Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Скопје1.мк

gordana-siljanovska

Петруш Стефанов: Гордана Сиљановска политички и како личност е три копја над Ѓорге Иванов

Поранешниот Министер за стопанство Петруш Стефанов, на Фејсбук коментираше дали Гордана Силјановска треба да биде Претседател.“Пред десет години поголема група универзитетски професори, академици и еминентни јавни личности ја поддржаа иницијативата Ѓорге Иванов да биде кандидат за престедател на Република Македонија. И, што се случи!?Дотогаш скромниот и демократски ориентиран професор се изроди во слуга на деспотот Никола Груевски и останува забележан како најлош претседател на Република Македонија.Наместо татко на нацијата имавме расипан очув. Иницијативата за кандидирање на почитуваната професорка Гордана Сиљановска Давкова ме потсети на тоа што го напишав погоре.Гордана и интелектуално и политички и сигурно и како личност е три копја над Ѓорге Иванов и во право е кога вели дека споменатата иницијатива ја поттикнала сериозно да размисли околу евентуално кандидирање за претседател на државата.Како нејзин колега во првата политичка влада на Република Македонија (нејзиниот придонес во градењето на политичкиот систем на младата самостојна држава беше голем, иако недоволно експониран), и’ предлагам, во овој галиматијас на про и контра кандидирање, да го земе предвид и искажувањето на Денко Малевски во врска со истото прашање и спомнувањето на неговото име како можен кандидат за претседател.Досега имавме очув на нацијата. Во ова крајно нервозно, дури крволочно време на нацијата и’ треба МАЈКА”, стои во објавата.

Македонија | пред 7 години

IMG_0665

Дискусија „Соработка со граѓански организации за ЕУ проекти“ се одржа во Општина Кисела Вода

Денес во големата сала на Општина Кисела Вода се одржа отворена дискусија на тема „Соработка со граѓански организации за ЕУ проекти“.„Претставници од Општина Кисела Вода, членови на Советот на Општината заедно со претставниците на граѓанските организации дискутираа за можна идна реализација на проекти на територијата на локалната самоуправа. Можностите за проекти финансирани од Европската Унија, програми и фондови на присутните им ги објасни Зоран Стојковски, директор на ПРОЕФЕКТ. Присутен на настанот беше секретарот на Општина Кисела Вода Александар Алексовски“, велат од Општина Кисела Вода.

Скопје | пред 7 години

Vozac-JSP

Возач на ЈСП за пример, на скопјанец му го вратил паричникот со цела плата

За делото на возачот Мирослав Деспотовиќ, возач во ЈСП, ќе се зборува долго време. Тој пронашол паричник со многу пари и лични документи. Веднаш пријавил во во внатрешната контрола на јавното претпријатие, пишува Независен.Лено било констатирано дека сопственик на паричникот е скопјанецот Фериз Шабани, по што бил исконтактиран и бил информиран дека неговиот паричник е пронаден.„Пресреќен сум, плачев од радост. Во паричникот ми беше целата плата, имав 10.000 денари и 200 евра. Да не зборувам дека внатре беа мојата и личната карта на мојата сопруга и сите други документи. Не знам како ќе преживеев без парите, до следната плата. Премногу сум благодарен што сè уште постојат чесни луѓе“, вели Шабани.Несекојдневниот настан се случил деновиве во автобусот број „53“, кој сообраќа од Транспортниот центар до Катлановска бања.Од јавното претпријатие велат дека возачот ќе биде награден за својата чесност.

Македонија | пред 7 години

Vrhoven-sud

Врховен пресече: СЈО веќе нема основа да поведува истраги

Врховниот суд донесе одлука со која ја оспорува надлежноста на СЈО да води нови истраги. Имено , СЈО може да покрене обвинение во период не подолг од 18 месеци од преземањето на предметите и материјалите од неговата надлежност, и по истекот на тој рок не е овластен тужител за преземање на предистражни и истражни дејствија предвидени со Законот за кривична постапка.Ова е денешниот заклучок од денешната општа седница на Врховниот суд зад затворени врати за иницијативата поднесена од двајца адвокати Боро Тасевски и Еленко Миланов, кои се бранители на обвинети во повеќе случаи на СЈО. Со ваквиот став на Врховниот Суд станува проблематична надлежноста на СЈО врз предметите Империја и Талир, како и истрагите и предистражните постапки кои сега се водат во ова обвинителство. Неофицијално од 19 врховни судии присуствувале 17 а одлуката Врховен ја донел со огромно мнозинство.Со ова одлука, врховните судии сметаат дека СЈО нема надлежност да ги води предметите како „Империја“, „Актор“, „Попис“ и уште многу други кои ги превзеде од редовното обвинителство. Покрај тоа се доведува и под знак прашалник опстојувањето на обвинеието за незаконското финансирање на ВМРО ДПМНЕ и незаконската изградба на партиското седиште под име Талир за кој веќе е и определен датум за судење во кој обвинети се Никола Груевски, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Илија Димовски, Леко Ристоски и Елизабета Чингаровска. Но и десетици отворени истраги како Попис во кој осомничени се Груевски и Али Ахмети, Моќник – во кој осомничен е Антонијо Милошоски, Актор – во кој меѓу осомничените се Груевски и Јанакиески, но и Друмарина во кој е осомничена Силвана Бонева.Од Специјалното обвинителство засега нема коментар за мислењето на Врховен.

Македонија | пред 7 години

najcevska

Најчевска: Бегството на Груевски е организирано од ДУИ

Професорката Мирјана Најчевска на својот Фејсбук профил напиша дека бегството на Груевски било организирано од страна на неговиот соработник во криминалот - ДУИ.„Се поверојатно е дека бегството на Груевски го организирал неговиот долгогодишен партнер и соработник во криминалот - ДУИ.Отсуството на сериозна истрага и измотавањето со јавноста мора да заврши. Или дајте резултати од истрагата или поднесувајте оставка. Од министер за внатрешни работи, преку министерка за правда, преку Републички јавен обвинител, па судии и секако оние од СЈО кои не побарале притвор за Груевски.Бегтсвото е очигледно политички организирано и политичарите треба да одговараат. Заштитата на организаторите и заташкувањето на трагите кои водат кон политичкиот помагач е кривично дело“, напиша Најчевска.

Македонија | пред 7 години

apasiev

Апасиев: Комуњариве се осоколија, па крадат ко да ќе нема утре

Професорот Димитар Апасиев на својот Фејсбук профил ги коментира низата криминални и коруптивни скандали поврзани со актуелната власт.„Дечки, не може бе иста рецептура за различни болештини… Не’ фаќаат на кондиција. Вмровците бар можевме да ги пратиме у скандалите. Комуњариве се осоколија, па крадат ко да ќе нема утре. Треба да смениме стратегија. Не бива више со сите учтиво! Наравоуение: Со сељаците – СЕЉАЧКИ. Со интелектуалците – ИНТЕЛЕКТУАЛНО“, пишува Апасиев.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Валандово - Удово во прекин, магла на неколку патни правци

На патниот правец Р1105 Валандово – Удово пред клучката кај Калковска Река од 16.30 часот сообраќајот е во целосен прекин поради расчистување на водата и наносите од земја на коловозот од страна на екипите на Ј.П. Македонијапат. Сообраќајот се пренасочува преку Р1401 Валандово – Брајковци – Балинци – Марвинци и обратно.Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните служби на ЈП Македонија пат. Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има на патниот правец Тетово – Попова Шапка, до 100 метри на Страцин, од 100 – 150 метри на патниот правец Неготино – Радовиш, до 100 метри на планинскиот превој Ѓавато и до 50 метри на планинскиот превој Плетвар.На патниот правец Струга - г. п. Ќафасан (до с. Франгово) поради оштетување на коловозот, брзината е ограничена на 40 км/ч.

Македонија | пред 7 години

image00015

Општина Карпош ќе субвенционира нови велосипеди

На денешната седница на која заседаваше Советот на општина Карпош, советниците едногласно одобрија 300.000 денари финанска помош, која ќе биде наменета за карпошанката Снежана Караџоска, врз која треба да се изврши оперативен зафат во странство, кој подразбира имплантација на протези на нозете. На седницата се изгласа и повторното субвенционирање на велосипеди за Карпошани. Локалната самоуправа ќе субвенционира 20% од вредноста на купениот нов велосипед, но најмногу до 3.000 денари. Акцијата ќе трае од 1. Февруари, се до исцрпување на предвидените средства од 500.000 денари.Советниците дадоа „зелено светло“ и за Предлог-одлуката со која ќе се одобрат финансиски средства за реализација на програмскиот проект „Инклузија на деца од ромска популација во ЈУОДГ „Пролет““. На оваа седница се одобри и финансиска поддршка за поддршка на спортски клубови од подрачјето на Општина Карпош за 2019 година.Со одлука на Советот ќе се финансираат и проекти од културата за правни и физички лица од подрачјето на локалната самоуправа, како и од областа на детската, социјалната и здравствената заштита за физички и правни лица.Како една од позначајните точки од аспект на заштита на животната средина  беѓе усвојувањето на  Локалниот еколошки акционен план, ЛЕАП-2 за Општина Карпош за наредните шест години, односно за периодот 2019-2024, кој претходно   беше презентиран и усвоен од Локалниот комитет за изработка на овој план.Исто така се усвоија и  Извештајот за реализација на Програмата за урбанистичкото планирање, од областа на екологијата и енергетската ефикасност, од областа на развој и уредување на градежното земјиште за 2018 година. Покрај овие  Заклучоци се усвоија и извештаите за реализација на Програмата за активностите на Општина Карпош во областа на културата, од областа на спортот, детската , здравствената и социјалната заштита и од областа на образованието за 2018 година.Советниците ја прифатија и донацијата од Друштвото за одгледување на украсни билки и хортикултура „ ХОРТИ ДИЗАЈН ДОО“ увоз-извоз Скопје. 

Скопје | пред 7 години

Dfek9lLaHR0cDovL29jZG4uZXUvaW1hZ2VzL3B1bHNjbXMvTURZN01EQV8vNzRhNTUzODg1ZjZmMzc1MTRhZGMxNTY1MzNkN2VkNDcucG5nkZMCzQLkAIGhMAE

(ВИДЕО) Полицаец и негов пријател претепале двајца малолетници во Врање

На српските медиуми се појави видео снимка на која може да се забележи како полицаец и негов пријател претепуваат двајца малолетници во Врање.Српски "Блиц" потврди дека едно од лицата е припадник на полицијата.Настанот се случил на 13 јануари во дворот на гимназијата "Бора Станковиќ". Според информациите на тепачката и претходело демолирање на кафулето чии сопственици се полицаецот и неговиот пријател.https://twitter.com/tanyajankovic/status/1089482689873408000?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1089482689873408000&ref_url=https%3A%2F%2Fporta.mk%2Fdeca-od-vranje-maltretirale-vraboteni%2F  

Свет | пред 7 години

govor-na-omraza-4

Потпишана декларацијата против говорот на омраза во медиумите

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски и директорот на Бирото за јавна безбедност при Министерството за внатрешни работи, Сашо Тасевски, денеска, во ЕУ Инфо центарот во Скопје ја потпишаа Декларацијата против говорот на омраза во медиумите.Декларацијата произлезе од Иницијативата на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, за формирање Мрежа за борба против говорот на омраза во медиумите и ја потпишаа сите членки кои пристапија кон Мрежата.Основна цел на Мрежата е превенција на ширењето на говорот на омраза во јавната сфера, зајакнување на професионалното и етичко вршење на новинарската дејност и подигнување на свеста на медиумските работници и пошироката популација за негативните последици од говорот на омраза и наоѓање начини за нивно спречување.На настанот свои обраќања имаа извршната директорка на СЕММ, Марина Тунева, шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Клеменс Која, Катерина Синадиновска, претседателка на Управниот одбор на СЕММ и Мирче Адамчевски, претседател на Комисијата за жалби при СЕММ.Со новоформираната Мрежа ќе се остварат цели во насока на превенција и заштита на јавноста од повреда на човековите права преку говорот на омраза и лажните вести, а во насока на транспарентност и подобрување на состојбите во медиумската сфера.На настанот беше посочено дека според последниот извештај од канцеларијата на претставникот на ОБСЕ за слобода на медиумите, Харлем Дезир, во Македонија ситуацијата со слободата на медиумите како и безбедноста на новинарите е значително подобрена и дека позитивно се оценуваат одлуките на актуелната Влада за подобрување на законските рамки и продолжување на реформите во медиумската сфера.Беше изразено и уверување дека денеска објавената Мрежа и потпишаната Декларација ќе придонесат за систематски пристап против говорот на омраза и континуирано ќе се работи на идентификација на проблемите поради кои таа се појавува, со цел да се отстранат негативните влијанија.Во однос на статистичките податоци за регистрирани појави на изразена говор на омраза и на други видови дискриминација, беше истакнато дека тие во последниот период, по промената на власта бележат намалување.Оваа иницијатива е значајна од аспект на обединување на повеќе општествени алки, како што се државните институции, медиумите и невладините организации кои заеднички треба да го превенираат ширењето на говорот на омраза во јавната сфера, но и да реагираат кога е потребно санкционирање на негативните појави. Потпишувањето на Декларацијата има за цел да покаже дека постојат здружени сили кои имаат намера да го запрат говорот на омраза и било каква друга дискриминација.Мрежата ја сочинуваат претставници на професионалните медиумски и новинарски здруженија, државни тела за заштита на човековите права, државни и регулаторни тела и граѓански организации, но според СЕММ процесот за приклучување на сите заинтересирани субјекти е отворен.Со потпишувањето на Декларацијата од страна на претставници на министерствата и државните институции, Владата на РМ ја потврдува својата заложба за слобода на изразување, поддршка на професионалните етички стандарди и борба против говорот на омраза.

Скопје | пред 7 години

portparoli

(ВИДЕО) Редовна прес-конференција на портпаролите на Владата на Република Македонија, Бошњаковски и Хоџа

Редовна прес-конференција на портпаролите на Владата на Република Македонија, Бошњаковски и Хоџа... 

Скопје | пред 7 години

BeFunky-collage-15-800x411

Пет лица под истрага за претепаните полицајци во Шуто Оризари

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против пет лица  за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Насилство од член 386 став 6 во врска со став 1 од Кривичниот законик.Осомничените на 28.01.2019 година, во близина на поликлиниката во Шуто Оризари, во група заедно со други лица, извршиле грубо насилство врз тројца оштетени. Бидејќи осомничените се сомневале дека оштетените лица наводно грабнале дете од Шуто Оризари, тие ги пресретнале и насилно ги извлекле од патничкото моторно возило Хјундаи галопер без регистарски таблици. Иако тројцата оштетени им кажале дека не знаат за што се работи, а еден се легитимирал со службена легитимација и им кажал дека е вработен во МВР, петтемина осомничени физички ги нападнале, удирајќи ги со тупаници и клоци.Притоа еден од оштетените се здобил со тешки телесни повреди и е во животна опасност, додека останатите двајца се стекнале со телесни повреди. Со ваквите дејства, осомничените кај останатите присутни предизвикале чувство на несигурност, загрозување и страв.Ценејќи дека се исполнети сите законски основи, надлежниот јавен обвинител до Судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 Скопје достави и Предлог за определување мерка притвор за петтемина осомничени

Македонија | пред 7 години

irena-ristic

Ирена Ристиќ на ФБ: украле 19.000.000 од пензиски фонд, магаре од Ѓорче купуе џип, Оли е уште со истата фризура...

Актерката Ирена Ристиќ и еден од најпознатите активисти на шарената револуција удри по владата. Таа на ФБ објави статус:- украле 19.000.000 од пензиски фонд- нема кривична, сторител, санкции- ќе се покрива од буџет, наместо од џебот на крадците- министер фолира вакцинирање на детуле од семејството, со мед. сестра без ракавици, но со мрсно косиште, општ хаос, родители у паника- оние си зголемуваат плата од 70.000 на 78.000- магаре од Ѓорче купуе џип- заменик министер постира романтики вина и камини од друга планета- Садула Вентили се топи гледајќи како блескаме на прво место у смрт- Оли е уште со истата фризура- се собираат да му ја укинат платата на НиколчеА мене реално, пошто не се разбирам у политика, ме мачи само едно прашање - дали Мира редовно зема патни трошоци?, напиша Рстиќ на ФБ.https://www.facebook.com/irena.ristic.779/posts/10157131665879726

Скопје | пред 7 години

proekti-turizam-2

(ВИДЕО) 49 милиони денари за 12 невладини организации и асоцијации - за проекти за развој на туризмот во Македонија

Вкупно 49 милиони денари се распределени на денешната свеченост за доделување на договори на 12 невладини организации и асоцијации, за спроведување на проекти со кои ќе се поттикне локалната и регионалната конкурентност во туризмот. Овие средства се доделени преку Проектот за локална и регионална конкурентност кој се спроведува преку заедничка соработка на Владата на Република Македонија, Делегацијата на Европската Унија и канцеларијата на Светска банка.Заменикот претседател на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев, кој ја отвори свеченоста, истакна дека вкупната вредност на Проектот изнесува 18 милиони евра, средства кои во најголема мера се обезбедени од ИПА фондовите, како и од буџетот на Република Македонија и од Светска Банка, а на денешната свеченост се доделуваат договори за еден од трите сегменти, наменети за невладини организации и асоцијации кои работат во туристичкиот сектор. Другите два сегменти кои се опфатени со Проектот за локална и регионална конкурентност се грантови за микро и мали претпријатија, а најголемиот дел од средствата се наменети за реализација инфраструктурни проекти за поттикнување на туризмот во определени општини.„Набрзо се очекува потпишување на договори и за двете други компоненти. Јавните повици се завршени, поднесени се апликации, завршена е евалуацијата, очекуваме за скоро време да се комплетираат сите потребни административно технички работи и да се пристапи и кон потпишување на договори и за останатите средства. Преку грантовите кои се доделуваат на асоцијациите и невладините организации, очекуваме да се подобри туристичкиот пристап и понуда. Станува збор за интересни и диверзифицирани проекти, како што се рекреативното падобранство, летање со балони, скијање, јавање на коњи, со кои се покажува инвентивноста и креативноста на асоцијациите. Туризмот има голем потенцијален на раст, во последните години се бележи континуиран пораст на туристи, а со овие проекти на креативен начин се обидуваме дополнително да ја стимулираме локалната и регионалната конкурентност на туризмот“, потенцира Анѓушев.Директорот на канцеларијата на Светска Банка за Македонија и Косово, Марко Мантованели, посочи дека туризмот во светски рамки е значителен економски сектор, кој учествува со 10% во глобалниот Бруто домашен производ, застапеност со 7% во вредноста на меѓународната трговија и вкупно 30% од извезените услуги ширум светот.„Услугите се еден од начините да се зголеми потенцијалот за економски раст. Со овој проект се стимулираат асоцијациите, невладините организации, општините и малите и микро претпријатија да креираат проекти, но и да се развиваат капацитети да се планира идниот развој на туризмот. Планираниот туристички развој може да има многу позитивно влијание. Со овој проект ќе се придонесе кон изградба на нова инфраструктура, зачувување на животната средина, ревитализација на локалитетите, ќе се поттикне конкурентската предност на различни дестинации, бидејќи не секоја локација може да привлече ист вид на туристи или квалитет на услуга “, подвлече Мантованели.Претставникот на Делегацијата на Европската Унија во Скопје, Фрејк Јанмат нагласи дека преку овој проект се промовираат туристички дестинации коишто не се доволно познати за странските туристи.„Македонија се открива и мислам дека туризмот ќе продолжи да се развива, дали преку организирани тури на странски туристи или пак преку индивидуални аранжмани преку кои ќе се откриваат одредени дестинации. Македонија има повеќе езера и планини, кои нудат можност за спортски активности, релаксација, но постојат и други помалку очигледни можности за развојот на туризмот, преку промоција на уметноста и старите занаети застапени во Македонија. Задоволен сум што ЕУ може да помогне со финансиски средства за поддршка на туризмот, кој во изминатите години бележи раст од 6-7, а со тоа го зголемува учеството во Бруто домашниот производ“, рече Јанмат.Директорката на Проектот за локална и регионална конкурентност, Антонија Шишак кажа дека јавниот повик беше распишан во март минатата година, на кој имаа можност да аплицираат широк спектар на корисници, вклучувајќи ги општините, јавните установи, регионалните плански центри, образовните установи, центрите за обука, невладините организации и микро и малите претпријатија.„Критериумите за селекција беа однапред утврдени и објавени во Прирачникот за грантови заедно со деталните процедури за начинот на аплицирање и спроведување на повикот. Оценувањето на поднесените предлог под-проекти беше извршено од страна на група на надворешни експерти од различни области, избрани на претходно објавен јавен повик“, истакна Шишак.

Скопје | пред 7 години

buhova

Државниот санитарен и здравствен инспекторат смирува: Забен техничар кој не бил во контакт со пациенти Е заразениот со МРСА

Вработениот во Универзитетскиот стоматолошки центар „Св. Пантелејмон“ кај кого е потврдено присуство на опасната бактерија МРСА, работи како забен техничар во лабораторијата за мобилна техника и не бил во контакт со пациенти, изјави директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), Ирина Бухова.Не постои никаква опасност за ниту еден пациент кој бил во претходниот период или ќе биде пациент во Универзитски стоматолошки клинички центар „Св. Пантелејмон“во Скопје, затоа што во заботехничките работилници каде работел вработениот, кој е забен техничар и кај кого во отпечаток од раце во Институтот за микробиологија е најдена бактеријата МРСА, се работи исклучиво со заштитни ракавици и има доволно средства со кои се дезинфицираат забните одливци при прием. Во моментот исклучена е секаква можност за ширење на зараза со оваа бактерија.Според Бухова, преземени се сите неопходни мерки односно се што е пропишано со закон. Таа посочи дека нивни инспектори веднаш излегле на терен и извршиле вонреден инспекциски надзор.-Уште во текот на вчерашниот ден кога вработениот ја информирал институцијата за наодот кој го има повеќе не се вратил на работа. Во текот на вчерашниот ден консултирани се и во контакт стапиле членовите на нивната Комисија за интрахоспитални инфекции. Комисијата денеска заседаваше и донесе заклучоци. Нашиот инспекциски надзор ги потврдува заклучоците кои се донесени и кои се наложени и со решение и од наша страна. Пациентот односно вработениот кај кој има изолирано бактерија нема да се врати на работно место, додека не се добие негативен резултат, односно не се докаже дека бактеријата веќе не е присутна, потенцира Бухова.Појасни дека во текот на вчерашниот ден е извршена вонредна дезинфекција на просториите во Стоматолошки клинички центар, за утре е закажана вонредна дезинфекција од Центарот за јавно здравје Скопје, а во тек е комплетен здравствен преглед на сите вработени во таа јавна здравствена установа.-Во текот на денешниот ден веќе првите 90 вработени ќе го поминат вонредниот медицински преглед. Нашиот инспектор немаше контакт со вработениот, бидејќи тој веќе е на боледување. За текот на неговата болест, кога ќе спроведеме вонреден инспекциски надзор ќе можеме да дадеме подетални информации. Вонредните здравствени прегледи се наложени и од Комисијата за интрахоспитални инфекции и од ДСЗИ, меѓутоа тие се вонредни и ќе се спорведат на околу 300 вработени. Досега ниту еден од вработените во Стоматолошкиот клинички центар нема никаков симптом, додаде Бухова.

Скопје | пред 7 години

gruevski-mala

Екс премиерот остана без пратеничка плата, Џафери гласаше воздржано

Вкупно 53 пратеници гласаа за нов член во Законот за плати на пратениците со кој се предвидува пратеник да го изгуби правото на надомест доколку е осуден на казна затвор поголема од 6 месеци. Ниту еден пратеник не беше против оваа измена на Законот. Со оваа одлука Никола Груевски останува без пратеничката плата, како осуден во случајот „Тенк“.Претседателот на Собранието, Талат Џафери, гласаше воздржано.-Не сум убеден во решението на Законот и затоа сум воздржан, но должен сум да ги почитувам процедурите на Собранието – рече Џафери.Подносители на предлогот беа Снежана Калеска Ванчева, Горан Мисовски, Мухамед Зеќири, Соња Мираковска, Реџеп Мемеди и Реџаил Исмаили.Според пратениците од ВМРО-ДПМНЕ неуставно е со нов член во Законот за плати на пратениците да му се укине платата на пратеник кој е осуден на казна затвор поголема од шест месеци.

Македонија | пред 7 години

voz

Вчера железничка несреќа во Македонија, но во исто време, датум и место пред 73 год, случена најголемта железничка несреќа во земјава

Пред 73 години, ноќта на 29-ти јануари 1946-та година во 23.20 часот, се случила најголемата Железничка несреќа во Македонија. Билансот на загинати 15. Несреќата се случила во близина на железничката станица Рајко Жинзифов, близу Велес. За овој настан нема информации, тешко се доаѓа до нив. Скромно во книга од велешкиот новинар Петар Алексовски во неколку реченици е забележана оваа несреќа.Возот кој вечерта тргнал од Скопје во 21 часот удрил во падната карпа, од одрон, кај месноста Влавчани на делот од пругата после Рајко кон Велес. Возот бил преполн со патници кои биле во 3-4 патнички вагони. Бидејќи во тоа време немало многу локомотиви, по повоена Македонија, со истиот воз на 5-6 товарни вагони се превезувало железнички шини и прагови за пругите кои се обновувале од војната. По ударот на локомотивата во паднатата карпа, освен што дел од патничките вагони излетале, во нив продреле дел од стоката која ја превезувале товарните вагони, шините. Тоа предизвикало да на лице место умрат 15 патници а 40 да бидат потешко повредени- запишал Алексовски.За оваа несреќа знае и велешанецот Владимир Пармаков. Неговиот татко бил еден од бројните повредени.Татко ми Андреја ми раскажуваше за несреќата. Тој се враќал од Тетово, каде како трговец имал работа. Се случила доцна ноќта, откако удрил во карпа која била на шините. Знам дека возот завршил во реката Вардар а бидејќи местото било тешко пристапно, војската која дошла на помош имала сериозни потешкотии да помага. На татко ми Андреја ногата му е тешко повредена и цел живот, до 91 година возраст тој имаше мака, такво било времето немало современи апарати за да се помогне - се присетува познатиот велешки угостител Пармаков.Меѓу загинатите патници имало лица од Битола, Валандово и други места. Во помош притекнала војската која ги вадела телата од згмечените вагони а мртвите и ранетите со тешкотии се пренесувале до Велес. Ранетите со возила на УНРА, со ,,џемсови ,,биле пренесувани во скопските болници, затоа што велешката не можела да им даде помош.Во Архивот на Република Македонија, пребарувајќи ги книгите на Македонски железници од овој период, никаде нема документ за оваа несреќа. ВО МЖ исто така немаат документација.

Македонија | пред 7 години

borisov_zaev

Бугарија го одобри нацрт-протоколот за пристапување на Република Македонија во НАТО

Бугарската влада го одобри нацрт-протоколот за пристапување на Република Македонија во НАТО. Со истата одлука, како што објавија бугарските медиуми, Владата на Бојко Борисов го овластила привремениот шеф на Постојаната делегација на Бугарија во НАТО да го потпише Протоколот за членство на Македонија во Алијансата.Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг на почетокот на неделава најави дека потпишувањето на Протоколот за приклучување на Македонија ќе се случи многу брзо, а шефот на македонската дипломатија Никола Димитров изјави дека очекува тоа да биде за недела до две.

Македонија | пред 7 години

negotino-veles

Возило излета од патот Неготино – Велес, Унгарци се здобиле со лесни телесни повреди

Утрово во 6,30 часот на патот Неготино – Велес во близина на наплатната рампа од патот излетало возило при што со лесни телесни повреди се здобиле две лица.Како што информира за МИА ,Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес станува збор за двајца странски државјани, Унгарци кои излетале од патот, кои се здобиле со помали телесни повреди. Тие, со возило на Итна помош биле однесени на преглед во велешката Општа болница.Од велешката ЈЗУ Општа Болница како што информира портпаролот Марина Андова утрово ,околу 8 часот во болницата биле примени двајца странски државјани, маж и жена на средни години.Двајцата биле амбулантски третирани од нивен лекарски тим и било констатирано дека имаа само нагмечувања по телото, а по лекарската интервенција биле пуштени од болницата.

Македонија | пред 7 години

plata-evra

Газда за пример - За да ги задржи вработените, платите им ги зголемил на 1500 евра месечно

Словенечката компанија Knauf Insulation која има 500 вработени, а е во сопственост на германското семејство Кнауф, има намера да ги зголеми платите на работниците во производство за 36 отсто во текот на следните шест месеци. Со промената на системот на плати, организирањето на деловните и работни методи, работниците во производство ќе добијат 1500 евра месечно или 18.000 годишно.Оваа фрма и досега важеше за една од подобро стоечките. Најниската плата со додатокот за работа во смени која за земале работниците била околу 950 евра нето. Компанијата одлучи на своите работници во Словенија да им даде поголеми плати со цел луѓето да си обезбедат пристоен живот во земјата и да останат во Словенија. Во исто време, тие сакаат да ги убедат оние кои ја напуштиле својата татковина да се вратат.

Свет | пред 7 години

JP-komunalec-2

(ФОТО и ВИДЕО) ЈП Охридски Комуналец се поднови - 7 комунални возила ќе дадат огромен придонес во ефективноста на работењето

Се модернизир вознот прк на ЈП Охридско Комуналец. Денеска беа презентирани 7 нови возила, набавени со кредит од Светска банка, во вредност од 450 000 евра. Со истата кредитна линија од претходната власт беа набавени 5 возила, меѓутоа кредитот е со грејс период и исплатата започна од февруари 2018.„На следната седница на советот овие возила ќе бидат доделени на користење на ЈП Охридски Комуналец. Ваквиот пристап на локлната самоуправа докажува дека работиме во интреес на граѓаните на општина Охрид и граѓаните на Охрид. Ова се неопхдни модернизации кои што се неопходни да се изведуваат во текот на годините. Со ова денешна презентација ЈП Охридски Комуналец значително го зголемува својот капацитет и услужноста кон граѓните се зголемува . Имавме прилика да видиме дека водевме битка со снегот изминатиот месец, па така сега имаме и трактор на кој би се поставил и нож, кој значително би ни ја олеснал работата во такви услови“, истакна в.д градоначалникот Константин Георгиевски.„Модернизација на возниот парк на ЈП Охридски комуналец, ја започна починатиот градоначалник Јован Стоански, а ја заврши сега в.д Градоначалникот Константин Георгиевски. Оој возен парк ќе даде огромен придонес во ефективноста на работењето на ЈП , а ќе намали и голем дел од расходните ставки на ЈП, затоа што досега најмногу расхорд имавме за набавка на резервни делови поради стара механизација“, истакна директорот на ЈП Охридски Комуналец, Љупчо Грданоски.Тој додава дека 3 кубичните возила посебно ќе бидат корисни за стариот дел на Охрид, каде досега имале проблем со исцедокот на комуналниот отпад , а сега како што вели со новиве кои се со така наречен када систем кој што нема да дозволи да истекува течност од комуналниот отпад. Грданоски објснува дека и 20 кубичното возило е со резервоар за исцедокот на комуналниот отпад.

Македонија | пред 7 години

stomatologija

Вработен на Стоматологија заразен од смртоносната бактерија МРСА

На Клиниката за стоматологија вработен во текот на денот се пожалил на симптоми кои укажуваат дека тој е заразен со бактеријата МРСА. Оттука за денеска е најавено дека на сите вработени денеска ќе им се направат испитувања за се види дали и колку од нив ја имаат оваа бактерија, објави Курир.мк.-Доколку навистина ја има оваа бактерија кај некој од вработените или има само симптоми Клиниката треба прво веднаш да се затвори и да започне постапка истата да биде уништена. Во исто време треба да се направат испитувања кај сите вработени, коментираат упатени.Сепак дел од стручната јавност посочува дека во ваква ситуација лицето кое ги има симптомите треба веднаш да биде ставено во изолација.Истите извори велат дека станува збор за бактерија која многу лесно се пренесува при ракување, допир, преку површина со која бил во контакт носител на бактеријата.-Токму поради ова е потребно затворање на Клиниката, бидејќи протокот на пациенти е голем. Таму има различни оддели како за деца, возрасни, протетика, велат упатени.МРСА е бактерија којашто е исклучително отпорна на антибиотици, а се пренесува со директен контакт со заболено лице или заразен материјал. Предизвикува опасни крвни инфекции, воспаление на белите дробови или инфекции на местото на хируршкиот зафат.Симптомите се појава на булбуси на кожата коишто се црвени, отечени, болни и топли на допир, како и висока температура, грозница, слабост, болки во мускулите и така натаму. Во случај на агресивен облик на болеста, доаѓа и до сепса, инфекции на срцевите залистоци или коските и воспаленија на белите дробови.

Скопје | пред 7 години

parkiraj-sovesno-1

(ВИДЕО)„Паркирај совесно“- проект за поголема безбедност во сообраќајот

Сообраќајната едукација и континуираното информирање- особено на младите, кои се и идни возачи, е една од суштинските алки во системот на превентивно делување за поголема безбедност во сообраќајот. Министерството за внатрешни работи преку одделенијата за превенција, како и преку организационите единици надлежни за спроведување на сообраќајните прописи е постојано инволвирано во разновидни проекти и кампањи, при што особена важност се посветува на работата со младите, рече министерот Оливер Спасовски на денешната промоција на проектот „Паркирај совесно“, кој се спроведува во соработка на МВР, град Скопје и општина Центар.-Овој проект всушност е еден од многуте проекти што се реализираат од страна на сообраќајната полиција и одделенијата за превенција. Во тесна соработка со локалните заедници, со училиштата, со Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата, но и со други институции кои што на еден или друг начин имаат надлежност во сферата на сообраќајот, полицијата постојано и максимално посветено работи на полето на подигање на нивото на сообраќајната култура- рече Спасовски.Покрај проектите во делот на превенцијата, полицијата во изминатава година драстично ги интензивираше своите активности и во делот на своите надлежности по однос на откривање и санкционирање на сообраќајните прекршоци. Во текот на минатата 2018 година на подрачјето на главниот град беа откриени над 26.000 прекршоци по основа на непрописно паркирање.Решавањето на проблемот со непрописно паркираните возила е особено важно за да се зголеми безбедноста на пешаците и велосипедистите, чии што простори за движење се узурпирани од непрописно паркирани возила. И овој проект е пример како со заеднички ангажман на институциите може да се работи на решавање на проблемите.

Скопје | пред 7 години

arashukov_rauf

(ВИДЕО) Рускиот пратеник уапсен поради истрага за убиство

Рускиот пратеник, Рауф Арашуков, уапсен е денеска во рускиот парламент, поради сомнение дека договорил две убиства.Истражителите се сомневаат дека Арашуков организирал убиства на две истакнати личности во Карачајево-Черкезија во 2010 година.Истражувачкиот комитет соопшти дека Арашуков, кој го претставува регионот Карачајево-Черкезија, северен Кавказ уапсен е откако во Горниот дом на рускиот Парламент на Советот на Федерацијата се гласаше за укинување на имунитетот.Арашуков е син на истакнат бизнисмен. Тој во 2016 година стана најмлад член на Советот на федерацијата на 31 година.Рускиот портал РБЦ минатата година повикувајќи се на неименувани извори блиски до истрагата објави дека три лица сведочеле против Арашуков обвинувајќи го дека организирал убиство на истакнат локален активист.

Свет | пред 7 години

pruga-veles

Во железничката несреќа на пругата Скопје – Велес, повредени машиновозачот и совозачот

Двајца повредени е билансот од синоќешната железничка несреќа на пругата Скопје – Велес, во близина на станицата „Рајко Жинзифов“ пред Велес.Товарен воз кој сообраќал на оваа релација налетал на одронета карпа и удрил во неа. Од ударот, локомотивата излетала од шините и удрила во метален столб.Несреќата се случи вчера околу 17.00 часот. Во истата со повреди се здобиле машиновозачот С.М.(23) од Скопје и совозачот Р.Б., и биле пренесени во болницата во Велес.Увид извршила екипа од СВР Велес.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања