Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

meso999

АХВ со засилени инспекциски контроли

Инспекторите за храна и официјалните ветеринари на Агенцијата за храна и ветеринарство, во првите три месеци од годинава спроведоа вкупно 16.578 инспекциски контроли, од кои 11.761 редовни, 1.464 контролни и 3.353 вонредни контроли. За констатираните недоследности изречени се вкупно 1.769 мерки. Донесени се 1.216 решенија, спроведени се 499 едукации на операторите со храна, изречени се 5 мандатни казни и поднесени се 13 прекршочни пријави.Како небезбеднa храна инспекциските служби на Агенцијата, но и самите оператори, во првиот квартал од 2019 година нештетно уништиле вкупно 68.806 килограми храна, од кои најголемиот дел, односно 58.991 килограми, храна од животинско потекло.Официјалните ветеринари на граничните премини, во првите три месеци од годинава извршиле контрола на 3.980 пратки од увоз со 45.145.312 килограми храна од животинско потекло. Вратени и уништени небезбедни пратки од увоз во овој временски период нема.Инспекторите за храна на граничните премини извршиле контрола на 10.847 пратки со 117.175.259 килограми храна од неживотинско потекло. Во првиот квартал од 2019 година нема вратени или уништени небезбедни пратки од увоз.Во истиот временски период извршени се и 2.709 контроли на пратки со 23.245.151 килограми предмети и материјали кои доаѓаат во контакт со храната. Забранет увоз или уништени пратки од оваа категорија производи од увоз во првиот квартал на годинава нема.

Македонија | пред 7 години

31038605_1244779412319246_5542685794050768896_n

За Велигден редуцирани автобуси

По повод претстојните велигденски празници, в петок, 26.4.2019 година, возилата од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред, со исклучок на автобусите на линиите 11, 11 А, 18 А, 32, 47 А, 51, 55, 55 В, 56, 56 А, 64 А, 65 А, 70, 74, 80 А, 81, 118, 160 и 180, кои ќе возат по делничен возен ред.В сабота, 27.4.2019 година, в недела, 28.4.2019 година и в понеделник, 29.4.2019 година автобусите на сите линии ќе сообраќаат по неделен возен ред.Автобусите по неделен возен ред ќе сообраќаат и в среда, на 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот.Жичницата на Водно ќе работи вообичаено во сите празнични денови од 10 до 18 часот, а автобусите што сообраќаат до Средно Водно со број 25 (Транспортен центар-Средно Водно), 25 А (Автомакедонија-Средно Водно) и 25 Б (Дом на печат-Средно Водно) в понеделник, 29.4.2019 година, ќе возат по неделен возен ред. Жичницата во вторник, 30.4.2019 година, нема да работи.

Скопје | пред 7 години

Sulejman-Rexhepi

Обид за насилна промена на поглаварот на ИВЗ

Основниот суд Скопје 2 го прифати барањето на новата исламска верска заедница да биде Скендер Бузаку, наместо Сулејман Реџепи. По приемот на решението имало присуство на зголемени полициски сили и не е познато дали во објектот ескалирала опсадата, пренесува Канал 5.Во одлуката што ја доставиле до весникот Лајм се наведува дека е прифатено Бузаку да е назначен за нов претседател на Исламската верска заедница со адреса „Чаирска 1000″.И претходно имало обиди за смена на Сулејман Реџепи, но истите завршиле неуспешно.Реџепи, исто така, беше цел на неколку последователни обвинувања на заменик-претседателот на СДСМ, Мухамет Зекири.

Македонија | пред 7 години

D41-ZjHXoAAWYe3

(ФОТО) Грујо купува барок

Лавина реакции на социјалните мрежи предизвикаа две нови фотографии од експремиерот Никола Груевски  пред агенции за недвижности во Будимпешта, каде наводно гледал станови на продажба.https://twitter.com/jorgachewsky/status/1120715840029122561https://twitter.com/alikiaj/status/1120693159552589824?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1120693159552589824&ref_url=https%3A%2F%2Femagazin.mk%2Ftviter-polude-za-na-novata-fotka-na-gruevski-barok-si-kupuva-svcka%2Fhttps://twitter.com/VidanaDeSign/status/1120694804336271361?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1120694804336271361&ref_url=https%3A%2F%2Femagazin.mk%2Ftviter-polude-za-na-novata-fotka-na-gruevski-barok-si-kupuva-svcka%2Fhttps://twitter.com/VidanaDeSign/status/1120690233027235840?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1120690233027235840&ref_url=https%3A%2F%2Femagazin.mk%2Ftviter-polude-za-na-novata-fotka-na-gruevski-barok-si-kupuva-svcka%2Fhttps://twitter.com/baljumbaljum/status/1120692760879816704?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1120692760879816704&ref_url=https%3A%2F%2Femagazin.mk%2Ftviter-polude-za-na-novata-fotka-na-gruevski-barok-si-kupuva-svcka%2Fhttps://twitter.com/aerodrom1312/status/1120722007145025541https://twitter.com/bukvalista/status/1120690863011762176?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1120690863011762176&ref_url=https%3A%2F%2Femagazin.mk%2Ftviter-polude-za-na-novata-fotka-na-gruevski-barok-si-kupuva-svcka%2F

Магазин | пред 7 години

Igor-Pervic

Почина српскиот актер Игор Первиќ

По долга и тешка болест, утрово почина српскиот актер Игор Первиќ. Первиќ беше роден во Белград на 29 октомври 1967 година.Игор Первиќ жените го обожаваа, а беше еден од најубавите и најпосакувани актери. Долго го немаше на големото платно, а тогаш пред самиот крај на животот почнаа да му се нижат улоги кај Шотра, па во филмот „Проклетиот пес“, како и серијата „Немањиќ“.Тој играше во многу филмови, меѓу кои „Црниот бомбардер“, „Буре барут“, „Сиви дом“, како и во познатите серии „Раненик“, „Вук Караџиќ“, „Ургентен центар“…Кариерата ја почнал на седум години.Игор имал само една желба, а тоа е враќање на театарот. На неговите молби за настап во театар, режисерите остануваа глуви.Ги избегнуваше медиумите, бидејќи сметаше дека младите треба да се покажуваат, а неговото време дека поминало.Од Первиќ прва се прости неговата девојка Јована Петровиќ, инаку внука на Чкаља.

Магазин | пред 7 години

pretepan

На сред бел ден нападнат малолетник при што му го одзеле мобилниот телефон

На 22.04.2019 година во 16.00 часот во СВР Скопје, Б.Л.(46) од Скопје пријавил дека на булевар „Партизански Одреди“ во Скопје непознато лице извршило разбојништво над неговиот малолетен син и му одзел мобилен телефон. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

heroin-111

Кај 42 годишен жител на село Калиште, гостиварско – пронајден хероин

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против М.Б.(42) од село Калиште, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги,психотропни супстанци и прекурзори“.На 11.02.2017 година во Гостивар полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле хероин.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Кај Битолчани пронајдена марихуана

СВР Битола поднесе кривична пријава против Г.К.(28) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ и „овозможување на употреба на наркотични дроги“.На 04.01.2018 година во Битола полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, кој бил заедно со уште две лица, при што пронашле и одзеле марихуана.

Македонија | пред 7 години

petardi

Прилепчанец заработи кривична, на штанд продавал пиротехника

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп поднесе кривична пријава против А.В.(29) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.На 28.12.2018 во Прилеп полициски службеници извршиле преглед над пријавениот и штанд на кој истиот продавал разни предмети, при што пронашле и одзеле пиротехнички средства.

Македонија | пред 7 години

detska-pornografija-1

Кривична пријава за скопјанец осомничен за производство и дистрибуција на детска порнографијa

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР до OЈО Скопје поднесе кривична пријава против И.П. (36) од Скопје поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело - “производство и дистрибуција на детска порнографија“ по  член 193-а предвидено и казниво според КЗ на РСМ. Пријавениот, според документираните сознанија од истрагата, преку неговиот компјутер прибавил детска порнографија во форма на фотографии и видео запис, при што истата ја зачувал на локалниот диск на компјутерот, со што сторил кривично дело - “производство  и дистрибуција на детска порнографија“.Имено, Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика постапувајќи по своите надлежности кои се однесуваат на истраги за сексуална злоупотреба на деца преку интернет, користејќи официјален пристап до базата на сервисот (Child Online Protection Service) – ICACCOPS (Internet Crimes Against Children Child Online Protection Service), вршејќи редовно набљудување на базата и нејзините корисници регистрира сомнителна активност од корисници со македонски ИП адреси. Со оглед дека користената база дава можност за преглед на содржината на електронските материјали (слики, видео и сл.) кои се разменуваат од страна на корисниците во истата, беше направена проверка на фајловите кои се прегледувани од страна на корисниците со споменатите македонски ИП адреси.Притоа констатирано е дека од страна на корисник преземен е електронски материјал (фајл), како и други фотографии кои претставуваат компромитирачки материјал каде е прикажана сексуална злоупотреба на малолетно лице.Со наредба издадена од Јавен Обвинител при ОЈО – Скопје, побарано е од интернет провајдерот доставување на комплетни податоци за корисникот на  ИП адресата и по претходно обезбедена судска Наредба за претрес на дом издадена од Судија на претходна постапка извршен е претрес на дом и други простории кај сега веќе пријавениот при што е пронајдена компјутерската опрема за која постојат основи на сомнение дека преку истата е извршено кривично дело, а беа запленети и огромен број на слики и видеа во склоп на компјутерската опрема.

Македонија | пред 7 години

sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: Граѓаните нема да дозволат враќање на режимот

Криминал, корупција, неправда, непочитување на основните човекови права и слободи, монтирани судски пресуди, затворање медиуми, прислушувања, насилства врз студенти, пратеници, обиди за убиства, изолација, аболиција за криминал.... тоа беа земјотресите на Никола Груевски и Ѓорѓе Иванов кои 11 години на штета на граѓаните и државата, се вели во соопштението од СДСМ.Тоа е речникот, тоа е матрицата и на Горданa Сиљановска. Таа е кандидатката на Мицкоски и Груевски.Гласот за Сиљановска е глас за враќање на режимот на Никола Груевски и неговите земјотреси, криминалот, корупцијата, неправдата, злоупотребите.Граѓаните не сакаат нов Иванов ниту нов Груевски. Доказ за тоа е фактот што Гордана Силјановска има 130.000 гласови помалку од гласовите на ВМРО-ДПМНЕ во првиот круг на изборите во 2014 година.Бидејќи тоа, според логиката на Сиљановска, е целосен колапс на легитимитетот на Мицкоски очекуваме тоа и јавно да му го соопшти. Останува фактот дека Пендаровски победи во првиот круг а Сиљановска загуби. Предноста на Пендаровски потврдува дека во вториот круг е сигурен победник.Граѓаните не сакаат враќање назад, деструкција, политички земјотреси кои ги застапува Сиљановска. Граѓаните сакаат напредок, сигурна иднина, членство во НАТО и ЕУ и уште посилно ќе го поддржат концептот на Стево Пендаровски. Заедно Напред, се вели во соопштението од СДСМ. 

пред 7 години

naum

Стоилковски: Ќе реагира ли ЈО за аферата Големото око или се ќе заврши како аферата со прислушување на обвинителите?

Првиот круг на претседателските избори помина без никој да го види Републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески да изусти било што за апликацијата на СДСМ, за паѓањето на серверите, за менувањето на компјутерската опрема во СДСМ преку која постои шанса преку мобилна апликација да биле или да бидат собирани лични податоци на граѓани, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Сомнежот е уште поголем со тоа што по првото јавно изнесен сомнеж, беше срушена и апликацијата и срушен серверот на СДСМ, наводната обнова на апликацијата, со шанса за менување или бришење на серверите на кои што се барало внесување на матични броеви и други податоци од граѓани.Ќе има ли ЈО било каква реакција, кој ја креирал апликацијата? Колку лични податоци се прибрани? За што служеле, биле ли употребени, злоупотребени податоците? Кој и за што тогаш злоупотребувал? Кој ја тргал апликацијата, дали се истите сервери, дали се бришени податоци, дали се избришани трагите на извршителот?Почитувани, ќе реагира ли ЈО за аферата Големото око или се ќе заврши како аферата со прислушување на обвинителите, а документите и доказите ќе завршат како Кривичните пријави за Поткуп среде кампања од референдумската кампања и низата други кои што ВМРО-ДПМНЕ ги поднесе до обвинителството на Љубомир Јовески?Нема информација ниту од МВР, каде, како и кој ги има покрај гласните укажувања не се постапи итно, односно се остави време за да се занемари сета афера.Уште пострашно е што РЈО има должност, обвинителот има должност и е обврзан е сам да почне да дејствува дотолку повеќе што се работи за криминогени дејства за настани од вонредно значење, како што се избори! Но за жал и повторно Јовески и неговиот тим го ставаат Заев и СДСМ над законот.Ваквото однесување е показател за селективност во правото и правдата во Република Македонија. Ова е показател за свесно непостапување, односно злоупотреба на службена положба и овластување.Почитувани, правото и правдата се на дофат, граѓаните јасно порачаа дека на Македонија и е потребна право и правда и таа ќе победи на овие претседателски избори, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

пред 7 години

dimsa-press

Арсовски: Зоран Заев и официјално веќе е најомразениот лик помеѓу граѓаните на Република Македонија

 Зоран Заев со најавата за метла оди по неговата максима дека “рибата смрди од опашката”, па така вината за огромниот пораз кој што му се случи на СДСМ нанесен од граѓаните ќе ја бара во сите други освен во него. Но, Зоран Заев мора да сфати дека “рибата смрди од главата” и ако од некој треба да почне метлата и чистката, тоа е тој самиот Зоран Заев да се исчисти од политичката сцена во државата, истакна Димче Арсовски -   Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Најпрвин Зоран Заев и неговиот кандидат Стево Пендаровски кој и самиот рече дека е 102% ист како Заев, заедно понатака со целата Влада и целото раководство на СДСМ, треба да се исчистат од пред очите на граѓаните и повеќе да не им се појавуваат.Зоран Заев ја има целата вина и одговорност заедно со целата Влада и целата партија за огромниот пораз нанесен од граѓаните.Зоран Заев и официјално веќе е најомразениот лик помеѓу граѓаните на Република Македонија а тоа се види и на денот на гласањето.Пред “да заигра метлата” во Владата, Зоран Заев треба да биде свесен дека веќе не му проаѓаат кај граѓаните ваквите лажни изјави и повеќе никој не му верува.Зоран Заев исто така треба да е свесен дека пред “да заигра метлата”, граѓаните не забораваат и нема да ги простат сите криминалии, лажните ветувања, лагите дека нема да има промена на Уставот и се останато што се случи изминатите две години.Чистката на Заев треба да почне од него заради, Криминалните иновации од 10.5 милиони, заради крвавите тендери на Венко Филипче, заради сите нерасчистени убиства, сите коруптивни скандали, заради сите рекети, уцени и закани, заради сите тендери наместени, заради камионите на Вице Заев, заради се она што се случи изминатите две години.Чистка мора да има и заради непотизмот по примерот на Мира Дизел кој што ја зафати како епидемија целата држава односно СДСМ.Никој не го тераше Заев да ветува брда и долини, да ветува 500 евра плата, да ветува 100.000 денари плати за докторите, илјадници километри автопати, никој не го тераше да ветува дека ќе тече мед и млеко по улиците.Никој не го тераше Заев да ветува дека само уште што не дошле во Фејсбук и Гугл и сите други странски инвеститори.Заев мора да знае дека пред “да заигра метлата”, јавното обвинителството мора да ги заврши сите истраги за криминалиите на Владата на СДСМ и самиот Заев не неговата фамилија и мора да сносат одговорност. Ниту една “метла” на Заев нема да ги амнестира криминалиите на СДСМ и функционерите на СДСМ кои ја ограбија државата и граѓаните изминатите две години.Ниту една метла, ниту еден дефокус и ловење во матно нема да ги премисли граѓаните да и стават крај на оваа неспособна Влада на Зоран Заев и СДСМ.За крај, доколку Зоран Заев и сите останати од СДСМ не си понесат одговорност за овој огромен пораз, нека не се секираат, ВМРО-ДПМНЕ многу набрзо на парламентарни избори ќе ги смени и ќе ја врати државата на вистинскиот пат.Времето на криминалниот картел на власт и кланот Заев веќе заврши. Граѓаните му го најавија крајот и падот на Заев и СДСМ. А секој пад е болен и одговорност за се мора да има.Професорката Гордана Сиљановска Давкова е новиот и иден Претседател на Република Македонија, истакна Димче Арсовски -   Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. 

пред 7 години

bomba-1

Експлодирала бомба во Драчево: Оштетени автомобили и куќи, жителите во паника

 Утрово околу 04.13 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улица „Партизански пат“ во населба Драчево, во дворот од куќата на Н.И.(25), непознато лице фрлило експлозивна направа и биле оштетени патнички возила „Ауди“, „Рено Клио“ и „Голф 3“, а биле оштетени и прозорци од куќата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.Читател на КУРИР до нашата редакција испрати порака во која вели дека по немилиот настан жителите се потресени.-Бомба кашикара беше фрлена утрово околу 4 часот во Драчево. Сите во околината се потресени и има оштени возила и шрапнели по цели куќи. Уште колку бомби кашикари треба да очекуваме оваа година, почнавме да живееме во страв, вели читател на Курир.мк.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

ВМРО ДПМНЕ реакција: Скопје му сврте грб на Заев, Пендаровски, Шилегов и Богоев

На Петре Шилегов и на Стефан Богоев им требаше годин ипол за да излезат и да го работат она за што се платени. Шилегов и Богоев година ипол не направија ништо за Скопје и за Карпош. Шилегов и Богоев се најнеспособните градоначалници во историјата на Скопје и Карпош, се вели во реакцијата на ВМРО ДПМНЕ  на изјавата на Петре Шилегов.Денес Шилегов и Богоев се пофалија дека почнале да чистат депонија, за која имале година ипол да ја исчистат. Шилегов и Богоев повторно ништо не работат, но поради поразот на претседателските избори и на нивниот кандидат Стево Пендаровски излегоа пред камери да даваат бледи изјави и да се преправаат дека нешто работат.Скопје му го сврте грбот на СДСМ. Скопје му сврте грб на Заев, Пендаровски, Шилегов и Богоев. Скопје и скопјани сакаат работа и посветеност, иневестиции на секое поле, а тоа се работи кои од СДСМ не ги видоа.СДСМ продолжува да тоне во Скопје, затоа што скопјани не се нискоинтелегентни за да им поверуваат на лагите. СДСМ губи и ќе изгуби и во вториот круг. Затоа што Скопје и скопјани сакаат претседател на државата кој е за право и правдина. Скопје ќе ја избере Гордана Силјановска Давкова, се вели во реакцијата од ВМРО ДПМНЕ.

пред 7 години

FullSizeRender-23-04-19-13-03

Милошевски: Отворањето можности за нови вработувања во туризмот и угостителството ќе бидат наша примарна цел

Охрид е позната туристичка дестинација и мора да има стратегија во туризмот. Туризмот и угостителството имаат голем потенцијал за понатамошен напредок и развој во сите нивни сегменти и заради тоа дефинирањето на насоките, целите и задачите е од основна важност за развој на нашиот град. Отворањето можности за нови вработувања во туризмот и угостителството ќе бидат примарна цел со помош на формирање претприемачки инкубатор за нови бизниси за млади лица како и изработка на студија за мапирање на стратешки индустриски сектори во регионот на Охрид, истакна Д-р Митре Милошевски, кандидат за градоначалник на Охрид.Подготвена е сеопфатна стратегија со која јасно и прецизно се дава одговор на три значајни прашања:Каков треба да биде туризмот? (брендирање, целогодишен-продолжување на сезоната, развиен на цела територија, разновиден, иновативен и прилагодлив спрема преференциите на туристите);Кои се клучните предуслови за развој на туризмот? (долгорочна заштита на просторот и одржливо управување со екосистемот, конкурентност и атрактивност за инвестиции, активирање на државниот имот со цел туристички развој, зголемување на знаењата и вештините на сите нивоа, дестинациско управување); иСо што туризмот ќе ја привлекува побарувачката? (гостољубивост, квалитет, автентичност, разновидност на содржини и доживувања, сигурност-безбедност).Ние не сакаме Охрид да тапка во место, ние сакаме Охрид секој ден да се движи кон нови пазари, да вработува нови луѓе, да ја збогатува туристичката понуда, да станува сè поконкурентна туристичка дестинација која создава нови мотиви за доаѓање на странски и домашни туристи, не само во летните месеци, туку и во текот на целата година.За таа цел, цврсто сме решени со сеопфатната долгогодишна стратегија, изготвена од врвни експерти од Факултетот за туризам и угостителство кои имаат капацитет детално тоа да го обработаат и Охрид да биде конкурентен во 21 век.Сите проекти коишто се презентирани во Програмата За убав град ќе бидат ставени во функција на унапредувањето и подобрувањето на туризмот и угостителството.Заеднички да го одбереме концептот За убав град. Охрид е убав град, може и убаво да се живее во него.За нас и за нашите деца.За убав град. Охрид повикува, истакна Д-р Митре Милошевски, кандидат за градоначалник на Охрид. 

пред 7 години

Нема фотографија

Градски парк 2 ќе никне на местото на расчистената дива депонија во Карпош

Екипи на Градот Скопје и на Општина Карпош денеска почнаа голема акција за расчистување на децениските депонии зад Спортскиот центар „Борис Трајковски“, на кејот на реката Вардар. Во активностите е вклучена механизацијата и работниците на ЈП „Водовод и канализација“, а расчистувањето на просторот се очекува да трае околу 10 денови. На акцијата за чистење присуствуваа градоначалникот Петре Шилегов и градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев.- Оваа дива депонија претставува повеќедецениски горлив проблем. Почнала да се формира со одлагање на урнатините по катастрофалниот земјотрес во Скопје уште во 1963 година. Повеќе генерации градски и општински градоначалници го игнорирале проблемот, а за жал некои од нив продолжиле да го одлагаат отпадот на оваа локација. Сега, заедно со Општина Карпош конечно најдовме решение за овој проблем и со тоа почнуваме со реализацијата на уште едно од нашите предизборни ветувања. Денеска го почнуваме чистењето на оваа депонија, после што ќе следува покривање на површината. На ова место ќе подигнеме парк на површина од над 90.000 квадратни метри (над девет хектари) кој ќе го наречеме Градски парк 2 – рече денеска градоначалникот Шилегов.Тој додаде дека новиот парк ќе биде подигнат со донации од општествено одговорни компании при што трошоците на Град Скопје и на Општина Карпош за подигнување на овој парк би биле незначителни во однос на неговата реална вредност.Овој парк е лоциран во делот од градот кој е уреден со регулацискиот план за градската четврт „З 04“ кој беше усвоен минатата година од Советот на Град Скопје. Согласно со потребите на граѓаните, со регулацискиот план предвидените 4,03 хектари површина за парковско и заштитно зеленило во оваа четврт, се зголемени на 11,51 хектар. Просторот за домување кој е предвиден во ГУП на Град Скопје за оваа градска четврт со вкупна површина од 10,97 хектари со овој регулациски план е намален на 3,13 хектари. Во планот се предвидени 3,36 хектари за инфраструктура, како и 6,34 хектари за секундарни улици. За прв пат е додадена и можност за основно училиште и градинка.- Град Скопје продолжува да ги следи потребите на граѓаните, а особено внимание посветува на зголемување на зелените површини имајќи предвид дека на градот му недостига зеленило како важен фактор кој влијае на намалување на загадувањето на амбиентниот воздух – нагласи Шилегов.

Скопје | пред 7 години

saso-tasevski

Тасевски на ФБ: Сега не носите живот, туку се борите за живот

Актерот Сашо Тасевски на социјалната мрежа Фејсбук упати порака до владејачката СДСМ, па им порача дека сега тие не носат, туку се борат за живот.Тасевски напиша:- Ни порака чуле, ни ја прочитале. Го глеам вчера Кирацовски на дебата, не знае кај е лево, кај е десно. Збори за победи, иднини и убајни. Одма заборави на лимонот што му беше заглавен у грло во неделата на првиот прес по гласањето. Тоа со металата ќе остане на празни зборови. Им гледаш во фаца дека алергични се на метла. Како да не ги стрефи земјотрес пред два дена. Не се од овој свет. Не сфаќаат, нема цензус да имаат во вториот круг. Уште повеќе неутрални нема да излезат од оние кои гласале во првиот круг за нив, само зашто не можат да ги заборават лесно зулумите на ДПМНЕ. Е овојпат нема да излезат. Подопашници, удбаши и полтрони од СДСМ, гледам ја префрлаат вината на бојкотирачите. Глупи биле, сакале Вемереото да се врати. Катастрофална грешка правите што ги обвинувате. Никој од нив не ги сака ДПМНЕ. Ама за вас гласот нема да го дадат. Сретнете се на улица со нив, во маркет, ќе ви кажат зошто, не ги слушајте оние што ви рецитираат вагинална поезија на митинзите и собиранките. Таквите будали и ве напумпаа ѓоа сте пауни и нешто вредите. Тие се партиски јадници, толку им сече, ги има во секоја партија. За кикирики се ќе ти кажат. Помина времето на вашата комоција на крилата на позитивноста на неутралните и поочиклените, кои пред три години ве посакуваа на власт од срце зашто не можеа да го поднесат примитивизмот и силеџиството на ДПМНЕ. Умре тоа. Немате веќе простор за ароганција. Сега не носите живот, туку се борите за живот. Оти ги вратите ли на власт ќосињата со вашата неагилност од типот: Кој ги клацка незадоволните, кога со нас се САД ЕУ и НАТО, да знаете, вас први ќе почнат да ве топат за сапун. Е кај вмровците исто ништо не се сменило, особено не, желбата за одмазда. Ние останатите, ауфидерзен. Што е доста, доста е.https://www.facebook.com/sasho.tasevski/posts/10157116252672180

пред 7 години

pacoli-3

Министерот за надворешни на Косово се замеша во изборниот прцес во земјава - ги повикува Албанците за кого да гласат

Вицепремиерот и министер за надворешни работи на Косово Беџет Пацоли објави статус на социјаланта мрежа Фејсбук  преку кој ги  посоветува Албанците во Македонија за кого да гласаат во вторут круг на претседателските избори.Пацоли напиша:-Го ценам непречен развој на претседателските избори, како и делумните локални избори во Република северна Македонија. Овој процес претставува уште еден чекор во демократската зрелост на оваа земја. Албанците ја збогатија политичката понуда со кандидатурата на професорот Блерим Река и со поддршката на консензуалниот кандидат. Сега е време што во вториот круг во името на унапредувањето на нивниот статус во уставната рамка, Албанците да се здружат во поддршка на тој кандидат кој го гарантира патот, без враќање назад, кон евроатланската интеграција на Република северна Македонија. Така, албанскиот глас ќе тежи повеќе и тие ќе ја зголемат својата политичка тежина во институциите како рамноправни граѓани на соседната држава, стои во неговиот пост на Фејсбук.

пред 7 години

sudenje-sazdo

Братот на Беља: Не ја прифаќаме пресудата, ќе се жалиме до Апелација

Ние не ја прифаќаме оваа пресуда и ќе се жалиме до Апелација. Видовме дека сѐ уште нема правда во Македонија, казната е превисока”, рече Бесарт Беља, братот на Бесир Беља, осуден за убиство на 20-годишниот Никола Саздовски по денешното изрекување на пресудата.Бесир Беља и Скендер Демири денеска од страна на Кривичниот суд беа осудени на 19 години казна затвор за сторено кривично дело убиство направено врз 20 годишниот Никола Саздовски,член на навивачката група Комити.Беља, Демири и Јетон Љужа кој е во бегство, на 29 јуни 2018 година околу 17.45 часот на булеварот Александар Македонски во населбата Автокоманда, на автобуската постојка пред фабриката Алкалоид, почнале да го удираат Саздовски со боксови во главата и градите. Од силните удари Саздовски загубил рамнотежа, паднал на тротоарот, по што обвинетите  со силни удари со нозете продолжиле со да го удираат по главата.Саздовски како резултат на здобиените повреди, почина на 9 јули 2018. 

пред 7 години

mirjana-najcevska

Најчевска на ФБ прашува: А кој ќе биде исчистен? Спасовски или Мариќиќ или певаљката Ласковa

Професорката Мирјана Најчевска на својот Фејсбук профил му се обрати на Зоран Заев како да се справи со владеењето и како да дојде до посакуваните резултати.Таа меѓу другото запраша и кој ќе биде исчистен?Најчевска на ФБ објави:–А кој ќе биде исчистен?Спасовски или Мариќиќ или певаљката Ласкова или буљументата лепачи на плакати кои ги запосливте или буљументата вмровци кои ги задржавте или лабовиќите настискани во комисиите или сваровски судиите кои удобно си се башкарат или она крлежите во управните одбори или …Потребни се правила и критериуми и процедури кои ќе обезбедат професионалност на државниот апарат и кои ќе бидат брана од корупцијата.Правила и процедури и критериуми кои ригидно ќе се применуваат без исклучок.Правила и процедури и критериуми кои ќе ги десеткуваат пулените и пуленките во администрацијат.Правила и критериуми и процедури кои можат да обезбедат вистинска чистка и ослободување на граѓаните од клиентелистичјата зависност воспоставена од ВМРО и продолжена од СДСМ. 

пред 7 години

metla

Милошоски на ФБ: Премиерот Заев и ЛАЖНАТА МЕТЛА

По најавата на Премиерот Зоран Заев дека ќе прави „чистка“, на социјалната мрежа фејсбук се огласи и Антонио Милошоски.Тој напиша:"Консензуалниот" кандидат Пендаровски во првиот круг на претседателските избори доби помалку гласови отколку што добиваше за време на режимот, и тоа сега појачан со поддршката од ДУИ, ДПА, Амди Бајрам, Курто Дудуш, Љубчо Георгиевски, Павле Трајанов, Африм Гаши и Драгиша Милетиќ. Слабиот резултат предизвика разочарување и нервоза кај премиерот Заев, кој добро знае дека ваквиот лош резултат е најава дека времето на владеачката коалиција почнало да истекува. Затоа Заев се обидува да направи потег со кој би убедил што повеќе разочарани поддржувачи на владината коалиција да излезат и да го гласаат Стево. И некој го советувал "шефе, закани се со операција метла, чистка после изборите, тоа секогаш пали кај народот и членството". И Заев прифатил да го изведе и овој трик. Но...Најавата за "ЧИСТКА" на неуспешни министри, директори и други функционери, после претседателските избори, е уште едно лажно предизборно ветување на Зоран Заев. Зошто? Затоа што доколку Заев навистина ја разбрал пораката од незадоволните гласачи тој може, согласно Уставот и Законот за влада, уште денес до Собранието да достави предлог за разрешување, на пример на министрите:Венко Филипче, заради сомнителните тендери и кризата во здравствотоДамјан Манчевски, заради немањето ни "р" од најавените реформи во администрацијатаАсаф Адеми, заради неуспешната политика во секторот култура иСадула Дураку, заради нула ангажман во животната средина.Само со поднесување на предлози за разрешување на владини министри, директори или началници денес, Заев ќе покаже дека ја примил пораката на незадоволните гласачи вчера. И доколку се обидува да се вади дека тоа не може да го направи бидејќи е кампања, пак ќе излаже, бидејќи Уставот и Законот му дозволуваат и во кампања да даде вакви предлози за разрешување, а истите во Собранието ќе се гласаат после завршувањето на изборите. Но, тоа што Заев нема да поднесе предлог за ничие разрешување, само докажува дека тој повторно се обидува да ги манипулира граѓаните гледајќи ги во очи.Заев не смее ни да помисли да им удри метла на министрите Филипче и Манчевски, бидејќи ќе добие внатрепартиска "метла по нос" од крилото на Шеќеринска. Заев не смее ни да помисли да му одри метла на министерот Садула Дураку, ниту било кој директор од ДУИ бидејќи ќе добие внатре-коалициска "метла по глава" од Али Ахмети. Заев не смее да помисли да го тргне од владата министерот Асаф Адеми, затоа што "метла по грбот" ќе му удрат тројцата пратеници на Африм Гаши во Собранието.Затоа, ОПЕРАЦИЈАТА МЕТЛА, после претседателските избори ќе заврши само со смена на шоферот на градоначалникот од Прилеп, директорот на водостопанство во Битола, директорот на комуналното во општина Дебрца и смена на Алмир Дудуш, роднината на Курто, главен раководител за спорт и образование во Шутка!https://www.facebook.com/Antonio.Miloshoski/posts/2463771740308944

Македонија | пред 7 години

IMG-8bf19f7727651ce20d0b39a2d0f74a89-V

Општина Кисела Вода и ЈП „Комунална хигиена“ продолжи со акцијата за собирање на кабаст отпад и електрoнска опрема

Во моментов во месните заедници: Припор, Усје, Пинтија и Стаклара-Каменик  се собира кабаст отпад, се расчистуваат отпадоците од јавните површини, се средуваат омилените игралишта на најмладите, а се кастрат и гранките на дрвјата и грмушките. Акцијата во истите месни заедници ќе продолжи и утре.Општина Кисела Вода информира дека кабастиот отпад граѓаните треба да го одложуваат до 11:00 часот покрај своите домови, на тротоарите, но пред се потребно е да внимаваат истиот да не го попречува движењето на пешаците. Одлагањето на отпад после опредeленото време е забрането.Минатата седмица во урбаните заедници Расадник и Кисела Вода собрани беа околу 5 тони кабаст отпад. 

Скопје | пред 7 години

pozar

Поднесено обвинение за родителите чии што три деца изгореа во пожар во Велес

Основното јавно обвинителство Велес до Основниот суд во Велес поднесе Обвинителен акт против две лица – жена на возраст од 38 години и маж на возраст од 46 години, бидејќи секој од нив сторил по три кривични дела – Запуштање и малтретирање на дете од член 201 став 1 од Кривичниот законик.Обвинетата како родител – мајка на децата на возраст од 4 години, 2 години и 1 година а обвинетиот како родител – татко на детето на возраст од 1 година не го заштитиле животот и здравјето на децата што е нивна должност согласно одредбите од членовите 44 и 46 од Законот за семејство.Воедно, обвинетиот како очув на другите две деца исто така бил должен да се грижи за нив со оглед на фактот дека живееле заедно и имал заштитничка позиција спрема нив, но не го заштитил нивниот живот и здравје.Двајцата обвинети на 20.06.2018 година грубо ја запоставиле својата должност за грижа и воспитување и ги запуштиле трите деца така што подолго време од денот ги оставиле децата сами во куќата во која живееле, а која ја сочинувала само една просторија.Се работи за деца кои според својата возраст не можеле да се грижат сами за себе. Со тоа што ги оставиле сами во куќата обвинетите постапиле крајно несовесно и не воделе сметка за нивниот живот и нивното здравје. Во временскиот период во кој децата биле оставени сами, во куќата избувнал пожар во кој сите три деца го загубиле животот. 

пред 7 години

FK-Vardar-mladi

Млади фудбалери од ФК “Вардар“ дел од проектот “Фудбал за пријателство“

Во рамки на почетокот на 7. Сезона на Меѓународниот детски општествено одговорен проект “Фудбал за приајтелство”, под покровителство на Компанијата “Газпром” А.Д., како дел од стартот на локалните активности поврзани со овој проект беа одбрани Млади Амбасадори – учесници во проектот. Во овогодинешната сезона на проектот учество ќе заземат млади фудбалери од Младинската Фудбалска Школа на ФК “Вардар“ – Милош Спасовски (играч од одбрана), Борјан Томовски (играч од средина на теренот) и Лука Јаневски (голман), а заедно со нив дел од Македонската делегација ќе биде и Калина Василевска (млад новинар).Македонските учесници во овогодинешната сезона на проектот, како Делегација од Република Северна Македонија, ќе патуваат во Мадрид (Шпанија) и ќе бидат дел од завршните активностите на “Фудбал за пријателство“: Меѓународен турнир во мешани детски тимови на пријателството, Меѓународен детски прес центар од кој ќе известуваат Младите Новинари, Школа за деветте клучни вредности на проектот и Меѓународен Форум “Фудбал за Пријателство“. Во рамки на овие активности, македонските Млади Амбасадори ќе имаат можност заедно со нивни врсници – деца на возраст од 12 години од земји ширум светот да ги споделат своите искуства за промовирање и поттикнување на мир, пријателство, еднаквост, традиција и други суштински вредности кои треба да ги следиме и според кои треба да работиме, особено кога станува збор за колективните тимски напори, како фудбалот, и спортот во целина.Заедно со нив, дел од делегацијата која ќе ја претставува Македонија во рамки на овој проект е и Заменик Извршниот Директор на ФК “Вардар“ и Директор на Тренинг Кампот, г-дин Кирил Кироски.“Ни претставува задоволство втора година по ред да сме дел од овој интернационален проект наменет за новите генерации ширум светот кој има за цел да ги поттикне младите да практикуваат спортски активности и на овој начин да шират позитивни човечки вредности помеѓу своите врсници и пошироко. Младинската фудбалска школа при ФК ’Вардар’ го поддржува и стимулира негувањето на пријателство, еднаквост и мир помеѓу нејзините учесници во рамки на теренот и пошироко, вложувајќи во нив и како идни професионални фудбалери и како личности – пример за останатите. Верувам дека нашите млади фудбалери и оваа година ќе не претстават во одлично светло.“ – изјави г-дин Кирил Кироски. 

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања