Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Скопје1.мк

foto1

Апостолска: Со Планот за економски раст се стимулираат странските компании да соработуваат со домашните

Министерката без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска, денес учествуваше на средба за вмрежување помеѓу мултинационалните и домашните компании во Република Северна Македонија, кој се одржа во Скопје.  Настанот е во организација на Центарот за управување со промени – ЦУП и Finance Think – Институт за економски истражувања и политики, во рамки на проектот „Надминување на јазовите помеѓу домашните мали и средни претпријатија и мултинационалните компании“, кој е финансиски поддржан од Делегацијата на Европската Унија во Скопје.Пред присутните претставници на домашни и странски компании министерката Апостолска се осврна на мерките од владиниот План за економски раст кои се насочени кон унапредување на нивното деловно вмрежување.„Со Планот за економски раст за првпат во земјава се воведе мерка која е насочена кон стимулирање на странските компании да воспоставуваат деловни релации со домашни.  Согласно Законот за финансиска поддршка на инвестициите, каде што ова мерка е утврдена, странските компании кои воспоставуваат соработка со добавувачи од Северна Македонија може да очекуваат финансиска поддршка од 1% од вредноста на вкупните набавки доколку 15% од инпутите за производство ги набавуваат од домашни компании“, рече Апостолска.Министерката Апостолска истакна дека намерата на Владата е интеракцијата помеѓу домашните и странските компании да го надмине нивото на испорачување на услуги, односно домашното стопанство да биде вклучено на напредно технолошко ниво во добавувачките  ланци и производствени процеси на странските компании кои работат во земјава.Осврнувајќи се на значењето на реализацијата на стратегиските евро-атлански приоритети, министерката Апостолска порача дека со зачленувањето на Република Северна Македонија во НАТО и започнувањето на преговори со ЕУ, земјата испраќа позитивен сигнал до домашните и странските компании да инвестираат.„Политичката стабилност и безбедност која ја добиваме со НАТО и ЕУ гарантира и економска сигурност, што е од посебно значење за нашата атрактивност како дестинација за инвестирање“, рече Апостолска.Директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, Јован Деспотовски осврнувајќи се на инструментите за поддршка на компаниите, соопшти дека минатата година преку оваа институција биле потпишани договори за финансиска поддршка во вредност од 16 милиони евра, со што по оваа основа е поддржан инвестициски циклус од 30 милиони евра.На средбата свои обраќања имаа и Патрик Мартенс, директор на Делегација на Германско стопанство и Јасна Пајковска, координаторка на проектот - ЦУП.

Македонија | пред 7 години

Slika-Pavle-25-02

Богоевски: Одговорноста за вчерашното прекинување на седницата е кај Џафери и ДУИ

Обидот на колегата Груби да ја префрли вината за вчерашното фијаско на Комисијата за деловнички и мандатно -имунитетни прашања и на мене како нејзин Претседател се проѕирна лага и очаен обид за контрола на штетата која овој процес ја донесе врз нивната партија, изјави Богоевски на денешната прес-конференција.„Кога се гласаше на комисијата, јас во три наврати се обидов да ја добијам колешката Мирсада Емини -Асани и испратив и СМС порака. Два пати таа ми го спушти телефонот, а третиот пат крена, најверојатно по грешка и дванаесет секунди ми дишеше на телефон без да изусти ниту збор. Тогаш престанав да се обидувам да ги добијам.До моментот на започнување на последното продолжение на комисиската седница, јас немав потврда дека колешката ќе дојде, ниту дека е испратено возило по неа. Единствена работа полоша од тоа Комисијата да нема став, е да нема кворум и да не може да гласа.Доколку чекавме со гласањето, а колешката не пристигнеше, се што требаше да направат ВМРО ДПМНЕ е да излезат од салата и комисијата немаше да може да ја заврши седницата. Тоа е единственото сценарио кое не би го обврзало Џафери да ја закаже пленарната седницата.Затоа, нека престанат да ја лажат и манипулираат јавноста – единствената одговорност за вчерашното прекинување на седницата и за заштитата на Трајко Вељановски е кај Талат Џафери и кај ДУИ“, вели Богоевски.

Македонија | пред 7 години

Slika-Muhamed-25-02

Зекири: Дали Џафери свесно одработи Вељаноски да не се соочи со правдата?

Категорично ги отфрлам тврдењата на претседателот на Собранието Талат Џафери дека јас сум бил причината зошто тој не успеал до полноќ да ја заврши седницата со гласање по точката на дневниот ред, изјави пратеникот Мухамед Зекири на денешната прес-конференција.„Воопшто немало ситуација којашто наликува на потребата од прекинување на седницата.Талат Џафери е искусен пратеник и во минатото успевал да менаџира седници коишто биле далеку по тензични, од таа синоќа.Во ниту еден момент немаше директни навреди од моја страна упатени кон него.Одговорноста за неуспехот на Собранието да донесе одлука за барањето на Судот за одземање на имунитетот на пратеникот Трајко Вељаноски, Талат Џафери не може да ја префрла на други.Мнозинството беше тука и спремно да гласа и да му овозможи на Судот непречено да ги продолжи своите процеси.Прашање е дали Талат Џафери свесно одработи за ВМРО-ДПМНЕ, односно Трајко Вељаноски да не се соочи со правдата.Бараме принципиелност, Собранието е должно да постапува и да му овозможи на судот непречено да работи.27 април е крвав настан, а неговите организатори мора да одговараат.СДСМ е одговорна партија со одговорна пратеничка група - правдата и интересот на јавноста за нас е на прво место.Јавноста бара одговори, дали се калкулирало синоќа или не, а претседателот Талат Џафери треба да одговори, а не да калкулира како што тоа го направи на својата прес конференција“, изјави Зекири.

Македонија | пред 7 години

yIk9lMaHR0cDovL29jZG4uZXUvaW1hZ2VzL3B1bHNjbXMvTlRFN01EQV8vYjQ2NWExYTkwMjAyYzEyMmFkMzYwNThhNjhlYWU5OGUuanBlZ5GTAs0C5ACBoTAB

(ВИДЕО) Силно невреме во Мисисипи, една жена го загуби животот

Силно невреме зафати околу 200 области во американската сојузна држава Мисисипи, каде се уништени најмалку 300 куќи и 190 патишта, соопшти Државната агенција за кризни ситуации.https://twitter.com/weatherchannel/status/1099687752872984576?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1099687752872984576&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.blic.rs%2Fvesti%2Fsvet%2Fnevreme-u-misisipiju-oluja-unistila-puteve-i-kuce-jedna-osoba-stradala%2Fjfzf42kВо тек е проценка на штетата во уште 15 области, вклучувајќи ја и Лаундес која беше зафатена од торнадо, при што животот го загуби една жена, а повредени се 12 лица.https://twitter.com/ABC/status/1099721589023744000?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1099721589023744000&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.blic.rs%2Fvesti%2Fsvet%2Fnevreme-u-misisipiju-oluja-unistila-puteve-i-kuce-jedna-osoba-stradala%2Fjfzf42kНацоналната Метеоролошка служба потврди дека второто торнадо ја зафатило областа Тишоминго, каде се оштетени две куќи и два моста.Надлежните во неколку области во државата Кентаки прогласија вонредна состојба поради поплави и лизгање на земјште. 

Свет | пред 7 години

Trajko_Veljanoski-golema

Вељаноски: Собранието не ми го одзеде имунитетот, тоа е принципиелна одлука

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Вељаноски смета дека тоа што Собранието не му го одзеде имунитетот е принципелна одлука.„Собранието не го одзеде имунитетот којшто го имам како пратеник. Тоа е принципиелна одлука. Стојам на располагање да се јавам на сите покани по предметот и да ги почитувам сите позитивни законски прописи“, пишува Вељаноски.

Македонија | пред 7 години

marihuana

OJO Гостивар поведе постапка против три лица кај кои е најдена дрога

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредби за спроведување на истражна постапка во три одделни предмети оформени против лица кој кои при извршен претрес е најдена дрога – марихуана. Лицата се осомничени дека сториле кривични дела- Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, псхотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.Кај еден од осомничените е пронајдена марихуана со тежина од 400 грама која ја криел во куќа на негов роднина. Осомничениот е државјанин на Република Србија, од каде преминал во нашата држава и од 2013 година тука илегално престојува. За осомничениот српските органи имаат распишано меѓународна потерница за сторени други кривични дела.На второто лице, жител на Гостивар, му се пронајдени 10 грама дрога – марихуана.Во третиот предмет, осомничениот кој е жител на кичевско село, во својот дом криел 29 грама марихуана и 39 семки растителна материја од непознато потекло. Јавниот обвинител донесе Наредба за вештачење на пронајдениот материјал.Основното јавно обвинителство Гостивар до судија на претходна постапка за сите тројца осомничени побара изрекување на мерка притвор, ценејќи дека се исполнети основите. Судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гостивар ги прифати предлозите и на осомничените им определи мерка притвор во траење од 30 дена.

Македонија | пред 7 години

sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ наоѓа решенија за администрација по мерит систем, Мицкоски и Милошоски молчат и го потврдуваат нивниот непотизам

Веќе трет ден во ВМРО-ДПМНЕ, партијата симбол за непотизмот во државата, молчат за вработувањата во државниот сектор на роднините на Христијан Мицкоски, велат од СДСМ.„Молк и за вработените роднини на Антонио Милошоски, безмалку целото негово семејство е вработено во државни институции.Молчат оние што ја преполнија администрацијата со партиски и роднински кадри.Не се сите исти.СДСМ одговорно и внимателно ја слуша јавноста, бара и наоѓа решенија за администрација по мерит систем. СДСМ повикува на етички и морални чекори и веќе има повлекувања.Наместо да шири лажен морал, Мицкоски да го повика својот роднина да се повлече од ЕЛЕМ турс, да ги повика снаата, вујкото, братучедот, братучедтката и зетот на Милошоски да се повлечат од работните места во администрацијата.Ајде ВМРО-ДПМНЕ, ајде Мицкоски и Милошоски покажете дали имате образ, достоинство и интегритет?Време е да почне повлекувањето на роднините на Мицкоски и Милошовски во име на борбата против непотизмот“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 7 години

53110767_2216612731718260_1488360348799991808_o

Поставени две платоа за смирување на сообраќајот

Екипи на ЈП „Улици и патишта“ деновиве на улица „Тодор Александров“ пред основното училиште „Кочо Рацин“ поставија две платоа за смирување на сообраќајот.о Овие платоа најчесто се поставуваат пред пешачки премини во близина на училишта со цел намалување на брзината на возилата и зголемување на безбедноста на учениците.Градот Скопје изминатиот период постави платоа за смирување на сообраќај на улицата „Козле“ и на улицата „Борис Сарафов“, а во иднина ќе продолжи поставувањето и на други локации.

Скопје | пред 7 години

5-7

Шекеринска – Џачка: Успехот на Македонија за членство во НАТО е успех за целиот регион и НАТО

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска во Министерството за одбрана се сретна со министерката за одбрана на Република Албанија, Олта Џачка која за прв пат е во официјална посета на Република Северна Македонија.Министерката Шекеринска потенцираше дека земјите од регионот покажаа дека знаат да соработуваат, знаат да се почитуваат и дека знаат во најважните моменти да си дадат целосна поддршка.„Република Албанија тоа го направи со континуираната поддршка за нашето членство во НАТО Алијансата, но и со извонредно брзата реакција кога на 14ти овој месец, како третата земја, веднаш по Грција и Словенија, го ратификува Пристапниот протокол, за пристапување на Северна Македонија во НАТО Алијансата. Така постапуваат само добрите пријатели и добри сојузници и бидете сигурни дека тоа го цениме и дека тоа го паметиме“, рече министерката Шекеринска.Министерката додаде дека изминатава година покрај фокусот за членство во НАТО и ЕУ, Владата интензивно работеше и на подобро функционирање на институциите. Таа како пример го наведе успехот на Министерството за одбрана, кое според анализите на транспарентноста, отчетноста и интегритетот на институциите во делот на јавните набавки, направи пробив меѓу првите три институции со највисока транспарентност, отчетност и интегритет во јавните набавки.Министерката Шекеринска изрази надеж дека во годината кога се одбележува 10 годишниот јубилеј на Албанија како членка на НАТО, и 70 години од основањето на НАТО, Алијансата ќе стане побогата за уште една членка, со Република Северна Македонија.Министерката Џачка во својата изјава кажа дека потпишувањето на протоколот за членство во НАТО е еден многу важен момент, а со тоа, целиот регион ќе биде побезбеден, постабилен и на иднината ќе може да гледа со повеќе оптимизам.„Албанија, стабилноста и безбедноста на Република Северна Македонија ја гледа како еден главен услов за безбедност на целиот регион, а нашата поддршка во овој голем процес беше една од главните стратешки цели.  Тоа е причината поради која Албанија го ратификуваше протоколот за членство во НАТО и тоа е причината поради која ние Албанците, но и сите кои што сакаат стабилност и развој на регионот, добрите можности на соседите ги гледаме на тој начин“.Министерката Џачка истакна дека граѓаните без разлика на етничката припадност, вера, јазик, сакаат развој, подобар живот, спокој и безбедна средина, и дека регионот тргна во тој правец.За време на средбата на двете делегации се разговараше за подобрување на меѓусебната соработка во областа на одбраната, заедничкиот придонес во мировната мисија „Одлучна поддршка“, учество во иницијативата САД – Јадранска соработка и учеството на припадниците на нашата Армија на мултинационалната вежба која оваа година ќе се одржи во Албанија.

Македонија | пред 7 години

27-28-sednica-na-sovet-2019-2

Шилегов: Ќе бидат извршени корекции на проектот „Зелен покрив“ на ГТЦ

Зелениот покрив на ГТЦ е исполнување на ветеното на Скопје и граѓаните, а со него се добива една нова, урбана и зелена површина за граѓаните. Ова е дел од одговорот на градоначалникот Шилегов на советничкото прашање поставено на денешната седница, поврзано со реакциите околу идејниот проект за изведба на зелен покрив на дел од ГТЦ.- Градот Скопје заедно со УНДП, пред повеќе од 8 месеци потпиша меморандум за соработка од областа на спроведувањето на Стратегијата за климатски промени - Отпорно Скопје, поврзана со мапирање на геотермални точки. Спроведените истражувања покажаа дека покривот на ГТЦ е за 10 степени потопол од пре останатиот простор околу плоштадот Македонија и оттука произлезе идејата дел од овој покрив да биде зазеленет – кажа Шилегов.Во однос на реакциите околу идејното решение и изгледот на зелениот покрив на ГТЦ, градоначалникот потенцираше дека истото е донација од АД „Градски трговски центар“, кој е посебен правен субјект во државна сопственост и со кој  Град Скопје нема допирна точка во структурите на управување на ова претпријатие.- Идејниот проект за изгледот ни беше доставен од ГТЦ, како трета страна во проектот. Град Скопје учествува во овој проект преку финансирање на истиот и обезбедување на средствата, а УНДП ја спроведе постапката. Имајќи предвид дека имаше извесни реакции во јавноста, веќе стапивме во контакт со архитектите и фелата и во рамките на законските можности и правилата определени од УНДП, преку „Скопје урбан центар“ каде што се членки Здружението на архитекти и Архитектонскиот факултет ќе бидат извршени определи корекции на проектот – додаде Шилегов.Тој спомена дека целокупниот идеен и изведбен проект за зелениот покрив на Градскиот трговски центар, согласно со кој Градот Скопје ќе инвестира во проектот, е донација од претпријатието. 

Скопје | пред 7 години

49721928_353393875477702_3728138725117394944_n

СДСМ: Не е точно дека пратеник од СДСМ имал некаква улога во прекинувањето на седницата

Не е точно дека кој било пратеник од пратеничката група на СДСМ имал некаква улога во прекинувањето на седницата за одземање на имунитетот на пратеникот Велјановски, велат од СДСМ.„Претседателот на Собранието, Талат Џафери, е тој што требало да обезбеди да заврши седницата и да се премине на одлучување односно гласање.Воопшто немало ситуација којашто наликува на потреба од прекинување на седницата.Пратениците беа подготвени да овозможат правдата за 27 април да се тера до крај, но претседателот на Собранието, Талат Џафери ја прекина седницата и не дозволи да има гласање.Како искусен и искусен претседател на Собранието, Талат Џафери бил сведок на многу посложени, дури и конфликтни ситуации во минатото, во собраниската сала, коишто соодветно се менаџирале во интерес на процесите и исполнување на уставната улога на парламентот.Претседателот на Собранието, Талат Џафери, должи одговор на граѓаните зошто не ја менаџираше ситуацијата туку ја прекина седницата и не дозволи гласање“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 7 години

1-19

Џафери - Џачка: Македонија е на сигурен пат кон НАТО и добивање на датум за почеток на преговори со ЕУ

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, г. Талат Џафери, оствари средба со министерката за одбрана  на Република Албанија, г-ѓа Олта Џачка.На средбата, двајцата соговорници изразија задоволство за ратификацијата на Протоколот за пристапување на Република Северна Македонија во НАТО во Албанскиот парламент. Нагласена  е одличната соработка меѓу Тирана и Скопје во изминатите години, како и напорите на Албанија за поддршка на нашата држава на европскиот пат и развој.Претседателот Џафери нагласи дека Република Северна Македонија е на сигурен пат кон НАТО, а државата работи посветено на исполнувањето на неопходните реформи за добивање на датум за почеток на преговорите со ЕУ.„Свесни сме дека ова не е лесен процес, но Собранието и Владата работат со сите сили и капацитети на постигнувањето на посакуваната цел“, рече претседателот Џафери. Тој ја нагласи неопходноста од соработка на сите политички чинители заради исполнување на обврските за доброто на граѓаните и на државата.Министерката Џачка упати честитки за храбрите политички чекори за откочување на процесот на евроатлантски интеграции. Таа ја повтори и силната поддршка на Албанија за реформските процеси од нашата ЕУ агенда и понуди размена на искуства од билатерален аспект  за зајакнување на капацитетите. Таа посочи дека нашиот финален почеток треба да се евроатлантските перспективи, подржувајќи се еден со друг, а најдобар пример за ова во моментот е Република Северна Македонија. На овој начин треба да размениме политички пораки меѓу двете земји за полесно да се надминат предизвиците.Двајцата соговорници кажаа дека стабилноста на земјите на Балканот значи сигурност за земјите во Европа.Претседателот Џафери упати искрена благодарност за континуираната поддршка на Албанија за нашите аспирации за целосна интеграција во евроатлантските институции и залагањето за зајакнување на владеењето на правото, со надеж дека плодната соработка ќе продолжи и во иднина.  

Македонија | пред 7 години

policija-ilustracija

Приведени 3 странски државјанки во угостителски објект во Гостивар

На 24 февруари во периодот од 01.35 до 02.00 часот полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Тетово-Полициска станица Гостивар, спровеле акциска контрола во угостителски објект на улица „ЈНА“ во Гостивар, сопственост на Е.А.(53) од гостиварското село Лакавица.При контролата, во објектот биле затекнати четири женски лица, од кои три српски и една македонска државјанка.Странските државјанки биле приведени и предадени на Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија.

Македонија | пред 7 години

skolo-4

Директор на средно училиште незаконски си исплаќал повеќе пари со платата

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кратово поднесе кривична пријава против Т.Ј.(50) од Кратово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.Во периодот од септември 2012 до септември 2017 пријавениот, како директор на средното општинско училиште „Митко Пенџуклиски“ во Кратово, не побарал согласност од општина Кратово, односно не извршил усогласување со законските прописи, на правилникот за исплата на плати на вработени и надоместок на ангажирани лица и наставници во ученичкиот дом, кој е во склоп на наведеното училиште.Исто така, не постапил по наодите и дадените препораки од ревизорскиот извештај, со што овозможил за себе, исплата на посебен додаток на месечна плата во зголемен износ за 25%. Во истиот период, пријавениот, на овој начин овозможил за педагогот, исплата на посебен додаток на месечна плата во зголемен износ за 10%, а на благајникот, во зголемен износ за 15%, со што истите се стекнале со противправна имотна корист од 1.077.482 денари на штета на Буџетот на РСМ.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

13 лица управувале под дејство на алкохол, а 9 без возачка дозвола во Битола

Полициски службеници во Секторот за внатрешни работи Битола викендот (22.23 и 24 февруари) извршиле контрола за зимска опрема, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство, исправност на возилата, товарни возила,  сигурносен појас, светло и алкохол на 1079 возачи и возила.При контролата, кај 13 возачи откриено е присуство на алкохол и тие се исклучени од сообраќај. Kонстатирано е дека 20 возачи го управувале возилото со поголема брзина од дозволената, девет возачи управувале возило без возачка дозвола или со измината важност. Кај две возила е утврдена техничка неисправност, а 10 возила биле нерегистрирани или со измината важност сообраќајните дозволи. Девет возачи се писмено опоменати, а на 106 возачи изготвени им се мандатни платни налози и ќе се соочат со соодветни глоби, а исто така изготвени се и 35 прекршочни налози. Исто така, при контролата откриени се и други 57 прекршоци.

Македонија | пред 7 години

Goce-Delcev-1

Заврши реновирањето на дел од ОУ „Гоце Делчев“ во Битола

Нова внатрешна столарија, 8 врати во тоалетите, 11 врати во училниците, како и надворешната влезна врата се дел од градежните зафати кои се одвиваа во една од зградите на основното училишта „Гоце Делчев“ во Битола. Покрај столаријата, во активностите кои беа преземени со цел да се подобрат условите за престој на учениците, во училниците на површина од 275 квадратни метри е поставен епоксиден под. Исто така, реновирањето ги опфати и санитарните јазли во тоалетите, водоводната инсталација,  дел од ѕидовите се поплочени со керамички плочки, а тоалетите комплетно се опремени со нова санитарна опрема.За овој проект Општина Битола издвои околу 129.000 денари, во кои влегуваат средства за  надзорот, демонтажата на керамичките плочки од ѕидовите, таваните, како и демонтажата на врати. Со средства од општината се изработија и дел од активностите во санитарните јазли. Останатите изведби беа реализирани со средства од УСАИД.Учениците кои учат во оваа зграда, една од трите во рамките на училиштето, со овој зафат добиваат многу поквалитетни услови за изведување на наставата, но и за одржување на личната хигиена. Ова е уште едно во низата од битолските училишта, во кои вложува општината, со цел да се надминат лошите услови во образовните институции во Битола.

Македонија | пред 7 години

53026403_327022354822596_7412422969399443456_n

Членови на „Д Стронгест & РУТС БЏЏ“ од Кисела Вода станаа државни прваци во џудо

Изминатиов викенд на државното првенство во џудо четворица членови на „Д Стронгест & РУТС БЏЏ“ од Кисела Вода се закитија со медали.На ова првенство Даниела Алексовска и Ива Богдановска освоија златни медали и станаа државни прваци. Додека, бронзени медали освоија Дамјан Петровски и Ева Илиевска.”Со малку џудо тренинзи, нашите фајтери го постигнаа максимумот во моментов. Ние како тим ќе продолжиме да остваруваме успеси во повеќе боречки спортови, сега во бџџ, мма, џудо, а полека влегуваме и во системот на натпревари во Муаи Таи & Кикбокс Федерацијата на Македонија”, изјави Ивица Алексовски, тренер на „Д Стронгест & РУТС БЏЏ“.

Спорт | пред 7 години

Muhamed-Zekiri

Зекири го „зашамара“ Џафери: Зошто го спасил Вељановски?

Пратеникот Мухамед Зекири по вчерашната собраниска седница која претседателот на Собранието Талат Џафери ја прекина и немаше гласање за одземање на имунитетот на пратеникот Трајко Вељановски се огласи на својот Фејсбук профил.„Талат Џафери и ДУИ треба да објаснат на јавноста зошто го спасија нивниот побратим Трајко Вељановски?!!!...Го СПАСИЈА за да ги “СПАСИ” некогаш ВМРО нив или ...???...Народот вели: “ Во секое ЗЛО за добро” ... Јавноста упте еднаш го виде вистинското лице на оваа политичка партија.И пророкот Мухамед во една негова изрека има кажано: “Ако не се срамиш, прави што сакаш”.П.СДУИ 2014 = 153.000ДУИ 2016 = 86.000ДУИ 2019 = ...  “, стои во објавата на Фејсбук.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Николов: Денот на несреќата во Ласкарци бевме сведоци на нефункционалност на сите инситуции

Поминаа повеќе од 10 дена од трагичната несреќа на автопатот Скопје - Тетово, каде животот трагично го загубија 15 млади гостиварчани. Деновите поминуваат, но трагедијата од Ласкарци во која загинаа 15 лица не може да се заборави, изјави Игор Николов на денешната прес-конференција.„Тој ден, сите ние бевме сведоци на нефункционалност на сите надлежни инситуции кои што треба да се справат со итни и кризни состојби и катастрофи.Го повикуваме премиерот Зоран Заев, директорот на Центарот за управување со кризи како и министерот за здравство да одговорат на следните прашања:Прво, зошто не се активираше Планот за постапување при итни, кризни состојби и катастрофи?Второ, зошто не беше формиран кризен штаб кој ќе се справува со настанатата катастрофа и ќе даде вистинска помош на повредените?Зошто околу местото на несреќата не се обезбеди периметар, од кој што само професионаци ќе имаат пристап до местото на несреќата?Зошто на местото на несреќата не беа обезбедени соодветни медицински тимови составени од стручни медицински лица, кои што ќе даваат прва помош на повредените и ќе извршат вистинска тријажа на секој поврден за да биде упатен во соодветна здравствена установа?Кој и зошто одлучи повеќето од повредените или вкупно 35 да бидат однесени во ГОБ 8 - ми Септември?Со каков медицински потенцијал располага ГОБ 8 - ми Септември? Колку има специјалисти трауматолози? Колку специјалисти неврохирурзи и колку торакални хирурзи?Зошто побрзавте да се пофалите дека приватните болници помогнале во катастрофата, кога ниту еден пациент не беше хоспитализиран во приватна болница?Дали вечерта беа вклучени сите кадровски потенцијали на здравствениот систем и зошто не беа повикани специјалисти од другите болници да помогнат?Дали беше одржан европскиот стандард за еден повреден да има четири медицински работници?Зошто не отворивте посебна линија, кол центар, каде роднините ќе можат да добијат информација каде се нивните најблиски?На денот на несреќата, Центарот за управување со кризи покажа целосна неспособност да ја менаџирира катастрофата.Лекарите и медицинските работници направија максимум во рамки на можностите да дадат помош на повредените, но неорганизираноста во Министерството за здравствио, неорганизираноста во Центарот за управување со кризи, како и лошата координација на институциите го сторија своето.Ги повикуваме премиерот Заев, министерот за здравство и директорот на ЦУК како да поднесат одговорност и да поднесат неодповикливи оставки“, вели Николов.

Македонија | пред 7 години

pavle-bogoevski

Богоевски му одговори на Џафери: Не знаев дека „лавот од Форино“ е чувствителен, ДУИ е сеуште во коалиција со ДПМНЕ

По прес-конференцијата на претседателот на Собранието, Талат Џафери, пратеникот Павле Богоевски се огласи на својот Фејсбук профил.„талат џафери ја прекинал седницата поради однесувањето на колегата Muhamed Zekiri. Не знаев дека "лавот од Форино" бил толку чувствителен.А можеше да го трпи криминалецот груевски кога сакаше да се тепа со него за Законот за јазици.Не, талат. Ти ја прекина седницата бидејќи се' уште твојата партија е во коалиција со криминалната банда на дпмне. По сите драми и лаги дека на еден член му се слошило, а сте испратиле возила по другата заменичка. Не ви дозволивме да ја упропастите работата за време на комисиската расправа, ете затоа ја прекина седницата.По парламентарните избори, го извадивме дуи од вмро. Очигледно, не успеавме да го извадиме вмро од дуи“, напиша Богоевски на Фејсбук.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Арсовски: Епидемијата од непотизам од најтежок вид ја има зафатено фамилијата на пратеничката Тања Ковачев

Епидемијата од непотизам од најтежок вид ја има зафатено фамилијата на пратеничката Тања Ковачев од СДСМ. Мислиме дека на овој случај може дури да позавиди и  Мира Дизел Стојчевска, дури и да биде љубоморна, изјави Димче Арсовски на денешната прес-конференција.„Се работи за работни места со многу високи плати, многу повисоки од просечната плата која што ја добиваат граѓаните во Република Македонија.Па така, прашуваме, дали сопругот на пратеничката Тања Ковачев, Дејан Ковачев без соодветно образование е вработен во АД Аеродромски услуги- Аеродроми на Македонија?Дали сестрата на истата пратеничка, Катерина Хаџиевска Јакимовска е вработена во УЈП како инспектор за игри на среќа?,Дали зетот за сестра, Бобан Јакимовски е вработен во Водовод и канализација Скопје?Дали Елеонора Фунду, золвата, односно сестрата на сопругот на пратеничката е поставена како претседател на Надзорен одбор на АД Аеродромски услуги Аеродроми на Македонија каде што работи Дејан Ковачев мажот на Тања Ковачев?Еве почитувани, ако е сево ова точно тогаш во епидемијата на непотизам имаме и прв случај на вработена золва, покрај сите случаи на вработени мајки, синови, ќерки, сестри, браќа, свекрви, сопрузи, баби, дедовци и фризерки на високи функционери на СДСМ итн,меѓутоа да не им се мешаме и да не им навлегуваме во семејните релации и работи. Да нaпоменам дека дел од овие информации кои ги презентиравме ги добиваме од граѓаните па и членови кои што се крајно разочарани од оваа крими-непотистичка власт на деспотот Зоран Заев.Секој ден добиваме писма и пораки од разочарани граѓани од оваа власт која што ја претвори државата во приватна фирма за вдомување функционерски роднини на грбот и на сметка на граѓаните кои плаќаат даноци.Зарем во државата нема други невработени кои што треба да се вработат, пред се млади и квалификувани луѓе кои не можеле да се вработат на овие дебело платени работни места кои ги добиваат сепак најблиските роднини на функционерите на СДСМ. Како тоа токму нивните роднини се или единствени кои конкурирале или се најдобрите кандидати очекуваме се уште да кажат функционерите на СДСМ?Сето ова е потценување на здравата разум на граѓаните, бидејќи моделот на Дизел вработување не е исклучок, тоа е правило во СДСМ. Залудно е лажното морализирање и пазарење еден ќе се повлече, двајца ќе останат вработени, колку да се замаја јавноста. Оваа епидемија ќе прекине само и само со пораз на оваа крими-непотистичка власт на избори, кога ќе почне и нивната демонтажа“, вели Арсовски. 

Македонија | пред 7 години

sela

Алијанса за Албанците: Изгледа и ДУИ е коорганизатор на 27 април

ДУИ, преку пратеникот Агим Шаќири и претседателот на Собранието Талат Џафери, бранејќи го Трајко Вељановски од излегување пред лицето на правдата, удрија врз законот, ги издадоа своите гласачи, ги издадоа и нашите сојузници од САД и ЕУ кои чекаат воведување и функционирање на правдата, велат од Алијанса за Албанците.„ДУИ, фатена за опашка од страна на ВМРО-ДПМНЕ, заложник на криминалот и корупцијата, кои спречија одземање на имунитетот на пратеникот Трајко Вељановски осомничен како главен организатор на крвавите настани од 27 април, говори за сомневање дека и ДУИ е коорганизатор на насилството од 27 април и се чини дека се принудени да ги бранат криминалците од ВМРО?Талат Џафери, вчера не го спроведе барањето на Судот за  одземање на мандатот на Вељановски, за да истиот биде испитан слободно од страна на Судот, без да се брани под маската на позицијата Пратеник. Талат постапи исто како претседателот Иванов, кој одби да го потпише Законот за јазиците и да го ратификува Договорот од Преспа, иако законот и Уставот на РСМ му го наложуваат тоа.ДУИ, поради своите хипотеки во криминалот и корупцијата, ја земаат на врат иднината на интеграција на земјата во ЕУ. Ја потсетуваме јавноста дека лидерите на ЕУ, му поставиле два мошне јасни критериуми на Северна Македонија за отворање на преговори, и тоа: Одговорност за 27 април и конечни пресуди за случаите на корупција и скандалот со прислушувањето.Конечно, време е и СДСМ да го дефинира својот став во врска со дуализмот на ДУИ, која што е на власт со СДСМ а во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, која беше нејзината улога во целиот овој процес, во одбрана на законот  и правдината или во одбрана на криминалот на ВМРО и ДУИ?И сосема на крај,  по која логика обвинетиот Фета Алими треба да лежи во затвор кога сите вистински одговорни лица се амнестираат па дури стануваат недопирливи од законот?До кога политичката судбина на Албанците ќе биде диктирана од страна на ДУИ, кои ја продадоа довербата на Албанците во служба на нивниот криминал и заштита на криминалците на ВМРО-ДПМНЕ.Ја преминавте секоја граница, казнувањето на избори е малку за вас, ќе одговарате“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 7 години

5-6

(ВИДЕО) Груби му дава знак на Џафери да ја прекине седницата

ТВ21 објави видео на кое може да се забележи како пратеникот на ДУИ, Артан Груби откако се заострува ситуацијата во Собранието на Република Македонија, а спикерот Талат Џафери постојано се расправа со пратениците од ВМРО-ДПМНЕ , му дава знак да ја прекине седницата.https://www.facebook.com/tv21hd/videos/603823520067363/Ова видео само дополнително ги подгреа сомнежите дека наводното одземање имунитет на Трајко Вељановски е сценарио и однапред режирана драма меѓу ДУИ и ВМРО ДПМНЕ, пишува АКО.Мухамед Зекири од СДСМ директно посочи кон ДУИ и ги праша зошто го спасиле побратимот Вељановски.Во тензична атмосфера на полноќ, претседателот на Собранието Талат Џафери ја прекина седницата, откако претходно процедурално повторно се јави координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски, кој инсистираше на паузата од еден час.Рече дека сѐ уште не се знае за што ќе гласа Собранието кога комисијата нема заземено став по однос на барањето на притвор на пратеникот Трајко Вељаноски.Инаку на 89. седницата на Собранието тоа беше единствената точка на дневен ред. Претседателот на Собранието Џафери рече дека дополнително ќе каже кога ќе продолжи оваа седница, но со оглед на тоа дека според деловникот до полноќ требаше да се случи гласањето за пратеничкиот имунитет, неизвесно е дали воопшто има деловничка основа за продолжување.

Македонија | пред 7 години

52973956_10155639071496706_3786982156484476928_n

Одбележани 75 години од смртта на Кузман Јосифоски – Питу

Пред спомен обележјето на народниот херој Кузман Јосифоски – Питу, во Општина Карпош, се одбележаа 75 години од неговата смрт. Чествувањето беше во организација на локалната самоуправа и Сојузот на борци на Македонија.На денешното чествување свежо цвеќе положија повеќе организации, институции и здруженија.Пред присутните се обрати и градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев кој зборуваше за значењето на Кузман и сите придобивки од Народно ослободителната борба (НОБ).- Придобивките од НОБ се големи, истите треба да ги вреднуваме и да ги пренесуваме на новите генерации. Токму денеска, ние, новите генерации и нашата држава го положивме главниот тест на зрелост и покажавме дека сакаме сигурна, безбедна и интегрирана земја.Со нашето членство во НАТО и трасирање на патот кон Европската унија, изразивме цврста заложба дека сакаме сегашност и иднина!Во минатиот век главен предизвик ни било формирањето на државата и нејзината самостојност. Со евроатлантските интеграции ја зацврстивме сигурноста и перспективите за сите нас.Не дозволивме да бидеме заробени во минатото туку преземавме иницијатива за подобар живот и стабилност, рече Богоев.Пред присутните се обрати и претставник од Сојузот на борците, кој на сликовит начин го опиша животот на Кузман Јосифоски - Питу, неговата младост и народно – ослободителна дејност.За делото на Питу, денеска учат и младите генерации. Во негова чест, литературни читања имаа и ученици од основното училиште „Владо Тасевски“, од Козле.

Скопје | пред 7 години

52650496_1875746782547348_5575665881549111296_n

Град Скопје одлучи: 100.000 денари за семејствата на загинатите кај Ласкарци, 30.000 денари за повредените

Советот на Град Скопје денеска со едноминутно молчење во знак на оддавање почит на загинатите во сообраќајната несреќа кај село Ласкарци ја започна  27-та седница, на која едногласно ја усвои Одлуката за определување еднократна парична помош за семејствата на загинатите и на повредените патници.Со оваа одлука, Градот Скопје како израз на солидарност кон семејствата на загинатите и на повредените во сообраќајната несреќа на автопатот Скопје – Тетово, на секое семејство кое изгуби свој член ќе додели парична помош од 100.000 денари во нето износ, а на повредените по 30.000 денари.Во големата сообраќајна несреќа која се случи на автопатот Скопје-Тетово на 13 февруари животот трагично го загубија 15 лица.По носењето на оваа одлука, Советот на Град Скопје ја одржа 28-та седница на која се работеше со единствена точна на дневен ред - Поставување советнички прашања.

Скопје | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања