојната банка на располагање се 10 милиони евра, за кои може да аплицираат во 2021 година“, додаде Заев.Градоначалникот на Пробиштип Анастасов рече дека словенечката инвестиција „ТАБ МАК“ е еден од виталните столбови на економијата во градот гледано наназад во минатото, но и денес."Мене како градоначалник ме радува тоа што компанијата „ТАБ МАК“ потпиша договор со Владата за користење на субвенциите, а којшто се однесува на развој и проширување на самата компанија. Ваквите инвестиции и тoa како се од витално значење за економијата на локално, но и на државно ниво.Дополнително кон подобрување условите за инвестиции, Општина Пробиштип обезбеди средства и за уште еден проект од којшто ќе има бенефит и оваа компанија, а тоа е приклучување на индустриската зона Неокази со техничка вода, со што директно се подобруваат условите за компаниите коишто се лоцирани и ќе бидат лоцирани во оваа индустриска зона", изјави Анастасов.Компанијата „ТАБ МАК“ произведува стартер акумулатори за сите видови возила, како и тракциски ќелии, односно акумулатори за виљушкари.фото: Влада
Македонија | пред 5 години
Ја поздравувам иницијативата за одбележување на меѓународниот ден на мајчиниот јазик, што во овие актуелни случувања добива поинаква и поголема важност особено поради потребата за заштита на нашиот македонски јазик, но и поради фактот што оваа година се одбележуваат и 100 години од раѓањето на големиот Блаже Конески кој преставува еден од најсилните темели и чувари на огништето на нашиот литературен јазик.Нашиот јазик е нападнат, затоа што е нападнат идентитетот. А се што треба да направиме е да слушаме што кажуваа мудрите луѓе, што пишуваше Конески.– Послушајте, Македонци! Бидете на штрек пред сите „правни“ диверзии, од каде и да идат! За нас повеќе отколку за многу други во светот, јазикот претставува, со се што е на него создадено, како говорен и пишуван текст, најголемо приближување до идеалната татковина, тој е, всушност како што вели Конески "единствената наша комплетна татковина", истакна Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ и додаде:И ние, се разбира, секогаш треба да реагираме на ширењето на невистини и да го запознаваме светот со историските реалности. Меѓутоа, најефикасна реакција ќе биде нашето почитување на сопствената традиција и сопствените постигања на јазичкото поле. Ние не располагаме со комоција, за да си допуштаме во тој однос лекомислености. Ниту пак поделби. Ја немаме ниту комоцијата повеќе да дозволиме Влада која евтино ќе продава тоа што е скапо стекнато. Со животи, крв и страдања напишано, истакна Мицкоски.Претседателот на ВМРО ДПМНЕ пред присутните додаде дека се‘ додека го чуваме, го негуваме, го вардиме, го гледаме јазикот наш македонски – ќе може да сметаме дека ја имаме и татковината. Како куќа, како дом, како огниште. А ова огниште е на сите, и верувајте ми има место за сите.Мицкоски вели:Јас не можам да се лутам на соседите, на Бугарија или Грција колку што вината е на првиот човек на нашата влада во Македонија кој на пазарџиски кантар стави се што за нас е свето. Без оглед тоа што тој вели дека идентитетот е бетон, неговите зборови и ветувања стануваат ирелевантни, затоа што делата го демантираат. Навистина оваа наша генерација ја носи и фрустрацијата што не се додржува да се одбрани она што како наследство го добивме, било да е од Мисирков, Илинден, Партизаните, основачите на независна Македонија. Стекнатото го губиме, а ново не создаваме. А не додржуваме бидејќи државата е на удар од луѓе кои криминалот им е основно занимање, а политиката ја гледаат како челичен штит од правдата која никако да успее да пробие.Епа еве ви кажувам, нема штит, нема корумпиран судија или корумпиран обвинител кој ќе спаси корумпиран политичар од тоа за криминалот да одговара. И не ме интересира кој од која партија е, кој кого протежира е, за криминалот со чекан, а не со молење. Од првиот до последниот ќе се соочите со правдата за секое свое дело или отстапување од законите и Уставот. Таквиот криминал е опасен затоа што удира и по македонизмот. Што мислите зошто денес за само 4 години под прашање, под сомнеж, под удар ни е јазикот, посебноста, идентитетот, името, нашето постоење. Затоа што различно гледаме со власта, тоа што за мене е посвето од сите свети работи, за овие што ја водат власта е прашање на бизнис и пари. Не може едноставно не може премиерот најкорумпираниот премиер да е на чело на владата која пак е најкорумпирана во Европа, а тој така корумпиран со раката навалена на срце да вели дека е чесен. Народот веќе добро ги препознава тие игри и целосно е свесен за процесите.Таа корупција и таа состојба на криминализираност на се и сешто во нашето општество треба да ги загрижи многу повеќе и меѓународните фактори кои во овој човек во минатото затоа што не се мислеше да распродава се што некој нему му оставил, гледаа милениче кое постепено гледаме како им станува товар, затоа што никој па и тие не сакаат да си имаат работа со криминалец. Затоа што неговиот товар станува и нивен товар, неговиот срам може набргу да стане и нивен срам. Затоа и тие треба да реагираат за сето она што е акутна опасност во нашето општество, неправдата, сиромаштијата, неказнетиот криминал, истакна Мицкоски и додаде:На вчерашен ден 1943 година бил предаден, а потоа немилосрдно убиен македонскиот народен херој Раде Јовчевски Корчагин. Според овој човек, според Зоран Заев, Корчагин е убиен од администрацијата, а според историјата и вистината убиен е од тогашната бугарска фашистичка власт. Оваа дебата ја немавме пред некоја година, но денес го окупира целото наше внимание, затоа што откако разграбија се, остана да тргуваат со она што е сечие. Тргуваат со македонизмот како да е ситен добиток на распродажба. Го убиваат два пати и Корчагин. Жално и болно.Почнаа да си играат и со историјата и ја укинуваат како посебен предмет. А историската наука не може да им го откажува на едни тоа што на други им го признала како нешто што се подразбира само по себе си.Од друга страна го гледате и она како го прават салто мортале на Заев за законот за лични карти. Знаев дека ќе влезе во ново политичко харикири, зошто не е искрен и затоа што се напаѓа македонизмот и по таа линија. Прво поддржа во личните карти да пишува дека сме Македонци, потоа почна да се премислува, па ги пушти неговите платеници и слуги на дугме да готват терен да каже дека и можеби не е добро тоа да биде решението, па објаснуваше кој сакал прегратка без да се гушне, и други метафизики разбирливи само за него, ама остана труден и излезе на површина дека со тефтерчето реферира како покорно учениче кај грчкиот амбасадор за да праша дали може да пишува Македонец или Македонка во личните карти. Нормално бетонот распука и на оваа кривина.Но времето покажува дека на народот му е прекипено. Репер и цел ни е Европа, а според стандардот на живот од Африка не мрднавме. Во едно Зимбабве повеќе се вакцинира против корона отколку во Македонија. Лесото и Гвинеа се помалку корумпирани од Македонија.Владата се ниша и е на стаклени нозе. Владата и Заев ќе падне и мора да падне, вели Мицкоски.„За бадијала се и гумите за спасување што му ги фрлаат. Барем во изминативе месеци му ги видовме сите адути и оние скриени слуги во опозицијата. Остана верно ВМРО-ДПМНЕ на народот. Еден новинар ми вели сега сите се качија на еден ист брод, се собра дружината. Уценуваните и уценувачите. А Заев сакајќи да наштети на ВМРО-ДПМНЕ си стави уште еден тег на ногата. Епа Заев со здравје да си ги носиш. Си одговарате и по криминалот и по нечесноста. Ви кажувам сега доаѓа ураганот од народ кој ќе го потопи тој брод на кој сте собрани топтан.Доста. Доста е. Доста страда овој народ обременет со сиромаштија, негирања, декаденција. Кажете им доаѓа македонска пролет, која не подразбира само будење на природата, туку и будење на народот. Нов почеток, нова енергија, бунт на чесниот народ против нечесните, стануваат обесправените, против оние кои носат неправда. Оваа македонска пролет ќе биде посебна. Ова ќе биде чиста борба на народот против хибридниот режим. Ова е повик на сиромашните и гладните против оние кои полнат џебови на трудот на напатениот народ. Пролета доаѓа, а тоа значи дека ВМРО-ДПМНЕ е будно и на штрек. И дека Владата ќе падне брзо, затоа што и чесните луѓе на СДСМ гласно велат дека овие ја претераа“, истакна Мицкоски и додаде:Конески велеше „Какви предавства сме морале да издржиме, какви срамови, какви поруги. Боже, вели Конески се ќе помине, па и ова.Мораме да ја обезбедиме иднината. Мора да се излезе од тињата во која сите не ставија. Да ја направиме разликата, да го осветлиме патот заедно. Нели и во една песна стои "Власт е власт ама чест е чест", Мора да се прочисти политиката, има работи што се прашање на чест, заедно да се бориме, за да заедно победиме. Никогаш, ама баш никогаш не ме интересирала власт, моќ и функции, ме интересира да си ја спасиме и кренеме државата, да обезбедиме и создадеме иднина. Да го стопираме слободниот пад. Доаѓа ново време, доаѓа време на промени. Македонија е посилна од поразите, истакна претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.фото: Архива
Македонија | пред 5 години
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:Во последните 24 часа се направени 2.160 тестирања, а регистрирани се 254 нови случаи на ковид-19 во:Скопје – 111, Прилеп – 29, Кавадарци - 20, Охрид – 13, Неготино – 10, Битола – 9, Гостивар – 7, Куманово и Велес – по 6, Тетово и Гевгелија – по 5, Штип, Струмица, Струга и Ресен – по 4, Кочани, Делчево и Виница – по 3, Кичево, Дебар, Крива Паланка, Пробиштип, Кратово, Демир Хисар, Крушево, Богданци – по 1.Регистрирани се 151 оздравени пациенти од:Скопје – 86, Велес – 17, Прилеп – 15, Тетово – 7, Куманово – 6, Крушево – 4, Гевгелија – 3, Битола, Кичево, Виница, Кратово – по 2, Штип, Кочани, Дебар, Крива Паланка, Радовиш – по 1.Пријавени се вкупно 16 починати лица. Починати се 5 пациенти од Прилеп (83г, 75г, 75г, 73г, 49г), 3 пациенти од Охрид (85г, 83г, 77г), 2 пациенти од Скопје (78г, 62г) и по еден пациент од Куманово (76г), Крива Паланка (76г), Струга (68г), Гевгелија (75г), Кочани (83г) и Неготино (67г). Од пријавените смртни случаи сите се починати во болнички услови.Направени се 2.160 тестови преку: ИЈЗ-521, ЦЈЗ Скопје-45, Авицена-274, Биотек-263, Жан Митрев (Филип Втори)-137, Систина-234, Лаор–316, МАНУ-0, Судска медицина-3, ЦЈЗ Битола-100, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-2, ГАК-0, Синлаб-75, Ремедика-0, ИБЗД Козле-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 190, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-0, лаборатории од странство-0.Досега во земјата се направени вкупно 502.711 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 99.285, бројката на оздравени пациенти е 89.400, на починати е 3.063, а бројот на активни случаи изнесува 6.822.Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)Скопје 43342, активни 2973Куманово 5451, активни 213Тетово 5343, активни 234Прилеп 5111, активни 483Гостивар 3730, активни 122Штип 3606, активни 98Битола 3366, активни 140Велес 3355, активни 227Охрид 3131, активни 402Кавадарци 3110, активни 486Струмица 2661, активни 159Струга 2355, активни 176Кочани 1785, активни 48Кичево 1758, активни 61Гевгелија 1129, активни 134Неготино 1112, активни 132Свети Николе 1100, активни 24Ресен 795, активни 68Дебар 788, активни 43Крива Паланка 785, активни 53Радовиш 743, активни 40Делчево 723, активни 233Берово 634, активни 32Пробиштип 530, активни 23Виница 511, активни 22Валандово 351, активни 23Кратово 266, активни 33Демир Хисар 258, активни 13Крушево 253, активни 48Македонски Брод 251, активни 7Богданци 246, активни 22Демир Капија 234, активни 33Македонска Каменица 193, активни 5Пехчево 184, активни 3Дојран 95, активни 9Вкупно 99285, активни 6822фото: Архива
Македонија | пред 5 години
По повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик – 21 февруари, Општина Центар распиша литературен конкурс за учениците од основните училишта во Центар на тема „Моето детство во пандемија“.Идејата за литературниот конкурс беше инспирирана од глобалната здравствена криза со коронавирусот и нејзиното влијание врз психолошката состојба кај учениците и нивните промени во однесувањето. На конкурсот учествуваа ученици од сите осум општински училишта во Центар, односно, ученици од одделенска настава од трето до петто одделение и ученици кои посетуваат предметна настава.„Сметавме дека овој литературен конкурс ќе ги поттикне учениците да творат и на креативен начин да ги искажат негативните емоции предизвикани во време на пандемија. Би сакал да им честитам на првонаградените ученици и нивните ментори за успешната работа“ – изјави градоначалникот Саша Богдановиќ.Општина Центар награди вкупно 16 ученици, кои добија Благодарници за нивната успешна работа и подарок книги од Просветно дело, како поддржувач на општинскиот литературен конкурс.Со почетокот на второто полугодие од учебната година, Општина Центар во соработка со педагошко - психолошките служби во основните училишта во Центар, започна да спроведува тематски часови и консултативни средби со учениците и родителите. Целта е стручните служби да разговараат за актуелни и чувствителни теми, како и насоки за позитивно однесување за полесно справување со последиците од коронавирусот.фото: Општина Центар
Скопје | пред 5 години
„Eдна третина од пациентите со Ковид 19 имаат нарушена црнодробна функција, а оние кои имаат цироза на црниот дроб за 32 отсто имаат поголеми шанси за смртен исход од вирусот“, истакна д-р Бети Тодоровска од Клиниката за гастроентерохепатологија на редовните онлајн едукации кои секој недела ги организира Лекарската комора на РСМ со цел да се оствари подобра комуникација и размена на искуства и сознанија меѓу лекарите од сите нивоа на здравствениот систем за унапредување на третманот на пациентите со Ковид-19.Претседателот на Лекарската комора проф. д-р Калина Гривчева Старделова која беше модератор на настанот истакна дека имајќи во предвид дека Ковид-19 е системско заболување, тоa може да предизвика оштетувања и на црниот дроб и на гастроинтестиналниот систем, за што во почетокот на пандемијата постоеја помалку информации и податоци, но сега веќе лекарите овие манифестации полесно ги препознаваат и успешно ги лекуваат.Оштетување на црниот дроб кај заболен од Ковид 19 може да настане поради директно токсично дејство на самиот вирус или преку имунолошки механизам познат како цитокинската бура. Црниот дроб страда и кога не добива доволно кислород (хипооксија) во случаите на нарушена работата на срцето и на белите дробови, но тој може да се оштети и од лековите кои се даваат во третманот на Ковид-19, како што се антипиретиците и антивирусните лекови. Вирусот кај пациентите со хронична болест на црниот дроб може да предизвика нејзина значителна прогресија и влошување.„Ковид-19 најчесто предизвикува хепатоцелуларно оштетување на црниот дроб, при што се зголемуваат трансаминазите (AST, ALT), а поретко се работи за холангиоцелуларна оштета, при што се покачуваат холестатските ензими (GGT, ALP), но за среќа, ретки се случаите каде овие оштетувања доведуваат до акутна црнодробна слабост", истакна д-р Тодоровска.Научните истражувања покажуваат дека пациентите кои имаат неалкохолно замастен црн дроб и кои се заразени со Ковид-19 имаат стабилен тек на болеста во 80 отсто од случаите, но оние кои имаат и покачен крвен притисок, дебелина или дијабетес мелитус тип 2 развиваат потешка клиничка слика на Ковид-19. Оваа категорија на пациенти се повеќе склони и кон појава на оштетување на црниот дроб предизвикано од лекови.Пациентите со црнодробна цироза имаат за 32 отсто зголемен ризик од смртен исход од Ковид-19.„Пациентите со цироза на црниот дроб кои се Ковид-19 позитивни задолжително треба да се хоспитализираат, потребно е активно мониторирање на влијанието на антивирусната терапија врз црнодробната функција, како и активен третман на компликациите поврзани со цирозата“, објаснува д-р Тодоровска.Важно за исходот на лекувањето е пациентите со веќе дијагностицирана црнодробна болест строго да се придржуваат кон вообичаените правила за заштита од Ковид-19 и редовна да ја примаат препишаната терапија. Д-р Тодоровска препорачува дека лекарите треба задолжително да ги следат црнодробните тестови кај сите заболени пациенти од Ковид-19, со особен осврт кон пациентите со претходно дефинирана црнодробна болест, додека пак оние со цироза на црниот дроб веднаш да бидат испратени на болничко лекување поради ризикот од лош исход.Се уште нема јасни препораки околу вакцинацијата на пациентите со хронично заболување на црниот дроб, но со оглед на ризикот од летален исход кај пациентите со црнодробна цироза сепак мора да мислиме на заштита на оваа вулнерабилна група на пациенти.„Со оглед дека вакцините на Моderna, Pfizer/BioNTech и AstraZeneca не содржат ниту жив, ниту ослабен вирус, се чини малку веројатно дека имунизацијата претставува закана по безбедноста за пациентите со црнодробна цироза. Од друга страна, кај пациенти кои имаат имунокомпромитирана состојба или пак примаат имуносупресивна терапија, како што се оние со автоимуна болест на црниот дроб и со трансплантиран црн дроб, генерално не се препорачува да примаат вакцина заснована на т.н. mRNA технологија" порачува д-р Тодоровска.фото: Лекарска комора
Македонија | пред 5 години
Проблемите во едно семејство, како што е ВМРО-ДПМНЕ, не треба да ги решаваме преку јавниот дискурс, туку внатре во семејството, да излеземе обединети, да бидеме вистинска алтернатива, да бидеме партија на решенија, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски во интервју за Радио Слободна Европа.На прашањето за измената на законот за лични карти, Муцунски вели: Беса со СДСМ. Зошто за ВМРО-ДПМНЕ е важно да ја пишува етничката припадност во личните карти?-Јас малку поинаку би го гледал ова прашање. Деновиве се отвора оваа тема и во политичкиот дискурс и е меѓу најактуелните теми во државата и како да ние доколку утре прифатиме во личните карти да постои изразување на припадност кон етничка заедница ние го нарушуваме граѓанскиот концепт на државата. Граѓанскиот концепт на владеење во една држава е напуштен многу одамна во Република Македонија. Доколку ние навистина сакаме да се движиме кон граѓански концепт ова не е најгорливото прашање. Нашиот Устав, нашиот политички систем и нашата внатрешна политика култура водат кон етнизација на ова општество.Тоа го нема како решение во ниту една земја-членка на Европската унија. Во некои земји го имале во минатото, па заклучиле дека не е добро решение да има етничка припадност па го тргнале. Го има на пример во Кина.Радио Слободна Европа: Има сега таква атмосфера во ВМРО-ДПМНЕ и подготвеност да се слушне туѓиот став?Во таа насока јас би кажал дека нашата политика партија има статут, има и своевидна историја и традиција како политички субјект, но јас би рекол дека уште побитно е дека ние треба да воспоставиме високи етички и морални стандарди за како се однесуваме во рамки на партијата, бидејќи ако се однесуваме согласно тие највисоки етички и морални стандарди во партијата, партијата ќе биде уште толку поуспешна во убедување на граѓаните дека таа е вистинската алтернатива дека ќе донесе афирмативни промени во нашата држава. Но истовремено политика партија како таква е и една форма на семејство. Јас мислам дека за нашето семејство, колку и да не се согласуваме некогаш внатре, сите треба да бидеме внимателни што зборуваме надвор и да го почитуваме статутот на партијата кој што е највисок правен акт во партијата и да се водиме и при изборот на кадрите за раководство и при нашето однесување надвор и кон сите други субјекти и чинители во еден политички систем согласно највисоките етнички и морални стандарди кои сите ги знаеме кои се, тие се општо прифатени на глобални ниво, вели Муцунски за Радио Слободна Европа.Текстот во целост на: Радио Слободна Европа
Македонија | пред 5 години
Извидничко-поречанскиот одред „Галеб“ по повод Светскиот ден на извидниците, 22 февруари, доби на користење простории од Општина Аеродром, лоцирани на раскрсницата меѓу булеварите „АСНОМ“ и „Србија“.Градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, и претседателката на Советот, Ивана Цветковска, им ги предадоа клучевите од објектот на претставници на Старешинството на одредот.Извидниците ќе можат да го адаптираат овој простор кон своите потреби и да го користат за реализација на своите активности.„Извидништвото е особено значајно затоа што придонесува за физичкиот, менталниот и духовниот развој на младите луѓе, со цел тие да имаат конструктивна улога во општеството, притоа развивајќи ги вештините за снаоѓање во природа и во други сфери од живеењето, кои понатаму ќе им помогнат во животот“, истакна градоначалникот Марин.„Илјадници извидници во изминатите децении растеа и се развиваа во Општина Аеродром. Тоа се луѓе што од најмали нозе учат како да живеат во согласност со природата“, изјави претседателката на Советот, Цветковска.И оваа година ќе се одбележи Светскиот ден на извидниците со активности под мотото „Направи добро дело“. Извидниците и извидничките одреди реализираат активности на локално и национално ниво како крводарителски акции, помош во борба со Ковид-19 пандемијата, социјална помош за лицата на кои им е најпотребно, собирање донации, згрижување на улични животни, како и забавни активности за сите деца и млади.Општина Аеродром продолжува да ги поддржува младите и сите нивни активности, затоа што тие се нашата иднина.фото:Општина Аеродром
Скопје | пред 5 години
Премиерот Зоран Заев дал насоки за нарачка на 100 илјади вакцини Спутник V.„Да, би нарачале од Спутник, дадов насоки како што ме информираа дека има капацитет за уште дополнителни 100 илјади да нарачаме од таму нарачка. Значи се што постои од вакцина направивме нарачки, договори, воспоставивме контакти се со конечна цел процесот на вакцинација да не прекине“, рече Заев.Според премиерот дополнителна нарачка од 100 илјади вакцини која би го дополнила планот, не би создала вишок вакцини.„Оваа недела ги очекуваме првите информации дефинитивно од Европската Унија заради тоа што е крајот на февруари и нашиот директен договор со Фајзер што го имаме направено. Понатаму преку ковакс механизмот очекуваме последна недела од февруару и од Кина вакцини и конечно планот кој е направен за дополнителни нарачаки“, рече Заев.фото: Архива
Македонија | пред 5 години
Денеска министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, директорот на Бирото за јавна безбедност Саше Тасевски и градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев ги посетија децата и семејствата на загинатите бранители кои во одморалиштето на МВР во Пониква го минуваат зимскиот одмор .На средбата со децата и семејствата на бранителите министерот Спасовски го изрази своето задоволство што денеска има можност да се види со нив и да поразговараат околу актуелни прашања од важност за нив , истакнувајќи и во оваа прилика дека тој и раководството на МВР се нивни пријатели и поддржувачи и дека тоа партнерство бескопромисно продолжува и во иднина.„Вашите татковци, синови, сопрузи ,браќа , наши колеги и пријатели го заслужија своето место меѓу бесмртните, меѓу сите наши херои кои со своето највеличествено дело и залог - сопствениот живот - оставија вечна трага во историјата, но и во иднината на генерациите што доаѓаат. Нема држава во чии што темели не се вградени и животите на нејзините најдобри синови. Тоа со што нашите херои не задолжија се враќа само со дела, со хумани , професионални, благородни дела, со се она добро, чисто и честито заради што тие воопшто и ги положија своите животи. Ова ме задолжува мене како министер, и раководството на министерството за внатрешни работи но и сите останати институции да бидеме овде секогаш за вас, нивните најблиски и кога за тоа постои законска можност да направиме се што е во наша надлежност да одговориме позитивно на вашите барања “ рече министерот Спасовски денеска пред децата и семејствата на бранителите во Пониква.фото: МВР
Македонија | пред 5 години
Пет лица од Скопје учествувале во тепачката која вчера се случи во локалот „Трибека“ на булеварот „Илинденска“. Според сведочењата на гостите, пред да почнат да се маваат со столици и маси, лицата кои си размениле боксови, седеле заедно во локалот. По извесно време, наеднаш започнала драмата и настанал хаос. Полицијата постапувала по пријава, а уапсени биле сите лица, објави А1ОН.Скопјанецот кој го кршел инвентарот, потоа нападнал и две девојки на возраст од 18 и 19 години. На едната од нив и го искршил и мобилниот телефон.Текстот во целост на: А1ОН.фото: Социјални мрежи
Скопје | пред 5 години
Вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров, се спротивстави на изјавата на бугарската министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева, по нејзините тврдења дека македонската надворешна политика била под 50 отсто усогласена со онаа на ЕУ.„Ова е скандалозна невистина. Нашиот степен на усогласеност со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, според последниот извештај на Европската комисија (октомври 2020) за 2019 изнесува 92%“, напиша Димитров на Фејсбук.Димитров понатаму во објавата го наведува делот на извештајот на Европската комисија за надворешната политика на Македонија во кој пишува: „за заедничката надворешна и безбедносна политика (ЗНБП), земјата се усогласи – кога е поканета – со 84 од вкупно 91 изјави на Високиот претставник во име на одлуките на ЕУ и Советот, што претставува стапка на усогласување од 92% во 2019 година“.„Очигледно е потребна поголема внимателност, особено кога се работи за лесно достапни податоци. Вака впечатокот е разочарувачки – дека идејата била паушално да се оцрни соседот, што не би било ниту пријателски, ниту европски“, додава Димитров.фото: Архива
Македонија | пред 5 години
Во повеќе градови синоќа инспекторите на Пазарниот инспекторат затвориле повеќе угостителски локали заради прекорачување на работното време, како и поради не придржување на протоколите за превенција од Ковид-19. Директорот Стојко Пауновски, утринава за Фактор потврди дека најтешко поминале во Скопје во обид да ги затворат оние кои не ги почитувале мерките.-Во Скопје беше најнапнато. Во ексклузивниот локал Трибека инспекторите беа сведоци и на физичка пресметка. Таму било вистински хаос. Се фрлале и маси и столици. Изречени се казни за прекорачување на работното време. Не ми е јасно како народов не разбира дека работното време е до 21 часот. Инспекторите ми се јавија неколку пати, „што да правиме“, прашуваа. Јас бев дециден им реков, празнете, затворајте. Што да кажам, тоа се случува постојано. И во Волково, во куќа-ресторан едвај успеале да ги затворат. Оставаме последна фискална сметка некогаш да издадат и во 21.10, но сведоци сме на издадени сметки и во 21.25. Што е многу, многу е. Записникот од Волково на пример е направен дури во 4.15 утринава, катастрофа, цела ноќ се расправаме, вели Пауновски.Текстот во целост на: Фактор
Скопје | пред 5 години
Во јануари годинава воздухот во Скопје бил најчист во споредба со изминатите седум години. Ова го покажуваат податоците на Град Скопје кои ги објави државната агенција МИА за загадувањето во главниот град. Според податоците, максималната среднодневна вредност на ПМ10 честичките овој јануари била 162, за разлика од 2015 од кога има релевантни податоци за квалитетот на воздухот, а вредноста била 560.„Податоците од државните мерни станици во Скопје за изминатиот месец покажуваат дека скопјани дишеле најмалку загаден воздух во споредба со истиот месец во последните седум години. Анализата која ја правиме на концентрациите на ПМ10 честички од 2015 до 2021 покажува охрабрувачки трендови по сите статистички показатели. Во сите државни мерни станици во Центар, Гази Баба, Ректорат, Ново Лисиче и Карпош, се бележат најдобрите бројки за првиот месец од последните неколку години“, велат од Град Скопје.Податоците на Градот покажуваат дека во Центар во јануари 2016 имало 26 денови со среднодневни концентрации над горната вредност, а во 2021 имало 13 такви денови. Најзагадениот ден во Центар во јануари 2017 имал 482.40 PM10 честици на метар кубен, а во јануари 2021 три и пол пати помалку, односно 141.30. Најзагадениот ден во јануари во последните седум години во Гази Баба бил во 2015 со 622.70 ПМ10 честички, а во 2021 нивниот број бил 143.90, или четири и пол пати помалку. Во Карпош бил во 2017 со 525.30 ПМ10 честички на кубен метар, а во 2021 – 144.80. Во населбата Лисиче највисоката максимална среднодневна концентрација во последните седум години била во 2015 – 644.00 ПМ10, а во 2021 – 219,70.извор: МИА
Скопје | пред 5 години
Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.
Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања