Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

prvo-pa-zensko

Фестивал за феминистичка култура и акција „Прво па женско“

ПРВО ПА ЖЕНСКО ќе трае од 9 до 12 мај, а неговата четиридневната програма ќе опфати повеќе дискусии, изложби, перформанси, раскажувачки слем, театарска претстава, две работилници, концерти, диџеј сетови, едно предавање и проекција на филм, сите реализирани во просториите на МКЦ.На пресот ќе се најават повеќе информации за Фестивалот, а веднаш по пресот почнува и првиот дел од дискурзивната програма на која ќе се дискутира за гинекологијата и акушерството, сервисите, достапноста и третманите со кои жените се соочуваат во доменот на репродуктивното здравје. На панелот ќе учествуват Министерот за здравство – Венко Филипче, претседателката на Комитетот за безбедно мајчинство Д-р Ана Данева Маркова од Гинеколошко-акушерската клиника, здравствената медиаторка Љатифа Шиковска и Елизабета Божиноска која е програмска директорка на ХЕРА – Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување. Официјалното отворање на ПРВО ПА ЖЕНСКО е закажано за истиот ден, во 19 часот, во Галеријата на Младинскиот културен центар, по што ќе се продолжи со останатата програма.Фестивалот е поддржан од FRIDA - Young Feminist Fund, Министерство за култура на РМ, Град Скопје, Амбасада на Кралството Холандија во Скопје, Амбасада на Кралството Шведска во Скопје, The Kvinna till Kvinna Foundation и се реализира во соработка со ЈУ МКЦ - Скопје, МОТ+, Фестивал Место Женск - Словенија, Фестивал на европскиот филм Синедејс, Музеј на современа уметност - Скопје, Пасворд Продукција (ТАКСИРАТ фестивал), ИСКРА Букинг, МЕДУЗА, Театар на сенки Сенки и облаци, ЦИНИК - Центар за истражување на национализмот и културата и Пич Прич.

Скопје | пред 7 години

zena-papa

Грчките медиуми за посетата на папата на Скопје

Грчките медиуми во текстовите посветени на вчерашаната посета на папата Франциск на Северна Македонија акцентот го ставија на пораките што тој ги испрати за време на свечената литургија, но и на пречекот на скопскиот аеродром – традиционално со погача и сол, коментирајќи дека станува збор за прва и историска посета, јави дописничката на МИА од Атина.„Скопје: Топол пречек за Папата Франциск“; „Иванов, Заев: Со леб и сол го пречекаа Папата во Скопје“, „Порака на мир и обединетост испрати папата Франциск од Скопје“, „Папата за прв пат во историјата ја посети Северна Македонија“; се дел од насловите во грчките медиуми.– Порака за мир, обединетост и хармоничен соживот упати папата Франциск за време на свечената литургија одржана на централниот плоштад во Скопје на која присуствуваа над 10 илјади луѓе, пишува грчката новинска агенција АНА-МПА.Во централните изданија на вестите, со прилози, грчките телевизии информираа за посетата на папата на Скопје.-За прв пат, поглавар на Римокатоличката црква ја посетува Северна Македонија. Папата Франциск на аеродромот во Скопје беше пречекан со сите почести. Задржувајќи го традиционалниот обичај, го послужија со леб и сол, објави грчката телевизија Скај-Богата со пораки, првата, а затоа и историска посета на папата Франциск во Северна Македонија, коментираше државната телевизија ЕРТ на почетокот на прилогот посветен на посетата на папата на Скопје.-На неговото последно официјално појавување како претседател, Ѓорѓе Иванов го прими папата Франциск. Поглаварот говореше за убавината на балканскиот мозаик што го обезбедуваат различните нации и религии, испраќајќи порака за мир, а положи венец и на споменикот на Мајка Тереза, која самиот ја прогласи за светица во 2016, објави ТВ Антена.Грчките медиуми, во текстовите, освен пораките на папата ги пренесоа и ставовите на премиерот Зоран Заев.

Македонија | пред 7 години

straza-111

Трагедија на Стража: Автобусот запрел на пауза, на возачот му се слошило и починал

Вчерaечер ( 7 мај ) околу 22 часот и 15 минути, во Полициската станица Гостивар пријавено е дека на магистралниот пат Кичево-Гостивар, на превојот„Стража“, починал 37-годишниот Г.Д. од Скопје, возач на автобус „Мерцедес“ со скопски регистерски таблици.Откако со автобусот запрел  за пауза на „Стража“, на Г.Д. наеднаш му се слошило и паднал во безсознание, така што лекарите од гостиварската Брза помош, кои во меѓувреме биле повикани, констатирале негова смрт.Јавен обвинител и екипа од Полициската станица Гостивар извршиле комплетен увид, а по наредба на јавниот обвинител безживотното тело на Г.Д. предадено му е на семејството.

Македонија | пред 7 години

blagorodna

Собранието испати сочувство за Благородна Дулиќ

Почина поранешната пратеничка Благородна Дулиќ, која беше пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.Во сочувство за Благородна Дулиќ  се вели:-Дозволете во мое лично име и од име на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија, да споделам изрази на сочувство до семејството, пријателите и соработниците на поранешната повеќекратна пратеничка во законодавниот дом, почитуваната Благородна Дулиќ, која замина од овој свет. Оваа тажна вест доаѓа на денот на историската посета на Папата Франциск во нашата земја и радоста е помешана со тагата.Пратеничката Дулиќ беше исклучителен, прагматичен професионалец, одличен правник и нејзиниот придонес во законодавниот дом остави неизбришлив траг. Ќе биде запомнета и по нејзината скромност и трудољубивост.  Нека споменот за неа остане вечен и нека почива во мир, се вели во сочуството од претседателот на собранието Талат Џафери.Опелото ќе се одржи денеска  со почеток од 12:30 часот во капелата на гробиштата во општина Бутел. Родена е на 18.04.1941 година во Кочани 

Македонија | пред 7 години

kolorado

Крвав напад во училиште во САД, еден убиен повеќемина ранети

Едно лице е убиено, а седум се ранети, од кои неколку во критична состојба, во инцидентот со пукање во училиште во Даглас, предградие на Денвер, во сојузната американска држава Колорадо, пренесува Ројтерс.Според полициските извештаи, двајца ученици вооружени со пиштоли влетале во училиштето и почнале да пукаат кон учениците. Напаѓачите се совладани и веќе се во притвор. Гувернерот на Колорадо, Џаред Полис, на Твитер напиша дека ќе испрати уште полицајци во училиштето.Белата куќа изрази сочувство за жртвите, додека портпаролот Џад Дир рече дека претседателот Доналд Трамп „е информиран и продолжува да ја следи ситуацијата“. 

Свет | пред 7 години

rusija-lavina

(ВИДЕО) Уште една трагедија во Русија, седум лица загинаа во лавина

Седум лица загинаа во лавина во Алтајските планини, соопшти денеска руското министерство за вонредни ситуации. Инцидентот се случил пред два дена кога група од девет турсити упаднале во лавина на Алтајските планини, пренесе Тас.Само две лица од групата успеале да се спасат.

Свет | пред 7 години

zaev-1-702x459

СДСМ ќе бара оставка од двајца градоначалници во Скопје?

По најавата за „метла“ на функционри кои не служат доволно добро на народот, од редовите на владејачката партија, таа најверојатно ќе „заигра“ и меѓу градоначалниците во неколку скопски општини.Според неофицијални информации, се разгледувала можност да им бидат побарани оставки на двајца градоначалници на скопски општини, каде што е евидентиран најиндикативен пад во однос на последните локални избори, и кои беа често на тапет на јавноста поради лоши потези, посебно во делот на урбанизмот.Проценките, наводно, се дека е подобро да се организираат дополнителни избори во тие општини, макар и да победи ВМРО-ДПМНЕ, отколку да продолжи да се нарушува имиџот на СДСМ со непродуктивно и неажурно работење на дел од локалните власти. Соговорниците на „Независерн весник“ најавуваат посебна анализа за потфрлањата во главниот град на овие избори, наспроти убедливата победа што беше остварена во сите скопски општини и во градот во целина на локалните избори пред една и пол година.Посебно се посочуваат општините Кисела Вода и Гази Баба, каде што е забележан најголем пораз, но и Аеродром и Ѓорче Петров, во кои ВМРО-ДПМНЕ исто така обезбеди подобар резултат од СДСМ. На скопскиот градоначалник Петре Шилегов, пак, меѓу другото му се забележува дека истовремено е и потпретседател на партијата, така што проценките се дека не придонел доволно за подобар резултат во главниот град.Од друга страна, се посочува и на одреден „кадровски дисбаланс“ во изминатиот период по преземањето на власта, така што на најистурени позиции предност им беше дадена на кадри од внатрешноста, за на крајот да се нотираат послаби резултати од опозицијата во многу општини – и во Скопје и во внатрешноста.Такви анализи, впрочем, се прават и за другите градови каде што е воочена поголема загуба на гласови. За Прилеп, од каде што, на пример, почна кампањата на Пендаровски се посочува дека е алармантна загубата на гласови во периодот од две недели – од околу сто гласови предност на ВМРО-ДПМНЕ во првиот круг до близу 1.500 во вториот круг. Особено ако се има предвид дека оваа општина е мошне солидно кадровски застапена во централната власт, така што има еден министер, двајца пратеници и уште неколку раководители на истурени позиции.Извор: Независен.мк

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

(Видео) Прва проба на Евросонг: Тамара го покажа зелениот фустан на Ношпал

Вчера, на првата проба во „Експо Тел Авив“ Тамара го откри долгиот зелен фустан и сценскиот настап пред второто полуфинале на 16 мај.Нашата евровизиска претставничка ќе има уште две проби со песната „Proud“ . Сценскиот настап се подготвува во консултација со тим од Шведска.Поп-ѕвездата изгледа светски во тоалетата на Ношпал која е комбинација на сатен и црн тул. Во Израел Тамара добива само пофални зборови за гласот, а сценскиот настап е замислен со холограми и има динамична кореографија.-Тоалетите за Тамара за Евросонг ги правев од срце зашто ја знам од дете и знам дека ќе ја претстави нашата држава во најдобро светло. За настапот дизајнирав долг фустан кој ќе биде и едноставен но и гламурозен. Употребив скапоцени материјали, набавени од Германија-свилен сатен дишес од 12 метри и тул. Сите ја пофалија овде, во Тел Авив, зашто е поинаква, ни изјави ексклузивно од Тел Авив дизајнерот Ношпал.Тамара на црвениот односно портокаловиот ќилим, на свеченото отварање на 12 мај ќе блесне во црна тоалета, исто така, на дизајнерот Ношпал. На евровизискиот настан очекува да се сретне и со Мадона која е специјална гостинка на финалето со две песни, а за свој фаворит ја избра песната „Солди“ на италијанскиот изведувач Mахмуд.

Магазин | пред 7 години

59830445_1102622859941045_7375043718698500096_n

ФОТО: Се крева нов спрат на минарето од охридската џамија

Минарето на Алипашината џамија во Охрид продолжи со градба. Здружението „Совест“ објави фотографија на социјалните мрежи, каде работниците се качени на скеле и продолжуваат со ѕидање на објектот.„Си поминаа изборите и си тераат по старо. Оп, еве, денес, се спрема нов спрат на минарето, кое е дивоградба на Алипашината џамија. Правда, закон, жолт картон, порака, нешто? Охрид нема време да чека. Довербата повторно ви ја дадовме, жолтиот картон го испорачавме, не дозволувајте да не изиграте, оти следно е црвен!“, објави здружението „Совест“.

Македонија | пред 7 години

kucinja-kuce

Жена од Ѓорче Петров искасана од кучиња

На 07.05.2019 година во 10.30 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, А.С.(57) од Скопје пријавила дека на улицата „Лука Геров“ била касната од куче скитник во пределот на десната нога.

Македонија | пред 7 години

policija-2-1

19-годишник со „БМВ“ излетал од патот, итно пренесен во болница

На 07.05.2019 година во 01.00 часот на локалниот пат од село Долни Липовиќ кон село Горни Липовиќ, општина Конче, на место викано „Скокот“, патничко возило „БМВ 320“ со скопски регистарски ознаки, управувано од П.П (19) од село Ракитец, општина Конче, излетало од патот.Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил еден од двајцата сопатници во возилото, кој бил пренесен во Клиничка болница „8-ми Септември Скопје“.Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Радовиш.

Македонија | пред 7 години

soobr1

Товарно возило удрило 83-годишен маж кој е во лоша состојба

На 07.05.2019 година во 07.50 часот на крстосницата од улицата „Скоевска“ и улицата „Радишанска“ во Скопје, товарно возило „Фолксваген Ап“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.С.Б.(45) од Скопје, удрило во пешакот Н.К.(83) од Скопје.Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила Н.К. и со истото возило била пренесена во Градската општа болница „8-ми Септември“ каде и била укажана лекарска помош.Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 7 години

svr-ohrid

СВР Охрид поднесе гони 60-годишен дрвокрадец

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.Ч.(60) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,пустошење шума“ и ,,узурпација на недвижности“.Во текот на феврури 2019 година на планина Галичица, од парцела сопственост на Р.С. Македонија, пријавениот бесправно исекол поголема количина огревно дрво. Дел од дрвата била пронајдени и одземени од вработени во шумска полиција.

Македонија | пред 7 години

Zaev-Rama-696x435

Заев на ифтарска вечера со Рама и Звиздиќ

Премиерот Зоран Заев синоќа присуствувал на ифтарска вечера во Сараево, во друштво на Денис Звиздиќ, претседател на Советот на министри на Босна и Херцеговина и со албанскиот премиер Еди Рама.-На покана на претседателот на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Денис Звиздиќ, присуствував на ифтарска вечера во Сараево заедно со премиерот на Албанија, Еди Рама.Деновите на рамазански пости се потсетник дека милосрдието, почитта, солидарноста, добрината, љубовта и простувањето се вредности кои треба да ги почитуваме и кои не обединуваат како народи, напиша премиерот заев на фејсбук.

Македонија | пред 7 години

rocista

Кривичен суд: Судењата што беа закажани за 7 мај ќе бидат презакажани за други датуми

Судските расправи што беа закажани за вчера (7 мај) во Кривичниот суд ќе бидат презакажани за други датуми, информираат од судот.-Граѓаните кои се јавуваат како странки во одредени постапки што се водат пред Кривичниот суд, или добиле било каква покана за да се јават во судот на 07.05.2019 година, што беше неработен, ќе добијат дополнително покани откако расправите кои беа закажани за вчера ќе бидат презакажани за други датуми, соопшти Основен суд Скопје 1 – Скопје.

Македонија | пред 7 години

Muhamed-Zekiri

Зеќири: ДУИ го молеше СДСМ да одиме заедно на избори за да не се види колку се слаби

ДУИ не молеше да одиме заедно на избори тврди потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зеќири за Телма.Тој во емисијата Топ Тема откри дека „интегративците” биле свесни дека слабо стојат меѓу граѓаните и за тоа да не се види не излегле со сопствен кандидат во првиот круг-Не сакам да зборувам, но ДУИ не молеше да одиме со заеднички кандидат,  рече Зеќири.Тој потенцираше дека СДСМ секој ден губи од својата поддршка поради фактот што е во коалиција со ДУИ, партија која била дел од „режимот”

Македонија | пред 7 години

antonijo-milosovski

Милошоски: Немаме основа за триумфализам, но сме на добар пат

Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ во вчерашното гостување на телевизија Телма рече дека неговата партија нема основа за триумфализам, но е на добар пат.-Ние немаме основа за триумфализам, но гледаме дека се движеме во добра насока. Сметам дека анализата дека СДСМ без коалиционите партнери тежи 330 илјади гласови е точна. Ние со оглед дека сме опозиција и во помала коалиција, сметам дека сме на добар пат. Од 1991 година до денес никогаш не победил канидидат на опозицијата, без разлика кој е на власт, заклучи Милошоски.

Македонија | пред 7 години

dsc3171

Заев се сретна со Палмер: Северна Македонија e пример во регионот со Преспанскиот Договор

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев во пресрет на отворањето на Генералното Собрание на ЕБОР во Сараево, БИХ оствари средба со Заменикот асистент секретар за Европа и Евро Азија во Стејт Департментот на САД, Метју Палмер.На средбата беше потенцирана одличната соработка помеѓу Република Македонија и Соединетите Американски Држави и премиерот Заев изрази голема благодарност за континуираната поддршка на САД за членство на нашата земја во НАТО и ЕУ. Палмер истакна дека успешно спроведените претседателски избори ја носат државата во вистинскиот правец и ги олеснуваат заложбите за добивање на датум за преговори со ЕУ.„Демократските, фер и кристално чисти избори потврдија дека нашата земја станува зрела демократија, а граѓаните дадоа масовна поддршка на концептот едно општество за сите. Покажавме како земја дека имаме капацитет да ги решаваме тешките прашања, а сега сме фокусирани на иднината и економскиот прогрес на земјата. Со 12 ратификации на протоколот за нашето членство во НАТО веќе се чувствуваат позитивни ефекти и охрабрување за нови инвестиции. За нас е многу важно Европската унија да ни даде датум за преговори во јуни за да го оствариме европскиот сон на многу генерации наши граѓани“, рече премиерот Заев.Палмер ја потенцираше важноста нашата земја да добие датум за преговори со ЕУ и во таа насока рече дека е оптимист посебно заради фактот што Македонија покажа дека е пример во регионот со потпишувањето и реализацијата на Преспанскиот договор и со реформските процеси.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните гласаа против пеколот и бедата кои ги донесе СДСМ

Власта на СДСМ и Зоран Заев е делигитимирана. Граѓаните гласаа за промени и го најавија неизбежниот пад на оваа ненародна и криминална власт, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.-Граѓаните на Република Македонија избраа правда и правдина и гласаа против пеколот  и бедата кои ги донесе СДСМ, а беа најавувани како живот. Народот ја казни власта за сите криминали, корупцијата, непотизмот и сите  нереализирани ветувања. Народот  јасно даде до знаење дека не сака повеќе државата да ја водат функционери чии бизниси криминално се шират на грбот на граѓаните. Граѓаните покажаа дека не сакаат повеќе економија која стагнира, узурпирано здравство, уништено образование, заробени институции и власт која не е способна да донесе проекти и инвестиции кои ќе значат подобра иднина за државата. ВМРО-ДПМНЕ победи во најголем број на општини и покажа дека е вистинскиот избор кој може да ги донесе промените. Граѓаните го препознаваат тоа и затоа во вториот круг ВМРО-ДПМНЕ доби 60.000 гласови повеќе, порачуваат од партијата.Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека граѓаните порачаа дека Република Македонија повеќе не смее да тоне и уназадува.-Не успеаја уцените, заканите и притисоците на Зоран Заев, македонските граѓани му се спротиставија на деспотот и веќе започна крајот на криминалниот картел на власт. Граѓаните порачаа дека Република Македонија повеќе не смее да тоне и уназадува. Државата заслужува право и правдина, затоа предвремените парламентарни избори се неизбежност.  СДСМ мора да си замине, за Република Македонија и граѓаните конечно да почнат да одат напред, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 7 години

Rabota-na-pat

Промена на режимот на сообраќај на делницата Валандово-Раброво и Раброво-Струмица

„Виадукт трејд“ информира дека денеска и утре ќе се започне со изведување на градежни активности при поставување на индуктивни јамки на Регионален Пат Р1401, делница Валандово-Раброво и Раброво-Струмица (пред крстосницата), за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај.Од АМСМ ги предупредуваат возачите да внимаваат и да ги почитуваат ознаките на патиштата.

Македонија | пред 7 години

Nujork-Tajms

Њујорк Тајмс: Завршува тридецениската меѓународна изолација, посета на папата ја става Северна Македонија на светската мапа

Весникот Њујорк Тајмс во текст под наслов „Посета на папата Франциск ја става Северна Македонија на светската мапа (Visit by Pope Francis Helps Put North Macedonia on the Map)“, пишува за денешната историска посета на папата на нашата земја.-Откако горчливиот спор за името со Грција конечно се реши и членството во НАТО се очекува до крајот на годинава, Северна Македонија доби уште еден знак дека нејзината речиси тридецениска меѓународна изолација завршува: се случи првата папска посета на земјата, пишува весникот.Во текстот се потсетува на патот на нашата земја од независноста до Договорот од Преспа и промената на името и очекуваниот влез во НАТО, како и олеснување на патот кон ЕУ.-Сепак, не сите присутни го споделија ентузијазмот на папата за овие случувања, пишува весникот и пренесува дел од говорот на претседателот Ѓорге Иванов, претставувајќи го како еден од противниците на договорот кој одбива да го користи новото име. Њујорк Тајмс пишува и дека Иванов е на самиот крај на својот мандат и дека неговиот наследник Стево Пендаровски е поддржувач на договорот.Во текстот е пренесена и изјава на премиерот Зоран Заев, како и дел од говорот и пораките на папата Франциск.

Македонија | пред 7 години

1-8

Вознемирувачко видео: Крвопролевање во затвор, седум лица убиени

Најмалку седум лица се убиени и десет ранети во пукање во затвор во Гватемала, соопшти полицијата.Затворот се наоѓа на околу 17 километри источно од градот Гватемала.Сите жртви се затвореници, а затворската управа најмалку осум часа во текот на вчерашниот ден немаше контрола над затворот.Во тој затвор има 4.137 затвореници, иако објектот е граден за 900 затвореници.

Свет | пред 7 години

dimitrov

Димитров до Милошоски: Гладна кокошка, просо сонува

Министерот за надворешни работои, Никола Димитров, синоќа му испрати порака на поранешниот шеф на македонската дипломатија Антонијо Милошоски дека ВМРО-ДПМНЕ нема за брзо време да се вратат на власт.„Гладна кокошка, просо сонува …“, кусо искоментира Димитров на својот профил на Фејсбук, а потоа додаде во коментарите „Ќе пораснеме, па што сака нека биде. Ќе се радуваме на успесите на сите наши. И ќе научиме да се поддржуваме меѓусебно“, напиша Димитров по настапот на Милошоски на телевизија Телма.Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување на телевизија Телма рече дека неговата партија нема основа за триумфализам, но е на добар пат.-Ние немаме основа за триумфализам, но гледаме дека се движеме во добра насока. Сметам дека анализата дека СДСМ без коалиционите партнери тежи 330 илјади гласови е точна. Ние со оглед дека сме опозиција и во помала коалиција, сметам дека сме на добар пат. Од 1991 година до денес никогаш не победил канидидат на опозицијата, без разлика кој е на власт, заклучи Милошоски.

Македонија | пред 7 години

pratenici-sto-glasaa-za-vmro

Осумте пратеници влегуваат во власта !

Осумте пратеници се се' поблизу до влез во владината коалицијата, нешто за што Скопје1.мк пишуваше уште пред околу два месеци. Дел од пратениците уште пред изборите нуделе функции и вработувања во идната Влада, а најдалеку од сите отишол пратеникот Љубен Аранудов кој во Охрид на луѓе од ВМРО ДПМНЕ цело време додека течеше кампањата за избори им нудел места по министерствата во Скопје.Дека нешто се случува можеше да се види и синоќа кога гостувајќи во една емисија, пратеникот Мухамед Зекири поголем дел од емисијата го помина критикувајќи ја ДУИ и Реисот на ИВЗ и обвинувајќи дека блиските релации на ДУИ со ВМРО ДПМНЕ не се никаква тајна.ЉУБЕН САКАЛ СРЕДБА СО МИЦКОСКИ И НИКОЛОСКИ Интересно е тоа што пратеникот Љубен Арнаудов пред првиот круг на изборите се обидувал да се сретне со Христијан Мицкоски или со потретседателот на ВМРО ДПМНЕ Александар Николоски. Арнаудов направил неколку напори да дојде до оваа средба, но не знаеме дали таа се реализирала како и што сакал од нив и за што барал да се сретне со Мицкоски.Претходно Љубен Арнаудов и Крсто Мукоски беа заедно со луѓе вработени во МВР кои се од голема доверба на Оливер Спасоски во Охрид.ВИДЕО ОД КАМПАЊИТЕ КОГА АРНАУДОВ ЈА ГРАДЕШЕ КАРИЕРАТА ВО ВМРО ДПМНЕ И БЕШЕ КАДАР НА КАДРОВИЦИТЕ НА ОВАА ПАРТИЈА

Македонија | пред 7 години

meriem

(ВИДЕО) Молам за 100 денари за вреќа брашно, синот умре-снаата и децата мора да јадат

Мерем Алишани од Куманово секој ден доаѓа во Скопје во Старата скопска чаршија. Седи начесто кај споменикот Скендербег. Нема ни кутија. Покриена со бела крпа преку нозете раката и е пружена моли за некој денар, објави досие.мк.Синот и починал на 32 години и нема машка глава да се бори за гол живот за снаата и децата. Нема телефон, живее во населбата Диво Насеље во Куманово.Институциите се оние кои може да ја најдат и да ја решат маката на жената и нејзиното семејство.извор: досие.мк

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања