Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Скопје1.мк

1783741-670x377

Попладне ќе се знае кој од СДСМ ќе и се спротистави на Силјановска

Јавноста и натаму очекува објава на името на заедничкиот претседателски кандидат на коалициските партнери СДСМ и на ДУИ,  што го договорија Заев и Ахмети. Како што беше најавено по нивната средба во средата, името на кандидатот треба да биде објавено денеска.Алијансата за Албанците и БЕСА, пак, соопштија дека ќе ја поддржат номинацијата на амбасадорот и универзитетски професор Блерим Река. Тој од вчера се приклучи на списокот кандидати за претседател на кој е и Гордана Силјановска Давкова, зад која застана ВМРО-ДПМНЕ.По одлуката на лидерите од владејачката коалиција СДСМ и ДУИ, Зоран Заев и Али Ахмети, за заеднички кандидат, дел од медиумите објавија дека веќе е познато и името, а дел, пак, тврдеа дека се уште се во игра се имињата на Радмила Шекеринска, Никола Димитров, Стево Пендаровски и Оливер Спасовски од СДСМ.

Македонија | пред 7 години

GSMA-Awards

HUAWEI Mate X прогласен за најдобар нов мобилен телефон на Светкиот конгрес со Барселона

Huawei Mate X паметниот 5G телефон ја освои наградата на GSMA „Најдобро поврзан мобилен уред на Светскиот мобилен конгрес во Барселона 2019 година“, поради својата Falcon Wing Mechanical Hinge, водечката комуникациска способност од 5G, иновативната интеракција на човекот со паметниот телефон и неговиот Супер полначот.Оваа специјална и најпосакувана награда ја дава организаторот GSMA за новолансирани или уреди кои ќе бидат лансирани во блиска иднина, што претставува највисоко признание во пионерските идни технологии. Претходно оваа недела на Светскиот мобилен конгрес во Барселона, Huawei освои бројни GLOMO награди (Global Mobile Awards ), вклучувајќи ја и наградата „Најдобар паметен телефон на годината“ за HUAWEI Mate 20 Pro, кој е водечки во својата класа.„Во име на целиот наш тим во Huawei, јас би сакал да се заблагодарам на GSMA за оваа награда. Оваа година, 5G е на сите уреди, мрежи и чипсети кои се поврзуваат, 2019 е година во која го трансформираме начинот на кој се поврзуваме, носејќи нови и неверојатни можности во нашите животи“, рече Кевин Хо, претседател на телефонскиот бизнис во Huawei Consumer Business Group.HUAWEI Mate X, најбрзиот 5G телефон на преклоп во светот е опремен со флексибилен OLED панел, Falcon Wing Mechanical Hinge, 7nm чипсет Balong 5000 и висока моќност на батерија од 4500mAh која e поддржана од најбрзиот светски HUAWEI SuperCharge од 55W. Оваа високо-технолошка технологија ја револуционизираше традиционалната форма на мобилни телефони, донесе неверојатно искуство за интеракција и водечко иновативно истражување на индустријата за паметни телефони. Со самото лансирање, HUAWEI Mate X беше широко признат од врвните светски медиуми. Досега има добиено награди од дури 30 меѓународни светски медиуми од различни земји и региони.Huawei инвестира повеќе од 10% од продажбата во истражување и развој секоја година. Само во 2018 година, Huawei инвестираше 15 милијарди американски долари во истражување и развој и доби 87.805 овластени патенти. Huawei е рангирана на петтото место во светот, според Европската инвестициска табела, за инвестициски рејтинг на ЕУ за 2008 година. Водејќи се со слоганот „потрошувачот на прво место“, Huawei е посветен на овозможување на сите луѓе да ги уживаат придобивките од дигиталниот животен стил. Со доаѓањето на 5G технологијата, Huawei е еден од малкуте производители кои имаат способност да развијат целосна палета на 5G производи и да испорача целосно синхронизирано корисничко искуство.World Mobile Conference 2019 во Барселона, во организација на GSMA, се одржува од 25 февруари до 28 февруари. GSMA ги претставува интересите на мобилните оператори ширум светот, обединувајќи повеќе од 750 оператори и речиси 400 компании во поширокиот мобилен екосистем, вклучувајќи производители на мобилни телефони и уреди, софтверски компании, снабдувачи на опрема и интернет компании, како и организации во слични индустриски сектори. GSMA, исто така, ги спроведува водечките MWC настани во индустријата што се одржуваат секоја година во Барселона, Лос Анџелес и Шангај, како и на регионалните конференции за мобилна телефонија.

пред 7 години

Sobranie-naa-FFM-777x437

Експретседателот на ФФМ затајувал данок

Управата за Финансиска полиција до ОЈО поднесе кривична пријава против екс претседателот на Фудбалската федерација на Македонија Илчо Ѓоржиоски поради сомневање за даночно затајување и фалсификување и уништување на деловните книги.Како што се наведува во соопштението од Финансиската полиција, делата за кои се товари екс претседателот на ФФМ се сторени во перидот од 1 јануари 2017 до 27 февруари 2018.Ѓорѓиоски, според Финансиската полиција, „свесно и со намера во име и на сметка на ФФМ прикажал лажни и невистините податоци во завршната сметка за 2017 кои на 27 февруари 2018 ја поднел до УЈП и Централаниот регистар“.Делата за кои се сомничи Ѓорѓиоски се дека тој во сметководствената евиденција не извршил отпис на ненаплатени побарувања од купувачите постари од три години и тоа од ликвидиран непостоечки субјект АД Тобако Скопје во износ од 10.639.293 денари и од АД Југохром Јегуновце во износ од 6.169.832 денари.На ваков начин како што велат од Финансиската полиција, Ѓорѓиоски ја зголемил даночната основица од непризнаените расходи за даночни цели , за кој износ не пресметал и не платил данок на добивка со што ФФМ остварила противправна корист од 1.680.912 денари.

Македонија | пред 7 години

sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: Рекордниот износ на странски инвестиции во 2018

Официјалните податоци ја потврдувуваат успешноста на економските политики на Владата предовдена од СДСМ, се вели во соопштението од СДСМ.Странските инвестиции во 2018 година изнесуваат 624,5 милиони евра, што е рекорд, највисок износ во историјата на нашата економија.Странските инвестиции во земјава минатата година обезбедиле нови 4.500 добро платени работни места, со што директно влијаат на намалување на невработеноста, го јакнат бруто домашниот производ, се зголемува извозот, платите растат а со тоа се подобрува и животниот стандард на граѓаните.За само 20 месеци во Технолошко индустриските развојни зони во државата инвестирале 17 странски компании. Дополнително, по ратификацијата на Договорот од Преспа во грчкиот парламент, нови шест компании донеле одлука да инвестираат во нашата земја.Владата предводена од СДСМ останува посветена на спроведување мерки и политики што го поттикнуваат економскиот раст, што обезбедуваат нови вработувања, повеќе инвестиции и повеќе пари кај граѓаните, велат од СДСМ.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

ВМРО ДПМНЕ: СДСМ и Зоран Заев се рак за македонското здравство

СДСМ е партијата која парите во здравството, наместо за реновирање на болници, градење на нови или набавка на опрема за здравствените установи, ги троши за непродуктивни работи, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Единствено што јавноста ќе го памети во 2018 година од Венко Филипче е обидот да додели тендер од 35 милиони евра на фантомска фирма отворена неколку дена пред распишувањето на тендерската постапка за набавка на реагенси во лабораториите.Немаат слух ниту за 30 деца со лесна кршливост на коските кои цела година се без неопходната терапија. Овие алармантни податоци беа обелоденети во јавноста.Грипот зeма се поголем зафат, има починати 4 лица, а епидемијата на морбилите коси низ целата територија на државата. Има епидемија на морбили, а на праг е и епидемија на грип. На епидемијата со морбили и покрај мерките не и се гледа крајот, а за состојбата со грипот нема ниту мерки. Молк од Филипче.Раководењето на Филипче со министерството од ден на ден го зголемува хаосот во здравството.За жал овој криминален картел на власт го има бизнисот пред здравјето на граѓаните, велат од ВМРО ДПМНЕ.

Македонија | пред 7 години

mepso_sl111

МЕПСО трошела милиони евра за ски центри, барокна фасада и адвокати

Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција отвори предистражна постапка за МЕПСО врз основа наревизорскиот извештај за финансиското работење на оваа компанија. Се истражува работењето на поранешното раководство додека директор беше Синиша Спасов, кадар на ВМРО-ДПМНЕ од 2012 до 2016 година. Истрага води и Управата за финансиска полиција за барокната фасада и реконструкцијата на дирекцијата на МЕПСО која достигна цена од 11 милиони евра, а се уште не е докрај завршена.Ревизорскиот извештај беше објавен лани во март, а иницијатива за отворање на истрага ја потегна Владата, која е сопственик на МЕПСО. Во ревизорскиот извештај се обелоденети сомнителни тендери, договори за кои постојат индиции дека се коруптивни, сомнежи за злоупотреба на милиони евра државни пари и злоупотреба на службената положба на тогашното раководство.Поранешниот директор Синиша Спасов за ИРЛ тврди дека работел законски и домаќински, но тоа не го покажува и ревизорскиот извештај.Повеќе на ИРЛ.МК

Македонија | пред 7 години

policija-leptokarija

Детали за пукањето пред ТЦ Лептокарија, не се познати учесниците

Престрелка меѓу два автомобили во движење вечерва ги вознемири жителите на скопската населба Карпош 3. Како што соопшти полицијата, нешто пред 19 часот биле пријавени пукотници на булеварот „Партизански одреди“ пред трговскиот центар Лептокарија.Од полицијата велат дека до овој момент нема пријавено повредени лица, а на терен, екипите кои веднаш излегоа на увид освен чаури од испуканите куршуми не нашле траги на крв.Вистинска среќа е што нема повредени ниту случајни минувачи со оглед на тоа што се пукало во непосредна близина на автобуската станица која во тој момент била преполна со ученици кои се враќале дома по наставата.Се уште нема информации за учесниците во престрелката.

пред 7 години

Нема фотографија

Eпидемија на морбили и во Куманово

Центарот за јавно здравје во Куманово вчера прогласи епидемија на морбили. Бројот на заболени од мали сипаници од почетокот на годинава изнесува петнаесет, а последнава недела заболени се три лица. Новозаболени се првоодделенче и двајца здравствени работници од детското одделение од кумановската болница. Детето престојувало во целодневен престој во кумановска градинка.„Извршен е увид во вакциналниот статус на децата во градинката и во училиштето, извршена е дезинфекција и континуирано се врши проверка на вакциналниот статус на децата во градинките на ниво на Куманово, Исто така, тече вакцинирање во Здравствениот дом, се спроведуваат мерки во болницата со ограничени посети, зачестена дезинфекција и тријажа на пациентите“, изјави доктор Јадранка Стаменковска, епидемиолог од Центарот за јавно здравје.Од вкупниот број заболени од почетокот на годинава, единаесет лица се од Куманово, а четири се жители на Општина Липково. Секој ден има нови случаи на морбили. Во последното деноноќие, од средата кон четвртокот, лекарите регистрирале морбили кај седум пациенти и, според податоците на Министерството за здравство, четворица се примени н болничко лекување.

Македонија | пред 7 години

12039717_1077029968973749_4968313203410025597_n

Зошто јас не можам да бидам претседателски кандидат?

Да нема забуни, тоа што јас инсистирам на тоа дека е време да имаме жена за претседател на државата, во никој случај не значи дека јас ќе се кандидирам за оваа функција, или дека сум соодветна за неа.Прво, не сум поврзана со ниту една политичка партија, или попрецизно кажано не сум и симпатична на ниту една политичка партија, или уште попрецизно, на сите политички партии им се превртува стомакот кога ќе се спомне моето име. Без исклучок.Второ, не сум поврзана со бизнис заедницата и на крај памет не ми паѓа да правам било какви отстапки во однос на правата на граѓаните во корист на бизнисот, профитот и личното богатење. Ја сум за агресивен прогресивен данок со кој во добивката на  најбогатите ќе се зафаќа најмалку со 50% и сум против било какви интимни врски меѓу власта и бизнисот.Трето,  претседателската функција не ја разбирам како биро за вработување, унапредување, наградување, помилување, додворување, отворање и/или поддршка на бизниси на роднини, пријатели, комшии и сл. Меѓутоа сум за најдобро можно искористување на она малку интелектуален потенцијал со кој располага ова наше државиче независно од верската, партиската, сексуалната, културната, музичката, етничката, припадност.Четврто, јас сум атеист кој го почитува правото на вероисповед како лично и многу интимно право и ниту една религија не ја сметам за сојузник на државата. Верските заедници за мене се обични здруженија на граѓани кои треба да бидат третирани како такви.Петто, не можам да бидам поткупена, на закани вообичаено реагирам со агресија, а умилкувањето го сметам за прв знак дека некого треба да го откачам.Шесто, не сакам скапа облека, скапи автомобили, големи канцеларии, резиденции, телохранители, послуга, црвени килими, приватни авиони, …Седмо, јас не ја кријам мојата лева ориентација во која се почнува и завршува со  човековите права за сите, секаде и во секоја ситуација. Најверојатно преведено на јазикот на сегашноста најблиски ми се зелените или екосоцијализмот.Посебен недостаток кој е дефинитивно непремостлив е тоа што јас точно знам кои се надлежностите на претседателот на државата и што може да направи, а што не, што е спротивно на гламурозните ветувања кои се даваат во време на претседателските кампањи во кои кандидатите ветуваат брда и долини, мед и млеко и активности кои немаат врска со функцијата претседател на државата.Во моментов во Македонија не може да има кандидат за претседател кој има и теориски шанси да биде избран а кој не припаѓа на ниту една политичка партија, кој е скаран со бизнис заедницата, кој нема намера да вработи барем сто души и уште толку да ги унапреди или именува, кој не се гушка со верските великодостојници и не имитира загрижен верник, кој не е веќе фатен на орото на меѓусебно давање и земање, кој не сонува за палата од мермер и запрен сообраќај додека поминува покрај смртниците, кој не е отворено или прикриено десно ориентиран и кој не е спремен да ја вети Месечината и брзо патување на Марс.Заради сето ова, ве молам ни на шега да не го спомнувате моето име како можен кандидат за претседател на државата.Меѓутоа, јас цврсто стојам на тврдењето дека на оваа држава и е потребна претседателка. И јас ќе гласам за било која кандидатка која ќе се појави на наредните избори. Било која. Добро, имам една црвена линија. Ќе гласам за било која, која е макар и за нијанса подобра од Ѓорѓе Иванов.Мирјана Најчевска, „КВАДРАТУРА НА КРУГОТ“ - kvadraturanakrugot.crnaovca.mk

Македонија | пред 7 години

gruevski-2

Груевски повторно се јави: Има план да ме убијат зад решетки

Поранешниот македонски премиер Никола Груевски кој е во Унгарија, даде интервју за РАИ во кое зборува за политичкиот прогон.Случајот за кој бев обвинет е фалсификуван, знаев дека има план да ме убијат зад решетки. Не можам сега да обезбедам детали, но но секогаш има некој на кого не му одговарате, вели Груевски.Груевски во интервјуто кажува дека пред да ја напушти земјата испратил писмо до Јоханес Хан и до Федерика Могерини, дури и на германската канцеларка Ангела Меркел, за да испратат судија во пензија да го види случајот.Убеден бил дека ЕУ не ги прочитало документите.Решив да дојдам во Унгарија зошто има независни институции, вели тој за РАИ.И понатаму е противник на Договорот со Грција:Немаше руско влијание врз мене и мојата партија, вели Груевски.

Македонија | пред 7 години

policija-22

Позната причината за убиството во Струга

Вчеравечер, 23-годишно лице убило една година помладо момче, а случајот го потврдија од МВР.Оттаму, не откриваат која била причината за пукањето, но, неофицијално, причината е кавга за дрва. Убиството се случи во струшкото село Поум.„Денес околу 18.40 часот во с.Поум-Струга У. В. (роден 1997) од с.Поум пукал кон З. Б. (1996) и В. Б. (1973) како и кон други лица. З. Б. Починал, а В.Б. е пренесен во МЦ-Струга“Лицето кое пукало само се пријавило во ПС-Струга.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

534691867906317212947053166253537038434304o-1

Силјановска: Ветувам дека правото и правдата ќе победат во Македонија

Кандидатот за претседател на Македонија од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска, вчера беше во Виница и Гостивар.- Благодарност за срдечниот прием. Ветувам дека правото и правдата ќе победат во Македонија, напиша таа на Фејсбук и сподели фотографии.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

ФОТО: Зекири се пофали со нивото на странски директни инвестиции на Фејсбук

Пратеникот Мухамед Зекири на својот Фејсбук профил објави фотографија на која може да се забележи највисоко ниво на странските директни инвестиции во 2018 година.„Рекордно ниво на странски директни инвестиции во 2018 година од 624,49 милиони евра.Извор: Народната банка на Република Северна Македонија“, напиша под фотографијата Зекири.

Македонија | пред 7 години

MFA_8353

Димитров на економскиот форум во Делфи

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров, на 1 и 2 март 2019 година, ќе учествува на 4-от „Делфи економски форум“, кој оваа година се одржува од 28 февруари до 3 март во Делфи, Грција.На покана на основачот и претседател на Delphi Economic Forum, а под покровителство на претседателот на Хеленската Република, Прокопис Павлопулос, МНР Димитров, утре вечер (петок, 1 март 2019 год.) во 19:40ч. по македонско време, ќе се обрати на централниот настан на Форумот, кој оваа година тематски е посветен на „Предизвикот на инклузивниот раст“. Покрај министерот Димитров, во рамките на пленарната сесија свое обраќање ќе имаат и премиерот на Грција, Алексис Ципрас, МНР на Кипар, Никос Христодулидис, потпретседателот на Владата на Романија, Ана Бирчал и МНР на Србија, Ивица Дачиќ.МНР Никола Димитров е првиот претставник на високо ниво од нашата земја кој ќе учествува на Форумот, чија цел е преку обединување на светските лидери да го продлабочи разбирањето на прашањата и предизвиците кои влијаат на глобалната заедница, Европската унија, поширокиот Медитерански регион, како и на Југоисточна Европа.На маргините на настанот, МНР Димитров се предвидува да оствари и повеќе билатерални средби.

Македонија | пред 7 години

DSC_2105

Заев - Курц: Австрија е и останува голем пријател и поддржувач на Република Македонија

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев денеска во Виена оствари средба со Канцеларот на Република Австрија, Себастијан Курц.Истакнувајќи дека секоја посета на Република Австрија е задоволство, Премиерот Заев му се заблагодари лично на Канцеларот Курц, но и на Владата на Република Австрија за се што направиле за Република Северна Македонија, но и за целиот регион на Западен Балкан.„Сега откако почна да се имплементира договорот од Преспа, се насочуваме целосно кон работа на реформите дома. Постигнатиот договор имаше позитивен импакт врз целиот регион. Со договорот успеавме да покажеме дека со партнерство и дијалог може да се постигне многу“, потенцираше Премиерот Заев на средбата со Канцеларот Курц.На средбата Премиерот Заев истакна дека членството на Северна Македонија во Европската Унија е единствениот избор.„По историскиот договор меѓу нашата земја и Грција, време е да им се посветиме на економските прашања во земјата“, рече Премиерот Заев и додаде дека оваа година сите напори ги насочуваме кон забрзан раст на економијата.Средбата, како што истакна Канцеларот на Република Австрија, Себастијан Курц, уште еднаш го покажува и го докажува пријателството меѓу двете земји. По успехот со решавање на спорот со Грција, Република Австрија се надева дека годинава Република Северна Македонија ќе ги започне преговорите со Европската Унија, во тој процес, рече Канцеларот Курц, Австрија и натаму ќе и ја дава потребната поддршка на Северна Македонија.  

Македонија | пред 7 години

parenting-trends-2018-2

ЛАГА: Во ниту еден закон не се предвидува “родител 1” и “родител 2”, наместо “мајка” и “татко”

За сите „загрижени“ и уште повеќе за сите „расположени за шега“ родители под редни броеви, чујте и почујте:1. Муабетот со „родител 1“ и „родител 2“ наместо „мајка“ и „татко“ доаѓа од Франција, каде што пред две недели беше усвоен закон со кој (читај внимателно) - во документите за евиденција во школите каде што ги пишува основните податоци за децата, по името и презимето на детето нема да стои „татко: тој и тој“ и „мајка: таа и таа“, туку „родител 1“ и „родител 2“. Објаснето е и таму дека тоа не е исфрлање или забрана на термините „мајка“ и „татко“, туку нивна замена со неутрални термини во документите за евиденција и само таму. Бидејќи родителите се еднакви меѓу себе, а и семејствата се еднакви меѓу себе без разлика од колку и какви членови се составени, било одлучено дека нема потреба да се даваат родови улоги во официјални документи во образованието. Надвор од тоа, нормално дека ќе си продолжат да постојат и мајки и татковци, вклучително и во образовните материјали.[embed]https://www.facebook.com/1050673868/posts/10216718841617340?sfns=mo[/embed]2. Во Македонија и онака тоа одамна не постои, туку се пишува „име, име на еден од родителите, и презиме“, значи веќе имаме родова неутралност во таа евиденција, па гледам не се претворивме во „едниот родител“ и „другиот родител“, уште сме мајки и татковци.3. Во ниеден предложен или донесен закон или друга одлука не се предвидува замена на термините „мајка“ и „татко“ со „родител 1“ и „родител 2“. Тоа е теза што како прашање „дали ќе се случи“ ја постави политичка партија што е против предлог-законот за заштита од дискриминација, а ја раширија портали што и се наклонети на таа партија со манипулативни наслови од кои се добива впечаток дека тоа е готово донесено решение, а не „сомнеж“.

Коментари | пред 7 години

Нема фотографија

Сончево време со температура до 20 степени

Денес времето ќе биде претежно сончево и топло. Во текот на ноќта облачноста ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен и западен правец. Температурата ќе се движи од 11 до 20 степени.Во Скопје сончево време со температури од -2 до 18 степени.Утре претпладне ќе има зголемена облачност и ќе дува умерен до засилен северен ветер. Дневната температура во деновите од викендот ќе биде за 4 до 5 степени пониска во однос на денешната. Од понеделник и понатаму ќе биде стабилно со мала до умерена облачност и со повторен пораст на дневната температура.

Македонија | пред 7 години

Rabota-na-pat

Состојба на патиштата- внимавајте на овој патен правец денеска има прекин во сообраќајот

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.На ден 28.02.2019 (четврток) и 01.03.2019 (петок) ќе се изведуваат градежни работи при поставување на индуктивни јамки за броење на возила на Автопат А1, делница Градско-Неготино за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони.

Македонија | пред 7 години

mirjana-najcevska-huliganka

Најчевска: Се чувствувам како глупача!

Професорката Мирјана Најчевска се чувствува понижена и ги губи како што вели живците поради последната кривична пријава која ја доби поради учеството во ,,шарената револуција’’, ова го изјави таа во дебатната емисија Отворено студио на ТВ 24.Таа посочи дека сега луѓето и се смеат поради тоа што се ,,акала’’ по улиците и сега оние кои што Најчевска ги донела на власт,  ја казниле за фарбањето на државните институции. -Како не е политички притисок, јас наместо да се занимавам сега со својата работа. Значи наместо да се бавам со она што ми е работам, наместо да се бавам со анализи, наместо да се бавам со студии, јас треба да губам време со подготвување на жалби, треба да губам со проочување на законски текстови, треба да губам време со размислување за судски процеси. И да ви кажам она што ми е најстрашно да губам живци. И да се чувствувам понижена. Зашто? Затоа што сега една Ванковска, една Силјановска, еден Миленко, еден Јади Бурек, сега уживаат, сега се смеат. И викаат види ја онаа глупачана Најчевска, се акаше по улиците и сега нејзините кои што ги донесе на власт ја казнија. Ние не ја казнивме, но тие ја казнија, вели Најчевска.

Македонија | пред 7 години

najcevska

Професорката Најчевска „распали“ по власта

Довчерашните ,,шарени соборци’’, Мирјана Најчевска и Петрит Сарачини жестоко дебатираа во Отвореното студио поради прекршочната пријава која ја доби Најчевска поради фарбањето на државните институции за време на ,,шарената револуција’’.„Ама јас не сум добила прекршочна казна од минатата власт. Не сум добила. Значи јас не сум добила прекршочна, не сум платила до сега казна. Сум дебатирала и кога била минатата власт. Значи факт е дека не сум добила прекршочна казна од минатата власт, а добив прекршочна казна од оваа власт“, вели Најчевска.„Оваа власт се решава да не го почитува законот, на ист начин како што не го почитувала претходната власт. Не знам дали тоа е од незнаење. Јас многу се плашам дека тоа е од незнаење тоа е најзастрашувачкиот момент или пак е од малициозност. Меѓутоа наједноставен начин, го зема законот, го чита законот нема основ за овие прекршоци само треба да се примени законот и по автоматизам да се повлечат сите овие прекршочни казни, истакнува таа“, додава Најчевска.За крај Најчевска запраша зашто досега не проработеле институциите, што правеле цели две и половина години.-Зашто досега не проработеле институциите. Што правеле, па поминаа две и пол години. Не проработеле, заклучи Најчевска.

Македонија | пред 7 години

3-3-1

Шарената револуција плаќа 6.400 евра кон МВР, а ќе добие уште казни

Учесничката во Шарената револуција, Ирена Стеријовска на социјалните мрежи ги сподели имињата на оние кои добиле казни од МВР затоа што фрлале боја кон институциите. Последно, казна доби и професорката Мирјана Најчевска која ќе треба да плати 200 евра.„Ана Кркулевска - 15 казни од 100 евра, 1 од 400 евра и околу 30тина во процедураПавле Богоевски - 5 казни од 100 евра и 40 во процедураИрена Стеријовска - 20 казни од по 100 евра и уште 20тина во процедураЗамир Мехмети - 8 казни од по 100 евра и 30 во процедураСимона Спировска - 10тина казни од по 100 евра и немам информација и уште колку во процедураАлек Гочев - 7 извршни казни од по 100 евра и 32 во процедураЈаков Спасов - 11 извршни казни од по 100 евра и 10 во процедура... и многу многу други за кои немам точни информации.Значајна порака е кој човек владата го праќа за да дебатира со Најчевска на оваа тема. Покажува каков однос имаат по ова прашање и на кое ниво ја сведуваат Шарената“, пишува Стеријовска.

Македонија | пред 7 години

pistol-vperen

Пукање во Лептокарија, Карпош 3

Во скопскaта населба Карпош, кај трговскиот центар „Лептокарија“ вечерва имало престрелка, пишува МКД.Неофицијално, пукотници си размениле две лица од своите возила, во моментов нема информации за повредени.Во моментов трае увидот и екипи на МВР се на самото место.

Скопје | пред 7 години

policija-6

Убиство во Струга

Едно лице е рането, а едно убиено во престрелка која предмалку се случила во струшкото село Поум, велат извори од МВР за „Скопје 1.мк“Полицијата врши увид во селото по убиството. Атмосферата меѓу селаните е тензична, а тие се роднински поврзани. Селото Поум е мало место со околу 200 жители.Засега не е познато колку лица учествувале во престрелката и која е причината. Детали нема ниту од МВР.Повеќе информации наскоро...

Македонија | пред 7 години

cento_policija

Детали: По пукањето во Струга, починало 23-годишно момче

22-годишен стружанец У.В. од село Поум пукал во повеќе негови сограѓани, информираат од МВР.Младо лице од 23 години починало, откако било погодено со куршум од огнено оружје.„Денес околу 18.40 часот во с.Поум-Струга У. В. (роден 1997) од с.Поум пукал кон З. Б. (1996) и В. Б. (1973) како и кон други лица. З. Б. Починал, а В.Б. е пренесен во МЦ-Струга“Лицето кое пукало само се пријавило во ПС-Струга.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

53055663_1098238870376639_371751306622140416_n

Николовски: Обезбедуваме финансиска поддршка за набавка на фотоволтаични колектори и водопоила во бачилата

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска ја посети Општина Чашка, кадешто имаше средба со сточарите од регионот. На средбата се дискутираше за актелните состојби во секторот, предлозите на сточарите и мерките од новите програми за финансиска поддршка и рурален развој.Николовски ги информираше дека МЗШВ, заедно со Јавното претпријатије за пасишта ќе изврши измени во Законот за пасишта со кои ќе се овозможи да се склучуваат повеќегодишни договори за користење на пасиштата.Во однос на новата програма за рурален развој, Николовски истакна дека за оваа година се предвидени средства за околу 50 фотоволтаични колектори  кои ќе бидат распоредени во бачилата кои немаат електрична енергија. Воедно, обезбедена е и поддршка за водопоила за бачилата. Дополнително, во програмата за финансиска поддршка за 2019 година зголемена е поддршката за произведено и предадено овчо млеко на 4,5 денари.МЗШВ во моментот работи и на нов оглас за доделување земјоделско земјиште за сточарство, кој ќе биде кумулативен по број на грла. Досега, на огласот до 3 хектари вкупно се потпишани 35 договори со вкупна земјоделска површина од 79 хектари, а на огласот над 3 се потпишани 20 договори со вкупна земјоделска површина од 114 хектари.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања