Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

majka-sin

(ВИДЕО) Ајде сине стани кафулињата се отворени до два, мора да станеш

Новите построги мерки против кoрона -вирусот во соседството главна тема на социјалните мрежи. Посебно се споделува видеото според кое мајка го буди својот син за да стигне навреме да оди во кафуле.“Ајде Срџо станувај, сабота е наутро, кафулињата се отворени до два, мора да станеш. Како е овој сон сега?”По ова синот се протега во кревет и ја моли мајката да го пушти да поспие уште 5 минути. Мајката продолжува да го убедува, велејќи му дека „тој треба да се опие до 14 часот и да не доцни случајно во барот“.Додека синот продолжува да се протега на креветот, мајката потоа помага во форма на шише жестокост што служи за нејзино будење и го тера малку да пие за да стане од кревет. https://twitter.com/Kineskikolacic/status/1365637777979801603?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1365637777979801603%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fmms.mk%2F206630%2FD181D182D0B0D0BDD183D0B2D0B0D198-D181D0B8D0BDD0B5-D181D0B0D0B1D0BED182D0B0-D0B5-D0BAD0B0D184D183D0BBD0B8D19AD0B0D182D0B0-D181D0B5-D0BE%2F

Магазин | пред 5 години

blace

Детали: Пратеник од Алијанса за Албанците направил драма, па и скандал на граничен премин- фрлал со документи за да не чека ред

Пратеникот Абдула Салиу од Алијанса на Албанците, вчера на враќање од Косово направил скандал на граничниот премин Блаце за да помине преку ред оти имало долга колона возила. „А1он“ дознава дека пратеникот прво го испратил синот да го однесе неговиот дипломатски пасош на полицијата, за да ги пуштат побрзо, а потоа возејќи по тротоар за да ги престигне автомобилите кои чекале пред него, дошол до кабините на полицајците, им ги фрлил документите и се развикал. Им викал дека никаде во Европа не чекал ред па нема ни тука.Пратеникот Салиу за „А1он“ потврди дека побарал да помине побрзо оти имал дипломатски пасош, но тврди дека полицијата и царината биле дрски и неедуцирани.“Видете, јас се враќав од Косово и на граница, иако не го употребувам многу дипломатскиот пасош, имаше долги колони, па бидејќи ми следува го искористив. На одење не го употребив, немаше многу гужва и чекав 15-20 минути. За влез имаше многу и отидов преку ред. Тоа што сте слушнале/виделе тоа се случи. За жал, тие луѓе кои се таму, сигурно се партиски. Видоа дека сме од друга партија и можам да ви докажам дека службеникот кој се претстави како шеф на смена се јави на друг, велејќи “Го имаме еден од другата партија, вака и вака, дошол да помине”. Во таа колона немаше луѓе, во таа лента. Не ми кажаа дека треба да се вратам во колоната туку ми ги врати документите. Ми рече дека шефот треба за тоа.. А зошто шефот? Ако треба на шефот, одете и кажете му, па ако ме пушти – добро, ако не… Потоа тој пак ги зема документите отиде кај шефот, ги однесе и тој дојде, се претстави и дрско се однесуваше. А јас – не. Јас не сум тип на човек кој сум дрзок. Се претстави. Буквално ќе ви кажам дека на граница не се едуцирани. Треба да се едуцираат тие луѓе. Тоа е мое мислење”, вели пратеникот Салиу за “А1он”.Текстот во целост на:  „А1он“

Македонија | пред 5 години

istrazuvanje-ime

Истражување на МКД: 60,5 отсто од граѓаните сметаат дека не вредела промената на името за влез во НАТО

Според истражување на МКД.мк, спроведено од агенцијата Маркет вижн на репрезентативен примерот од 1.200 испитаници, за враќање на името Република Македонија и по цена да го изгубиме членството во НАТО се 58,1 отсто од испитаниците и 58,7 отсто од нив го дале истиот одговор во однос на губење на можноста за членство во ЕУ. Оваа анкета покажала дека 60,5 отсто од граѓаните сметаат дека не вредела промената на името за влез во НАТО. 30,7 отсто одговорија дека овој потег на власта сепак вредел.Во однос на зголеменото издвојување од БДП за воените трошоци според стандардите на НАТО (2%), дури 74,7 отсто од испитаниците велат дека тоа македонската економија не може да го поднесе.Во однос на првата година од членството на Македонија во НАТО, дури 43,6 % од испитаниците сметаат дека немаме никаква придобивка од ова членство. Дека имаме придобивка во однос на надворешната безбедност и стабилност сметаат 15,1 отсто од испитаниците, дека сме добиле заштита и неповредливост на границите сметаат 9,8% од испитаниците, ама само 4,1 отсто од анкетираните граѓани одговориле дека сме добиле развој на економијата и влез на странски капитал. За тоа дека ова членство е предуслов за евроинтеграцијата се согласиле 3,6%.Испитувањето на МКД.МК може да го прочитате во целост на овој линк. 

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Бачев до нашите во странство, не се попишувајте, да го направиме фалсификуваниот и живото-загрозувачки попис неуспешен

Националниот Блок „Не отворам врата“ денес,  на прес конференција го претстави планот за непопишување на нашинците во странство за кои пописот започнува во понеделник на 1 март, со што се отвора патот за постигнување на целта - спречување на фалсификуван и живото-загрозувачки попис во услови на глобална пандемија.На прес конференцијата претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев како дел од Националниот Блок „Не отворам врата“ истакна:-„Утре, понеделник 1 март започнува пописот за нашинците кои живеат и работат во странство. Ги повикуваме да го подржат планот на Националниот Блок „Не отворам врата“за спречување на пописот, односно, доколку власта по секоја цена го направи пописот, да го направиме неуспешен со тоа што нема да излеземе да се попишеме. Веќе на целата јавност и стана јасно дека власта турка политички попис за проценти наместо попис на која реално ќе се преброиме.Сега е потребна сплотеност на Македонците во битката против пописот од најмалку две причини: Прво, не смееме да дозволиме фалсификуван попис бидејќи со тоа дефинитивно се руши темелот на македонската држава, и второ, не смееме да дозволиме живото-загрозувачки попис во услови на глобална пандемија во која секојдневно и кај нас во Македонија гледаме заболени и починати.Исто така, им порачуваме на нашинците во странство дека власта не ви може ништо со заканите од прекршочни казни од 200 евра доколку не се попишете, бидејќи не може да ви пуштат пријава во странска држава а патем тие казни застаруваат за една година. Овие казни нема да поминат и во Македонија, но, ова ќе го објасниме кога ќе почне пописот и во Татковината.Ајде, да го повториме резултатот од референдумот од септември 2018 кога власта со сите можни уцени извади околу 650.000 луѓе. Ако го повториме ова ќе направиме голема победа бидејќи од тие 650.000 околу 450.000 ќе бидат Албанци, Турци, Роми, Власи, и други и со тоа пописот паѓа сам од себе. Никој нормален нема да прифати дека во Македонија и светот има само околу 200.000 Македонци. Ако го направиме пописот неуспешен ќе и покажеме на марионетската влада во Скопје што мисли народот за фалсификуваниот и живото-загрозувачки попис со што го отвораме патот попис да направи нова народна власт која реално и вистински, а не лажно и фалсификаторски, ќе го преброи населението - потенцираше Бачев.фото: Центар за комуникации на Националниот Блок „Не отворам врата“

Македонија | пред 5 години

kina-korona-2

Ова е херој: Зема брисеви од цело Скопје за коронавирус, а по 13 месеци си ја отвори душата

Март 2020. За првпат во животов ставив скафандер на себе.  Март 2021. Уште носам скафандер. 13 месеци како сум скафандеросан, пишува на ФБ човекот кој зема брисеви за КОВИД 19.Во продолжение неговата објава во целост:Она што за жал лошо звучи е што уште ќе сум во полна космонаутска опрема. Небиднина што вирусна што човечка.Последниов период и самите веќе го приметувате зголемувањето на бројот на заразени а јас директно од терен можам да ви кажам дека очигледно се работи за позаразна мутација (ако е само една, можда освен британски, јужноафрикански имаме и клингонски и ромулански и којзнае каков не сој). Трет бран.....па јас мислам дека ние од првиот не излеговме а не па трет.Она што барем за мене е приметливо е како што ги нарекувам семејните пакети, односно има цели фамилии заразени. И дечиња се позитивни. Но она што особено ме радува е што децата најлесно или да не речам неприметливо го поминуваат периодот на позитивност.Е сега, она што е повторно болка, всушност тоа цело време се провлекува. Возрасните, нашите родители, баби и дедовци. Одејќи по домовите наидувам на навистина измачени луѓе, залегнати, снеможени, жални. Некои и сами ми викаат „како да ме прегазил брзи воз“. трпезариска маса преполна со лекови.Некои од нив со брачни парови, во оние подобрите ситуации едниот е во подобра кондиција па се грижи за другиот. Но има и такви каде и двајцата се паднати, изнемоштени, па децата, внуците се грижат онолку колку што можат без притоа да се стават себеси во опасност а со самото тоа и своите семејства.Има и домови исполнети само со една баба или дедо. И не знам дали има поболно нешто од тоа кога ќе ми кажат „немам синко никој, сама сум, децата ми се надвор, не можат да дојдат. некако се крепам ама тешко, не знам дали ќе издржам“.Боли. Боли што не можам да помогнам повеќе.Тажни слики, тажни баби и дедовци, болни. Болни од Ковид, болни што не си ги виделе и гушнале саканите. Болни од најболната болка - децата им се толку блиску а толку далеку.Помина цела година, еве како ја почнавме втората со ова вирусиштево. Не мислам се уште да се убедуваме дека има или нема вирус, помина многу време. Но она што ги замолувам сите е да издржиме уште, сепак да ги почитуваме мерките бидејќи не се гледа набрзо крајот доколку вака продолжи однесувањето, освен ако не се случи некое чудо. А чудата многу ретко се случуваат.Бидете внимателни, претпазливи, совесни токму заради вашите дедовци и баби. Никој од нив не заслужил да биде ставен во ризик порано да го заврши животот. Имаме обврска и одговорност кон сите нив.Само едно прашање поставете си:Дали сакам да се однесуваат моите деца и внуци кон мене како јас кон моите родители? Дали сакам да бидат претпазливи?Мислам дека сите го знаеме одговорот на тоа прашање. Затоа апел до сите.Почитувајте ги основните мерки за себе, за вашите најблиски и за сите во вашата околина. За кога ќе правиме веселби и ќе се пребројуваме да не зачестиме со „ех, да беше тука сега“.Колку и да не сакаме, мора да издржиме. Да, не е лесно. Не е лесно да не си виден со многу роднини и пријатели, не е лесно да не можеш да се гушнеш, не е лесно да не можеш да си се изнарадуваш онака како што знаеме и сакаме, како што е нормално. Но ете, ни се погоди нас к`сметот да се соочиме со оваа ситуација и мора да ја пребродиме, мора да бидеме храбри и да издржиме, пак ќе кажам, особено за постарите лица.Совесно и понатаму за да не` има и утре сите на бројА јас и понатаму ќе сум скафандеросан затоа што секој еден е битенВаш Космонаутко

Македонија | пред 5 години

blagoja

Сведоштво на Грујовски за борбата со КОВИД19: Бев донесен во болница во многу тешка состојба, а мајка ми на 82 години мина речиси без никакви симптом

Фолк-пејачот Благоја Грујовски го победи коронавирусот , но раскажува дека воопшто не било лесно да с еизбори со КОВИД 19.Тој два дена минал во болница и сега вели дека се чувствува добро и дека следи период на зајакнување.„Бев донесен во болница во многу тешка состојба. Додека мајка ми на 82 години мина речиси без никакви симптом, јас ја поминав најголемата голгота во животот. Но, сега сум дома и се чувствувам многу подобро“, изјавил Грујовски за svet-australia.Пејачот вели дека на почетокот не го сватил вирусот сериозно и покрај сите предупредувања.„Јас како и повеќето здрави луѓе, бев убеден дека вирусот не ми може ништо, што е голема заблуда. Ја научив лекцијата на потешкиот начин“, вели Грујовски .фото: youtube

Магазин | пред 5 години

milenko-nedelkovski

(Фото) Неделновски до Мијалков и Груевски: Кога не сте апселе ќе ве апсат

Миленко Неделковски споделувајќи го статусот на Бобан Нонковиќ кој напиша “Кукавица во затвор - кукавица на слобода”, напиша: “Кога не сте апселе - ќе ве апсат”. Тој не посочи на кого мисли и посочува. Статусот предизвика лавина реакции.фото: ФБ Миленко Неделковски

Македонија | пред 5 години

smetkovoditeli

Сметководителите во економијата се како доктори во здравството: Наместо да и помогне, држава им одмага и се прави глува

Сметководителите под стрес и притисок ги подготвуваат завршните сметки и остануваат на барањето рокот 15 март да се продолжи до 30 април за хартиено поднесување и 15 мај за електронско поднесување. Тие бараат продолжување на рокот оти и сметководителите биле на удар на Ковид – 19 , се разболувале и работата се издолжила, а имале и зголемен обем на работа оти сите владини мерки за помош на економијата поминале низ нивни раце. Овие барања ги кажаа и на неколкуте протести што ги организираа но Владата се уште останува на ставот да се почитуваат законските рокови, објави А1ОН.Сметководителите и покрај тврдиот став на Владата, апелираат рокот да се пролонгира на ист начин како лани, но час поскоро за да не работат под стрес и притисок.„Согласно член 477 од Законот за трговски друштва, има можност за пролонгирање на рокот за завршни сметки за еден месец. На овој член се повикаа и лани кога на 13 март ни пролонгираа за некои 10-11 дена. Веќе е употребен во пракса. Нашиот апел беше да не се чека до 13 март, да сме под стрес и притисок, бидејќи последен рок е 15 март. Два дена пред истек на рок, не ни значи многу пролонгирање“, апелираат сметководителите.Текстот во целост на: А1ОН.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

(ВИДЕО) СДСМ не се сложува со ставовите на Георгиевски

Нашите ставови се различни од изнесените ставови на господиниот Георгиевски. СДСМ останува на своите јасни и веќе кажани ставови околу ова прашање.Остануваме отворени за дијалог за изнаоѓање на решение меѓутоа повторувам уште еднаш Македонскиот јазик и македонскиот идентитет не се тема на разговор. Нити се разговарало, нити во иднина ќе се разговра на оваа тема.Ставовите на господинот Георгиевски се негови лични ставови со којшто ние апсолутно немаме никакви допирни точки, истакна Марија Георгиевска, пратеничка на СДСМ, одговрајќи на новинарско прашање.видео: СДСМ

Македонија | пред 5 години

joci-111

Јоци за предлозите на Георгиески: Да му испиташе некој имот кога падна од власт, немаше сега да ни продава ретуширана историја

Љубчо дал 5 предлога за решавање на спорот Македонија-Бугарија.Меѓудругото, новиот ,,медијатор" на Заев, предложил Бугарија да усвои, цитат: ,,Декларација во која ќе изјави дека под поимот македонска нација и македонски јазик подразбира само нација и јазик кои се формирани после 1944..."Да му испиташе некој имот кога падна од власт, да му влезеа во сметки, сега ќе си пишуваше еротска поезија од Идризово, немаше да ни ,,продава" мјуда за бубрези и ретуширана историја за јазик и нација, напиша на својот Фб пофил новинарката Јорданка Ивановска Јоци.Јоци во објавата додава:Ама Бранко и СДСМ го оставија на раат, он претходно нив и така во круг...а, сега сме 2021 - јадни, утепани и без иднина.Фото: PRTSC Јорданка Ивановска Јоци ФБ

Македонија | пред 5 години

ilija-dimovski-7-670x437

Фантазиите и фикциите на политичката владејачка елита во Македонија за односите со Бугарија, вели Димовски

Илија Димовски на својот Фејсбук профил проговори за фантазиите и фикциите на политичката елита во Македонија во односите со Бугарија.Во продолжение ви го пренесуваме неговиот Фејсбук статус во целост.„Фантазиите и фикциите на политичката владејачка елита во Македонија во односите со Бугарија…Ни треба нова надворешна политика, нова доктрина и нова филозофија!Ќе станеме дел од Европа само со ум и памет, а сега тоа го немаме.Фантазија број 1.После изборите во Бугарија, ќе се реши проблемот со попустливост на Бугарија.Не се надевајте!Не, ништо нема да се промени после изборите во Бугарија од најмалку три причини:– Таму (а не како ваму кога оваа Влада дојде на власт), а и секаде во сериозни држави, прашањата од висок државен и национален интерес не се прашања за кои било која сериозна политичка партија лаже, излажала или ќе излаже. Тоа што ќе го кажат пред избори, во подипломатска верзија ќе биде и став после изборите.– Петте најсилни групации во Бугарија (ГЕРБ, БСП, ДПС, ВМРО и новата политичка групација на Трифунов) имаат слични позиции кон Македонија. Нема никаква суштинска разлика.– И евентуална Влада на сега опозиционите БСП, ДПС и Трифунов ќе е иста, ако не и повеќе остра во односите со Македонија.Фантазија број 2.Ќе дојде политичка елита која ќе биде попустлива по однос на европските прашања.Не се надевајте!Не, националните прашања и интереси на Бугарија (а и на секоја друга европска држава) се примарни за Бугарија и се над општите европски интереси и вредности.Бугарија не ги гледа и никогаш нема да ги постави спротивно општите европски интереси со своите национални. Таа за себе самата мисли дека бугарските интереси се составен дел на европските интереси. Таа ги создава европските интереси.Левицата во Бугарија не е анационална и попустлива за државните и националните интереси како во Македонија.Левицата во Бугарија е патриотска исто како и десницата, исто и како политичкиот центар.Аналогија со Македонија нема. Таму нема никогаш да дојде на власт партија како СДСМ и да раздава она за што Бугарија мисли дека и е значајно.Фантазија број 3.Ќе ги притиснат странците и ќе попушти Бугарија.Не се надевајте!Не, странците никогаш не притискаат еднострано, туку двострано.Странците повеќе притискаат кон помалиот, меѓународно помалку важниот и оној субјект за кој ќе проценат дека полесно би попуштил. За сите три критериуми Македонија е далеку посериозен кандидат за притисок од меѓународната заедница.Помали сме.Помалку важни сме и како членови на меѓународни организации, и како геостратешки положба (Црно Море, Украина, Турција, Кавказ,..), и како пазар, и како база за воени приоритети…Нашата историја на попуштање е фатална… Име сменивме, устав сменивме, знаме сменивме, идентитет сменивме, трговски марки, имиња на државни институции, топонимија сменивме, регистарски таблици сменивме,… Едноставно покажавме дека сме тесто за месење…Нас ќе не притискаат, државата треба да биде спремна…Фантазија број 4.Времето работи за нас.Не, не се надевајте!Најлошата политичка проценка на Македонија во минатите 30 години. Посебно од аспект дека се работи за преговори за наши интереси и прашања, од нас се бараат отстапки и и попуштање и се работи за нашата иднина…Бугарија нема што да изгуби, Бугарија се бори да добие нешто што не го доби во двете балкански војни и во двете светски војни, а даде десетици и десетици илјади жртви за истите интереси…Бугарија се помири со Грција и грчкото право над егејска Македонија, но Бугарија не се помири со Македонија и македонското право над Република Македонија…Фантазија број 5.Историјата да ја оставиме на историчарите.Не се надевајте!Не, целиот проблем со Бугарија е историски и историјата е основна суштина на политичкиот проблем со Бугарија.Другите проблеми (економски, стопански, трговски, транспортни, културни,…) се само гола последица на основниот политички (во суштина историски) проблем.Борбата на Бугарија е да го добие и да полага историско право над Македонија (Горна Македонија од времето на Филип, или Makedonia secundus од римско време) по истиот пример што нашата анародна власт им го даде и отстапи историското, културно и идентитетско право над Македонија (Долна Македонија од време на Филип, или Makedonia primus од римско време) со Преспанскиот договор на Грција.Бугарија го бара истото што го доби Грција!Фантазија број 6.Попуштивме за името, тоа е големата цена што веќе ја плативме, сега треба да ни излезат во пресрет другите.Не се надевајте!Не, ако лесно си ги распродадете нивите, комшиите ќе мислат дека лесно ќе ја распродадете и покуќнината и куќата и шталата.Попустливоста за проблемите со Грција, ги создаде амбициите на Бугарија.Бугарија е изненадена и фрапирана што се доби Грција.Немањето на заштитни клаузули за Македонија и нејзината евро-атланска патека е една од најголемите грешки на Македонија, а најголема грешка на меѓународниот фактор во Преспанскиот договор.Македонија временски не ги детерминираше своите обврски врз база на тоа што ќе добие за возврат. Помалку занесената и повеќе неодговорната надворешна и државна политика создаде состојба во која Македонија се надева дека ќе реализира наплата од купувачи кои имаат историја на неплаќање (на Балканот сме, нели).Дали има излез? Да!Но не со оваа политичка филозофија и оваа политичка елита на власт.Ни треба револуција на умот и љубов кон татковината.“, напиша Димовски на Фејсбук.

Македонија | пред 5 години

grubi

Груби почна со кампања: Драги браќа и сестри во дијаспората-попишете се!

Почитувани браќа и сестри, сите вие кои живеете во дијаспората, почнувајќи од утре, понеделник, 1 март 2021 година, започнува процесот на саморегистрација на адреса: https://census.stat.gov.mk/Споделете и известете го семејството, пишува Груби на ФБ. фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Спречен обид за криумчарење на мигранти, кај гостиварец во автомобилот пронајдени четири лица

На 27.02.2021 околу 11.30 часот во с.Банско, струмичко, полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин и граничен надзор Ново село во содејство со Посебната единица за поддршка го лишиле од слобода Н.А.(35) од с.Долна Бањица, гостиварско, затоа што при преглед во возилото „мерцедес“, со гостиварски регистарски ознаки, што го управувал, биле пронајдени четири лица мигранти, турски државјани. По насоки на Јавен обвинител тој бил приведен во полициска станица, а мигрантите биле предадени во Прифатниот транзитен центар „Винојуг“-Гевгелија. По целосно документирање на случајот, против Н.А. ќе биде поднесена соодветна пријава.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Foto-28.02.2021

Пандемијата покажа и дека е потребен комплетен ресет на општествениот систем, вели д-р Драган Даниловски

Пандемијата ја истакна важноста на глобалната соработка, ни покажа дека целото човештво се наоѓа на ист брод, дека сите сме делови од еден затворени систем на врзани садови, а вирусот може да се победи некаде, само ако е поразен насекаде. Но пандемијата покажа и дека е потребен комплетен ресет на општествениот систем, истакна епидемиологот проф. д-р Драган Даниловски, кој беше предавач во онлајн дискусија што секоја недела ја организира Лекарската комора на РСМ, со цел размена на најновите сознанија и искуства во лекувањето на Ковид-19 меѓу здравствените професионалци.„Стана јасно дека никој не може да се преправа дека може да постигне безбедност само во своите граници. Се поставува и прашање зошто одговорните политичари ширум светот не се собраа во меѓународните институции и не се договорија државните и мултилатералните цели меѓусебно да ги усогласат и надополнат“, рече проф. д-р Даниловски.Пандемијата направи да ја цениме улогата на некои луѓе чија улога во општеството обично е потценета, како што се медицинските сестри, болничарите, касиерите, куририте за брза пошта, без кои системот не може да функционира.„Пандемијата, исто така, на најдиректен начин покажа дека докторите и другите здравствени работници во ковид центрите се херои кои што покажуваат огромна храброст и посветеност наспроти сите потешкотии низ кои поминуваат. Важна улога играат и лекарите од примарната здравствена заштита кои на сопствените плеќи ја држат пирамидата на здравствениот систем и се грижат да го сочуваат здравјето на граѓаните“, рече проф. д-р Даниловски.Во вториот дел од своето обраќање истакнатиот епидемиолог осврнувајќи се кон негативните ефекти од вирусот Ковид-19, истакна дека иако има уште многу неизвесности, се побројни се доказите дека причините за појава на болеста, но и мулти општествените засегања зависат од повеќе системи: системот на животна околина, здравствениот систем, политичкиот систем, економскиот систем, социјалниот систем и системот за снабдување со храна.„Се мислеше дека потеклото на вирусот е преку трансмисија од лилјаци на луѓе, сепак последната мисија на СЗО не е убедлива дека е тоа така. Значи останува нејасно од кои природни жаришта потекнува вирусот. Но јасно е дека неговото потекло и потеклото на некои слични РНК вируси лежи во човечките интервенции врз системот на животна средина секогаш водејќи се од економски мотиви. Активностите како што се уништување на шуми, населувањето на подрачја кои не се погодни за живот на луѓето, рударство, градење на транспортна инфраструктура, сето тоа доведува до интеракција на човечката популација со одредени патогени организми кои имаат природни жаришта во тие предели. Податоците покажуваат дека 71 отсто од сите заразни болести се пренесени на луѓето од дивиот свет, а се смета и дека таа стапка интензивно ќе се зголеми. Некои активности на човекот кои во некои култури се помодарство, а во некои традиција, како трговијата со диви животни, ги доведуваат луѓето во поблизок контакт со дивиот свет и на тој начин го олеснува преносот на одредени вируси“, објаснува проф. д-р Даниловски.Во предавањето се истакна и тоа дека здравствениот систем се соочи со големи предизвици во однос на тестирањето, следењето на контактите на заболените, се јавија проблеми со обезбедување на болничка интензивна нега, пристап до медицински човечки ресурси. Здравствените системи се распаѓаат под притисок на голем број заболени. И покрај доказите дека личната зaштитна опрема е ефикасна за заштита, сепак многу здравствени работници настрадаа и починаа. Лок даунoт на здравствениот систем и сторнирањето на сите елективни здравствени услуги го искомпромитира неговото функционирањето за целата друга патологија, освен за ковид-19.„Последиците на тоа ќе ги видиме во некое друго време, а веројатно не очекува втора епидемија на хронични заболувања и ментални проблеми“, потенцираше проф. д-р Даниловски.Тој го апострофираше и нездравиот начин на исхрана кај луѓето кој и пред пандемијата беше втора глобална водечка причина за лошо глобално здравје и за смртност во светот.„За време на пандемијата се покажа дека оваа лоша подлога на здравјето директно влијае врз тежината на болеста и исходот од лекувањето на Ковид-19. Дебелината, кардиоваскуларните болести, дијабетесот, хипертензијата, значително го зголемуваат ризикот од компликации од вирусот. Тоа ни укажува дека имаме популација со многу здравствени проблеми и треба сериозно да се замислиме како ќе се справиме со тој начин на живот. Загрижува и фактот што живееме во пандемија на физичка неактивност, секој трет граѓанин се соочува со прекумерна телесна тежина, секое второ машко дете во основно образование е прекумерно тешко, а дури 20 отсто од овие деца се дебели. Имаме 400.000 дијабетичари, 100.000 пациенти со бронхијална астма и сите овие бројки се на население од околу 1,6 милиони жители. Многу нешта треба да нè поттикнат да размислиме по кој пат треба општеството и сите ние да тргнеме“, порача проф. д-р Даниловски.Според него од витално значење е да се овозможат промени кои ќе донесат на функции лидери обучени да носат одлуки познавајќи ја комплексната интеракцијата на сите општествени системи. Неопходно е да се вработат експерти кои ќе умеат да ја одржат комуникацијата меѓу системите и ќе нудат експертски елементи на политичарите кои носат одлуки за да можат да донесат информирана одлука во врска со различни политики.„Од ситуацијата во која се најдовме поради ковид-19 треба да научиме и дека во новата ера време е да ги мобилизираме добрината и љубовта и да ги ставиме на централно место во нашите животи, а да се редефинираат целите на бизнисот, на економијата и на владеачките институции. Треба да се постават нови цели кои ќе бидат во функција на исполнување на човечките потреби“, вели проф. д-р Даниловски.Претседателот на Лекарската комора проф. д-р Калина Гривчева Старделова која ја модерираше онлајн дискусијата рече дека никој не беше спремен за пандемија во 21 век.„Мислевме дека се можеме без да ни се врати, не беше подготвена ниту Светската здравствена организација, ниту земјите кои беа синоним за организираност и послушност. После оваа година и откако пандемијата ќе заврши ќе треба да кажеме дека ваквото однесување не е одржливо за општествениот живот и дека мора да ставиме крај и да почнеме одново“, заклучи проф.д-р Старделова.фото: Лекарска комора

Македонија | пред 5 години

filipce1

Само најави, а ништо на терен - секој ден е “наскоро”, а кинески и руски вакцини ни за лек

Mинистерот за здравство, Венко Филипче, при денешната посета на гостиварската болница каде е пуштен во употреба модуларниот ковид-центар, на прашањето за вакцините рече дека се пролонгираше малку, но не сакаше да шпекулирам, кога точно кога ќе се знае кога ќе пристигнат кинеските и руските вакцини.„Очекувам навистина сите овие разговори да завршат за што пократко време. Секојдневно има нови прашања од компаниите, тоа важи за сите компании. Од ‘Фајзер’ за којшто го очекуваме драфт-договорот. Со руската компанија интензивно разговараме сега овие денови после потишувањето на договорот и секако разговори имаме и со кинеската“, рече Филипче.На новинарско прашање што со оние граѓани што не сакаат да се вакцинираат, Филипче потенцира дека со интензивна комуникација преку матичните лекари, преку кампањата која што следи треба да се подигне свеста. Тој најави дека не е исклучена можноста за нови рестрикции, но засега нема да има.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Pancevski-so-sudot-2

“Не го познавам, но тој ја знаел и мојата сексуална ориентација”, екссудијата Панчевски до Богојески по прозивките за геј забава

Не го познавам Петар Богојески но очигледно тој добро ме познавал па ја знаел и мојата сексуална ориентацијаИстовремено сум многу радосен дека “Северномакедонската структура” добро го следи моето движење и дејствување бидејки сигурно сум оставил голем печат на нивната психа...Поздрав Македонци, напиша на својот ФБ профил екссудијата  Владимир Панчевски.

Македонија | пред 5 години

silegov-1

Шилегов: ФК Вардар нема свој имот а има долгови од 3.5 милони евра, не можам да дозволам Градот да го преземе клубот

-Долгот на ’Вардар’ е некаде околу 3,5 милиони евра. А беше даден без долгови и со вредност на играчкиот фонд од шест милиони евра, која сега е 800.000 евра. Не можам да дозволам Градот да го преземе клубот со долг од 3,5 милиони евра, ниту, пак, на Градот му е понудено некакво ветување дека тој долг е наплатлив. Правите кривично дело ако го преземете така клубот. Имаше неколку ветувања од Сергеј Самсоненко дека ќе ги намири долговите, вклучувајќи ги и обрските кон играчите до 31 јануари. Тоа не се случи. Презедовме активности за регулирање на каматите и деблокирање на сметката, да се обезбедат ваучери. Академијата на ФК Вардар која е изградена на земја која Самсоненко ја купи од државата за багателна цена од 40 евра за метар квадратен, се води на име на сопругата на Сергеј Самсоненко. А пак тренинг центарот во Хиподром е исто на Самсоненко и со јавно партнерство со општина Гази Баба, со што практично ФК Вардар нема свој имот а има долгови од 3.5 милони евра, истакна скопскиот градоначалник Петре Шилегов во емисијата „Стадион“ на радиото „Канал 77“.Видео: Канал 77

Македонија | пред 5 години

petar-bogojeski

Георгиевски го продава македонски идентитет, реагира Богојески порачувајќи му српските сценарија да си ги задржи за него

Љубчо и Бугарија!!!Со внимание го прочитав “предлог решението” на мак – буг спор од господин Георгиевски и останав зачуден од површноста со која се служи во толку сериозно прашање. Очекував од него многу, многу повеќе! Многу подлабоко, посуштински. Но очигледно коалицијата со СДСМ има влијание врз него и му наметнале “купи ден помини” стил на политика, напиша на својот ФБ профил промоторот на Македонски концепт, Петар Богојески.Богојески во својата објава додава:На Македонија и на Бугарија им е неопходно КОНЕЧНО РЕШЕНИЕ! Не празни приказни, кои проблемите ги оставаат под тепих, за повторно да ескалираат за неколку години, обично на штета на нашата страна. Тоа конечно решение е оставинска постапка, расчистување со наследството на бугаризмот на територијата на Македонија и помирување со македонизмот. Изградбата на историскиот наратив во прилог на македонската државност е многу, многу посеопфатен од “епохата на бугаризмот” во Македонија!Господин Георгиевски нуди пазарџиски купи продади метод, а македонскиот идентитет не е на продажба! Георгиевски заборавил на правилото на реципроцитет во односите помеѓу земјите! Ако ние треба да дадеме гаранции дека нема да поддржуваме македонски активности во БГ, тогаш тие треба да дадат гаранции дека нема да поддржуваат бугарски активности во МК! Еднонасочна љубов не е љубов, туку опцесија на еден партнер. Тоа Георгиевски сигурно го знае. Јас знам дека на господин Георгиевски му е близок српскиот рецепт на решавање на етничките прашања на Балканот. Тоа го видовме во 2001 година и потоа во соработката со премиерот Зоран Џинџиќ.Но за Македонија и Македонците тоа е неприфатливо. Господине Георгиевски, српските сценарија да си ги зачувате за вас и вашиот коалиционен партнер! Идејата да се маркираат историски личности и настани за продажба, а Бугарија да ги цензурира нашите учебници е целосно скандалозна. Единствено внимание заслужува предлогот да се разоткријат нарушувањата на човечките права за време на комунизмот, да се соопшти вистината за убиени и прогонети семејства кои не биле по вкус на тогашниот режим, кое јас го надоградувам со предлог за репатријација на прогонетите од Македонија и враќање на македонско државјанство на нивните наследници. Љубчо очигледно сеуште живее во минатиот век и тврди дека “се криеле биографиите” на македонските војводи. Тоа е смешно.Денес на интернет има повеќе од доволно да прочиташ и за дивите племиња од Амазон, а не пак за македонските војводи! Предлог решението за јазикот е толку подводливо и наивно, што просто зачудува како може лингвист по професија како Георгиевски, да понуди такво нешто. Георгиевски треба да разбере дека користењето на кирилицата при писмено изразување на народниот македонски говор, не е користење на бугарски јазик. Најважно, бугарски јазик користат само оние кои биле образувани или вработени од Кнежество / Царство Бугарија, но не и останатите Македонци и интелектуалци.Кирилицата не е бугарска своина, туку сеопшто историско и културно наследство на сите Словени на планетата Земја, поклонето од Константинопол за нас. На чуден начин Геориевски заборава на македонскиот сепаратизам! И политички и културолошки! Тоа за пругите и финасиските концесии не сакам да го коментирам, тука експерти се екс премиерите Георгиевски и Бучковски!Затоа Заев ги испрати на пазарење во Софија. Само Ве молам да не набавите делови за руските Сухои или да потпишете задолжителен увоз на гас од јужен поток на Газпром!За денес толку… можете и двајцата, Георгиевски и Бучковски, да посакате кога и да било да седнеме на јавна маса и да расчистиме со небулозите на живко – божидаризмот на кој денес се обидувате да му се допаднете!

Македонија | пред 5 години

ahmeti

ДУИ побара меѓународна истрага за протестите за „Монструм“ од странски експерти

ДУИ ги отфрла гласините за поделби во партијата, нарекувајќи ги заговор во јавноста. Во соопштението од паријата по вчерашиот одржан состанок на Централното раководство, е наведено дека средбата имала за цел да се разговара за последните случувања во извршната власт и внатре во партијата. Во него е наведено дека состаноците до сега на ова ниво не се оддржувале поради пандемијата, но сега имало потреба од дебата и дискусија, во која биле расчистени сите дилеми и немало простор за делби.„ДУИ е на пат да преземе нови одговорности. Не се зборуваше за оставки, туку само за напредок“, рече претседателот на партијата Али Ахмети по состанокот на централното раководство на ДУИ.Во однос на протестите против пресудата за судскиот случај „Монструм“ Ахмерти изјави дека „овие луѓе се користат за политички цели“ и дека од ДУИ секогаш охрабрувале, барале меѓународна истрага за овие случаи и дека ДУИ ќе продолжи да го прави истото. Тој додаде дека се обидуваат да им обезбедат контакти од меѓународните инститиции на луѓето засегнати од случајот.„Побаравме меѓународна истрага за прашањето за вчерашните протести до странски експерти на оваа област, каде добивме позитивен одговор од нашите американски пријатели, како и од Европската Унија. Постојат и повисоки инстанции каде за ова прашање може да се поднесе жалба и што се однесува до нас, ќе сториме се што можеме “, рече претседателот Ахмети.Тектот е превземен од  slobodnaevropa.mk

Македонија | пред 5 години

policija-i-inspekcija-4

Затворен угостителски објект во скопско, приведени шест лица

На 27.02.2021 околу 23.10 часот, полициски службеници од Полициската станица Гази Баба извршиле контрола во угостителски објект во с.Црешево, скопско, при што било констатирано дека објектот не е регистриран и внатре биле затекнати пет лица и сопственикот С.С.(56) од с.Црешево.Објектот бил затворен од Државниот пазарен инспекторат, а лицата биле приведени во Полициската станица Гази Баба. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик за „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

soobrakajna-nesreka

Јошевска Анастасовска: Ако бил доволно голем да седне во огромна моќна кола и да вози без дозвола, доволно е голем и да му се суди

По одлуката на скопското јавно обвинителство на 16-годишникот којшто со „БМВ“ го прегази хирургот Ѓорѓи Јота да му се суди како на „дете во ризик постаро од 14 години“, односно на малолетник, со реакција во јавноста се огласи адвокатката Сузана Јошевска Анастасовска.Таа истакнува дека поради тежината на кривичното дело, Обвинителството треба да се повика на исклучоците предвидени во Кривичниот законик кои предвидуваат на сторителот да му се суди како на полнолетен.– Ако бил доволно голем да седне во огромна моќна кола и да вози без дозвола, доволно е голем и да му се суди како на полнолетен.Има законски основ, само нека читаат малку подлабоко, нека не се поставуваат бирократски. Затоа се исклучоците, за да санкциите и мерките бидат соодветни и прилагодливи на стореното кривично дело и сторителот.Овој случај е пример за тоа дека треба да се видат и проценат сите околности и сериозно да се одлучи дали ако му се суди како на дете ќе биде задоволена правдата, напиша Јошевска Анастасовска на Фејсбук.Погледенете како изгледаше тоа на социјалната мрежа Фејсбук.

Македонија | пред 5 години

garda-2

Армиската гарда неподобна за грчкиот министер - причина амблеми на униформата

Македонската армиска гарда не го пречека грчкиот министер поради амблемите кои стојат на нивните униформи, а се уште не се променети, објави порталот „Инфомакс“.Според неофицијални информации, претставници на грчката амбасада биле во инспекција на гардискиот полк каде била констатирана „неподобност“ Македонската армиска гарда да го поздрави грчкиот министер за внатрешни работи.Грчката амбасада правела и инспекција и на сите други натписи на армиските единици, но и на полицијата оценувајќи дали нашата полиција и војска се подобни да го пречекаат грчкиот министер за внатрешни работи Михалис Хрисохоидис.извор: Инфомакс

Македонија | пред 5 години

kola-soobrakajna-nesreka

Тешка сообраќајна несреќа на Пониква, загина девојка, а две лица се тешко повредени

Едно лице загина, а две се потешко повредени во тешка сообраќајна несреќа што околу три часа по полноќ се случи во месноста „Аеродром“ на Пониква.Патничко моторно возило „фолксваген туарег“ со бугарски регистерски таблички, кое се движело во правец на Кочани, наместо да сврти десно кон градот, продолжило право и излетало во бездната висока неколку десетици метри.– Изутринава околу 3:15 часот добивме повик за интервенција за спасување повредени лица од сообраќајната несреќа кај Аеродромот, при што од превртеното возило извлековме безживотно тело на девојче кое настрадало на лице место. Другите две лица, момче и девојче кои се здобиле со потешки повреди беа префрлени со возило на итна помош во кочанската болница. Поради специфичноста на стрмниот терен и можноста возилото дополнително да излизга, бевме принудени да го осигураме со јажиња, исткна Благој Паунов, командир на Територијалната противпожарна единица од Кочани.Увид на местото на настанот извршија јавен обинител и екипа од Полициската станица од Кочани.фото: Лидер

Македонија | пред 5 години

policija-4

269 санкционирани возачи во Скопје, 78 за брзо возење, 26 без возачка

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 269 мерки, меѓу кои за непочитување на брзина на движење 78, 26 санкции за возење без возачка дозвола, 19 за возење под дејство на алкохол.Изречени се 17 санкции за користење на мобилен телефон, девет мерки за возач почетник, осум за некористење сигурносен појас, шест за минување на затворен семафор (црвено светло), 37 за непрописно паркирани возила.Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.Фото: Архива

Скопје | пред 5 години

silegov-bandic

Шилегов се прости од Бандиќ: Скопје загуби голем пријател

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов утринава се прости од својот колега од Загреб, Милан Бандиќ кој синоќа ненадејно починал:-Со голема жал и неверување ја примив веста за прераната смрт на Милан Бандиќ. Загреб загуби градоначалник, кој легендата за себе ја создаде за време на својот живот. Скопје загуби голем пријател. Јас загубив голем пријател. Почивај во мир Милане, напиша Шилегов на ФБ.фото: ФБ Петре Шилегов 

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања