Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Скопје1.мк

soobrakajka

Мерцедес излета од коловозот и удри во билборд на бензинска пумпа

На 25.01.2019 година во 02,00 часот во Радовиш на булевар „Александар Македонски“, Н.А. (32) од Радовиш, управувајќи патничко моторно возило “Мердецес“ со швајцарски национални ознаки изгубил контрола над возилото и излетал од коловозот, по што удрил во билборд на бензинска пумпа.Со повреди се здобиле Н.А. и сопатниците И.И.(32) од Радовиш и Т.Б.(22) од село Ораовица, кои биле пренесени во Клиничка болница Штип.Извршен е увид на местото на настанот.

Македонија | пред 7 години

policija-3-640x382

Удрил во пешак, па го напуштил местото на настанот

На 25.01.2019 година во 17.00 часот во Скопје на улица „Босна и Херцеговина“ непознато лице управувајќи патничко моторно возило “Мерцедес“ удрилo во пешакот И.С.(19) од Скопје, по што возилото го напуштило местото на настанот.Од незгодата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди и пренесен е во Градска општа болница  “8-ми Септември“.Извршен е увид на местото на настанот и се работи на пронаоѓање на сторителот и расчистување на случајот.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Автомобил излета од патот, две лица со телесни повреди

На 25.01.2019 година во 06,30 часот на регионалниот пат Тетово - село Јажинце, после мостот во село Непроштено Ш.И.(49) од село Слатино управувајќи патничко моторно возило "Голф" со тетовски регистарски ознаки, излетал од патот.Во незгодата со повреди се здобиле двајца сопатници од село Слатино, сопатникот Р.И.(46) се здобил со тешки телесни повреди, a М.И.(73) со телесни повреди. На повредените им е укажана лекарска помош во Клини;ка болница Тетово.Извршен е увид на местото на настанот.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Штипјанец удри 61-годишен пешак

На 25.01.2019 година во 18,00 часот во Штип на крстосницата од улица „Стојан Рибата“ со улица „Маршал Тито“, Т.К.(67) управувајќи патничко моторно возило “Мерцедес“ со штипски регистарски ознаки удрил во пешакот М.Б.(61) од Штип. М.Б. се здобил со тешки телесни повреди и е пренесен во Клиничка болница Штип.Извршен е увид на местото на настанот.

Македонија | пред 7 години

17884132_1851809055075061_5425759561053255492_n

Маријана Петир: Јас и понатаму планирам Македонија да ја нарекувам Македонија

Европратеничката од Хрватска во Европскиот парламент, Маријана Петир не го признава новото име на земјава кое за неа е резултат на насилство на западот кон македонакиот народ“Јас и понатаму планирам Македонија да ја нарекувам Македонија. Преспанскиот договор претставува насилство на западната демократија над една држава и еден народ“, порача таа на социјалните мрежи.

Македонија | пред 7 години

heroin-111

При претрес на дом во Тетово пронајден хероин

Секторот за внатрешни работи Скопје - Единица за недозволена трговија – Одделение за недозволена трговија со дрога, поднесе кривична пријава против Н.С.(46) од Тетово, поради постоење на основи на сомнение дека сторила кривичното дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“ предвидено и казниво по член 215 од Кривичниот законик на РМ.На 24.01.2019 извршен е претрес во домот каде привремено престојува пријавената во Скопје, при што понајдени и одземени се  хероин и разни предмети на кои имало остатоци од хероин.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Повеќе од еден метар снег на Попова Шапка, најладно во Маврово

Повеќе од еден метар снег е измерен утрово на Попова Шапка. Во Маврови Анови се измерени 83 сантиметри, 58 во Пожаране, 52 во Крушево, 51 во Лазарополе, 32 во Тетово, 31 Скопје – Петровец, 28 во  Ѓуриште, 24 Демир Капија, 22 во Дебар, 20 Битола, 15 Скопје – Зајчев Рид, 11 во Охрид, 10 во Крива Паланка, Прилеп, Струмица, Куманово, 9 во Штип, Претор, 5 Виница, 2 Берово, 1 Дојран.Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, најстудено утрово било во Маврово и Попова Шапка каде се измерени – 8 степени целзиусови.  Во Скопје утрово се измерени -3 степени, а најтопло било во Гевгелија, Берово и Дојран наде температурата била 0 степени.

Македонија | пред 7 години

ZHan-Iv-Le-Drian

Жан-Ив ле Дриан: Договорот го отвора патот за пристапување на „Република Северна Македонија" во Атлантската алијанса

Министерот за Европа и надворешни работи Жан-Ив ле Дриан упати честика по повод ратификацијата на Договорот од Преспа.„Го поздравувам изгласувањето во Парламентот на Република Грција на законот за ратификација на Договорот од Преспа за името на поранешната југословенска Република Македонија.Овој суштински политички чекор ќе овозможи наскоро стапување во сила на историскиот договор што ќе стави крај на билатералниот спор стар повеќе од четвртина век.Сакам да ја поздравам храброста и решеноста што ја покажаа грчките и македонските лидери, особено премиерите Ципрас и Заев.Договорот од Преспа ќе овозможи развој на односите меѓу двете земји во многу области и ќе ја зајакне стабилноста на регионот на Западен Балкан и на Европа како целина. Дополнително, со поддршка на Франција, Договорот го отвора патот за пристапување на „Република Северна Македонија" во Атлантската алијанса, во согласност со поканата упатена на самитот на НАТО минатиот јули и ќе придонесе за приближување на земјата кон Европа“, се вели во честитката на Жан-Ив ле Дриан.

Македонија | пред 7 години

kal-rudari-brazil

(ВИДЕО) Пукна рударска брана во Бразил, повеќе од 200 лица се исчезнати

Повеќе од 200 луѓе се исчезнати кога рударска брана се распадна во Бразил предизвикувајќи море од кал што се шири во руралните области во југоисточната држава Минас Жераис, пренесе Би-би-си. Според информациите, се стравува од ширење отровен отпад и загадување на животната средина.Сè уште нема потврдени жртви, а се трага по исчезнатите, соопшти противпожарникарската служба.Спасувачки екипи се испратени до местото, а официјални лица изјавиле дека голем број жители во близина на браната се евакуирани.Рудникот за железна руда е во сопственост на најголемата рударска компанија во Бразил, „Вале“.Видеоснимки покажуваат како калта се шири по патиштата и ги уништува зградите.https://twitter.com/lumoessa/status/1088833464479170565?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1088833464479170565&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.telegraf.rs%2Fvesti%2Fsvet%2F3027136-pukla-rudarska-brana-u-brazilu-toksicni-otpad-se-siri-u-poplavi-blata-stradalo-vise-ljudi-video

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

Променливо облачно со врнежи од снег

Денес времето ќе биде променливо облачно, во источните и јужните делови со повремени врнежи од снег со слаб до умерен интензитет, особено претпладне. Само во крајните југоисточни делови врнежите ќе бидат од дожд и снег. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер. Утринската температура ќе се движи од -6 до 2 степени, а дневната од -2 до 3 степени.Во Скопје променливо облачно време со повремени врнежи од снег и температура од -3 до 0 степени.Утре во утринските часови по одделни котлини со појава на слаба магла, во текот на денот сончево со мала облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.

Македонија | пред 7 години

arsim_zekoli

Арсим Зеколи со прашање до СДСМовските “гејша”-медиуми

Политичкиот аналитичар и коментатор Арсим Зеколи, кој е поранешен дипломат, на својот Твитер профил поставува хипотетичка ситуација каде што на местото на Заев би се нашол Груевски и би потпишал како што вели тој се што СДСМ потпиша.„Одвојте минута, замижете и замислете ја хистеријата, трагедијата, паниката, повиката, галамата, пцуенката, мајко-шајката, патетиката и солзокрокодилството на СДСМовските гејша-медиуми доколку Грујо го потпишеше ова што они го потпишаа. Колку за да ја разберете нивната природа“, напиша тој на Твитер.

Македонија | пред 7 години

sneg-605x420

Укината забраната за камиони на Ѓавато, Буково и патот Велес-Катланово

Сообраќајот на државните патишта се одвива отежнато и во зимски услови по влажни коловози, со снег по коловозите.Од 06:40 часот на патниот правец Велес-Катланово се укинува забраната за движење на тешки моторни возила. Во 07:10ч. укината е забраната за ТМВ на планински превој Ѓавато и Буково.Забрани за тешки товарни возила има на следниве патни правци крак Маврово-Дебар, Дебар-Струга, Кичево-Охрид преку планинскиот премин Пресека, крак Стража-Кичево, а за останатите возила задолжително употреба на зимска опрема, Македонски Брод-Прилеп преку планинскиот премин Барбарас, Прилеп-Градско преку планинскиот премин Плетвар, Крива Паланка-Деве Баир и Тетово-Попова Шапка каде има забрана и за автобуси.Патниот правец Демир Капија – Гевгелија кој беше во прекин поради сообраќајна незгода, е оспособен за сообраќај за патнички возила додека товарните возила сеуште се пренасочуваат по стариот пат.На патниот правец Струга - г. п. Ќафасан (до с. Франгово) поради оштетување на коловозот, брзината е ограничена на 40 км/ч. 

Македонија | пред 7 години

50600974_2170044773041723_6591658657618853888_o

Зимската служба на Град Скопје вечерва интензивно ги чисти градските улици и булевари

Зимската служба на Град Скопје вечерва интензивно ги чисти градските улици и булевари.„Поради засилените и постојани врнежи од снег, градските сообраќајници континуирано се чистат за да може сообраќајот да се одвива без застој, а и постојано се фрла сол за спречување на појавата на голомразица на коловозите.Екипите на зимската служба интервенираа на критичните места, односно на сите мостови, клучки, надвозници, подвозници и високите зони кон Водно, Пржино, Железара, како и на сите други таканаречени „црни точки“ во градот.Градот Скопје им препорачува на возачите да возат внимателно и да овозможат непрекинато движење на возилата на зимската служба“, велат од Град Скопје.

Скопје | пред 7 години

IMG_2177

(ВИДЕО) Кирацовски: Највисокото раководство ќе одлучи дали заедно со претседателските ќе се организираат и предвремени парламентарни избори

Централниот Одбор донесе одлука да ја започне процедурата за избор на кандидат за Претседател на Република Македонија која ке заврши и ќе се комплетира со Конгресот којшто ќе се одржи на 03.03.2019, изјави Александар Кирацовски од СДСМ.„На Македонија и треба вистински претседател кој ќе работи за доброто и за интересите на граѓаните и државата.Централниот Одбор донесе одлука за започнување на постапка за избор на кандидати за градоначалници, за Општините Дебар, Охрид и Ново Село.Централниот Одбор на СДСМ го овласти највисокото раководство на партијата да ја донесе и одлуката дали заедно со претседателските избори ќе се организираат и предвремени парламентарни избори.Во сите одлуки, коишто денес се донесоа, СДСМ ќе продолжи да биде воден од клучната цел: безбедна Македонија, членка на НАТО и ЕУ, со забрзани реформи, растечка економија и подобар стандард на сите.СДСМ оди на победа на било какви избори.Конечна одлука донесовме и за секретар за меѓународна соработка, Централниот Одбор го избра Дане Талески“, вели Кирацовски.

Македонија | пред 7 години

cipras

ОМД: Изјавата на премиерот Ципрас го потврди фактот дека договорот создава нова земја и нација

„Со 153 гласа „за“, 146 „против“ и еден „воздржан“, грчкиот Парламент го ратификуваше Преспанскиот Договор, проследен со евидентна интервенција на меѓународната заедница и трговија на интереси за глас повеќе. Според Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД), начинот на склучување, потпишување и ратификување на Преспанскиот Договор, е успех на западните геополитички интереси, но голем неуспех за демократијата и меѓународното право!ОМД го осудува говорот на омраза и вандализмот на протестантите кои го спалија македонското знаме на плоштадот Синтагма за време на амандамантската расправа во грчкиот Парламент, кои наместо осуда од страна на меѓународната зедница, наидоа на честитки непосредно ратификувањето на договорот. Според ОМД, реакцијата на меѓународната заедница изостана и во говорот на Пратеникот Никос Филос кој со изјавата дека „Македонија не е една и Грчка, туку напротив, постојат многу македонии одредени со Договорот од Букурешт“, јасно се потврди правото на самоопределување кое е ускратено на еден народ со цел да се угоди на друг. Говорот на Премиерот Ципрас во кој изнесе историски факти за постоењето на “славо-македонски” буквар со што се потврдува говорењето на македонскиот јазик а воедно и постоењето на македонскот народ на грчки територии, кој за време на граѓанската војна бил протеран без право на негова репроприација, според ОМД е потврда за се она што Македонија години наназад се бореше да го докаже, но бесправно беше обвинета за иридентизам. Со ратификацијата на договорот, сите докази и изнесувања на историски факти преку протерувањето на 70.000 деца бегалци и падот на Мирка Гинова како прва жртва на граѓанската војна, се анулираат без можост правдата некогаш да ја стигне вистината.„Северна Македонија која што се роди денес, ќе биде земја пријател, сојузник и поддржувач на Грција во нејзините напори за безбедност, стабилост и заеднички напредок во регионот“, гласеше изјавата на Премиерот Ципрас за официјалното стапување во сила на Преспанскиот Договор, која што изјава во целост го потврди фактот дека договорот создава нова земја и нација, наместо нивно преименување со географска одредница.Македонската историја и сегашност се обесправени, но ОМД верува дека поучени од искуството, македонскиот народ ќе го поврати националното единство и обедини за вистината на своето постоење. Историјата ја пишуваат победниците, но подеднаква трага оставаат и оние кои и пркосат на неправдата дури тогаш кога чинители се нивните сонародници, во кој контекст, ОМД ги препознава напорите на писателката, филмски-директор и уметник Зои Мавроуди (меѓу другите), која смело застана на страната на вистината, на страната на Македонија“, стои во соопштението на Обединетата Македонска Дијаспора.

Македонија | пред 7 години

UGTPZ-pat-sneg-kamion

Отворени за сообраќај Велес-Катланово и Росоман-Прилеп

Сообраќајот на државните патишта се одвива отежнато и во зимски услови по влажни коловози, со снег по коловозите.На патниот правец Гостивар - Кичево преку преминот Стража има забрана за сообраќај на сите видови на товарни возила, без разлика на нивната маса. За патничките возила задолжителна е употреба на зимската опрема.Патниот правец Велес - Катланово е отворен за сообраќај само за патнички моторни возила по една коловозна лента.Патниот правец Росоман - Прилеп е отворен за сообраќај на патнички возила во двата правци.Сообраќајот на патниот правец Демир Капија - Гевгелија е во прекин за сите видови на возила. Во спротивниот правец од Гевгелија кон Демир Капија сообраќајот е отворен.Од 21:15 часот, воведена е забрана за сообраќај на тешки моторни возила на патниот правец Ресен - Охрид преку планинскиот премин Буково.Од 21:00 часот на патниот правец Кичево-Охрид преку планискиот премин Пресека е воведена забраната за движење на тешки моторни возила.Од 20:00 часот e воведена забрана за движење на тешки товарни возила на патниот правец Македонски Брод - Прилеп, преку планинскиот преминБарбарос.На патниот правец Крива Паланка – Деве Баир воведена е забрана за тешки товарни возила.Од 18:40 часот воведена е забрана за сообраќај на тешки товарни возила на планинскиот премин Ѓавато.Од 19.00 часот е воведена забрана за движење на тешки товарни возила на патниот правец Велес - Катланово.Од 18:30 часот воведена е забрана за сообраќај на тешки товарни возила на планинскиот премин Плетвар.Од 18.30 часот е воведена забрана за движење на тешки товарни возила на патниот правец Дебар - Струга.Од 07:35 часот е воведена забрана на движење за тешки товарни возила и автобуси на патниот правец Тетово – Попова Шапка.Забрани за тешки товарни возила има на патот Дебар - Маврови Анови..На патниот правец Струга - г. п. Ќафасан (до с. Франгово) поради оштетување на коловозот, брзината е ограничена на 40 км/ч.

Македонија | пред 7 години

vucic-111

(ВИДЕО) Вучиќ лично соопшти дека член на неговата партија бил уапсен за палење на куќа на новинар

Српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва во најавеното вонредно обраќање пред српската јавност порача дека сите граѓани треба да бидат еднакви пред законот, без разлика која партиска книшка поседуваат. Тој објави дека е уапсен, Драгољуба Симоновиќ, претседател на општина Гроцка и член на Главниот одбор на Српска напредна странка, поради нападот и палењето на куќата на новинарот Милан Јанковиќ. Во придружба на министерот за полиција ,Вучиќ рече дека партиската книшка никого не може да го заштити.

Свет | пред 7 години

50750956_2157269067665886_2627214001561403392_n

ФОТО: Жителите велат дека улиците се под снег и лизгави, а Општина Аеродорм се правда

Неисчистениот снег по улиците им прави проблеми и на возачите во скопската населба Аеродром. Улиците се тешко проодни, споредните не се проодни, а возачите мака мачат да стигнат до своите домови. На социјалните мрежи граѓаните објавија фотографии и реагираат дека на коловозите нема фрлено ни зрно сол.„Зимската служба на Општина Аеродром интензивно работи на расчистување на снегот од улиците и пешачките патеки што се под нејзина најдлежност, каде досега се фрлени 45 тони сол.Екипите ќе ја следат состојбата и во текот на ноќта и ќе реагираат согласно со условите на терен за да се обезбеди непречено движење на сите учесници во сообраќајот и поголема безбедност на граѓаните“, стои на Фејсбук страната на Општина Аеродром. 

Скопје | пред 7 години

dImk9lMaHR0cDovL29jZG4uZXUvaW1hZ2VzL3B1bHNjbXMvWVRnN01EQV8vZTU0ZDI4M2ZlMzZiMjA1YmVkYjcyYzlhMTFkMTRjNTcuanBlZ5GTAs0C5ACBoTAB

(ФОТО) Се судрија авион и хеликоптер, загинаа 5 лица

Пет лица загинаа при судар на авион и хеликоптер над италијанските Алпи, на границата помеѓу Франција и Италија.Спасувачите пронајдоа две повредени лица по несреќата, соопшти Италијанската горска служба за спасување.https://twitter.com/CappellaLinate/status/1088841309127884800?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1088841309127884800&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.blic.rs%2Fvesti%2Fsvet%2Fsudar-helikoptera-i-aviona-pet-osoba-poginulo-u-italijanskim-alpima%2F3qjnyt4Несреќата се случила над глечерот Рутор во долината Аоста.На местото на несреќата има два хеликоптера и медицински тим. 

Свет | пред 7 години

borisov_zaev

Заев за Македонија патува со џип кој му го испратил Борисов

Премиерот Зоран Заев тргна од Софија за Скопје. Тој патува со џип што му го испратил бугарскиот премиер Бојко Борисов. Според „Независен весник“, членовите на македонската делегација се враќаат во земјава со три џипа и со придружба што им ја испратил Борисов, со оглед на лошите услови на патот од Софија до Скопје поради невремето.

Македонија | пред 7 години

50679360_10161449153280061_4743181828083417088_n

(ФОТО) Бектеши со Заев и Анѓушев од Швајцарија упати честитка по повод ратификација на договорот од Преспа

Министерот за економија Крешник Бектеши, на својот Фејсбук профил постави фотографија на која е заедно со премиерот Заев и Анѓушев и упати честитка по повод ратификација на договорот од Преспа во Грција денес,„Од Швајцарија со срце, Северна Македонија, член на НАТО, честитки“ напиша тој.https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10161449153270061&set=a.10153270216630061&type=3

Македонија | пред 7 години

smak9lMaHR0cDovL29jZG4uZXUvaW1hZ2VzL3B1bHNjbXMvWlRNN01EQV8vN2NhOTE0MWYyYzM2YTAzOTlkNDkyZmFiMmM4MzU2NmYuanBlZ5GTAs0C5ACBoTAB

Дојава за експлозивна направа во Градската управа во Загреб

Загребската полиција соопшти дека денес примила дојава за подметната експлозивна направа во Градската управа, за која се претпоставува дека била лажна.Дојавата за можна експлозивна направа во Градската управа на плоштадот Стјепан Радиќ ја примиле околу 14 часот.Полициските службеници извршиле преглед со кој е утврдено дека стану збор за лажна дојава. 

Свет | пред 7 години

grk

Апостолос Глетос поднесе оставка како протест против договорот од Преспа

Градоначалникот на Стилида, Апостолос Глетос поднесе оставка бидејќи бил ратификуван договорот од Преспа денеска во грчкиот Парламент, пренесува ТВ21.Оваа оставка како што истакнал тој, следувала како протест против договорот од Преспа.Градоначалникот оваа одлука веќе претходно ја имал најавено на социјалните мрежи преку видео порака.Преспански договор — меѓународен договор потпишан од шефовите на дипломатијата на Македонија, Никола Димитров и на Грција, Никос Коѕијас на 17 јуни 2018 година во селото Нивици, Грција на брегот на Преспанското Езеро.Истиот бил потпишан и од посредникот на ООН за спорот за името Македонија, Метју Нимиц. Договорот ја заменува Привремената спогодба потпишана во Њујорк на 13 септември 1995 година. Тој би требало да претставува решение на спорот за името Македонија и да воспостави стратешко партнерство помеѓу идната Северна Македонија и Грција.Според истиот Македонија треба да го промени своето име во Северна Македонија односно формалното име да ѝ биде Република Северна Македонија, а Грција ќе го признае државјанството на соседната земја како граѓанин на Република Северна Македонија и ќе се согласи официјалниот јазик на државата да се именува како македонски јазик.

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

Во основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“ се одбележа Меѓународниот ден на холокаустот

Општина Аеродром се приклучи во одбележувањето на 27 јануари, Меѓународниот ден на холокаустот.По тој повод денеска во основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“ се одржа пригоден настан, на кој учествуваа учениците, по што беше отворена и изложба на тема „Изгубениот свет на сефарските Евреи од Западен Балкан“.Станува збор за поставка од Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите во Македонија, составена од 11 панели, која во наредните две недели ќе биде изложена во холот на училиштето.На настанот присуствуваа голем број гости, меѓу кои и претставници од Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Република Македонија.

Скопје | пред 7 години

sneg-605x420

Росоман - Прилеп во прекин поради извртено возило на Македонија Пат

Патниот правец Росоман - Прилеп е во прекин за сите видови на возила поради извртено возило на Македонијапат.Од 20:00 часот e воведена забрана за  движење на тешки товарни возила на патниот правец Македонски Брод – Прилеп преку планинскиот премин Барбарос.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања