Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

500-denari

Од јануари во оптек ќе бидат пуштени првите банкноти со новото државно име

Од  јануари 2020 НБРМ во оптек ќе ги пушти парите со новото име на државата. Први ќе се менуваат книжните пари со апоени од 10 и 500 денари, соопшти гувернерката на Централната Банка, Анита Бежоска.Новите пари нема да бидат двојазични.

Македонија | пред 7 години

05-2-1

Спасовски се сретна со пензионерите од МВР

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска присуствуваше на свеченоста по повод одбележувањето на пет децени од формирањето на “Здружението на пензионираните работници од органите за внатрешни работи на Република Северна Македонија- Скопје“.“Прво, не може а да не се искаже респект кон луѓе кои што својот работен век, своето професионално знаење и труд го вложиле во една од фундаменталните институции на општеството - Министерството за внатрешни работи. Второ, не може а да не се испочитува фактот дека вие и натаму преку оваа форма на организирање давате свој придонес не само кон статусот на оваа група пензионери, туку истовремено продолжувате да ја негувате и чувате колегијалноста, пријателството, меѓусебното почитување како принципи важни не само од личен аспект туку и како колективен акт демонстрирајќи заедништво и солидарност како неопходни општествени вредности. “.Ова, меѓу другото, го истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во своето поздравно обраќање, заблагодарувајќи им се на поранешните вработени во министерството за придонесот во градењето на полицијата и нагласувајќи дека кое било општество или систем, доколку се стреми кон просперитет и перспектива не може и не смее да се откаже од ниту еден свој поединец.

Македонија | пред 7 години

ojo-1

Седум лица се обиделе да убијат 24-годишно момче во Струмица, еве ги деталите

Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против седум лица од Струмица на возраст од 19 години до 25 години и тоа – против едно лице на возраст од 24 години за кривично дело Убиство од член 123 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик, против едно лице за истото кривично дело како поттикнувач и против пет други лица во својство на помагачи при извршување на кривичното дело.Имено, на 01.05.2019 година  пред хотел во Стар Дојран дошло до вербална расправија помеѓу двајца од осомничените кои биле во алкохолизирана состојба и двајца вработени во хотелот. Расправијата преминала во физичка пресметка. На вработените во хотелот им се придружило уште едно лице, додека двајцата сега осомничени повикале уште пет други лица да дојдат во хотелот, бидејќи имаат проблем. Во еден момент сите осомничени го заобиколиле оштетениот кој им помагал на вработените во хотелот. Додека оштетениот му бил завртен со грб, еден од осомничените со нож му нанел две убодни рани во пределот на горната десна страна од грбот и една убодна рана во средината на градниот кош.Од извршената анализа на алкохол во крвта е констатирано дека осомничениот во тој момент бил во алкохолизирана состојба во која самиот се довел со количина од 1,69 промили алкохол во крвта.Имајќи ја предвид тежината на стореното кривично дело и запретената казна, Основното јавно обвинителство Велес оцени дека постои можност осомничениот кој директно го извршил делото да се даде во бегство или да го повтори кривичното дело. Исто така, бидејќи останатите осомничени му се блиски пријатели, а едниот му е брат, веројатно е дека може да врши и влијание врз нив со кое ќе го попречува водењето на истражната постапка. Затоа Основното јавно обвинителство Велес до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Велес поднесе Предлог за определување мерка притвор за ова осомничено лице, додека за останатите осомничени е предложено да бидат определени мерки на претпазливост. 

пред 7 години

naum

Стоилковски: Македонија со сигурност нема иднина без право и правда и тоа е гласната порака од овие избори

Зоран Заев и власта се целосно делегитимирани. Македонија од петти мај живее поинаква реалност од прожектираните платени политички журнали на власта. ВМРО-ДПМНЕ е релевантен политички фактор кој што ја има поддршката во повеќе од половината општини во државата, но поддршка и од домашната и од меѓународната јавност, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Македонија со сигурност нема иднина без право и правда и тоа е гласната порака од овие избори. Власта знаејќи го тоа, продолжи пак со криминогените делувања за криминогено системски да го минира демократскиот чин односно изборите.ВМРО- ДПМНЕ  до Обвинителството ќе поднесе Кривични пријави за нарушување на изборниот процес односно 12 Кривични пријави за организирано гласање, поткуп на гласачи и за агитирање.ЈО мора да ги преземе конкретни чекори кон разоткривањето на криминалните политики на власта против изборите.Кривичните пријави се однесуваат:За организирано гласање во Прилеп, во ромското маало Тризла. Организирано се земани од дома, носени до избирачко место и повторно гласачите се враќани дома, а постојат сериозни индиции дека зад тоа како организатори стојат градоначалникот на Прилеп и владејачката СДСМ. Ист случај е регистриран и во Градско, каде бело комбе со велешки регистарски таблици цел ден разнесувал гласачи. За двете места има сериозни индиции дека е делен и поткуп за време на транспортот.Пoткyп на гласачи и организирано носење на гласачи Роми, со индиции за поткуп, односно тешки изборни нepегуларности се регистрирани и во Штип.Во Штип постојат злоупотреби на службена положба и нарепресивниот апарат. Полицијата крши основни човекови права на граѓаните, претресува возила на луѓе, во присуство на малолетни деца, додека на денот на избори се објавуваа фото докази за непречен поткуп, за делење пари во неколку населби во истиот град во Штип.Шуто Оризари, Скопје. Активисти на владејачката партија организираат транспорт на гласачи, има индиции за поткуп, а не изостана ни агитирање крај избирачките места, транспорт на гласачи е организиран преку социјалните мрежи од СДСМ.Во Чаир, Скопје направен е тeжoк пpeкpшoк на изборниот процес, политичка патија од власта организираше групно гласање на избирачко место во училиштето „6 Ноември“. Изостана peaкциja и тоа и од Јавното oбвинитeлcтвo и од пoлициjaтa.Организирано носење на гласачи и индиции за поткуп е регистрирано и во скопско Маџари.Возила за организиран транспорт на гласачи со странски регистарски таблички, како и сериозни индиции за вршење поткуп, регистрирани се и во Ново Село, каде се одржуваа и градоначалнички избори.Битола, поразот на изборите власта се обиде да го намали со организирано заплашување на граѓани од разуздани групи луѓе, познати на битолчани и на битолската полиција. Во пријавата се наведени и фото докази за нивното делување и за нивните автомобили кои што кружеле низ градот на денот на избори.На избирачки места се фотографиран е изборен материјал, избирачки ливчиња. Среде изборниот ден медиумите и социјалните медиуми објавуваат фотографии од гласачки ливчиња, прешкртани или со допишани имиња.Поттикнати од неказнивоста, но и од стравот од пораз, СДСМ преку свои активисти за време на изборниот молк во скопска Гази Баба, каде СДСМ загуби со над шест илјади гласови, се делат партиски материјали  и се поставуваат изборен банер!Понатаму, градоначалникот на Општина Гази Баба од редовите на СДСМ, на денот на молкот, сабота, 4 мај, со службен автомобил „Шкода октавија“ ги посетува населбите Ченто и селото Синѓелиќ, агитирајќи кај избирачи.Криминалот против изборите е сериозно дело кое што не застарува, а неказнивоста за истите само дополнително ќе ја закова Македонија на демократското дно. Очекуваме Обвинителите да се одважат и да отпочнат со процес со кој што ќе се расчисти изборниот криминал, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ..

Македонија | пред 7 години

uck-1

ФОТО: Со албански песни и знамиња, но и транспаренти со УЧК започна протестот за „Диво Насеље“

Со албански националистички песни, озвучување, транспаренти на кои пишува УЧК, фотографии од затворениците и албански знамиња започна протестот за правично судење на лицата инволвирани во случајот „Диво Насеље, на плоштадот Скендербег. Пред платото на плоштадот се собрани 100 граѓани, дел од нив во крвна врска со затворениците. „Ова е во организација на фамилии на затворениците кои добијаа долги казни затвор, а некои и доживотни, за повеќе случаи, не само за „Диво насеље“.Зад фамилиите стои и Здружението на албански политички затвореници во Македнија“, вели Положани Денес се навршуваат 4 години од терористичкиот напад во Диво Насеље, каде животот го загубија полицајците Љубиша Аранѓеловиќ, Бобан Ивановиќ, Горан Илијевски, Жарко Кузмановски, Исамедин Османи, Сашо Самојловски, Ненад Серафимовски и Горан Стојменовиќ кои посмртно беа одликувани со „Медал за храброст“ за покажаната исклучителна храброст и самопрегор во одбрана на територијалниот интегритет и суверенитет на државата од страна на претседателот Ѓорге Иванов.

Македонија | пред 7 години

arsovski-pred-antikorupcika

Арсовски обелодени уште еден спорен процес за концесијата за 3 хидроцентрали на Анѓушев

Ја поздравуваме одлуката на антикорупционерите за отворањето на повеќе случаи со сомнеж и основ за корупција во владата на СДСМ и укажуваме дека ќе ги следиме нивните истраги и каде треба дополнително ќе сугерираме за целосно расчистување на истите случаеви, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Денеска сакаме да нотираме уште еден спорен процес за концесијата за 3 хидроцентрали на вицепремиерот на владата на СДСМ Кочо Анѓушев.Имено да потсетиме дека Кочо Анѓушев ја поседува фирмата МХЕ Тополки преку фирмата Фероинвест, а управител на истата е неговиот брат Тодор Анѓушев.МХЕ Тополки добила концесија од Владата за изградба на 3 хидроцентрали кои требало да ги изградат во рок од 3 години согласно член 68 од договорот за концесија кој што бил потпишан.Со нов анекс договор, потпишан од актуелниот министер на Заев во Владата, Садула Дураку, на вицепремиерот Кочо Анѓушев му се продолжува рокот за изградба за уште околу 2 години заклучно крајот на 2019 година бидејќи во првите 3 години нема ништо изградено.Не би било ништо тука спорно, освен ако не е уредено во првичниот договор кој го потпишала фирмата МХЕ Тополки со Владата каде што во член 68 пишува дека доколку не се изградат хидроцентралите во рок од 3 години, договорот се раскинува.Во овој случај сомнежот е дека Кочо Анѓушев влијаел кај својот колега Садула Дураку да му го продолжи рокот за изградба на околу 5 години. Значи од 3 години се продолжува уште за година и 7,8 месеци скоро 5 години.Од она што може да се забележи во моментов, се уште ништо не е изградено согласно договорот за концесија. Па така ги повикуваме антикорупционерите да го истражат и овој спорен процес и случај.Очигледно целиот процес околу концесијата на Тополки има многу сомнежи кои вредат и заслужуваат да се истражат и ние ќе ги следиме целите процеси на истраги и истрагите и секаде каде што треба ќе нотираме како што веќе рековме очекуваме дека и за овој процес да се отвори случај каде што ќе се дознае вистината како било влијаено да се продолжи рокот на изградба од 3 на 5 години, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 7 години

protesti-divo-naselje

На протестите за Диво Насеље: Сме и ќе бидеме секогаш заедно, УЧК

Групата која протестираше од плоштадот Скендербег од Судска палата, а барше правда за осудените во случајот „Диво Насеље“ преку транспаренти порачаа: „Во овие лоши времиња, протестот е најубавата вредност“, „Сме и ќе бидеме секогаш заедно, УЧК“, „Стоп за селективната правда“, „Слобода за Арсим Бајрами“, „Слава им на мачениците на нацијата“, „Секој протест е еден чекор до мојата слобода, а за твојата судбина ќе одлучиш ти“. Присутните носеа и фотографии од осудените за терористичкиот акт во Диво Насеље.Транспарентите на протестот беа испишани на албански јазик, се носеа албански знамиња и се слушаше албанска музика.Тие заедно со нив носеа фотографии од осудените лица, а за дел од нив се бараше да се ослободат. Инаку, денес се навршуваат 4 години од терористичкиот чин каде загинаа 9 припадници на полицијата.На пpотecтите се скандираше „УЧК, УЧК“, а се исвиpкyваше и името на Сашо Мијалков, ВМРО-ДПМНЕ и Ѓорѓе Иванов.ФОТО: Инфомакс.мк

Македонија | пред 7 години

glasacka-kutuja

Гласачките кутии во Чаир се пренесувале со такси

На социјалните мрежи се појави фотографија од денот на гласањето од вториот круг на претседателските избори сликана пред избирачко место во општината Чаир на која се гледа како гласачка кутија се пренесува со такси возило.Од ДИК за  порталот Плусинфо истакнале дека ова е вообичаена активност на денот на гласањето и дека не е утврдено ништо спорно во дистрибуцијата на гласачките ливчиња.Токму оваа фотографија поттикна многу коментари со сомнежи на социјалните мрежи за регуларноста на изборите.Текстот во целост на: plusinfo.mk

Македонија | пред 7 години

drva-plostad-3

На местата од привремено отстранетите дрвја, наместо истите, засадени нови

Екипите на Град Скопје и ЈП „Паркови и зеленило“ во пресрет на посетата на Папата Франциск на Скопје пресадија две дрвја на Плоштад Македонија. Но, и покрај тоа што кога се најави акцијата беше ветено дека дрвајата привремено се отстрануваат  и дека истите ќе бидат вратени назад, денеска нова информација.-Двете суви дрвја на плоштадот беа заменети со две здрави дрвја од друга локација на плоштадот, а на нивните места, денеска беа засадени нови две дрвја, велат од Град Скопје.

Скопје | пред 7 години

traekt

Драма во хрватските води: Се расипа траект - 350 патници останаа на отворено море

Траектот „Аурелија“ на кипарска компанија, кој плови на редовната линија Анкона-Сплит, рано утринава доживеа голема незгода. Во хрватските води, на десет милји од Корнатите му откажа еден мотор.Станува збор за моторен патнички брод долг 150 метри со две погонски машини, од кои едната откажала, а со другата бродот сега се одржува на површината. Кон траектот се веднаш испратени два реморкери.Акцијата за спасување на траектот Аурелија ја преземал Центарот за трагање и спасување на море во Риека.Ситуацијата, меѓутоа, не е лесно решлива – поради лошото време, односно силниот ветер, двата реморкери испратени утринава морале да се вратат во пристаништето во Шибеник.Според последните информации, нема повредени.

Свет | пред 7 години

tevdovski

Неповратни средства од ЕБОР за изградба на автопатите Скопје- Блаце и Кичево Гостивар

Изградбата на автопатите Скопје-Блаце и Кичево-Гостивар, ќе ги финансира Европската банка за обнова и развој. Ова го најави министерот за финансии Драган Тевдовски на Годишните средби на Европската банка за обнова и развој, кои се одржуваат во Сараево.– Договоривме поддршка за идниот период – изградба на важни патишта во нашата земја. Тоа се автопатот Скопје-Блаце и на Кичево-Гостивар, односно првата фаза Кичево-Букојчани, како и изградба на електронски патарини долж Коридорот 8 и на патот Миладиновце-Штип – рече Тевдовски.Тој посочи дека се бараат и се обезбедени и грант средства за изградба на овие патишта. За Кичево-Букојчани преку Инструментот за Западен Балкан обезбедени се 20 милиони евра, додека за Скопје-Блаце се очекуваат грант средства од ЕБОР во износ од 27 милиони евра до крај на годината.– Тоа се неповратни средства. Овие се добри проекти бидејќи ќе се гради инфраструктурата која ќе го придвижи и економскиот раст, но и ќе ги подобри условите за живот на граѓаните во нашата земја- вели Тевдовски.Инаку ЕБОР во јавниот сектор во земјава финансира најмногу проекти од патната и железничката инфраструктура. Портфолиото на банката во овој сектор изнесува 622 милиони евра. Тевдовски и премиерот Заев учествуваа на Годишните средби на ЕБОР во Сараево. 

Македонија | пред 7 години

DIK-komisija

ДИК го отфрли приговорот на ВМРО-ДПМНЕ за Ново Село

Државната изборна комисија денеска го отфрли приговорот на ВМРО-ДПМНЕ за гласањето на избирачко место 1789 во Ново Село за избор на градоначалник, откако по службена должност го отвори гласачкиот материјал и по неколкукратно пребројување констатираше дека тој е во ред и дека  бројот на гласачки ливчиња во кутијата се совпаѓа со бројот на избирачи кои гласале.-По отворање на гласачкиот материјал и по пребројувањето од страна на членовите на ДИК и службите констатирано е дека гласачкиот материјал е во ред и се констатирани бројки кои се во записникот за утврдени резултати, добиени гласови и неважечки ливчиња, рече претседателот на ДИК Оливер Дерковски.Како што констатира ДИК по броењето, во Избирачкиот список биле запишани 412 граѓани кои на денот на изборите гласале, двајцата кандидати добиле 197 односно 210 гласови, а пет ливчиња биле неважечки. При броењето беа констатирани и две ливчиња откинати од кочан, но неупотребени, поради тоа што им бил откинат еден агол. На нив не е заокружен ниту еден кандидат ниту било што на нив било напишано или прешкртано, така што, како што рече Дерковски, тие не се неважечки, туку неупотребени.Сепак ДИК донесе одлука да го разреши Избирачкиот одбор кој не го составил записникот, поради сомневање на еден член за помал број гласови во Избирачкиот список од оној на гласачки ливчиња, но и Општинската изборна комисија чии членови го направиле тоа наместо Одборот.Инаку, ВМРО ДПМНЕ поднесе 12 приговори до ДИК. Од нив само овој се однесува за локалните избори, а останатите 11 се за гласањето на претседателските избори. 

пред 7 години

Нема фотографија

(ФОТО) Благодарница од град Скопје за великанот Лазар Лечиќ

Градоначалникот Шилегов денеска оствари средба со кошаркарските легенди од поранешна СФРЈ кои престојуваат во Скопје по повод одбележувањето на 80. роденден на кошаркарскиот тренер Лазар Лечиќ. За неговиот исклучителен придонес во креирањето и подемот на македонската модерна кошарка, Шилегов му додели благодарница на Лечиќ - незаменливиот мотиватор на многу кошаркарски генерации.- Првиот кошаркарски натпревар што го имам одгледано е уште кога „Цибона“ беше „Локомотива“. Вие сте моите идоли, низ години дарувавте радост на многу генерации, а нема поубаво чувство како кога некому ќе подарите среќа. Ви благодарам за честа што му ја укажавте на Скопје и на нашиот Лазар Лечиќ, со вашето присуство. Лазо е спортска легенда, тој е човекот кој ја донесе кошарката во Скопје и создаде генерации врвни кошаркари. Му пожелувам среќен роденден и уште многу убави мигови поминати во вакво пријатно друштво – рече Шилегов.Лечиќ од Град Скопје доби и плочка со гравура од Камениот мост и се заблагодари за укажаната почит. На денешната средба што се одржа во просториите на Град Скопје „златните момчиња на југословенската кошарка“ споделија анегдоти за нивните настапи на домашните и меѓународните натпреварувања, зборуваа за значењето на освоените медали и за иднината на овој ултра популарен спорт.Во чест на великанот Лазар Лечиќ и неговиот 80. роденден денеска ќе се одржи и Академија во организација на Македонскиот олимписки комитет, Македонската кошаркарска федерација, Агенцијата за млади и спорт, КК Работнички и КК МЗТ Скопје Аеродром. Целта на организаторите е да му оддадат признание на овој спортски великан за се што направил за македонската и за југословенската кошарка.

Скопје | пред 7 години

Izlozba-rotvajleri1

Осма специјализирана изложба на ротвајлери во Општина Аеродром

Специјализирана изложба за кучиња од расата ротвајлер се одржа изминатиот викенд по осми пат во паркот „Авион“ во Општина Аеродром. Низ рингот продефилираа вкупно 128 кучиња од расата ротвајлер од 10-ина европски држави, а најмногубројни беа излагачите од Србија, Грција, Бугарија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Полска.Организатор на изложбата е Ротвајлер клубот, кој следната година ќе биде домаќин на Светското првенство за ротвајлери, каде што се очекуваат од 300 до 500 кучиња од оваа раса.Општина Аеродром и во иднина останува отворена за соработка и поддршка на манифестации и настани што поттикнуваат грижа за животните.

Скопје | пред 7 години

penzioneri

Фондовите од вториот пензиски столб управуваат со милијарда евра на 490.000 идни пензионери

На крајот на минатата година во двата отворени задолжителни фонда од вториот пензиски столб - КБ Прв пензиски фонд и Сава пензиски фонд членуваа вкупно 490.035 идни пензионери на кои од личниот доход им се издвојуваат средства во задолжителните пензиски фондови. На крајот на 2018 година тие управуваат со безмалку 1 милијарда евра средства на своите членови колку што се собрани во 13те години, односно од почетокот на пензиската реформа во 2006 година. Иако на самиот почетокот на реформата, стартната позиција на двете друштва беше иста, сепак КБ Прв пензиски фонд сега има повеќе членови, поголемо пазарно учество и управува со повеќе средства во споредба со другиот фонд, односно управува со портфолио кое е поголемо за околу 62 милиони евра.Средствата со кои управуваат фондовите се вложуваат со цел  да се оствари принос за членовите, којшто директно се распределува на нивните индивидуални сметки. На овој начин пензиските друштва на идните пензионери им ги оплодуваат средствата со кои задолжителните пензиски фондови управуваат, а висината на приносот е променлива. Според податоците на МАПАС  за последните 7 години (од 2012 до 2018 година) членовите на КБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд оствариле просечен годишен принос на своите средства од 6,01%  што е повисок во однос на конкуренцијата за истиот период и значително повисок од, на пример, висината на каматите на банкарските депозити.Портфолијата на пензиските фондови се диверзифицирани и содржат државни обврзници, депозити, акции во домашни компании, удели во инвестициски фондови, акции во најпознатите светски компании и друго. На пример, преку инвестициите, членовите на пензиските фондови имаат сопственост во Алкалоид, Амазон, БМВ, Самсунг, ИБМ, Сименс, Нестле и многу други познати светски и домашни компании.Со последните измени и дополнувања на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, од бруто платата за идна пензија се издвојуваат 18,4% како придонеси за задолжително пензиско и инвалидско осигурување, со тоа што кај членовите во вториот столб, од овие средства 12,4% одат во државниот пензиски фонд (ФПИОСМ), а 6 отсто во некој од приватните задолжителни пензиски фондови.Сликовито кажано, ако просечната бруто плата во јануари годинава, според Државниот завод за статистика, изнесуваше 36.386 денари од нив 18,4% или 6.695 денари се издвоиле во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување. Од оваа сума државниот фонд за приватните префрлил 6% или од просечната бруто плата во јануари, околу 2.183 денари. Останатите средства остануваат во државниот фонд.Колку заработил секој член најдобро покажува вредноста на сметководствената единица која на први јануари 2006 година беше 100 денари. На крајот на декември лани таа изнесуваше 193,1 денари во Сава, односно 196,7 денари во КБП. Низ пример, ако членот има вкупна уплата од 30.000 денари во јануари 2006 година како придонес, со оглед дека вредноста на единицата е 100, тој тогаш поседува 300 единици. Вкупната вредност на тие 300 единици, ако се земе предвид дека вредноста на една единица сега е во просек 195 денари, е 58.500 денари. Или поедноставно кажано, на неговата уплата од 30.000 денари фондовите му заработиле 28.500 денари.Осигурениците кои задолжително членуваат во вториот столб, веднаш по вработувањето времено се распределуваат од страна на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување во задолжителен пензиски фонд по случаен избор, со цел да се обезбеди оплодување на нивните средства од самиот почеток на членството. Осигурениците имаат рок од 3 месеци да одберат во кој задолжителен пензиски фонд ќе членуваат. Доколку по истекот на тој рок не одлучат каде ќе членуваат, тогаш остануваат членови во фондот во кој биле времено распределени.Секој член на почетокот на календарската година од пензиските друштва добива информација за тоа колку средства се собрани на неговата сметка, колкав е приносот и вредноста на сметководствената единица, како и информации за тоа каде се вложувани средствата. Информациите се испраќаат и по имејл со цел навремена и брза проверка на податоците, а исто така до нив може да се пристапи и електронски  на веб страната на друштвото. Кога, на пример, корисникот на КБ Прв пензиски фонд сака да ја следи состојбата на својата индивидуална сметка, при посета на интернет страната на друштвото го одбира полето со годишниот извештај и се согласува истиот да го добива по пошта или на имејл, по електронска пошта.Средствата од задолжителниот пензиски фонд секој осигуреник ќе може да ги повлекува во месечни ануитети, програмирани повлекувања или комбинирано откако ќе ги исполни условите за пензионирање според годините на старост и 15 години работен стаж. Во случај ако осигуреник не го исполнува условот за пензиски стаж ќе може со наполнети 65 години старост да ги подигне средствата под услови уредени со закон. Во случај на смрт на осигуреникот, средствата се наследни.  

Македонија | пред 7 години

Prskanje-zaprasivanje

Во сабота авионска дезинсекција против комарци во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека првата фаза од авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци, ќе се изврши на 11.05.2019 година (сабота), во раните утрински часови.Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни.Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Скопје | пред 7 години

kumanovska-grupa-divo-naselje

Каде се разговорите за Диво Насеље, Заев тврди дека е сценарио, а никој не докажува

Меѓународна истрага и преземање на предметот за Диво Насеље од СЈО беа дел од ветувањата на власта за тоа кој стои зад дводневната престрелка. Речиси две години по донесувањето на пресудата, овие најави не се исполнети.Зошто група вооружени напаѓачи се пресметуваше два дена со македонската полиција, при што загинаа осум полицајци и 14 напаѓачи, е клучното прашање кое и по 4 години од крвавата пресметка во Диво Насеље нема одговор од институциите. Судската разврска затаи, се уште е во тек жалбена постапка по пресудата за 33 луѓе за тероризам иако пресудата е донесена во ноември 2017 година. Се чека одговор на Апелациониот суд по жалбата на одбраната на осудените, пишува Радио Слободна Европа.СДСМ и пред да дојде на власт, а и потоа, тврдеше дека за да одговори на клучните прашања ќе бара меѓународна истрага и дека вистината може да се најде и во бомбите. За тоа Специјалното јавно обвинителство отвори предистражна постапка, откако од јавното обвинителство го побара предметот за да може да воспостави надлежност врз него. Но, ваквите ветувања сè уште не се исполнети.Одбраната во судот тврдеше дека имаат сознанија дека во УБК има прислушуван разговор меѓу сега убиениот Мирсад Ндрецај познат како командант НАТО и лидерот на ДУИ Али Ахмети како и дека имало разговори од другите обвинети кои контактирале со високи политичари и полициски структури.Одбраната бараше од судот во судница како сведоци да бидат повикани Никола Груевски, Гордана Јанкуловска, Сашо Мијалков, Али Ахмети и Артан Груби, додава Радио Слободна Европа.Специјалната обвинителка Катица Јанева пак, вчера изјави дека за сега во предистражната постапка имаат само индиции за тоа што и како се случувало тие два дена, но беше децидна дека во бомбите немаат докази за тој предмет.„Има некои индиции во делот за тоа што и како се случувало во кумановските настани но се уште СЈО нема најдено разговори според кои ќе може да воспостави надлежност врз тој предмет има некои индиции се работи предистрагата, но тоа многу тешко ќе биде да се каже, дали и кога ќе биде, и дали воопшто ќе биде преземен тој предмет“, рече Јанева.Во 2015 година лидерот на СДСМ Зоран Заев по посетата на жителите на Диво Насеље обвини дека тоа беа исценирани настани.„Да ги отвориме дилемите, како тоа тие криминални групи дојдоа во нашата земја и допреа до срцето на Куманово? , рече тогаш Заев.

Македонија | пред 7 години

sekeriska-filipce-882x436

ДКСК проверува како Пановска добивала тендери, откако било пријавено дека имала поддршка од Шеќеринска и Филипче

Антикорупциска комисија ќе истражува дали Пановска ги прекршила законите при трндерската постапка за набавка на лекови, тендер кој го добива фирмата Др. Пановски, во сопственост на нејзиниот татко Златко Пановски.Антикорупциска го отвора предметот по допрен глас, информации објавени во медиумите, но и по пријава поднесена од група доктори. Според антикорупционерите, во пријавата има многу наводи за нерегуларности кои допрва треба да се испитуваат. Во пријавата била наведено дека Пановска унапредува свои луѓе на раководни позиции и дека ја имала поддршката од министерот Венко Филипче и од министерката Радмила Шеќеринска.Дополнително ќе се утврдува дали Пановска доставила анкетен лист при второто нејзино назначување за в.д. директор.Извор: Фокус.мк

Македонија | пред 7 години

merko-215062

Антикорупциска ќе го гони Мерко за набавката на „аудито“

Антикорупциската комисија отвори постапка против Рамиз Мерко е отворена постапка за набавката на четири возила во вкупна вредност од 114.000 евра.Ќе се истражува дали Мерко ја злоупотребил својата положба при набавката и потребата од набавка на „ауди А6“ во вредност од 67.000 евра во ситуација кога Општината е задолжена и добива средства од Владата за да ги исплати своите долгови.Антикорупционерите цитираа написи во медиумите каде Мерко дава изјава и вели дека го купил аудито затоа што под чест му е да се вози во „шкода“.

Македонија | пред 7 години

najcevska

Најчевска за ифтерската вечера со Заев: Кој фазон е да дојдеш на свечена вечера, ако претходно не си гладувал?

Професорката Мирјана Најчевска на социјалните мрежи го исктирикува премиерот Зоран Заев, кој вчера присуствувал на ифтарска вечера во Турција. За Најчевска, смешно е присуството на премиерот.„Мене ми е многу смешно ова присуството на Ифтарска вечер. Зошто не присуствуваат на гладувањето. Тоа е смислата на Рамазан. Одрекување, вртење кон духвното, емпатија со тие кои немаат, покажување на силината на духот над телесните потреби. Кој фазон е да дојдеш на свечена вечера, ако претходно не си гладувал?“, пишува Најчевска на социјалните мрежи.

Коментари | пред 7 години

drzaven-udar

За државен удар во Црна Гора, 14 лица добија 58 години затвор

Повискиот суд во Подгорица утринава ја објави пресудата за случајот „Државен удар“ за повеќемина лица обвинети за тероризам на денот на парламентарните избори во Црна Гора во октомври 2016 година.На вкупно 58 години затвор осудени се 14 обвинети, маѓу кои најмногу се државјани на Србија, двајца се Руси, а другите Црногорци. Највисока казна добил Русинот Едуард Шишмаков (15 години), а по 12 години добиле неговиот сонародник Владимир Попов и Србинот Братислав Дикиќ. Лидерите на Демократскиот фронт Андрија Мандиќ и Милан Кнежевиќ добија по пет години затвор, пишуваат црногорските медиуми.– Секој член на криминалната организација имал однапред определени задачи и улога, имал подготвеност за насилство и застрашување, а биле свесни за тоа што го прават и знаеле оти тоа е противправно – рекла судијкат во обрзаложението на пресудата.Пресудата е првостепена и против неа осудените имаат право на жалба.

Свет | пред 7 години

uploads_thumbs_resize_800x420_374091

Кавадарчанец доби 500 илјади евра на лото

Во 5тото коло Лото7, одржано вчера на 8ми мај 2019та, не израдува првата 7ка од играта Лото 7. Извлечените броевите 9, 11, 13, 21, 23, 25, 32 донесоа 7ка вредна 29.293.930,00 денари.Ова е до сега најголемата лото премија во историјата на Државна лотарија. 7ката во своите досегашни посети, беше по еднаш  во Свети Николе, Неготино, Тетово и Струмица, два пати во Куманово, четири пати во Битола и единаесет пати во Скопје. Мапата на среќни добитници на 7ка се збогати со нов град каде од денес е поголема вербата во среќата. Првата 7ка на Лото 7 е прва 7ка во Кавадарци и 22рата 7ка од почетокот на приредување на играта на среќа Лото.Во очекување да го запознаеме среќниот добитник, со надеж за негова скора посета на нашите простории, ви пренесуваме податоци од системот, според кои среќниот добитник уплатил пет комбинации Лото 7, од кои добитна е третата. Уплатата со вкупна вредност од 100 денари, ја извршил на 6ти мај, во понеделник, во продажното место Браво Нутс, во близина на старата автобуска станица во Кавадарци.Очекуваме повеќе интересни податоци од средбата со добитникот.  До сега дел од нашите среќни добитници на 7ка со задоволство ги споделија своите лото искуства и пренесоа пораки до играчите. Сите ни потврдија дека премиите им го промениле животот на подобро и им помогнале да остварат голем дел од своите планови и желби. Се надеваме дека наскоро ќе ја споделиме среќната приказна на првиот добитник на 7ка од играта Лото 7, кој со 100 денари и верба во среќата дојде до премија вредна 29.293.930,00 денари. За сега по контактите со нашето продажно место во Кавадарци, дознавеме дека во Кавадарци веќе се слави. А има и зошто. Во Кавадрци до сега се освоени бројни премии од инстант лотарија и веќе се возат автомобили добиени на инстант лозови, но ова е прв пат Кавадраци да слави за 7ка на лото со која нивен сограѓанин застана под среќна ѕвезда.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

(ВИДЕО) Ангелов: Предупредував дека се спрема „Диво Насеље“, но немаше кој да слушне

Генералот Стојанче Ангелов потсетува дека еден месец пред вооружениот напад во кумановско Диво Насеље тој предупредил дека се спрема конфликт, но очигледно немало кој да го слушне.„Предупредување кое можеше да спаси многу животи. Власта платила два милиони евра за меѓуетнички судири“, напиша Ангелов на социјалната мрежа „Фејсбук“.Ангелов сподели и видео од протести во 2015 година на кои учествувал, а каде вели дека тогашната власт платила 2 милиони евра на Албанци кои немаат никаква поврзаност со УЧК, за да предизвикаат меѓуетнички судир. Тие лица, според Ангелов, биле крминалци од липковскиот регион. [embed]  

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

ВИДЕО: Заев со леб и сол, а Борисов со цвеќе го пречека папата во Бугарија

Поглаварот на Римокатоличката црква папата Франциск пристигна во апостолската посета на Бугарија, како прва етапа од мини балканската визита во која е опфатена и Република Северна Македонија. На аеродромот тој беше пречекан од бугарскиот премиер Бојко Борисов и од претставници на верските заедници. На аеродромот, папата го дочекаа четири дечиња, кои му подарија цвеќиња на папата.На аеродромот имаше средба на папата со премиерот Борисов. По завршувањето на средбата понтифот се упати кон претседателската палата во Софија пред која ќе се одржи церемонијата на пречек, по што тој ќе има протоколарна средба со претседателот на Бугарија, Румен Радев. 

Свет | пред 7 години

dimitrov

Димитров се налути: Не си заминувам, тоа е безобразно лажна вест

Шефот на македонската дипломатија Никола Димитров ги демантира последните шпекулации дека си заминува од функцијата и својата професионална кариера ќе ја продолжи како советник и аналитичар во влијателниот Институтот „Брукингс“ во Вашингтон, близок до Демократската партија, наводно, наводно за сочна плата меѓу 12 и 14 илјади долари. Вели дека му се прави хајка. Информациите беа објавени синхронизирано од проопозициските портали, а беа демантирани од неговиот кабинет.„Безобразно лажна вест, злонамерна шпекулација и ништо повеќе е веста дека министерот за надворешни работи Никола Димитров си заминува од оваа функција“, коментираа од кабинетот.Според објавените информации понудата за нова кариера во САД министерот Димитров, наводно, ја добил во периодот пред потпишувањето на Преспанскиот договор, лично од поранешната амбасадорка на САД во НАТО, Викторија Нуланд, која сега исто така е дел од овој институт и од нејзината колешка Аманда Слоут, за која се зборува дека делумно помагала во пишувањето на Договорот со Грција.Повикуваме на одговорност за овој груб фалсификат кој, и покрај аматерскиот и крајно очајнички обид за лажно продуцирање на официјален акт на министер во Владата на Република Македонија, прави голема штета со тенденциозното пласирање на една огромна невистина“, соопшти Министерството. ОД МВР најавија истрага, но до ден-денеска не се откри кој го (зло)употребил печатот за да го „разреши“ Димитров.Повеќе прочитајте на Независен.мк

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања