Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Скопје1.мк

mapa

Фридом хаус: Македонија делумно слободна земја

Македонија и натаму се наоѓа во групата делумно слободни земји според најновиот извештај на Фридом хаус „Слободата во светот 2019“. Земјава и оваа година останува со вкупен рејтинг од 3,5, на скала каде 1 е најслободно, а 7 е најнеслободно општество.Во оваа група од регионот уште се наоѓаат Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Србија. Србија падна од групата слободни во делумно слободни земји поради изборните нерегуларности.Унгарија исто така падна од групата слободни во делумно слободни поради постојаните напади врз демократските институции на земјата од страна на партијата Фидес на премиерот Виктор Орбан, влијаејќи врз медиумите, верските групи, академијата, невладините организации, судовите и приватниот сектор.Во групата слободни земји од регионот се Бугарија, Хрватска и Романија. Од 195 земји, 86 или 44 насто се оценети за слободни, 59 или 30 насто за делумно слободни и 50 или 26 насто за неслободни земји.

Македонија | пред 7 години

istraga-rusija

(ВИДЕО) По 60 години, Русија повторно отвора истрага за студентите кои загинаа на Урал

Русија повторно отвора истрага за студентите кои пред 60 години загинаа на Урал. Несреќата се случила во 1959 година кога група од десет студенти, осум момчиња и две девојки, тргнале на кампување на Урал, Русија.Тие за 16 дена требало да поминат 300 километри.Еден од нив се разболел и се вратил дома. Останатите продолжиле, а целта им била да се искачат на Отортен, еден од најопасните врвови на Урал. Експедицијата ја предводел Игор Дјатлов.По една недела од експедицијата, никој од останатите девет членови не се јавил на семејствата и тогаш почнала потрагата. По исчезнатите трагале припадници на полицијата и војската. По шест дена, петмина планинари биле пронајдени во шума, а по останатите четворица се трагало уште два месеца. Нивните повреди биле стравични. Некои од нив ги изгубиле очите, устите и голем дел од лицата.

Свет | пред 7 години

mobilen-servis-3

Филипче: Ќе се менува системот на греење во повеќе јавни здравствени установи

Министерот за здравство Венко Филипче истакна дека уште во текот на минатата година преземени се одредени чекори за промена на системот на греење во повеќе јавни здравствени установи.Според првиот човек на минисртвото за здравство проектите се готови, влегле во планот за јавни набавки и ќе почнат да се реализираат според приоритет и тоа Специјалната болница по гинекологија и акушество „Мајка Тереза“ во Чаир, па општите болници во Куманово и Струмица.– Се надевам дека толку колку што трае тендерската постапка и сите законски рокови ќе поминат без никаков проблем и за скоро време, веќе за следната грејна сезона сите овие објекти ќе бидат подготвени да се грејат на гас, истакн министерот Филипче.

Македонија | пред 7 години

sekerinska-krsticevik

Шекеринска по средбата со Крстичевиќ изрази очекување Хрватска многу брзо да гја поддржи ратификација членството на Македонија во Алијансата

Хрватскиот заменик-премиер и министер за одбрана Дамир Крстичевиќ, кој престојува во посета на земјава, како историски успех за Македонија го означи утрешното потпишување на Протколот за пристапување во НАТО од страна на земјите членки во Брисел.Тој  кажа дека  Хрватска ќе продолжи да ја поддржува земјата на европскиот и евроатлантскиот пат со пружање на сето хрватско знаење и искуство.– Хрватска и Македонија се пријателски земји, имаат извонредна одбранбена соработка, земјите се заедно во А5-иницијативата во рамките на која имаат извонредна соработка и заеднички подготовки на нашите војници за учество во мировни мисии, изјави Крстичевиќ.Министерката Шекеринска истакна дека Крстичевиќ доаѓа во вистински момент  поточно пред  утрешното потпишување хрватскиот министер за одбрана доаѓа во посета на Македонија.– Колегата Крстичевиќ има одличен тајминг. Пред една и пол година првпат се сретнавме за да им честитаме на нашите црногорски колеги за членство во НАТО и тогаш и од него и од другите министри за одбрана во регионот ја добив истата порака дека ја очекуваат Македонија како следна. Но, пред една и пол година беше тешко да се биде оптимист. Имаше премногу причини да сметаме дека по една изгубена декада работите ќе одат тешко, рече Шекеринска и додаде дека Хрватска во тој период и дала голема поддршка на Македонија и во воена и во политичка смисла.Шекеринска по средбата рече дека очекува Хрватска многу брзо да ја  поддржи ратификација за членството на Македонија во Алијансата.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Во едно деноноќие прегледани 14 пациенти со симптоми на морбили, една пациентка хоспитализирана на инфективна клиника

Министерството за здравство известува дека вчера се прегледани 14 пациенти со симптоми на морбили. По извршениот преглед од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби информираат дека хоспитализирана е само една пациентка (39) од Гостивар, додека останатите 13 пациенти се пуштени на домашно лекување поради полесната клиничка слика на морбили.Од нив 6 се деца на возраст од 1 до 2 години, невакцинирани, а останатите 7 се возрасни од 21 до 38 години. Во моментот, на Инфективна клиника се хоспитализирани 22 пациенти со морбили и сите се во стабилна здравствена состојба.Министерството за здравство уште еднаш апелира до граѓаните да се вакцинираат со МРП вакцина, особено децата кои немаат примено ниту една доза од вакцината.Досега се вакцинирани повеќе од 5.600 лица. Станува збор за висок процент на лица, кои сериозно ги сфатиле препораките на Министерството за сериозноста на заболувањето, важноста за висок колективен имунитет со што се заштитени и лицата, кои од одредени медицински оправдани причини не можат да ја примат вакцината, особено бебињата и пациентите со висок здравствен ризик.Родителите кои ќе забележат или ќе се посомневаат на првите знаци на болеста, децата да не ги носат во Клиниката, туку кај матичните лекари, како и во дежурните пунктови во поликлиниките „Јане Сандански“, „Бит- пазар“ и „Букурешт“, кои работат 24 часа и вршат комплетни прегледи со лабораторија, а доколку е потребно ќе се упатуваат на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби.Најголем број заболени од морбили се деца, затоа останува на сила забраната за посета на градинките од деца, кои не се вакцинирани со МРП вакцината. Задолжително сите деца од училишна возраст да се вакцинираат, ако не се вакцинирани или примиле само една доза од вакцината МРП, сите здравствени работници што од кои било причини не се вакцинирани или не се сигурни во својот вакцинален статус да се вакцинираат, да се намали фреквенцијата на пациенти на Клиниката за детски болести, поради опасност од ширење на оваа многу сериозна болест. Болеста, од заразено лице на друго лице може да се пренесе со кашлање, кивање и по капков пат.Заради овие причини Министерството за здравство уште еднаш напоменува дека станува збор за многу сериозно заболување кое понекогаш, за жал, покрај здравствени компликации може да заврши со смртен исход.

Македонија | пред 7 години

mobilen-servis-1

Мобилен сервис за грижа во домашни услови - приближување на здравствените услуги до граѓаните

Министерот за здравство Венко Филипче, министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, австрискиот аташе за труд, социјална политика, здравство и заштита на потрошувачите во Република Македонија, г-дин Харалд Фугер, денеска се обратија на настан во организација на Европскиот центар за социјална политика и истражување, посветен на потребата од развивање интегрирани услуги за здравствена и долгорочна нега.„Со цел обезбедување квалитетни здравствени услуги, достапни подеднакво за сите, Министерството за здравство во соработка со Министерството за труд и социјална политика реализира посебен пилот проект, мобилен сервис за грижа во домашни услови. Овој начин и метод ќе овозможи побрза и поефективна здравствена услуга за сите граѓани, а токму тоа е нашата примарна цел како министерство“, истакна министерот Филипче.Проектот се спроведува со поддршка од Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП), Општина Кочани, Општата болница со проширена дејност во Кочани, матичните лекари, специјалисти по семејна медицина и Центарот за социјална работа во Кочани. Сервисот веќе успешно функционира во Кочани, а од неодамна и во Ресен.Во мобилниот сервис се вклучени два тима, составени од по 2 медицински сестри и по 1 социјален работник, кои на дневна основа посетуваат одреден број домаќинства во Кочани и руралните заедници, со цел основна здравствена и социјална грижа во домашни услови. Со оваа услуга се опфаќаат лица, кои живеат со социјален ризик, приматели на социјална парична и постојана парична помош, од рурални средини, постари лица, како и лица со хронични болести и коморбидитети. За првпат во медицинскиот тим се вклучува и социјален работник чија задача е да препознае евентуални социјални ризици во семејствата и понатамошно поврзување со системот на социјална заштита. Досега се опфатени 678 лица од 22 села во реонот на Кочани.„На овој начин овозможуваме приближување на здравствените услуги поблиску до граѓаните, со цел рано откривање хронични болести, намалување на бројот на хоспитализации и здравствени компликации, како и подобрување на достапноста и квалитетот на здравствена грижа. Воведовме и новини, како вклучувањето на социјален работник со што нашата грижа и потребата од интервенција ја прошируваме и во социјалниот сегмент заедно со Министерството за труд и социјална политика“, потенцираше министерот.Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска изјави дека во најголем број случаи здравствените и социјалните ризици се испреплетуваат. Затоа здравствено социјалните сервиси се добар начин преку услуга во домот да се откријат здравствените и социјалните ризици.„Ваков сервис веќе постои во Кочани, а исти се отвораат и во Битола и Ресен, а интенцијата е истиот систем да профункционира и на национално ниво, за што се дава и законска можност со пакетот закони за социјална заштита кои очекувам пратениците наскоро да ги изгласаат со национален консензус“, потенцираше министерката Царовска.Ова е еден практичен пример за интегрирани услуги за обезбедување здравствена нега за лица, кои се во социјален ризик, кој во претстојниот период ќе биде надграден и проширен и во другите региони на државата, како и во другите сегменти на здравствената заштита.Министерот Филипче упати благодарност до австриското министерство и Европскиот центар за социјална политика и истражување за досегашната успешна соработка, која се очекува да продолжи и во иднина со верување дека со нивната експертска помош заеднички ќе се реализираат нови проекти и иницијативи за интегрирани услуги од повеќе сектори.

Македонија | пред 7 години

nbrm-narodna-banka

Втора фаза од ССА: Правните и физичките лица можат да вложуваат во недвижности и во хартии од вредност во странство

Правните и физичките лица можат да вложуваат во недвижности и хартии од вредност во странство со преминувањето на земјата во втората фаза од Спогодбата за стабилизација и асоцијација (ССА).Преминот кон втората фаза од ССА овозможува не само поголеми инвестициски можности за физичките и правните лица, туку и поголем степен на интеграција на домашниот финансиски пазар со меѓународните финансиски пазари. Исто така, се олеснува издавањето и регистрирањето странски хартии од вредност во земјава, како и на домашни хартии од вредност во странство.Инвестирањето на странските финансиски пазари треба да се темели врз бројни информации врз кои се засноваат очекувањата на економските субјекти во кои се планира инвестирањето. Затоа се претпоставува дека резидентите, а особено физичките лица што ќе се одлучат да инвестираат во странство, се добро информирани за потенцијалните ефекти од нивните одлуки, дека имаат формирано јасни очекувања за приносите и степенот на ризичност, како и дека се запознаени со своите даночни обврски.Резидентите треба да ги имаат предвид и да ги почитуваат обврските што произлегуваат од Законот за девизно работење кои се однесуваат за регистрирањето и известувањето за трансакциите. Забраната за отворање сметки на правни и физички лица во странски банки и натаму останува во примена, освен во случаите предвидени со Одлуката за начинот и условите под кои резидентите коишто не се овластени банки, можат да отвораат и да имаат сметки во странство.Со потпишување на ССА, нашата земја се обврза на почитување на едно од основните начела врз кои се заснова единствениот пазар на Европската Унија – слободното движење на капиталот, што подразбира целосно, но фазно либерализирање на тековите од капиталната и финансиската сметка. Најголем дел од капиталните трансакции, како што се кредитните работи, странските директни инвестиции, вложувањата на нерезиденти во хартии од вредност и во недвижности, и претходно беа либерализирани. Пристапувањето кон втората фаза од ССА значи натамошна либерализација на капиталните текови.На 25 јануари 2019 година стапи во сила „Одлуката за премин во втората фаза на асоцијација меѓу Република Македонија и Европската заедница и нејзините земји членки“ („Службен весник на Република Македонија“ бр. 17 од 25 јануари 2019). Со оваа новина, согласно со Спогодбата за стабилизација и асоцијација, престануваат да важат одредбите на член 11 став 1, член 13 став 2, член 14 ставови 4, 5, 6 и 7 и член 15 став 3 од Законот за девизно работење со кои досега се ограничуваа инвестициските можности на домашните физички и правни лица во странство.Истовремено, Советот на Народната банка на Република Македонија, на 31 јануари годинава ја донесе Одлуката за престанување на важењето на Одлуката за условите што треба да ги исполнуваат хартиите од вредност во странство во кои може да вложува овластена банка. Донесувањето на оваа одлука има за цел натамошно либерализирање на тековите од капиталната и финансиската сметка.

Македонија | пред 7 години

n1-srbija-1

Смртни закани за новинари од Н1 Телевизија од Србија

Вработени во Српската Н1 Телевизија добиле писмо со смртни закани кон нив и нивните семејства поради тоа што, како што наведуа телевизијата, известуваат за протестите во Србија. Писмото исто така содржело закана дека зградата на телевизијата ќе биде крената во воздух. Н1 соопшти дека заканите се пријавени во полиција.Испраќачот се потпишал како Белградски ветерани од војните во 1999 година, а во писмото, покрај заканите, имало и членска карта од Сојузот на воени ветерани на Србија.Претседателот на здружението Жељко Вукелиќ за Н1 изјави дека тие не стојат зад испратените пораки и дека сакаат полицијата да го истражи целиот случај.

Свет | пред 7 години

pozar-pariz-1

(ВИДЕО) Пожар во Париз, загинаа 8 лица

Во пожар во кој избувна во станбена зграда во југозападниот дел на Париз, загинаа седум лица а беа повредени 27, од кои неколкумина во животна опасност. Инцидентот се случил ноќеска по полноќ на 8 катната зграда.Билансот на жртвите во огнената стихија може да биде поголем, имајќи предвид дека огнот се уште не е изгаснат на седмиот и осмиот кат од зградата, која се наоѓа во југозападниот дел од Париз.Пожарникарите спасиле триесетина лица, кои побегнале на покривот од зградата. Евакуирани се и соседните згради.Ројтерс објави дека постои сомневање дека пожарот е подметнат и за време на истрагата е притворена една жена на возраст од 40 години, за која се знаело дека има проблеми со менталното здравје.Пожарот избувнал околу еден часот по полноќ, по што интервенирале околу 200 пожарникари.

Свет | пред 7 години

nafta

Цената на нафтата руши рекорди

Цените на нафтата во понеделникот на меѓународните пазари го достигнаа највисокото ниво во последните два месеца.На лондонскиот пазар цената на барелот порасна за 66 центи во однос на претходното затворање на тргувањето во петокот, на 63,41 долар, а во текот на претпладневното тргување ја достигна и највисоката цена од 7-ми декември од 63,63 долари.На американскиот пазар, пак, со барелот околу пладне по средноевропско време се тргуваше по 33 центи повисока цена, од 55,59 долари, а во текот на претпладнетно барелот достигна и највисоко ниво од почетокот на 2019 година од 55,79 долари.„Воведени се санкции на Венецуела, покрај веќе намалените понуди од Саудиска Арабија. На пазарите на сирова нафта повеќе нема никакви траги од презаситеност“, вели за Reuters Оливие Жакоб од „Petromatrix“.

Свет | пред 7 години

vlada

Владата денеска ќе ја одржи својата редовна 118-та седница

Владата на Република Македонија денеска ќе ја одржи својата редовна 118-та седница со повеќе точки на дневен ред од Програмата за работа на Владата на РМ за 2019 и од интерес на граѓаните.На денешната седница владата ќе ја разгледа информацијата за Годишна програма за работа со Финансиски план за 2019 година на Фондот за иновации и технолошки развој.На предлог на Министерството за финансии за денешната седница се предвидени и точките Предлог-закон за вршење на сметководствени работи, Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за ревизија, и Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за јавен долг.Министрите во Владата на РМ на денешната седница ќе го разгледаат и Предлог-законот за тутун, производи од тутун и сродни производи, како и Предлог-програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2019 година.Министерството за економија за оваа седница, меѓу другите, ги предложи на разгледување и одобрување Предлог-уредбата за мерките за поддршка на производство на електрична енергија од обновливи извори на енергија и Предлог-програмата за финансиска поддршка за производство на електрична енергија од повластени производители кои користат премија за 2019 година.Од ова министерство за денешната седница на Владата се предлага и точката Информација за предлог модел за развој на системи за дистрибуција на природен гас во Република Македонија.На оваа своја 118-та седница, Владата на РМ ќе ја разгледа и Информацијата за потреба од донесување на Национална програма за железничка инфраструктура за период од 2019 до 2021 година.На предлог на Министерство за животна средина и просторно планирање за денешната седница ќе биде разгледан Предлогот за покренување на постапка за ратификација на Амандманот од Доха кон Протоколот од Кјото на Рамковната Конвенција на ООН за климатски промени.Генералниот секретаријат на Владата на РМ на денешната седница ќе ја презентира Информацијата за започнување постапка за доделување на договор за јавно приватно партнерство преку формирање на современа модерна организација-платформа како ефикасен носител на хеликоптерскиот итен медицински систем на Република Македонија (HEMOS) и хеликоптерските услуги за пребарување и спасување (SAR).Министерството за одбрана на дневен ред ја стави точката Информација за потребата од потпишување на Договор за користење на софтвер за воздушно набљудување (MASE) меѓу Република Македонија и Агенцијата на НАТО за комуникации и информации.Министерството за труд и социјална политика ќе ја презентира Предлог-програмата за дополнување на Програмата за изградба, опремување и одржување на објекти за детска заштита за 2019 година.На денешната седница на Владата ќе се разгледа и Предлог-одлуката за формирање на Меѓуресорска работна група за извршување на Конечната спогодба меѓу Република Македонија и Република Грција.

Скопје | пред 7 години

izgubena-zena-1

Пронајдена изгубената жена која боледува од Алцхајмерова болест

Ја најдовме мајка ми, жива и здрава, пишува ќерката на Драгица која вчера попладне на социјалните мрежи испрати апел, ако некој ја види или ја забележи нејзината мајка која боледува од Алцхајмерова болест, да ја побара.Ќерката се заблагодарува на сите добри луѓе кои помогнале во потрагата по 70-годишната жена од Тафталиџе.

Скопје | пред 7 години

mvr1

Две сообраќајни несреќи има повредени

На 04.02.2019 година во 21.40 часот на булевар „1-ви Мај“ во Битола, В.Т.(43) од Битола, управувајќи патничко возило „Мерцедес“ со битолски регистарски ознаки, удрил во пешакот Е.Н.(27) од Битола. Од ударот Е.Н. се здобила со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинск помош била пренесена во Клиничката болница Битола. Увид на местото извршила екипа од СВР Битола.На 04.02.2019 година околу 05.30 часот на регионалниот пат Куманово-Свети Николе, Д.М.(41) од Кратово, управувајќи патничко возило „Даеву тико“ со кратовски регистарски ознаки, удрил во пешакот В.Д.(85) од Куманово. В.Д. се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Ургентен центар Куманово. Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Упсено лице кај кое е пронајден кокаин

Полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово-Нaдворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар, вчера ( 4 февруари ) околу 15 часот, го лишиле од слобода 26-годишниот Х.С. од гостиварското село Речане, кај кого бил пронајден кокаин. Во неговото возило „ауди А 4“, нешто подоцна пронајдени се предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од извршени кражби. Х.С. задржан е во Полициската станица Гостивар.

Македонија | пред 7 години

uapsen

На Граничен премин „Долно Блаце“ уапсено лице кое го бара Интерпол

На 04.02.2019 година во 16.00 часот на Граничен премин „Долно Блаце“ од слобода бил лишен М.Р.(63) од Косово затоа што при проверка било констатирано дека се наоѓа на листата со мерка „апси“ по барање на Интерпол. М.Р. е задржан во Полициската станица Кисела Вода.

Македонија | пред 7 години

maja-leukemija

Апел за помош од Маја Рековиќ!

Барајќи ДОНОР за да се ја победам леукемијата, сретнав луѓе, кои безусловно и несебично дојдоа да помогнат. Никогаш не помислив дека на ваков начин ќе барам помош..ама вашите 5ml крв (не е важна крвна група) од 18-59 години, можат да ми го спасат животот. Доколку можете да се организирате и да дојдете до Скопје, Институт за имунобиологија и хумана генетика (Државна болница) ќе ми дадете надеж дека ова сонце и мене ќе ме грее уште долго. ЛУЃЕ, МИ ТРЕБАТЕ! ДА ДООБЈАСНАМ… на Институтот се пријавувате дека сакате да станете донор… доколку сте соодветни, јас ќе знам…Стои во фејсбук статусот на оваа млада мајка!Барајќи ДОНОР за да се ја победам леукемијата, сретнав луѓе,кои безусловно и несебично дојдоа да помогнат..никогаш не…

Македонија | пред 7 години

Tamara-todevska

Тодевска: Дали ќе бидеме ФИРОМ или Северна Македонија воопшто не е важно, најважно е да бидеме забележани

-Дали ќе бидеме ФИРОМ или Северна Македонија воопшто не е важно, ние ќе бидеме Македонци таму и не е важно кое име ќе го носиме, мене ми е важно да бидеме забележани и да се зборува за нас – вели ТамараТодевска, годнешниот претставник за песна на Евровизија за Н1 телевизија.Инаку Македонија ќе настапи во второто полуфинале на Евровизија 2019 во Тел Авив. , Во тек се подготовките со повеќе автори за песните кои ќе бидат во конкуренција за претставничката композиција. Краен рок за предавање на нумерата со која ќе настапи Тамара Тодевска е 11-ти мај, но од МРТ најавуваат дека песната и спотот ќе бидат готови и промовирани во втората половина на февруари.

Магазин | пред 7 години

zemjotres

Земјотрес од 5,2 степена според Рихтер во Западна Грција

Земјотрес со интензитет од 5,2 степена според Рихтерова скала е регистриран рано изутринава во близина на градот Превеза во Западна Грција. Епицентарот на земјотресот се наоѓал во Јонското Море, 14 километри северозападно од Превеза.Земјотресот се случи во 4:26 часот по локално време.Засега нема информација за евентуални жртви или причинета материјална штета.Инаку вчера во Грција имаше земјотрес во близината на островот Закинтос.

Свет | пред 7 години

Novak-Dokovic-rio

Ѓоковиќ отвора ресторан за бездомници: Заработив доволно за да ја хранам цела Србија

Најдобриот српски тенисер во историјата уште еднаш покажа дека е многу повеќе од врвен спортист. Новак Ѓоковиќ планира да отвори ресторан за бездомници, се вели во изјавата објавена од неговата служба за печатот испратена до британските медиуми.„Парите не ми се проблем, заработив доволно за да ја нахранам целата Србија. Мислам дека тие заслужуваат вакво нешто, затоа што ме поддржуваа цело време“, се вели во соопштението.Засега не е познато каде ќе се наоѓа ресторанот, ниту како ќе функционира, но локацијата, најверојатно, ќе биде во Србија.Инаку, Ѓоковиќ веќе има два ресторана, еден во Белград, а другиот во Монте Карло, и во неколку наврати изјави дека сака да се занимава со угостителството и да готви, пишува Noizz.Тенисер е во пауза која ќе трае до следната сезона, а во оваа фаза од својот живот се посвети на семејството и зајакнувањето на менталната моќ.

пред 7 години

soobra-pred-resen-1

(ФОТО) Тешка сообраќајна несреќа на превојот Буково

Урово се случи тешка сообраќајна несреќа на планинскиот превој Буково. Учесници се две товарни моторни возила ден патнички автомобил.Возачот на автомобилот има лесни повреди и е пренесен во болницата Св Еразмо.Во моментов СВР е на терен, се откриваат причините за несреќата.Поради сообраќајната несреќа, сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента.

Македонија | пред 7 години

legalizacija-1-ok

Градоначалникот на Охрид ќе ги повлече точките за легализација од денешната седница, открил низа неправилности

Градоначалникот Констрантин Георгиески денеска ќе ги повлече точките за легализација на објекти во Љубаништа, Трпејца, Пештани, Кољско, Косел, Ливоишта, Лакочереј, Лескоец.Дознаваме дека градоначалнкикот во очи на седницата ја прочешлал целокупната документација за овие точки и открил бројни неправилности. Констатирано е дека службите направиле бројни малверзации како впишување на објекти за легализација на ливади, каде воопшто нема објект.Дали ова во опптината ќе отвори нов случај на злоупотреба на службената положба, како оној со земјотресите?Се наметнува прашањето, како службениците во општина Охрид со децениско искуство, успеваат да го манипулираат градоначалникот и државата? И дали се враќа ерата на корупција во советот бидејќи советниците го озаконуваат она што го работат службите?

Македонија | пред 7 години

tunel-soobrakajna-nesreka

Седум сообраќајки во Скопје, четворица полесно повредени

На подрачјето на Град Скопје изминатите 24 часа се случиле вкупно седум сообраќајни незгоди од кои во три полесно се повредени четири лица. Во четири сообраќајки е причинета материјална штета.Изминатото деноноќие санкционирани се 48 возачи кои возеле побрзо од дозволеното, а од сообраќај се исклучени и 22 возачи пред да се стекнат со правото на управување моторно возило и двајца возачи почетници. Исклучени се и шест нерегистриран возила.Сообраќајната полиција издала 81 казна за непрописно паркирање, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 66 возила.Според билтенот на СВР Скопје, евидентирани се и 28 возачи кои не носеле сигурносен појас и 13 возачи кои користеле мобилен телефон.Во текот на денешниот ден, Одделението за превенција ќе реализира посебна воспитна поука за граѓани кои како пешаци сториле разни прекршоци.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Минималната пензија од 900 евра

Во рамките на владејачката демохристијанска социјалдемократската коалиција на канцеларката Ангела Меркел деновиве се разви дискусија во врска со предлогот на социјалдемократите од воведување минимална пензија од 900 евра.„Мојата цел е да не ги зголемуваме пензиите за 20 евра бидејќи тоа нема никому да му помогне. Зголемувањето треба да биде многу повисоко“, рече министерот за труд Хубертус Хејл (од Социјалдемократската партија на Германија, СПД) во интервју за јавниот радиодифузен сервис АРД објаснувајќи го својот концепт за воведување минимална пензија.Хејл сака на ваковиот начин финансиски да им помогне на оние работници што целиот свој живот работеле за минимална плата и кои во моментот примаат пензија чиј износ е малку над 500 евра.Овие пензионери во моментот имаат право на финансиска помош во рамките на социјалната заштита, а износот зависи од висината на пензијата и местото на престој.За коалицискиот партнер на социјалдемократите, Демохристијанската унија ЦДУ/ЦСУ, предлогот на министерот за труд Хејл оди малку предалеку.„Ние и натаму се залагаме за добро насочена финансиска помош, а не за произволно зголемување на пензиите“, рече Петер Вајс, портпарол на парламентарната група за социјално политички прашања на Унијата ЦДУ/ЦСУ.Германската канцеларка, Ангела Меркел, реагира претпазливо на новиот предлог укажувајќи на коалицискиот договор во кој се одредува најнискиот износ на пензија, која ќе биде 10 отсто повисока во однос на т.н. социјален праг, а предлогот на Хејл практично значи зголемување од 20 проценти.

Свет | пред 7 години

izgubena-zena-1

Пронајдена е Драгица од Тафталиџе

Ја најдовме мајка ми, жива и здрава, пишува ќерката на Драгица која попладнево на социјалните мрежи испрати апел, ако некој ја види или ја забележи нејзината мајка која боледува од Алцхајмерова болест, да ја побара.Ќерката се заблагодарува на сите добри луѓе кои помогнале во потрагата по 70-годишната жена од Тафталиџе.

Скопје | пред 7 години

SJO

Врховен со сопна: Обвинителството ќе кажува кои предмети да ги води СЈО

„Жешката топка“ која Врховен како правно мислење му ја фрли на Кривичен суд  сега се префрла во обвинителството и во собранието дознава Телма.Кривичниот суд ќе бара од државниот обвинител Љубомир Јовески да се произнесе за тоа кое обвинителство треба да ги води предметите на СЈО, кои беа оспорени со мислењето на Врховниот суд но и ќе се бара автентично толкување од собранието на чл. 22 од законот за СЈО за кој највисокиот суд даде мислење, дека Јанева повеќе не е овластен тужител за да отвора истраги покренува обивненија, потврдуваат од судот за Телма.Ова се двата заклучоци донесени на попладневниот колегиум во Кривиечен на кој требаше да се изгради став по одлуката на Врховен.Според информациите на Телма, 30-тина  судии присуствувале дискутирале и ги кажале своите гледишта – Дел посочиле и дека не требало да чекаат врховен да пресече за ова прашање што долго време провејува во јавноста.Дали рокот на СЈО од 18 месеци е истечен ќе се чека одговор од собранието. Кривичен ќе бара од обвинителството да иницира автентично толкување на роковите, затоа што вакво толкување не може да бара основен суд. Овој чекор на судот може да се протолкува дека Кривичен не се убеден дали треба да го почитуваат мислењето на Врховен и бара законодавниот дом да го каже последниот збор. Државниот обвинител Јовески прв го кажа својот став дека Врховниот суд не бил надлежен да одлучува за ова прашање бидејки не станува збор за невоедначена пракса на судовите туку  толкување на закон што е надлежност на Собранието.Повеќе на Телма ТВ.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања