Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Скопје1.мк

zaev-dimitrov-cipras-kozijas

Северна Македонија ќе го потпише протоколот за пристапување во НАТО

НАТО денеска во седиштето во Брисел ќе го потпише протоколот за пристапување на Македонија во Алијансата, по ратификацијата на Преспанскиот договор во грчкиот парамент на крајот од минатиот месец. На состанокот ќе присуствуваат сите ополномоштени амбасадори на земјите-членки, а изјави ќе дадат генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг и министерот за надворешни работи, Никола Димитров.Со денешното потпишување во Брисел на протоколот за пристапување НАТО ги отвора вратите за членство на Македонија во Алијансата.„На 6 февруари ќе пишуваме историја: НАТО сојузниците ќе го потпишат протоколот за пристапување со идната Република Северна Македонија“, порача генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во саботата.Откако формално ќе биде потпишан протоколот за пристапување, ќе започне следната фаза од процесот на пристапување, по што ќе биде проследено со ратификација на протоколот во националните парламенти на земјите-членки на НАТО.Македонското Собрание минатиот месец ги усвои уставните измени за преименување на земјата во Северна Македонија. На 18 октомври, НАТО започна официјални разговори за пристап со Македонија. Македонија и Грција го потпишаа Преспанскиот договор за промена на името во јуни.

Македонија | пред 7 години

zaev-odgovornost

СДСМ: Македонија го добива своето место во НАТО, се остварува децениски национален интерес

Македонија денеска го добива своето место во НАТО. Седнуваме на своето столче, на масата во НАТО-Алијансата.Земјите членки на НАТО денеска го потпишуваат Протоколот за пристапување на Македонија во најмоќниот безбедносен сојуз во светот, соопшти СДСМ.Според партијата, станува збор за историски чин и историски успех за нашата земја и сите наши граѓани. ,,По години изолација, уназадување и неизвесност, Македонија седнува на иста маса со државите од демократскиот свет.Влегувањето на Македонија во НАТО значи гарантирана безбедност и стабилност, сигурност на нашите граници но носи и значителни економски придобивки за граѓаните, пораст на инвестициите, повеќе пари, зголемен економски раст.Потпишувањето на Протоколот е признание за напредокот во реформскиот процес, визионерството, решителноста, успехот во меѓународната политика, решавањето на отворените прашања и градењето пријателства со соседите и целиот демократскиот свет од страна на Владата предводена од СДСМ", се додава во соопштението.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Уапесени дилери на марихуана, додека бегале од полицијата фрлиле кесички со марихуана

На 04.02.2019 година околу 19.00 часот, полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово, преземајќи оперативни активности, во село Доброште, тетовско, забележале паркирано патничко моторно возило „Фиат“ со тетовски регистарски ознаки, во кое се наоѓале Н.М.(28) и А.И.(19) од Жилче. До возилото најпрвин се доближило непознато лице, а потоа веднаш се дало во бегство и бегајќи фрлило кесички со марихуана, кои се пронајдени и подигнати за вештачење.Двете лица во возилото се лишени од слобода и задржани во Полициската станица Тетово, а од слобода е лишен и Х.С.(54) од Доброште, кој ги попречувал полициските службеници во вршење на дејствијата. По расчистување на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Магла во Маврово и Стража

Од 06:30 часот, на патниот правец Ново Село - г. п. Ново Село е укината забраната за тешки моторни возила.Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има во Маврово и на Стража.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони. На осојничавите места коловозите се влажни, па поради ниските температури, карактеристични за вечерните и утрински часови постои можност и од појава на голомразица.

Македонија | пред 7 години

toksikologija

Токсикологија доби нов директор, на местото на Беќаровски, од денеска Зумбери

„Едно огромно БЛАГОДАРАМ до сите вработени на УК токсикологија, кои во изминативе 18 месеци, покажаа и докажаа дека сите заедно можеме МНОГУ. Чест и задоволство ми беше да бидам Ваш координатор, соработник, сопаталец, учител и водич.Истовремено на новоназначениот в.д. директор д-р Нагип Зумбери, му посакувам многу успех, мудрост и верба во овој мал, но вреден колектив“, напиша на својот фејсбук профил Досегашниот директор на Клиниката за токсикологија Нико Беќаровски.Тој преку социјалната мрежа Фејсбук ја најави неговата смена од директорското место кое досега го извршуваше на Клиниката за токсикологија.За нов в.д. директор на токсикологија е назначен д-р Нагип Зумбери.

Скопје | пред 7 години

FB_IMG_1549390766125

ФОН Универзитет го носи Роналдо во Македонија

Првиот човек на ФОН Универзитетот, Сефер Цаноски, на својот “Фејсбук” профил објави дека светски познатиот фудбалер Кристијано Роналдо доаѓа во Македонија.“Конечно, по девет години, прифати да биде гостин на ФОН Универзитет. Наскоро, најдобрите на едно место”, пишува под фотографијата на која Цаноски е фотографиран со Роналдо.Засега нема точен датум кога Роналдо ќе дојде во Македонија и тоа дополнително ќе биде објавено.

Македонија | пред 7 години

70-god-brak

Душан и Костадинка од Оровник прославуваат 70 години брак

Црвен крст - Охрид веќе трета година ја реализира Програма на грижа за стари лица која опфаќа најразлични форми на грижа, помош и поддршка на старите лица со различен социо-економски статус, од општините Охрид и Дебарца.Програмата ја спроведуваат возрасните пензионери-волонтери на Црвен крст Охрид.Покрај задоволување на бројни потреби искажани од корисниците на оваа програма, волонтерите на Црвен крст Охрид се посветени на корисниците, своите врсници и преку најразлични форми на заедничко дружење.Во таа насока, со големо задоволство од Црвен крст го најавуваат одбележувањето на јубилејот 70 години брак на брачната двојка Душан и Костадинка Лошкоски од с. Оровник, кој ќе се реализира на 06.02.2019 г. во 16 ч. во Домот на култура во с. Оровник.

Македонија | пред 7 години

slavco_kovilovski

Охрид во чест на Прличев - Доделена наградата „Григор Прличев“ на поетот Славчо Ковилоски

Поетот и книжевен историчар Славчо Ковилоски денеска ја прими наградата „Григор Прличев“ за најдобро поетско дело за 2018 година за поемата „Крале Марко по вторпат“. Наградата му беше доделена на традиционалната свеченост што во рамки на Прличевите беседи се одржува секоја година во Охрид.Лауреатот Ковилоски истакна дека добивањето на наградата е чест и задоволство, но и обврска за понатаму да се работи кон твореење нови, квалитетни дела.-Работата, подготовката на поема секогаш е подолгорочен процес споредено со пишувањето обична поезија, па дури и на роман. Мора поемата да има некаков тек, за да се задржи вниманието. Голема е честа што ја добивам наградата што го носи името на Григор Прличев, рече Ковилоски.Кога станува збор за самата наградата „Григор Прличев“, членовите на жири-комисијата со поразителни податоци кои укажуват дека од година во година се намалува интересот за учество на конкурсот.Наташа Аврамовска, член на жири-комисијата, истакна дека оваа година до Комисијата за доделување на наградата пристигнаа најмал број, конкретно само осум ракописи.„Интересот за конкурсот и наградата некако стивнува. Пред се, мислам дека тоа е оттаму што последниве години публикацијата на лауереатот не е присутна, едноставно книгите не живеат на јавната сцена во Македонија“, истакна Аврамовска.Доделувањето на наградата се одржа во рамки на манифестацијата „Прличеви беседи“ со која се чествува ликот и делото на поетот и преродбеник Григор Прличев.Чествувањата за Прличев продолжуваат утре со панихида на гробот на Прличев во дворот на црквата „Света Богородица Перивлепта“, а Беседа за неговиот лик ќе одржат академик Витомир Митевски и секретарот на Друштвото на писатели на Македонија Мишел Павлоски. Во родната куќа на прличев ќе се одржи и познатата „Охридската визита“ која годинава е во чест на охридскиот писател и поет Видое Видически.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Средношколци се истепале пред училиште, едно момче прободено со нож

Вчера околу 9:20 часот во Полициската станица Драчево било пријавено дека на улица „Китка“ во близина на Државното средно училиште „Браќа Миладиновци“ во населба Драчево настанала физичка пресметка меѓу ученици, а А. Б. (17) од село Вражале со нож му нанел повреда на Р. Д. (18) од село Батинци, скопско.Р. Д. бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, а на А. Б. му била укажана помош во ЈЗУ Амбуланта Драчево.А. Б. е приведен во полициска станица, а повикани се и пет други ученици кои учествувале во физичката пресметка.По документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Скопје | пред 7 години

ograda-vlada

Ќе се отстранува оградата околу Владата

Владата на денешната редовна седница одлучи да се отстрани железната ограда околу зградата на Владата со цел да се ослободи целосно јавниот простор околу објектот и да стане подостапен за користење од страна на граѓаните.Отстранувањето на оградата околу Владата беше едно од предизборните ветувања на оваа власт.https://www.facebook.com/VladaMK/photos/a.233777356681463/2161822943876885/?type=3&theater

Скопје | пред 7 години

biblija

Во Турција пронајдена библија стара 1200 години со 34 страници испишани во злато

Во близина на местото Дијарбекир во северозападна Турција , во акција против криумчари на артефакти , полицијата нашла Библија стара 1 200 години. Тројца осомничени се уапсени за време на акција организирана против криумчари со вредни артефакти, соопштија денеска покраинските власти.Вредната Библија има вкупно 34 страници испишани во злато.Турските медиуми повикувајќи се на објава од кабинетот на гувернерот информираат дека во притвор завршиле шестмина осомничени, но други детали не беа изнесени.Во покраината Дијабакир време властите се обидуваат да спречат криумчарење на древни артефакти.

Свет | пред 7 години

majka-tereza

Гинекологија „Мајка Тереза“ доби донација од 10.000 евра за прочистувачи за воздух

Денеска, во Специјалната болница по гинекологија и акушество „Мајка Тереза“ во Чаир беа промовирани десетте прочистувачи за воздух кои веќе се поставени на котлите во објектот, а истите се донација од компанијата „Блу Ер“, специјализирана за производство на прочистувачи на воздух во резиденцијални и канцелариски простории.На настанот присуствуваа заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули, министерот за здравство Венко Филипче и менаџерот за Европа од компанијата „Блу Ер“, Александар Провинс.Според Макрадули, борбата за чист воздух е континуирана активност на Владата, а денешното поставување на десетте филтри во вредност од 10.000 евра во гинкологија Чаир е во рамки на инвестиционата Програма за реализација на Планот за чист воздух на Владата.- Тоа е интелигентен, мрежно поврзан интегриран систем, кој истовремено ја регистрира емисијата на штетни гасови и ги филтрира, а сето тоа се следи во реално време - истакна Макрадули во своето обраќање.- Министерството за здравство интензивно работи на промена на системот за греење во јавните здравствени установи, а токму оваа установа е еден од приоритетите. Притоа, ова е добар пример за општествено одговорна компанија - изјави министерот Филипче.Тој додаде и дека веќе е изработен основен проект за реконструкција на котларата со нова машинска опрема со употреба на гас, а во моментот, во тек е постапка за изработка на тендерска документација.Во рамките на активностите за промена на системите за греење од мазут на гас најавени за повеќе јавни здравствени установи, меѓу приоритетите, се и општите болници во Куманово и Струмица за кои е најавно дека веќе во следната грејна сезона ќе бидат подготвени да се грејат на гас.

Скопје | пред 7 години

mobilen-servis-3

Филипче: Новиот Клинички центар ќе се гради во Општина Ѓорче Петров

Новиот Клинички центар ќе се гради во Општина Ѓорче Петров, откако оваа одлука поминала на денешната владина седница, изјави министерот за здравство, Венко Филипче. Освен оваа скопска населба, во игра беа и локации во Карпош и во Петровец, изјави министерот за здравство, Венко Филипче.„Се бодуваа трите локации – во Карпош, Ѓорче Петров и Петровец. Тим од експерти разработи методологија и според тоа се донесе заклучок дека Ѓорче Петров е идеална локација, прво поради положбата, понатаму дека најбргу можеа да се изготват проектните документи и поради тоа дека најмалку чини, односно целото земјиште е државно“, истакна министерот за здравство Венко Филипче.

Скопје | пред 7 години

ipard-1

МЗШВ Николовски: Државата не презема долгови на приватни компании, туку директно ги обештетува лозарите

Државата не презема долгови на приватни компании, туку директно ги обештетува лозарите, а преку финансиските инструменти на Управата за јавни приходи, тие парите ќе бидат вратени во Буџетот, посочи денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.„Во следните 3 години согласно Законот за земјоделство и рурален развој сите исплати кои што ќе ги прават компаниите за кои што се презема долгот, истите ќе бидат стопирани преку УЈП и ќе бидат средства на Буџетот, односно преку Платежната агенција ќе се вратат во Буџетот. Исто тоа ќе следи и во делот на стечајните постапки кои се отворени во други случаи. Не е точно дека со државни пари се покриваат долгови на приватни фирми, ние директно ги помагаме и обештетуваме лозарите. Државата не им плаќа на винариите и не покрива ничии долгови, државата го има побарувањето. Одлуката на Влада ќе се донесе на седница овој четврток. За земја во која што земјоделството е основна гранка, лозарството која што е најстратешка гранка, со девизен прилив од над 100 милиони евра од кој што сите граѓаните во државата имаат бенефит, лично сметам дека државата треба согласно политиката да води грижа за сите граѓаните, и на овие граѓаните на лозарите треба да им се помогне за да можат да застанат на нозе и да можат да ја вршат дејноста од која што девизен прилив има целата држава и од кои пари се градат и училишта и градинки и се реализираат и други приоритети за граѓаните. Сметам дека станува збор за една многу човечка одлука, проблемите од кои што беа погодени овие лозари, страдаше целиот тој регион. Јас ќе бидат заштитник секогаш и на лозарите и на тутунарите и на сите земјоделци, знаејќи дека тоа е категорија на која што треба да и дадеме силна поддршка, ако сакаме овој сектор да се развива и да биде основа на економијата“, изјави министерот Николовски.На вчерашната собраниска седница, се усвоија измените на Законот за земјоделство и рурален развој, со што се постави и правниот основ за државата да ги обештети лозарите. Со законските измени се создава можност Владата да донесе одлука за дополнителна помош за одреден земјоделски производ, откупен најмногу пред пет години од денот на донесувањето на одлуката, а неплатен од страна на регистриран откупувач. Дополнителната помош ќе се исплаќа преку Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој како мерка предвидена во годишната Програма за финансиска поддршка во земјоделството. Со овие измени лозарите кои во периодот 2014-2016 година го предале грозјето во винарници кои биле регистрирани во регистарот на Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство, а не добиле пари за предаденото грозје, ќе бидат обесштетени.Николовски потенцираше дека се подготвуваат и нови измени на Законот за вино и но во другите соодветни закони, со кои ќе се воведат инструменти со кои што земјоделците, лозарите ќе бидат заштитени во делот на откупот и исплатата на земјоделските производи.Инаку за откупеното грозје од реколтата 2017 сите регистрирани откупувачи на грозје во МЗШВ ја имаат комплетно завршено исплатата кон лозарите.

Македонија | пред 7 години

94-_45244979442_o

МТСП: Усвоен Оперативниот план за 2019 година, за вработување и отворање нови бизниси

На денешната владина седница се усвои новиот Оперативен план за вработување за 2019 година, за кој издвоивме рекордни 1,1 милијарда денари што е највисок износ досега и е за речиси три пати поголем од 2014 година, кога за истата намена беа исплатени 406 милиони денари. Мерките се фокусираат на доквалификација, вработување на најранливите категории, поддршка за стартапите и иновативните бизнис идеи. Во процесот на креирање на овие мерки за првпат се вклучени сите чинители.Врвен приоритет на МТСП и на Владата е обезбедување нови работни места. За Оперативниот план за вработување 2019 година издвојуваме рекордни 1,1 милијарда денари и се фокусираме на преквалификација и доедукација. Во 2019 да дадеме шанса за сите оние кои имаат образование, а се без работа, да ги прилагодиме на фактичката состојба и да ги активираме на пазарот на трудот.Новите работни места ги планиравме заедно со работодавците, односно за првпат мерките ги работевме во соработка со сите чинители и според реалните потребите во државата и на локално ниво.Со Оперативниот план за 2019 година посебен акцент се става на младите невработени лица до 29 години како и на корисниците на гарантирана минимална помош.Оваа година Оперативниот план ги опфаќа и физичките лица, нуди силна поддршка за самовработување, но и за отворање нови работни места, раст на платите, како и поддршка за вработување на лица со попреченост. Со ОП 2019, меѓу другото, овозможуваме обуки за побарувани занимања и занаети, за дигитални вештини, како и обуки за дигитални вештини. Исто така, се продолжуваат програмите „Практикантство“, „Општинско-корисна работа“ и „Јавни работи“.Оперативниот план за вработување за 2018 година имаше високи 95% реализација.Со него за првпат ја воведовме „Гаранцијата за млади“, преку која се вработија 1.839 лица. Преку учество во програмата Самовработување, сопствен бизнис отворија 1.191 лица, а една од најбараните беше програмата „Практикантство“, во која се вклучија 1.263 невработени лица до 34 годишна возраст.Носител на Оперативниот план е Министерството за труд и социјална политика, а неговата имплементација е во надлежност на Агенцијата за вработување на Република Македонија, во партнерство со други одговорни институции.

Македонија | пред 7 години

kardioloski-1

Кардиолошки формира оддел за електростимулација

Професионалната соработка помеѓу двете најголеми кардиолошки установи- ЈЗУ Универзитетска Клиника за кардиологија- Скопје како врвна здравствена институција во државата и ЈЗУ Специјализирана болница за кардиоваскуларни болести -Охрид ,започна активно да се развива во интерес на медицината, науката и квалитетот на услуги на нашите пациенти.Во тек на вчерашниот ден заеднички тим од двете установи извршија имплантација на два трајни електростимулатори на наши пациенти.Во присуство на директорите на двете установи Др.Жан Зимбаков и Др.Елена Коваческа Башуроска беше официјализирана вистинска соработка која ќе вроди со натамошен развој на медицинската наука ,воведување на нови процедури и методи и во крајна линија континуитет во подобрување на квалитет на услуги за нашите пациенти.На наше големо задоволство можеме да ја информираме јавноста дека одделот за електростимулација во ЈЗУ Специјализирана болница за кардиоваскуларни заболувања од денес започна со редовен програм.Извор: FBЈЗУ Кардиолошки Завод Охрид

Македонија | пред 7 години

ipard-1

Николовски: 7,7 милиони евра инвестиции преку ИПАРД 2 за развој на руралните средини

Во рамки на мерката „Диверзификација на фарми и развој на бизниси“ од ИПАРД 2 Програмата денеска се склучија првите 24 договори, чија инвестиција изнесува 7,7 милиони евра. Во овие 24 договори вклучени се проекти за изградба на фотонапонска централа, набавување опрема за ветеринарна станица, опрема за производство на сокови, за пчеларство, изградба на објект за преработка на метал, за производство на мебел, изградба на рибник и изградба на објект за производство на саден материјал за повеќегодишни растенија. Исто така, во рамки на овие договори се овозможува поддршка за изградба и опремување на објекти и сместувачки капацитети за рурален тузирам, изградба на објект за производство на медицински помагала, како и изградба на дом за стари лица.„Сите овие типови на инвестиции се наменети за руралните средини односно селата и тука спаѓаат инвестиции во мали преработувачки капацитети, во рурален туризам, производство на сточна храна и ѓубриво, отворање на градинки, старечки домови, кина во селата, капацитети за сместување и друго. Поточно со еден збор, оваа мерка е важна за поттикнување на агробизнисти во руралните средини кои ја поттикнуваат економската активност, а истовремено ќе ги подобрат условите за живот во руралните средини“, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Никoловски.Мерката „Диверзификација на фарми и развој на бизниси“ има широка примена и нуди поддршка за кофинансирање на најразлични инвестиции во земјоделството.„Овие инвестиции кои ќе бидат реализирани во главните подрачја се добар показател дека Владата, Агенцијата, министерството максимално се грижиме за граѓаните да останат покрај своите огништа, тука да ги започнат своите бизниси. И исто така ова покажува дека ИПАРД Програмата е една успешна приказна. Докажавме дека средствата кога наменско се користат и доаѓаат до вистинските земјоделци секогаш даваат резултати“ истакна директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Николче Бабовски.Од првиот јавен повик МЗШВ одобри 930 проекти со финансиска поддршка од околу 18 милиони. Добар дел од овие средства кај реализираните проекти се веќе исплатени. Поточно, до денеска до Платежната агенција има доставено 589 барања за исплата на завршени инвестиции со кои се побарува за кофинансирање близу 5 милиони евра. Од овие 589 барања, за 129 инвестиции се веќе исплатени 1,5 милиони евра.Инаку, за Мерката 3 „Инвестиици во материјални средства за преработка на земјоделски и рибни производи“ од ИПАРД 2 програмата за кој рокот беше до 29-ти јануари, пристигнаа 65 апликации со вкупна побарувана сума од 15,9 милиони евра.МЗШВ заедно со Платежната агенција продолжува интензивно да работи на олеснување на процедурите и приближување на оваа Програма до земјоделците и сите потенцијални корисници, со цел да се поттикне стабилен и континуиран развој во секторот.

Македонија | пред 7 години

zaev-krstic-2

Средба на премиерот Заев со потпретседателот на хрватската Влада, Крстиќевиќ

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, денеска сретна со Дамир Крстиќевиќ, потпретседател на Владата на Република Хрватска и министер за одбрана.На средбата е пренесена поддршка од хрватската Влада за интеграцијата на Република Македонија во НАТО, со најава дека Хрватска ќе го потпише протоколот за членство на нашата држава во Алијансата и е изразено добредојде за нашата земја во семејството на НАТО. Исто така, најавена е и поддршка од Хрватска, за Република Македонија во јуни да добие датум за почеток на преговорите со ЕУ.Пренесени се честитки до премиерот Заев, од хрватскиот колега премиерот Андреј Пленковиќ и од Владата во Хрватска, за постигнатиот Договор во Преспа, како победнички билатерален договор, но и за регионот и за Европа. Оценето е дека договорот е пример и за меѓународната заедница, како се решаваат сложени отворени прашања. Во таа насока, поздравени се политиките на премиерот Заев, со коишто се смета дека ја понел на себе одговорноста за иднината на нашата земја која наскоро ќе го носи името Република Северна Македонија.Претседателот на Владата, Заев се заблагодари за големата и континуирана поддршка што ја имаме од Хрватска и најави дека нашата држава е подготвена да ги земе предвид сите позитивни искуства од Хрватска, како во делот на одбраната, така и во сите други области за коишто ќе се појави потреба со отворањето на поглавјата за преговори со ЕУ.„Живееме историски моменти“, оцени премиерот Заев пред утрешното потпишување на Република Македонија и земјите членки на НАТО, на протоколот за пристапување на земјава во Алијансата.Претседателот на Владата, Заев рече дека за нашата држава, како и за регионот и за земјите членки, НАТО значи стабилност, сигурност и безбедност и дека очекува тоа да ги отвори економските перспективи на државата.„Ги правиме и сите неопходни реформи во безбедносните служби, во борбата против корупцијата, во правосудниот систем, јавната администрација и очекуваме и Европскиот совет во јуни да донесе позитивна одлука и да ги отвориме поглавјата. Овој тренд на позитивни промени, фокусирани сме да повлече и бројни инвестиции, што ќе придонесе во квалитетот на живот на граѓаните, како и за задржување на младите, како моторна сила, во државата“, рече премиерот Заев.На средбата е заеднички констатирано дека Република Македонија и Република Хрватска се две пријателски земји, без отворени билатерални прашања и дека сите актуелни позитивни процеси отвораат големи можности за развој на меѓусебната економската соработка.

пред 7 години

heroin-pakuvanja

На границата меѓу Албанија и Црна Гора запленети околу 17 килограми хероин

На граничниот премин Божај, на влезот во Црна Гора од Албанија, црногорските полицајци и цариници синоќа заплениле околу 17 килограми хероин и уапсиле 35-годишен албански државјанин кој управувал товарно возило со приколка, пренесе агенцијата „Танјуг“.Полицијата и царината на Црна Гора во соопштение напишаа дека службениците пронашле и одзеле 30 пакувања со содржина на прашкаста материја за која се смета дека е опојна дрога хероин тешка 17 килограми. Тие додаваат дека со оваа акција е спречене меѓународен канал за шверц на наркотици.

Свет | пред 7 години

papa-imam-1

(ФОТО) Папата и имамот се бакнаа во уста - бакнеж за светски мир

Откако повикаа на светски мир, папата Френсис и големиот имам шеик Ахмед ал Тајеб ги изненадија верници бакнувајќи се во уста. На меѓурелигискиот состанок во понедлникот во Абу Даби, Обединетите Арапски Емирати во понеделникот, верските водачи го потпишаа документ за борбата против екстремизмот, повикаа на мир и се бакнаа.Луѓето беа изненадени од глетката на двајца машки верски лидери кои се бакнуваат во земја каде што се забранети јавни прикажувања на љубовта, а да не споменуваме од истите полови односи, кои се казнуваат со затвор, тепање, тортура и дури депортација за не-граѓани.По оваа фотографија грст коментри на социјалните мрежи.https://twitter.com/fhurtado/status/1092583265137917952?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1092583265137917952%7Ctwgr%5E363937393b70726f64756374696f6e&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.rt.com%2Fnews%2F450678-pope-francis-kiss-imam-uae%2F%3Ffbclid%3DIwAR0QUIo-CuPQwahseYbItpX7zfzLG5PSWIVF27F0c2ItjD3AqPTxKXH2vmYhttps://twitter.com/CatSimran/status/1092480437195292674?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1092480437195292674%7Ctwgr%5E363937393b70726f64756374696f6e&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.rt.com%2Fnews%2F450678-pope-francis-kiss-imam-uae%2F%3Ffbclid%3DIwAR0QUIo-CuPQwahseYbItpX7zfzLG5PSWIVF27F0c2ItjD3AqPTxKXH2vmYhttps://twitter.com/MarionLilian4/status/1092678788264194049?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1092678788264194049%7Ctwgr%5E363937393b70726f64756374696f6e&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.rt.com%2Fnews%2F450678-pope-francis-kiss-imam-uae%2F%3Ffbclid%3DIwAR0QUIo-CuPQwahseYbItpX7zfzLG5PSWIVF27F0c2ItjD3AqPTxKXH2vmYИнаку ова не е првпат папа и имам да се бакнуваат на усните. Во 2011 година, Бенетон предизвикал вознемиреност со слична фотографија и тоа на реклама. Фотографиите беа за поголема рекламна кампања. По реакциите Ватикан сепак ги повлече рекламите. 

Свет | пред 7 години

kina-NG

Според кинезите започнува година на свињата - симбол на оптимизмот, ентузијазмот и напорната работа

Повеќе од една милијарда луѓе на светот започнаа да го слават почетокот на кинеската Нова година. Оваа година, според кинеската традиција е година на свињата, па така со обилни количества на храна, огномети и различни видови на перформанси ќе се празнува на целата територија на Азија.Како симбол, свиња се поврзува со напредок, среќа и добри можности за шанси и успех. Кинеска Нова година во овој знак почнува денес и ќе трае се до 24 јануари 2020 година.

Свет | пред 7 години

stipendii

Град Скопје и годинава доделува стипендии за спортисти - средношколци

Со цел да ја зголеми мотивираноста кај младите и талентирани спортисти - средношколци, Град Скопје и годинава ќе додели стипендии на спортисти - средношколци кои се жители на Скопје и учат во средните училишта на подрачјето на град Скопје.Јавниот повик за доделување стипендии на спортисти – средношколци, ученици во средните училишта на подрачјето на градот Скопје за 2019 година е објавен денеска, а ќе трае 10 дена, до 14.02.2019 година. Врз основа на пропишаните критериуми во овој повик ќе се изберат 105 стипендисти - средношколци, кои ќе добиваат стипендија во вкупен нето износ од 24.000 денари во тековната 2019 година.Право на добивање стипендија на овој повик имаат државјани на Република Македонија кои имаат статус на редовен или вонреден ученик/ученичка во средно училиште на подрачјето на град Скопје; да се жители на Скопје; да се активни спортистки и спортисти, членови на спортски клубови од подрачјето на град Скопје и да се регистрирани во националните спортски федерации во Македонија; да имаат високи спортски достигнувања во претходната 2018 година и во 2019 година, се до завршувањето на јавниот повик.Пријавите треба да се достават до Град Скопје, преку пошта на адресата Булевар Илинден број 82, 1000 Скопје, или во архивата на Град Скопје (барака број 16) секој работен ден, а најдоцна до 14.02.2019 година до 19 часот.

Скопје | пред 7 години

received_306673366865426

Министерот Адеми оствари средба со генералниот секретар на ЦЕИ Антонионе

Министерот за култура Асаф Адеми денеска оствари работна средба со новоназначениот генерален секретар на (ЦЕИ), Роберто Антонионе, кој во годината кога ЦЕИ ја одбележува 30-годишнината од формирањето ги посетува земјите со кои има соработка Инцијативата.Министерот Адеми и господин Антонионе разговараа за досегашната соработка на Република Македонија со ЦЕИ и посебно се осврнаа на клучните теми за натамошно унапредување на односите и искористување на можностите што ги нуди ЦЕИ со размена на најразлични програми од областа на културата. Посебен акцент беше ставен на унапредувањето на трансферот на содржини и кадар меѓу земјите членки на ЕУ и оние што имаат статус или се потенцијални кандидати за влез во Европската Унија.Генералниот секретар на ЦЕИ Антонионе и министерот Адеми разговараа за приоритетите на Иницијативата и за можноста за вклучување на сите чинители во културата од земјава во нивно остварување, а тие се однесуваат на: промоција на интеркултурниот дијалог, негување на културните различности, заштита на културното богатство, поддршка на креативните индустрии, развој на културната дипломатија и подобрување на социјализацијата на луѓето со попреченост.

Македонија | пред 7 години

novi-pazar

(ВИДЕО) Педофил во Србија намамил девојче во зграда и се обидел да го силува

Новопазарската полиција го уапси Е.Д. под сомнение дека во зградата Бор во центарот на градот се обидел сексуално да злоставува девојче од 9 години.На снимката од надзорните камери, до кои дошла РТВ Нови Пазар, се гледа како мажот го намамува девојчето во зграда, а потоа го нападнал девојчето и тоа некако успеало да му се оттргне на педофилот и да побегне од зградата!Откако девојчето избегало педофилот разговарал по телефон и се спуштил по скалите и ја напуштил истата.Се работи за 38-годишен граѓанин на Нови Пазар, кој, како што напиша мајката на жртвата на социјалните мрежи, го „намамил“ девојчето во влезот на зградата „Бор“ по што и ја кренал јакната и ја допирал по телото.

Свет | пред 7 години

vlado-misajlovski

ВМРО ДПМНЕ ги соопшти имињата на кандидатите за претседател

Десет лица се огласија на конкурсот на ВМРО ДПМНЕ, пеку кој партијата бараше кандидат за претседателе. Една од пријавите била доставена по изминување на рокот, па останати се девет кандидатури.Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски денес ги обелодени имињата на кандидатите кои ги исполниле условите:-Никита Шектукоски, доктор по математички науки и редовен професор на природно-математичкиот факултет во Скопје, член на Институтот за математика;-Ѓорѓи Манасков, машински инженер и претседател на Стопанската комора за енергетика на Македонија;-Васко Костов, фармацевтски техничар;-Влатко Ѓорчев, правник, пратеник во Собранието на Република Македонија и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ;-Гордана Силјановска Давчева, редовен професор на Правниот факултет во Скопје, член на Институтот за правни и политички науки, катедра за уставно право и политички систем;-Илија Димовски, професор во пензија на шумарски факултет при УКИМ во Скопје;-Филип Петровски, доктор на политички науки и поранешен директор на Државниот архив;-Горан Анѓелов, пратеник, поранешен градоначалник на општина Виница во два мандати и претседател на ЗЕЛС во еден мандат;-Сашо Кутлешоски, доктор по земјоделски науки;Кој ќе бие кандидат од ВМРО ДПМНЕ, партијата ќе одлучи на претстојната Конвенција на 16-ти февруари во Струга, откако кандидатите ќе ги претстават своите програми. Претходно кандидатите од 6 до 16 февруари ќе одат по општинските комитети за да ја претстават својата програма пред делегатите.-ВМРО-ДПМНЕ ќе им овозможи на сите пријавени, еднаков пристап до ОК на партијата во периодот од 6-ти до 16-ти февруари, со цел презентација на нивната програма и визија за Македонија. Сите кандидати ќе имаат еднаков третман и еднакви можности да бидат избрани, согласно принципите и демократијата, истакна потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ, Владо Мисајловски.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања