Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Скопје1.мк

Нема фотографија

Панел дискусија дел од настаните за одбележување на 15 годишнината од трагичната смрт на претседателот Борис Трајковски

По повод одбележување на 15 години од трагичната смрт на претседателот Борис Трајковски, на 25 февруари (понеделник), во хотел „Холидеј Инн“ со почеток во 15:30 часот, ќе биде одржана панел дискусија на тема „Лидерство засновано на вредности – од принципи до реализација“.На оваа панел дискусија која ќе ја предводи министерот за надворешни работи Никола Димитров ќе присуствуваат истакнати политичари односно поранешни претседатели на држави и влади кои претходно соработувале со претседателот Борис Трајковски, како што се поранешниот претседател на Република Албанија, Алфред Мојсиу, поранешниот претседател на Република Хрватска, Стјепан Месич, поранешниот претседател на Романија, Емил Константинеску, поранешниот претседател на Украина, Леонид Кучма, поранешнитe претседатели на Република Бугарија Георги Прванов и Петар Стојанов како и други политичари од регионот и светот.

Македонија | пред 7 години

gruevski-mala

Груевски на ФБ: Политичкиот прогон против мене и против многумина од ВМРО-ДПМНЕ продолжува

Политичкиот прогон против мене и против многумина од ВМРО-ДПМНЕ продолжува, напиша предмалку на својот фејсбук профил поранешниот премиер Никола Груевски.Постот на Груевски го пренесуваме во целост:Малку им е обвинението и незаконската политички нарачана казна затвор дека сум влијаел да се набави блиндирана кола бидејќи сум сакал да бидам награден со тоа што и јас како премиер понекогаш ќе сум бил превезуван во неа покрај странските гости.Малку им е апсурдното обвинение дека сум барал автопатот Кичево-Охрид да се заврши побрзо наместо побавно оти сум сакал граѓаните да ме наградат со тоа што ќе гласаат за мене на следните избори.Малку им е обвинението дека наводно сум нарачал шамари кои никогаш никому не биле удрени.Малку им е обвинението дека сум злоупотребил службена должност со тоа што општината срушила недоизградена класична и подоцна од судот потврдена дивоградба за која и самиот инвеститор признал дека е дивоградба давајќи барање до општината да му се преиначи градежната дозвола и да биде согласно веќе почнатата дивоградба.Малку им е обвинението каде без еден доказ, сведок против мене или мој потпис ме обвинуваат за неправилно финасирање на партијата оти некој донирал па после дал изјава дека не донирал или дека не се сеќава дали донирал 500 или 1000 евра на партијата.За сите овие лажни обвиненија за кои уште немам пресуда нарачателите на прогонот проти мене веќе побарале од судот да ми одреди максимална казна затвор од законски можната.Малку им е тоа.Сега решиле за почеток да ме осомничат а потоа и обвинат за непостоечки тероризам.Очигледно е дека оваа неспособна и недемократска марионетска влада нема друг начин како да ја покрие својата неспособност и своите чекори кои се штетни за државните и националните интереси на Македонија, својот криминал, непотизам и корупција на секој чекор, па мора тоа постојано да го прави преку неправедни осомничувања, обвинувања, судења и затворања на политичките неистомисленици. Преку лажни спектакли и процеси кои еден ден ќе бидат нивни срам и страв од казна за ова нивно злодело, а дотогаш наша голгота.По којзнае кој пат ќе повторам.Ниту сум организирал, ниту сум дал согласност некој да организира насилен упад во Парламентот и физичка пресметка со пратеници. Напротив, прв од сите политичари веднаш штом дознав побарав смирување на состојбата преку социјалните мрежи бидејќи тој и претходниот ден бев на пат во Виена.Ги повикувам од ОЈО да ги објават јавно доказите против мене.Да ги видиме матерјалните докази или какви и да има докази, па макар и некој лажен, нерелевантен или уценет сведок или загрозен осомничен или обвинет во некој случај.Многу би сакал да ги видам доказите за нешто што не само што не сум го сторил, туку гледајќи како власта го иритира народот, сум стравувал некој друг во такви околности да не го стори тоа, а целата вина и целата негатива да падне на грбот на ВМРО и нејзините членови и функционери.Сакам јавно да слушнам како тоа од позиција претседател на ВМРО-ДПМНЕ сум можел да влијаам на министерот Нухиу (кого мислам дека не го ни запознав лично а како министер бил прв одговорен за редот и мирот во земјата во која главен настан беа протестите и тензиите во и пред парламентот), или на било кој друг функционер од МВР, во правец како што пишува во соопштението на ОЈО да се намалеле полициските сили пред Парламентот.Го повикувам ОЈО да ги презентира наводните докази против мене пред цел народ, пред цела јавност. Докази за нешто што не е сторено.Ајде, не купувајте време, не се вадете на флоскули од типот ,,истрагата е во тек,, или ,,од истрагата ќе произлезе...,, или ,,истрагата е тајна...,, и слични празни флоскули. Ова не е обичен случај, туку случај кој го следи целокупната домашна и меѓународна јавност и неможе наводните докази да бидат само во вашите фиоки.Кога знаете после скоро две години од настан за кој непрекинато се зборува во јавноста и за кој дел од осомничените ги каневте на распит, што значи знаеја дека се опфатени во предистрага, да ги притворате за да не влијаеле на сведоци или да не избегале, како божем досега во цели две години да неможеле, тогаш треба јавно да ги покажете и доказите.За мене знам дека ги немате. А верувам дека и за останатите немате нешто што може да се нарече доказ. Ако е доволно некој да го обвинете само затоа што подржувал мирни протести, тогаш имате причина да ги уапсите сите политичари во земјата, бидејќи сите некогаш подржувале некои мирни протести, но и речиси цел народ бидејќи најголем дел од народот во различни времиња или околности подржувале некои мирни протести за една или друга работа.Но, ако обвинувате некого за организирање упад во парламентот и физичка пресметка на пратеници и уште тоа го нарекувате тероризам и барате казна од најмалку 10 години затвор, тогаш за тоа се потребни цврсти, недвосмислени и силни докази и секако нивно јавно презентирање, нпиша Груевски на ФБ.https://www.facebook.com/NGruevski/posts/10157179980042716?__tn__=K-R

Македонија | пред 7 години

vilma-press

Русковска: Доколу не беа отворени вратите немаше да се случи крвавиот настан

На денешната прес-конференција обвинителката Вилма Рускоска изјави дека според неа доколку вратите не биле отворени на 27 април немало да се случи крвавиот настан.„На распит во предистрагата за првиот предмет беа повикани двајца од сега осомничените, така да не сметам дека било што со тој распит и да бил извршен тогаш би се добило. Од тие причини сметам дека не е пропуст на обвинителот што не бил викант на распит. Сметам дека доколку не беа отворени вратите немаше да се случи крвавиот настан“, вели Русковска.Таа додаде дека во законот за амнестија не е амнестирано кривично дело туку се аменстриани поединечни дејствија.„Не сметам дека законот за амнестија би бил било каква пречка и истиот не важи за организаторите“, изјави Русковска.

пред 7 години

goran-isceznat

Исчезнато е лицето Горан Атанасовски , ако имате било каква информација пријавете

Преку социјалните мрежи се бара уште едно исчезнто лице.Исчезнато е лицето Горан Атанасовски од Скопје. Истиот има 35 години. Последнни информации кои ги има семејството е дека е виден вчера помеѓу 14:00 и 15:00 часот на локација кај Беверли трговскиот, од каде заминал накај Бриколаж во Сиво металик волксваген поло, со рег. СК-3104-АО.Облечен е во кошула и панталони.Ве молиме ако имате било каква информација, јавете се на 072-224-522 или пријавете во полициска станица.

Скопје | пред 7 години

jabolka

Производителите на јаболка денес на средба со претставници од МЗШВ

Претставници од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, денес ќе имаат работен состанок со производителите на јаболка од преспанскиот регион, на кој што ќе присуствуваат откупувачи и претставници од преработувачката индустрија. На состанокот е предвидено да се разговара за моменталната состојба со откупот на конзумно и индустриско јаболко, мерките кои ги презема Владата за овој сектор, но и за предлозите од страна на овоштарите.Инаку, според последните податоци со помош на интервентната субвенција од 3 денари за килограм предадено индустриско јаболко, што се донесе со Прoграмата за 2018-та година, досега се откупени се околу 50.000 тони индустриско јаболка. МЗШВ и во новата Програма за директни плаќања по консултациите со овоштарите направи промени за развој на оваа гранка, со цел од една страна да им се овозможи на производителите на јаболка рентабилно производство, а друга страна да се обезбеди квалитетно и конкуретно производство. Една од крупните промени е во делот на овоштарството, вклучително и за јаболката, за прв пат се врши прилагодување кон насоките на Европката унија и од Светска банка, а тоа значи трансформирање на мерката за дополнителна поддршка кој што постоеше во претходните програми, во субвенцијата по хектар. Трансформирањето  на субвенцијата за килограм предадено јаболко е направено врз основа на длабински анализи и пресметки, и истата е вкалкулирана во субвенцијата за одржување на овошни насади со јаболка. Односно оваа година, финансиската поддршка за одржување на насади со јаболка се зголемува од 33.000 денари на 41.000 денари по хектар, а 20 отсто повисокa финансиска поддршка добиваат овоштарите со развоен потенцијал, поточно за оние овоштари кои имаат од 1 до 5 хектари поддршката расте од 39.600 на 50.000 денари по хектар. Дополнително сите овоштари од преспанскиот регион ќе добијат за 15 отсто повисока субвенција за подрачја со ограничени можности, или субвенцијата ќе биде зголемена од 50.000 на 57.500 денари по хектар.Преку новата Програма за рурален развој, односно преку мерката за предфинансирање на проекти за преработувачки капацитети, ќе се создадае можност за обезбедување на сигурен пласман на земјоделските производи вклучително и за јаболката и за решавање на вишокот на производи.Со цел да им се помогне на овоштарите од овој регион кои изминативе години беше најпогоден од временските непогоди, токму земјоделците од преспанскиот регион први ги добија парите за обештетување од временските непогоди. Владата кон крајот на април лани исплати 85 милиони денари за обештетување на 2.355 земјоделци во Ресен.

Македонија | пред 7 години

sugareski-mato

Министерот Сугарески се сретна со претставници на Македонско - турската стопанска комора- МАТТО

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески оствари работна средба со претставници на Македонско-Турската Стопанска комора -МАТТО.Во рамките на средбата се разговараше за инфраструктурните проекти во Република Северна Македонија и можноста за учество на турските стопанственици и инвеститори во нивна реализација.Министерот Сугарески пред присутните ја образложи инвестициската програма на Владата за реализација на проекти во патната, железничката и комуналната инфраструктура и ги повика стопанствениците да земат активно учество во изградба на капиталните објекти во земјата.Тој го потенцираше планот на Владата и Министерството за транспорт и врски за изградба и реконструкција на преку 700 километри патна мрежа како и изгрaдба на железничкиот Коридор 8 кон Република Бугарија.“Особено ми е драго што денеска се сретнав со турските инвеститори во земјава. Турската стопанска заедница во Република Северна Македонија е важен фактор во развој на економијата и тука гледаме заеднички интереси. Разговаравме за сите инфраструктурни проекти, за новата реформа во законите што ја регулираат градежната дејност и ги повикав сите заинтересирани да се вклучат во нивната реализација. Ни претстои период со големи инвестиции и се надевам дека дел од нив ќе пројават интерес да се вклучат во изградба на капиталните објекти”, истакна министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.На средбата се разговараше и за новиот Закон за урбанистичко планирање и новите решенија во Законот за градење.Министерот повика да се вклучат со свои забелешки за да се изготват квалитетни закони кои ќе имаат функционална примена во пракса. Министерот Сугарески се заблагодари на досегашната соработка со МАТТО и ја потенцираше потребата таквата соработка да продолжи со поголем интензитет и во следниот период.

Македонија | пред 7 години

grcija-mnr

Грчкото МНР ја појаснува правилната примена на Договорот од Преспа

Од 12 февруари официјалната употреба на името на северниот сосед е „Република Северна Македонија", краткото име „Северна Македонија", а придавките за државата и органите ќе биде „влада/министер на Република Северна Македонија или Северна Македонија", пишува во информативниот циркулар од грчкото МНР испратен до јавните служби со упатства и насоки за употребата на термините и правилно имплементирање на Договорот од Преспа, објави грчката новинска агенција АНА-МПА.Како што јавува дописничката на МИА од Атина, грчкото МНР потенцира дека новото име важи за сите употреби, за сите цели и во сите меѓународни и регионални организации, институции и форуми, но и во билатералната службена пошта. Во спротивно, доколку нема придржување до правилната употреба на името и термините, службената пошта, нема да биде примена и ќе се враќа назад до испраќачот.Во однос на документите, во циркуларот се објаснува дека новото име ќе фигурира во сите документи издадени по 12 февруари, а за време на преодниот период до издавањето на новите патни исправи, при влезот и излезот од земјата ќе се става печат според кој ќе се објаснува дека потекнуваат од Република Северна Македонија. За конкретната тема поврзана со патните документи, според АНА-МПА, надлежните грчки власти ќе дадат посебни упатства. Паралелно престанува да важи „Меморандумот за практични мерки" од Времената спогодба според кој на документите со старото уставно име грчките власти ставаа печат „од Грција е призната како ПЈРМ".За употребата на придавките за државата, владата, министрите и сл, во циркуларот, грчкото МНР објаснува дека правилно е да се користи: „Влада на Република Северна Македонија" или „Влада на Северна Македонија", „Министерот за надворешни работи на Северна Македонија", а не „македонска влада" или „македонски министер" и ова важи и за сите приватни субјекти финансирани од државата.За државјанството, правилната употреба е „македонско/граѓанин на Република Северна Македонија", додека пак за регистарските таблички кратенката ќе биде НМ или НМК, а за останатите кодови за земјата остануваат кратенките МК и МКД.За учество на грчки делегации на меѓународни средби за соседната земја потребна е официјална употреба на термините што произлегуваат од Договорот од Преспа, односно за претставниците од соседната земја треба да бидат заведени под термините „претставник/ функционер/ министер/ амбасадор на Република Северна Македонија".Во циркуларот, Министерството за надворешни работи на Грција, потенцира дека грчките делегации треба да бидат внимателни и веднаш да реагираат доколку забележат погрешна употреба од трета земја или организатор или дека нема правилна употреба на името и терминологијата согласно договорот.Во спротивно, според циркуларот, како што објави АНА-МПА, „секоја грчка делегација што учествува на меѓународна средба не треба да потпише или да одобри текстови кога во нив има погрешно споменување на името и на терминологијата врз основа на договорот".Минатата седмица, грчки дипломатски извори за МИА најавија дека Министерството за надворешни работи на Грција, во следните денови ќе испрати циркулар до јавната администрација со кој ќе ги информира за промената на името во Северна Македонија.извор: МИА

Македонија | пред 7 години

mvr1

МВР: За 24 часа во Скопје, 151 мандатен платен налог и 106 возила подигнати со пајак

Во текот на изминатиот ден на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје по преземени мерки и активности констатирано е дека 58 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 16 возачи од кои: еден возач затоа што управувал возило под дејство на алкохол и 15 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило. Исто така исклучени од сообраќај се и 19 возила бидејќи 13 биле нерегистрирани и шест возила биле технички неисправни.Санкциониран е еден возач поради поминување на крстосница на црвено светло, пет возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, седум поради неправилно престројување, тројца поради неправилно престигнување, двајца возачи поради недавање првенство на минување на возила во зона на крстосница, еден поради непоседување пропишана зимска опрема, 24 поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 27 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило.Во однос на пешаците санкционирани се тројца пешаци поради поминување коловоз вон пешачки премин и еден пешак поради поминување коловоз на црвено светло. Во текот на изминатиот ден издадени се 151 мандатен платен налог и 106 возила се подигнати со специјално возило пајак.

Скопје | пред 7 години

marihuana2

Полицијата во „Ауди“ со струмички регистерски ознаки пронајденa е марихуана

На 20.02.2019 година во 16.00 часот на регионален пат Радовиш –Плачковица од страна на полициски службеници од Надворешна канцеларија за криминалистички работи Радовиш при преглед на патничко моторно возило „Ауди“ со струмички регистерски ознаки пронајденa е марихуана, а во близина на возилото исто така е пронајдена марихуана. Во возилото биле лицата Ј.Р.(33) од село Василево, Б.М.(24), Ф.Д.(20), Б.Д.(27) и Р.И.(30), сите од Радовиш. Лицата се приведени во полициска станица, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

(ВИДЕО) Голем пожар во Бангладеш - загинаа над 70 лица

Во голем пожар кој изби во зграда во стариот дел на Дака, престолнината на Бангладеш загинаа најмалку 70 лица, јавуваат светските медиуми.Началникот на противпожарната служба во Бангладеш Али Ахмед изјави дека бројот на жртвите може да се зголеми уште повеќе.“Бројот на тела може да се зголеми. Преварувањата  продолжуваат “, изјави тој за АФП.Пожарот избил вчера вечер и се проширил кон поблиските згради, но пожарникарите се сомневаат дека причината би можела да биде краток спој.

Свет | пред 7 години

sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: Системот "Една точка за услуги" обезбедува услуги од 10 институции на едно место, градиме систем на отворени и услужни институции

Владата предводена од СДСМ останува посветена на реформите во јавната дминистрација што обезбедуваат отворени и услужни институции коишто работат во интерес на граѓаните.Во таа насока е и отворањето на центарот „Една точка за услуги“ каде што за граѓаните ќе бидат достапни повеќе елетронски услуги и информаци на едно место. Во новоотвроениот центар во Скопје граѓаните ќе можат да добиваат информации и услуги од Министерството за внатрешни работи,, Министерство за транспорт и врски, Министерство за труд и социјална политика, Управата за водење на матични книги, Агенција за катастар на недвижности, Агенцијата за вработување, Управата за јавни приходи, Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, Фондот за здравствено осигурување и Централниот регистар.На овој начин значително ќе се намали времето на чекање на граѓаните и се подобрува ефикасноста на институциите. По гСкопје, предвидено е отворање на валви центри и во другите градови во државата.Системот „Една точка за услуги“ е дел од процесот на градење сервисен систем на јавни услуги и ефикасна јавна администрација, која во центарот на своето внимание ги има потребите на граѓаните и работи исклучиво во нивен интерес, стои во соопштението од СДСМ.

Македонија | пред 7 години

albanija-111

Масовни протести во Албанија - одложен седницта на Албанскиот парламент

Во Албанија се подготвува масовен протест на опозицијата, при што се очекува обид за насилно влегување во изградбата на законодавниот дом. Токму поради овие најави претседателот на албанскиот Парламент Грамоз Ручи ја одложи пленарната седница закажана за денеска.Помеѓу 1 000 и 1 200 полицајци ќе бидат распоредени околу зградата на парламентот и владата во центарот на Тирана за да се спречи насилството за време на протестот, објавија албанските медиуми.Инаку вчера опозициските пратеници се откажаа од мандатите. Според претседателот на албанскиот Парламент Ручи таа одлука „политичко самоубиство“ и и нанесува штета на државата.

Свет | пред 7 години

sead-kocan

Апелација денеска ќе одлучува за затворот на Кочан и Авировиќ

Апелациониот суд денеска на јавна седница ќе одлучува за затворските казни на бизнисменот Сеад Кочан и управителот на фирмата ,,Силекс неметали”, Василије Авировиќ во предметот ,,Труст” на СЈО.Со првостепената пресуда од Кривичен суд на шест години затвор е осуден Сеад Кочан, а на три Василије Авировиќ, син на пратеничката Владанка Авировиќ.Третиот обвинет во „Труст“ Сафет Ватиќ, пак, тогаш доби ослободителна пресуда.Бизнисменот Сеад Кочан, сопственик на „Трансмет” беше осуден на шест години затвор и забрана за вршење на дејност во траење од три години. Тој се товари дека со лажни документи учествувал и добил тендери за ископ на јаглен и јаловина во РЕК „Битола“ на АД ЕЛЕМ со што се здобил со имотна корист од 17 милиони евра.За истото кривично дело на три години затвор и забрана за вршење на дејност во траење од три години беше осуден синот на пратеничката Владанка Авировиќ, Василије.

пред 7 години

27-april

30 дневен притвор за Спире Ристовски и Миле Јанакиески,Трајко Велјаноски има пратенички имунитет

Поранешниот министер за образование Спиро Ристовски и поранешниот министер за транспорт Миле Јанакиески добија по 30 дневен притвор , откако ги дадоа своите искази во Кривичниот суд.Мерката притвор, како што вечерва изјави адвокатот Еленко Миланов, им е определена заради опасност од бегство и влијание врз истрагата.Миланов најави дека ќе поднесе жалба, особено за притворот на Јанакиески.Покрај Јанакиески и Ристовски денеска во Кривичниот суд беше и поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски, кој кратко потоа си замина, повикувајќи се на пратеничкиот имунитет. Како недостапени, а осомничени се водат поранешниот премиер Никола Груевски и поранешниот вработен во УБК, Никола Бошкоски.Освен овие тројца, Обвинителството гони уште две лица како организатори на настаните од 27 април.

пред 7 години

vreme-21.02

Денеска сончево, од утре дожд

Времето денеска сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец.За утре пак метеоролозите најавуваат променливо облачно време со локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува умерен северен ветер, кој во текот на ноќта ќе се засили.Минимална температура: -4°C до 2°СМаксимална температура: 8°C до 14°C

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Сообраќајот се одвива по претежно суви коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони

Македонија | пред 7 години

27-april

Под истрага организаторите на настаните во Собранието на Република Македонија

По спроведена сеопсежна предистражна постапка, надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против пет лица за кои постои основано сомневање дека сториле кривично дело – Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, предвидено и казниво по член 313 од Кривичниот законик.Наодите од предистражната постапка укажуваат дека осомничените на почетокот на 2017 година подготвиле и реализирале план со намера да оневозможат мирно примопредавање на власта. За таа цел ги организирале и материјално ги подржале масовните протести, најпрвин пред Државната изборна комисија, а потоа и протестите на движењето „За заедничка Македонија“ кои кулминираа со насилното влегување во Собранието на Република Македонија на 27 април 2017 година. Осомничените како организатори ја вклучиле севкупната партиска структура и материјални средства за исполнување на целта и овозможиле континуирано намалување на бројот на полициски службеници за обезбедување на протестите.Со намера да го загрозат уставниот поредок и безбедноста, критичниот ден организирале непречено влегување на народните маси во законодавниот дом, вклучиле патриотски здруженија и ангажирале лица за извршување на насилство. Воедно од седиштето на политичка партија континуирано го мобилизирале членството на партијата од Скопје и другите градови. Во исто време, еден од осомничените со возило, сопственост на Управата за безбедност и котраразузнавање, донел огнено оружје и панцирни елеци пред Собранието на Република Македонија што биле наменети за лица што протестираат и имаат искуство во ракување со оружје. Со овие активности осомничените предизвикале чувство на несигурност, загрозување и страв кај граѓаните.Ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежниот јавен обвинител до Судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 – Скопје достави Предлог за определување мерка притвор за осомничените

Македонија | пред 7 години

mickoski

Мицкоски до Заев: Сети се на Чаушеску и Милошевиќ, и тие мислеа дека се недопирливи

Денес станаа јасни две работи. Првата е дека СДСМ предводена од деспотот Заев е во слободен пад и токму поради штетните политики нивниот рејтинг е во слободен пад, изјави Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција.„Им следува крај и тежок пораз на претседателските и на предвремените парламентарни избори. Тие се свесни дека народот не ги поддржува. Свесни се дека паѓаат и дека губат и затоа одат на внесување на страв во општесвото и на нова тура политички прогон. Деспотот Заев го гледа својот крај, затоа апси врз основа на изјави на сомнителни лица без докази, на рекла казала муабет.Овие луѓе не се виновни, народот е разбуден и не се плаши. Зав запамети дека народот не ти се плаши. Ова што го правиш е лудило, ти отчукува часовникот, и да знаш Заев, готов си нема бегање. Апси, можеш и да нарачуваш убиства, нема да ти се исплашиме и ќе те поразиме.СДСМ знае дека паѓа и сакаат да внесат страв, да го деморализираат ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните. Тие сакаат да се збори за пртвори, апсења изживувања, за да не се збори за вакцините, за здравството на Филипче кое убива, за Кочо и Тевдовски кои го осиромашија народот, за очајните земјоделци и злажаните пензионери. Готов си и за тебе крајот ќе биде жесток.Втората работа која денес стана јасна е фактот дека единствено решение за да стави крај на ова деспотство е жескоко да го поразиме СДСМ на претседателските избори.Деспотот Заев сака да изпорвоцира реакција од нас, од ВМРО-ДПМНЕ од народот и граѓаните на Македонија. Реакција која значи да се откажеме од претсдателските избори за да избегне пораз.Знаеме дека овде не е проблемот ниту Спире, ниту Трајко, ниту Миле или пак Никола. Овде е проблемот Заев.Овде деспотот Заев си игра со судбини на луѓе уценувајќи ги. Овде нема добитници ниту поразени. Со ваква Кацарска судсво и Русковска обвинителство овде нема правда нит пак правдина.Решението до правда е едно, победа на претседателски и потоа на неминовните предвремени парланментарни избори.Ајде Заев нема бегање од поразот кој ти следи. Македонија на нозе и ќе ти врати за сите недела кои и ги направи. Притискај, апси, нарачувај убиства, вработувај роднини, но сепак спас ти нема, ќе те поразиме.За ова што го правиш еден ден, ќе одгвараш и ти твоите соработници. Се ќе се преиспита и ќе стане јасно. Многу високо си летнат, отсутен си од реалноста, ама драматично ќе паднеш.Сети се на Чаушеску и Милошевиќ, и тие мислеа дека се недопирливи, но знаеш како завршија“, изјави Мицкоски.

Македонија | пред 7 години

pedofil

Родители внимавајте, мајка од Влае предупредува како маж ги терал децата да заминат со него

Мајка од Влае била сведок на страшна глетка. Во паркот каде си играле повеќе дечиња, се појавил маж кој, според нејзината објава, ги терал децата да заминат со него, објави Инфомакс.мк.Според неа, младиот човек кој шетал куче кога влегол во паркот, приоѓал на повеќе деца и започнувал разговор со нив..Од МВР посочуваат дека лицето е веќе пpиведено. Станува збор за лице со психички проблеми.По добиена пpијава лицето е пpиведено и извршен е разговор со него. Утврдено е дека станува збор за лице со психички проблеми. Известена е соодветна здравствена институција и јавен oбвинитeл, стои во одговорот од МВР.извор: Инфомакс.мк.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Велјаноски: „10 години сум бил претседател на Собрание, и јас да бидам организатор? Срамота“

„10 години сум бил претседател на Собрание, и јас да бидам организатор? Срамота“, кусо истакна Трајко Велјаноски по излегувањето од судот.Велјаноски инаку поранешниот претседател на Собранието предмалку излезе од зградата на судот по краткиот распит откако попладнево беше приведен како осомничен за организирање на настаните од 27 април во Собранието.Вељановски е актуелен пратеник и има пратенички имунитет, па за да се спроведе распит и потоа да има одлука дали ќе заврши во притвор или не, пратениците во Собранието треба да му го одземат имунитетот.Инку Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва во 20:30 часот ќе одржи прес конференција по повод последните случувања со апсењата на Трајко Вељаноски, Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ. Тие тројца, заедно со уште двајца кои се во бегство, се осомничени за организирање на упадот и насилството во Собранието на 27 април.

пред 7 години

clipboard01-620x350-1

По приведувањето на Вељаноски, Ристовски и Јанакиески вечерва пресс конференција во ВМРО ДПМНЕ

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ ќе одржи пресс конференција во 20:30 мин. Тема приведувањето приведувањето на пет лица кои се сонничат како организатори на крвавиот упад во Собранието на 27 април 2017.

Македонија | пред 7 години

premier-srbija

Партнерката на премиерката на Србија родила син

Премиерката на Србија Ана Брнабиќ и нејзината партнерка Милица Ѓурѓиќ, добијa син. Ѓурѓиќ денеска се породила во Белград, ексклузивно дознава Блиц.ср.-Милица роди момче, а пороѓајот помина во најдобар ред, за Блиц кажале од кабинетот на премиерката.Блиц уште објаави дека момчето ќе се вика Игор.

Свет | пред 7 години

Sveti-Kliment

Македонско-бугарска експертска комисија препорачува заедничка прослава на Свети Наум, цар Самуил и Свети Климент

Членовите на мешовитата македонско-бугарска експертска комисија се усогласија за заеднико чевствување на Свети Климент Охридски, Свети Наум Охридски и на цар Самоил."Заедничка се усогласивме во однос на чевствување на три личности од средновековите. Тоа се Свети Климент Охридски , свети Наум Охридски и цар Самоил. Околу овие три личности ние постигнавме согласност и до Владите ќе испратиме препорки со кои ќе им предложиме овие личности во иднина на значајни годишнини и јубилеи заедно да бидат прославувани од двете држави"изјави Директорот на Институтот за национална историја, професорот Драги Ѓоргиев .Остануваат уште отворени прашања на понатамошните средби од комисијата највија дека ќе се разговара за Гоце Делчев и Илинденското востание и други личности.Ова е договорот по дводневниот состанок во Скопје на Македонско-бугарската комисија за историски и образовни прашања која продолжува да работи и на таканаречените спорните точки во учебниците по историја во двете земји.Преставникот од бугарска страна Ангел Димитрив напомена дека денеска покрај постигнувањето договор за средновековната историја се случи и ратификацијата на договопрот од Преспа во буграскиот парламент.

Македонија | пред 7 години

ojo-1

Обвинителство се огласи за притворите на пет лица за настаните од 27 ми април

По спроведена сеопсежна предистражна постапка, надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против пет лица за кои постои основано сомневање дека сториле кривично дело – Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, предвидено и казниво по член 313 од Кривичниот законик.Наодите од предистражната постапка укажуваат дека осомничените на почетокот на 2017 година подготвиле и реализирале план со намера да оневозможат мирно примопредавање на власта. За таа цел ги организирале и материјално ги подржале масовните протести, најпрвин пред Државната изборна комисија, а потоа и протестите на движењето „За заедничка Македонија“ кои кулминираа со насилното влегување во Собранието на Република Македонија на 27 април 2017 година. Осомничените како организатори ја вклучиле севкупната партиска структура и материјални средства за исполнување на целта и овозможиле континуирано намалување на бројот на полициски службеници за обезбедување на протестите.Со намера да го загрозат уставниот поредок и безбедноста, критичниот ден организирале непречено влегување на народните маси во законодавниот дом, вклучиле патриотски здруженија и ангажирале лица за извршување на насилство. Воедно од седиштето на политичка партија континуирано го мобилизирале членството на партијата од Скопје и другите градови. Во исто време, еден од осомничените со возило, сопственост на Управата за безбедност и котраразузнавање, донел огнено оружје и панцирни елеци пред Собранието на Република Македонија што биле наменети за лица што протестираат и имаат искуство во ракување со оружје. Со овие активности осомничените предизвикале чувство на несигурност, загрозување и страв кај граѓаните.Ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежниот јавен обвинител до Судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 – Скопје достави Предлог за определување мерка притвор за осомничените.

пред 7 години

Veljanovski-2-copy

Приведен Трајко Вељановски за настаните од 27 април

Поранешиот спикер Трајко Вељановски е приведен потврдуваат од Обвинителството. Вељановски беше осомничен како организатор на настаните од 27 април.Сепак тој вечерва не може да биде ставен во притвор бидејќи засега го штити пратеничкиот имунитет.На Вељановски во обвинителството ќе му се презентира што му се става на товар

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања