Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

56

Во Франција 680.000 луѓе возат без возачка дозвола

Во Франција 680.000 луѓе возат без возачка дозвола, а во повеќето случаи причина е цената за полагање возачки испит, пишува денеска весникот „Паризиен“.Весникот додава дека тој број двојно се зголемил во последните десет години и покрај ригорозните казни.Повикувајќи се на податоци од надлежните органи, оние кои возат без дозвола сочинуваат 1,4 отсто од сите возачи, но 4,5 проценти од тие луѓе без дозвола се вклучени во сообраќајни несреќи со смртни последици.Околу две третини од возачите без дозвола се оние кои не полагале испит бидејќи наведуваат дека не можат да издвојат пари. Просечната цена за возачки испит е 1.500 евра.Една третина жители без возачка дозвола се оние на кои им е одземена поради прекршок.Доколку возачот во текот на рутинска контрола биде фатен без дозвола, паричната казна изнесува до 15.000 евра, а возилото може да биде одземено на самото место, ако возачот не е сопственик. Доколку возачот без дозвола изврши прекршок, казната може да биде уште поголема, до две години затвор или 30.000 евра.

Свет | пред 7 години

jove-hagievski-1-696x850

Психологот Хаџиевски: Немав намера да ги навредам децата со Даунов синдром

Психологот Јове Хаџиевски преку својот Фејсбук профил се извини за објавата на слика на премиерот Зоран Заев со деца со Даунов синдром над која напиша „Конечно во друштво со интелектуално рампноравни на себе“ и рече дека тоа било во „погрешен контекст“.-Мало објаснување:Намерата не ми беше да ги омаловажувам децата со даунов синдром, туку да укажам на тоа како некој не бира ништо, па дури и децата со даунов синдром за да добие политички поени.Јас сум работел со деца со даунов синдром и знам колку се тие емоционално топли и мили.Но, во постот тие не беа цел, туку политичарот кој ги користи во свои себични политички цели.Немам намера да се правдам … затоа и реков … намерата беше друга, очигледно контекстот што го одбрав беше погрешен.ЈАС ЈАВНО СЕ ИЗВИНИВ!!!Политичарот тоа нема да го направи!!!, напиша Хаџиевски.

Македонија | пред 7 години

reka

За Река донирале само БЕСА и Алијанса за Албанците

За кампањата на независниот претседателски кандидат, Блерим Река, во периодот од 26 март до 10 април, имало донации само од двете политички партии кои го поддржуваат, БЕСА и Алијансата за Албанците.Тие во овој период заедно донирале околу 1.100.000 денари. Донации од граѓани нема.Целиот извештај за приходи и расходи можете да го погледнете ТУКА.

Македонија | пред 7 години

Filip-filipovski-policaec-

Претепаниот полицаец Филиповски: Таа вечер беше брутална и крвничка

Животот ми го променија целосно – заслужуваат казната да ги стигне, таа вечер беше брутална и крвничка, вели за ТВ 24 полицаецот Филип Филиповски кој беше прободен со нож во дискотека на 23-ти март во скопско Марино.За првпат по 22 дена, од кои 11 ги помина во болница полицаецот Филип Филиповски проговори јавно и опиша како бил нападнат од браќата Александар и Јордан Цветковски, инаку синови на екс- градоначалникот на Петровец и актуелен советник во МВР, Звонко Цветковски.Целиот прилог можете да го погледнете ТУКА.

Македонија | пред 7 години

ali-ahmeti

Ахмети: Гласот за Пендаровски е глас за поддршка не само на Албанците, туку и на сите граѓани

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети пред жителите на Општина Кичево посочи дека поддршката за заедничкиот консензуален кандидат не оди само во поддршка на граѓаните Албанци, туку на сите граѓани, а пред се во корист на самата држава, затоа што ова држава има иднина само со добра и транспарентна иднина помеѓу двете партии кои имаат легитимитет.-Не треба да ги замориме луѓето со патриотизми без поткрепа, помина тоа време, сега е времето на материјализам, времето на инсталирање на вредности, владеењето на правото, реформи во судството, напредна економија, квалитетно здравство и образование и подобри услуги, поспремна јавна и државна администрација, бидејќи само вака се оди во Европа. Не се спречува миграцијата и амбициите за подобра иднина ако се занимаваме со празни фрази, со патриотизам на кој веќе му помина времето. Ако сакаме да живееме и да работиме во ова земја, да ги инсталираме и да работиме на овие вредности бидејќи Европа е пред нашата врата, рече меѓу другото Ахмети.Министерот за економија Крешник Бектеши истакна дека му даваат предност на новиот концепт што го инсталира ДУИ и лидерот Ахмети и врз база на овој концепт, како што рече, функционираа и ЕУ и НАТО.

Македонија | пред 7 години

siljanovska-davkova

Силјановска на Фејсбук: Ако сакате да ја прочитате мојата програма коментирајте „2 за Македонија“

Кандидатката за претседателка од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова денеска на својата официјална Фејсбук страница објави дека нејзината програма е подготвена и секој кој сака да ја прочита, да искоментира на нејзината објава „2 за Македонија“.-МОЈАТА ИЗБОРНА ПРОГРАМА Е ПОДГОТВЕНА! АКО САКАТЕ ДА ЈА ПРОЧИТАТЕ ЦЕЛАТА, ВО КОМЕНТАР НА ОВОЈ ПОСТ, НАПИШЕТЕ „2 ЗА МАКЕДОНИЈА”…, напиша Силјановска.„Бидејќи безбедноста е во надлежност на Претседателот планирам да сугерирам:Нѐ прави небезбедни подеднакво како што нѐ прави небезбедни воен напад или непогода.• Измени за прагот на информирање за ПМ10-честичките да биде 50 микрограми на метар кубен• Измени за прагот на алармирање за ПМ10-честичките да не биде повисок од 70 µg/m3• Во Советот на безбедност ќе формирам работно тело за загадувањето како безбедносна закана, кое, доколку властите (локалната и централната) не преземаат мерки против загадувањето, ќе предлага донесување на одлука за прогласување на вонредна состојба до Собранието• Стратегија за одбрана да ги опфаќа и климатските промени и нивното влијание на националната безбедност со оглед на ризиците од деградација и уништувањето на животната средина, на еколошките потенцијали и природните непогоди;Мојата изборна програма е подготвена!Ако сакате да ја прочитате целата, во коментар на овој пост, напишете „2 за Македонија”…“, стои во објавата на Фејсбук.

Македонија | пред 7 години

venko_filipce

Филипче за Скопје1.мк: Не поднесов оставка !

Минситерот за здравство Венко Филипче во изјава за Скопје1.мк изјави дека информациите дека поднел оставка се лажна вест.„ Не е точно дека сум поднел оставка. Слободно цитирајте ме на порталот. Оставка не поднесов и нема да поднесам !“ изјави Филипче за Скопје1.мкПовеќе медиуми во земјава пренесуваат тврдење дека после вчерашната трагедија на штипјанката која го загуби своето неродено бебе во шеститот месец од бременоста, како последица на епидемијата од морбили, министерот Филипче разговарал со премиерот Заев и му понудил оставка од морални причини, вест која Филипче категорично ја демантира.

Македонија | пред 7 години

grabez_zz_na_bulevaar

Насилник одзел чанта од Скопјанка со пари и картички

На 13.04.2019 во 03 часот Л.Н (53) од Скопје пријавила дека на ул.„Филип Втори Македонски“ непознат сторител со употреба на сила и одзел чанта во која имало пари и картички.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 7 години

70D44252-EDB4-48D5-B149-F8AC2C99F6F3

СДСМ: Финансискиот извештај на Сиљановска не дава реална слика за трошоците

Од она што може да се види од објавеното на интеренет страницата на Државната изборна комисија финансискиот извештај на Гордана Сињановска е внесен во несоодветен образец, велат од СДСМ.„Финансиските извештаи треба да се подготват и да се внесат врз основа на Образец пропишан од Министерство за финансии, објавен во Службен весник број 65/19  од 29.03.2019 година.Оттука, вака подготвен и внесен во несоодветен образец, извештајот на Сиљановска не дава реална слика, затоа што има оромен дел на нереализирани побарарувања, неколкукратно поголеми од прикажаните трошоци.Во ваква форма финансискиот извештај не може да се споредува со оној на претставниците на групата избирачи на кандидатот за претседател Стево Пендаровски кој е внесен во соодветен образец, прецизен, реален и со точно наведени ставки кои што ја даваат објективната слика и граѓаните можат да имаат комплетен увид“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 7 години

Teatar-Komedija

Гасен пиштол, револвер и електрошок украдени од Театар Комедија

На 11.04.2019 во ПС-Центар од страна на Национална  установа-Театар Комедија пријавено е кражба на гасен пиштол, револвер  и електрошок, што се употребувале во претстави.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 7 години

mobilen-telefon

Ученик споделувал компромитирачки фотографии од соученичка

На 11.04.2019 во СВР Куманово 38-годишна жена пријавила дека од училиштето каде учи нејзината малолетна ќерка била известена дека ученик во училиштето споделува компромитирачки фотографии од нејзината ќерка.Се работи на расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

uploads_thumbs_resize_800x420_372765

Филипче: Ја подигнуваме свеста за дарување коскена срцевина

Во организација на Клиниката за хематологија и во соработка со Здружението за Хематологија и Институтот за имунологија и хумана генетика при УКИМ „Медицински факултет“ - Скопје, со поддршка на Министерството за здравство на Република Северна Македонија, на 12 и 13 април 2019 година се одржи првата работилница за трансплантација на коскена срцевина во Република Северна Македониjа, со наслов „Идни прерспективи и предизвици“.На работилницата се одбележа почетокот на кампањата, насловена „Be Someone Marrow“ или „Биди срцевина, биди херој“, која ја спроведува Клиниката за хематологија, во соработка со Институтот за имунологија и хумана генетика при УКИМ „Медицински факултет“ - Скопје и Министерството за здравство.Целта на оваа кампања е да се подигне свеста за хуманост, промовирање на солидарноста и засилување на можноста донаторите да се запишат во националниот дарителски регистар. Дарувајќи коскена срцевина, секој да може да спаси човечки живот.- Трансплантација на коскена срцевина, како тераписка метода за пациентите со малигни хематопоетски заболувања, беше воведена во земјава во 2000 година, а до денеска се реализирани повеќе од 500 интервенции, од кои 57 во 2018 година, а во првото тримесечје од 2019 година извршени се 20 трансплантации за коскена срцевина. Минатата  година ќе остане забележана во историјата на Клиниката за хематологија како година во која за првпат се воведе, и оттогаш успешно ја спроведува најсложената и најсофистицираната тераписка процедура во современата медицина, несродната трансплантација на коскена срцевина, изјави министерот доц. д-р Венко Филипче.Тој додаде дека одобено го радува фактот дека во јануари годинава успешно се изведе и првата несродна трансплантација кај 13 годишно момче со апластична анемија.Клиниката за хематологија потпиша Меморандум за соработка со Универзитетската Клиника за детски болести - Скопје, со што почнаа со изведување на алогени трансплантации, сродни и несродни трансплантациии кај деца постари од 3 години.Од почетокот на годинава изведени се и три полуидентични трансплантации , интервенција што недостигаше во спектарот на услуги од областа на трансплантацијата.- Изедначувањето на стандардите во примената на различни видови трансплантација на коскена срцевина, не само кај возрасни туку и кај деца,  е големо остварување за нас не само како експерти, туку и како медицински центар од нашата држава кој застанува рамо до рамо со најреномираните во Европа и пошироко. Потврда за нашиот досегашен успех е обезбедено присуство на нашата работилница од околу 60 учесници, водечки експерти од областа на трансплантцаијата во регионот и светот. Покрај тоа, во оваа прилика ја стартуваме националната кампања од  исклучителна важност со наслов „Be Someone Marrow” или „Биди срцевина, биди херој“, истакна д-р Ирина Пановска, директор на Клиниката за Хематологија.Како сублимат на сите зафати кои успешно се реализирани на Клиниката за хематологија организирана е оваа работилница.На работилницата учествуваа говорници кои се водечки експерти од областа на трансплантацијата во регионот и светот: Мохамед Мохти, Кристина Петерс, Радован Врховац и Матијаж Север.

Македонија | пред 7 години

b10

Пендаровски: Во мојот Кабинет ќе има советничка за родова еднаквост

Заедничкиот кандидат за претседател Стево Пендаровски, денеска учествуваше на граѓанска трибина со жените под мотото „Еднакви“.Жените, рече Пендаровски, мора активно да бидат вклучени во секое поле од општественото живеење и ова ќе биде негова заложба како иден претседател.- Ќе назначам посебна советничка за родова еднаквост и промоција на учеството на жените во политиката. Како што веќе најавив ова ќе биде еден од моите први 8 проекти, најавени за првите 8 месеци“, рече Пендаровски.Само еднакво општество, посочи Пендаровски, може да е вистински правично, силно и напредно. Ова е цел кон која треба секој ден и сите заедно да работиме. Се заложив за заштита на  сите девојки и жени кои се уште се соочуваат со родово базирано насилство, кои се уште немаат еднаков пристап до образование, работа, здравство.- Мора да создадеме услови за секоја жена да има еднаков третман и услови за развој и напредок, порача Пендарвоски.

Македонија | пред 7 години

urgenten-centar

Вработен во АРМ заврши на Ургентен

На 12.04.2019 во 14,00 часот во ПС-Тетово било пријавено дека во воениот објект касарна „Еребино“, околу 11,00 часот И.А (59) од Гостивар,   вработен во АРМ, одговорен на одделот за уништување на муниција и експлозивни средства се здобил со тешки телесни повреди.Според пријавеното, додека И.А. заедно со  Б.З.  и В.Џ.,  вработени во АРМ, постапувале при деактивирање на инфлатори, И.А. се здобил со тешка телесна повреда-фрактура и бил пренесен во болницата во Тетово, а од таму во Ургентен центар- Скопје. Извршен е увид на местото на настанот.

Македонија | пред 7 години

reka

Река: Нека не ме гласаат само затоа што сум Албанец

Ако јас не им дадам добра понуда, ако мислат дека не сум доволно способен со моето знаење, со моето искуство да ја водам државата напред, нека не ме гласаат, нека не ме гласаат само затоа што сум Албанец, вели претседателскиот кандидат Блерим Река, во неделното интервју на Радио Слободна Европа.-Еден од моите главни столбови на целата, јас би рекол, политичка филозофија, а потоа и предизборна кампања и сега во самата кампања е како Република Македонија, сега Северна Македонија од држава да стане република. Јас мислам дека Македонија е држава, но се уште не е република. Републиката ја прават владеење на законот, а не на поединецот, а најмалку култ на личноста. Ние имавме скоро 11 години заробена држава, но се плашам дека во последните две години ние одиме кон приватна држава. Ако не превенираме поголеми проблеми во нефункционирањето на законот, јас се плашам дека не само што нема да има правна држава, туку може да завршиме и во празна држава-вели Река.

Македонија | пред 7 години

60A5DC4D-94C9-49CF-B79D-F7F6F2B7E738

Силјановска не се појави на митинг во Крушево поради здравствени причини

Кандидатката за претседателка на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, вчера не се појави на митингот во Крушево поради здравствени причини. Но, таа им се обрати на крушевчани преку социјалните мрежи и им вети дека ќе ги посети во вториот круг.-Почитувани, од здравствени причини не бев во можност да бидам присутна на митингот во Илинденско Крушево. Ќе дојдам во вториот круг, ви ветувам. Во градот херој, ги поздравив бранителите од 2001 година. Со жално срце констатирав дека седум години по Смилковското езеро, правен епилог нема. Седум години по настанот кој со право може да се нарече терористички, се уште сме без право и правда. Да потсетам што велеше премиерот, има снимки, никој нема да остане неказнет. Но, правото и правдата не стигаат за родителите на убиените момчиња. Како тие да веруваат во правната држава? Затоа ние повикуваме на право и правна држава. Ние ќе сториме се да нема селективна правда, да има владеење на правото, не владеење на група олигарси. Ние нема да се мешаме во судската власт. Ние ќе го оставиме судот да суди. Додека премиерот е претседател на Советот за судски реформи право и правда нема да има-напиша Силјановска.

Македонија | пред 7 години

aleks-pop-stefanija

Алекс Попстефанија, охриѓанец дел од тимот кој ја сликаше црната дупка

Алекс Попстефанија, момчето кое е по потекло од Охрид е дел од екипата која дојде до првата во историјата, спектакуларна фотографија на Црната дупка, како дел од тимот кој работи на телескоп во Мексико, Event Horizon Telescope (ЕНТ).Илија Дуковски од Бостон, за порталот Офф.нет разговараше со Попстефанија за подвигот на групата научници.– „Црна дупка“ е регион во вселената во кој доминира не-њутновска гравитација, односно неверојатно големо количество маса е „стуткано“ на релативно мал простор. Во случајот со супермасивната црна дупка на М87, таму постои маса чие количество изнесува колку 6 милијарди сонца, во регион во должина од околу 1.5 светлосни денови. За споредба, целиот наш сончев систем до Плутон е околу 10 светлосни часови. „Хоризонтот на настани“ ја означува границата на црната дупка; каква и да е материја или фотони внатре неа, ќе останат заробени засекогаш. Во нашата 3Д перцепција на реалноста, црната дупка може да се замисли како невидлива сфера, при што радиусот на истата го претставува хоризонтот на настани. Кампањите на набљудување беа спроведени во април 2017 и април 2018 и обете траеа по пет денови. Овие податоци беа снимени кога главните целни извори беа оптимално видливи ноќе, и кога времето беше глобално најдобро за нашите опсервации. Секој телескоп ги набљудуваше целите SgrA* и М87 oколу 8 часа секоја ноќ. Меѓутоа, соработката на EHT еволуираше во тек на 20 години. За ваков глобален потфат е потребно развивање нов хардвер и софтвер, и тоа се правеше во последните неколку години, кога во проектот се вклучија нови телескопи. Меѓу проблемите кои требаше да бидат разрешени спаѓаа координацијата на инструментите, софтверот за напредно процесирање, надополнување на хардверот и други технолошки и практични аспекти, за да се синхронизираат постоечките телескопи во глобално координирани опсервации во опсегот на ЕНТ. Откако во април 2017 беа снимени првите податоци, тие беа испратени до централните станици за процесирање – Институтот за радио астрономија Макс Планк и Хајстек опсерваторијата на МIT – потоа тие беа внимателно процесирани, калибрирани, анализирани и на крај интерпретирани со користење на најнапредни компјутерски алатки создадени посебно за овој експеримент од страна на соработниците на проектот. Додека „правењето слика“ од процесираните и добро калибрираните податоци сега трае само неколку минути, развојот на процедури и алатки кои го овозможуваат ова бараат многу време и напор од голем број посветени експерти, вели Попстефанија.Твоето семејство е од Пајко маало во Скопје и Сараиште во Охрид. Сакаш да ги поздравиш нашите македонски читатели?Секако, поздрав до сите! Се надевам дека ќе ве видам ова лето, кога ќе дојдам во Македонија на одмор!Ти благодарам за разговорот и ти посакуваме уште многу научни успеси како овој. Текстот во целост на: off.net.mk

Македонија | пред 7 години

nance

Михаил Трендафилов – Нанче: Ќе создадеме совет на мудреци – тип Охридска влада

28 години само по време на избори ги повикувате здруженијата со разно -разни ветувања. Јас сите здруженија ги сакам и за мене се на исто рамниште. Секој има да каже по нешто што ќе може да помогне на Охрид. Јас за време на изборите нема да ги злоупотребувам, да им давам празниветувања и да се сликам со нив. Срам ми е после 28 години лажење јас да бидам уште еден кој ќе ги излаже, се вели во соопштението од ГДУ.Доколку ги добијам изборите, првата работна недела ќе ги поканам на работен состанок во кабинетот на градоначалникот, на кој тие ќе ми ги претстават своите визии и проекти кои јас како градоначалник ќе треба да ги реализирам. Без граѓанскиот сектор, без умните луѓе во Охрид и експертите од сите области, нема како да го преродиме Охрид и да го издигнеме до ниво Охрид- ГРАД-ДРЖАВА.Ќе создадам совет на мудреци кон градоначалникот на општината- тип охридска влада, во кој ќе ги вклучам сите умни луѓе и претставници на невладиниот сектор од различни области, кои сакаат да работат за нашиот Охрид. Секој има да каже нешто што не го знае другиот. Секој има некоја убава идеја која може да прерасне во проект, кој ќе го направи Охрид поубаво место за живеење и попривлечен за туристите.

Македонија | пред 7 години

Pendarovski-Press

Колку пари потрошил Пендаровски за досегашната кампања и од каде ги обезбедил – во извештајот од ДИК

Претседателски кандидат, Стево Пендаровски, во кампањата има приходи од околу 31 милион денари, а најголемиот дел од нив легнале од членарина од СДСМ – 10 милиони денари.На списокот на донатори кај него се јавува само едно лице Павле Дукадиновски кој уплатил 150.000 денари, е наведено во  извештајот  објавен на веб страната на Државната изборна комисија. 

Македонија | пред 7 години

lezalki-bebinja

(ВИДЕО) Повлечени милиони лежалки за бебиња, утврдено дека најмалку 32 бебиња починале во нив

Милиони лежалки за бебиња од произведувачот „Fisher-Price“ се повелечени од пазарот по смртта на повеќе десетици бебиња, објави американската комисија за безбедност на потрошувачите CPSC, пренесуваат медиумите.,,Смртта на бебињата настанала во лежалките од типот Rock 'n Play  , откако бербињат се вртеле на стомак или на страна додека не биле под надзор или во други околности“. Од продажба ќе бидат повлечени 4,7 милиони лежалки. Од 2009 во овие лежалки починале најмалку 32 бебиња , се наведува во извештајот.Компанијата Fisher-Price вчера соопшти дека сите производи ги повлекува од продажба по добивањето на извештајот од комисијата.

Свет | пред 7 години

asanz-2

(ВИДЕО) Асанж е затворен во британскиот „Гвантанамо“

Џулијан Асанж, основачот на „Викиликс“, кој беше уапсен во четвртокот, е пренесен во затворот „Белмарш“ во југоисточниот дел на Лондон кој се споредува со „Гвантанамо“ на Куба во кој американските власти ги држеле најопасните исламисти.„Откако неговиот случај, по апсењето, беше процесиран пред судот во Лондон, Асанж е спроведен во ‘Белмарш’“, изјавил пријателот на Асанж, Вон Смит, кој бил една од последните личности кои го посетиле Асанж пред да биде уапсен во еквадорската амбасада.„Блумберг“ оценува дека изборот на локацијата каде што Асанж ќе ги чека понатамошните судски одлуки би можел да укажува на построгиот пристап на британските власти кога е во прашање 47-годишниот Австралиец, додека тој се бори против екстрадиција во САД каде е обвинет за издавање државна тајна.Се тврди дека во „Белмарш“ има затвореници од различни профили, од пониски престапници до одделението во кое се најопасните затвореници во земјата. Се смета дека оваа средина ќе биде комплетна новост за Асанж, бидејќи во 2010 година, додека ја чекаше одлуката на британските власти по барањето на Шведска да ѝ го предаде, помина девет дена во друг затвор во Лондон, „Вондсворт“.Обвиненијата против основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, за вмешаност во криминална кражба на државни тајни на САД претставуваат директен напад врз основните слободи на медиумите и може да имаат катастрофални последици врз новинарството, предупредуваат американски правни експерти.Обвинителите во четвртокот во Вирџинија ги обелоденија обвиненијата против основачот на Викиликс, кои беа запечатени од март 2018 година. Тие се основа за барањето на американските власти до Британија Асанж да биде екстрадиран во САД и да биде изведен пред суд.Клучен елемент од обвинението е новиот навод дека Асанж активно се ангажирал да му помогне на Манинг во обидите да пробие лозинка што му овозможила на американскиот војник да добие неовластен и анонимен пристап до тајни податоци на компјутерите на американската армија. Во 2010 година, Менинг бил разузнавачки аналитичар во оперативна база надвор од Багдад.

Свет | пред 7 години

60A5DC4D-94C9-49CF-B79D-F7F6F2B7E738

Кој најмногу донирал за кампањата на Силјановска Давкова? - ДИК го објави извештајот

Кандидатката за претседател поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова во првата половина од претседателската кампања потрошила речиси 163 илјади евра. Опозицискиот кандидат како приходи пријавила 203 илјади евра од донации, се наведува во финансискиот извештај, објавен на веб страната на Државната изборна комисија.Поголемите донатори за камапњата на Силјановска според јавно објавениот  извештај се пратеници и функционери од ВМРО-ДПМНЕ. Најмногу донирал потпретседателот на партијата, Александар Николовски – 180.000 денари, а на листата е и пратеникот Антонио Милошоски со донација од 150.000 денари.

Македонија | пред 7 години

demiri

Почина Алајдин Демири

На 65-годишна возраст, почина Алајдин Демири, поранешен градоначалник на Тетово, и дипломат, политички аналитичар и универзитетски професор. Беше одличен познавач на политичката состојба во земјата и учевствуваше на неколку дебатни емисии низ македонските телевизии, пренесува ТВ21.Погребот на Демири ќе се одржи денеска во Тетово.

Македонија | пред 7 години

vlado-misajlovski

Мисајловски: Македонија нема да оди напред се додека царува корупцијата, додека Заеви и картелот околу нив енормно се богатат...

Македонија не може и нема да оди напред се додека Заеви и картелот околу нив енормно се богатат, а народот станува се посиромашен и заминува од нашата земја. Македонија не може и нема да оди напред се додека Заеви ги шират бизнисите, се делат партиски тендери, криминални иновации, а странските инвеститори даваат една голема нула за бизнис климата, истакна Владо Мисајловски, Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.Заедно не може да одиме напред се додека власта ги вработува роднините, а за најквалитетните нема место за било какво работно место, заедно не може да одиме напред зашто нема реформи во здравството, во економијата, во градежништвото, во образованието, во културата, во екологијата или било кој ресор. Заедно не може да одиме напред зашто оваа власт го постави сидрото и не закотви на дното во било кој поглед.Македонија нема да оди напред се додека царува корупцијата и наместо на рангирањата на Транспаренси да бидеме во друштво на земји членки на ЕУ, се наоѓаме на дното во мртва трка со држави од Африка.Нормално е дека за ова нема да слушнете ништо на митинзите ниту од Заев, ниту од неговата опачина Стево Пендаровски. Нема да слушнете ниту за најслабиот економски раст во регионот, ниту за задолжувањето, ниту за маките на земјоделците кои го фрлаат својот плод.Тие на митинзите се фалат со тоа со што секој еден пристоен и чесен Македонец би се срамел. Се фалат со распродажбата на националните интереси, прифаќањето на грчките црвени линии, промената на името и идентитетот.Време е да ставиме крај на понижувањата. Време е да се вратат честа и достоинството во Македонија. Време е да се испрати порака дека за криминалот и распродажбата на националните интереси ќе се одговара.Затоа ги повикуваме сите граѓани на Република Македонија да ни се придружат вечерва од 19 часот на голем митинг на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ токму пред Владата на Република Македонија.Сега е време сите да се сплотиме и обединиме за една цел, а тоа е Република Македонија.Правда за Македонија има и ќе има, бидејќи татковината повикува, , истакна Владо Мисајловски, Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ. 

Македонија | пред 7 години

FullSizeRender-13-04-19-10-56

Милошевски: За убав град културата треба да биде на пиедестал, ќе поддржиме меѓународни, национално-културни настани...

Уникатните вредности на Охрид ни даваат насока и обврска за културен резултат во секоја активност која ја цениме како промотор на градот, определување на неговите вредности и зачувување на ликот на градотм истакна Д-р Митре Милошевски кандидат за градоначалник на Охрид.За убав град културата треба да биде на пиедестал, а нашата заложба ќе биде одржување што поголем број меѓународни манифестации, национално-културни настани, концерти и претстави, изложби и промоции.Охрид како развиена културна средина да биде театарска и филмска ризница од културни вредности преку:Подрршка за фестивалот Охридско лето како еден од најрепрезентативни фестивали на кој настапуваат врвни светски имиња;Организација и поддршка на Охридската академија на хуманизмот;Прличевите беседи и Поетска ноќ во Велестово да бидат поетски бисери за градот, одржување и поддршка за фолклорните фестивали Охрид фест, Канео фест, Охридски хорски фестивал, Француски филмски фестивал, Фестивалот на Египќани, реномираниот Балкански фестивал на народни песни и ора, и уште многи други.За афирмација на културата и туризмот за убав град вниманието го насочуваме кон:Обележување на културни историски и археолошки локалитети со легенда;Означување на локациите во градот од каде што се напишани староградските песни со кратка легенда и текстот на песната;Поставување рекламни билборди со автентични фотографии од стар Охрид како сведоштво за изгледот на градот во минатото.За убав град зацртаното како цел е реално и остварливо со што културниот живот ќе оди во вистински правец затоа што Охрид го заслужува тоа.5 за театарски и филмски град.5 за победа на Охрид.5 за убав Охрид.Охрид повикува, истакна Д-р Митре Милошевски кандидат за градоначалник на Охрид.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања