Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

bomba-1

Во домот на ресенченац пронајдена рачна бомба од италијанско потекло

На 23.04.2019 година во 13.00 часот во Полициската станица Ресен било пријавено дека на ул.„Јосиф Јосифовски“ во Ресен, во домот на Ј.Н. била пронајдена една рачна бомба од италијанско потекло со производство од 1944 година.Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Ресен, а од стручно лице од Дирекцијата за заштита и спасување бомбата била безбедно подигната за понатамошна постапка.

Македонија | пред 7 години

UaYct-

Во дом на Тетовчанец пронајдени повеќе пакувања со марихуана

На 23.04.2019 година во периодот од 11.30 до 12.20 часот полициски службеници од СВР Тетово извршиле претрес во домот и помошни простории, сопственост на Б.Л.(33) од Тетово. При претресот биле пронајдени повеќе пакувања со марихуана. Б.Л. е приведен во полициска станица и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 7 години

utre_sreda

Денес е Голема среда, на овој ден Јуда го предал Исус

Денес е Голема среда, на овој ден Јуда го предава Исус. Голема среда е тајната вечера на Божјиот син со апостолите, кога Исус вели дека еден од нив ќе го предаде.По влегувањето на Исус заедно со учениците во Ерусалим во пресрет на празникот Пасха, неговата популарност меѓу народот им пречела на властите и фарисеите и тие барале погодна можност да го фатат Исус и да го казнат. Прилика им се укажала во средата кога еден ученик Исусов по име Јуда Искариотски дошол кај фарисеите и им понудил да го предаде Исус за 30 сребреници. Ова предавство ќе биде вовед во страданијата Христови.Со Велика Среда се поврзани повеќе верувања и обичаи. На Велика Среда се подготвува бојата за вапцување. Првите велигденски јајца, три на број, се бојадисуваат пред изгрејсонце на Велики Четврток.На Велика Среда, навечер, се зачадувала стоката. Начадената стока се верувало е заштитена од болести и разни други несреќи. 

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Братот на кумановецот кој предизвика две несреќи се заканува на „Фејсбук“ - Брате, зошто не ги утепа сите

„Брате зошто не ги утепа сите“ напиша на „Фејсбук“ братот на лицето кое прегази полициски службеници и заработи кривична пријава за поттикнување омраза и нетрпеливост, дознава „Либертас“. МВР утврдило дека се работи за братот на пијаниот возач, кој во несреќата усмрти еден полициски службеник, а полициски практикант се бори за живот. Возачот исто така е во болница.Инаку од основното јавно обвинителство Куманово соопштија дека повеле постапка против едно лице, жител на с.Пелинце, општина Старо Нагоричане, поради постоење на основано сомнение дека го сторило кривичното дело Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем од член 394-г став 1 од Кривичниот законик.Како што соопштија од ЈОРМ, осомничениот делото го сторил на 21.04.2019 преку социјалната мрежа „Фејсбук“, кога објавил текст во кој дал поддршка на кривичното дело сторено од негов близок роднина во кое животот го загуби полициски службеник, а беа повредени уште четири лица. Во објавениот текст, осомничениот повикал на насилство кон оштетените од сообраќајната несреќа. 

Македонија | пред 7 години

seks-banka

(ВИДЕО + 18) Секс во објект на позната банкарска екпозитура

И тоа се случи. На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа дека вработени имаат секс по работно време во објект на позната банкарска екпозитура.Во продолжение видеото...https://www.facebook.com/184366815395706/videos/2213718495350272/?v=2213718495350272 

Магазин | пред 7 години

reis

Реџепи за судијката: Слушнав дека имала здравствени проблеми, нека почине, не ја жалам

Поглаварот на Исламската верска заедница Сулејман Реџепи за судијката која ја донела одлуката Бузаку да биде нов поглавар, смета дека одлуката е против него, и се послужи со, во најмал случај, скандалозна изјава.https://www.facebook.com/skopje1mk/videos/1033029327085715/„Слушнав дека имала проблеми со здравјето. Нека почине, не ја жалам“, истакна Реџепи по што доби и поддршка од тие што беа до него.

Македонија | пред 7 години

soobrakajka

Изминатото деноноќие 11 сообраќајки во Скопје

Девет лица се полесно повредени во пет од вкупно 11 сообраќајки евидентирани во изминатото деноноќие на подрачјето на СВР Скопје. Во шест сообраќајни незгоди причинета е материјална штета.Санкционирани се 31 возач кои се движеле со поголема брзина од дозволеното, исклучени се од сообраќај 24 лица пред да се стекнат со право на возење, како и 13 нерегистрирани возила.Изречени се 75 мерки за непрописно паркирање, а „пајакот“ подигнал 63 возила.Четворица возачи поминале крстосница на црвено светло, 16 не носеле сигурносен појас, 20 зборувале на мобилен, седум се престроиле неправилно.

Скопје | пред 7 години

Slika-Frosina-18-12

Ременски: Најголемите проблеми на граѓаните се од локален карактер

Фросина Ременски од СДСМ во вечерашното гостување на Телма на прашањето во кој дел од власта треба да има „чистка“, одговори дека проблемите на граѓаните главно се од локален карактер.-Верувам дека метлата ќе биде реализирана, зашто сите ние добивме чест, но и одговорност да ја подобриме ситуацијата. Првичните извештаи на ОБСЕ покажуваат дека демократската атмосфера им дала на граѓаните да изберат дали ќе излезат на изборите или не. Веруваме дека граѓаните се доволно зрели и политички прецизни да проценат што ќе значат пропаднати избори. Реалните проблеми на граѓаните покажуваат дека главно тие потекнуваат од локален карактер, иако имаше и доста критики за централната власт, рече Ременски.

Македонија | пред 7 години

grubi

Груби: Задоволен сум од работата на министрите и градоначалниците на ДУИ

Артан Груби од ДУИ во вечерашното гостување на Телма на прашањето дали некој од функционерите на ДУИ треба да сменет, рече дека тој е задоволен од сите министри, градоначалници и пратеници од ДУИ.-Јас сум задоволен од работата на министрите на ДУИ, особено сум задоволен од пратеничката група, а задоволен сум и од градоначалниците. Во моментов во ДУИ воопшто нема отворена дебата за разрешувања, ние сме фокусирани на вториот круг на изборите, каде очекуваме победа, рече Груби.

Македонија | пред 7 години

zoran-zaev-4-696x405

Заев: Граѓаните се незадоволни од оние функционери кои не знаат ни добар ден да кажат

Премиерот Зоран Заев на вечерашниот митинг во Тетово рече дека знае од кого граѓаните не се задоволни и зошто изгубиле дел од гласовите.-Дел од граѓаните не се незадоволни од централната политика и од договорите со Грција и Бугарија или рамковниот договор, туку од оние функционери кои станаа од големото добро утро, а не знаат ни добар ден да кажат, но пораката е примена и ќе има промени, рече Заев.Тој се осврна и на резулатот на опозицијата и рече дека ако опозицијата беше добра ќе напредуваше во бројот на гласови, но тие паднаа надолу.

Македонија | пред 7 години

sazdo-696x424

Комити: Нема да сме мирни додека и третиот џелат не биде фатен

По објавувањето на пресудата за убијците на Никола Саздовски - Саздо, на Фејсбук се огласи навивачката група Комити.„Брату наш, ти кој си на небеса нека твојата душа почива во мир, Правдата изгледа како да доаѓа, но нема да сме мирни се додека не ја истераме до крај!Се додека и третиот џелат не биде фатен, казнет и заедно со другите двајца не го минат секој ден во наредните 19 години во страдање и покајание, барајќи прошка за тоа што си дозволија да одземат нешто што само Бог одлучува кога ќе одземе.Но и потоа ќе бидеме тука за будно да следиме од првиот до последниот момент сите 6935 денови, 166400 часови, десетина милиони минути и шестотини милиони секунди.Во време сме кога се кажува она што многумина сакаат да чујат, кога ветувањата се секојдневие, кога се можни секакви нешта, па токму затоа ќе почекаме да поминат најавените жалби и пресудата стане правосилна.Не постои никаква утеха, не постојат завршни зборови кои може да ги заменат моментите минати со тебе, дружбите на трибина и надвор од неа, прегратките со твоите најблиски, не постои оправдување поради кое иднината е заменета со црна судбина која човек со такво срце и душа не ја заслужува...Тага која ниту еден родител не треба да ја доживее.Но доколку ова е најава дека во оваа наша земја Македонска ваквите подмолни нешта ќе бидат соодветно санкционирани, со цел никогаш да не се повторат, барем за момент ќе си дозволиме да земеме длабоко здив, потоа да го испуштиме, испуштајки го низ него ќе излезе мало, ситно задоволство, низ очите повторно ќе протечат солзи а низ солзите ќе излезе мало олеснување...Почивај во Мир јунаку !!!Тука сме, тука си и ти, засекогаш дел од нас !!!“, стои во објавата на навивачката група Комити.

Коментари | пред 7 години

AJ_SeOdbiramSebe_Photo4

(ВИДЕО) „Се одбирам себе“ - нова песна на Александра Јанева

По подолго време поп-пејачката Александра Јанева се врати на баладите. Новиот сингл со наслов „Се одбирам себе“ е емотивна љубовна приказна и второ по ред авторско дело на тандемот Јанева-Стојановски.Аранжманот и продукцијата се на Иле Спасев. Дел од екипата која работеше на проектот е и Јана Бурче, во улога на текстописец на баладата. „Не верував дека „Се одбирам себе“ ќе стане втората кантавторска песна која ќе се најде на мојот деби албум, сè додека не го добив одличниот текст од Јана. На крај, целосната приказна позади песната одлично ја екранизираа моите соработници од Pinestel продукција со кои одлично се познаваме“, раскажува пејачката. Видеото за песната е снимено на повеќе локации во Отешево и Преспа. Иако реткост, на овој видео-запис Александра се појавува во друштво на Андреј Пајмакоски од студиото „Models In“. За нивниот изглед се погрижи познатата стилистка Милена Танаскоска.Изминатиот период, Александра Јанева објавуваше песни на секои три-четири недели. „Се одбирам себе“ е третиот сингл во низа по неодамна објавените „Срце отвори“ и „Одговор“.

Магазин | пред 7 години

alijansa-za-albancite

Алијанса за Албанците: ИВЗ да не се инструментализира од политичките партии

„Алијансата за Албанците изразува загриженост во врска со последните случувања во Исламската верска заедница.ИВЗ е институција со огромна духовна вредност за илјадници муслимански верници и како таква треба да биде автономна. За жал, политиката продолжува да ги пика рацете во оваа институција и да има влијание врз оваа Заедница.Поглаварот на ИВЗ  со своја уста потврди дека подолго време бил инструментализиран од политиката и како таков не заслужува да ја врши и понатаму неговата должност. Од друга страна, судската одлука помеѓу двата изборни циклуса, отвора сомнежи дека повторно целта е инструментализацијата на оваа институција за политички цели.Алијансата за Албанците инсистира случајот да се разјасни и јавноста правилно да се информира. Ве потсетуваме дека Исламската верска заедница е институција која му припаѓа на народот и не е алатка на партиите за политички цели.Многу се надеваме дека оваа институција ќе смогне сили да ги направи неопходните промени, без да стане инструмент на темна стратегија на  било која политичка партија која се обидува да го “командува и Бога”!“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 7 години

policija-5

МВР: Немаше нарушување на јавниот ред и мир пред ИВЗ

Министерството за внатрешни работи информира дека по добиени две пријави (и од едната и од другата страна), полициски службеници денеска се упатија во седиштето на Исламската верска заедница на Бит пазар и на лице место не беше констатирано нарушување на јавниот ред и мир.Министерството за внатрешни работи има обврска да го гарантира јавниот ред и мир, а внатрешните работи на Исламската верска заедница се работа на членовите на оваа верска заедница и најостро го отфрламе обидот на поединци и политички субјекти да го инволвираат МВР во овие случувањa.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Сончево со температура до 24 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. На места ќе има услови за краткотрајна појава на дожд. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.Дневните температури ќе се движат од 18 до 24 Целзиусови степени.Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност.  Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер, а дневната температура ќе достигне до 23 степени.Од утре следува период на топло време со значителен пораст на температурата. Претпладне ќе биде сончево, а во попладневните и вечерните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме.

Македонија | пред 7 години

reis

ИВЗ со сериозни закани кон Владата – „Повеќе не сме на иста страна“, велат тие

Се уште актуелниот поглавар на ИВЗ Сулејман Реџепи, на пресс конференција вечерва истакна дека тој и Заедницата ќе се вклучат во анти-пропаганда на овие избори. Претходно Реџепи рече дека соработката е нула и дека не се повеќе на иста страна со оваа Влада.„Од вечерва не сме повеќе на иста страна со оваа Влада. Зошто Владата, државата и нејзините институции се насочени против ИВЗ, а не ја следат работата и на другите верски заедници“, изјави поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи.Додека се одржуваше состанокот на ИВЗ по повод случувањата во ИВЗ, упаднала финансиска полиција која го проверувала работењето на исламската верска заедница.„Ова лошо нема никогаш да им го заборавиме“, истакна Реџепи.-Нема да не злоупотребат. Бев замолен монструмот да го тргнеме. Сега кој е монструмот? Сите добронамерни нека го кренат гласот, изјави тој.-Нема да бидам послушен. Али пашина џамија, никој да не чепка таму. Ќе се прелие чашата. Политиката сади мразење меѓу верските заедници. Го замолија и дедо Стефан да ми напише писмо. Бузаку е отпадник, дури и од Исламската вера. Судот се впушти во невидена авантура. ИВЗ нема да постои кога тој би бил реис, порача Реџепи.Вечерва ријасетот на седницата на факултетот за исламски науки во Кондово расправаше за разрешување и именување на претставници во заедницата.Инаку , Основниот суд Скопје 2 го прифати барањето на новата исламска верска заедница да биде Скендер Бузаку, наместо Сулејман Реџепи. По приемот на решението имало присуство на зголемени полициски сили и не е познато дали во објектот ескалирала опсадата. Во одлуката што ја доставиле до весникот Лајм се наведува дека е прифатено Бузаку да е назначен за нов претседател на Исламската верска заедница.И претходно имало обиди за смена на Сулејман Реџепи, но истите завршиле неуспешно.Реџепи, исто така, беше цел на неколку последователни обвинувања на заменик-претседателот на СДСМ, Мухамет Зекири.      

Македонија | пред 7 години

DSC_6055

Зголемено е учеството во Фондот за Западен Балкан за реализација на крупните проекти

На денешната седница е разгледана и усвоена Информацијата за  зголемување на учеството на државите-членки во буџетот на Фондот за Западен Балкан, во функција на реализација на програмските активности, и донесе заклучок да го задолжи Министерството за надворешни работи во рамки на својата координација со Фондот за Западен Балкан да ја потврди подготвеноста на Република Северна Македонија, почнувајќи од 2019 година, за уплата на зголемени годишни контрибуции кон буџетот на Фондот за Западен Балкан, утврдени на износ од шеесет илјади евра (60.000 евра) годишно односно 3.690.000 денари во денарска противвредност. 

Македонија | пред 7 години

DSC_6098

Формирана комисија која треба да спроведе постапка за изградба на систем за дистрибуција на природен гас

На оваа своја 131 седница Владата ја разгледа и усвои Информацијата за Планирање и проценка (PARP), согласно редовната обврска за планирање на одбранбените капацитети на Република Северна Македонија за 2019 година, и го задолжува Министерството за одбрана да ги реализира подготовките за мултилатералните консултации со НАТО за финализирање на PARP Проценката 2019 на Република Северна Македонија до 30 јуни 2019 година, до кога овој документ треба да биде доставен во Главниот Штаб на алијансата во Брисел.За имплементацијата на преземените обврски, Министерството за одбрана треба да ја информира Владата на РСМ најдоцна до 31 јули 2019 година. На седницата одржана денеска, Владата донесе Решение за формирање на Kомисија за спроведување на постапката за доделување на Договор за воспоставување на јавно приватно партнерство за изградба на нов систем за дистрибуција на природен гас на територијата на Република Македонија.Комисијата има за цел да ја спроведе целокупната постапка за доделување  на договорот за воспоставување на јавно приватно партнерство за финансирање, проектирање, изградба, управување, одржување и развивање на дистрибутивниот систем на природен гас во Република Северна Македонија по пат на јавен повик за избор на јавен партнер со постапка на конкурентен дијалог со е–аукција, односно да го подготви јавниот повик, тендерска документација, вклучувајќи го и нацртот на договорот, и да изврши евалуација и изготви извештај за евалуација на понудите како и да достави до Владата предлог за избор на најповолен понудувач за избор на јавен партнер за финансирање, проектирање, изградба, управување, одржување и развивање на дистрибутивниот систем на природен гас во Република Северна Македонија или предлог за поништување на постапка. 

Македонија | пред 7 години

DSC_6058

Формиран Надзорен одбор за системот за итни повици Е-112

Владата на Република Северна Македонија на денешната 131 седница ја разгледа и усвои Информацијата од одржаниот состанок на Надзорниот одбор за супервизија и следење на напредокот во имплементацијата на системот за итни повици Е-112 во Република Македонија, и ги задолжи Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија, Министерството за одбрана, Министерството за финансии и Секретаријатот за европски прашања во рок од десет дена да номинираат свои претставници во Надзорниот одбор за супервизија и следење на напредокот во имплементацијата на Е-112 и да ги достават до Центарот за управување со кризи.Како дополнителен заклучок на седницата Владата на РСМ го задолжи Генералниот секретаријат редовно да ја информира Владата за напредокот во имплементацијата на системот за итни повици Е-112 кој произлегува како обврска од усогласувањата со праксата на Европската Унија за воспоставување комуникациско–информативен систем и единствениот европски број за итни повици во сите земји на унијата.  

Македонија | пред 7 години

meso999-1

(ВИДЕО) Нов пожар во Франција во близина на Версајската палата

Попладнево избил пожар во францускиот град Версај.Пожарот избувнал на улицата reu du Parc, на околу два километри од палатата Версај и нејзините градини, која е прогласена за светско културно наследство од УНЕСКО. 

Свет | пред 7 години

Screenshot_11-20-696x373

Мисајловски: ВМРО-ДПМНЕ се врати

ВМРО-ДПМНЕ се врати. Брендот колку и да пробаа да го турнат и прогонат никој тоа не може да го направи. ВМРО-ДПМНЕ не е само политичка партија, тоа е ген во скоро сите Македонци, изјави Владо Мисајловски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ во денешната емисија „Отворено“ на Алфа Тв.Тој рече дека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, многупати велел дека пркосот ќе се појави и навистина се појави. Мисајловски рече дека кампањата на ВМРО-ДПМНЕ е чесна и коректна, постојано на терен и помеѓу граѓаните, кои според него, сфатиле дека лицето на СДСМ од она на телевизија е различно од реалната ситуација на терен.-Градот Скопје е разочаран, две години не видел ниту еден проект, треба некој да ги реши потребите на граѓаните. СДСМ проба да си поигрува со интелигенцијата на граѓаните и сега тоа им се враќа како бумеранг. Видовте вчера дури и си дадоа еден со друг метла, јас би им порачал: „Да, треба да си дадете еден со друг метла, да се тргнете од оваа власт и да си заминете во политичка пензија бидејќи сте најголемото разочарување во Република Македонија“, рече Владо Мисајловски.

Македонија | пред 7 години

Siljanovska-Pendarovski-696x371

Најавени три телевизиски дуели меѓу Силјановска и Пендаровски

Официјално се најавени три телевизиски дуели меѓу кандидатите за претседатели на Република Македонија, Гордана Силјановска Давкова и Стево Пендаровски.Утре ќе се соочат на телевизија Телма.Во четврток, телевизиски дуел ќе се одржи на МРТ со почеток од 20:15 часот.Канал 5 соопштува дека ќе биде домаќин и на ТВ дуелот на кандидатите за претседател што влегоа во вториот круг, во емисијата „Само вистина“ на 2 мај, четврток, со почеток во 18:45.

Македонија | пред 7 години

image-102510

Девојка со морбили и бронхопневмонија се бори за живот на Инфективна клиника

На Клиниката за инфективни болести една 16-годишна девојка која има морбили и бронхопневмонија е во животозагрозувачка состојба и е на механичка вентилација, а две деца и двајца возрасни се во потешка здравствена состојба како последица на заболувањето, информираа од таа јавна здравствена установа.Од Клиниката посочуваат дека во изминатите 24 часа амбулатски биле прегледани четворица пациенти меѓу кои едно невакцинирано осуммесечно бебе од скопското село Шишево, четиримесечно бебе од Сарај и двајца возрасни од Чаир.На Клиниката се хоспитализирани 35 пациенти од кои 14 возрасни и 21 дете.

Скопје | пред 7 години

papa

Денот на доаѓањето на Папата сепак ќе биде работен

7-ми мај останува работен ден, одлучи Владата на денешната седница, откако постоеја размислувања специјално овој датум годинава да биде прогласен за неработен по повод пристигнувањето на Папата Франциск во Скопје.Заради безбедноста поради гостувањето на поглаварот на Римокатоличката црква се размислуваше седми мај да биде  прогласен за неработен ден. Безбедноста ќе биде на високо ниво и мора да се исполнат  протоколите на Ватикан на сите нивоа на целосна контрола на движењето на луѓето каде ќе биде посетата.Во вакви ситуации постоеше можност дури и здравствените установи да работат само за итни ситуации.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Стоилковски: Ќе реагира ли ЈО за аферата Големото око?

Почитувани, ќе реагира ли ЈО за аферата Големото око или се ќе заврши како аферата со прислушување на обвинителите, а документите и доказите ќе завршат како Кривичните пријави за Поткуп, изјави на денешната прес конференција Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.„Првиот круг на претседателските избори помина без никој да го види Републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески да изусти било што за апликацијата на СДСМ, за паѓањето на серверите, за менувањето на компјутерската опрема во СДСМ преку која постои шанса преку мобилна апликација да биле или да бидат собирани лични податоци на граѓани. Сомнежот е уште поголем со тоа што по првото јавно изнесен сомнеж, беше срушена и апликацијата и срушен серверот на СДСМ, наводната обнова на апликацијата, со шанса за менување или бришење на серверите на кои што се барало внесување на матични броеви и други податоци од граѓани.Ќе има ли ЈО било каква реакција, кој ја креирал апликацијата? Колку лични податоци се прибрани? За што служеле, биле ли употребени, злоупотребени податоците? Кој и за што тогаш злоупотребувал? Кој ја тргал апликацијата, дали се истите сервери, дали се бришени податоци, дали се избришани трагите на извршителот?Почитувани, ќе реагира ли ЈО за аферата Големото око или се ќе заврши како аферата со прислушување на обвинителите, а документите и доказите ќе завршат како Кривичните пријави за Поткуп среде кампања од референдумската кампања и низата други кои што ВМРО-ДПМНЕ ги поднесе до обвинителството на Љубомир Јовески?Нема информација ниту од МВР, каде, како и кој ги има покрај гласните укажувања не се постапи итно, односно се остави време за да се занемари сета афера.Уште пострашно е што РЈО има должност, обвинителот има должност и е обврзан е сам да почне да дејствува дотолку повеќе што се работи за криминогени дејства за настани од вонредно значење, како што се избори! Но за жал и повторно Јовески и неговиот тим го ставаат Заев и СДСМ над законот. Ваквото однесување е показател за селективност во правото и правдата во Република Македонија. Ова е показател за свесно непостапување, односно злоупотреба на службена положба и овластување.Почитувани, правото и правдата се на дофат, граѓаните јасно порачаа дека на Македонија и е потребна право и правда и таа ќе победи на овие претседателски избори!, изјави денес Стоилковски.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања