Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Скопје1.мк

natali-loazo-1

Француската министерка за европски прашања во посета на Македонија

Денес Госпоѓа Натали Лоазо, Министер за европски прашања при француското Министерство за Европа и Надворешни работи ќе допатува во работна посета на Република Северна Македонија. Во нејзината агенда се предвидени разговори со Премиерот Зоран Заев, со Министерот за Надворешни работи, Никола Димитров, со Заменикот на Претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, со Претседателот на Собранието Талат Џафери, со Претседателот на собраниската Комисија за европски прашања, Артан Груби, како и со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.Госпоѓа Марта де Сидрак, сенатор и претседател на групата за пријателство Франција-Западен Балкан, како и господин Бертран Сор, пратеник, претседател на групата за пријателство Франција-Северна Македонија и господин Бујан де Лакост, Заменик-директор за континентална Европа при Министерството за Европа и Надворешни работи, ќе ја придружуваат Министерката.Во рамките на посетата на Владата на Република Северна Македонија, Министерката Лоазо и Министерот за Образование и Наука, Арбер Адеми, во присуство на Премиерот Зоран Заев, на Заменичката на Претседателот на Владата и Министерка за Одбрана, Радмила Шекеринска и на Министерот за Надворешни работи, Никола Димитров, ќе потпишат билатерална Спогодба која се однесува на франкофонските двојазични паралелки во средните училишта. Република Северна Македонија е полноправна членка на Франкофонијата, а оваа спогодба е прва од таков вид што таа ја потпишува со друга држава по ратификацијата на Договорот од Преспа.На средбата со студенти на којашто е поканета госпоѓа Лоазо, во Дипломатската академија при Министерството за Надворешни работи, ќе се разговара за прашања кои се однесуваат на иднината на ЕУ и за процесот на интеграција на Западен Балкан во Европската унија.Предвидена е и средба со претставниците на локални невладини организации, партнери на амбасадата, за време на нејзината посета којашто ќе се реализира во рамките на взаемните односи на доверба и пријателство кои ги поврзуваат нашите две земји.

Македонија | пред 7 години

soobrakajna-nesreka

Во изминатото деноноќие 5 сообраќајки во Скопје

Во текот на изминатото деноноќие во Скопје се санкционирани 31 возач за брзо возење, двајца биле под дејство на алкохол, 12 пред да се стекнат со право на управување на моторно возило, како и еден почетник, покажуваат податоците од билтенот на СВР Скопје.Во текот на изминатите 24 часа во Скопје се случиле вкупно пет сообраќајни незгоди, од кои во две со лесни телесни повреди се здобиле две лица и во три е причинета материјална штета.Сообраќајната полиција издала 85 казни за непрописно паркирање, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 81 возило.Од сообраќај се исклучени и четири нерегистрирани возила. На црвено светло поминале тројца возачи, пет возачи за неправилно престројување, еден возач за неправилно престигнување, четири возачи не дале првенство на минување на возила во зона на крстосница, двајца возачи не носеле зимска опрема во возилото, 20 за не носење сигурносен појас и 28 користеле мобилен телефон.Санкционирани се и седум пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин.Одделението за превенција денеска ќе реализира посебна воспитна сообраќајна мерка на која ќе присуствуваат граѓани кои направиле прекршоци по разни основи во својство на возачи.

Скопје | пред 7 години

5-8

Сончево со мала облачност, утре врнежи од дожд

Денес времето ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а на југоистокот повремено засилен северозападен ветер. Температурата ќе се движи од 7 до 14 степени.Во Скопје слично време со температура од -4 до 12 степени.Утре ќе дува засилен северен ветер и ќе има зголемена облачност со услови за слаб локален дожд, а на планините локално ќе провејува слаб снег, претежно во северните делови. Потоа, во четврток и петок ќе биде претежно сончево со значителен пораст на дневната температура, особено во петок кога во поголем дел од земјава максималните вредности ќе достигнат меѓу 15 и 20 степени. Повторно зголемување на облачноста со услови за слаб локален дожд се очекува во сабота. 

Македонија | пред 7 години

avtopat-koli-3

Сообраќајот се одвива непречено, по претежно суви коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.Виадукт Трејд известува дека на ден 25.02.2019-понеделник и 26.02.2019-вторник се изведуваат градежни работи при поставување на индуктивни јамки за броење на возила на Автопат А1, делница Велес-Градско, за што е извршена промена на режимот на сообраќај.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони.

Македонија | пред 7 години

IMG_7550

Заев на прошталната средба со амбасадорот на САД, Џес Бејли

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев го прими во проштална посета амбасадорот на Соединетите Американски Држави Џес Бејли.Премиерот Заев на средбата ја изрази неговата лична, благодарноста на Владата на РСМ и на граѓаните на нашата земја за активниот придонес на амбасадорот Бејли за време на неговиот мандат, во еден исклучително значаен период кога поддршката на САД, како стратешки партнер на Република Северна Македонија, беше од огромна важност во процесите за нашето членство во ЕУ и НАТО.Амбасадорот Бејли, од своја страна, истакна дека му е особено драго што за време на неговиот мандат, со решавање на спорот со Грција и со Договорот од Преспа, Република Северна Македонија направи историски исчекор за кој беше неопходно покажаното лидерство на челните луѓе на владите на двете земји, што САД и Претседателот Трамп, го оценија како значаен придонес за постабилна и попросперитетна иднина на двете земји и за целиот регион.На оваа проштална средба, Претседателот на Владата на РСМ Зоран Заев, на амбасадорот Бејли му подари фотографија со посвета од една од нивните бројни меѓусебни средби во знак на сеќавање за извонредната соработка.

Македонија | пред 7 години

hq_boristrajkovski_1493888704

Утре делегација на Владата ќе положи цвеќе на вечното почивалиште на претседателот Трајковски

Утре по повод одбележување на 15 годишнината од трагичната смрт на претседателот Борис Трајковски, делегација на Владата на Република Северна Македонија, составена од заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања и координација со економските ресори, Кочо Анѓушев, министерката без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска и националниот координатор за подготовка за членство на РСМ во НАТО, Стево Пендаровски, во 11:30 часот, ќе положи венец свежо цвеќе на вечното почивалиште на претседателот Борис Трајковски на гробиштата во Бутел.

Македонија | пред 7 години

7-2

Димитров: Претседателот Трајковски многу нé задолжи, тој го сакаше народот, го ценеше и инвестираше во соживотот

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, во име на Владата на Република Северна Македонија и министерството, денеска ја предводеше панел дискусијата на тема „Лидерство засновано на вредности – од принципи до реализација“, организирана по повод одбележувањето на 15 годишнината од трагичната смрт на претседателот Борис Трајковски, во соработка со Меѓународната фондација Борис Трајковски.За министерот Димитров претседателот Борис Трајковски, во тешката 2001 година, беше еден од столбовите зашто ја зачувавме нашата земја таква каква што ја имаме денес, со сочувана традиција на толеранција и меѓусебното почитување, како и блиската соработка со НАТО и ЕУ.„Тука сме да разговараме за неговото наследство и за тоа како тоа наследство може да не води понатаму, актуелно и ден денес, и за зборовите кои што ми доаѓаат на ум и во срце тогаш кога зборуваме за претседателот Борис Трајковски: лидерство, мир, помирување, искреност и интегритет. Тој го сакаше народот, го ценеше и инвестираше во соживотот. Многу нé задолжи. Тој беше лидер од акција, не ги избегнуваше проблемите, туку директно се соочуваше со нив и ги решаваше. Во тешката 2001 година, тој не мислеше на својот рејтинг, туку на тоа што е исправно за земјата“, рече министерот Димитров.Поранешниот претседател на Република Хрватска, Стјепан Месиќ со многу емоции зборуваше за претседателот Борис Трајковски, истакнувајќи дека не е лесно да се зборува за него.„Нема сомнеж дека тој покажа силно лидерство во многу тешко време за земјата и за граѓаните. Визијата и наследството на претседателот Трајковски сега се остваруваат во неговата татковина и верувам дека тој би бил среќен да ја види својата татковина како оди со крупни чекори кон евроатланските интеграции, кон напредок, и дека е фактор на мирот и стабилноста во регионот“, подвлече поранешниот претседател на Република Хрватска, Стјепан Месиќ.Поранешниот претседател на Република Албанија, Алфред Мојсиу, потсетувајќи се на честите состаноци со претседателот Борис Трајковски, истакна дека заедно ги поставиле темелите на едно многу важно партнерство меѓу Република Албанија и Република Северна Македонија.„Поминаа 15 години од неговото починување, но неговата работа и придонес не се загубија и не се заборавија. Денес политичарите и тие кои што се посветени на иднината на народите на оваа земја, успеаа да направат паметна, мудра работа која што го отвори патот за интеграцијата на вашата земја во НАТО и ЕУ, и го оствари големиот сон на Борис Трајковски“, рече поранешниот претседател на Република Албанија, Алфред Мојсиу.Поранешниот претседател на Романија, Емил Константинеску, се сеќава на Борис Трајковски како на голем водач во еден тежок период на транзицијата со тешки околности, кој покажа дека демократијата и соработката се најважни предуслови за решавање на конфликти низ целиот свет, како чекори кон глобална култура на мирот.Францускиот дипломат Ален Ле Роа, зборуваше за визијата и одговорноста на претседателот Борис Трајковски во преземањето одлуки во корист на сите луѓе и во корист на земјата.„Евроатланската интеграција бараше големо лидерство како што се случува и сега. Се надевам и верувам дека претседателот Трајковски беше инспирација за одлуките кои што се донесоа во ова својство. Неговите вредности ќе останат инспирација за сите лидери во оваа земја, но исто така и во Европа и можам да кажам дека знам колку голем човек беше Борис Трајковски“, истакна францускиот дипломат, Ален Ле Роа.Поранешниот висок функционер на НАТО и сегашен член на „Охридската група“, Сер Барни Вајт Спанер, со задоволство говореше за времето кога како британски генерал, раководел со силите на НАТО во периодот од 2001 година.„Имав привилегија да соработувам со Борис Трајковски. Сите гледавме што се случува во Западниот Балкан и се плашевме дека кризата може да се прелее и во Северна Македонија. Она што беше карактеристично за 2001 година беше тоа како се разликувавте од останатите во регионот и дека се оттргнавте од таа опасност благодарение на лидерството на Борис Трајковски“, рече поранешниот висок функционер на НАТО, Сер Барни Вајт Спанер.На оваа панел дискусија, за сеќавањата на претседателот Борис Трајковски зборуваа и многу други истакнати политичари, дипломати и поранешни претседатели на држави и влади кои имале чест да соработуваат со претседателот Борис Трајковски.

Македонија | пред 7 години

mnr-logo

МНР објави прирачник за медиуми за употреба на новото име

Министерството за надворешни работи на својата веб-страница објави прирачник за медиумите за употреба на новото име, Република Северна Македонија, во согласност со договорот од Преспа. Официјалното име, како што се наведува во прирачникот, е Република Северна Македонија, скратено Северна Македонија.Националноста (државјанството) е македонско/граѓанин на Република Северна Македонија, официјалниот јазик е македонски јазик, кодовите се МК и МКД, а придавката македонски се употребува во однос на етничкиот и културниот идентитет, јазикот, историјата, културата, наследството, територијата и другите атрибути.Овие термини во тој контекст се сосема поинакви во однос на оние што се користат за означување на регионот Македонија во Грција. Во прирачникот се наведуваат примери за точна и неточна примена на придавката. Правилно: македонски етнички идентитет, македонски јазик, македонска култура, македонска територија, македонски граѓани, македонска историја, македонски планини, македонска литература, македонско кирилско писмо, македонска храна, македонски цркви… Неточно: придавки како „северно македонски“, „с. македонски“ и „северномакедонски“.Во прирачникот се дава појаснување и за употребата на придавката во однос на државата, нејзините органи, јавни и приватни институции и сè што е поврзано со државата, основано во согласност со законот и финансирано од државата за активности во странство.Придавката тука треба да гласи „од Република Северна Македонија“ или од „Северна Македонија“. Правилно: Влада на Република Северна Македонија, претседател на Северна Македонија, министер за надворешни работи на Република Северна Македонија, Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ на Северна Македонија. Неточно: „северно македонски“, „македонски“, „с. македонски“ и „северномакедонски“.Во однос на активностите, придавката може исто така да гласи „македонски“. Правилно: македонска економија, здравствениот сектор на Република Северна Македонија, македонска уметност, македонска музика, македонско земјоделство, македонска артихтектура, прехранбена индустрија на Северна Македонија. Неточно: „северно македонски“, „с. македонски“ и „северномакедонски“.

Македонија | пред 7 години

stojance

Видео: 90 секунди со Генерал Стојанче Ангелов

90 секунди со Генерал Стојанче Ангеловhttps://twitter.com/MartianFromMKD/status/1099834043284316160?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1099834043284316160&ref_url=https%3A%2F%2Fkurir.mk%2Ftvitovi%2Furnebesno-video-90-sekundi-so-general-stojanche-angelov%2F

Македонија | пред 7 години

gordana-siljanovska

Силјановска: Ќе имам кампања и со ВМРО-ДПМНЕ и независна кампања

Кандидатката за претседател на државата, Гордана Силјановска Давкова во вечерашното интервју на телевизија Канал 5 рече дека таа ќе ја води кампањата и со ВМРО-ДПМНЕ, но и ќе води независна кампања.-Ќе имам кампања и со ВМРО-ДПМНЕ и независна кампања. Јас очекувам граѓаните да го направат вистинскиот избор, изненадена сум пријатно од собирањето на потписите. Јас предлагам конкретни промени. Димитров со деценции беше со ВМРО-ДПМНЕ, паметиме што збориме 2011 година во Судот во Хаг. Јас не сум била во политиката од 1994 година. Нема поголема надеж од држава во која владее правото, само таа надеж е европска надеж“, рече Силјановска.

Македонија | пред 7 години

Gjorge-Ivanov1

Иванов пред заминувањето од функцијата нарачува репрезентативни предмети во вредност од околу 20 илјади евра

Претседателот Ѓорге Иванов на два месеци пред заминувањето од функцијата нарачува репрезентативни предмети за подарување со проценета вредност од околу 20 илјади евра, на кои ќе стои старото име на државата Република Македонија. Електронската аукција за прибирање на понуди е објавена денеска, 25 февруари, а понудивачите може да се јават до 7 март, пишува Независен.Во техничката спецификација се бараат над 700 сувенири. Се нарачуваат 25 книги, монографија за Република Македонија на македонско - англиски јазик испечатена во боја, со тврди и мазни корици со минимум 200 страници. Понатаму, се нарачуваат и ексклузивни метални и хемиски пенкала, како и чадори, вински сет, метални значки со осигурувачи, папки, држачи за пенкала, држачи за визит карти, нотеси, накит, длабоки резби на дрво (орев) сите со вклучена гравура на амблемот на Претседателот на Република Македонија.

Македонија | пред 7 години

kurumi

При претрес на дом во Гостивар пронајдени 50 куршуми

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава  против К.Р.(38) од село Чегране, Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело  ,,неовластено изработување ,држење, посредување и тргување со огнено оружје и распрскувачки материи“.На 14.12.2016 во село Чегране, Гостивар,полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при  што проншле и одзеле 50 куршуми калибар 9х19 мм, за кои истиот не поседувал соодветна дозвола.

Македонија | пред 7 години

52700580_305090023484417_6604545024090701824_n

ФОТО: Баба одела во маркет да чита книга која не можела да ја купи, вработените ја изненадиле

Читањето, според многу научни истражувања, може навистина да направи чуда кога се во прашање нашите ментални способности, нашето расположение и нашите чувства.Бабичка вљубеник во книгите секдневно одела во книжара да прочита по некоја страница. Воодушевени продавачите од желбата на бабата чита и направиле и катче, во кое ќе може да седне и подолго време да чита.Оваа бабичка треба да е пример за многумина.https://www.facebook.com/interesantnofficial/photos/a.139083933418361/305090020151084/?type=3&theater 

Македонија | пред 7 години

mkd-166407

Ѓорѓи Спасов: Малишева одработува за Груевски

Поранешниот министер за правда и амбасадор во Бугарија и во Велика Британија, Ѓорѓи Спасов се огласи на својот Фејсбук профил во врска со објавите на Мухамед Красниќи познат како Командант Малишева.„Командант Милишева пак одработува за ГруевскиНа портали блиски до Мицковски се пренесува изјава на осуденик дадена на негов фејсбук во кој тој потврдува дека "тепањето" на Јанакиовски и Спировски во затворот било одмазда кон функцонери на ВМРО ДПМНЕ заради "местенката" што им била направена на осудените терористи од "Диво насеље" кај Куманово.Така пропагандата за "политички прогон" во Македонија добива на уверливост а Груевски како главен "местач"за Диво насеље аргумент дека некој вистина му се заканувал со убиство во затворот ако тој таму се најде. Се чини дека Груевски и Мицковски ги имаат вклучено одново платениците од Диво насеље за докажување на нивната теза за "политички прогон" и намери на власта да ги ликвидира и во пропагандата за ширење страв и меѓуетничка омраза. Красниќи со ваков вид фејсбук пропаганда и закани одработува одново како платеник за нив и треба Фејсбук да го затвори неговиот профил заради ширење на меѓуетничка омраза и поттикнување насилство. Но прашање е што бараат осудени лица на 40 години во притворско одделение“, стои во објавата на Фејсбук.

Македонија | пред 7 години

94-_45244979442_o

Владата на Република Македонија вечерва ќе ја одржи својата редовна 123 седница

Владата на Република Северна Македонија вечерва ќе ја одржи својата редовна 123 седница, со повеќе точки на дневен ред од Програмата за работа на Владата за 2019 година, и од интерес на граѓаните.На оваа седница Владата на РСМ ќе ја разгледа Информацијата во врска со потребата од поднесување на апликација за техничка помош за подготовка на Проектот за изградба на Интерконективен гасовод меѓу Република Северна Македонија и Република Косово, како и иста таква информација за подготовка на Проектот за изградба на Интерконективен гасовод меѓу Република Северна Македонија и Република Србија.На предлог на Министерството за економија на вечерашната седница на Владата ќе биде разгледана и Информација со нацрт текст од „Националната Стратегија за развој на туризмот на Република Македонија за 2016-2021 година со Акциски план 2019-2021”.Министерството за информатичко општество и администрација за оваа седница на Владата на РСМ ги предложи точките  Предлог - закон за електронско управување и електронски услуги, Предлог - законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги, како и Предлог - законот за централен регистар на население.На оваа своја седница министрите во Владата на РСМ ќе бидат информирани за текот на реализацијата на активностите и сумарните статистички податоци за Е- обуката за родова еднаквост, како и за проектот за подобрување на електронската размена на податоци во институциите и развивање на дополнителни веб сервиси во интерес на граѓаните, што ги подготви Министерството за труд и социјална политика. 

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Куче скитник касна дете во Охрид

На 24.02.2019 година во 20.20 часот во СВР Охрид, 50-годишен охриѓанец пријавил дека истиот ден околу 08.00 часот неговата малолетна ќерка на плоштадот „Св.Климент Охридски“ била касната од  куче скитник во пределот на ногата.

Македонија | пред 7 години

sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ до ВМРО-ДПМНЕ: Брзата и ефикасна интервенција на службите спречи уште поголема катастрофа

Морбидното ВМРО-ДПМНЕ нема концепт и продолжува да злоупотребува несреќи и човечки трагедии за дневнополитички цели, велат од СДСМ.„Во период кога се уште има лица кои се борат за живот по страотната несреќа, ВМРО-ДПМНЕ на морбиден начин се обидува да собере ситни политички поени.Благодарение на брзата, ефикасна и навремена интервенција на здравствените служби, итната медицинска помош, противпожарната служба и Министерството за внатрешни работи беше спречена уште поголема катастрофа, а можеби и повеќе човечки жртви.Целокупниот здравствен систем беше активиран во рок од 15 минути по информацијата за несреќата која се случи кај селото Ласкарци а екипите и службите на Министерството за здравство покажаа максимален и професионален ангажман во спасување на животите на тешко повредените.Во меѓувреме тече истрагата за несреќата во Ласкарци  од страна на Основното јавно обвинителство, а според јавно објавените информации, веќе се обезбедени докази и се сослушуваат сведоци за целосно расветлување на  истата.ВМРО-ДПМНЕ да престане со морбидната навика да злоупотребува несреќи и да ги остави надлежните институции да ја расчитат несреќата“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 7 години

52807416_2468303173240547_6040964711204257792_n

(ВИДЕО) Анѓушев го згреши името на државата, Заев го корегираше и се изнасмеа

Вицепремиерот Кочо Анѓушев на прес-конференција за медиумите, раскажувајќи за економскиот развој наместо Република Северна Македонија, го употреби името Република Македонија.По “лапсузот” на Анѓушев реагираше премиерот Зоран Заев кој го корегираше, а потоа се сцрвени од смеа, на самата прес-конференција.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

МВР ќе потроши 20 милиони денари за сокови

Министерството за внатрешни работи планира да троши 325 илјади евра за сокови. На официјалната страна на системот за јавни набавки има објавено оглас од страна на Министерството за внатрешни работи во износ од 20.000.000 денари за сокови природни и газирани, пишува Курир.Имено, во делот на предмет на договорот за јавни набавки стои сокови , газирани и негазирани додека во делот проценета вредност без ДДВ стои вредност од 20.000.000 денари или претворено во евра 325 илјади евра.

Македонија | пред 7 години

rak

Шокантно откритие: Вирусот од мали сипаници може понекогаш да доведе до спонтано намалување на туморот

Научниците уште од поодамна знаеа дека вирусот од мали сипаници може понекогаш да доведе до спонтано намалување на туморот, но од неодамна клиничките испитувања на клиниката Мајо покажаа колку моќно оружје против ракот можат да биде вирусот од мали сипаници, објави slobodenpecat.mk.Доктор од клиниката Мајо, ги изненади сите со тврдењето дека друга болест може всушност да биде лек против ракот.Станува збор за вирусот на мали сипаници, кој би можел да помогне при лекување на рак, тврдат од клиниката Мајо.Научниците од клиниката Мајо велат дека таканаречената „виротерапија“, не се користи за прв пат кај пациентите, меѓутоа ова е прв случај за рак кој се проширил по целото тело да се повлече во ремисија откако ќе се примени терапијата.Текстот во целост на slobodenpecat.mk

Магазин | пред 7 години

Нема фотографија

Ѓорчев во ОБСЕ - Македонија е земја на политичко нacилство, прогон, изборни кpaжби и економски колапс

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев имаше обраќање пред парламентарците на парламентарното собрание на ОБСЕ за време на зимската сесија во Виена, како и посебно обраќање пред пратениците од групата на ЕПП.Во своето обраќање Ѓорчев се осврна на ситуацијата во Република Македонија, кршењето на правото, деградираната правна држава и политичките прогони кои власта секојдневно ги прави.Ѓорчев пред парламентарците на ЕПП во ОБСЕ го презентираше и најновиот пример на нacилие од страна на власта, односно претепувањето на Јанакиески и Ристовски во пpитвоp, како и апсурдните обвинувања за “теpopизам” кон поранешниот претседател на Собранието Трајко Велјаноски.Ѓорчев истакна дека е недозволиво во една демократска држава пpитвopените граѓани да не се чувствуваат безбедни и властите да не ја гарантираат нивната безбедност. Овие оценки на Ѓорчев беа повторени во повеќе дискусии од пратениците во ЕПП групата, која што подоцна се огласи со соопштение.Ѓорчев зборуваше за невиденото иселување од Македонија, растечкиот кpиминал, но и за непотизмот кој се шири како епидемија во секоја пора на македонското општество.Беше констатирано дека Република Македонија треба да се погрижи за воспоставување на принципот на владеење на правото, како и да се обезбедат независни институции.На крајот, Ѓорчев побара ОБСЕ и ЕПП силно да се вклучат во мониторингот на претседателските избори, затоа што власта на СДСМ докажа дека нема волја, ниту капацитет да организира фер и демократски избори.

Македонија | пред 7 години

4-5

Средба на министерот Спасовски со министерот за внатрешни работи на Словенија

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска (25.02.) во Министерството за внатрешни работи имаше работна средба со министерот за внатрешни работи на Република Словенија, г-дин Боштјан Поклукар. На средбата заеднички беше констатирано високото ниво на  билатералните односи не само меѓу двете институции, туку и генерално меѓу двете држави - Република Северна Македонија и Република Словенија.Министерот Спасовски изрази благодарност кон Република Словенија и кон словенечкото министерство за внатрешни работи за несебичната поддршка и помош за нашата полиција во справувањето со мигрантската криза. “Тоа беше еден од најголемите предизвици за Република Северна Македонија, со кој можевме да се справиме само преку соработка меѓу државите од регионот,  поткрепена со силната поддршка на пријателските држави“, потенцира министерот Спасовски.Работната средба се одржа во пресрет на отпочнувањето на дводневнатата Министерска конференција од “Брдо процесот“, односно Третиот состанок на Управниот одбор на иницијативата за интегрирано управување со внатрешната безбедност (ИИЦГ), што ќе се одржи утре и задутре во Скопје, а чиј домаќин е МВР.Главна тема на конференцијата ќе биде токму евалуацијата на досегашното спроведување на Иницијативата за интегрирано управување со внатрешната безбедност(ИИЦГ), како и новите проектни задачи на ИИСГ, особено во делот на функционирањето на Групата за поддршка на ИИСГ, односно вклучувањето на преставници од Западен Балкан во работата на оваа група. 

Македонија | пред 7 години

IMG_0969

Продолжува имплементацијата на проектот за поддршка на лицата со оштетен вид

Министерот за образование и наука д-р Арбер Адеми, заедно со Н.Е. амбасадорот на САД г-дин Џес Бејли, министерот за здравство, Венко Филипче и министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, денеска се обратија на тркалезна маса посветена на иницијативите на институциите на системот за преземање и продолжување на имплементацијата на проектот за поддршка на слепите лица во Република Северна Македонија.Во делот на образовната компонента, истакна министерот Адеми, основани се пет ресурсни центри во Скопје, Тетово, Штип, Битола и Велес, каде децата со оштетен вид посетуваат дополнителна настава и се едуцираат преку материјали, односно учебници напишани на Брајово писмо.Во овие центри реализирани се и обуки на повеќе од 200 наставници, едукатори за работа со овие деца. Исто така, од страна на Црвениот крст е основан и Центар за лица со оштетен вид каде се реализираат сертифицирани курсеви за ИТ вештини, за англиски јазик, работилници за вештини за ориентација и мобилност, за социјализација, изјави Адеми, напоменувајќи дека новата Стратегија за образование 2018 – 2025 предвидува значително подобрување на квалитетот на образованието на лицата со извесни посебни образовни потреби.Во таа насока, додаде тој, целиме училиштата да прераснат во целосна инклузивна средина за сите ученици независно од физичките и психички специфичности, што подразбира подобрување на инфраструктурните услови во училиштата во насока да се овозможи прифаќање и непречено движење на овие ученици во внатрешноста на објектите, обуки за наставниот и стручниот кадар, набавка на асистивна технологија, формирање на инклузивни тимови, изработка на индивидуални образовни планови и така натаму.Според амбасадорот Бејли, овие партнерства се одличен пример за здружување за поголем импакт.- Пред пет години, УСАИД и Фондацијата Лајонс Клуб, ги здружија силите за да им помогнат на локалните институции и заедници за да ги детектираат и превенираат очните аномалии кај децата и да ги зголемат образовните можности за лицата со пречки во видот. Ова партнерство се зголеми и вклучи многу други организации и поединци од што многу граѓани на Северна Македонија имаа директна корист. Земете ја, на пример, Барбара Василевска. На 7-годишна возраст, на Барбара и беше дијагностицирана атрофија на очниот нерв. Нејзините родители се обратија во новоформираниот ресурсен центар во Битола за помош. Центарот и овозможи на Барбара специјална настава четири пати неделно со помош на специјален едукатор. За само неколку месеци, таа беше подготвена да се приклучи во основното училиште во Битола. Тоа е токму она што ние се надевавме да го постигнеме - вклучување на деца и возрасни со оштетен вид во редовните активности и секојдневниот живот, рече амбасадорот Бејли во своето обраќање.- Унапредување на правата и овозможување подобри услови за лицата со попреченост, како што потенцираше министерката Царовска, останува приоритет на Министерството за труд и социјална политика.- Со новиот Закон за социјална заштита кој е во собраниска процедура се воведуваат две целосно нови услуги за лицата со попреченост - лична асистенција и домашна нега. Сите овие новини значително ќе ги зголемат правата на лицата со попреченост, ќе се зголеми обемот на услуги до коишто истите ќе имаат пристап, и ќе се вложат зголемени финансиски средства во индивидуалните услуги кои ќе овозможат независен и живот на лицата во нивното место на живеење и нивно поголемо социјално вклучување, додаде министерката за труд и социјална политика.Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче истакна дека визуелниот систем е еден од најважните за правилен раст и развој на едно дете.Доколку, рече тој, се утврдат одредени недоследности, најдобри резултати има кога навремено се санираат.- Скринингот на 30.000 деца веќе даде конкретни информации за состојбата со видот кај децата во нашата земја. Министерството за здравство до крајот на годината ќе воведе Програма за ран скрининг на видот кај децата и ќе ги преземе сите мерки во рамки на организиран систем кој ќе понуди здрава иднина за здрави деца“, потенцираше министерот Филипче.

Македонија | пред 7 години

saso-tasevski

Тасевски до СДСМ: ДУИ ја спасува врската со ВМРО ДПМНЕ, треба да сте смртно исплашени

Актерот Сашо Тасевски преку својот Фејсбук профил им се обрати на членовите на политичката партија СДСМ.„Им пишувам на фините луѓе во партијата, а не на опинците и ѓубренцата шарени покрај вас. Она што го пишав вчера сабајле на фејсбук, се потврди ноќеска во парламентот. Ако драмата не беше бурлеска и фарса во која сте сите режисери, тогаш ДУИ пред изборите, не ви пука само во колена, туку и во главата ви пука. Полека ја спасува врската со нивниот најприроден сојузник, ВМРО ДПМНЕ. Му се враќа во кревет. Затоа не само што треба да сте загрижени, туку и смртно исплашени. Додека тие взаемно шуруваат, никогаш нема да направите пристојна држава, дури и да имате најдобри намери и најдобри идеи. Спремаат ваш отстрел. Свесни се дека лошо одработивте на домашен терен и дека немате поддршка. Американците се прагматични луѓе. Ако видат немате грб во народот, ќе си најдат друго дете покрај ДУИ за да продолжи. Кого и да најдат ќе ги слуша, само да биде на власт. Особено ДПМНЕ. Мора да пресечете. Не е светот околу вас толку фин и розов како што фантазирате. Преговаравте со сите од позиција на слаба карика.Затоа, сите тие не ве ценат. напротив, ве презираат додека ве тапкаат по рамо. Излезете од заблудата и стапицата во која сами се фативте. Тргнете безмилосно на ДУИ со силата на законите, обвинителствата, доказите и ќе го видите нивниот вистински лик. Ќе сфатите какви шакали држите во скутот, Зашто тие не се ништо друго, освен брутални насилници облечени во одела. Знам не откривам топла вода, ви нудам ведро со студена, да ја бутнете главата во неа и да се разбудите. Инаку, отидовте јабана. Многу од вас, знам, го разбираат ова, ама несреќата е што не делувате во правецот на самоодржувањето. Напротив дремете ко свинчиња пред кланица и го чекате џелатот“, стои во објавата на Фејсбук.

Македонија | пред 7 години

struga-bolnica

Во болницата во Струга, нема операции поради расипана опрема

Повеќе од три недели не работи оперативниот дел на хируршкото одделение во струшката болница поради дефект на опремата за анестезија односно гасната станица. Поради ваквата состојба, невозможно е да се изведуваат хируршки интервенции. Итните случаи се праќаат во болницата во Охрид. Бил повикан овластениот сервисер, но сега се чека на набавка на неопходниот резервен дел за кој не се знае кога би пристигнал, објави Алсат.„Од тука идат гасовите за анестезија во процесот на операција и ако тие редуцири не функционираат, никој од нас анестезиолозите, а сигурно и хирурзите не сака животот на пациентот да го става во опасност поради проблем со опремата. Ние работиме во стара болница, работиме со стара опрема. Пред 7-8 години беше една јапонска делегација која се сликаше покрај нашите апарати. Немаа видео такви апарати со кои ние работиме“, рече Ацо Велјаноски- раководител на одделение за анестезија.Текстот во целост на Алсат - м.тв

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања