Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

stop-policija

За еден ден во Скопје се случиле 13 сообраќајки, а полицијата пишала 74 казни

Во текот на изминатиот ден (08.05.) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле 13 сообраќајни незгоди во кои едно лице се здобило со тешки телесни повреди, а 10 лица поминале со телесни повреди.Во рамки на преземените мерки и активности во делот на безбедноста во сообраќајот констатирано е дека седум возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Потоа, од сообраќај се исклучени 11 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило.Петмина возачи се санкционирани поради минување на крстосница на црвено светло, тројца возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, тројца - поради неправилно престројување, еден возач поради неправилно престигнување, четири возачи на мотоцикли поради неносење заштитен шлем, еден возач поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 10 возачи - поради користење на мобилен телефон при управување со возило.Исто така, од сообраќај се исклучени и 10 возила бидејќи биле нерегистрирани. Во однос на пешаците, пак, санкционирани се осум пешаци поради поминување коловоз вон пешачки премин и двајца пешаци поради поминување коловоз на црвено светло. Во текот на изминатиот ден издадени се и 74 мандатни платни налози и 67 возила се подигнати со специјално возило „пајак".

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

На граница фатен маж кој избегал од затвор

На 08.05.2019 година во 18.00 часот на Граничниот премин Табановце, по извршената проверка на лицето М.И.(38) од с.Зрновци, кочанско, било констатирано дека тој се барал за издржување казна затвор.Лицето било предадено на полициски службеници од  СВР Куманово за понатамошна постапка.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Со велосипед удрил во куче, па завршил во болница со тешки повреди

На 08.05.2019 година во 16.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улица „Свети Наум Охридски“ во Скопје, Д.Ч.(45) од Скопје, управувајќи велосипед, удрил во куче, при што се здобил со тешки телесни повреди.Тој бил пренесен во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ каде му била укажана лекарска помош.Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 7 години

soobrakajka

Со автомобил удрил пешак кој има тешки повреди

На 08.05.2019 година во 11.00 часот во с.Мородвис, кочанско, патничко возило „Лада Нива“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Е.А.(71) од село Мородвис, удрило во пешакот С.И.(79), од истото село.Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош во Здравствениот дом во Кочани бил пренесен во Клиничката болница во Штип на понатамошно лекување.Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Кочани.

Македонија | пред 7 години

soobrakajka

Сообраќајка на границата „Деве Баир“, едно лице загина

На 08.05.2019 година во 15.00 часот на магистралниот пат Крива Паланка - Деве Баир, во атар на с.Кркља, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Опел Корса“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.С.(65) од Скопје и товарно возило „Мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ј.М.(32) од Крива Паланка.Во незгодата С.С. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Здравствениот дом-Крива Паланка, каде околу 15.50 часот починал. Сопатничката од истото возило, К.С.(65) од Скопје се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена и задржана во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Крива Паланка.

Македонија | пред 7 години

59741158_2661057930574322_9121378490698956800_o

Дунавка ќе издаде книга, а ќе пишува и за папата

Дунавка Трифуновска која во јавноста е позната по низата скандали кои ги направи, објави дека ќе издаде книга.Таа во истата ќе пишува за нејзината средба со папата, но и за спомените од Ница, по терористичкиот напад.„Книгата ќе се вика 'Приказните од Ленинова'“, објави Трифуновска.Таа додава цитира и наводна изјава од папата кој според неа рекол „Животот ми се промени кога почнав со луѓето да зборувам лице во лице“. 

Македонија | пред 7 години

VOJSKA-RUSIJA

ВИДЕО Москва на нозе, руската војска на улиците

На Црвениот плоштад во Москва започна парадата по повод 74. години од победата во Втората светска војна.Откако беше одржана минута молчење за жртвите од војната, претседателот Путин потсети на сите оние кои го дале животот за слобода на Русија и порача: „Слава на народот победник! Ви честитам! Ура![embed]Изведена беше и химната, а Путин потсети дека победата над национализмот зазема посебно место во руската историја.Во парадата учествуваат повеќе од 13 илјади војници.Исто така ќе бидат претставени 132 технички единици, 74 авиони и хеликоптери, оклопни возила, транспортери како и многу други.

Свет | пред 7 години

UBEN-PRIJATEL

Филип го убил најдобриот пријател, неговата сопруга раскажа детали за злосторството

33-годишната Ивана Савовиќ, некогашна сопруга на Филип Гаврановиќ, обвинет за свирепо убиство на пекарот Никола Остојиќ, вчера до детаљ опишала како Гаврановиќ се однесувал после злосторството.Ивана три недели била во брак со стаклорежачот Филип, кога тој, како што информираат српските медиуми, на 3-ти ноември 2017-та година во својата работилница во Белград, го убил најдобриот пријател, сопственик на пекара, Никола Остојиќ, а сега пред судот раскажала како Филип се однесувал после убиството.Таа рекла дека од моментот кога семејството на Остојиќ го пријавила неговото исчезнување во полиција претчувствувала дека нејзиниот сопруг има врска со тоа и на крајот отишла во полиција и го пријавила.-Сомнежот со кој живеев три дена, со никој не го споделив. Се плашев дека Филип има некаква поврзаност со исчезнувањето, но не помислував на најлошото. Се грижев дека Никола е киднапиран и дека му треба помош, раскажала таа и објаснила дека се започнало ден претходно, кога дознала дека Филип на неговиот најдобар пријател му должел 2.000 евра.На денот кога се случило убиството, Гаврановиќ му ветил дека ќе ги врати парите, а таа, разочарана и бесна, сакала лично да види дека долгот е подмирен.Поради тоа во 18 часот отишла во работилницата на својот сопруг. Решетките биле спуштени.-Го повикав Филип, беше вознемирен, страшно звучеше, викаше да не стојам таму, туку да се спуштам по улицата. Беше црвен, испотен, зглобовите му беа отечени и модри. Рацете му беа целосно исечени. Ми рече дека се повредил во работилницата. За време на возењето отвораше врата и повраќаше – раскажала таа пред судот, која после злосторството го поништила бракот со Гаврановиќ.Потоа, Гаврановиќ однеле пари кај семејството на убиенот и заминале дома да спијат. Утрината, сопругата на Остојиќ им кажала дека Никола исчезнал. Тогаш Ивана почнала да се сомнева дека нејзиниот сопруг има врска со сето тоа.

Свет | пред 7 години

sadula-duraki-1-696x439

Министерот Дураку од екологија оди во новоформирано министерство

Министерот за животна средина и просторно планирање, Садула Дураки, е првото име од Владата кое по се изгледа ќе биде опфатено со реконструкцијата што ја најави Заев. Според неофицијални информации премиерот бил незадоволен од работата во секторот екологија и ќе бара од ДУИ смена во раководната позиција на ова Министерство.Се уште не е познато кој би го наследил Дураки, доколку биде повлечен, но албанските медиуми пишуваат дека тој ќе остане и понатаму во Владата така што ќе го добие новоформираното Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците.Извор: Фокус.мк

Македонија | пред 7 години

gruevski-mala

Груевски за смртта на Дулиќ: Остави траен белег како пратеник

По смртта на експратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Благородна Дулиќ, сочуство изрази експремиерот, сега бегалец Никола Груевски.„Ќе ја паметиме како исклучително стабилна и цврста личност, нескршлива и праведна, храбра и мудра. Нејзиното искуство се чувствуваше во секој миг во комуникацијата со другите. Нејзината стручност доминираше во секоја соодветна прилика. Многу трудољубива и работлива. Си замина една исклучително добра и несекојдневна личност, искрена, отворена и подготвена за саможртва кога идеалот и правдата се во прашање. Секогаш ќе живее во нашите сеќавања и спомени. Остави траен белег како исклучително посветен и способен пратеник во парламентот. Нека почива во мир“, напиша Груевски од Унгарија.

Македонија | пред 7 години

klinicki-35wp8risje5ymub1g2yubk

Новиот клинички центар ќе биде на пет нивоа со 1300 легла

На 134. седницата на Владата беше усвоена информацијата за изградба на универзитетски клинички центар. Владата го задолжи Министерството за финансии во соработка со Министерството за здравство да изготви барање за изразување интерес за заем до финансиските институции за финансирање на изградбата на новиот клинички центар.Во исто време, Владата го задолжи Министерството за здравство и Министерството за транспорт и врски за да ги дефинираат задолженијата и надлежностите на јавните претпријатија во земјава.Приоритет е изградба на достапен, квалитетен и долгорочно одржлив систем на здравствена заштита што ќе обезбеди врвни услови за работа на медицинскиот кадар, за негов развој во струката. На овој начин ќе се обезбеди и беспрекорна услуга на граѓаните. По спроведени анализи, а врз основ на студијата за изводливост на проектот за преместување на универзитетски клинички центар, како и податоците доставени од клиниките е предложен концепт на интегриран објект кој би можел да се развива на пет нивоа со потребна квадратура од апроксимативни 102.000 м2 за потребнитеа 1300 болнички легла, 20 операциони сали, 4 ангиогравски сали, 8 родилни сали и 65 амбулантни за специјалистичко консултативна дејност, соопшти Министерството за здравство.

Македонија | пред 7 години

32147501_2137376383160739_1361450460409495552_n

Четири години од настаните во Диво Насеље – многу дилеми и неодговорени прашања

Денеска се навршуваат четири година од оружената пресметка во кумановската „Дива населба“, која траеше два дена, при што животот го загубија осум припадници на Министерството за внатрешни работи,  додека четириесетина беа тешко повредени.Во престрелките животот го загубија Љубиша Аранѓеловиќ, Бобан Ивановиќ, Горан Илијевски, Жарко Кузмановски, Исамедин Османи, Сашо Самојловски, Ненад Серафимовски и Горан Стојменовиќ кои посмртно беа одликувани со „Медал за храброст“ за покажаната исклучителна храброст и самопрегор во одбрана на територијалниот интегритет и суверенитет на Република Македонија од страна на претседателот Ѓорге Иванов.Во оружената престрелка покрај осумтемина припадници на полициските сили, беа убиени и 10 припадници на вооружената група.За настаните во „Дива населба“ од февруари 2016 година во Кривичниот суд се водеше судско рочиште против 29 лица кои се товарат за сторени кривични дела „Терористичка организација” и „Тероризам”. Сите 29 обвинети за кумановските случувања пред Судот се изјаснија дека не се чувствуваат виновни.Случајот подоцна се спои со „Молња“ во кој се водеше постапка против осум лица помагачи на вооружената група од „Дива населба“, со што бројот на обвинети се искачи на вкупно 37.Јавното обвинителство на Република Македонија покрена постапка за приведените во акцијата во Куманово откако МВР поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција против определен број лица за „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедност“.Од 37 обвинети за тероризам и терористичка организација, 33 лица беа осудени за делата, а за четири лица е донесена ослободителна пресуда.Кривичниот суд во ноември 2017 година на казна доживотен затвор осуди осуммина обвинети за терористичкиот напад во кумановско Дива Населба, а 13 обвинети добија казна од 40 години затвор.На казна затвор од 20 години се осудени петмина обвинети, две години помалку доби еден обвинет, а по двајца обвинети добија казна затвор од 14, 13 и 12 години.Пресудата за овој случај требаше да биде донесена на 17 октомври, но беше одложена поради локалните избори на барање на МВР.Обвинителството побара доживотен затвор за сите 37 обвинети за тероризам и терористичка организација.Насер Рауфи, кој е еден од адвокатите на осудените, по изрекувањето на пресудата, рече дека ова е сценарио на тајните служби и дека не очекувал обвинетите да добијат толку високи казни. Тој смета дека станува збор за монтиран предмет и побара независна истрага.Пресудата која еднаш беше донесена беше укината, а случајот беше даден на СЈО, зашто во политичките превирања во изминатите години, како и за повеќе други настани беше најавувано дека СДСМ има „бомби“ кои ќе помогнат во расфетлувањето на тие случаи. Но, СЈО кажа дека во прислушкуваните разговори нема ништо за случајот „Дива населба“Владата во ноември минатата година прифати да биде отворена меѓународна истрага за случајот „Дива населба“. Премиерот Зоран Заев изјави дека е информирана меѓународната заедница и оти се бараат начини за спроведување на меѓународна истрага за неразјаснетите околности поврзани со настаните во кумановската „Дива населба“.На 9 и на 10 мај 2015 година, во кумановската Дива населба вооружена група се судри со безбедносните сили. Во престрелката загинаа осум полицајци од специјалните и од посебните единици на МВР, додека четириесетина беа тешко повредени. Убиени беа и десет лица од вооружената група.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

ВМРО ДПМНЕ: СДСМ нема направено ништо за студентските домови – тие се руина

Студентските домови во Република Македонија се наликуваат на руина. Сликите кои ги објавија медиумите, од кои се гледаат уништени тоалети се доказ дека власта две години нема направено ништо.  Заев и Каевски ветуваа студентски град, со модерни услови за престој, но две години после тоа нема ништо од најавеното. Студентските домови се во катастрофална состојба, а храната е слаба, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.СДСМ нема направено ништо за студентските домови. Две години власта потроши 7 милијарди евра буџет, а притоа не направи ништо за студентите. Каде отидоа 7 милијарди евра пари на граѓаните?Наместо да се купуваат фотељи од телешка кожа и пенкала со циркони власта може да инвестира во нови студентски домови. Наместо да се вработуваат синови и ќерки на функционери, власта може да купи подобра храна за студентските мензи.Ниското ниво на реализација на капитални инвестиции на власта се должи и на безидејноста. Инвестициите во студентските домови запреа со заминувањето на ВМРО- ДПМНЕ од власт.Две години студентите мака мачат да преживеат во домовите во Скопје, но и другите градови низ државата.Негрижата мора да запре. Младите очекуваат промени, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ. 

Македонија | пред 7 години

beba-hari

Хари и Меган избраа име за бебето –синот ќе се вика Арчи

Принцот Хари и Меган открија како ќе се вика нивниот син. Војводата и војвотката од Сасекс со задоволство денеска го објавија името на своето прво дете, тоа ќе се вика Арчи Харисон Маунтбатен-Виндзор.Веста за одлуката на младите родители беше официјално потврдена од Кенсингтон палатата.“Седмиот престолонаследник ќе го носи името да Aрчи Харисон Маунтбaтeн-Виндзор”, гласи пост на принцот и неговата сопруга, објавен во Instagram.https://www.instagram.com/p/BxNBHHchfUM/?utm_source=ig_embed

Магазин | пред 7 години

velosiped

13 сообраќајки во Скопје, велосипедист со тешки телесни повреди

Велосипедист се здобил со тешки телесни повреди во една од вкупно 13 сообраќајки во текот на вчерашниот ден. Во осум со полесни повреди се здобиле 10 лица, а во четири била причинета материјална штета.Од СВР Скопје информираат дека вчера сообраќајната полиција санкционирала седум возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, пет возачи поминале на крстосница на црвено светло, тројца возачи не дале првенство на минување на обележан пешачки премин, тројца возачи за неправилно престројување, еден возач за неправилно престигнување,  четворица возачи за не носење заштитен шлем, еден возач за не  користење сигурносен појас и 10 возачи кои користеле мобилен телефон за време на управување на моторно возило.Од сообраќај се исклучени 11 возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило, како и 10 нерегистрирани возила.Санкционирани се осум пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин и двајца пешаци кои поминале коловоз на црвено светло.Затекнати се 74 возила непрописно паркирани, а со помош на  специјалното возило „пајак“, отстранети се 67 возила.

Скопје | пред 7 години

kokain-kanti-boja

Запленети 19,5 тони кокаин – дрогата ја криеле во канти со боја

Украинските граничари заплениле во Одеса рекордна испорака на дрога од Колумбија, се проценува дека запленети се околу 19,5 тони дрога, пренесе Тасс.Кријумчарите се обиделе кокаинот да го сокријат во пластични канти со боја.-Планот на трговците бил лесен, да го увезат кокаинот помешен со лак и боја на адреса на една украинска фирма,а потоа да го изолираат во лабараторија, соопшти Украинската државна фискална служба.Според првичните резултати на истрагата , во кантите од околу 30 килограми покрај бојата имало и по 3 килограми кокаин. Вкупното количество на запленетата дрога ќе биде познато откако целиот товар ќе биде детално прегледан.Ова е рекордна заплена на кокаин. 

Свет | пред 7 години

vreme

Сончево со умерена облачност, во недела невреме

Денеска времето ќе биде сончево со умерена облачност, попладне значително облачно со слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец.Во Скопје максималната дневна температура ќе достигне 20 Целзиусови степени, Маврво 11, Охрид 16, Битола 18, Кавадарци 21, Крива Паланка 16, Берово 15, Дојран 22.И утре времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне со локален дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Дневните температури ќе се движат од 13 степени во Маврово, Охрид 18, Скопје 22 до 25 степени во Дојран.Во сабота ќе настапи преодно стабилизирање со повисоки дневни температури. Од недела нашето подрачје ќе потпадне под влијание на циклонска активност, која ќе предизвика нестабилно време со обилни врнежи од дожд, локално во форма на невреме со грмежи, засилен ветер и појава на град.

Македонија | пред 7 години

uploads_thumbs_resize_800x420_375394

Продолжен рокот за доделување концесија за мали хидроелектрани

Владата одлучи да го продолжи рокот за донесување решенија за доделување концесија за користење на вода за производство на електрична енергија од мали хидроелектрични централи.Владата го разгледа Извештајот за евалуацијата на пристигнатите понуди за доделување на концесија за вода за производство на електрична енергија од 22 мали хидроелектрични централи по што донесе одлука за изменување на одлуката за започнување на постапката за доделување на концесија за користење на вода за производство на електрична енергија со која се продолжува рокот за донесување решенија до конечното усогласување на критериумите за доделување на концесиите.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Без вода населба Пролет

Од ЈП „Водовод и канализација“ на Град Скопје има најава дека поради уличен дефект на улицата Страшо Пунџур бр.11, во населбата Пролет без водоснабдување од 9 часот до завршување на дефектот ќе останат корисниците од истата населба во општина Аеродром.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Без струја овие делови од Скопје

Од „ЕВН Македонија“ АД информираат дека денеска се планирани технички зафати во дистрибутивната електромрежа во град Скопје и без електрична енергија ќе останат:Во периодот од 12.30 до 15.30 часот корисниците од дел од с. Глумово во општина Сарај.Во периодот од 10 до 12 часот корисниците од с. Орашје и с. Дворце во општина Сарај.Во периодот од 9 до 11 часот корисниците од улицата Орце Николов, зграда 174, како и улицата Никола Тесла, зграда 16 и 18 во општина Центар.Во периодот од 9 до 12 часот корисниците од дел од с. Кондово, водовод „Кондово“, во општина Сарај.Во периодот од 9 до 11 часот корисниците од дел од улицата Ѓорѓи Андреевиќ – Кун во општина Аеродром.

Скопје | пред 7 години

Screen-Shot-2019-05-08-at-18.55.00

Протест во Скопје за Диво Насеље

По повод 9-ти мај, денот на борбите во кумановското „Диво Насеље”, се организира протест под мотото „Против двојни стандарди и против дискриминација и сегрегација на Албанците” пишува Шења.Како што вели Шпетим Положани, протестот е организиран од Здружението за политички затвореници, заедно со Советот на семејства на лица кои се затворени со строги казни, вклучувајќи ја и групата “Диво Насеље”.Протестот започнува во 13 часот, од плоштадот Скендербег во Скопје и ќе трае до судот.

Скопје | пред 7 години

spomenik-partizani-678x381

Одбележување на 9 Мај – Ден на победа над фашизмот и Ден на Европа

Во дворот на Владата пред споменикот на Ослободителите на Скопје денеска ќе биде одбележан 9-ти Мај – Ден на победа над фашизмот и Ден на Европа.Најавени се обраќања на претседателот на Владата, Зоран Заев, претседателот на главниот одбор на Сојузот на борците од НОБ, Никола Стојански и потпретседателот на главниот одбор на Сојузот на борците од НОБ, Борко Зафировски.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Времето денес облачно со локален дожд попладне

Времето денеска умерено до значително облачно, попладне со локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец.За утре метеоролозите најавуваат сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне со локален дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.

Македонија | пред 7 години

MTV

Влада: МРТВ има загуба од 26 милиони денари

Владата даде негативно мислење за работата на Македонската радио-телевизија за минатата година. Тие укажуваат на негативни финансиски резултати, според кои јавниот радиодифузер имал загуба од 26 милиони денари, а забелешки има и за непочитување на професионалните стандарди при работата.Ваквото мислење Владата го даде на барање на Собранието, кое побара да се произнесе за Годишниот извештај за работата на Македонската радио-телевизија за 2018 година.„Владата, врз основа на мислењето на Министерството за информатичко општество и администрација, подготвено во соработка со Министерството за финансии, утврди негативно мислење во однос на Годишниот извештај за работата на Македонската радио-телевизија за 2018 година, ако се имаат предвид финансиските показатели за работењето на ЈРП Македонската радио-телевизија за 2018 година, кои се негативни со утврдена загуба од 26 милиони денари.Освен тоа, Владата утврди мислење дека ЈП Македонска радио-телевизија не ги исполнила професионалните и етички новинарски стандарди за обезбедување уредувачка независност, непристрасност и објективност во информирањето, што произлегуваат од членот 111 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и од препораките од извештаите на ЕУ за реформи за остварување целосна независност на јавниот радиодифузен сервис”, се вели во соопштението.

Македонија | пред 7 години

Biljana-Ivanovska

Антикорупциска ќе отвори два нови случаи за премиерот Заев

Претседателката на Антикорупциската комисија, Билјана Ивановска во гостување на телевизија Телма најави дека денес ќе бидат отворени неколку нови случаи.-На утрешната седница ќе отвараме нови случаи по пријави, како случајот Глобал, „Едно евро за Вицето“, знаете дека ние работиме неселективно. Исто така утре ќе отвориме и случаи по пријави на граѓани. Седниците се отворени и јавни и секогаш ја известуваме јавноста, рече Ивановска.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања