Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Скопје1.мк

52868355_305742573403004_6825135467831230464_n

Дивите платформи на Матка нема да се рушат туку ќе се легализираат, најави Беџети

Три платформи кои се поставени во заштитеното подрачје на Матка се дивоградби а градоначалникот на Сарај, Блерим Беџети, најавува дека ќе се обиде да најде правно решение за трите во пакет. Иако прецизно не кажа, меѓу редови најави дека како последна ја остава можноста да се руши било која од поставените три платформи.  Вели дека платформите се таму со години и дека станува збор за реновирање и реставрирање а не изградба како што објавија медиумите но и градските власти и смета дека станува збор за контра кампања.На градоначалникот Шилегов му порача дека избрзал со изјавите и дека треба да се фокусиа на проблемите за кои е надлежен а кои се на територијата на Општина Сарај.Од министерството за транспорт и врски, каде веќе трет ден чекаат официјална информација од надлежна институција за поставената платформа, соопштија дека сеуште немаат одлука околу евентуалното одземање на ингеренциите на Општина Сарај.Повеќе на Телма.мк

Скопје | пред 7 години

Gjorge-Ivanov1

Пред заминување, Иванов унапредува вработени во армијата

Претседателот и врховен командант Ѓорге Иванов му подготви „билет“ за Брисел на својот поранешен аѓутант - бригадниот генерал Мирче Ѓоргоски, кого го назначи за воен претставник на земјава во седиштето на НАТО. Указот за испраќање на Ѓоргоски на новата функција е објавен во „Службен весник“, каде што се забележува дека тој во седиштето на Алијансата, всушност, ќе треба да ја претставува „Република Македонија“. Сите одлуките што ги потпишал Иванов пред неколку дена се со досегашното име на државата. Затоа, пак, одлуките на Владата што се објавени во истиот број на „Службен весник“ - од 26 февруари, се со новото име на земјата - Република Северна Македонија.Иванов потпишал и указ за одликување на четворица припадници на АРМ со „Медал за храброст“ за укажаната помош по тешката автобуска несреќа кај Ласкарци. Исто така, во екот на предизборието, Иванов донел одлуки за уште неколку кадровски прераспределувања во ГШ на АРМ, иако Изборниот законик и новиот Закон за спречување корупција предвидуваат ограничувања во однос на нови вработувања во државни и во јавни институции од денот на распишувањето на изборите.Најпроблематично е именувањето на Ѓорговски за „воен претставник на Република Македонија во НАТО“, особено ако се има предвид новата позиција што нашата земја ја зазема во алијансата, благодарение на Преспанскиот договор и промената на името. Друга работа се политиките на Иванов за опструкција на Преспанскиот договор, а со тоа индиректно и за потпишувањето на Протоколот за членство на земјава во НАТО.Од кабинетот на Иванов ни изјавија вчера дека указите што се објавени во „Службен весник“ биле донесени на предлог на Министерството за одбрана и ГШ на АРМ, согласно нивните надлежности. Постапката, велат од кабинетот, траеше неколку месеци.Повеќе на Независен.мк

Македонија | пред 7 години

DSC_0107

По протестите: Власта ветува дека ќе го усвои законот за заштита од дискриминација

Владејачката СДСМ, како парламентарно мнозинство вели „НЕ“ за дискриминацијата и се посветени на градење едно општество за сите, без подлеби, без дискирминација, еднакво општество на еднакви граѓани со еднакви можности.„Во таа насока, Законот за спречување и заштита од дискриминација ќе биде изгласан во Собранието до средината на март. Претходно Комисијата за труд и социјална политика во Собранието ќе заседава ќе ги заврши сите свои обврски поврзани со овој закон. Со измените, за прв пат како основи за дискриминација се воведуваат сексуалната ориентација и родовиот идентитет“, рече Јагода Шахпаска од СДСМ, по денешната прес-конференција на 100 граѓански здруженија кои побараа Законот за спречување и заштита од дискриминација да биде донесен пред претседателските избори.Шахпаска вели дека измените ќе ги прошират надлежностите на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација во насока на превенција.„Новиот Закон предвидува јасни критериуми за избор на членови на Комисијата, кој ќе добијат статус на функционери, со цел да се професионализира Комисијата. Истовремено, од судски трошоци се ослободуваат лицата кои ќе поведат судска постапка за заштита од дискриминација, а се зголемува и износот на прекршочните одредби за правни и физички лица за кои ќе се докаже дека сториле дискриминација“, вели Шахпаска.

пред 7 години

Нема фотографија

ВМРО ДПМНЕ до државната комисија за спречување корупција достави список од неколку стотици случаи на непотизам

Денеска ние како ВМРО-ДПМНЕ, по серијалот на прес конференции каде што изнесовме многу примери на непотизам од редовите на власта на СДСМ, донесовме список којшто уредно го доставивме до архивата на Државната комисија за спречување корупција, којшто подоцна ќе влезе во редовите на седницата на антикорупционерите кадешто ќе мораат да ги истражат сите оние случаи на непотизам којшто беа очигледни и ги изнесовме на прес конференцијата, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Се работи за список од неколку стотици случаи на непотизам којшто се роднини во блиско крвно сродство на актуелните функционери, пратеници, градоначалници, директори од владата на СДСМ.Очекуваме дека во најбрз можен рок актикорупционерите ќе си ја завршат својата работа како што треба бидејќи на очиглед на целата ситуација се работи за највисок степен на непотизам во државните органи, и подоцна очекуваме дека ќе бидат процисуирани сите овие случаеви и предмети на непотизам.Исто така апелираме уште еднаш и ги охрабруваме не само роднините на функционерите од СДСМ да дадат откази коишто за жал се премногу мал број и може да се избројат на прсти, ги повикуваме и функционерите на СДСМ коишто си ги вработиле своите роднини да ги достават своите оставки во Владата бидејќи тоа е најморалниот чин кој што ќе може да го демонстрираат пред јавноста кој што најверојатно сакаат да го презентираат пред јавноста.Бидејќи секогаш кога еден функционер си вработува дел од своите роднини во државните институции, верувајте дека има таму родители на граѓани и на млади луѓе кои што гледаат и вложувале во своите деца, инвестирале, двоеле од себе за да им пружат нив образование и се останато за да може да успеат во животот. Но, за жал на сметка на нивното образование се вработуваат луѓе кои што се роднини и блиски на функционерите од власта па другиве мораат да си го бараат своето чаре надвор од државата.Така да уште еднаш повикуваме антикорупционерите да го решат овој можеби најголем скандал на непотизам во Република Македонија и сите одговорни да сносат одговорност, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 7 години

pecat-nasovna

АВМУ: „1ТВ“ не ги почитува професионалните стандарди

Агенцијата за аудио и аудиовизуелните медиумски услуги преку соопштение реагира на вчерашното интервју на телевизијата „1ТВ“ со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Во соопштението се вели дека телевизијата не ги почитувала професионалните стандарди, односно новинарот што го водел интервјуто, Сашо Ордановски, ги прекршил начелата за почитување на достоинството на личноста, начелата за пресумција на невиност и начелата за објективно и непристрасно прикажување на настаните.„Во врска со интервјуто на новинарот Сашо Ордановски со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, емитувано на '1ТВ', првичните наоди од надзорот на Агенцијата укажуваат дека во делови од интервјуто новинарот ги прекршува начелата за почитување достоинството на личноста, за пресумција на невиноста и за објективно и непристрасно прикажување на настаните со еднаков третман на разни гледишта и мислења од член 61 од Законот за аудио и аудиовизуелните медиумски услуги“, стои во соопштението од АВМУ.Од Агенцијата велат дека професионалното работење на медиумите подразбира почитување на сите начела на вршење на дејноста кои се потпираат на новинарските стандарди.

Македонија | пред 7 години

vlada-19.02-pak

Власта ќе го крие името на кандидатот за претседател

СДСМ до Конгресот в недела нема да го открива името на кандидатот за претседател зад кој заеднички ќе застанат со ДУИ и останатите коалициски партнери.Од извори од штабот на социјалдемократите и од ДУИ велат дека утре вечер во Клубот на пратеници ќе се случи уште една средба меѓу лидерот Зоран Заев и Али Ахмети, но овој пат ќе им се придружат и првите луѓе на ДПА и новоформираната Алтернатива, Мендух Тачи и Африм Гаши. На оваа средба, според нашите извори, лидерите кончено ќе пресечат кое ќе биде името кое ќе го промовираат во претседателски кандидат.Извори и СДСМ и од ДУИ, покрај информациите во повеќе медиуми дека одлуката е донесена и името е веќе познато, за Канал 5 тврдат дека во игра се уште се четворицата фаворити кои веќе подолго се споменуваат – Радмила Шекеринска, Никола Димитров, Стево Пендаровски и Оливер Спасовски.Од резултатите од анкетите, заклучоците на партиските органи и ставовите на лидерите ќе бидат земени предвид в петок вечер при носењето на одлуката кој ќе влезе во трката за шеф на државата.

Македонија | пред 7 години

spasovski-21

Спасовски: Откази за вработените во УБК кои нема да ги исполнат условите за работа во новата агенција

Доколку за вработен во сегашната УБК се утврди дека е безбедносен ризик и не ја поминал безбедносната проверка, тој ќе биде отпуштен од работа во МВР. Ова го предвидува предлог-законот за агенција за национална безбедност, агенција која од први јуни треба да го наследи досегашното УБК. Роковите се кратки а веќе наредната среда законот со европско знаменце ќе се најде на пленарна седница пред пратениците.Критериумите за вработување во агенцијата се строги, прво ќе се прави профил на работно место, потоа профил на личност за тоа работно место и на крај ќе мора лицето кое ќе биде во финална селекција на тој процес да ги исполни сите критериуми според безбедносните стандарди на НАТО, вака денеска на брифинг со новинари објаснуваше директорот на УБК Горан Николовски.До први јуни, УБК ќе треба да се исели и од кругот на МВР и да стартува како агенција, но просторот каде ќе биде сместена се уште не е утврден.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Стоилковски:Македонија не смее да помине низ нов изборен процес со Љубомир Јовески како републички јавен обвинител

Македонија не смее да помине низ нов изборен процес со Љубомир Јовески како републички јавен обвинител. Јовески мора да си замине, бидејќи како дел од заевизмот, не постапува против изборниот криминал и со тоа ги злоупотребува своите позиција и овластувања, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Јовески остана глув и слеп на изборните манипулации, остана да седи во шинелот на Заевизмот, без да ги процесуира кривичните пријави поднесени од опозицијата. Уште повеќе што наместо ВМРО-ДПМНЕ, Јовески сам, согласно надлежноста и функцијата требаше да започне истрага за кривични дела од извонредно значење, како што е изборниот процес односно референдум.Со евидентната кражба на гласови, со полнење на кутии во рекордно време, со поткуп на гласови, со притисоци врз администрацијата, не успеаја да ја поразат волјата на народот и да го протуркаат референдумот за капитулантскиот договор. Како што не успеаја тогаш, нема да успеат ниту сега!Но, ништо не го амнестира Љубомир Јовески. Без постапка против организаторите и учесниците во овие кривични дела е директна заштита на изборниот криминал. Без постапување, Јавниот обвинител се стави на страна против граѓаните и против демократијата. Љубомир Јовески повеќе не смее да остане на функцијата јавен обвинител! Власта се сложи за обвинител на предлог на опозицијата и тоа мора да се почитува!ВМРО-ДПМНЕ ќе овозможи враќање на демократијата и на правната држава, за сите да бидат еднакви пред законот и институциите. ВМРО-ДПМНЕ ќе овозможи услови во кои што правосудните институции непристрасно ќе одлучуваат и ќе ги процесуираат сите криминали на власт, истакна Стоилковски.

Македонија | пред 7 години

grip-12

Почина 12 годишно девојче од грип

На детската клиника денеска од грип починало 12-годишно девојче со церебрална парализа. Девојчето е втор смртен случај од грип оваа недела, а четврти оваа сезона.Девојчето било примено на КАРИЛ, а потоа префрлено на Детската клиника, велат од Министерството за здравство и додаваат дека допрва ќе се открива дали девојчето починало поради свински грип, затоа што испитувањата се во тек.Пред два дена, исто така од грип, на Клиниката за инфективни болести од грип починал 86-годишен пациент.

Македонија | пред 7 години

1-4-1

Средби на премиерот Заев во Парламентот и Сенатот во Букурешт

Претседателот на Владата Зоран Заев и владината делегација се сретнаа и со претседателот на Домот на пратениците, Ливиу Драгнеа, како и со заменик претседателот на Сенатот на Романија, Јулијан Клаудиу Манда. Во Домот на пратениците е соопштена веста дека вчера едногласно е ратификуван Протоколот за прием на Република Северна Македонија во НАТО.Изразени се честитки дека нашата држава испишува историја, како дома, така и во регионот и во Европа, низ визионерските политики и начинот на којшто им е пристапено и се решени прашањата важни за иднината.Премиерот Заев се заблагодари за огромната поддршка од Романија и за тоа што земјата е меѓу првите што пристапи кон потпишување на Протоколот за членство на Република Северна Македонија во НАТО.-Благодариме за почитта. За нас членството во НАТО е голема стратешка цел. Важни се мирот, стабилноста, безбедноста, но тие значат и економија. Нашата цел е да ги потврдиме перцепциите дека Северна Македонија може да биде и „економско чудо“.Во таа насока посебно е посветено внимание на планираниот бизнис форум од двете земји, интензивирање на економската соработка и размена на искуства на економски план. А разговарано е и за унапредување на соработката во областа на културата, образованието, гасното поврзување, инфраструктурата.Во Сенатот каде треба да се заокружи ратификувањето на Протоколот за пристап на Република Северна Македонија во НАТО е најавено дека течат забрзани процедури тоа да се случи во текот на следната недела. Изразени се честитки за храбриот пристап на премиерот Заев во решавањето на политичките прашања, на европски начин.Премиерот Заев, ги поздрави сите заложби на Романија за евро-атлантските интеграции на нашата земја и изрази надеж дека од романското претседателство во ЕУ, ќе произлезе отворање преговори на Република Северна Македонија со ЕУ.

Македонија | пред 7 години

29-ta-sednica-na-sovet-1

„Лајка“ ново ЈП за хуман третман на животните скитници

Советот на Град Скопје на денешната седница донесе одлука за формирање јавно претпријатие за хуманиот третман на животните скитници, а новото претпријатие ќе го носи името Лајка.Новото јавно претпријатие ќе се формира од постојните служби што досега функционираа во рамките на јавното претпријатие „Комунална хигиена“, а истото ќе ги преземе сите активности, каде што спаѓаат заловување на животните скитници, нивниот транспорт до стационар, прием и преглед од овластен ветеринар, лабораториско испитување на животните на одредени болести, стерилизација, постоперативно сместување, лекување и нега, ветеринарна грижа, идентификација и регистрација, вакцинација и дехелментација, враќање на местото на заловување или преземање процедури за вдомување од заинтересирани граѓани.Формирањето на ново јавно претпријатие кое ќе се занимава исклучиво со оваа проблематика е потребно од повеќе причини, пред се поради недостатоците на досегашниот систем на работа со бездомните животни, што резултираше со зголемено присуство на кучињата скитници на јавните градски површини и притоа претставуваат реална опасност за безбедноста на граѓаните. Во текот на 2018 година против Градот Скопје и ЈП Комунална хигиена поднесени се над 200 тужби за надомест на штета заради напад и гризнување од бездомни кучиња.Новиот систем ќе овозможат Градот Скопје стратешки да се справи со проблемот на животните скитници од скопските улици преку воспоставување поефикасна контрола над популацијата на бездомните кучиња на подрачјето на град Скопје.Токму затоа во креирањето на организацијата на претпријатието и неговите органи ќе бидат вклучен и невладиниот сектор со искуство во сферата на заштитата на животните, со цел бројот на кучињата скитници да биде сведен на минимум и тоа на начин кој ќе обезбеди нивна благосостојба, но истовремено да гарантира безбедно и непречено движење на граѓаните на јавните градски површини.

Скопје | пред 7 години

antikorupciska-komisija

Антикорупциска објави 42 нови предмети за сомневање за непотизам

Антикорупциската комисија отвора нови предмети за непотизам и судир на интереси, а листата се прошири за 40-тина нови имиња. На списокот на ДКСК не изостанаа и актуелните пратеници од владејачкото мнозинство, министри и други функционери за кои секој ден на прес-конференција јавува опозициската ВМРО-ДПМНЕ.Опозициската ВМРО ДПМНЕ секојдневно објавува имиња на функционери кои си ги вработиле блиските. Но, до сега никој не ги споменал вработувањата на сестрите на министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу – Ајсел Фазлиу, која работи во МВР – и Ведра Фазлиу која работи во Владата. Тука е и внукот на министерот Фазлиу, Абдул Кадел, кој е унапреден во директор за безбедност на железничкиот систем.Внукот на пратеничката Фросина Ременски, Зоран Ременски се вработил во ЕЛЕМ. Пратеничката на СДСМ, Тања Ковачева е под сомнение дека влијаела да се вработат нејзиниот сопруг, сестра и зет од сестра.Сопругата пак, на екс-генералниот секретар на владата Кирил Божиновски, била вработена во Агенцијата за електронски комуникации.На денешната седница на комисијата беше е одлучено да се покрене прекршочна постапка против Азис Положани, ректорот на Државниот универзитет „Мајка Тереза“ во Скопје поради недоставување анкетен лист за имотната состојба.

пред 7 години

1-2-1-1

Заев од Романија: Пред 11 години, токму овде во Букурешт, беше пропуштена можност за влез на нашата држава во Алијансата

– Во Романија се почнати процедурите за ратификација на Протоколот за пристап на Република Северна Македонија во НАТО што е изгласано во Домот на пратениците. Се очекува брзо заокружување на тој процес и дека Северна Македонија во најбрзо време ќе биде 30. членка на НАТО. Ова го изјави романската премиерка Виорика Данчила по средбата со премиерот Зоран Заев, кој престојува во официјална посета на Романија.Романската премиерка ја реафирмираше позицијата за продолжување на проширувањето на ЕУ, врз индивидуални заслуги за земјите од Западен Балкан. Таа изјави дека очекува дека во јуни ќе бидат потврдени политиките на проширување на ЕУ и охрабри нашата земја да продолжи со исполнување на реформските аргументи.Како што соопшти владината прес-служба, Данчила јавно честиташе на премиерот Заев за неговиот придонес низ храброста и енергијата во големите процеси за нашата држава, што смета дека е инспирација за целиот регион.Во изјавите за медиумите, премиерот Заев рече дека носи искрени поздрави од граѓаните на нашата држава и од Владата на Република Северна Македонија.Тој се заблагодари за вчерашната ратификација на Протоколот за пристап на Република Северна Македонија во НАТО во Домот на пратениците на романскиот Парламент и за поддршката во процесот на НАТО интеграциите на нашата држава.– Посебно ми е драго што сме во официјална посета на Букурешт и што посетата се поклопува со една важна фаза во ратификацијата на Протоколот за влез на Северна Македонија во НАТО од страна на пријателска Република Романија. Пред 11 години, токму овде во Букурешт, беше пропуштена историската можност за влез на нашата држава во Алијансата. Денес на темелите на минатото изградивме иднина. Северна Македонија е на атлантскиот пат. Пријатели, благодариме, порача Заев.Освен за НАТО интеграциите, премиерот Заев се заблагодари и за поддршката во европскиот пат на Република Северна Македонија.

Македонија | пред 7 години

Slika-Jagoda-28-02-2019

Шахпаска: Градиме едно општество на еднакви граѓани, наскоро ќе бидат усвоени измените на Законот за заштита од дискриминација

Како пратеници, како парламентарно мнозинство велиме НЕ за дискриминацијата. Цврсто сме посветени на градењето едно општество за сите, без подлеби, без дискирминација, еднакво општество на еднакви граѓани со еднакви можности, истакна Јагода Шахпаска, пратеничка на СДСМ и коалицијата.Во таа насока, Законот за спречување и заштита од дискриминација ќе биде изгласан во Собранието до средината на март. Претходно Комисијата за труд и социјална политика во Собранието ќе заседава ќе ги заврши сите свои обврски поврзани со овој закон.Со измените, за прв пат како основи за дискриминација се воведуваат сексуалната ориентација и родовиот идентитет.Се додава и нов облик на дискриминација со кој треба да се справуваме а тоа е сегрегацијата. Измените ќе ги прошират надлежностите на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација во насока на превенција. Новиот Закон предвидува јасни критериуми за избор на членови на Комисијата, кој ќе добијат статус на функционери, со цел да се професионализира Комисијата.Истовремено, од судски трошоци се ослободуваат лицата кои ќе поведат судска постапка за заштита од дискриминација, а се зголемува и износот на прекршочните одредби за правни и физички лица за кои ќе се докаже дека сториле дискриминација.Здруженијата на граѓани и неформалните групи кои имаат оправдан интерес за заштита на одредена група или се занимаваат со заштита од дискриминација, ќе можат да поднесат тужба, ако со постапувањето на тужениот се дискриминирани поголем број лица.Почитувани,Мораме да дадеме приоритет на заштитата на правата и слободите на граѓаните и на борбата за еднакви можности во ова наше заедничко општество. Очекуваме поддршка од сите пратеници без разлика на партиска определба.Продолжуваме заедно со граѓаните, со институциите да градиме систем кој ќе заштитува од секаков вид дискриминација, истакна Јагода Шахпаска, пратеничка на СДСМ и коалицијата.

Македонија | пред 7 години

bitolaa

Нов европски проект за општина Битола

Во рамките на ЕУ програмата „Европа за граѓаните 2014-2020“, Општина Битола е дел од проектот „Европа на врата“, кој го спроведува локалната самоуправа Вила Боа до Бишпо од Португалија, заедно со партнерските организации, општини и институции од Бугарија, Полска, Латвија, Србија, Грција, Македонија, Италија, Хрватска, Шпанија и Романија.Главна цел на проектот е да воспостави соработка, размена и искуство, со цел да се зголемат капацитетите на вклучените општини на државите кои се веќе членки во ЕУ и градови од земји кои претендираат да бидат членки, со цел да се добијат заеднички проекти на искористување на фондовите на ЕУ.Преку проектот со низа активности треба да се прикажат бенефитите од заедничката перспектива за сите граѓани во споменатите земји. Главната целна група се младите луѓе кои покажуваат најмногу евроскептицизам, кои се под најголем ризик од популизам и радикализација, како и други граѓани, бидејќи забележано е дека негативниот став кон ЕУ се зголемува во одреден број европски земји.Од проектот ќе произлезе и онлајн платформа за зголемена европска свест од различни засегнати страни во Европа, зголемување на капацитетите на вклучените заедници, развивање соработка и предложени политики. Исто така, ќе бидат вклучени и алатки, методи, добри практики, видеа, фотографии, информации, документи, декларации и други релевантни содржини.

Македонија | пред 7 години

pecat-nasovna

Реакции: Ордановски квичи како прасе на колење

По вчерашната емисија “Печат на неделата, која ја води новинарот Сашо Ордановски, низа реакции на социјалните мрежи. Твитерџиите го критикуваат новинарот, оти за време на интервјуто со претседателот Христијан Мицкоски тој бил агресивен и како што велат, се однесувал како адвокат на СДСМ.

Македонија | пред 7 години

pavle-bogoevski

Богоевски: Учењата на Исламската заедница се спротивни на човековите права

Исламската верска заедница го објави својот став по новиот Закон за прекинување на бременоста. Бил спротивен на исламските вредности, напиша на својот фејсбук профил Павле Богоевски.Тој додава: Република Северна Македонија е секуларна држава која својот суверенитет го црпи од граѓаните. Од сите граѓани, без разлика на која религија и' припаѓаат, доколку воопшто припаѓаат.Верските учења, иако уживаат посебна законска заштита, немаат место во креирањето на јавни политики. Посебно кога се спротивни на човековите права, напиша Богоевски.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

ВМРО ДПМНЕ реакција: Граѓаните ги очекуваат инвестициите на Гугл и Фејсбук кои Заев бомбастично ги најавуваше

Граѓаните повеќе не веруваат во лагите на криминалниот картел и на аболицираниот Зоран Заев. Тие се уште ги очекуваат инвестициите на Гугл и Фејсбук кои Зоран Заев бомбастично ги најавуваше, стои во реакцијата од ВМРО ДПМНЕ.СДСМ единствено што донесе во државата е зголемен јавен долг и сиромаштија. Преку 500.000 граѓани живеат под прагот на сиромаштијата додека власта ги вработува своите роднини во државни институции за плати далеку повисоки од просечната.Додека пак секојдневните задолжувања на криминалниот картел направија за прв пат во историјата на Република Македонија јавниот долг да биде над 5 милијарди евра и да ја надмине психолошката граница од 50%.Странските инвестиции со кои што СДСМ се фали се инвестиции кои претходно ги договори владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ или втора фаза на фабрики кои веќе беа донесени од ВМРО-ДПМНЕ.Впрочем инвестициите на ВМРО-ДПМНЕ се и единствената светла точка во катастрофалната економија на СДСМ.Инвестициите на ВМРО-ДПМНЕ по кои СДСМ фрлаа со дрва и камења и беа симбол за експлоатација на работници, сега за картелот се компании кои ја движат економијата, ја намалуваат невработеноста и го подобруваат животниот стандард на граѓаните.СДСМ покажаа дека се неспособни и некадарни да носат инвестиции, а ниту имаат капацитет да ја водат македонската економија. Република Македонија и граѓаните повеќе не смеат да бидат на работ на егзистенцијата и токму затоа потребно е СДСМ да си замине, се вели во реакцијата од ВМРО ДПМНЕ.

Македонија | пред 7 години

tatko-deca

(Видео) Притворен таткото кој си ги фрли децата од прозор

Јосиф Роџак, ноќен чувар во камп на Паг е таткото кој изутринава ги фрли своите четири мали деца од првиот кат на семејниот дом на овој хрватски остров. Тој е уапсен, додека неговите деца се хоспитализирани, а две од нив се тешко повредени. Децата се на возраст од 3, 5, 7 и 8 години, а татко им ги фрлил изутринава пред 7 часот од 6 метри височина.По пристигнувањето на полицијата, децата биле во свесна состојба. Тие се префрлени во болницата во Задар.https://www.facebook.com/24sata/videos/580042775798819/Според хрватските медиуми, Јосиф работел како ноќен чувар дека неговата сопруга се грижела за децата. Таа имала и 18 – годишна ќерка од првиот брак која и била одземена и живее во Риека. Пред десет години, семејството се преселило од Вировитица на островот Паг.Во времето кога се случил инцидентот во куќата била и мајката на децата. Таа, наводно, сакала да оди со децата во болница, но полицијата не и дозволила и ја вратиле дома. Двете деца на возраст од 7 и 8 години имаат потешки повреди и се сместени на одделение за интензивна нега. Тие имаат фрактури на телото. Другите две деца на возраст од 3 и 4 години се полесно повредени.Соседите велат дека чувствувале дека нешто не е во ред со семејството. Децата секогаш како патчиња оделе зад својата мајка, за која биле многу врзани.

Свет | пред 7 години

tatko-deca

ХОРОР: Татко си ги фрлил четирите деца од прозорец

Хорор во Хрватска. Утрово татко си ги фрлил четирите деца од прозорец.Меидумите во регионот пренесуваат дека 54-годишен маж на висина од шест метри ги фрлил четирите деца од прозорец. Децата се на возраст од 3, 5, 7 и 8 години. Лекарите прават се да ги спасат децата.Мотивите за хоророт се непознати.

Свет | пред 7 години

skele

Работник во Битола починал по пад од скеле на бетонска подлога

На 27.02.2019 околу 11.45 часот во СВР Битола било пријавено дека на Градскиот стадион во Битола, при изведување градежни работи на објект во изградба, Д.Д.(58) од село Црнобуки, битолско, паднал од скеле на бетонска подлога. Од екипа на Итна медицинска помош бил пренесен во Клиничката болница во Битола каде му биле констатирани тешки телесни повреди, а во 19.30 часот починал.Увид на местото извршила екипа од СВР Битола во присуство на трудов инспектор. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

mobilni

Кај Струмичани пронајдени мобилни телефони и технички апарати, предмет на кражби

На 27.02.2019 во периодот од 10:30 до 12:40 часот, врз основа на судска наредба, полициски службеници извршил претреси во дом и други простории сопственост на лицата Р.Б.(29), Г.В.(27) и Г.Г.(54), сите од Струмица.При претресите биле пронајдени и одземени мобилни телефони и други технички апарати кои се предмет на извршени кривични дела „тешка кражба“ и „кражба“. По документирање на случаите, ќе следат соодветни поднесоци.

Македонија | пред 7 години

1-6

Мицкоски смета дека СДСМ и ДУИ ќе бојкотираат, поради резултатите на Силјановска

ВМРО-ДПМНЕ нема да ги бојкотира претседателските избори зашто размислува за победа. Очекувам масовна поддршка за Гордана Силјановска-Давкова и таа е идниот претседател на Македонија, рече лидерот на опозициската партија Христијан Мицкоскиво интервју за 1ТВ.-Повеќе се плашам за бојкот од СДСМ и ДУИ во вториот круг, откога ќе ги видат резултатите во првиот. Веднаш по поразот на претседателските избори СДСМ сакала-нејќела ќе мора да оди на предвремени парламентарни избори, рече Мицкоски.Што се однесува до изборот Владејачката гарнитура да оди со консензуален кандидат Мицкоски рече:– Тој кандидат е најмалку консензуален, туку заеднички кандидат поддржан од овие две партии за да го намали поразот на претседателските избори и кратко да ја продолжи политичката кариера на политичарите од овие две политички партии. Јас сум сигурен ако излезат со посебен кандидат ќе изгубат од Силјановска, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 7 години

tabla-severna-2

МВР: До целосна промена на личните документи подигнете потврди со новото име Република Северна Македонија

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека до целосната промена на сите документи, почна со издавање потврди на граѓаните за документите што порано се издадени од министерството кои не го содржат новото име на државата “Република Северна Македонија”.Со овие потврди се валидизира важноста на документите што се презентираат во странство. Потврдите се со нов печат и новото име ,,Република Северна Македонија“. Потврдите се издаваат во Одделот за граѓански работи за државјани на Република Северна Македонија и лица кои уживаат меѓународна заштита во земјата, а во Одделот за гранични работи и миграции за странци кои по било кој основ престојуваат во државата.Оваа постапка следува по Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите на Советот на безбедност на Обединетите нации, а која се однесува за престанок на важење на референцата ФИРОМ, како и уставните измени за новото име на државата Република Северна Македонија.

Македонија | пред 7 години

p2

(ГАЛЕРИЈА) Скопје - град на самоволието

Скопје стана град каде пешачките премини се главно паркиралиште, а пак тротоарите омилено место каде возачите ги оставаат автомобилите. Граѓаните реагираат, но залудно. Во групата „Ѕид на сообраќајниот срам“ секојдневно се споделуваат фотографии. Истите сведочат за хаосот во нашиот град.Иако надлежните реагираат, се е залудно. Очигледно, пајак-возилата не можат да постигнат да ги дислоцираат сите автомобили. За непрописно паркирање глобата е 45 евра, но цели 250 евра ако возилото е паркирано во близина на пешачки премин или крстосница.ФОТО: Ѕид на сообраќајниот срам

Скопје | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања