Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Скопје1.мк

leptokarija-incident

(ОБНОВЕНО и ФОТО): По престрелката нема полиција на местото на инцидентот во Лептокарија

По вечерашната престрека кај Трговскиот центар „Лептокарија“ во скопската населба Карпош 3, нема нити полиција, нити се врши увид на местото на инцидентот, нити се прибираат доказни матријали. Само новинарите се обидуваат до стигнат до некоја информација за инволвираните во инцидентот.Од МВР го потврдија настанот. Според нив имало пукотници кај Трговскиот центар „Лептокарија“ и според првичните информации се работи за престрелка од два автомобили во движење.Инцидентот се случил околу 18:35 мин.

Скопје | пред 7 години

ebola-703x422

Во Конго исчезнаа четворица пациенти кои имале ебола

Министерството за здравство на Конго соопшти дека четворица пациенти, кај кои е потврдена ебола, исчезнале по вчерашниот напад на медицинскиот центар во источниот град Бутембо.Тоа беше втор напад на центарот за лекување од ебола во текот на изминатата седмица.Министерството доцна синоќа соопшти дека 32 од 38 пациенти, за кои има сомневање дека имаат ебола, побегнале.Дел од нив се пронајдени и привремено се префрлени во друг медицински центар.Властите трагаат по четворицата со потврдена ебола, а кои се мнозгу заразни. 

Свет | пред 7 години

1779877pjimage-20190228t133041569ls

(ВИДЕО) Пожар во училиште во Подгорица, ученинците скокале од прозорци за да се спасат

Во средно машинско училиште во Подгорица утрово избувнал пожар, во кој нема повредени, објавија регионалните медиуми.На снимка објавена на инстаграм-страницата „Подгорички времеплов“ може да се види како учениците надвор скокале преку прозорците, објави сајтот cdm.me.Во соопштението на противпожарната служба се наведува дека во пожарот изгорел автомобил „југо“ кој се користел за практична настава.Исто така, изгорел и дел од инвентарот на гаражата и алат, а од чадот настанала и помала штета во блиските простории.„Два тима беа испратени на местото на настанот, а пожарот беше ставен под контрола во 10 часот и 5 минути“, соопштиле од противпожарната служба.Директорот на училиштето изјавил дека за времето на пожарот во просторијата имало четворица ученици и професор.

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

По престрелката во Лептокарија -Нема повредени, ниту траги од крв

Попладнево имало пукотници кај Трговскиот центар „Лептокарија“ во скопската населба Карпош 3. Според првичните информации се работи за престрелка од два автомобили во движење.Инцидентот се случил околу 18:35 мин.Неофицијално до овој момент нема пријавено поведени , а нема ни траги од крв.Полициски службеници работат на расчистување на случајот

Скопје | пред 7 години

vxk9lMaHR0cDovL29jZG4uZXUvaW1hZ2VzL3B1bHNjbXMvT0RRN01EQV8vZDE4ZGU0MmZkYmRmNmExYWZkYjlhOWFhNDEzYTg2NDUuanBlZ5GTAs0C5ACBAAE

Се сруши мал авион во близина на Москва, загинаа две лица

Две лица го загубија животот при пад на мал авион во московското предградие Коломенси.Леталото се срушило покрај викендиците со што оштетен е еден објект.Причината за падот на авионот се уште е непозната.

Свет | пред 7 години

policija-22

Cо службени картички си набавувале гориво за приватните возила

СВР Охрид поднесе кривична пријава против две лица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,злоупотреба на службена положба и овластување“.Во периодот од 01.01.2018 до 23.06.2018 пријавените како возачи во „М-НАВ“ АД Скопје-АКЛ Охрид, со картички за гориво од бензинска пумпа, кои биле наменети за набавка на гориво за службените возила на наведената компанија, набавувале гориво за приватни возила за што прикажувале лажни сметки и налози.Со ова пријавените на „М-НАВ“ АД Скопје му нанеле материјална штета од 382.363 денари. 

Македонија | пред 7 години

Filip-Petrovski-TV-Nova

Бачев: Службеници на ДИК фатени како ги фалсификуваат формуларите за потписи на Филип Петровски

Лидерот на политичката партија Единствена Македонија, Јанко Бачев на својот Фејсбук профил напиша дека службаници на ДИК се фатени како ги фалсификуваат формуларите за потписи на кандидатот за претседател Филип Петровски.„Вечерва службеници-Албанци во подрачната канцеларија на ДИК во Гази Баба фатени на лице место како ги фалсификуваат формуларите за потписи на д-р Филип Петровски. Повикана е полиција и во моментот е тензично во канцеларијата на ДИК“, напиша Бачев на Фејсбук.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Скопјанец каснат од куче-скитник

На 27.02.2019 во 15.05 часот во Полициската станица Кисела Вода, Д.А.(54) од Скопје пријавил дека на 26.02.2019 година околу 19.00 часот на булеварот „Борис Трајковски“ бил каснат од куче-скитник во пределот на левата нога.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

(ВИДЕО) Мицкоски ќе му се јави на Груевски

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски во гостувањето во емисијата „Печат на неделата“ со Сашо Ордановски, на прашањето дали е во контакт со поранешниот премиер на земјата, на што одговори дека тие не контактирале и дека не бил во Србија и Унгарија да го договара бегството на Груевски.-Никаков контакт со Груевски. Повеќе други луѓе имаат контакт со Груевски отколку јас, рече Мицкоски.На прашањето зошто не контактирале вели дека го нема неговиот телефон.-Го немам неговиот телефон. Ќе го послушам вашиот совет, ќе се обидам да го побарам неговиот телефон и ќе го побарам, нагласи Мицкоски.

Македонија | пред 7 години

puska

66-годишен маж застрелан со пушка, итно пренесен во клиниката Мајка Тереза

Маж од Кичево на возраст од 66 години на 27 февруари случајно бил застрелан од ловџија во Кичевско.Како што информираат од МВР, во Полициската станица во Кичево било пријавено дека во атарот на село Осој, на местото викано Алексова нива, 34-годишен кичевец, при лов, од ловечка пушка испукал куршум, при што повредил 66-годишен сограѓанин.Повредениот со брза помош бил пренесен во Здравствен дом Кичево, а потоа префрлен на комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.Полицијата извршила увид на местото на настанот, а ловџијата бил приведен во Полициската станица во Кичево за понатамошна постапка.

Македонија | пред 7 години

1-20

Мајката на Пино Секондо: Најдов брат кој ја живее мојата болка

Во најголемата болка која ја живеам, најдов брат кој ја живее мојата болка. Го барам моето синче, а најдов брат, вели Маја Трпчевска, мајка на Пино Секондо (26) кој исчезна уште во декември минатата година и од кого нема никаква трага речиси три месеци, објави Фокус.Човекот кого таа го нарекува свој брат по болка е Бекир Аслан, татко на Арбен, кој исто така е исчезнат повеќе од еден месец. Бекир дојде на протестот организиран од Трпчевска пред три дена пред Собранието во Скопје, со цел да и ја даде својата поддршка и да и порача дека не е сама.Пред медиумите тој изјави дека син му бил семеен човек, татко на две малолетни деца. Последно бил забележан како влегува во автомобил на 23-ти јануари, и од тогаш му се губела секаква трага. На протестот мајката на Пино го искажа своето незадоволство од институциите и бараше одговори од надлежните. На втори март таа повторно најави протест пред Собранието, со почеток од 13.30 часот.Мили луѓе, од која и да сте вера, дојдете во сабота на втори март да ни дадете поддршка.

Македонија | пред 7 години

man_original

МАН: Сашо Ордановски ги прекрши медиумските закони, ААВМУ да преземе мерки

Македонската асоцијација на новинари (МАН) смета дека се прекршени сите правила на професионално однесување и известување, како и сите етички норми во Кодексот за известување, пропишани од новинарските здруженија во синоќешната емисија “Печат на неделата” на уредникот и водител Сашо Орданоски на 1ТВ, во која гостуваше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.– Новинарот има право слободно да се изразува и има право на изразување лични ставови во форма на несогласување согласно Член 11 од законот за медиуми. Но, агресивното и скандалозно бранење на политички ставови, истовремено проследено со обвинувања и дискриминација заради поинакви политички уверувања, прекршување на начелата за почитување на достоинството на личноста, пресумпција на невиноста, објективно и непристрасно прикажување на настаните со еднаков третман на различните гледишта и мислења е спротивно на Член 48 и Член 61 од Законот за аудио и аудиовизуелни и медиумски услуги. Затоа, МАН ја повикува Агенцијата за аудиовузулени и медиумски услуги да го разгледа овој случај и да ги преземе сите мерки кон 1ТВ. Истовремено, ги потсетуваме сите новинари, водители и уредници дека имаат законска обврска за балансирано известување и однесување не само за време на изборни кампањи, туку секој ден во годината. Особено кога реформите во медиумите се дел од оценката за добивање датум за почеток на преговорите со ЕУ, се наведува во реакцијата на МАН.

Македонија | пред 7 години

sela

Села и Касами ја поддржуваат кандидатурата на Блерим Река

„Алијансата за Албанците и движењето Беса ја поддржуваат кандидатурата на Проф. Д-р Блерим Река за претседател на Северна Македонија.Како опозициски партии, сметаме дека претседателските избори во земјата немаат значење без албански кандидат, бидејќи во спротивно Албанците ќе бидат претставени само како гласачи кои гласаат, но не и како субјект за кого треба да се гласа.Од принципиелни причини ја поддржуваме кандидатурата за претседател на професорот Река.Неговото богато академско и дипломатско искуство би ја зајакнало функцијата претседател на државата“, се вели во соопштението на Алијанса за Албанците.

Македонија | пред 7 години

poster-RoboMac-2019

RoboMac 2019 - натпревар по роботика и автоматика во Македонија

Факултетот за електротехника и информациски технологии ги повикува сите студенти, ентузијасти и љубители на роботиката да се пријават на меѓународниот натпревар по роботика и вештачка интелигенција „RoboMac 2019”, кој ќе се одржи по деветти пат во периодот од 18-ти до 23-ти март.Учесниците на натпреварот ќе имаат можност да работат во парови, да ги употребат своите знаења и вештини, истите да ги надоградат и усовршат, да соработуваат со студенти од земјата и странство, со цел да го освојат првото место во својата категорија.Категориите во кои учесниците може да се натпреваруваат се: роботска рака, сумо, Line Follower, Лавиринт, AI Football, Sphero. Покрај тоа ќе имаат можност да присуствуваат на предавања од своите области од интерес.Оваа година за прв пат ќе се одржува категоријата RoboMac Junior во која ќе учествуваат средношколци од цела Македонија. Целта е да се зголеми интересот за роботика и вештачка интелигенција кај средношколците. Тие ќе имаат можност да слушаат предавања од професори и експерти во оваа област, но и да работат со едукативни роботи и да се натпреваруваат во програмирање и управување на истите.Финалниот натпревар во сите категории ќе се одржи на 23.03.2019г.

Магазин | пред 7 години

uciliste-gubre-1

Училиште за култура или депонија?

Ирена Ристиќ на ФБ објави нови фотографии од депонија. Овој пат како што таа напиша „На сликите е Училиштето за физичка култура, ама од култура ни “к“ нема. Скоро секој ден ги гледам учениците како најопуштено си го фрлаат ѓубрето околу школото. Ај што се учениците стока и никој дома не ги воспитал, има ли школово професори, директор? Не биле само студентите “провинцијалци“ гнаси."Јавува нашата Ilinka Crvenkovska*јас да се прашувам, би го глобела директорот.#НеБидиЃубре, пишува Ристиќ.Се наметнува прашањето дали некој ќе реагира по оваа објава?

Скопје | пред 7 години

PIC_0012

КК „Академија ФМП“ ја продолжи доминацијата над своите ривали

КК „Академија ФМП“ и по 16 одиграно коло во Втората кошаркарска лига ја продолжи доминацијата над своите ривали.На домашен терен во спортската сала „Независна Македонија“ кошаркарите на клубот од Кисела Вода убедливо со 57 поени разлика, со резултат 110-53 го победија тимот на „Дино Баскет“ од Кочани. За „Академија ФМП“ ова беше 12 победа по ред без пораз во лигата.Најефикасен на натпреварот беше Дамјан Ѓорѓиевски со 16 постигнати коша, а двоцифрени беа уште и Кристијан Саздановски со 14, Константин Мартиноски со 13 и Дарко Најдовски со 10 поени од кои три тројки.

Спорт | пред 7 години

nikoloski-lile-2

ФОТО: Се обновува љубовта помеѓу Лиле Поповска и ВМРО-ДПМНЕ

Старите коалициони партнери од 2006 година, Александар Николоски од ВМРО ДПМНЕ и Лилјана Попоска од ДОМ во срдечен разговор на улица во Скопје. Објективот на Скопје1 ги улови во центарот на Скопје во близина на Рекорд. Подолго време разговраа, очигледно за политика.Потсетуваме дека Лилјана Попоска беше во коалиција со ВМРО ДПМНЕ додека партијата беше на Власт, по што во 2018 февруари месец Попоска кажа дека Груевски ја уценувал за да остане во коалиција со ВМРО ДПМНЕ.Сега Попоска е дел од владината коалиција.После многу критики кои Попоска ги упатуваше кон ВМРО ДПМНЕ, ова е прв пат како ги затекнуваме повторно некогашните коалициони партнери да разговраат и тоа долго на улица.Се наметнува прашањето: Дали оваа средба значи дека се обновуваат врските помеѓу Попоска и ВМРО ДПМНЕ?

Скопје | пред 7 години

deponija-21

О2 иницијатива: Пироманија ни е дијагнозата во Република Депонија и Чадојна

Пироманија ни е дијагнозата во Република Депонија и Чадојна. Секој ден масовно нешто се пали и така цела цела година. Диви депонии, ниви, запуштени и напуштени јавни површини, кабли, гуми.... „Државава ни личи на едно бојно поле каде секојдневно секој некаде нешто пали, а граѓаните, децата мали дишат“ напиша загрижен жител, во допис до институциите и граѓанските здруженија, напишаа на својот фејсбук профил од О2 иницијатива.Тие се категорични:РЕШЕТЕ го проблемов.Неопходно е да спроведете масовна едукативна кампања за штетноста од оваа појава, најдете начин преку медиумите, да допрете до луѓето, да им стане јасно колку се изложени на ризик, одете од општина до општина и директно едуцирајте ги.Дајте им алтернатива за стрништата, за уништувањето на отпадниот органски материјал од нивите, поставете компостари насекаде, научете ги како да компостираат, ако инсектите се причина за палењето, помогнете им со вистински информации, дајте им алтернатива која нема да биде масовна употреба на инсектициди и хербициди.Алтернативите сигурно им се добро познати на органските производители. Ако нема доволно контејнери за одлагање на отпад и собирањето е проблематично, поставете доволен број, воведете редовна служба која ќе го собира.Создадете услови за рециклирање.Казнувајте.Но решете го еднаш проблемот и дајте да не бидеме последната нецивилизирана земја на континентов велат од о2 иницијатива.

Скопје | пред 7 години

Slika-Kosta-28-02

Костадинов: Ѓорѓе Иванов мора да се изјасни за вработувањата во неговиот Кабинет

Ѓорге Иванов, исто како и Христијан Мицкоски, молчи за актуелниот случај со вработувања на ќерката на неговата советничка и основаните сомневања занепотизам односно судир на интереси, истакна Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник.Како што го истера целиот мандат, со молчење.Молкот мора да престане. Борбата против непотизамот, партизацијата и злоупотребата на државните институции започна и враќање нема.Граѓаните очекуваат одговори и преземање на одговорност.Анастасија Илиеска, членка на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, на ИК на Унијата на жени, поранешна државна советничка во Министерството за внатрешни работи и директорка на УЈП, вработена е како советник за безбедност во кабинетот на Иванов.Нејзината ќерка, Андреа Илиеска пак е вработена во Агенцијата за разузнавање, институција, што е под директна надлежност на Ѓорѓе Иванов.Со оглед на овие информации, за овој актуелен случај во Кабинетот на Иванов постојат основани сомневања за судир на интереси.Покрај ќерката, во државна институција работа добил и братот на Илиеска, Александар Тошески, кој е вработен во Централен регистар во Прилеп.Ѓорѓе Иванов мора да се изјасни за овој случај во неговиот Кабинет.Мора да ги повика роднините на Илиеска да се повлечат од работните места, во име на борбата против непотизамот.Добро е што Државната комисија за спречување на корупцијата отвора случаи. Ги очекуваме одлуките на ова независно тело.Најавуваме дека ќе поднесеме претставки за сите останати случаи на вработувања на роднини на функционерите на ВМРО-ДПМНЕ.СДСМ нуди решенија и веќе започнаа првите повлекувања. Време е да почне повлекувањето на роднините на функционерите од ВМРО-ДПМНЕ, во име на борбата против непотизмот, истакна Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Наместо работни визи за Германија, останале без пасоши и без пари

На 27.02.2019 во Полициската станица Тетово, Б.Ѓ.(37) од Тетово пријавил дека бил измамен од А.А.(36) од Тетово. Според пријавеното, А.А. нему и на негов колега им ветила дека за четири недели ќе им обезбедела работни визи за Германија.За завршување на ветеното тие и ги дале патните исправи и по 270 евра, но потоа повеќе не им се јавувала и се посомневале дека биле измамени.Се преземат мерки за целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

puska-1

При лов, од ловечка пушка испукал куршум, и го повредил друго лице

На 27.02.2019 околу 18.10 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека во атар на село Осој, кичевско, на место викано „Алексова нива“, Д.С.(34) од Кичево, при лов, од ловечка пушка испукал куршум, при што го повредил А.С.(66) од Кичево. А.С. со Итна медицинска помош бил пренесен во Здравствен дом Кичево, а потоа во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.Извршен бил увид на местото на настанот, а Д.С. бил приведен во Полициската станица Кичево за понатамошна постапка.Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

Македонија | пред 7 години

mvr

Кривина пријава за „даночно затајување“

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ј.А.(35) село Чифлик, општина Желино, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување на исправа“, „употреба на исправа со невистинита содржина“ и „даночно затајување“ и против Т.С.(59) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.Во текот на 2015 првопријавениот, како управител на стовариште за продажба на дрва од Тетово, изготвил лажна документација и ја употребил во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во прилог на барањето за добивање на решение за промет на дрва и дрвни сортименти.По ова, за да избегне плаќање за репродукција на шума, во наведеното министерство во три наврати приложил испратници, со ист датум и број, за продажба на огревни букови дрва на физички лица. Додека, пак, на 13.08.2015 второпријавената, како инспектор во државен инспекторат за шумарство и ловство, при инспекциски надзор на наведеното стовариште, без да изврши соодветно мерење на просторот, донела заклучок дека ги исполнува условите за добивање на решение за склад на дрва и дрвни сортименти.

пред 7 години

Нема фотографија

Со службени катрички за гориво си полнел приватни автомобили

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ј.З.(53) од село Делогожда, струшко, Р.И.(48) од село Горно Татеши, струшко и против Б.В.(45) од село Велешта, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,злоупотреба на службена положба и овластување“. Во периодот од 01.01.2018 до 23.06.2018 пријавените како возачи во „М- НАВ“ АД Скопје-АКЛ Охрид, со картички за гориво од бензинска пумпа, кои биле наменети за набавка на гориво за службените возила на наведената компанија, набавувале гориво за приватни возила за што прикажувале лажни сметки и налози.Со ова пријавените на „М-НАВ“ АД Скопје му нанеле материјална штета од 382.363 денари.

Македонија | пред 7 години

zaev-za-kandidat

Се спрема ли Заев да биде консензуален претседателски кандидат?

Дали првиот полицаец Оливер Спасовски е фаворитот што по маратонски преговори го договорија Зоран Заев и Али Ахмети, дефинитивно ќе се знае утре. Без да соопштуваат детали за тоа какви се релациите во владината коалиција, Заев и Ахмети во средата вечерта се договорија – заеднички ќе настапат на претседателските избори.Договорот за консензуален кандидат по низата натегања на релација “Бихаќка” и Мала Речица, сепак и не е големо изненадување, со оглед на фактот што и Заев и Ахмети беа подготвени на се за да го спасат бракот од интерес.„Направивме суштинска анализа и се договоривме да воспоставиме еден стандард во нашата земја, иако обиди имаше и порано за тоа, меѓутоа беа неуспешни, за да дадеме порака до нашите граѓани дека имаме доволно зрели политички партии, но и општество, кои да може да донесат заеднички одлуки за претседател на државата”, изјави лидерот на ДУИ, Али Ахмети, по едночасовната средба со премиерот Зоран Заев.Пред самата завршница на пазарањето во јавноста до крај се шпекулира со четворката од “Бихаќка” – Стево Пендаровски, Оливер Спасовски, Никола Димитров и Радмила Шекеринска. Дел од медиумите пак пренесуваат дека иако името ќе се договара утревечер на средба Заев -Ахмети, и дека ќе се избира меѓу министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и националниот координатор за НАТО, Стево Пендаровски.Поранешниот пратеник Сафет Бишевац во телевизиско интервју рече дека во редовите на СДСМ нема компетентен човек за достоен кандидат за претседател на Република Македонија и дека владејачката партија нема план за кампања за претстојните претседателски избори. Бишевац во интервјуто ја отвори можноста дури и премиерот Зоран Заев на крај да биде консензуалниот кандидат, иако тој во неколку наврати отфрли таква можност.Повеќе на Вечер.пресс

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Затворениците и натаму ќе си имаат телефони, одлучила Управата за санкции

Управата за извршување санкции наместо да интервенира и да ги одземе мобилните телефони на притворениците и затворениците, апелира да не ги злоупотребуваат. Во телефонски разговор за Алфа, директорот оваа институција, Јовица Стефановиќ , вели дека било разговарано затворениците да не ги злоупотребуваат работите кои ги имаат кај себе.-Направени беа вонредни контроли кај затворениците, беше разговарано со нив, побарано беше да не ги злоупотребуваат работите кои ги имаат кај себе, изјави во телефонски разговор за Алфа, Јовица Стефановиќ.Од затворите каде мобилните телефони се забранети последниве денови јавноста беше сведок на испратени закани од членови на Кумановската група, дел преку објави на социјалните мрежи, дел преку писма објавени во медиумите на албански јазик. Од затворските ќелии се заканија Сами Ушкини, алијас Командант Соколи, Мухамед Красниќи, познат како Командант Малишева, а во писмо закани пристигнаа и од целата Кумановска група.Повеќе на Алфа.мк

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања