Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

dimitrov

МНР со жалба против медиумите поради навредлив текст за Димитров

МНР ќе поднесе жалби до Советот за етика во медиумите поради текстови со наслов: „Никола Димитров во јуни “си бега“ од земјата на која ѝ го смени името објавени на неколку портали.-Слободното, непристрасно и објективно медиумско известување претставува еден од клучните столбови на секое демократско општество. Според член 16 од нашиот Устав, основна задача на новинарите е да ја почитуваат вистината и правото на јавноста да биде информирана.Имајќи ги предвид овие принципи и начела, денес до „Советот за етика во медиумите“ Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија поднесе жалби кои се однесуваат на новинарски текст првично објавен на веб порталот Магазин.мк со наслов „Никола Димитров во јуни “си бега“ од земјата на која ѝ го смени името на 7 мај 2019 година, а врз основа на којшто се објавени текстови со слична содржина на порталите: Инфомакс, Република, Скопје24 и Денешен весник.Посочените текстови се служат со неточно и нефер известување, пристрасност во информирањето, незастапена втора страна, навреда и клевета. Притоа ги прекршуваат основните новинарски начела за одбраната на човековите права, достоинството и слободата, почитувањето на плурализмот на идеите и ставовите. Воедно, таквото известување е во спротивност со низа принципи утврдени во Кодексот на ЗНМ.Подобрувањето на состојбите во сферата на медиумските слободи, справувањето со феноменот на лажни вести и справувањето со говорот на омраза, претставуваат суштински заложби во насока на реализирање на евроатлантската иднина на нашата држава која е во фокусот на работата на Министерството за надворешни работи, се вели во соопштението од МНР.

Македонија | пред 7 години

1783741-670x377

Дали “метлата” да ги фати фунцкионерите на ДУИ, Заев ќе го праша Ахмети

Коалициските партнери во Владата деновиве ќе имаат средба на која треба да договорат некои детали од реконструкцијата која ја најави премиерот, Зоран Заев, во време на изборна кампања.Вицепремиерот, Бујар Османи, потврди дека таква средба е договорена.-Прашањето на новите имиња се наметнува и поради новиот закон за Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците. Ова Министерство ќе биде формирано поради што мора да има именување. Премерот најави во делот министри на СДСМ дека ќе има смени. Деновиве коалициските партнери ќе имаат средба и ќе разговараат за понатомошниот тек на Владата во целина, но и министерствата поединечно – рече Османи за Канал 5.

Македонија | пред 7 години

53751070_1987113501583065_4347258587253309440_n

Антикорупциска ќе го гони Заев за „едно евро за Вицето“

Претседателката на Антикорупциската комисија, Билјана Ивановска во вечерашното гостување на Топ Тема на телевизија Телма најави дека утре ќе бидат отворени неколку нови случаи.– На утрешната седница ќе отвараме нови случаи по пријави, како случајот „Глобал“, „Едно евро за Вицето“, знаете дека ние работиме неселективно. Исто така утре ќе отвориме и случаи по пријави на граѓани. Седниците се отворени и јавни и секогаш ја известуваме јавноста – рече Ивановска.

Македонија | пред 7 години

57404799_2332364246786868_6494450254786592768_n

(ДА ПОМОГНЕМЕ) Жена од Скопје продава сè што има за испитувања во болница: Ниту еден доктор не знае што ми е, од државните установи фајде нема

Во продолжение интегрално ви го пренесуваме статусот на Мими Геогриева која ги продава сите свои предмети за да направи испитувања во приватна болница, бидејќи нејзината здравствена состојба е лоша.Почитувани пријатели, вообичаено оваа социјална мрежа ја користам за да ве забавувам со своите досетки, често на своја сметка, со моите фотографии како и по некој трошен стих кој е напишан со срцето, а изнедрен од длабочините на мјата душа. Овој пат, мојот пост е всушност апел за помош. Досега, кога можев и коллку можев помагав. На луѓе, животинчиња, сеедно. Тука бев, се надевам и ќе бидам и понатаму, за сите. Но сега се надевам некој ќе биде тука за мене.Од Нова Година наваму, веќе скоро секој ден сум на релација матичен, брза помош и болница. Што ми е никој не знае. Колку доктори толку дијагнози. Најинтересни ми се оние од типот ова ти е на база на стрес, не јадеш доволно, да не имаш проблеми на љубовен план и слични дијагнози кои најчесто се вадат од ракав кога докторот е незаинтересиран или нестручен посериозно да се позанимава со тегобите на пациентот. А јас секој ден имам трнење на левата страна од телото, заборавам повеќе од мајка ми која има Алцхајмер, концентрацијата ми е на нула, имам потешкотии при говорот, проблеми со рамнотежата иако веќе неколку месеци примам лекраства за таа намена, а последниве два месеца имам и чести неконтролирани движења на левата нога.Направивме компјутерска томографија, но докторите сами меѓусебе не можат да се согласат дали е се во ред или не. Едни велат добро е, а други забележуваат промени во вид на сенки во пределот на левата хемисфера. Упат за подетални снимања никој не дава, бидејќи како што пишав и погоре симптомите ги препишуваат на нервоза и паника, како и на мојата агорафобија, депресија.Секаде каде што можев се обратив за помош. Прво кај докторите. Таму секој специјалист топката ја фрла на друг и така еве веќе пет месеци, а моето тело е истоштено и истрошено, вените ми се направени партал од инфузии, разно разни крвни анлаизи кои се од уредни поуредни, дури јас секој ден се повеќе тонам. Бев и кја господинот градоначалник а таму ми рекоа дека можеби ќе ми биде пружена еднократна парична помош во висина од 1500-3000 денари која не е доволна ниту за специјалистички преглед во приватна здравсѕтена установа. Од државните веќе видов, фајде нема. Да бев куче на запад ќе добиев подобар третман од овој што го добивам како човек во својата земја.Бидејќи јас како невработена личност и моите родители како пензионери со пензии во висина од 200 евра немаме средства да отидеме до приватна клиника и таму да ги направиме потребните испитувања (магнетна резонанса, еег, емг) и да се консултираме со специјалист невролог, решив да ја продадам мојата колекција од неколку часовници, како и книги, за да си овозможам соодветен третман и конечно да дознаам што го уништува и јаде моето тело.Мојата молба до вас е, доколку имате некој пријател или познаник, пријател на пријател кој би бил заинтересиран за рачни часовници или класици од светската литература да му соопштите, за да можам да ја соберам потребната сума за клиничките испитувања кои ми се неопходни.Кој е заинтересиран за предметите што се на продажба може да ме контактира тука на фб или на мојот тел. бр. 075 787 801, користам Viber.Ви благодарам на одвоеното време за читање на овој мој обемен и нималку пријатен за читање статус, како и за верувам несебичната помош која ќе ми ја пружите.Со почит,ваша МимиНа продажба се следните часовници:Festina 16177/8 Tour ChronoZeppelin 7680M-1Nivada Grenchen TaravanaDarwil Special Flat Luxe 67Darwil 7012Tissot PR50Vostok AmphibiaТелефон BlackBerry Q5Таблет Nextbook 8"Комплет дела на македонски со тврд повез од Толстој, Достоевски и Шекспир на македонски јазик, како и други дела од познати автори на српскохрватски јазик.Обратете и се преку Фејсбук - ТУКА

Скопје | пред 7 години

oliver-spasovski-zoran-zaev

Метлата, Заев и Оливер: 6 причини за разрешување на Спасовски од МВР

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски е еден од функционерите кои иако според јавноста заслужуваат да ги собере најавената „метла“, иако тоа нема да се случи. Спасовски е најповикан за безбедноста во државата, а токму на тоа поле, откако е дојден на функцијата, го бијат многу скандали. Според коментарите на поединци, Спасовски иако треба да биде отстранет од функцијата тој е еден од најблиските луѓе на премиерот Зоран Заев.УБИСТВОТО НА ЈАНУШЕВЕдна ипол година по убиството на младиот фудбалер Мартин Јанушев, убиецот сеуште е на слобода. Нема обвинение против него, а полицијата не успеа да го најде. Ова е еден од најголемите нерешени случаи кои треба да ја тресат фотељата на Оливер Спасовски. Убиецот е веќе надвор од Македонија, а за министрот оваа ликвидација која се случи во Скопје беше само мотив за да одржи прес-конференции на кои вети, но не оствари, а тоа е одговорнсот за сторителот.ДВОЈНО УБИСТВО ВО СКОПЈЕЗа јавноста сеуште е непознат резултатот од истрагата на МВР за двојното убиство во центарот на Скопје, на улицата Рузвелтова во близина на СЈО. Епилог не се знае дали има, но ниту одговорност од надлежните за непостапување.БЕГСТВОТО НА ГРУЕВСКИЗа овој случај јавноста е добро запознаена. Ниту една од институциите не признаваат дека имаат одговорнсот за бегството на Груевски, па така и Спасовски. Имено, наместо да се уапси, на Груевски му се дозволи да избега во Унгарија, а истовремено, да добие и азил во таа земја. Наместо во затвор, Груевски деновиве ја издава својата нвоа книга.СЛУЧАЈОТ „ЛАСКАРЦИ“Оливер Спасовски се најде како мета на јавноста и кога во прашање беше случајот „Ласкарци“. Погледите се вперија во него, кога се дозна дека сопственикот на компанијта превозник „Дурмо турс“ е сопственик и на станица за технички преглед „Авто мото здружение“-Гостивар каде си ги регистирирал возилата. Неколку дена по несреќата се дозна дека на станицата за технички преглед и била одземена, па вратена дозволата за работа. Во јавноста не се слушнаа детали. Спасовски се најде како мета во овој случај и затоа што и по стравичната несреќа, МВР не изврши веднаш контрола над сите автобуси на „Дурмо-турс“, туку дозволи компанијата и натаму непречено да превезува патници. За потсетување, повеќе од 15 лица загинаа со автобус на оваа компанија, поради технички пропусти, но и неприлагодена брзина на возачот.ПАЈАКОТ И ПОЛИЦАЈКАТАСлучајот со нападната полицајка Јаначковска се најде на сите насловни страни, се бараше одговорност, но се заврши неславно. Иако првичните информации беа дека таа била физички нападната од страна на функционер од ДУИ, по нејзината средба со Спасовски, излезе друга приказна во јавност. Тука се отвори прашањето, дали коалиционите партнери на СДСМ се поважни од безбедноста на полицајците? Зошто снимките од безбедносните камери се кријат од јавноста?УСЛОВИТЕ ВО КОИ РАБОТИ ПОЛИЦИЈАТАНезависниот синдикат на полицијата обвинува дека полиција е на работ на егзинстенција, изолирана, а во некои од станиците нема ниту вода и струја. За сосојбата на полицијата се жалат и вработените, кои ги потврдуваат овие наводи.Втор дел од оваа глава, кога во прашање се условите, е притисокот врз полицајците. Некои од нив се подлежни на тортура. Стевче Стевовски од Охрид е еден од полицајците кои неговите патешествија ги раскажа јавно и јасно посочи на одговорнсот, но ниту еден од неговите случаи не е решен. Внатрешната контрола спие, а на Оливер Спасовски не му текнува да ја разбуди.  

Македонија | пред 7 години

policija-2

Тешка сообраќајна несреќа кај Девет Баир – едно лице загина, две се повредени

Едно лице почина, а две се здобија со тешки телесни повреди во сообраќајната незгода што се случи попладнево, на магистралниот пат  Куманово – Крива Паланка – граничен премин Девет Баир.Во сообраќајната несреќа учествувале патничко и товарно моторно возило. До незгодата дошло кога возачот на патничкото возило кој се движел од граничниот премин Деве Баир кон Крива Паланка удрил во товарното возило кое се движело во спротивниот правец.Возачот на патничкото моторно возило починал во здравствениот дом „Димитар Арсов“ во Крива Паланка.

Македонија | пред 7 години

22365376_763122717219815_2248021128679999208_n

Кирацоски за „метлата“ на Заев: Домашниот есап на пазар не излегува

По написите дека метлата на Заев ќе го помети и Кирацоски, тој се огласи на Фејсбук каде кажа дека домашниот есап на пазар не излегувал.Aleksandar Kirac “Домашниот есап на пазар не излегува” – Стара македонска поговорка!А зошто?Затоа што се водиме по шпекулации, рекла-казала муабети, погрешни информации, лаги и измислици (за кои се изнаслушав деновиве).Сепак, нè чека многу работа, многу промени (пред сè на нашите парадигми).Ракавите се засукани, другари!

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Заев ќе го собере Филипче со метлата? Еве ги неговите скандали...

Јавноста во исчекување на најавената премиерска метла. Меѓу имињата се споменуваат министерката Мила Царовска која прво обелодени, а потоа ја повлече изјавата за аферата во фондот за ПИОМ, а на крај дури и се извини. Потоа министерката Рената Дескоска, која ја прошетаа од Министерството за образование во Министерствот за правда.Дескоска е категорична дека нема намера да се врати во Министерството за образование и не знае дали ќе ја напушти нејзината функција во Министерството за правда.Неофицијалните информациите говорат дека меѓу засегнатите од „метлата“ се и двајца скопски градоначалници од општини каде СДСМ освои значително помал број гласови од ВМРО ДПМНЕ.  Според овие информации, станува збор за првите луѓе на општините Гази Баба и Кисела Вода. Се најавуваат смени и на поголем број директори во државни институции и јавни претпријатија.Но, најчесто во јавноста се споменува името на министерот за здравство Венко Филипче. Него му се препишуваат повеќе пропусти откако е во седнат во министерската фотеља.Скандалот со „Македонија лек“, компанија која дистрибуираше МРП вакцини со поминат рок, а потоа ги повлекуваше од употреба, секако откако голем број граѓани примија од истите, е првата причина. Овој скандал создаде недоверба кај граѓаните, кога во прашање е јавното здравство.Морбилите, поради кои починаа деца и возрасни, како и немањето контрола на здравствените власти во борбата со оваа зараза е втората причина што може да го натера Заев да го собере Филипче со метлата. Поради ова мораше да се прогласи епидемија на ниво на цела држава.Филипче пак по однос на ова прашање е категоричен дека деца без примена вакцина МРП нема да бидат примени во градинка и во училиште. На оваа изјава реагираа голем број родители, но и од Првата детска амбасада во светот Меѓаши. Тие велат дека ниту едно дете не смее да биде исклучено од образование, без оглед вакцинален статус. Образованието основно и средно е задолжително за сите, и никој не смее на децата да им го скрати ова право.Покрај морбилите, медиумите пишуваат за хаосот кој валадее во здрвството и многу смртни случаи поради пропусти на медицинскиот кадар.Ова се дел од забелешките кои јавноста му ги препишува на министерот Венко Филипче. А тој запрашан дали се чувствува загрозен од метлата, вели дека тоа е одлука на премиерот, но најави дека ќе има смени на оние кои се под него, директорите и раководителите во здравствените установи.

Македонија | пред 7 години

59947052_2208497839464148_3801877751607066624_o

Автомобил пропадна во земја во скопска Автокоманда

Паркирано возило пропадна во дупка која се отвори под асфалтот во населбата Автокоманда во Скопје.Според првите информации нема повредени, а возилото од дупката го подигна пајак службата.

Скопје | пред 7 години

taci-rama-1

Рама и Тачи се за бришење на албанско-косовската граница и припојување на Прешевската Долина кон Косово

Косовскиот претседател Хашим Тачи, кој престојува во Тирана каде ќе учествува на состанокот на лидерите на земјите во Процесот Брдо-Бриони,што ќе се одржи утре во Тирана, попладнево оствари средба со албанскиот премиер Еди Рама.На својот Фејсбук профил, Тачи напиша дека со премиерот Рама зборувале за потребата од целосно отворање на косовско-албанската граница и создавање „еден албански простор без граници, под евроатлантскиот чадор“.Исто така, зборувале и за „корегирање на историските неправди“ и припојување на Прешевската Долина кон Косово.– Имав средба со премиерот на Република Албанија, Еди Рама, разговаравме, меѓу другото, за потребата од целосно отворање на косовско-албанската граница и создавање албански простор без граници, под евроатлантскиот чадор. На оваа средба ја покренавме потребата да ги корегираме историските неправди со обединување на албанскиот фактор околу сензибилизирање на правото за припојување на Прешево, Медвеѓа и Бујановац со територијата на Република Косово – напиша Тачи.Тачи претходно се сретна со албанскиот претседател Илир Мета, а според медумите ќе се сретне и со високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Федерика Могерини. Плусинфо.мк

Свет | пред 7 години

zaev-deskoska

Дескоска ќе биде претседател на Советот за реформи во правосудството

Владата информираше дека на денешната седница е усвоена информацијата за повлекување на премиерот Зоран Заев од местото претседател на Советот за следење на реформите во правосудството.„Владата на денешната 134. седница ја усвои информацијата со која претседателот на Владата, на своја иницијатива, се повлекува од местото претседател на Советот за следење на имплементацијата на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор (2017-2022 година) и утврди дека оваа функција ја презема министерката за правда Рената Дескоска”, се вели во соопштението.

Македонија | пред 7 години

11-2

Папата Франциск воодушевен од претседателот Иванов

Во Македонија има верска почит...се зборовите на македонскиот претседател Ѓорге Иванов од кои Папата Франциск бил импресиониран на нивната вчерашна средба во Скопје, јави Католичката новинска агенција, пренесувајќи ја прес-конференцијата на Неговата Светост, одржана на повратниот лет од Скопје кон Рим.„Во Македонија, силен впечаток ми остави една реченица што ми ја кажа претседателот: „Тука ние немаме религиска толеранција, туку почит“. Тие имаат почит. Во денешниот свет почитта недостасува многу. Почит за човековите права, ни недостасува почит за многу работи, почит за децата, почит за постарите. Впечатливо е што мистиката на една земја е токму почитта“, рече Папата Франциск за време на враќањето кон Рим, прашан која е најголемата импресија што со себе ќе ја понесе од посетата на Македонија.„Македонија има идентитет и сега треба да го консолидира како народ со мали, големи проблеми, како што е името, и ова ние сите го знаеме. Двете земји (Македонија и Бугарија) имаат христијански, католички и муслимански заедници. Процентот на православните заедници е голем во двете земји, а помал на муслиманската заедница и уште помал е процентот на католичката заедница. Во Македонија уште повеќе за разлика од Бугарија. Нешто што видов во двете земји се добри односи меѓу двете вери“, рекол Папата Франциск. 

Македонија | пред 7 години

papa-skopje-5

Се знае ли колку пари потрошивме за папата? – се чека владиниот детален извештај

Се чека изготвување на деталниот извештај за финансиската конструкција за трошоците кои ги направи владата за посетата на папата Франциск. Од владата велат дека транспарентно ќе ја информира јавноста за износот кој владата го потроши за историската посета на поглаварот на римокатоличката црква на земјава.Од Католичката црква пак велат дека тие биле задолжени за црковните церемении. Ни тие не откриваат колку пари потрошиле.  Според нив духовните придобивки не се мерат со ништо материјално.Папата ручаше во ресторан телешки мускул, пилешко со ориз и трилече.Засега конкретна бројка  има само од ЈСП. Според нив за денот кога граѓаните се возеа бесплатно, претпријатието го чини 120 илјади евра. Не се откриваат бројки ни од властите во Скопје. Тие не откриваат  колку пари чинеше средувањето на градот.Но, не е се само трошок. Скопје вчера беше преполн со туристи, кои специјално дојдоја во главниот град за да присуствуваат на мисата од папата. Туристите кои беа најбројни од Хрватска придонесоа за економијата, со ноќевање, такси превоз, ресторани.

Македонија | пред 7 години

133474234-105843-207971

Блокиран патот Крива Паланка – Деве Баир

Поради сообраќајна незгода во прекин е сообраќајот на магистралниот пат А2 Крива Паланка – Деве Баир.Автомотосојузот на Македонија соопшти дека сообраќајот е во прекин од 15:05 часот.

Македонија | пред 7 години

5546

Поради намален број на ученици 15 овци се запишале во училиште во Франција

Петнаесет овци симболично биле запишани во основно училиште во француските Алпи, откако родителите на децата кои учат таму изразиле страв дека некои класови ќе бидат затворени поради намален број ученици. Ова уследи откако училиштето во потпланинското село Крет де Беледон објави дека еден од неговите 11 класови ќе биде затворен поради намалувањето на бројот на ученици од 266 на 261.Вчера наутро, локален овчар и неговото куче довеле 50 овци во училиштето, од кои 15 „официјално“ биле запишани со приложување на нивниот сертификат на раѓање. На комичната церемонија присуствувале голем број деца, родители и наставници.„Еве, сега не мора да затвориме ниеден клас“, изјави Гаел Лавал, еден од родителите кои стојат зад оваа иницијатива.Тој ги обвини државните власти дека повеќе се грижат за бројки, отколку за доброто на децата.

Свет | пред 7 години

Tamburica_Lonac_-4

Тамбурица“ е насловот на новиот мурал што деновиве беше насликан во Скопје

Младинскиот културен центар неодамна го покани хрватскиот уличен уметник, Лонац, да изработи мурал во рамки на новиот парк што се подготвува зад Филхармонија. Лонац го прифати овој уметнички предизвик и по неговото кратко запознавање со Скопје, започна со работа на ѕидот на ДСУЦ „Илија Николовски Луј“. При пристигнување во Скопје, случајно се запознава со Мартина Ѓорѓеска (девојчето на муралот) и нејзиното друштво, па така и сосема случајно стигнал до идеја за композицијата на муралот. Неколку фотографии од Мартина на точак со инструмент во рака биле главната инспирација за муралот насловен „Тамбурица“, кој сега го краси „музичкиот дел“ на Скопје.Лонац е уметник чии извонредни дела може да се најдат секаде низ светот, а најдобрo е препознаен по неговите фотореалистични мурали. Неговите дела се огромни парчиња уметност, кои не можете да ги пропуштите. Создадени со спрејови и четки - обично се под влијание на скејтборд култура, стрипови, графити, филмови, музика, но, исто така, и сегашните социјални проблеми. Неговото последно дело со наслов „Изгубен билет“, реализирано во Белгија непосредно пред доаѓањето во Скопје, веднаш беше издвоено од специјализираниот портал за улична уметност Street Art Today, како еден од најдобрите седум мурали реализирани во месец април во светот.„Тамбурица“ се додава на големата низа проекти на Младинскиот културен центар за поддршка на уличната уметност, како што се: „Градот убав“ – прва галерија на отворено за урбана и графити уметност во Скопје, муралите на фасадата на МКЦ на тема „Индоктринација“, изработени од повеќе домашни автори, новиот мурал на група ЗЕРО во МКЦ, како и бетонските постаменти што деновиве се поставуваат низ Скопје. Покрај Лонац, МКЦ во изминатиот период ги реализираше и соработките со Veks Van Hillik од Франција, преку проектот „Петел и лисица“, поставен на ѕидот на зграда на бул. 11 Октомври, како и Farid Rueda од Мексико - мурал поставен на ѕидот на Природонаучниот музеј.Во моментов во тек се и подготовките за новиот проект на МКЦ, преку кој ќе се продолжи соработката и поддршката на уличната уметничка сцена, а во меѓувреме ни преостанува само да уживаме во муралот на Лонац кај новиот парк зад Филхармонија и новите бетонски постаменти насликани од домашни автори, кои деновиве се појавуваат во Скопје. 

Скопје | пред 7 години

gdu

ГДУ: СДСМ и ДПМНЕ се способни да се испазарат со сѐ , но зошто зад затворени врати кројат решенија за СЈО

Се согласуваме со министерката Рената Дескоска дека ѓаволот е во деталите и веруваме дека СДСМ и ДПМНЕ се способни да се испазарат со сѐ  кога се во прашање партиските интереси, но не можеме  да го премолчиме фактот дека овие две партии со месеци зад затворени врати кројат решенија за судбината на СЈО, се вели во соопштението од ГДУ.Едно е јасно дека независно СЈО значи чекор поблиску кон ЕУ.  Притоа заглавувањето на овој закон во политичкиот пазар ќе го закочи евроатланскиот пат на државата.А кога сме кај политичкиот пазар, видовме до каде може тој да оди и што сѐ можат пратениците и лидерите.Па тоа што со месеци се случува зад затворени врати и оптимизмот на власта за можен договор, отвора сомнеж за преќутен пазар на пример да се влечат предметите и да застарат. Ние како партија жестоко ќе реагираме и ќе се бориме против вашите пазарења и  договори за избегнување на правдата.СЈО има незавршена работа, нечесни функционери имало и ќе има и задачата на оваа институција е да ги лови. Затоа ова Обвинителство треба да добие шанса и да ја врати довербата кај граѓаните, со бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата.ГДУ повторно ги предупредува лидерите, да ги тргнат рацете од Обвинителството и судството, пазарењата нема да ни донесат датум.Потребни ни се вистински реформи, велат од ГДУ.

Македонија | пред 7 години

straza-vozac-pomos-2

Да помогнеме, се собираат средства за семејството на возачот кој почина на Стража

Во групата на социјалната мрежа фејзсбук „Православни вести и патувања“ одекна информација дека возачот што починал на Стража, бил еден од оние кои ги возеле верниците на литијата во Струга, на која, учествуваа голем број на граѓани по повод празникот Св. Ѓоргија.Веста ја пренесуваме во целост: 

Македонија | пред 7 години

boksovi-emisija

(ВИДЕО) Кога неможе со разговор, може со боксови и тоа во емисија

Поранешниот албански претседател и премиер, Сали Бериша на својот фејсбук профил објави видео каде две познати синдикалци,  Фикири Ѕибри и Кол Никола физички се нападнаа во студиото на една албанска емисија, поради различните ставови за протестите во државата.Во продолжение видеото:https://www.facebook.com/SaliBerisha/videos/626386994439763/

Свет | пред 7 години

sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ги игнорираше младите и наместо студентски дом изгради луксузен бел дворец

ВМРО-ДПМНЕ цели 11 години ги игнорираше младите и наместо студентски дом изгради луксузен бел дворец за партиско седиште, сега сериозно се инвестира во подобри услови во студентските домови  ВМРО-ДПМНЕ 11 години ги игнорираше младите и студентите, а денес лицемерно глуми загриженост и шири лажни вести, се вели во реакцијата на СДСМ.11 години ВМРО-ДПМНЕ мислеше само на богатење на фамилијата. Наместо да изгради студентски дом, изгради скапоцен дворец за партиско седиште на ВМРО-ДПМНЕ во време кога студентите живееја во недостојни услови, а младите масовно се иселуваа заради бесперспективност.Студентските домови ВМРО-ДМНЕ ги остави во толку голема катастрофа, во огромни долгови кои со години не биле сервисирани, само заради криминалните интереси на фамилијата на која поважни и беа спомениците од студентите.Таквиот игнорантски однос кон младите заврши со заминување на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција, а последиците од тоа се уште се чувствуваат.  Денес, Владата предводена од СДСМ и надлежните институции  покажуваат вистинска грижа за младите, и се решаваат проблемите што ги остави ВМРО-ДППМНЕ.Вратени се долговите на студентските домови што ги остави ВРМО-ДПМНЕ во висина од 2 милиони евра и обезбедено е нормално функционирање на домовите. Во делот на подобрување на условите за сместување на студентите целосно се реконструирани блоковите В и Г од студентскиот дом Гоце Делчев. Во тек е комплетно опремување со мебел и сите придружни елементи.По повеќе од 40 години се унапредува системот на греење во студентскиот дом Кузман Јосифовски Питу и обезбедено е ефикасно, еколошко греење за студентите, во склад со планот за чист воздух.Во студентскиот дом Стив Наумов инсталирани се нови елементи на дел од водоводната, парноводна и електрична мрежа. Потребно е уште работа тоа се знае. Затоа студентскиот дом Стив Наумов е следен за обновување.Истовремено, продолжува спроведување на сериозни младински политики кои го подобруваат животниот стандард. Преку Гаранцијата за млади што годинава се спроведува на целата територија на државата илјадници млади имаат можност за доквалификација, платена пракса  или вработување, а со проектот „Младинска картичка“ ќе се намалат трошоците за живот на младите за транспорт, едукација, култура и спортување, се вели во реакцијата на СДСМ.

Македонија | пред 7 години

gostivar

Дилери фатени со дрога во Гостивар

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава  против Н.У.(21) од село Теново, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.На 18.09.2018 година во село Неготино, гостиварско, полициски службеници извршиле преглед над лица и патничко возило „Голф“, управувано од пријавениот, при што кај него биле пронајдени и одземени марихуана.  

Македонија | пред 7 години

arsovski-pred-antikorupcika

Арсовски посочи нови сомнителни случаи на корупција од страна на актуелните функционери

Денеска сме повторно пред антикорупциската комисија да ја потсетиме на уште неколку сомнителни случаеви на корупција од страна на актуелните функционери на Владата на СДСМ. Ги повикуваме и охрабруваме, а воедно и поддржуваме антикорупционерите да ги испитаат следниве случаеви на можна корупција во Владата на СДСМ, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Да потсетиме дека Фондот за иновации го имаше најкриминалното делење на грантови пред точно 10 месеци. Десетици фирми со блиски конекции до Владата добија грантови во вредност од неколку милиони евра, пари на граѓаните.Ги повикуваме антикорупционерите да испитаат како беа првично доделени грантови на фирмата КАСТ ИНВЕСТ во која што еден од сопствениците е и Вицепремиерот Кочо Анѓушев која што доби над 160.000 евра од Фондот за иновации?Како печатницата „Гинис” од Прилеп чиј сопственик е пратеникот од СДСМ, Хари Локвенец доби 10 милиони денари грант од Фондот за иновации?Како беше можно баш снаата на Цветанка Ласкова која е советничка на Заев, да добие дури 360 илјади евра државни пари за фирмата за информатичка технологија „Декодиск“ кои планирале да развиваат апликација?Како беше можно баш претседателот на ОО Кавадарци Горан Тодоров, да добие 296.000 евра од Фондот за иновации за нова амбалажа и вкус на алое вера за фирма  „Кодинг – Горска“ ДООЕЛ?Како беше можно баш Александар Семенпеев, советникот на СДСМ во Општина Богданци,  кој е и сопственик на печатницата „Софија“ ДООЕЛ Богданци, да добие грант од Фондот за иновации во вредност од на 1 милион денари.Како беше можно баш фирмата „Т- сенс“ во којашто малцински сопственик е сопругата на министерот за култура Асаф Адеми да добие грант од 65 илјади евра за иновација за софтвер за продажба на производи на скандинавскиот пазар?Јавното обвинителство за истите овие случаеви отвори постапки кои никогаш повеќе не беа споменати,односно беа само со една цел да се замаји и дефокусира јавноста па еве им простор на антикорупционерите ако се подготвени да ја спречат корупцијата да ги отворат овие случаеви и да ги сведат до самиот крај, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 7 години

car-fire

Запалени три возила во Скопје

На 08.05.2019 година во СВР Скопје било пријавено дека на улица „Христо Чернопеев“ настанал пожар во кој биле опожарени возило „Хонда Акорд“, сопственост на Ф.Н.(33) од Скопје и  возило „Опел Астра“, сопственост на Б.Н.(64) од Скопје. Извршен е увид.

Скопје | пред 7 години

BUJAR-OSMANI

Бујар Османи го искара Заев: Не го користи зборот „метла“!

Вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи побара од премиерот Зоран Заев да не го користи зборот „метла“ во јавните настапи затоа што тоа било компромитирачки за другите.Тоа претставува понижување и навреда не само за претставниците на ДУИ, туку и за другите партнери на коалиционата влада. Неприфатливо е да се користи таков термин, дури и кога станува збор за промени во државните функции – рече Османи.Заев најави промени во сите државни ешалони, дури и во самиот СДСМ, но и во администрацијата каде што смета дека се прават опструкции и не се даваат очекуваните резултати.Терминот „метла“ се појави во јавноста по првиот круг од претседателските избори на 21 април.

Македонија | пред 7 години

gradinka-2

МВР гони директорка и правничка во градинка, фалсификувале договори за вработување

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против Л.В.(41) од Крива Паланка и М.Т.(32) од село Конопница, кривопаланечко, поради постоење основи на сомнение поради сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.Во периодот од 10.02.2017 година до 14.02.2017 година, второпријавената во својство на правник на детска градинка „Детелинка“ во Крива Паланка, по усна наредба на првопријавената - в.д директор на градинката, извршила корекција во оргиналниот договор за вработување на определено работно време од една година склучен со В.С.(46) за работно место-неговател во наведената институција, по што таа била отпуштена од работа на 29.12.2017 година, односно месец и половина порано од времето за кое склучила договор.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања