Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

srpska-policija

17-годишник нападнал полицајци во Тетово

СВР Тетово поднесе известување против Д.Д.(17) од село Брвеница, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.На 07.04.2019 година околу 02.00 часот во Тетово, пред угостителски објект на ул.„’29-Ноември’’, пријавениот агресивно се однесувал кон полициски службеници кои вршеле службени дејствија.

Македонија | пред 7 години

isceznato

Повторно исченза девојче од Скопје, кое претходно бегало 10 пати

На 08.05.2019 година во 01.00 часот во Полициската станица Карпош, од ЈУ Организациона единица Козле- Центар за социјални работи било пријавено дека во непознат правец се оддалечила нивната штитеничка М.Е.(17), кој претходно десетина пати се оддалечувала и враќала во институцијата.Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Скопје | пред 7 години

tepacka

Едно лице претепано во Чаир, еден час по полноќ

На 08.05.2019 година во 01.45 часот во СВР Скопје, О.Б.(19) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 00.50 часот на улица „Џон Кенеди“ бил физички нападнат од С.Н. и уште неколку други лица.Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Скопје | пред 7 години

soobrakajna-nesreka

Прилепчани направиле сообраќајка, па го претепале возачот

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп поднесе кривична пријава против С.Р.(22) и М.С.(20), двајцата од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,насилство“.На 24.04.2019 година во Прилеп на улица ,,Октомвриска“, по претходна сообраќајна незгода, пријавените физички го нападнале С.Ш.(52) од Прилеп.

Македонија | пред 7 години

krediti-za-skoluvanje-denari-1

Директор на јавно претпријатие давал државни пари без одобрение на управен одбор

Полициската станица Валандово поднесе кривична пријава против Д.Б.(30), В.П.(34), Е.О.(64) и С.О.Т.(32), сите од Валандово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.Во периодот од 01.01.2014 до 20.11.2017 година првопријавениот, како директор на Јавното претпријатие „Комунален сервис“ – Валандово, без одлука на управен одбор, одобрувал исплата на парични средства, во вид на аванси, на повеќе вработени во наведеното јавно претпријатие.Притоа, во периодот од 01.01.2014 до 02.02.2015 година, третопријавената, како благајник во наведеното јавно претпријатие, и во периодот 11.02.2015 до 30.10.2018 година четвртопријавената, како благајник во наведеното јавно претпријатие, вршеле исплата на парични средства, во вид на аванси, на вработени без приложена соодветна документација, додека за дел од исплатените средства не воделе ниту сметководствена евиденција.Исто така, во периодот од 21.11.2017 до 30.10.2018 година, второпријавениот, како директор на ЈП „Комунален сервис“ – Валандово, без одлука на управен одбор, одобрувал исплата на парични средства, во вид на аванси, на повеќе вработени во наведеното јавно претпријатие.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Јаулески:Владата нема одвоено ни денар за студентските домови

Се наоѓаме пред СД Стив Наумов, место на кое според СДСМ уште пред година ипол требаше да почне со градба студентски град. Наместо тоа, ситуацијата во домот е полоша од кога било, истакна Јован Јаулески, Претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.Овие слики се сликани во текот на вчерашниот ден, од кои се гледа нешто што треба да биде тоалет. Ова не е тоалет, ова е руина. Почитувани родители, во вакви тоалети одат вашите деца кои живеат во Стив Наумов.Откако е сменета власта, веќе две години, владата нема одвоено ни денар за СД Стив Наумов, а ниту за другите студентски домови.Проблемот со руинираните тоалети, е само капак на проблемите кои се таложат две години. Имено студентите во текот на зимата овде немаа топла вода во купатилата, додека храната веќе со месецот е слаба и не ја задоволува калоричната вредност која треба да ја внесува еден млад човек.Ова се слики од храната, сликана од студенти, а објавени на медиумите, од кои се гледа отпушоци и инсекти во истата. Ова не е страшно. Ова е алармантно. Власта две години со прст нема мрднато за младите. Пред иста ваква табла, Стефан Богоев и Дарко Каевски пред две години промовираа како ќе изгледа студентски град, и ги најавуваа инвестициите на студентските домови. Две години потоа, Богоев е градоначалник, а Каевски директор, додека од студентскиот град нема ништо, не е ниту на повидок.Заев ги излажа и злоупотреби младите. Време е за одговорност. Време повеќе нема. Младите сакаат иднина, истакна Јован Јаулески, Претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.https://mail.google.com/mail/u/0/#inbox/FMfcgxwCgVcWDtHHPzvKNwdTVGJZpnfg?projector=1

Македонија | пред 7 години

ohrid-lugje-carsija-guzva-turisti

Охриѓанец фатен со дрога во сред центар, полицијата со детали

СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Т.(53) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.На 04.05.2019 година околу 04.00 часот на улица „Партизанска“ во Охрид тој бил затекнат при користење на марихуана.Дополнително, при претрес, извршен врз основа на судска наредба, во неговиот автомобил „Опел Инсигниа“ и во неговиот дом била пронајдена и одземена марихуана, како и повеќе други предмети поврзани со кривичното дело.

Македонија | пред 7 години

minare-ohrid-dzamija

Владата и ИВЗ се договориле минарето да се гради, но со помала висина

Минарето на џамијата во охридската чаршија ќе биде 25 метри, наместо предвидените 32 метри, дознава „Скопје1.мк“. Ова е договрено помеѓу Владата и локалното муфтиство. Информацијата за „Скопје1.мк“ ја потврдуваат од локалното муфтиство и неформалната група граѓани кои се залагаа за изградба на минарето.Единствен проблем останува првото решение и дозволата за градба. Според нашите информаици, во наредниот период, ќе се бара начин решението правно да се канализира.Директорот на имотот или вакуфите на ИВЗ, Дритон Дикена за „А1ОН“, вели дека нема конкретни информации околу случајот, но доколку оваа информација ја кажал охридскиот муфтија, тогаш нема сомнеж дека таа е точна. Заев пак, демантира дека има ваков договор.

Македонија | пред 7 години

vozac-avtobus-nesreka

Намерно се забив во куќата: Возачот на автобусот раскажал за денешната тешка сообраќајка

Автобусот во еден момент како да подиве и почна неконтролирано да се движи со брзина од над 100 на час. Никако не можев да го запрам и гледав каде ќе напавам најмала штета. Удрив во еден паркиран автомобил, па се забив во куќата, изјавил возачот на автобусот број 20, Драгослав К. кој утрово се забил во куќа во близина на Белград.Тешката сообраќајна несреќа за среќа минала без жртви и потешко повредени, а најголема штета претрпела стамбената куќа каде се забило возилото.Среќа што светлото на семафорот беше зелено, кој знае што ќе беше да требаше да застанам, а возилата да тргне пред мене. Потоа морав да бирам, дали ќе удрам во луѓе или да се забијам во куќата,додал возачот.Со својата одлика, пишуваат медиумите од соседството, возачот спасил 15-тина патници кои биле во автобусот, но и пешаци кои би можеле да настрадаат. Со поллесни повреди минале 4 патници, а допрва ќе се утврдува која е причината за ненадејното забрзување на авотбусот.Извор:република.мк

Свет | пред 7 години

nova_vlada_g111

Рускоска води истраги и против актуелни функционери од СДСМ и коалицијата

Обвинителката Вилма Рускоска одговарајќи на новинарски прашања изјави и дека  се водат предистраги за функционери од актуелната власт, нo не посочи повеќе детали.„Водиме предистраги. Се работи за предистражни предмети и во овој момент не би можела да кажам повеќе“, истакна  Рускоска.Русковска изјави и дека Интерпол повеќе од 2 месеца одбива да ја објави меѓународната потерница за Никола Груевски и за, Никола Бошкоски.Рускоска на прашање на новинарите до каде е истрагата за Никола Груевски и процесот за екстрадиција, изјави дека пристигнала документација од Албанија.Инаку таа потсети дека кон крајот на овој месец ќе поднесе обвинение и за организаторите на 27 април. 

Македонија | пред 7 години

joci-111

Реформираното христијанство не го признава папата како авторитет, камоли Ватикан

По доаѓањето на Папата, стана јасно дека тука човекот не бил случајно. Особено и бидејќи г.г Стефан го поздрави широкоградо. Работава, чим Ватикан не` посетил, слетуваме на Марс со вселенска ракета пред Илон Маск.Туку, ене ги стари со нови вмровци почнале да се караат јавно за опасност од унијатството во Македонија, па се јавуваат владици со остри тонови, попови...Па, сега и вернициве ќе ги измешаат начисто со нови догми.Ме мрзи да објаснувам што е унијатство и историски влијанија во Македонија, кого го интересира има на Гугл, нек се просветли.Накратко, православие под капа на Ватикан.Него, ние либералните безверници неаме никаков проблем со ништо околу последниов судир православие-унијатство.Баш не` заболе.Шу сакате прајте.За оние кои не знаат, а знам дека поим немаат, уште во 16 век Лутер и Калвин се побунија против корупцијата и догмите на Католичката црква.И така некако, низ цела Европа, се создаде реформираното христијанство - протестантизам.Протестантите не го признаваат Папата како авторитет, камоли Ватикан. И се околу 900 милиони во цел свет, побројни и од православните.А, ние во 21 век, и тоа православна и муслиманска земја, го викаме Папата на ручек и литургии. А, што друго да се очекува од Хорхета, чиј, мев до умирачка ќе го одржуваме со нашиве даноци !?Фејбсук статуси на новинарката Јорданка Ивановска-Јоци 

Коментари | пред 7 години

DSC_8540

Заев смета дека државава нуди одлични услови за нови бизниси

Заев учествуваше на  отворањето на Генералното Собрание на ЕБОР, како и на работен појадок со премиерите од Западен Балкан и министрите за финансии, гувернери на ЕБОР на покана на претседателот на ЕБРД, Сума Чакрабарти.Се отвораат нови можности за регионалната соработка на Западен Балкан, а Македонија нуди одлични услови за нови инвестиции, оценил премиерот Зоран Заев на панел дискусијата со премиерите од Западен Балкан во рамки на годишните средби на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во Сараево.Заев учествуваше на  отворањето на Генералното Собрание на ЕБОР, како и на работен појадок со премиерите од Западен Балкан и министрите за финансии, гувернери на ЕБОР на покана на претседателот на ЕБРД, Сума Чакрабарти.Владината прес-служба соопшти дека Чакрабарти во поздравното обраќање ја издвоил Македонија како пример за држава со јасна визија и лидерство и му честитал на премиерот Заев за Преспанскиот договор и посветената работа на економски реформи клучни за охрабрување на нови инвестиции.Учесниците на панелот разговарале за интензивирање на соработката за регионални проекти, за искористување на можностите за зголемување на регионалната соработка и за важноста и улогата на ЕБРД како значаен партнер на државите од регионот за исполнување на тие цели.-Целта на регионалната економска интеграција е да се создаде регион на отворена и слободна трговија на добра, услуги и инвестиции кој исто така ќе претставува и наша подготовка за наше учество во единствениот пазар на Европската унија. Затоа треба целосно да бидеме посветени на градење на доверба и регионална соработка во инвестициони и трговски политики, олеснување на транспортот и почитување на постоечкото трговски договори, рече премиерот Заев на прашањето кои се можностите за унапредување на регионалната соработка.На панел дискусијата на премиерите од Западен Балкан премиерот Заев рекол дека имплементацијата на регионалната инвестициска агенда за Западен Балкан 6 ќе резултира со подобро таргетирање на земјите од регионот со посебни активности и чекори кои треба да бидат преземени на национално ниво со цел да се постигне забрзување и зголемување на економскиот раст.Министерот за финансии Драган Тевдовски, пак, на панелот на гувернери во Европската банка за обнова и развој од Западен Балкан, на кој учествуваа министрите за финансии на Србија, Албанија, Црна Гора и Косово и министерот за економија и трговија на Босна и Херцеговина, истакна дека Владата направила крупен исчекор во надворешната политика со решавањето на спорот за името, што и донело на земјата политичка стабилност.  Исто така, се реализираат реформи кои креираат повеќе можности за граѓаните, особено за младите. Тој посочил дека со влезот во НАТО се менуваат економските перспективи на земјата, како и дека се преземаат низа мерки, се инвестира во човечки капитал што ќе придонесе за забрзан и одржлив економски раст.-Ги зголемуваме инвестициите во образованието, здравството и социјалните услуги. Она што е од особено значење е дека започнуваме нови проекти во образованието кои ќе го зголемат вработувањето на младите луѓе. Би сакал да го истакнам проектот за „дуално образование", кој покрај стандардното средно образование ќе овозможи младите да се стекнат со вештини кај најдобрите странски компании во земјата. Со ова ќе се подобрат нивните способности и ќе им се олесни процесот на наоѓање работа во иднина, истакнал Тевдовски.Тој посочил дека Македонија е одлична дестинација за инвестирање со одлична бизнис клима и услови за водење бизнис, како и квалификувана работна сила.

Македонија | пред 7 години

Katica-Janeva

Јанева: За Диво насеље индиции има, но „бомби“ нема

Специјалното јавно обвинителство има индиции за тоа како се случувале кумановските настани, но нема разговори за тоа, изјави првиот човек на СЈО, Катица Јанева одговарајќи н новинарско прашање.Со оглед на тоа дека сѐ уште нема „бомби“ случајот „Диво насеље“ , не е сигурно  дали ова Обвинителство ќе може да воспостави надлежност врз овој предмет.-Предистражна постапка има, но ќе биде многу тешко да се воспостави надлежност. Прашањето е дали и воопшто СЈО ќе може да го преземе овој предмет, вели Јанева.Овој предмет, за кој Основниот суд Скопје 1 донесе пресуди со високи затворски казни се наоѓа во жалбена постапка и се чека Апелацискиот суд во Скопје да закаже јавна седница.Извор: Нетпрес.ком.мк

Македонија | пред 7 години

Transplantacija

(Видео) Таткото, без да знае, го предал телото на својата ќерка на трговци со органи

Американецот Џон Буч од Илиноис до ден-денес се обидува да го врати телото на својата ќерка кое го предал на наводни брокери на тела на црниот пазар. Буч сакал да ја почитува желбата на својата ќерка да го донира нејзиното тело за научни цели. Младата девојка починала во 2014 година, на 26 години.Семејството Буч го избралo Биолошкиот ресурсен центар „Илиноис“ мислејќи дека тоа е легитимна установа за работа со донирани органи. Во многу држави во САД совршено е легално да се купуваат, продаваат и дистрибуираат делови од човечко тело, кои се донирани на науката и медицината.Но, незаконското продавање органи за трансплатација или свесното заразување делови на телото е нешто што главно е нерегулирано. Пред пет години во Центарот за биолошки ресурси „Илиноис“, во крематориумот, со кој раководат Доналд А. Грин Постариот и неговиот син, упаднало ФБИ.Безбедносните служби добиле информација дека ова место е поврзано со уапсениот трговец на органи Артур Ратбурн од Детроит. Артур во моментот отслужува девет години за свесно продавање заразени делови од тела.Тоа ФБИ го довело до семејството Грин, кое наводно продавалo делови од човек на црниот пазар во периодот меѓу 2008 и 2014 година. Според налогот за претрес, некои од телата биле позитивни на ХИВ, хепатитис и сепса и се продавале за повеќе од 100.000 долари.Покрај тоа, телата што се донирале во науката за истражување, образование и обука, според желбите на починатите, биле распарчени и продавани на други места, a нивните семејства биле измамени.Федералните обвинувања се поднесени против нив, а минатиот месец биле поднесени обвиненија за измама и намерно прикривање на злосторството.Обвинителите изјавиле дека луѓето што ги купиле труповите, вклучувајќи го и одделението за медицина на „Детроит медикал центар“, кој купил најмалку еден орган, кој претходно бил тестиран на хепатитис, а кој семејството Грин го скриле, не знаеле за што станува збор.Објектот за кремирање е затворен, но Грин Постариот сè уште е лиценциран погребник во Илиноис иако неговата дозвола е на ревизија. Еден од најтажните делови на оваа приказна се однесува на блиските луѓе на мртвите што ја откриле оваа измама.„Јас сум прилично затечен од овие работи, но болно е. Добивме пепел за која ни тврдеа дека е на Александра. Истражителите тврдат дека деловите на нејзиното тело се отстранети од Центарот, каде што е извршена рација и дека тие се пренесени во Детроит, каде што се врши истрагата“, изјавил Буч Постариот за „CB2“ во Чикаго.„Ако не ја кремирале, ништо не би префриле во Детроит така што таа пепел не може да биде нејзина“, изјавил Буч.Речиси пет години по поведувањето на случајот, тој не е ни блиску до враќањето на својата ќерка, а Буч веќе создал група за поддршка за друго семејство што се нашло во иста ситуација.

Магазин | пред 7 години

Biseksualci

Двaјца бисексуалци пратени на остров, каде што е нелегално да се биде хомосексуалец

Британското реално шоу „Состанок на слепо“, во кое, како што и самиот наслов кажува, продукцијата ги спојува двојките, првпат минатата недела претстави натпреварувачи бисексуалци.Две жени и двајца мажи бараа партнер и на крајот се споија момчињата Џордан Шенон и Џеси Дру. Продукцијата на шоуто одлучи да ги испрати на состанок на карипскиот остров Света Луција. Момчињата беа одушевени од идејата сè додека не дознаа дека хомосексуалниот секс меѓу мажите на тој остров е забранет со закон. Жените може да се задоволуваат меѓусебно, но мажите може да завршат во затвор до 10 години.„Тоа го дознав на патот кон хотелот“, рече Џордан, а Џеси додаде дека бил нервозен.„Безбедносниот чувар во хотелот ми кажа дека повеќето хомосексуалци се во ‘орманот’ затоа што тоа е нелегално“, вели Дреј, според „Дејли стар“.[embed]https://twitter.com/BlindDateUK/status/1125009896762744833?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1125009896762744833&ref_url=https%3A%2F%2Fmakfax.com.mk%2Fzanimlivosti%2F%25d0%25b4%25d0%25b2a%25d1%2598%25d1%2586%25d0%25b0-%25d0%25b1%25d0%25b8%25d1%2581%25d0%25b5%25d0%25ba%25d1%2581%25d1%2583%25d0%25b0%25d0%25bb%25d1%2586%25d0%25b8-%25d0%25bf%25d1%2580%25d0%25b0%25d1%2582%25d0%25b5%25d0%25bd%25d0%25b8-%25d0%25bd%25d0%25b0-%25d0%25be%25d1%2581%25d1%2582%25d1%2580%25d0%25be%25d0%25b2-%25d0%25ba%2F[/embed]Продукцијата подоцна им се извини и рече дека не знаеле за тој закон.

Магазин | пред 7 години

beba-hari

Принцот Хари и војвотката Меган го покажаа својот син

Принцот Хари и војвотката Меган го покажаа својот првороден син пред британската и светската јавност. Потсетуваме дека Меган се породи во луксузна болница. Кралската двојка позираа со нивниот син во замокот Виндзор пред новинарските екипи. Ова е прво дете на Меган и Хари, кои стапија во брак во мај минатата година.Синот на Хари и Меган е тежок 3.3 кг. 

Свет | пред 7 години

maxresdefault

Коневски прво бараше оставка од Мицкоски а сега се предомисли, зошто?

Поранешниот градоначалник на Аеродром, Ивица Коневски, не сака да избрзува со заклучоци по вториот изборен круг од претседателските избори, во кои ВМРО-ДПМНЕ, односно Гордана Силјановска-Давкова освои речиси 380.000 гласа или 60.000 помалку од  Стево Пендаровски. Вели дека партијата треба да направи детална анализа и да види кои работи биле добри, а кои не чинеле и зошто не е направен решавачкиот исчекор кон неопределените гласачи ниту, пак, има доближување до албанските гласачи. Иако пред изборите бараше одговорност од Христијан Мицкоски во случај на пораз на Силјановска, сега нагласува оти нема време за оставки и внатрешни превирања имајќи предвид дека веќе в година нè чекаат парламентарни избори.s„Резултатот од неделното гласање е многу контрадикторен во поглед на бројот на гласови што ги доби Силјановска како кандидат за претседател и оние што ги доби ВМРО-ДПМНЕ на локално ниво. Сметам дека професорката Силјановска беше добар кандидат и без сомнение даде дополнителна вредност, односно донесе голем број гласови. Не можам да тврдам колку луѓе што не се традиционални наши гласачи го заокружиле нејзиното име, но уверен сум оти бројката не е мала. Не можеме да затвориме очи дека, и покрај тоа што СДСМ не испорачува ништо на домашен терен, а нивните градоначалници работат лошо, сепак, успеа да победи во битките за градоначалник на Охрид и на Ново Село. Затоа велам, треба да се направи квалитетна внатрепартиска анализа и да се види зошто резултатите на Силјановска се повисоки од оние на партијата на локално ниво“, коментира Коневски за „Независен весник“.Прочитај повеќе на Незаивсен.мк

Македонија | пред 7 години

zaev-deskoska

Дескоска за разговорите за СЈО: Ѓаволот е во деталите

Веќе се кристализира тоа дека СЈО ќе биде посебен орган, но тоа прашање целосно не е затворено, со оглед на тоа што клучните прашања не поминале, се уште се во фаза на постигнување договор,изјави денеска министерката за правда Рената Дескоска во врска со преговорите околу новиот закон за јавно обвинителство и статусот на СЈО.Прашана дали за ВМРО – ДПМНЕ е прифатливо Републичкиот јавен обвинител заедно со уште двајца негови колеги да прави селекција за тоа кои предмети ќе одат во  организиран криминал, а кои во СЈО, Дескоска информира дека во тој дел немало посебни забелешки.Одговарајќи на прашањето зошто повторно бараат да не важат доказите откако се согласија јавно секој обвинител да одлучи кои докази ќе ги користи, Дескоска рече: ѓаволот е во деталите.– Кога ќе треба да го регулирате тоа што искрено или отворено е кажано јавноста, правно да го формулирате, гледате дали постојат замки или не во одредени ставови, изјави министерката за правда Дескоска.Повеќе на Независен.мк

Македонија | пред 7 години

1-5

Папата Францис: Македонците и Бугарите се две целосно различни нации

Папата Францис одговарајќи на новинарско прашање истакна дека Македонците и Бугарите се две целосно различни нации.„Тие се две целосно различни нации. Бугарија е нација со вековна традиција. Македонија, од друга страна, има вековна традиција, но не како држава… Како народ, што на крајот израсна да формира нација. Тоа е убава борба“, изјави папата Фрањо во авионот на пат за Ватикан.Папата вчера беше во еднодневна посета на Скопје, а ден пред тоа ја посети Бугарија. 

Македонија | пред 7 години

saso-tasevski

Тасевски на ФБ: Ако е точна веста дека Димитров заминува, барајте нов зет

Сашо Тасевски преку социјалната мрежа фејсбук,го кажа својот став по гласините дека Димитров ќе замине во САД.„Не знам што му се наапавте на министерот Димитров, што го напушта северов за да работи во Вашингтон. Што мислевте? Ќе седи со вас и ќе јаде дудинки за светлата иднина на државава? Тоа е човек од кариера, оди кај што го праќаат да изврши задача и се враќа кај оние што го пратиле. Толку. Нема простор за морализирање. Беше донесен од сРанство да помогне за промена на името, помогна и си оди домче, во Вашингтон. Знам, малце се осеќате превеслани поради неговите визионерски зборови дека "ќе не биде", може некоја мајка си го посакуваше за зет, ама тоа е кога премногу верувате дека се што свети е злато. Човекот стварно не е виновен што си оди. Оди секако на подобро, со страотно појачано си-ви и отворен пат кон нови височини во кариерата. Затоа мајки, ако е точна веста дека заминува, барајте нов зет, напиша Тасевски на ФБ. 

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Хорор: Се породила, детето го задалива и фрлила во јама во полски тоалет

Мртво новороденче е пронајдено во полски тоалет во Ваљево, неофицијално дознава Курир.рс Станува збор за момче, а телото е пронајдено во јама во полски тоалет замотано во елече.Основното јавно обвинителство во Ваљево донесе решение за задржување до 48 часа на 29-годишната Јелена В. која е осомничена за кривично дело убиство на дете при породување.Јелена В. 29-годишната девојка од село Белотиќ се породила ноќта меѓу понеделникот и вторникот во дворот на семејната куќа под се уште неразјаснети околности, а полицијата се сомнева дека својот штотуку роден син го убила, замотала во елек и го фрлила во полскиот тоалет.Како што Курир.рс дознава, Јелена В. која инаку е мајка на две деца, ја дознел сопругот во Општата болница во Ваљево поради обилно крварење, а лекарите за време на прегледот утврдиле дека се породила неколку часа претходно и тоа во седмиот месец од бременоста. 

Свет | пред 7 години

papa-R-makedonija

Анализа: Зошто Иванов го оптоваруваше папата со проблеми за кои тој нема решение?

Дипломатскиот протокол се потпира врз неколку сегменти: меѓународни правни правила (најголем процент), домашна легислатива, традиција и обичаи, воспоставена пракса и такт и здрав разум.Со други зборови, кога примате странски државник во официјална посета, се трудите посетата да помине во позитивна атмосфера, освен ако гостинот не е дојден да ви помогне конкретно во решавањето на одреден проблем. Посетата на Папата не беше медијаторска, па затоа не гледам причина зошто претседателот избра да го оптовари говорот со внатрешни политички проблеми, за коишто Папата ниту има удел во нивното создавање, ниту има решение. Говорот требаше да се осврне на историскиот развој на односите меѓу Македонија и Ватикан, на богатството што го нуди оваа земја во однос на диверзитетот на етникуми, религии, соживот...нејзиното богатство и придонес во развојот на човечката култура и цивилизација, христијанството....Македонија има толку многу да понуди, па не разбирам зошто шеф на една ваква прекрасна и богата држава одбра да оди со жалопојка? Не сакам да навлегувам во подлабока политичка анализа околу предизвикувачот на внатрешната политичка поделба во државата за да не предизвикам политички коментари на ѕидот кои по секоја цена сакам да ги избегнам, но навистина, една толку прекрасно организирана посета која требаше да биде симбол на добра волја, беше засенчена со непотребно исфрлање на нашите валканите алишта.Се сеќавам, пред повеќе години, на една странска делегација, група наши политичари и‘ ја истури целата фрустрација со Рамковниот договор. ( Инаку, делегацијата беше од Азија и беше дојдена за деловна соработка) Откако целиот состанок помина во објаснување за тоа „кој прв почнал“, гостите срамежливо рекоа „ама ние не сме дојдени за тоа“.Со три збора – говорот беше нетактичен. Претседателот Иванов, на залезот на својот мандат, ја испушти приликата да блесне како вистински државник и татко на целата нација.Затоа, кога ќе ви дојде гостин на кафе и муабет, сварете му го највкусното кафе што ќе го памети цел живот, покажете му го домот, дочекајте го како што го доликува. А вашите брачни проблеми прескокнете ги.И тука ќе завршам со Папата. Следен на гости ни е Принцот Едвард.Фејсбук статус на Академија за протокол

Македонија | пред 7 години

Renata-Deskoska-nov-min-za-pravda-1-bg_resize

Дескоска за повлекувањето од правда: Не сум Никола Тодорв да шетам низ министерства, можам да се вратам само на Правниот факултет

Министерката за правда, Рената Дескоска на прес-конференција рече дека нема намера да се врати во Министерството за образование. Таа не знае дали ќе ја напушти нејзината функција во Министерството за правда. „Нема да се вратам во Минситерството за образование. Јас не сум Никола Тодоров па да шетам низ сите ресори. Единствено место каде можам да се вратам е Правниот факулте“, рече Дескоска.

Македонија | пред 7 години

vilma

Русковска: Интерпол повеќе од 2 месеци одбива да објави меѓународната потерница за Груевски и Бошкоски

Обвинителката за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, изјави дека Интерпол повеќе од 2 месеца одбива да ја објави меѓународната потерница за Никола Груевски и за, Никола Бошкоски.Рускоска на прашање на новинарите до каде е истрагата за Никола Груевски и процесот за екстрадиција, изјави дека пристигнала документација од Албанија.Инаку таа потсети дека кон крајот на овој месец ќе поднесе обвинение и за организаторите на 27 април. 

пред 7 години

stevo-pendarovski

Дали горивата драстично ќе се зголемат или намалат, зависи од Пендаровски

Денеска, 8 мај, завршува дваесетгодишниот договор со скопската рафинерија „Окта“, со кој РКЕ имаше обврска пресметката на цената на горивата  да  ја утврдува по утврдена методологија. Но веднаш по победата новиот претседател Стево Пендаровски, кој треба да биде инаугуриран в недела, на 12 мај годинава, посочи дека уште првиот работен ден тој ќе ги потпише сите закони кои досега не беа потпишани од досегашниот претседател.Дали горивата од идната недела драстично ќе поскапат или поевтинат? Одговорот ќе го знаеме по 12 мај.По првомајските празници на 30 април годинава за последен пат беше донесена одлуката за цената на горивата што се точат на бензинските пумпи низ државата, методологија која се применува речиси од формирањето на Регулаторната комисија за енергетика. Досегашната методологијата беше поврзана со Анексот на договорот за продажба на ОКТА, при што дел од формирањето на цената на горивата се земаше предвид цената на Светските берзи на чистата бренд нафта и курсот на доларот во однос на еврото. 

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања