Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Скопје1.мк

granica-carina

Законот за Царинската тарифа помина на Влада

На 123-тата седница Владата на Република Северна Македонија го утврди новиот текст на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за Царинската тарифа и донесе одлука да го достави до Собранието.Со предложените измени и дополнувања на овој закон ќе се овозможи исполнување на обврската за транспонирање на националното законодавство утврдена во Националната програма за усвојување на правото на Европската унија, како земја кандидат, а воедно се обезбедува и правна основа за еднообразна примена на Царинската тарифа.Со оваа измена на Законот за царинската тарифа се овозможува менување на номенклатурата на национално ниво за да обезбедат услови за попрецизно определување на производите што подлежат на повластена стапка на ДДВ и други мерки поврзани со увоз и извоз.Истовремено, со овие измени се создаваат услови за потполна примена на интегрираната царинска тарифа што треба целосно да почне да се применува со новиот систем за обработка на царински и акцизни документи.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

(ВИДЕО) Арсовски: Епидемијата на непотизам речиси и да нема функционер од власта што не го заразила

Власта е оперирана од срам и морал. Затоа Епидемијата на непотизам речиси и да нема функционер од власта што не го заразила. Се пренесува само по роднини и тоа замислете строго кај функционери на СДСМ, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Тој додаде:Нивните роднини на функционерите од СДСМ се луѓето кои се вработуваат за натпросечни плати како да нема други стотици илјади граѓани во државата кои што се без работа и бараат вработување.Денес ќе ви презентираме нови жртви од Дизел вработувањето на власта. Замислете, Јагода Шахпаска најверојатно советувана од нејзините колешките Мира Дизел, Милева и Тања Ковачев, си ги вработила својот зет и својата золва.Јагода Шахпаска си ја вработила својата золва, односно сестрата на нејзиниот сопруг, Маја Двојаковска во општина Берово.Очигледно на Шахпаска многу и била погодена золвата, па земала и го вработила својот зет, односно сопругот на золвата, Антонио Двојаковски во Македонски шуми по договор на дело. Најверојатно планот и бил да добие решение после изборите.По примерот на Шахпаска во општина Берово и поранешниот претседател на ДИК Александар Чичаковски си ја вработил својата прва братучедка Емилија.Додека пак, Пеце Мирчевски, директорот на СОЗР си го вработил својот шура Тимчо Биљарски како инспектор во МВР точно на 31.12.2018 на нова година.Почитувани,Нема што повеќе да се каже. Целата јавност го гледа лицемерието на СДСМ. Едно збореа пред изборите, друго сега прават. Жалосно е што за сметка на функционерите на СДСМ и нивните роднини, останатите обични граѓани се принудени да си го бараат своето чаре надвор од државата.Почитувани,Ова лудило мора да прекине, а најдобро ќе прекине само доколку СДСМ ги изгуби изборите.Затоа, СДСМ мора да ги загуби овие изборите и граѓаните да се спасат од оваа зараза на непотизам која што ги фаќа единствено роднините на функционерите на СДСМ, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 7 години

2-4

Средба на Џафери со членот на претседателството на БиХ, Жељко Комшиќ

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, г. Талат Џафери, на денешната средба упати благодарност на членот на претседателството на Босна и Херцеговина г. Жељко Комшиќ за неговата посета и искажана почит во однос на одбележувањето на 15-годишнината од трагичниот настан кај Мостар, во кој животот го загуби претседателот на Републиката Борис Трајковски.Тој изрази задоволство од досегашните одлични пријателски односи меѓу двете земји кои се во постојана нагорна линија и каде што нема отворени прашања и воедно изрази надеж дека оваа соработка ќе продолжи и во иднина, како на политички, така и на економски план, при што ја искористи можноста да упати покана до своите колеги од Парламентот на БиХ за интензивирање на парламентарната соработка на сите нивоа.„По успехот со потпишувањето на пристапните протоколи за НАТО, очекувам дека во јуни оваа година имаме голема шанса да добиеме и датум за пристапни преговори со ЕУ“, истакна претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Џафери.Членот на претседателството на БиХ, Жељко Комшиќ, се заблагодари за средбата со претседателот Џафери и упати честитки за големиот успех кој го постигнавме како држава и истакна дека начинот со којшто го постигнавме Договорот со Република Грција ја става Република Северна Македонија на пиедесталот на земја која е пример кој сите останати земји во регионот го наведуваат како модел за решавање на отворените прашања, потенцираше Комшиќ.Тој, исто така, ја потенцираше важноста од зајакнувањето на економската и трговска соработка меѓу двете земји и изрази надеж дека оваа соработка ќе се интензивира во иднина, при што искажа очекување дека за Босна и Херцеговина размената на искуства со нашата земја на планот на ЕУ и НАТО интеграциите е повеќе од добредојдена.

Македонија | пред 7 години

1-1-3

Заев во сеќавање на Борис Трајковски: Беше оптимист со јасна претстава за реалноста - за него немаше безнадежна ситуација

Претседателот на Владата, Зоран Заев денеска присуствуваше и се обрати на молитвениот појадок, организиран во соработка со Меѓународната фондација на Борис Трајковски, по повод 15 годишнината на трагичната смрт на поранешниот претседател Борис Трајковски.„Денеска одбележуваме 15 години од трагичниот настан, од авионската несреќа во која го загуби животот претседателот Борис Трајковски и уште си него осуммина негови најблиски соработници и членови на екипажот на авионот.И на овој ден, претседателот Трајковски го прави тоа што најдобро го знаеше: Да собере, да здружи, да обедини, да ги прибере околу себе членовите на заедницата. На овој ден, пред 15 години, во раните претпладневни часови, светот го обиколи страшна, трагична вест: Во авионска несреќа кај Мостар, додека ги извршуваше своите државнички обврски, загина претседателот Трајковски, членовите на неговата придружба и пилотите во авионот.Светот се соочи со фактот дека во тој тажен момент беше прекинат животот на државникот Трајковски додека беше во полн подем, со инспиративна политичка зрелост и политички континуитет што оставија длабока и неизбришлива трага во историјата на современата независна македонска држава. Ненадејната смрт на претседателот Трајковски ни одзеде голем државник, безмерно сакан сопруг, татко, брат и пријател. Ни одзеде сограѓанин кој со извонредна енергија, истрајност, мудрост и трпеливост, ја извршуваше највисоката функција во државата, Истакна премиерот во дел од своето обраќање. Во продолжение тој додаде:Мојот сограѓанин, Борис Трајковски е роден на 25-ти јуни 1956 година во Струмица. Дипломирал на Правниот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во 1980.Беше избран за претседател на Република тогашна Македонија, сега Северна Македонија на 15 декември 1999 година, како втор претседател на нашата независна држава.Во однос на своите надворешно политички определби Трајковски беше максимално посветен на поттикнување на соработката во Југоисточна Европа и на спроведување на неговата заложба за мирна добрососедска политика, со почит за суверенитетот и територијалниот интегритет на соседните земји. Својата европска визија ја внесуваше како основа за еден нов квалитет во развојот на регионалната соработка.Во 2000 година беше именуван за Витез на Големиот крст од Редот на Свети Михаил и Свети Ѓорѓи, орден и титула што ја доделува Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска. Истата година го доби највисокото признание - Орден за заслуги „Про Менто Мелитензе“ на Малтешкиот ред, а во 2002 година беше овенчан со Наградата за мир на Светската методистичка организација.Во 2005 година, постхумно, на претседателот Борис Трајковски му беше доделен Орденот на Република Македонија — највисокото државно одликување на нашата земја.Трагичниот настан и судбина прекинаа една брилијантна политичка кариера и еден претседателски мандат во негова полнота.Борис Трајковски ја извршуваше својата должност како претседател во еден исклучително тежок период за нашата земја. Искушенијата со кои се соочуваше исправено и храбро, во ниту еден момент не го поколебаа.Својата должност како Претседател на сите граѓани и како врховен командант ја извршуваше со силен личен печат, со цврста истрајност и посветеност кон универзалните, највисоки етички и човечки принципи, во кои непоколебливо веруваше и во кои беше длабоко убеден дека се најдобриот избор.„Миротворец на Балканот“, „разумен политичар“, „човек со демократски визии“, „човек за мир и дијалог“, „почитуван лидер и пријател“ беа најчесто споменуваните зборови во изјавите и писмата на државниците и светските политичари како признанија и поддршка за неговото дело.Во овие зборови и признанија, изразени од водечките светски државници и политичари, се содржани придобивките од политичкото наследство што го остави Трајковски во неговата државничка кариера.Луѓето што го познаваа лично и неговите блиски соработници ми велат дека тој безрезервно, без најмал сомнеж се впушташе во реализација и остварување на задачите и целите што ги поставуваше пред себе, а кои секогаш беа обликувани, дефинирани од интересите на граѓаните, истакна Заев пред присутните и додаде:Беше оптимист со јасна претстава за реалноста и можностите, а неговата искрена посветеност сведочеше дека за него нема безнадежна ситуација.Се паметат и овие негови зборови: „Да бидеш претседател и да бидеш свештеник е сосема иста работа. Мораш да ги обединуваш луѓето од различно потекло и со различни мислења. Не треба само да им проповедаш, туку и да им служиш, да ги водиш, да страдаш со нив. Јас имам многу важна морална улога – да ги водам, да ги охрабрувам луѓето, да знаат што е добро, а што лошо и да ги натерам луѓето да си веруваат… “, зборуваше претседателот Трајковски.Сопругот и таткото Борис Трајковски беше цврсто поврзан со своето семејство. Со огромна радост, внимание и задоволство го минуваше секој слободен миг со нив.И денеска е тешко е да се најдат зборови на утеха и за спокој во нивните срца за огромната загуба за семејството.За неговото лично, и за семејството на кое му припаѓаше како државник – нашата заедничка македонска држава.Вечна му слава, нека е вечно сеќавањето на нашиот претседател, истакна во дел од своето обраќање премиерот Зоран Заев.

Македонија | пред 7 години

lisici

На „Јажинце“ приведени три лица од Албанија - го пречекориле нивниот престој во земјава

На 25 февруари околу 13.40 часот во Полициската станица Тетово биле донесени албанските државјани Л. Ш.(21) и Б.Х.(34), кои претходно биле лишени од слобода на Граничен премин „Јажинце“ бидејќи го пречекориле нивниот престој во Република Северна Македонија.Подоцна, тие биле предадени на Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија, по што биле депортирани во нивната матична земја.

пред 7 години

sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: Иванов неодговорно го завршува мандатот, како што го почна, ќе потроши илјадници евра пари на граѓаните

Ѓорге Иванов го завршува мандатот како што го почна: неодговорно, со недомаќинско работење спротивно на интересите на граѓаните и државата, обвинуваат од СДСМ.Тие во соопштението додаваат:На самиот крај на мандатот од функцијата што недостојно ја извршува, Иванов според одредени процени, ќе потроши најмалку 20.000 евра, пари на граѓаните за сопствена промоција. Иванов нарачува над 700 сувенири со своето име. Пенкала, чадори, бисерни обетки, вински сетови, филигрански накит, марами и вратоврски се само дел од предметите што Иванов ги нарачал.Ваквото трошење народни пари за сопствен маркетинг не е однесување на одговорен претседетал на држава кој ги застапува интересите на сите граѓани. Ваквото неодговорно и расипничко однесување на Иванов повеќе наликува на однесувањето на водачи на авторитарни режими. Дали можеби и биста планира да си нарача Иванов пред да му истече мандатот?Добро е единствено тоа што Иванов има уште многу малку од својот втор мандат. Граѓаните нема да дозволат нов Иванов ниту нов Груевски.Граѓаните ќе одберат вистински претседател, претседател кој заедно со демократските и прогресивни сили ќе ја поведе државата кон полноправно членство во НАТО и интеграција во ЕУ.Република Северна Македонија ќе добие претседател на сите граѓани, а не неодговорен партиски послушник како што беше Иванов, се вели во соопштението од СДСМ.

Македонија | пред 7 години

ucenici-spanija-1

Учениците од ОУТУ „Ванчо Питошески“ на обука во Шпанија

Во рамките на Еразмус плус- програмата на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, наставници и ученици од ОУТУ „Ванчо Питошески“, три недели престојуваа во Барселона, во реномираниот хотел Campanile. Беа вклучени тројца професори и деветнаесет ученици од угостителско-туристичката струка.Учениците од различни образовни профили беа работно ангажирани на разни позиции во хотелот како рецепционери, готвачи и келнери. Нивните работни ангажмани беа поврзани со прием, сместување, испраќање гости и други услуги на рецепција, подготвување разни видови храна и пијалоци, работа на шанк, послужување на храна и пијалоци, подготвување сали за конференции, семинари и сл. Сето тоа им овозможи на учениците да ги покажат и развијат стекнатите знаења и вештини, професионално да се надградуваат, тимски да работат, им даде нови идеи и инспирации, со еден збор, едно големо и позитивно искуство. Покрај стекнувањето нови практични знаења и вештини, учениците имаа можност да се дружат, да запознаат нови предели и култури.За време на нивниот престој, учениците со пригодни активности презентираа дел од убавините на Македонија и Охрид, а приготвената традиционална македонска храна создаде мост на кулинарски култури и пријателства.По завршувањето на работната пракса во Шпанија, за овој проект на учениците им беа доделени меѓународно признати сертификати, кои ќе им помогнат во нивната професионална кариера.

Македонија | пред 7 години

vmro-za-kucinja

ВМРО-ДПМНЕ Охрид: СДСМ и в.д. градоначалникот не успеаја да го решат проблемот со бездомните кучиња

Охрид стана небезбедно место за живеење. Охриѓани живеат во страв. Охрид нема ден, а да не биде споменат во билтенот на МВР. Охриѓани секојдневно гледаат глутници кучиња кои се нивна опасност насекаде во градот. Неспособноста на Локалната самоуправа и в.д градоначалникот Констатнтин Георгиески и после година и пол од преземањето на власта резултира со нерешен проблем со кучињата-бездомници, изјави Перчо Божиновски, шеф на центарот за комуникации на ОК ВМРО-ДПМНЕ Охрид.„За жал се случи она што цело време предупредувавме. Сведоци сме како граѓаните кои како последица од напад на кучиња завршуваат со рани по телото. Кој ќе понесе одговорност за малолетното девојче каснато од куче на Градскиот плоштад? Директорот на ЈП „Охридски Комуналец“, Љупчо Грданоски до кога планира да ветува дека ќе го реши проблемот“, запраша Божиновски.Освен набавените две возила за транспорт на животните и шинтер во Претпријатието не гледаме никакво решение, нагласи Божиновски и запраша дали целта е најмалите да бидат исплашени и трауматизирани, со оставена трага во нивниот понатамошен контакт со кучиња?„Нетретираните кучиња се преносители на зараза која може да има посериозни последици по здравјето на граѓаните. Наместо долгоочекуваниот стационар видовме нов возен парк на директорот Грданоски. Доколку Георгиески и Грданоски не знаат чесно е да признаат, ние сме тука да помогнеме затоа што е во интерес на граѓаните.ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи поради нечие незнаење да страдаат жителите и туристите на Охрид. Граѓаните чекаат резултати“, заврши шефот на центарот за комуникации на ОК ВМРО-ДПМНЕ Охрид.

Македонија | пред 7 години

dzamija-1

„Совест“: Институциите потполно потфрлија, се толерира дивоградбата

Тоа што посочувавме 2 години еве се остварува...Институциите потполно потфрлија, се толерира дивоградбата, напишаа на својот фејсбук профил од Здружение на граѓани „СОВЕСТ“ – Охрид.Тие во својот пост уште додаваат:„Сите повици да се реши институционално отидоа во вода. Градежни инспекторати, Заводи,Управи, Судови проблемот под черџе...Истиот остана и за жал се продлабочува ..Веќе една недела на диво се гради минаре без градежна дозвола, без статички проект на диво...Дали некој ќе ја запре дивоградбата или ќе треба да се радикализираат граѓаните и да ја земат работатат во свои раце кога ништо во оваа држава нефункциоинира освен вечниот партиски интерес...дали некогаш ќе се слушнат граѓаните или само на избори..како и да е незаборавајте..избори се ближат па зс брзо ќе го слушните гласот на граѓаните“, велат од Здружение на граѓани „СОВЕСТ“ – Охрид. 

Македонија | пред 7 години

IMG-5ad2fc32198d91d9be7304502771be30-V

Спасовски: Радува фактот што во регионот се воведе иницијатива за интегрирано управување со внатрешната безбедност

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска се обрати на министерската конференција во рамки на Брдо Процесот што се одржува во Скопје, односно на Третиот состанок на Управниот одбор на иницијативата за интегрирано управување со внатрешната безбедност (ИИЦГ), чиишто домаќин и коорганизатор, заедно со словенечкото претседателство со Брдо процесот, е токму Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија.Поздравувајќи ги учесниците на конференцијата министерот Спасовски кусо се осврна на низа досегашни реформски активности во рамки на министерството за внатрешни работи а кои имаат за цел воспоставување и зајакнување на професионалните стандарди, владеење на правото и функционирање на правната држава.“Реформски процеси се водат во областите оценети како најкритични и кои имаа негативни референциво извештаите на Европската комисија и релевантните меѓународни организации, области кои се најсуштествени во Министерството и се од исклучителна важност за гарантирање на безбедноста на државата и сигурноста на граѓаните“, нагласи министерот Спасовски.Покрај ова министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија Оливер Спасовски се осврна и на важноста на самата иницијатива за интегрирано управување со внатрешната безбедност.“Радува фактот што во регионот се воведе иницијатива за интегрирано управување со внатрешната безбедност која ги спои под едно заглавје иницијативите за надворешна помош, ги вклучи и регионалните иницијативи и организации во спроведувањето и реализирањето на таа помош и ги постави основите на вистинска координација на внатрешната безбедност на овој регион. Механизмот на интегрирано управување со внатрешната безбедност ја обезбедува потребната синергија меѓу различните регионални ииницијативи, осигурувајќи одржливост и еден сеопфатен пристап во постапувањето на сите национални администрации на земјите кориснички, но и на сите регионални рамки и постоечки инструменти и утврдени алатки. Она што останува – имајќи го предвид ваквиот начин на управување со внатрешната безбедност - е поефективно искористување на надворешната помош од земјите-членки на ЕУ, област која повеќето земји од Западен Балкан недоволно ја користат, но и цврсто воспоставување на регионална сопственост“, потенцираше министерот Спасовски.Инаку, на конференцијата, по воведниот дел во којшто покрај министерот Спасовски свое обраќање имаше и неговиот словенечки колега министерот Боштјан Поклукар, предвидено е во неколкуте работни сесии да се направи сеопфатна анализа на досегашните состојби и перспективи на Иницијативата за интегрирано управување со внатрешната безбедност (ИИЦГ), како и за нејзиното организационо и стратешко позиционирање. Притоа, од особена важност е што на министерскиот состанок ќе бидат промовирани новите проектни задачи на ИИСГ во делот на функционирањето на т.н. Група за поддршка на ИИСГ како координативно тело за имплементација на иницијативата, односно вклучувањето на преставници од земјите на Западен Балкан во работата на оваа група. Предвидено е министерот Спасовски да има свое обраќања и во тематскиот дел, а исто така тој ќе се обрати и во завршниот дел на конференцијата.

Скопје | пред 7 години

vmro-frakcija

ВМРО-ДПМНЕ Фракција: Раководството на партијата да не ја финансира кампањата на Силјаноска

„Не поминаа ни десет дена откако надпартискиот кандидат ја доби партиската поддршка, вчера вечер јавно ги слушнавме и видовме искрените размисли ставови кои се во потполна спротивност со кажаното на партиската конвенција. Она што беше премолчано на конвенцијата вчера беше јасно и гласно кажано со зборовите: ,,Можете Вие да го смените името, може да го напишете на сите институции јас тоа ќе го почитувам.... Од апсект на правото не е прифатливо, но од аспект на реалноста Преспанскиот договор е прифатлив....Јас не сум надпартиски кандидат на ВМРО ДПМНЕ туку побарав поддршка од граѓаните 10.000 потписи. ВМРО ДПМНЕ не ми ги собра потписите, туку граѓаните”.Демократската Фракција на ВМРО ДПМНЕ пред конвенцијата јавно укажа дека со изнасиленото фаворизирање на ,,либералниот” соросов надпартиски кандидати намерно се отпочнува процеcот на обезличување на ВМРО ДПМНЕ од страна на наметнатото партиско раководство во договор со криминалните партиски структури. Со вакви ставови на кандидатот за претседател повеќе станува од јасно дека засега успешно се реализира зацртаното сценарио за згаснување и заминување во историјата на ВМРО ДПМНЕ. Јавно и гласно укажавме дека со ваков кандидат свесно настојувате да ги изгубиме претседателските избори, ја губиме препознатливоста, го убивате патриотизмот и целта е да станеме партија за поткусурување и потсмев.Со ваков кандидат ВМРО ДПМНЕ ја пропушти можноста со достоен претседателски кандидат од вмровска провиниенција и профилација да се врати на патот на пристојноста, патриотизмот, чесноста и достоинството.Затоа Демократската фракција бара од наметнатото времено раководство на ДПМНЕ кампањата на кандидатката да ја финансираат граѓаните кои ја подржале, а не партијата од сопствените средства и ресурси. НА ВМРО ДПМНЕ и на Република Македонија и е потребен претседател кој нема само да укажува и кој нема да се срами и да ја маргинализира дадената вмровска поддршка, туку активно ќе дејствува за исправање на нанесената неправда поради промената на името и барање начин за поништување на неуставно и незаконски донесените акти согласно меѓународното право.Демократската Фракција на ВМРО ДПМНЕ и се заблагодарува на кандидатката Силјановска за искрената изјава со која јавно обелодени дека нејзиното учеството на претседателските избори има само за цел да ги легализира досегашните неуставни и незаконски акти и дејствија превземени од актуелната власт. Затоа нам како на Демократска фракција ни останува бојкотот како можност и средство да не успеат овие претседателски избори со цел да се распишат нови претседателски и парламентарни избори каде ВМРО ДПМНЕ ќе настапи сложно и обединето со сериозен и достоен вмровски кандидат и чесни кандидати за пратеници кои ќе се борат за исправање на неправдите, за благосостојба и еднаквост на граќаните по сите основи и за достоинствена одбрана и заштита на националните и државите интереси“, се вели во соопштението на Демократската Фракција на ВМРО-ДПМНЕ..

Македонија | пред 7 години

tunel-demirkapija-696x464

Утре прекин во електричната енергија во тунелите кај Демир Капија

На ден 27/02/2019 (среда) од 09.30ч. до 10.00ч. ке има преки во напојувањето со електрична енергија во тунелите кај Демир Капија на автопатот поради изведување на електричарски работи од ЕВН.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Косово поднело ново барање за прием во Интерпол

Заменик-косовскиот министер за внатрешни работи, Изми Зека потврди дека приштинските власти повторно поднеле барање за членство во Интерпол. Зека за Радио Слободна Европа на албански јазик изјави дека барањето е поднесено на 31 јануари оваа година.– Интерпол потврди дека го добил барањето на Косово. Сега постојат технички прашања и политички аспекти кои Косово треба да ги спроведе во согласност со своите дипломатски обврски, така што кога ќе се одржи седницата на Интерпол, тогаш ќе видиме како ќе се одвива ситуацијата. Сепак, веруваме дека оваа година ќе биде поголема ангажираноста за Косово да биде рамноправно со сите други држави и да има директен пристап до Интерпол, рече Зека.

Свет | пред 7 години

vmro_dpmne

ВМРО-ДПМНЕ: Не стивнуваат заканите кон функционери на ВМРО-ДПМНЕ, а институциите не реагираат

Република Македонија е единствена држава во демократска Европа која што во своите затвори има политички затвореници, луѓе жртви на прогонот на Зоран Заев. Единствена грешка на овие луѓе е што меѓу првите го крена гласот против катастрофалните политики на Зоран Заев и СДСМ, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„На аболицираниот Заев не му беше доволно да ги притвора овие луѓе и да нарачува пресуди против нив, па сега се посегнува и по нивните животи. Не стивнуваат јавните закани упатени кон функционери на ВМРО-ДПМНЕ од страна на Кумановската група, луѓе на кои Заев им ветуваше амнестија и некаква си меѓународна истрага за настаните во кои десетици полициски службеници беа ликвидирани или тешко повредени.Со оглед на фактот што институциите воопшто не реагираат на ваквите закани, се отвора сомнеж дека можеби имаат некаква поддршка од структурите на власта.Аболицираниот Заев и неговиот криминален картел се во паника, бидејќи нивниот рејтинг е во слободен пад и знаат дека масовно ја губат поддршката на граѓаните. Од своите неуспеси и глупости, криминалната и одродена власт ја дефокусира јавноста со политички прогон и тортура на неистомислениците.Правната држава во Македонија ќе се врати кога СДСМ ќе си замине. Правдата ќе се врати кога Зоран Заев ќе замине во својата политичка пензија. Овој политички прогон мора да заврши“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Тевдовски на конференцијата „Кон подобрени структурни реформи и фискални рамки“ во Љубљана

Министерот за финансии Драган Тевдовски ќе учествува на конференцијата „Кон подобрени структурни реформи и фискални рамки“, која денес и утре се одржува во Љубљана, Словенија. На овој дијалог за политики учествуваат и повеќе претставници од земјите во регионот и на Европската комисија. Организатор на конференцијата е Центарот за обука во областа на финасиите (ЦЕФ) од Љубљана.Министерот Тевдовски ќе биде говорник на панелот „Економско управување во контекст на пристапот во ЕУ“, што ќе се одржи утре. Тој ќе се осврне на Планот за економски реформи (ПЕР) кој ги опфаќа мерките и реформите кои ги преземаме во прцесот на пристапување кон ЕУ. На овој панел ќе учествува и министерот за здравство на Црна Гора, заменик-министерот за финансии и економија на Албанија и координаторот за Програмите за економски реформи на Босна и Херцеговина.Конференцијата е дел од проектот за зајакнување на капацитетите на министерствата од земјите на Западен Балкан и Турција за процена на фискалните импликации од структурните реформи.Во процесот на пристапување во Европската унија, економиите од земјите во регионот треба да станат доволно витални за да ги издржат конкурентните притисоци на единствениот пазар на ЕУ. Економското управување, конкурентноста и трговијата се идентификувани како клучни области кои треба да се зајакнат. Во тие рамки, клучни инструменти на политиката во овој процес се програмите за економски реформи (ПЕР), вклучувајќи ги структурните реформи, со цел да се поттикне растот и конкуренцијата, а истовремено обезбедувајќи фискална дисциплина и одржливост.

Македонија | пред 7 години

zatvor-10

Дојче веле: Покренати дисциплински постапки за 11 лица во Истражниот затвор

Во моментов за најмалку 11 лица се покренати постапки - дел за дисциплински прекршоци, дел за дисциплинска неуредност, тврдат за Дојче веле извори од Истражниот затвор „Скопје“.На сцена стапуваат првите мерки за одговорност за минатонеделните два одвоени инцидента во Казнено-поправната установа „Скопје“. Како што изјавија за ДВ релевантни извори од Истражниот затвор, досега биле покренати најмалку 11 постапки за лица кај кои биле утврдени пропусти во постапувањето. Бројката не е конечна. Објаснуваат дека „дисциплинските прекршоци“ се однесуваат на потешките пропусти, а „дисциплинска неуредност“, условно речено, за полесните пропусти, објави dw.com.Оттаму потврдуваат дека вчера попладнето до „Илинденска“ број 2 бил доставен комплетниот Извештај од Истражниот затвор, по испитувањето на сите причини и околности заради кои во ист ден се случија два одвоени инцидента, а во кои беа нападнати притворените поранешни министри, Спире Ристовски и Миле Јанакиески. Покрај Извештајот, вчера до Владата била доставена и оставката на досегашниот директор на Истражниот затвор, Ѓоко Котески.Текстот во целост на dw.com

пред 7 години

ruskoska

Русковска: Ако избегаат Вељановски и Димовски, Собранието нека му ја мисли

Обвинителката Вилма Русковска од полицијата нема да бара да ги следи Трајко Вељановски и Љупчо Димовски на кои Собранието не им го одзема имунитетот.– Ако избегаат Собранието нека му ја мисли – истакна обвинителката Вилма Русковска за Телма.Истрагите ќе подолжат со тоа што овие двајца барем засега осомничени, остануваат на слобода.

пред 7 години

Нема фотографија

Невакцинирано 5-годишно дете ги пренело малите сипаници во Костарика

Невакцинирано дете од Франција е осомничено за пренесување на малите сипаници во Костарика, земја во која немало ниту еден случај на болеста од 2014 година, пренесува „Спутник“.Според Министерството за здравство на Костарика, петгодишното дете дошло со своите родители на одмор на 18 февруари. Набргу потоа, било однесено на лекар со симптоми слични на оние на малите сипаници. Мајката на детето потврдила дека имало неколку случаи на мали сипаници во училиштето на нејзиниот син во Франција и дека нејзиното дете не е вакцинирано.Иако се уште не е потврдено дека има сипаници, момчето, чиј идентитет не е откриен, во моментов е во карантин во болницата „Монсењор Санабрија“ во Пунтарена.

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

Министерот за надворешни работи на Иран си поднесе оставка преку Инстаграм

Иранскиот министер за надворешни работи, Мохамед Џавад Зариф, ја објави својата оставка од функцијата во пост на својот профил на Инстаграм, пренесува РТ.„Ви се извинувам на сите за неуспесите … во изминатите години додека бев министер за надворешни работи. Им се заблагодарувам на иранската нација и на функционерите”, напиша тој на својот профил jzarif_ir на Инстаграм.Причините за неговата оставка засега се нејасни.Зариф е ирански министер за надворешни работи од 2013 година. Пред да ги преземе своите должности како министер, тој беше постојан претставник на Иран во ОН меѓу 2002 и 2007 година. Причините за неговата оставка засега остануваат нејасни.

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

СДСМ: Со Со Оперативниот план за вработување обезбедени се 1.1 милијарда денари за отворање нови работни места

Со Оперативниот план за вработување за 2019 година обезбедени се рекордни средства од 1.1 милијарда денари за отворање нови работни места, раст на платите, поддршка за вработување на лица со попреченост, обуки за побарувани занимања и занаети и за дигитални вештини, при што се опфатени  и поединците и компаниите.Оперативниот план отвора шанса за сите. Во него се содржани шеснаесет мерки, поделени во три групи.Првата група мерки се насочени кон младите лица за формирање на сопствени компании односно самовработување, со втората група мерки овозможува преку процес на преквалификација и обука, компаниите да вработуваат невработени лица, додека последната група мерки е насочена кон стекнување на знаења од информатичка технологија.Реализацијата на Оперативниот план за вработување за 2018 година беше со реализација од 95 отсто, при што преку мерките од планот се вработија 3.934 граѓани, што докажува дека Оперативниот план е исклучително ефикасна алатка за намалување на невработеноста.Истовремено, откако минатата година даде добри резултати во трите општини во кои се спроведуваше, од оваа година мерката Гаранција за млади ќе се спроведува на целата територија на државата, а проекциите се дека со неа ќе бидат опфатени околу 9.500 млади лица, кои че добијат шанса за вработување, доквалификација или платена практична работа.СДСМ останува посветена на заложбата за зголемена поддршка на граѓаните и компаниите како и на спроведување на мерките што обезбедуваат нови работни места, повисоки плати и намалување на стапката на невработеност за којашто проекциите за оваа година се дека ќе опадне на историски минимум од 20 отсто.

Македонија | пред 7 години

ivanov-jordan-1068x723

Иванов: Трајковски ја градеше довербата меѓу луѓето и заедниците, но и меѓу државите од регионот

Борис Трајковски се појави во време кога веќе се сметаше дека не е важно дали некој политички лидер е морален или не, се додека добро ја извршува работата. Принципите, достоинството, визијата, доблеста, вистинитоста беа ставени на маргините на македонската политичка култура, а храброста и истрајноста станаа ретка и скапа работа", рече претседателот Иванов, во своето обраќање на одбележувањето на 15-годишнината од трагичната смрт на претседателот Борис Трајковски.Според македонскиот претседател, крвавиот распад на Југославија, бегалската криза, долгогодишната блокада на Република Македонија, економската стагнација на македонското стопанство, придонесоа кон влошени меѓуетнички односи, а сето тоа се прелеа во кобната 2001 година.„Во такви услови, Борис Трајковски презеде чекори кои беа нетипични за македонската политичка култура. Го иницираше дијалогот меѓу власта и опозицијата. Ја градеше довербата меѓу луѓето и заедниците, но и меѓу државите од регионот. Веруваше дека кризата во 2001-та може да се реши и со политички, а не само со воени средства. Затоа, беше покровител на процесот што доведе до Охридскиот рамковен договор. Ја преземаше одговорноста за своите чекори. Како и претседателот Глигоров пред него, така и Трајковски сакаше да ги избегне крвопролевањата", истакна македонскиот претседател, потенцирајќи дека Трајковски верувал дека лидерството вклучува подготвеност да се жртвува популарноста за да се направи она што е вистинското за иднината на нашата земја и нашиот народ.„Во таква тензична атмосфера, Трајковски беше напаѓан, критикуван и оспоруван од многумина. Неговата понизност беше презрена како знак на слабост. Неговата подготвеност да простува беше сметана за наивност. Но, тој честопати знаеше да каже дека е подготвен да ги прифати сите обвинувања, и притоа да остане посветен на својата цел и уверен во нејзината исправност", рече претседателот Иванов, оценувајќи дека за повеќето луѓе во Република Македонија, пристапот на претседателот Трајковски бил вистинска енигма, бидејќи малкумина ги разбирале вредностите и принципите на Трајковски.„Ова се денови кога многу често се цитираат и толкуваат зборовите и се анализираат одлуките на Борис Трајковски. Но, верувам дека треба да бидеме внимателни, бидејќи не секој што деновиве се повикува на претседателот Трајковски е верен на неговата визија. Понекогаш целта е да се оправдаат политики за кои едноставно нема оправдување. Но, она што никако не може да биде толкувано на различни начини е неспорниот факт дека Борис и јавно и приватно беше препознатлив по својата насмевка. Таа насмевка беше надворешната манифестација на она од што се раководеше Борис според внатрешните принципи на неговото срце", рече претседателот Иванов.„Минаа 15 години откако Борис Трајковски не е меѓу нас. Верувам дека сите ќе се согласиме дека се чувствува неговото отсуство", истакна македонскиот претседател, оценувајќи дека оттогаш, многу негови очекувања беа изневерени, многу заложби беа погрешно интерпретирани, многу изрази на добра волја беа злоупотребени. Се направија и некои непринципиелни компромиси што го доведуваат во прашање македонскиот модел на соживот и почитување на различноста за кој се залагаше Борис Трајковски.„Времето покажа дека Борис го одбрал вистинскиот пат. Сигурен сум дека времето повторно ќе покаже кој чекорел по неговите стапки за да го зачува сето она за што тој се залагаше и во што веруваше. Неговиот завет најдобро ќе го зачувамепреку суштински европски реформи, добри меѓуетнички односи и враќање на дијалогот во политиката. Преку градење на европска Република Македонија, поврзана со соседите, интегрирана во Европската Унија, почитувана во светот", рече вечерва претседателот Иванов, на одбележувањето на 15-годишнината од трагичната смрт на претседателот Борис Трајковски.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Без вода неколку улици во Центар

Денес поради изведување водоводен приклучок ф-80мм на ул.512 бр.22 и водоводен приклучок ф-1“на ул 515 бр.18, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од двете улици и Виталија, до завршување.Поради дефект на затвoрач Ф80м.м. на улица Мирче Оровчанец меѓу број 5 и 7, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улица Мирче Оровчанец од 09:00 часот до завршување на дефектот.

Скопје | пред 7 години

mvr-3

Министерска конференција од „Брдо процесот“ денес во Скопје

Денес во хотел Хилтон во Скопје ќе се одржи Министерската конференција од „Брдо процесот“, односно Третиот состанок на Управниот одбор на иницијативата за интегрирано управување со внатрешната безбедност.Домаќин на конференцијата е Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија.Главна тема на конференцијата ќе биде евалуацијата на досегашното спроведување на Иницијативата за интегрирано управување со внатрешната безбедност (ИИЦГ).Ќе се расправа и за новите проектни задачи на ИИСГ, особено во делот на функционирањето на Групата за поддршка на ИИСГ, односно вклучувањето на претсавници од Западен Балкан во работата на оваа група.

Македонија | пред 7 години

hq_boristrajkovski_1493888704

15-години од смртта на претседателот Борис Трајковски

Денес по повод одбележување на 15 годишнината од трагичната смрт на претседателот Борис Трајковски, делегација на Владата на Република Северна Македонија, составена од заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања и координација со економските ресори, Кочо Анѓушев, министерката без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска и националниот координатор за подготовка за членство на РСМ во НАТО, Стево Пендаровски, во 11:30 часот, ќе положи венец свежо цвеќе на вечното почивалиште на претседателот Борис Трајковски на гробиштата во Бутел.Истот така делегација предводена од претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, а во состав: Весел Мемеди, Далибор Богдановски, Жаклина Пешевска, Бранко Маноиловски и Елизабета Канческа-Милевска ќе положи венец свежо цвеќе на Алејата на великани, гробишта Бутел. 

Македонија | пред 7 години

Filip-Petrovski-TV-Nova

Филип Петровски бара ДИК да му овозможи да собира потписи за кандидатура за претседателските избори

Почитувани,Согласно:1) РЕШЕНИЕ ЗА РАСПИШУВАЊЕ ИЗБОР ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА бр.09-1071/1 од 08.02.2019 год2) УСТАВОТ И ИЗБОРНИОТ ЗАКОНИК3) Вашите интерни  Одлуки, Уредби, Правилници и4) РОКОВНИКОТ за Претседателските Избори 2019 год. како и останатата позитивна Законска регулативе почнувајќи од 23 ФЕВРУАРИ 2019 год. започнав  иницијатива за собирање на 10.000 потписи за кандидатура за Претседателски избори 2019 година.Од моја страна Во неколку наврати Ви беше потенцирано дека ќе собирам потписи во Р.Македонија и во дијаспора.И после три дена,до 25.02.2019 година сеуште во СИТЕ ДИПЛОМАТСКО КОНЗУЛАРНИ ПРЕДСТАВНИШТВА не е овозможено Македонците од дијаспората да ги остварат своите Уставни и Законски праваСогласно Уставот сите граѓани се еднакви во слободите и правта независно од пол,раса,боја на кожа,национално и социјално потекло,политичко и верско уверување,имот и општествена положба.Изборниот Законик нотира дека секој полнолетен граѓанин има избирачко право кое е еднакво,општо,непосредно    и се остварува на слободни избориСО ОНЕВОЗМОЖУВАЊЕТО НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО ДИЈАСПОРА СЛОБОДНО ДА ЈА ИЗРАЗАТ СВОЈАТА ПОДДРШКА ДЕПОНИРАЈЌИ ГО СВОЈОТ ПОТПИС НА ЛИСТАТА ЗА МОЈА КАНДИДАТУРА СЕ СТАВААТ ВО ОБЕСПРАВЕНА ПОЛОЖБА И НА ТОЈ НАЧИН НЕ СЕ ПОЧИТУВААТ НИВНИТЕ УСТАВНО И ЗАКОНСКИ ЗАГАРАНТИРАНИ ПРАВА.Во нашата меѓусебна комункикација ни беше предочено од Ваша страна дека искуствено до сега немате организирано собирање на потписи во дијаспората но дека во овие Претседателски избори 2019 година ќе се започне по прв пат.Бидејќи за собирањето на потписи ќе постапувате согласно одредбите од Изборниот Законик Ве замолувам доставувањето на листите односно образецот за собирање на потписи од група граѓани како и Нотарски завереното полнмошно да Ви ги доставиме на Вас а вие согласно воспоставената Законска практика истите да ги доставите до ДКП.Во интерес на заштита на правото Ви ја доставувам ова Ургенција за Ваше постапување согласно Вашите права и обврски за овозможување на остварување на правата на Македонците во дијаспора.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања