Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Скопје1.мк

halk-banka-1

Халкбанка: Во инцидентот нема повредени, средствата на клиентите се осигурени согласно политиките на Банката

По објавувањето на информацијата во некои медиуми во врска со вооружениот грабеж на филијала на „Халкбанк АД Скопје“ во Визбегово, Халкбанк АД Скопје ја проследува следната изјава за медиуми:Во врска со денешниот грабеж во нашата филијала на улица „Јадранска магистрала“ во Визбегово, „Халкбанк АД Скопје“ ја известува јавноста дека нема повредени и дека ситуацијата е ставена под контрола од страна на надлежните институции кои работат на расветлување на случајот.Халкбанк воедно ги известува сите свои клиенти дека нивните средства се осигурени согласно политиките на Банката.

Скопје | пред 7 години

zaev-sudii-1

Премиерот Заев со претставници на Здружението на судии: Постигнат договор за барањата на судиите

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, придружуван од министерката за правда Рената Дескоска и министерот за финансии Драган Тевдовски, денеска се сретна со делегација на Здружението на судии, предводена од претседателот на здружението д-р Џемали Саити, судија во Врховниот суд.На средбата, на која позитивно беа оценети заложбите и реформите насочени кон обезбедување независно судство, претставниците на судиите и на Владата постигнаа договор за формирање работна група со претставници од ресорните Министерства за изнаоѓање системско решение за платите на судиите.Во таа насока, премиерот Заев со претставниците на судиите констатираа дека од септември ќе се реализира зголемување од пет проценти на платите на судиите и судските службеници, како и дека во тековниот Буџет има обезбедено околу 120 милиони денари за тековно исплаќање на надоместоците согласно Законот за судиите и судските службеници.Премиерот Заев, заедно со министерот за финансии и министерката за правда, изразија уверување дека уште 120 милиони денари ќе се обезбедат со Ребаланс на Буџетот, и дека тие ќе бидат наменети за ретроактивни решенија на проблемите со надоместоците на судиите.

Скопје | пред 7 години

carovska-gradinki-1

Царовска: Капацитетот на градинките годинава се проширува за 860 деца, градиме 11 нови објекти

Вкупно 11 нови градинки ќе се градат годинава во различни делови од Македонија со поддршка од Министерството за труд и социјална политика. Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, денеска ги потпиша договорте со градоначалниците на општините кои партнерски ќе учествуваат во изградбата на објектите. На списокот за изградба на нови градинки се општините Ѓорче Петров, Куманово, Кавадарци, Брвеница, Босилово, Врапчиште, Шуто Оризари, Демир Капија, Штип, и Гази Баба (2 градинки). Со изградбата на градинките капациетот се проширува за вкупно 860 деца, а ќе се отворат и најмалку 100 нови вработувања. За оваа намена од буџетот на МТСП се обезбедени 85,3 милиони денари без ДДВ.Министерката Царовска ги повика општините да конкурираат со квалитетни проекти за изградба на нови градинки, затоа што освен во Буџетот на министерството за истата намена на располагање се и уште 15 милиони евра од Светска банка.„Капиталните инвестиции во детската заштита се и остануваат приоритет на Владата. Раниот детски развој е многу важен за понатамошниот развој на човекот, затоа посветено работиме на јакнење на капацитетите и стручноста на детските градинки низ цела држава и во руралните и во најодалечените места низ Македонија. Годинава буџетот на МТСП за капитални инвестиции во детската заштита е зголеме за 300 %, дополнително на располагање имаме пари и од Светска банка “, изјави министерката Царовска на средбата со градоначалниците.Изминатата година Министерството за труд и социјална политика опфатот на децата во предучилишно образование го зголемен за 1.959 деца. Од нив 1.209 се државните градинки, додека останатите 750 во приватните објекти. Исто така за година и половина МТСП учествуваше во изградбата на вкупно 24 градинки, од кои поголемиот дел се веќе ставени во функција. Истовремено МТСП обезбеди над 1.000 согласности за вработувања на кадар во градинките од кои поголемиот дел е на неопределено време.

Скопје | пред 7 години

zaev-tav-1

Средба Заев - Сенер: Ќе се забрза процесот на реализација на новите инвестиции од ТАВ за инфраструктурни проекти од 35 милиони евра

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев придружуван од министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески денеска се сретна со извршниот директор на ТАВ, Сани Сенер и со генералниот директор на ТАВ Македонија, Алп Ер Тунга Ерсој.На средбата беше потврдена одличната соработка со ТАВ којашто во иднина ќе се унапредува и продлабочува. Премиерот Заев ја истакна важноста на традиционалното пријателство и одличната билатерална соработка на нашата земја со Република Турција во градењето на цврсти економски релации помеѓу двете земји.Извршниот директор и претставниците на ТАВ го поздравија зачленувањето во НАТО на нашата земја која наскоро ќе се нарекува Република Северна Македонија и започнувањето на преговори со Европската Унија како важни процеси за стабилна бизнис клима и економски напредок на земјата.На средбата се разговараше и за забрзување на процесот на реализација на новите инвестиции од 10 милиони евра што ТАВ ќе ги направи за модернизација на македонските аеродроми и за инвестиции од 35 милиони евра во инфраструктурни проекти, локални патишта, градинки, водоводи и канализации во висина, што произлегува како обврска на ТАВ од договорот за концесија. Постои согласност од двете страни дека во најбрз временски период треба да отпочне реализацијата на овие проекти.

Скопје | пред 7 години

gradezen-2

(ВИДЕО) Aнѓушев : Преку европски фондови до повисоки стандарди во градежниот сектор

Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, д-р Кочо Анѓушев, министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и директорот на Јавното претријатие за државни патишта Зоран Китанов, присуствуваа на отворената сесија на состанoкот на конзорциумот на Проектот „BIMcert“, кој во нашата земја се спроведува преку Научниот институт за истражувања во градежништвото, животната средина и енергетиката (ИЕГЕ-Скопје). Проектот е поддржан со средства од програма на Европската комисија за технолошки развој и иновации „Хоризонт 2020“, за подигнување на квалитетот и усовршување на капацитетите во градежништвото во Македонија, во вредност од 1,25 милиони евра.Вицепремиерот во своето обраќање на настанот, нагласи дека суштината на овој проект е да се изврши имплементација на BIM (Building Information Modeling) системот во градежништвото, како добра пракса во земјите во Европската Унија.„Овој проект има неколку цели. Една цел е дигитализација на градежништвото, како основа на четвртата индустриска револуција, односно имплементација на дигитални технологии уште од фаза на проектирање на објектите, следењето на процесот на градба, животниот век на објектите, финансиско следење и енергетската ефикасност на објектите се до фазата на демолирање на објектите. Втората цел е подигнување на нивото на енергетска ефикасност во градежните објекти. Заштедата на електрична енергија е речиси исто толку важна колку и самото производство на енергијата. Нашата земја силно се приклучува кон трендот на зголемување на енергетската ефикасност и во таа насока во подготовка е Законот за енергетска ефикасност. Трета цел е заштитата на животната средина и користење на материјали со кои ќе се зачува околината и ќе се овозможи подобра еколошка средина за граѓаните“, подвлече Анѓушев.Вицепремиерот нагласи дека во 5-те земји во кои ќе се спроведува проектот се очекува вклучување на 250 мали и средни претријатија, со вклучување во процес на обука на над 2000 професионалци од градежниот сектор, од кои се очекува создавање на над 1000 стручни лица кои би можеле да го имплементираат BIM во градежниот сектор.„Се надевам дека нашите компании, научни установи, професионалци од градежниот сектор ја препознаваат можноста која ја нуди проектот, ги повикувам да ги искористат сите бенефити од него. Треба да разбереме дека никој со сила не може ништо да ни даде, туку да ги искористиме дадените можности. Бидете проактивни, соработувајте со ИЕГЕ, а со тоа и со меѓународните партнери за да го исползуваме бенефитот за општеството преку имплементација на проектот“, порача вицепремиерот на присутните.BIM (Building Information Modeling) претставува дигитална технологија која е креирана во функција на еколошката одржливост на градежниот сектор и е најефикасна алатка за постигнување на потребната енергетската перформанса на зградите. Со тие карактеристики, БИМ претставува технологија чија што примена е во согласност и во поддршка на стратешките правци на земјата за дигитализација на стопанските сектори според глобалните правци на технолошкиот развој, како и за постигнување на целите за одржливост во енерегетскиот сектор, пред се, на енергетската ефикасност според нормите на ЕУ.Партнери во имплементација на проектот „BIMcert“ се седум научни институти, помеѓу кои е и Научниот институт за истражувања во градежништвото, животната средина и енергетиката (ИЕГЕ-Скопје), а проектот го предводи Belfast Metropolitan College, Велика Британија. Проектот освен во Македонија, ќе се имплементира во Велика Британија, Република Ирска, Португалија и Хрватска.

Скопје | пред 7 години

grabez

Филмски грабеж во експозитурата на „Халк банка“ - кон вработените впериле „калашникови“

Маскирани вооружени разбојници пред околу два часа ја ограбиле екоспозитурата на „Халк банка“ на Качанички пат кон Визбегово. Неофицјално во бнката влегле пет маскирани вооружени луѓе. Тие кон вработените впериле „калашникови“, и ги принудиле да легнат на подот, а потоа одзеле непозната сума на пари.Според првичните информации, вооружените лица одзеле непозната сума пари и избегале од местото со автомобилот со кој биле и дојдени пред да го извршат грабежот.Се очекуваат подетални информации од МВР.фото: илустрација

Скопје | пред 7 години

vmro-Ohrid

ВМРО ДПМНЕ го повикува градоначаликот Георгиески да ја повлече точката за легализација на дивоградбите

Легализацијата на 7 бесправно изградени објекти во кампот Градиште во најзаштитениот појас , тама на денешната пресс конференција во ОК на ВМРО ДПМНЕ.Од партијата велат:Неодговорното однесување на локалната администрација никако да запре сакајќи преку Советот на општина Охрид да протурка штетни и непримерни одлуки. Градиште е огледало на тоа како функционира целиот систем на Република Македонија. Лицемерието односно контрадикторните ставови во однос на заштитата на градот од УНЕСКО се очигледни.Легализацијата на 7 бесправно изградени објекти во кампот Градиште во најзаштитениот појас, во непосредна близина на езерото, експресно државата и нејзините институции ги издале сите потребни согласности за овие легализации. Замислете тие и незаконски веќе се вметнати во катастар на Република Македонија како „зпз земјиште под зграда".Го повикуваме в.д градоначалникот Константин Георгиески да ја повлече точката од дневен ред за легализација на дивоградбите на утрешната седница на Советот и веднаш да се донесе одлука за мораториум во согласност со препораките од УНЕСКО.Вистина ли е дека постои „медијатор“ помеѓу барателите на имот и владата?Како е подготвена Владата да им плати на сопствениците на имоти во државни обврзници по 6000 денари по м2, а притоа барателите да ги повлечат и да се откажат од сите досегашни тужби и жалби во врска со денационализацијата на Градиште?Кој ќе биде сопственик на овие бесправно изградени објекти?Зошто молчи ЈУНП Галичица, со оглед дека овој локалитет е во Зоната за одржливо користење, или Хидробиолошкиот институт во Охрид?Повикуваме на разумност, исто како што ги повикуваме и сите еколошки друштва и граѓански здруженија да продолжат да се грижат и да се борат за зачувување на езерото. Препораките на Унеско не посочуваа ваков несериозен начин на работи во Градиште и незаконски да се заграби најатрактивниот простор на Охридското крајбрежје велат од Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид

Македонија | пред 7 години

goce-delcev-4

Положено цвеќе на гробот на великанот Гоце Делчев

По повод 147 години од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев, делегација на Советот на Град Скопје, составена од претседателката на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева и советниците во Советот на Град Скопје, Јелена Жугиќ и Петар Шапе, денеска положи цвеќиња на гробот на Гоце Делчев, во црквата „Св. Спас“ – Скопје.Со овој чин, делегацијата оддаде почит на ликот и делото на великанот на македонското револуционерно движење, на еден од најистакнатите водачи и идеолози на македонската ослободителна борба.Цвеќе на гробот на Гоце Делчев положија и делегации од Владата на Република Македонија, од Собранието на Република Македонија, од Канцеларијата на Претседателот на Република Македонија, од Министерството за одбрана на Република Македонија, од ГШ на АРМ, претставници на политички партии, на научни и на образовни институции, на здруженија, како и голем број граѓани од нашата земја и од странство.

Скопје | пред 7 години

svr-ohrid

Кривична пријава за три лица кои ограбиле малолетник

Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, информира дека поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „разбојништво“, до надлежното Јавно обвинителство, поднесена е кривична пријава против три лица од Охрид.Пријавените, на 27 јануари минатата година, околу 01,30 часот, на булеварот „Македонски просветители“ во Охрид, пресретнале 13 годишен малолетник, на кого, со примена на физичка сила му одзеле пари.

Македонија | пред 7 години

delcevo-2

Делчево ја одбележа годишнината од раѓањето на великанот Делчев

Општина Делчево со пригодна свеченост ја одбележа 147-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, идеолог, организатор и водач на македонското револуционерно националноослободително движење кон крајот на XIX и почетокот на XX век.По тој повод, за животот и делото на Гоце Делчев реферат подготвија членови на КУД „Гоце Делчев“, а пред споменикот на Делчев во центарот на градот се поклонија и свежо цвеќе положија: делегација од Општина Делчево предводена од градоначалникот Горан Трајковски, како и претставници од Советот на Општина Делчево, претставници од институциите, политички партии, здруженија на граѓани.Исто така, делегација од Општина Делчево денеска положи свежо цвеќе и на гробот на Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје во рамките на одбележувањето на годишнината од раѓањето на Делчев во организација на Собранието на меѓународната манифестација „Гоцеви денови“.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Горивата од полноќ добиваат нови и повисоки цени

Нафтените деривати од ноќеска по полноќ се зголемуваат од половина до денар и половина, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.Според одлуката на Регулаторната комисија, цената на Еуросупер БС-98 се зголемува за 0,50 денари за литар и неговата нова цена ќе биде 63,50 денари за литар.За еден денар поскапо ќе се продава Еуросупер БС-95 и Екстра лесното масло. Така, малопродажната цена на Еуросупер БС-95 ќе биде 62 ден/лит, а на Екстра лесното масло за домаќинство 48,50 ден/лит.Дизелот се зголемува за 1,50 ден/лит во однос на цената утврдена пред две недели што значи дека од полноќ новата цена на дизелот ќе биде 60 ден/лит.Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 1,599 ден/кг и ќе изнесува 31,121 ден/кг.

Македонија | пред 7 години

premierka-srbija

Премиерката на Србија и нејзината партнерка ќе станат родители

Премиерката на Србија 43 годишната Ана Брнабиќ и нејзината неколку години помлада партнерка Милица Ѓургиќ наскоро ќе станат родители.Како што објави Блиц, Милица отишла на вештачко оплодување. Веќе неколку месеци таа не се појавува во јавноста , а како што објавуваат српските медиуми според извор од Клиничкиот центар Србија, каде што работи, таа отворила породилно боледување.Премиерката и понатаму не открива ништо за својот приватен живот. На прашањето дали навистина очекуваат бебе, таа не открила ништо, само Ви благодарам на убавите желби.

Магазин | пред 7 години

krokodili-1

(ВИДЕО) Поплави во Австралија, крокодили и змии по улиците

Делови од Австралија, по рекордно високите температури, се погодени од катастрофални поплави поради кои повеќе од 20.000 луѓе се принудени на евакуација.Поради поплавите на североистокот на Австралија илјадници лица се принудени да ги напуштат домовите. Прогнозата и натаму е неповолна бидејќи метеоролозите очекуваат нови интензивни врнежи проследени со ветер.Поради порастот на реките на улиците се видени крокодили и змии, а метеоролозите најавуваат дождови и во наредните денови.Градот Таунсвил во Квинселнд е целосно поплавен, а жителите се без струја.„Ова се случува еднаш во 100 години“, изјави премиерката на Квинсленд.

Свет | пред 7 години

mavrovka

Експлозија во ТЦ “Мавровка”- предизвикана материјална штета

Силна експлозија вчеравечер ги вознемири скопјани, кога бил испукан проектил со рачен фрлач во кафуле кое се наоѓа во ТЦ Мавровка. Од МВР го потвдруваат настанот и велат дека нема повредени лица.„На 04.02.2019 околу 01.35 часот пријавено е дека во угостителски објект на бул. „Крсте Мисирков“ во Скопје, кој во тоа време не работел, бил испукан проектил од рачен фрлач. Повредени лица нема. Според пријавеното, оштетени се стакла од објектот, како и од околните дуќани. Извршен е увид и се работи на расчистување на случајот“, соопштија од МВР

Скопје | пред 7 години

atanasovski-960x533

Нови 30 дена притвор за поранешниот директор на УБК Владимир Атанасовски

Кривичниот суд му го продолжи притворот на Владимир Атанасовски, кој своевремено беше директор на Управата за безбедност и контраразузнавање кога на 27 април толпа упадна во македонското Собрание. Тој е осомничен за кривичното дело „здружување заради непријателска дејност” во врска со настаните од 27 април во Собранието на РМ.Атанасовски беше уапсен на почетокот од декември минатата година по сведочењето на браќата Стефан и Михаил Младеновски, кои давајќи ја својата одбрана, како обвинети за „27 април“, како еден од организаторите на упадот во Собранието го посочија Атанасовски.

пред 7 години

filipce-222

Министерот Филипче: Го унапредуваме статусот на целокупниот здравствен персонал

Министерот за здравство на Република Македонија, Венко Филипче, заедно со австрискиот аташе за труд, социјални работи, здравство и заштита на потрошувачите за Македонија, Харалд Фугер и Људмила Гасер од Сојузното министерство за труд, социјални работи, здравство и заштита на потрошувачите на Република Австрија, присуствуваа на денешниот настан, посветен на размена на искуства за стандардите за професионално образование за медицински сестри.Тема на настанот беше имплементација на ЕУ директивата за признавање на професионалните квалификации, во насока на препознавање на професионалците во областа на здравството, како што се медицинските сестри. Станува збор за спроведување на процесот за континуирано унапредување на знаењата и вештините, зајакнување на образовната структура и програмите за медицински сестри и акушерки.Министерот Филипче истакна дека од исклучителна важност е да се посвети внимание на статусот на здравствените работници, да се изнајде начин за негово унапредување.- Важни ни се човечките капацитети во здравствениот сектор, нивната посветеност на работата и секако подобри резултати. Ова се работи што се постигнуваат со континуирана посветеност и секако дополнителни финансиски средства. Се обидуваме да ги подобриме состојбите, кои со години деградирале, се обидуваме со системски промени да направиме разлика. Резултатите допрва ги очекуваме. Почнавме со зголемување на личните примања на здравствени работници за пет проценти, а ова година за дополнителни пет проценти ги зголемуваме платите на медицинските сестри. Како дополнителен стимул беше и реализацијата на зголемувањето на надоместокот за дежурства, ноќен труд и дополнителна работа на сестрите, кои работат во клиниките и болниците, изјави министерот за здравство на Република Македонија.Тој додаде дека овој е само дополнување на вреднувањето на трудот на здравствените работници и е една од мерките за да се задржи медицинскиот кадар во земјава.- Решени сме да направиме вистински позитивни промени во здравствениот сектор. Со најновите измени на Законот за здравствена заштита решивме повеќегодишен проблем и овозможивме преземање во јавното здравство на медицински сестри, кои претходно работеле во приватни здравствени установи, основани под закуп во здравствените домови, а кои во меѓувреме останале без работа поради затворање на ПЗУ, потенцираше министерот Филипче.Министерот за здравство информираше дека со Здружението на медицински сестри заеднички се реализира проектот за вонболничка постоперативна грижа на пациентите по извршена интервенција.За министерот за здравство, Венко Филипче од ваквите средби произлегуваат искуства и знаење за унапредување на состојбите во здравството и тие се од исклучително значење за развивање на нашите капацитети во здравствениот сектор.

Македонија | пред 7 години

guaido-nicolas-maduro

(ФОТО) Мадуро или Гуаидо? Народот нема што да јаде, хиперинфлацијата го направи своето

Рим со вето го блокирал соопштението на ЕУ дека го признава Хуан Гуаидо како привремен лидер на Венецуела ако претседателот Николас Мадуро одби да распише предвремени избори.Велика Британија, Шпанија, Франција и Шведска денеска го признаа шефот на опозицијата во Венецуела, Хуан Гуаидо, како вршител на должноста лидер, откако претседателот Николас Мадуро пркосно го отфрли ултиматумот од европските земји да свика предвремени избори.Мадуро брзо го отфрли крајниот рок, велејќи: „Никој нам не може да ни поставува ултиматум“.САД и уште неколку земји од Латинска Америка плус Албанија веќе застанаа на страната на опозицијата.Друга група земји, пак, меѓу кои и Русија, Иран, Турција, Куба, Боливија и Никарагва, го поддржаа претседателот Мадуро.Инаку додека светските сили се препукуват кој ќе ја води Венецуела, народот нема што да јади. Во многу супермаркети во Венецуела, имено полиците веќе подолго време се празни. Речиси и да нема никакви производи. А дури и кога има прехранбени или други производи за секојдневни потреби, повеќето Венецуеланци не можат да си ги дозволат, поради хиперинфлацијата во земјата. Еден килограм риба во моментов чини двојно повеќе од просечната месечна плата. Прехранбени производи на населението му распределува власта. Пакетите го содржат само основното: има ориз, леќа и масло.Фото: www.dw.com

Свет | пред 7 години

cavkov

Адвокатот на Чавков - Дуковски: Не постои вина кај Чавков за кривичното дело

На денешното рочиште за случајот „27 април“ одбраната и 17-те обвинети ги даваат своите завршни зборови. Прв завршен збор даде адвокатот на Митко Чавков, Сашко Дуковски:– На крајот сме на еден од најголемите предмети, и со самото тоа одговорноста за правилно постапување и примена на законот и носење на секоја одлука мора да се базира на правилна оценка и анализа на секој доказ поединечно се со цел да се донесе законски заснована пресуда. Одговорноста е голема. Ќе се осврнам на неколку круцијални работи. Не постои вина кај Чавков за кривичното дело кое, според завршните зборови на обвинителката Русковска, во кој е кажано дека го загрозиле животото на присутните. Во случајов се работи за збир на сите дејствија, не знам зошто е така, но мислам дека овластениот тужител сметал дека со ставање на повеќе наводни дејствија на извршување обвинето ќе виде поиздржано. Сметам дека за вакво кривично дело пола реченица не може да биде доста за некој да биде обвинет и тоа наводно дејствије да биде извршено токму на 27 април и со тоа да се исполни законското битие за делото за кое се терети., рече Дуковски.

пред 7 години

f7dk9lLaHR0cDovL29jZG4uZXUvaW1hZ2VzL3B1bHNjbXMvTnpVN01EQV8vNzI4ZjQzNTUzMGM1N2JkZmE5NzM2MDYzYzFhOTJlZmUuanBnkZMCzQLkAIGhMAE

Ноќеска опожарени - дуќан во Скопска чаршија и угостителски објект во Бутел

Дуќан во Старата скопска чаршија и угостителски објект во општина Бутел ноќеска се опожарени при што е причинета материјална штета. Материјалната штета во двата пожара се проценува на околу 300 илјади денари.Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје со четири возила и 11 пожарникари интервенирала од 23:13 до 00:55 часот на пожарот во Старата скопска чаршија, а од 03:55 до 05:25 часот седум пожарникари со три возила го гаснеле пожарот во угостителскиот објект на булеварот „Христијан Тодоровски-Карпош" во општина Бутел.

Скопје | пред 7 години

ucebnici

Фактор: Во четири очи планирани се над 11 милиони евра, за нов рекорден договор за учебници во 2019 та

Во две набавки, без објавување на претходен оглас туку во преговори, Министерството за образование и наука и годинава ќе ги купува учебниците за основно и средно образование. Ова стои во планот за јавни набавки за годинава кој министерот Арбер Адеми го потпишал пред неколку дена. Само овие две набавки вредат вкупно 680 милиони денари што ќе ја направи оваа институција, повторно, меѓу тие кои се најголеми потрошувачи на годишно ниво. Проценето е учебниците за основно образование да чинат 586 милиони денари, додека тие за средно образование 92 милиони денари. И двете набавки во четири очи се планирани во текот на мај и јуни, објави порталот ФАКТОР.-Инаку годинава планираните јавни набавки на Минситерството се во вкупна вредност од над 1,2 милијарди денари. Тоа значи дека повеќе од половина од вкупно планираната сума за јавни набавки се предвидени за учебници. Рехабилитација на основни и средни училишта со 75 милиони денари е на трето место, а понатаму планирани нови договори според висината на сумата е набавката на интернет за пренос на податоци од училиштата и средните домови (30 милиони), опремување на лаборатории на основните училишта (31,43 милиони денари), санација на мензата во студентскиот дом „Гоце Делчев“ (27 мил.), довршување на фискултурна сала во ОУ во село Дебреше (32 мил) и реконструкција на земјоделското училиште Кочо Рацин (30 мил.) итн, пишува порталот.Целата вест прочитајте ја на ФАКТОР

Македонија | пред 7 години

PS-STRUGA

Инцидент пред струшка пекара

На трети овој месец, околу 14 часот, пред пекара лоцирана на улицата „ЈНА“ во Струга, нарушен е јавниот ред и мир во кој, А.И.(23) од струшкото село Радолишта, бил физички нападнат од А.С. (28), М.С.(53), двајцата од струшкото село Велешта, и од уште едно, засега непознато лице.А.С. и М.С. се повикани на разговор во полициската станица во Струга а се преземаат дополнителни мерки за идентификација на третиот учесник во нарушувањето, по што ќе биде понесена соодветна пријава.

Македонија | пред 7 години

skadarsko_jezero

Уапсен монах од манастирот Врањина поради несреќата на Скадарското езеро

Монахот од манастирот Врањина, Горан Кимпанов е уапсен поради трагедијата што се случи вчера на Скадарското Езеро, во која животот го загубија четири лица.Порталот Б92, пренесува дека монахот Кимпанов се товари а дело „општа безбедност и предизвикување општа опасност“.Инаку трагедијата во кој згина четири лица откако чамец се превртел денеска на Скадарското Езеро, во близина Врањина во Црна Гора, го потресе регионот. Се работи за тричлено семејств, а жената била бремена и момче, кое се обидело да ги спаси.Чамецот со неколку лица бил во обиколка на тамошниот манастир, но поради невреме од силен ветер и големи бранови чамецот се превртел.Еден од лицата кои биле во чамецот успеало да доплива до брегот. Тој за медиумите изјавил дека во несреќата настрадале мајка, татко, ќерка и момче што се обидело да ги спаси.

Свет | пред 7 години

mati

Почина еден од најдобрите ски скокачи

Вчера во својата 56та година почина еден од најголемите ски скокачи на сите времиња, легендарниот Финец, Мати Никенен.Во својата кариера освои се што можеше да се освои и стана икона и симбол на овој спорт во осумдесеттите години. Никенен има освоено четири олимписки злата и едно сребро, а пет пати се искачил на тронот на Светските првенства.Откако стави крај на кариерата имаше проблематичен живот поради проблем со алкохолот, а во 2004 година беше осуден на 13 месечна затворска казна поради тоа што избодел пријател во бар во Финска.Никенен поради својот девинактен живот брзо банкротираше, па мораше да ги продаде сите освоени медали и трофеи за да преживее.

Спорт | пред 7 години

sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е во паника и бара алиби за изборниот пораз во измислени и нереални причини

Антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ е во паника од успехот на Македонија и членството во НАТО, вели во соопштението од центарот за комуникации со јавноста на СДСМ.Во продолжение од СДСМ додваат:Македонија седнува на своето столче во НАТО, Мицкоски стравува за своето опозициско столче во ВМРО ДПМНЕ.ВМРО ДПМНЕ знае дека ги чека пораз на избори, знаат дека немаат поддршка кај граѓаните, освен деструкција и блокади не нудат ништо добро за државата и нејзините граѓани.Затоа ВМРО ДПМНЕ бара алиби за извесниот изборен пораз во нереални и измислени причини.Измамите, изборните манипулации, злоупотребата на институциите пред избори се симбол на криминалното вледеење на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа го потврдуваат и бројните судски предмери за изборни нерегуларности што се водат против нив пред наделжните судови.Наместо очајнички да бара алиби преку измислици, Мицкоски и антизападното раководството на ВМРО ДПМНЕ во белиот дворец нека се подготват за пораз на какви било избори кои ќе бидат фер, слободни и демократски, се вели во соопштението од центарот за комуникации со јавноста на СДСМ.

Македонија | пред 7 години

bitola

ЈКП „Комуналец“ ќе се грижи за уличното осветлување во Битола

Со одлука на Советот на Општина Битола, на ЈКП „Комуналец“ му е пренесено правото на сервисирање и тековно одржување на електричната мрежа за уличното осветлување на подрачјето на Општина Битола, за градот Битола. По примерот на веќе успешно реализираното осветлување на територијата на Општина Битола во приградските населени места, во неполн месец, ова јавно претпријатие покажа дека има капацитет и опрема соодветно да го менаџира и уличното осветлување во централното градско подрачје, посочи директорот Панде Богоевски.„Во опфатот на градското подрачје, содржан во договорот, има 7941 улично светло. Досегашните договори со приватните фирми, опфаќале одржување на уличното осветлување во делот на менувањето на прегорените сијалици и доколку постоел одреден дефект, истиот да биде отстранет. Со сегашниот договор, ЈКП „Комуналец“ покрај тековното одржување и менување на уличните светилки, ќе вложува и во квалитетот на самата улична мрежа, односно ќе се врши замена на одредена улична сијалица со поквалитетна и појака во однос на осветлувањето, доколку се процени дека за тоа место има потреба од појако осветлување. Таа замена ќе биде со поквалитетни светилки, кои иако се поскапи, на подолг рок даваат заштеда на електричната енергија, што значи општината ќе плаќа помалку пари за улично осветлување“, рече Богоевски.Уште една од новините во однос на уличното осветлување е наплатата. Досега, без разлика на извршената работа, ангажираните фирми биле паушално фиксно исплаќани за одржувањето на уличното осветлување, а сегашниот нов договор предвидува исплата по извршена работа. Тоа значи дека врз основа на дневни извештаи потпишани од надзор на опшината и јавното претпријатие и по конкретно извршена работа, ќе биде исплатена извршената конкретна работа. На овој начин, општината ќе има можност за поголем увид во трошоците, но и за поголеми инвестиции во однос на уличното осветлување во градот.„Граѓаните благовремено ќе бидат известени на кој начин ќе можат да пријават одреден проблем во однос на уличното осветлување“, информираше директорот на ЈКП „Комуналец“,Панде Богоевски.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања