Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Скопје1.мк

Mila_Carovska_Minister

МТСП: Пензиите не се кратат, туку растат

Министерството за труд и социјална политика најостро ги демантира штетните невистини на ВМРО-ДПМНЕ дека пензиите ќе се скратат за 400 денари месечно и манипулирањето на 300 илјади пензионери.„Ако некој ги кратеше пензиите тоа беше ВМРО-ДПМНЕ како претходна власт која правеше усогласувања надвор од законската рамка и не им го исплаќаше целото покачување кое ги следуваше со Закон.Оваа Влада се грижи за сите граѓани, за сегашните и за идните генерации пензионери и усогласувањето на пензиите ќе го прави два пати годишно и тоа 100% со порастот на трошоците на живот, наместо 50% како што беше претходно. Се воведува и и дополнително усогласување на пензиите од 1 април, доколку бруто домашниот производ во претходната година има реален пораст над 4%.Како за споредба, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во 2015 пензиите ги зголеми за 621 денар и тоа само за 4 месеци. Во 2016 исто така усогласувањето се правеше надвор од законската регулатива и пензионерите добија по 654 денари само за еден месец од календарската година. На овој начин пензионерите не добиваа усогласување на пензиите во текот на целата година туку 2 месеци пред избори. Во 2017 година усогласувањето е направено според Закон, а пензионерите за цела година добија покачување од 1.974 денари. Во 2018 година усогласувањето се направи исто така според Закон и пензионерите и покачувањето изнесуваше 4.362 денари за цела година.Исто така актуелната власт изминатите речиси две години обезбеди стабилна исплата и континуиран раст на пензиите. Доказ за тоа се статистичките параметри коишто покажуваат евидентен раст на пензиите во Македонија. Така, во 2016 година просечната пензија изнесуваше 13.754 денари, во 2017 година 13.954 денари, а во 2018 година 14.421 денари. Секој пензионер преку едноставна споредба на пензиските чекови може лесно да пресмета и докаже колкав е порастот на пензиите во изминативе 19 месеци. Манипулаците на ВМРО ДПМНЕ се штетни за граѓаните и пензионерите“, велат од Министерството за труд и социјална политика.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

(ВИДЕО) Ташевска: Граѓаните на Гази Баба се гушат во загадениот воздух, а СДСМ не презема ништо за откривање на причинителите

Граѓаните на Општина Гази Баба се гушат во загадениот воздух. Во континуитет ставот на амбиенталниот воздух покажува енормно високо присуство на ПМ честички, изјави Златка Ташевска од ВМРО-ДПМНЕ.„Локалната и централната власт на СДСМ не преземаат ништо за откривање на причинителите за ваквото загадување, ниту пак преземаат мерки за подобрување на квалитетот на воздухот. Ова е пример дека СДСМ едно зборува кога е во опозиција, а ништо не презема кога е на власт.Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија во Општина Гази баба на вчерашната седница донесе Одлука за итна набавка на прочистувачи на воздух кои ќе бидат поставени во детските градинки и основните училишта.ВМРО-ДПМНЕ секогаш ги застапува интересите на граѓаните во насока на подобрување на секојдневното живеење на граѓаните на Општина Гази Баба“, вели Ташевска.

Скопје | пред 7 години

Cistenje-sneg4

Фрлени 45 тони сол на улиците во Општина Аеродром

Зимската служба на Општина Аеродром синоќа и во текот на ноќта интензивно го расчистуваше снегот од улиците и пешачките патеки што се под нејзина надлежност, при што беа фрлени околу 45 тони сол.„Екипите го чистеа снегот од улиците и тротоарите во Горно и Долно Лисиче, во населбата Лисиче, кај поликлиниката „Јане Сандански“, околу трговскиот центар „Капитол“, „Три бисери“, „Скопјанка“, кај трговскиот центар „Бисер“, како и во населбите Мичурин и Острово.Општината располага со две сопствени возила за зимско одржување на улиците, а дополнително за расчистување на тротоарите и автобуските постојки беа ангажирани и сезонски работници.Зимската служба ќе ја следи состојбата и во текот на денот и ќе реагира согласно со условите на терен за да се обезбеди непречено движење на сите учесници во сообраќајот и поголема безбедност на граѓаните.Истовремено, Општина Аеродром апелира до граѓаните да го расчистат снегот пред своите дворови и влезовите на станбените згради, што е нивна законска обврска, со што ќе се овозможи проодност и непречен пристап до објектите“, велат од Општина Аеродром.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Пронајден мртов маж во Пробиштип

На 25.01.2019 година околу 15,25 часот било пријавено дека на улица „Македонски револуционери“ во Пробиштип во сопствениот дом бил пронајден починат М.Т.(52).Според првичните сознанија, смртта најверојатно настапила како последица од труење од истечена плинска боца. Починатиот М.Т. бил пронајден од неговиот брат Б.Т.(55), кој кога влегол во просторијата исто така паднал во бесознание, по што со помош на други роднини бил пренесен во Медицински центар Штип, каде му била укажана лекарска помош.Извршен е увид на местото на настанот, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.

Македонија | пред 7 години

vakcini-novi

Четири нови случаи на морбили, едно лице во потешка здравствена состојба

Министерството за здравство информира дека денеска (26 јануари 2019 година) до 13:00 часот вакцинирани се 24 деца или вкупно 4 328 деца со МРП вакцини.„Во текот на вчерашниот ден на Клиниката за инфективни и фебрилни состојби примен е 19 годишен пациент, префрлен од Клиниката за детски болести, кој добил морбили и е во потешка здравствена состојба. Амбулантски прегледани се 4 деца суспективни за морбили, на возраст од 7 месеци до 2 години. Сите 4 децапуштени се на домашно лекување. Постабилна е здравствената состојба надетето со церебрална парализа кое беше во потешка состојба. Исто така, подобрена е и постабилна состојбата и на 8 годишното девојче кое има астма исе заразило со морбили и варичела. Во моментов, на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојбиима вкупно 18 пациенти со морбили (мали сипаници).Во врска со ширење на епидемијата на морбили (мали сипаници) во град Скопје, им се укажува на сите Универзитетски Клиники во текот на денот да ги свикаат своите Комисии за интрахоспитални инфекции и да донесат одука за ограничување на посета на пациентите, односно да се забрани посета на пациенти кои лежат на клиниките се до крајот на траењето на епидемијата.Родителите да ги почитуваат препораките на Министерството за здравство.На трите пунктови во поликлиниките „Јане Сандански“, „Бит-пазар“ и „Ѓорче Петров“ има дежурни лекари секој работен ден од 19.30 часот до 7.30 наутро, а за викендите се на располагање 24 часа во текот на денот. Во работните денови, родителите треба децата прво да ги однесат на матичен лекар. На овие три места ќе се вршат комплетни прегледи со лабораторија на децата чии родители ќе се посомневаат дека можеби се заболени од морбили (мали сипаници). Доколку лекарите утврдат дека е потребно, пациентите ќе ги упатуваат на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби. Апелираме до сите родители, кои ќе забележат или ќе се посомневаат на првите знаци на болеста, висока температура, децата прво да ги однесат на овие три пунктови.Министерството за здравство ја потсетува јавноста дека сѐ уште е на сила наредбата дека децата, кои се невакцинирани нема да бидат примени во детските градинки, со цел да се спречи ширењето на епидемијата прогласена во Скопје. Децата од училишна возраст задолжително да се вакцинираат ако не се вакцинирани или примиле само една доза од вакцината МРП. Сите здравствени работници што од кои било причини не се вакцинирани или не се сигурни во својот вакцинален статус, да го направат тоа во најбрз можен рок. Напоменуваме сите превентивни мерки и препораки против ширењето на болеста да се сфатат сериозно и без отстапки.Апелираме до сите родители да ги вакцинираат своите деца со МРП вакцина, која е висококвалитетна и ефективна, а производител е GlaxoSmithKline од Белгија.Вакцините кои се аплицираат во сите здравствени домови се со проверен квалитет, од европски производител и имаат добар рок на траење“, велат од Министерство за здравство.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

(ВИДЕО) По 13 дена спасувачите го извадија телото на 2-годишното момче

Спасувачите го пронајдоа телото на две годишното дете кое падна во бунар пред 13 дена во близина на Малага, Шпанија.Неговото тело го пронајдоа рано утрово спасувачите кои копаа тунел со цел да стигнат до него, изјави портпаролот на владината канцеларија во Малага и додаде дека за случајот ќе биде спроведена истрага.Момчето падна во незаградена дупка која била длабока 110 метри, на 13 јануари.Бунарот бил ископан пред околу еден месец за време на истражувања на водите, а по истражувањата истиот не бил покриен ниту заштитен, велат локалните медиуми. 

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

Поделени 150 пакети за семејствата со социјален ризик, отсега ќе добиваат помош секој месец

Општина Центар, во соработка со здружението Банка за Храна Македонија – БХМ и овој месец продолжува со спроведување на проектот “Нула Глад“.Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, заедно со претставникот на Банката за Храна, Душко Христов, денеска пред просториите на Јавното претпријатие “ПОЦ“, поделија 150 пакети со прехранбени производи на жители на општината од семејства со висок социјален ризик.„Проектот "Нула Глад" го започнавме за да им помогнеме на оние на коишто сме им најмногу потребни.  Наместо еднократно, отсега овие граѓани секој месец ќе добиваат социјални пакети со масло за јадење, брашно, супи, јајца и останати прехранбени производи кои ќе им овозможат полесно да го поминат месецот“ , изјави Богдановиќ.Проектот “Нула Глад“ на глобално ниво има за цел да го искорени гладот, да го реши проблемот со неухранетоста и да воспостави одржлив и инклузивен прехранбен систем. Општина Центар е првата општина во Македонија која го спроведува овој проект.Проектот “Нула Глад“, Општина Центар го спроведува во соработка со здружението Банка за Храна Македонија, а во соработка со маркетите: Рамстор, Кам, Веро, Тинекс, Жито Маркети, Стокомак, Гранап и Кит-Го.

Скопје | пред 7 години

1-14

Сиљановски: Исчистени се речиси сите патишта во Општина Битола, освен селата на патот за брана Стрежево

Екипите на КЈП „Нискоградба“ од раните утрински часови со расположливата механизација започнаа со чистење на снегот, по новите снежни врнежи кои започнаа во текот на вчерашниот ден. Директорот на ова јавно претпријатие Методи Сиљановски истакна дека нема застои по коловозите.„Улиците од прв и втор приоритет се дочистуваат и се очекува некаде до 15 часот да се заврши со нивно чистење, а дел од улиците кои не се на приоритетната листа, исто така се чистеа со нашата механизација од раните утрински часови. Механизацијата на терен работеше и на расчистување на локалните патишта до селата во Општина Битола. Исчистени и проодни се речиси сите, освен селата на патот за брана Стрежево, каде веќе се упатија нашите вработени и се очекува и тие да бидат проодни некаде до 15 часот. Дел од екипите го чистеа и Широк Сокак, со оглед  на важноста оваа улица да е проодна за граѓаните“, посочи Сиљановски.Во Битола, во текот на изминатите 24 часа наврнаа околу 20 санитуметри снег. Во текот на ноќта и утринските часови, екипите на КЈП „Нискоградба“ низ улиците фрлиле нови 15 тони сол и 15 м3 ризла.

Македонија | пред 7 години

paridenari1

Разбојници го одзеле дневниот промет во спортска обложувалница во Скопје

На 25.01.2019 година во 23.50 часот во Скопје пријавено е дека во спортска обложувалница на булевар "Партизански одреди“ двајца непознати сторители со закана извршиле разбојништво над вработениот Д.С.(22) од село Вруток и одзеле пари од дневниот промет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

(ВИДЕО) Колариќ: Шилегов и СДСМ молчат за вработувањето на 700 партиски војници и тоа во пресрет на изборите

Шилегов и СДСМ молчат за вработувањето на 700 партиски војници и тоа во пресрет на изборите. Ова не може да се сфати поинаку освен како еден обид за повторна изборна корупција, изјави Светлана Колариќ од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција.„Се случува изборна манипулација. Уште пред да почне изборниот процес истиот е деградиран.Дополнително Град Скопје со Јавните претпријатија под негова надлежност не запираат да се бламираат и понатаму и да шират лаги . Од овие 700 вработувања 400 ќе бидат во ЈСП. Ова е дел од одлуката за вработување во ЈСП, од која јасно се гледа дека Шилегов ќе реализира дополнителни403 вработувања.Шилегов и СДСМ во текот на целиот предизборен период пред да дојдат на власт велеа дека администрацијата е преполнета и дека нема да има нови вработувања, но за жал сите кои беа вработени со договор на дело ги оставија и ги избркаа на улица. Одеднаш го промени своето мислење и сега се дава амин за вработување на 700 партиски војници“, вели Колариќ.Таа додаде дека иако во ЈСП најголем дефицит има на возачи, кои според информациите кои што се шират во медиумите засилено ја напуштаат работа и заминуваат надвор од државата, Шилегов и Чушков за 2019 година планираат да реализираат само 100 вработувања за позиција шофер, додека пак остатокот се планира да биде административен и раководен кадар, од видот на советници, раководители, заменици, шефови на кабинети и слично.„Овие 100 возачи би ги имале ние сепак во предвид со набавка на новите автобуси кои повторно истата власт ги вети на граѓаните а ќе видиме кога истите ќе се реализираат.Шилегов е тотално неспособен и не знае да менаџира со парите на граѓаните , не само што нема нови проекти, не само што нема нови инвестиции, Шилегов едноставно не може ни да изврши тековно одржување на комуналната хигиена во градот, но затоа пак фрла пари за полнење на администрацијата, која не носи бенефит за доброто на граѓаните на градот Скопје.Покрај вработувањата на неопределено време во администрацијата на град Скопје и претпријатијата се под негова контрола, Шилегов реализира и голем број на времени вработувања преку приватни агенции за вработување и ја преполнува градската администрација. Сите информациите велат дека се ставаат луѓе на места кои не се ниту предвидени во постоечката систематизација која ја поседува градот за сметка на квалитетни кадри кои се седнати во ќош за сметка на нив се вработуваат партиски војници кои ги заземаат незаконски позициите.Дополнително освен фијаското со претпријатијата се случува и фијаско во борбата против загадувањето на воздухот.Зоран Заев и Шилегов ги измамија граѓаните. Заев и Шилегов немаат успеси во борбата за почист воздух. А резултат на сето ова е најзагадена држава во светот. Граѓаните умираат поради загадениот воздух. Граѓаните, почитувани се излажани и изманипулирани“, изјави Колариќ.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

(ВИДЕО) Стоилковски: Скандалозно е што кога се качуваат платите на министрите, власта ги крати пензиите

Зоран Заев и неговата криминогена влада во просек на секој пензионер ќе му скрати околу 400 денари месечно. Ако просечната пензија во Република Македонија изнесува 15 000 денари, тоа значи кратење за најмалку по 400 денари од пензија. Вкупно пресметано значи дека на пензионерите ќе им бидат скратени над 124 милиони денари или над два милиони евра, изјави Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција.„Скандалозно е тоа што во исто време кога се случува качувања на платите на министри и одредени градоначалници власта спроведува кратење на пензии.Кратењето на пензиите удира безмалку на над 310 илјади семејства во Република Македонија. Им ја намалуваат куповната моќ на пензионерите, од нив создаваат социјални случаи. Наместо достоинствена старост, ги туркаат во економско ранлива категорија.Ветуваа раст на пензии а добивме кратење. Значи повторно излажаа. Неприфатливо е што министерката Царовска дури се заканува дека ако не било ова кратење пензии ќе морало да има раст на старосната граница за пензионирање. Пари во буџетот има но тие завршуваат за криминал и луксузирање на власта. Едно збора а друго зборуваа пред изборите кога ветуваа се и сешто. Граѓаните нема да ги трпат овие уцени.Власта брутално ги лаже и си поиугрува и со пензионерите и со граѓаните, животот на Заев сега ќе им крати 400 денари месечно на пензионерите или 124 милиони денари вкупно. Затоа мора да заминат што поскоро од владата на Република Македонија“, вели Стоилковски.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Единствена Македонија: Трагедија, Димитров го слави Договорот од Преспа со кој се откажува од татко му Димитар

„Во општата еуфорија и веселба на марионетската власт во Скопје по повод грчката ратфикација на Договорот за промена на името предначи потписникот на договорот Никола Димитров, кој, договорот го нарече дури визионерски патриотизам и дека е горд тоа што го направил иако со договорот се брише светото македонско име, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ.Договорот за промена на името со кој се брише се што е македонско е голема трагедија не само за македонскиот народ и македонската држава, туку преставува голема лична трагедија и за самиот Никола Димитров.Според Договорот за промена на името (член 7), Македонците од Егејска Македонија и Македонците од Република Макеоднија се различни етноси со свои посебни одлики. Министерот Никола Димитров е роден во Република Македонија а татко му Димитар Димитров е роден во Егејска Македонија,  и сега според договорот тие - татко и син не се исти Македонци. Значи, со договорот одат дури против природата и природните законитости.Новата легална власт на Единствена Македонија која доаѓа ќе го поништи договорот за промена на името со што ќе му помогне и на Никола Димитров да биде свој на своето со татко му Димитар без оглед што Никола Димитров нанесе големо зло на Македонија и Македонците со поптишувањето на капитулантскиот Договор од Преспа“, стои во соопштението на Единствена Македонија.

Македонија | пред 7 години

IMG-73e0fadf30e57dadb50ec93f01d4dc03-V

JП „Комунална хигиена“ со 90 работници го расчистува снегот низ скопските општини

ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, со 90 работници на терен и целата расположлива механизација, денеска продолжува да го расчистува снегот и мразот во сите скопски општини.„Комплетно е расчистен и прооден реонот околу Државната и Градската болница, Владата и Собранието на РМ, а стандардно се расчистуваат сите булевари и поголеми улици, плоштадот и улицата Македонија, Старата чаршија, плоштадот Филип Втори, како и пешачките патеки и тротоарите на мостовите.Активностите на екипите на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје ќе продолжат во текот на целиот ден, со цел да се овозможи безбедно одвивање на сообраќајот и движење на пешаците“, велат од ЈП  „Комунална хигиена“.

Скопје | пред 7 години

50597947_2170820389630828_7705726019755311104_n

Град Скопје го распиша јавниот повик за набавка на печки на пелети за 2019 година

Град Скопје го распиша јавниот повик за надоместување на дел од трошоците за набавка на печки на пелети за 2019 година.„Со цел, стимулација за користење почисто гориво и поквалитетни печки за затоплување на своите домови - печки со повисока енергетска ефикасност и пониски емисии во воздухот, Град Скопје на граѓаните што имаат купено печки на пелети од 07.11.2018 година до денот на завршувањето на повикот ќе им надомести дел од трошоците за набавка на печката во висина од 70%, но не повеќе од 30.000 денари со вклучен персонален данок на доход по домаќинство.Јавниот повик ќе трае заклучно со 30 ноември 2019 година или до исцрпување на предвидените финансиски средства од Буџетот на Град Скопје за оваа намена, во зависност од тоа кој услов ќе настапи прв“, велат од Град Скопје.

Скопје | пред 7 години

SnEk9lMaHR0cDovL29jZG4uZXUvaW1hZ2VzL3B1bHNjbXMvTmpNN01EQV8vNjE0OWFjZDZkYjY5YmJlNDYyM2NiYjExMzdkZWI5ZDEuanBlZ5GTAs0C5ACBoTAB

(ВИДЕО) Маж со секира во рацете влегол во продавница и се заканувал

Лондонсата полиција е во потрага по маж кој со секира во рацете влегол во продавница и им се заканувал на муштериите и продавачите.На снимките од безбедносните камери, може да се забележи како луѓето со корпи и колички бегаат од продавницата, а по нив иде маж со маска на лицето и секира во рацете.Полицијата кога пристигнала на местото на настанот утврдила дека тој причинил штета во продавницата, но за среќа никој не повреден.  

Свет | пред 7 години

pvdk9lMaHR0cDovL29jZG4uZXUvaW1hZ2VzL3B1bHNjbXMvWVdRN01EQV8vNmYyMTdjOWNjMjBmZGJmNzIzMTQwMThmMmI2MzA4MWUuanBlZ5GTAs0C5ACBoTAB

Во Црна Гора регистрирани 77 милионери, еден од нив има повеќе од 50 милиони евра

Во Црна Гора има 77 граѓани кои на сметките во домашните банки имаат повеќе од милион евра, а најбогатиот има 50,28 милиони евра, соопшти Централна банка.Од Централна банка не ги соопштија имињата, но открија дека тој не е странец, туку жител на Црна Гора.Депозити поголеми од 10 милиони евра имаат тројца жители, еден има депозит од 5 од 10 милиони евра, а 73 граѓани имаат депозиот од 1 до 5 милиони евра.Бројот на милионери во Црна Гора постојано се зголемува. 

Свет | пред 7 години

bil-nicholov

Бил Николов до американските и европските политичари: Признајте дека сте дволични расисти

Претседателот на Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) упати порака до европските, американските и европските политичари поради нивната дволичност во политиката.“До американските,канадските и европските политичари кои зборуваа за владеење на правото и за волјата на граѓаните, и кои се уште имаат образ да зборуваат за тоа: eбeтe се.Признајте што и правите на #Македонија. Признајте дека сте дволични pacисти. #УапсетеГи #НашетоИмеЕМакедонија”, напиша Бил Николов.

Македонија | пред 7 години

IMG_5339-1

Кошаркарките на „Бадел“ од Кисела Вода утре ќе играат на домашен терен

Сениорките и јуниорките на ЖКК „Бадел 1862“ од Кисела Вода утре на домашен терен ќе ги одиграат првите првенствени натпревари оваа година.Во спортската сала „Независна Македонија“, со почеток во 12:00 часот во рамки од последното коло од првиот дел од првенството сениорската екипа на „Бадел“ која полусезоната ја заврши без пораз во лигата, а воедно беше прогласена и за најдобра за 2018 година силите на теренот ќе ги одмери со тимот на „Струга 2009“. Додека во истата сала, со почеток во 14:00 часот младите „баделки“ во М16 конкуренција ќе им се спротивстават на кошаркарките на „Струга 2009“.

Спорт | пред 7 години

50876776_2325418810825542_4713286283017846784_n

Крводарителска акција во понеделник во Општина Аеродром

Општина Аеродром и Црвен крст на Република Македонија организираат крводарителска акција в понеделник, 28.1.2019 г., од 9:00 до 14:00 часот во просториите на Општината.„Кон акцијата ќе се придружат дел од вработените во Општината, како и градоначалникот Златко Марин, како мотивација за повеќекратните дарители да продолжат со хуманиот чин.Општината ги поканува сите заинтересирани хумани луѓе и крводарители да се вклучат во акцијата за дарување крв и да помогнат во спасување нечиј живот“, велат од Општина Аеродром.

Скопје | пред 7 години

srbin-620x350

Србин измамил повеќе од 200 луѓе и заработил околу 870.000 евра

Србин стана еден од најбараните бегалци во Европа, по акцијата на австриската полиција која траеше скоро една година.Тој се бара поради повеќе од 200 измами во кои заработил околу 870.000 евра. За него е издадена потерница од Интерпол, соопшти австриската полиција.До сега уапсени се шест главни помошници кои заедно со Србинот оштетиле 58 лица. Полицијата не објасни како функционирала групата и како доаѓале до парите на оштетените.Бандата била активна на територијата на Беч. 

Свет | пред 7 години

UGTPZ-pat-sneg-kamion

Укинати забраните за камиони на овие патни правци

Сообраќајот на државните патишта се одвива отежнато и во зимски услови по влажни коловози, со снег по коловозите.Од 10:30 часот се укинува задолжителната зимска опрема на планинскиот премин Стража. Од 06:40 часот на патниот правец Велес-Катланово се укинува забраната за движење на тешки моторни возила. Во 07:10ч. укината е забраната за ТМВ на планински превој Ѓавато и Буково. Од 09:40 часот се укинува забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Прилеп – Градско преку планинскиот премин Плетвар. Од 07:15 часот се укинува забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец K.Паланка-Деве Баир и од 10:50 на патниот правец М. Брод – Прилеп преку планинскиот превој Барбарос.Забрани за тешки товарни возила има на следниве патни правци крак Маврово-Дебар, Дебар-Струга, Кичево-Охрид преку планинскиот премин Пресека, крак Стража-Кичево, а за останатите возила задолжително употреба на зимска опрема, Тетово-Попова Шапка каде има забрана и за автобуси.На патниот правец Демир Капија – Гевгелија кој беше во прекин поради сообраќајна незгода, е оспособен за сообраќај за сите возила.На патниот правец Струга - г. п. Ќафасан (до с. Франгово) поради оштетување на коловозот, брзината е ограничена на 40 км/ч. 

Македонија | пред 7 години

tevdoski-1

Минатата година фирмите добија 19,3% повеќе поврат на ДДВ во однос на 2017

Заклучно декември 2018 година, Министерството за финансии изврши поврат на вкупно 23,1 милијарда денари (375,6 милиони евра). Тоа е за 3,7 милијарди денари (или 60 милиони евра) повеќе во однос на претходната година, или за 19,3% повеќе.За редовен и автоматски поврат на ДДВ кон фирмите и пребивање на претплата на даноци кон сите даночни обврзници, Управата за јавни приходи направи Модул за автоматски поврат и пребивање.-Со брз и неселективен поврат на ДДВ кон фирмите, се подобрува ликвидноста во стопанството, а со тоа се стимулираат инвестициите, отворањето на нови капацитети и нови работни места - вели министерот за финансии Драган Тевдовски.Модулот за автоматски поврат и пребивање е дел од од активностите кои ги преземаа Министерството за финансии и неговите управи и органи во состав, со цел подобрување на услугите кои се пружаат кон граѓаните и фирмите

Македонија | пред 7 години

sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: Отстранета е последната пречка на патот на Македонија кон членство во ЕУ и НАТО

Со ратификацијата на Договорот од Преспа во Парламентот во Грција се реши 27 годишниот спор што ја влечеше државата надолу и го спречуваше развојот на регионот, велат од СДСМ.„Отстранета е последната пречка на патот на Македонија кон полноправно членство во ЕУ и НАТО.Спорот е решен во интерес на државата, граѓаните, националните и државни интереси. Македонскиот идентитет, македонскиот јазик и посебност се обезбедени и зајакнати, еднаш засекогаш признаени од целиот свет, идината на Македонија во ЕУ и НАТО е извесна.Македонија станува 30 земја членка на НАТО алијансата, а следува и започнување на преговорите за членство во ЕУ.Тоа значи поголема безбедност и сигурност, трајна заштита на границите, но и пристап до поголем пазар, нови инвестиции и работни места, повисоки плати и повисок животен стандард.Договорот од Преспа е пример за решавање на децениски спор во интерес на двете страни и е модел за решавање на идни билатерални проблеми во регионот и светот.СДСМ им честита на граѓаните на двете земји за постигнатиот историски договор и им се заблагодарува на сите политички, граѓански и општествени чинители кои го поддржаа Договорот што обезбедува развој, мир и просперитет на целиот регион“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: Само Заев и Димитров сметаат дека промена на името, Уставот и јазикот е храброст и успех

Промената на името, Уставот, идентитетот, јазикот и откажувањето од се што е македонско само за СДСМ е добра вест. Само Зоран Заев и Никола Димитров сметаат дека промена на името , идентитетот, Уставот и јазикот на Македонија е храброст и успех, додека граѓаните сметаат дека тоа е кулавичлук и срам, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„Заев донесе црнила за граѓаните на Македонија.Заев и Димитров го навредија и потценија македонскиот народ. Договорот е капитулантски, со него се откажуваме со сите Македонци и од се што е македонско и токму затоа за ВМРО-ДПМНЕ овој договор ниту е, ниту ќе биде прифатлив.Овој договор е директен удар на темелите на државноста и го поткопува уставниот поредок на Република Македонија.Цела јавност виде како Зоран Заев од опозиција се колне во сопствените деца и предци дека нема да прифати промена на уставното име. Сега од позиција на власт Зоран Заев без срам го промени неговиот став и прави непроценлива и неповратна штета.Заев не се бори за европските вредности, напротив тој и неговиот криминален картел на власт се борат за наместените тендери, корупцијата и криминалот кој царува.Токму затоа Зоран Заев наместо декларативно и лажно да се залага за ЕУ, треба веднаш да си замине од власт пред штетата која и ја нанесува на Македонија да биде ненадоместлива.Оваа криминална власт ја уништува Македонија.Граѓаните заслужуваат да живеат подобро. За Македонија да оди напред СДСМ мора да замине час поскоро“, се наведува во соопштението.

Македонија | пред 7 години

pozar

Пожар во куќа во село Зрзе

На 25.01.2019 година околу 18,45 часот во село Зрзе, прилепско избувнал пожар во куќата сопственост на В.Т. Повредени лица нема. Увид ќе се врши во текот на денешниот ден.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања