Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

Нема фотографија

Малолетно дете каснато од куче во парк

На 13.04.2019 година во 00.50 час. Н.Б(45) од Скопје во Полициската станица од општа надлежност во Драчево пријавила дека на 12.06.2019 година околу 23.00 часот во паркот ,,Бранители“ нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник во пределот на левата надколеница.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

74 годишен Скопјанец каснат од куче

На 12.04.2019 год. во 20.05 часот З.К (74) од Скопје пријавил дека на бул. „Јане Сандански“ бил каснат од куче скитник во пределот на десната нога.

Скопје | пред 7 години

soobrakajna-nesreka

Моторциклист изгубил контрола и излетал од патот, се здоби со тешки телесни повреди

На 12.04.2019 година во 18,30 часот на патот од с.Пепелиште кон армискиот полигон „Криволак“, во близина на бензинска пумпа, Н.С(61) од с.Криволак, управувајќи мотоцикл „Shineray 125“ со велешки регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот.Н.С се здобил со тешки телесни повреди, по што со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Општата болница Кавадарци. Увид на лице место извршила увидна екипа на ПС-Неготино.

Македонија | пред 7 години

marihuana2

Кај Кумановец пронајдена марухуана

СВР Куманово поднесе кривична пријава против А.А.(21) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.На 06.02.2019 во Куманово полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.

Македонија | пред 7 години

pistoli

Оружје и муниција пронајдени кај Скопјанец, еден од пиштолите украден

Секторот за внатрешни работи Скопје - Единица за недозволена трговија, до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против Д.К.(56) од Скопје поради постоење на основи на сомнение дека сторил кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, казниво по член 396 од Кривичниот законик.На 11.04.2019, врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле претрес на дом и други простори на ул.„Дижонска 1“, каде што престојува пријавениот. При претресот биле пронајдени и одземени пиштол „Застава М57“ калибар 7,62мм, пиштол „Црвена Застава М57“ калибар 7,62мм и девет куршуми калибар 7,62 мм.По преземени мерки било утврдено дека еден од пиштолите е предмет на кражба.

Скопје | пред 7 години

audi

Приведен Србин на граница поради украдено „Ауди Q5“

На 12.04.2019 година во 18,40 часот на граничен премин ,,Табановце“, на влез во Република Северна Македонија, по извршена пасошка контрола констатирано е дека Д.П (56) од Република Србија, со српска лична карта и патничко моторно возило марка „Ауди Q5“ со српска национална ознака, сопственост на неговата ќерка М.П., е предмет на потрага поради сомнение за сторено кривично дело ,,тешка кражба“.Лицето е приведено.

Македонија | пред 7 години

Goce_Delčev_spomenik_u_Skoplju

Скопје и Софија ја разгледуваат можноста за заедничко чествување и на Гоце Делчев

На дводневната петта средба на Заедничката комисија за историски и образовни прашања помеѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија, што се одржа во Софија, била разгледана можноста за заедничко чествување и на Гоце Делчев.На средбата што на 10 и 11-ти овој месец се одржа во Софија, биле разгледани неколку прашања од интерес на работата на Комисијата во согласност со Договорот за добрососедски односи помеѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија, објави МИА.-На средбата Комисијата ги разгледуваше меѓусебно разменетите забелешки за бугарските учебници по историја за 5 клас и македонските учебници по историја за 6 одделение, односно за периодот на антиката. Притоа, Комисијата водеше дискусија во однос на одредени делови кои можат да се подобрат. Во однос на ова прашање комисијата дополнително ќе достави предлог со конкретни препораки до соодветните влади и министерства. Исто така, на средбата беше започната дебата за значењата на Гоце Делчев во двете држави и околу можностите за заедничко чествување на Гоце Делчев. Дискусијата по ова прашање ќе продолжи на следните средби, соопшти Македонскиот тим при Заедничката комисија за историски и образовни прашања меѓу Северна Македонија и Бугарија.На претходните средби, заедничката Комисија постигна согласност за препорака до владите на двете држави за заедничко чествување на Св. Кирил и Методиј, Св. Климент Охридски, Св. Наум, Цар Самоил и Григор Прличев. Извор: МИА

Македонија | пред 7 години

2-2

Премиерот Заев се сретна со чешкиот премиер Бабиш

На маргините на Осмиот Самит на Шефови на Влади од земјите на ЦИЕ и НР Кина од процесот на соработка 16+1 се одржа билатерална средба помеѓу Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев и владината делагација и Претседателот на Владата на Република Чешка, Андреј Бабиш.Целта на средбата беше да се афиримираат воспоставените добри билатерални односи и да се отворат нови полиња на соработка во областа на економијата, евроатлантските интеграци на нашата земја, како и во областа на безбедноста и внатрешните работи. Во тој правец премиерот Заев ја спомeна неодамнешната официјална посета на вицепремиерот на Владата на Чешка, Јан Хамачек на Република Северна Македонија како важен поттик за унапредување на взаемната соработка.„Оваа година навршуваме вкупно 25 години од воспоставување на дипломатски односи помеѓу нашите две земји. Република Чешка претставува голем пријател и земја поддржувач. Имаме голем потенцијал да ја зголемиме нашата економска соработка. Трговската размена помеѓу нашите две земји минатата година се зголемила за 10%. Чешките компании се добредојдени и ќе добијат поддршка и третман од државата еднакво како и домашните доколку се одлучат да инвестираат во Република Северна Македонија“, нагласи премиерот Заев.Во однос на нашите евроатлантски интеграции и претстојната важна одлука за почеток на преговорите со Европската Унија, од страна на премиерот Бабиш беше изразено уверување дека Република Чешка ќе и ја пружи потребната поддршка и помош на нашата земја да се донесе позитивна одлука за почеток на преговорите.

Македонија | пред 7 години

clipboard01-620x350-1

Мицкоски му ја честирта победата на Нетанјаху

Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, испрати честитка до премиерот Бенјамин Нетанјаху за победата на парламентарните избори во државата Израел.Во честитката се вели:Дозволете ми да ви ја честитам победата на последните избори во Израел. Искрено Ви посакувам успех и Ви испраќам најдобри желби за просперитет во извршувањето на важните должности за време на вашиот петти мандат како израелски премиер.Довербата што ја имаат граѓаните во вас ја покажуваат високата оценка за вашите напори за одржувањето на просперитетот и благосостојбата на Израел.Израел е клучен партнер на Македонија во многу области, и јас верувам дека нашите две библиски земји под вашето континуирана лидерство ќе останат блиски сојузници кои се длабоко посветени на заедничкото работење за нашиот заеднички интерес.Вашиот успех како претседател на партијата Ликуд и како премиер на Израел е пример за економски развој. Се надевам дека и двете наши држави  ќе продолжат да ги продлабочуваат врските и пријателството помеѓу нашите народи.Господине Премиер, прифатете ги моите најдобри желби и афирмација на нашите интереси за продлабочување на заедничкото пријателство.

Македонија | пред 7 години

sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: Сите релевантни анкети предвидуваат победа на Пендаровски

Сите релевантни анкети предвидуваат сигурна победа на Стево Пендаровски на претседателските избори и сериозна предност уште во првиот изборен круг, се вели во соопштението од СДСМ.Расте поддршката за Стево Пендаровски кај граѓаните. Она што е многу важно е што поддршката за Стево е очигледна од сите етнички заедници.Концептот на Пендаровски и позитивната кампања посветена на визијата за напредокот, за сигурна иднина, членство во НАТО и ЕУ и подобар живот е препознаена од сите граѓани. Од едната страна е Пендаровски кој зборува за напредок, сигурна и стабилна иднина, за заедништво, од другата страна е Гордана Сиљановска која ги брани криминалите на Никола Груевски и зборува за враќање назад.Граѓаните не сакаат враќање назад, неизвесност и нестабилност, граѓаните сакаат иднина, сигурност и стабилност, сакаат напредок и затоа Стево Пендаровски е фаворит на овие избори, се вели во соопштението од СДСМ.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

ВМРО ДПМНЕ: Неправда е кога по седум години убијците на децата при масакрот кај Смилковско езеро, се шетаат на слобода

Неправда е кога по седум години убијците на децата при масакрот кај Смилковско езеро, се шетаат на слобода, а СДСМ притоа си игра со чувствата на граѓаните.Трагедијата која ги снајде семејствата не ги засега Пендаровски и Заев кои ни збор не спомнаа на денот на седумгодишнината од невидената брутална ликвидација на момчињата, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Зоран Заев и Стево Пендаровски четири години ги лажат родителите на убиените кај Смилковско езеро. Две години се власт, а убијците се шетаат на слобода.Зоран Заев и Стево Пендаровски ветуваа дека ќе ја кажат вистината за масакрот кај Смилковско, а веќе две години откако се власт ништо не преземаат.Заев и Пендаровски си поиграа со чувствата на родителите и роднините на убиените и го злоупотребија случајот за политичка пропаганда.Заев и Пендаровски на најдолен и крајно мизерен начин ја излажаа целата македонска јавност.Власта целосно го заборави случајот на кој изгради цела кампања, власта покажа дека само ја манипулираше јавноста.Кацарска судството и Русковска обвинителството и во овој случај како и во сите други само ги извршуваат политичките нарачки на Заев и Пендаровски.Неправдата е симбол за владеењето на СДСМ. Заев и Пендаровски не знаат да владеат поинаку. Неправдата не смее да продолжи. Република Македонија нема потреба од нов Зоран Заев. На Република Македонија и треба чесен претседател, кој ќе ги почитува уставот и законите, како Гордана Сиљановска Давкова, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ. 

Македонија | пред 7 години

avtopat-640x351

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози

ВРЕМЕН РЕЖИМ: Друштвото Асфалт ДООЕЛ Скопје, известува дека порaди изведување на градежни работи за изградба на електронски систем за наплата на наплатните станици за патарина, сообраќајот ќе се одвива согласно Одобренијата за времен режим на сообраќај и тоа на;-наплатна станица Гевгелија во период од 18.03.2019 до 18.09.2019 (делница Демир Капија – Гевгелија)-наплатна станица Демир Капија во период од 11.04.2019 до 18.09.2019 (делница Неготино - Гевгелија)ВАЖНО: Ве информираме дека автопатот Миладиновци – Штип, секција Миладиновци – Кадрифаково и Кадрифаково – Миладиновци не е пуштен за сообраќај. На автопатот се вршат проверки од безбедносен карактер. Апелираме до сите возачи да не го користат автопатот.СЕЗОНСКО ЗАТВОРАЊЕ: Регионалниот пат Р-2332 патен правец Ресен – Охрид(Отешево - Трпејца, преку национален парк Галичица) од 15.11.2018 е затворен за сообраќај. Од охридската страна возилата со вкупна тежина до 3,5 тони можат да соообраќаат само до месноста “Kорита”.Се очекува да биде отворен на 01.05.2019 год.ЗАБРАНА ЗА ТМВ: На 04.04.2019 година од 11:30 часот поради оштетување на мостот во с.Ваташа на регионалниот пат Кавадарци - с.Мрежичко воведена е забрана за ТМВ.ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони.

Македонија | пред 7 години

vreme-oblacno

Времето денеска облачно и нестабилно со локален пороен дожд попладне

Променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и засилен ветер, особено попладне. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни и проследени со грмежи.Променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд и грмежи особено попладне.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Зоран Крстевски: Мудрост и етика

Пишува,  доцент доктор по филозофски науки и универзитетски професор, Зоран Крстевски – за vecer.pressЖивотните вредности не можатда бидат позитивно воспоставени, доколку човекот не  вложува во своето знаење и не постапува одговорно, доблесно и етично. Да се биде во хармонија со себе и со другите, значи дека личноста е карактерно изградена, поседува висока моралност, негува алтруистички дух и умее да направи разлика помеѓу доброто и злото. Самосвестаисестраниот развиток на човековите позитивни својствасе клучен фактор за препознавање и следење на вистинските вредности на животот.Егзистенцијалните проблеми, борби и неизвесности отсекогаш биле карактеристика на човековото живеење, така што немало епоха од развојот на човештвото во која не постоеле воени конфликти, но и стремеж да се пронајде исправниот пат кој води кон прогрес, наместо кон негативните изблици на постоењето. Раѓањето и пренесувањето на вредностните идеали врз идните генерации отсекогаш претставувале суштинска цел, која го облагородува човековиот дух и му дава смисла на неговиот живот.Во античката епоха се сметало дека разумот е најблагородниот дел од човековата природа, а како главен лозунг се наметнало сфаќањето дека „задоволството е исправно само ако води кон доброто“. Знаењето, осознавањето и восприемањето на вредностите претставувало пат кон очовекувањето, хармонизирањето на личноста, доблеста и хуманото суштествување. Основата била да се стекне знаење, бидејќи без мудрост и себеспознание не можело да се чекори по вистинскиот пат. Сократ потенцирал дека „никој не греши свесно, туку од незнаење, непознавање на вредностите и неосознавање на последиците од своето однесување“. Тој укажал дека единствено преку вложување во знаењето може да се осознае доброто и да се отворат предуслови за создавање праведно општество. Тиевредностисе постигнуваат со духовна надградба на личноста, со себеспознание и со иницирање високо ниво на свест за општото добро.Античкиот образовен идеал наречен –паидеија, претставува философска визија за изградба на високоморална, слободна, културна и достоинствена личност. Целта била да се постигне доблесност или арете. Поимањето на доблесноста е во тесна корелација со концепцијата за заемната поврзаност на етичкиот и естетичкиот идеал во единствен вредносен човечки идеал – калокагатија. Тоа подразбирало дека убавото и доброто се совпаѓаат, така што доблесниот човек во својата естетика наедно е и етичен, додека во својата етика е естетичен. Поентата е дека внатрешната убавина на личноста е во интерактивен однос со физичкиот изглед, кој својата вредност ја изразува, единствено ако е проникнат и од добите дела, од духовната хармонија и од убавината на душата.Цел на човековото дејствување е достигнување на највисокото добро, кое според Аристотел е во постигнување блаженство, односно евдемонија (среќа). Тоа ќе го оствариме ако станеме свесни за нашите заблуди, илузии и себеизмами и низ мудроста и етиката ја реализираме вредноста која сите човечки суштества ја сакаат – среќа.Средновековните философски концепции истакнуваат дека знаењето и моралната доблест го трасираат патот кој води кон духовно спознавање и доближување до Бога. Црковниот деец и философ Аврелиј Августин сметал дека сето знаење потекнува од Бога, така што човекот низ образованието и познанието го осознава божјото творештво.Тој потенцирал дека единствено мудриот човек може да биде среќен, бидејќи самиот чин на спознанието на вистината е блаженство, затоа што вистината е дадена од Бога и претставува пат кон Бога.Нововековните мислители, меѓу кои и Лок, Монтескје, Холбах, Русо, Кант, во согласност на својата философска доктрина ја истакнувале важноста на мудроста и етиката.Особено е значајна мислата на Џон Лок, кој сметал дека „разумот мора да биде највисок судија и водич во се“.Моралното воспитување на младите е една од најзначајните човечки дејности. „Човекот мора да се развие од најрана младост до зрелите години низ процесот на образование, бидејќи само преку знаењето може да стане човек“. Оваа согледба на Имануел Кант укажува дека знаењето претставува нужна потреба и есенцијална вредност на човечкото битие.Карактерот, моралниот интегритет на личноста и самовредноста, колку и да зависат од личниот развој на поединецот, тие во голема мера зависат и од стекнатите навики, моралното воспитување и вредностните норми и начела присутни во социјалната средина. Тука ќе наведеме неколку размисли кои ја истакнуваат важноста на моралното воспитување, едукацијата и етичкото образование. Жан Жак Русо во своето епохално дело „Емил или за воспитанието“ има напишано:„Растенијата се облагородуваат со негување, а луѓето со воспитување“.Слични размисли искажал и српскиот поет и моралист Љуба Ненадовиќ: „Младината е цвеќе на човечкиот род, како ќе го воспиташ, таков ќе носи плод“. Силниот карактер и моралниот хабитус на личноста се клучни за напредување во животот. „Не може да го сонувате својот карактер, мора да го искалите како челик“, сметал американскиот философ и писател Хенри Дејвид Торо. Во тој правец оди и размислата на Мартин Лутер Кинг: „Интелигенција плус карактер – тоа е целта на вистинското образование“. Овие согледби укажуваат дека воспитувањето и образованието во голема мера го креираат човековиот ум и дух.Природата на етиката е исклучително значајна и диктира размислувања за правдата, должноста, солидарноста, чесноста, одговорноста, грижата, сочувствителноста, дијалогот, соработката итн. Овие категории се значаен дел од етичкото образование.Општата несигурност создаде итна потреба од етика. Лошото дејствување предизвика депресии, стравови, незадоволства и неизвесности. Семејствата се распаѓаат, доминираат измами и интриги, а во меѓучовечките односи се повеќе владее недоверба. Од друга страна, се помалку се извршува должноста, запоставена е одговорноста, а совеста се поретко е морален судија. Летаргијата и незаинтересираноста за етиката и општото добро многумина ги натера да ги релативизираат моралот и духовните вредности. Разните општествени аномалии, деструктивни цели и постапки, предизвикаа добриот и совесен човек да вложува голем напор за да го идентификува злото и навреме да се заштити од негативните вибрации на околината. Деградацијата на етичките стандарди на постапување придонесе да опадне квалитетот на животот и да се загрози напредокотна заедницата.Етиката е единствениот начин за каков било опстанок денес. Сите луѓе мора да станат морални. Животот мора да стане етичен, порача Мајка Тереза. Таа со личен пример покажа дека за да бидеме среќни не е потребно да поседуваме големо богатство, туку да иницираме милосрдие, љубов и добрина.Ако сакаме да ја постигнеме среќата и да се извлечеме од сивилото на егзистенцијата, неопходно е да ги препознаеме своите вредности; да работиме на хармонизирање на личноста; да имаме визија и позитивно да ја определиме својата цел. Тоа ќе го постигнеме ако фокусотго насочимекон мудроста и етиката, како и кон афирмативниот пристап во животот.Односот кон себе е клучен за личниот развој и за етичкото воздигнување на личноста. Тој подразбира самокритичност,самодоверба, перспектива, предизвик, правилно постапување и градење позитивен однос кон сопствените вредности.Односотшто го имаме кон другите луѓе пак, покажува колку духовно сме созреани. Мудрост е кога бираме да комуницираме со позитивни лица, внимаваме на ситуациите и поединците кои можат да ни предизвикаат стрес, не дозволуваме емоционално да не повредат туѓите негативни вибрации и се фокусираме кон обврските што создаваат позитивни резултати.Оптимистичка визија бара да го правиме она што отсекогаш сме го сакале, но само доколку со своите постапки не ги повредуваме другите и не ги нарушуваме постулатите на етиката.Современиот човек упорно се бори да допре до миговите на среќа, несфаќајќи дека за да го постигне тоа не му се потребни големи материјални богатства, висок статус во општетството, моќ и слава, туку позитивен пристап, ведрина, опуштеност, сталоженост и добрина.Затоа, сите ние треба да ги имаме на ум зборовите на Имануел Кант дека „луѓето можеме да ги направиме среќни, само ако ги поттикнеме кон мудроста и етиката“.

Коментари | пред 7 години

davidovski-poternica

По потерница од Интерпол во Шведска е уапсен Дејан Давидовски, обвинет за настаните од 27 април

На аеродром во Стокхолм е уапсен Дејан Давидовски, кого македонските власти го бараат по потерница од Интерпол за настаните во Собранието од 27 април, потврдија за МИА од Јавното обвинителство.Давидовски е уапсен на аеродромот во главниот град на Шведска, каде пристигнувал од Софија.Во земјава веќе се преведуваат докази со кои ќе се бара негова екстрадиција, а тој бил уапсен на 7 април.Давидовски бил во групата маскирани лица, кои упаднаа во Собранието и против него е покренато обвинение за  сторено кривично дело по  член „313“ од Кривичниот законик.

пред 7 години

struga-funkcioner

Кој функционер на СДСМ гради во езерското крајбрежје во Радожда?!

VOX Struga од блиски извори дознава дека висок функционер на СДСМ (директор), гради во крајбрежјето во влезот на село Радожда.Според фотографиите и видеото кое го објави порталот граден е ѕид од камења и бетонска плоча каде што се подготвува изградба на објект, кое како што дознава VOX Struga ќе биде мала викендица.Последните денови многу граѓани, организации и политички субјекти пријавуваа нелегални градежни работи во струшкото крајбрежје, но комисијата која што излезе на терен не се сложува со пријавите. Според нив, нема ништо незаконско на брогот од Езерото. Текстот и видеото на овој линк

Македонија | пред 7 години

pretepal-do-smrt

Двајца браќа под истрага за нанесување тешка телесна повреда

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против двајца браќа, од кои за едниот постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Тешка телесна повреда од член 131 став 3 од Кривичниот законик, додека другиот е осомничен за помагање при извршување на истото кривично дело.Првоосомничениот, помогнат од второосомничениот, на 23.03.2019 година, во кафе бар во селото Марино, со умисла тешко телесно повредиле едно лице, при што му уништиле важни органи и му го загрозиле животот. Имено, кога оштетениот пристигнал во кафе барот со негов пријател, бил пресретнат најпрво од второосомничениот, кој се удрил со рамото во него, а потоа со бокс го удрил во пределот на лицето. Во тој момент дошло лице од обезбедувањето на локалот кое ги раздвоило. Но, нешто подоцна пред влезот на дискотеката оштетениот повторно бил пресретнат од двајцата осомничени. Второосомничениот го фатил за гуша, а од неговата лева страна дошол првоосомничениот и го забодел со нож во пределот на левиот долен дел од стомакот.  По ова, осомничените го напуштиле местото на настанот.Бидејќи постојат околности што укажуваат дека постои опасност од бегство и постојат особени околности кои укажуваат дека осомничените би можеле да влијаат на сведоците и кои го оправдуваат стравот дека би можеле да го повторат кривичното дело, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави и Предлог за определување мерка притвор за двете осомничени лица. 

пред 7 години

IMG_0576

Пред Велигден, ќе се реконструира дел од внатрешноста и надворешноста на црквите Св. Ѓорги и Св. Никита

Денес секретарот на Општина Кисела Вода, Александар Алексовски и Зоран Ацевски, член на Советот на Општината беа во посета на една од најстарите цркви во Скопје, црквата Св Ѓорги, лоцирана во урбаната заедница Кисела Вода.Таму секретарот и советникот остварија работна средба со отец Ангел од кој побараа да ги информира за состојбата и потребите на црквата.При оваа средба тие направија увид околу нејзиниот двор, ја посетија и црквата Св. Никита која се наоѓа во истиот,  со цел да ги детектираат недостатоците, како би можела локалната самоуправа пред големиот христијански празник Велигден да излезе во пресрет за отстранување на проблемите кои постојат.Во периодот што следува ќе се реконструира дел од внатрешноста и надворешноста на црквите Св. Ѓорги и Св. Никита, ќе се изврши санација на патот кој води до нив, а ќе се подобри и неговото осветлување.Датирањето на црквата Св. Ѓорги според легендите се поврзува со времето на царот Јустинијан од почетокот на 6 век. Воедно, оваа црква е најпосетена од страна на верниците за празникот Ѓурѓовден, празник кој е патронат на Општина Кисела Вода. Во дворот на црквите постоел извор за вода по кој населението ја именувало населбата. 

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Билатералнка средба Шилегов - Велиај

Во рамките на вториот ден од генералното собрание на Мрежата на здруженија на локалните власти од Југоисточна Европа (НАЛАС) што се одржа во Скопје, градоначалникот Петре Шилегов оствари билатерална средба со градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај.Двајцата градоначалници разговараа на повеќе теми од областа на локалната самоуправа, со акцент на можностите за забрзан економски развој на Скопје и на Тирана и за концептот на паметни градови. Тие разменија позитивни искуства за одржливиот урбан транспорт, инфраструктурните решенија и подигнувањето на комуналната хигиена.Шилегов и Велиај се осврнаа и на добрата соработка што ја негуваат двата града и нагласија дека во наредниот период ќе работат таа соработка да се продлабочи.

Скопје | пред 7 години

nance

Трендафилов: Прво направете па после раскажувајте за идни проекти

„За кои визии, за кои проекти се зборува? Во епицентарот на Охрид, на  пристаниште, место број еден, кое боде очи, кај што секој турист  застанува, дозволувате ова „чудо“ да се гледа?! Не успевате да санирате  минорна работа. Кои визии, кои бакрачи! Прво направете па после раскажувајте за идни проекти. Погледнете само неколку слики од пред 50години.Пристаниште, Палас, живот, убавина! Тогаш можеше, денес не. Нели е многу малку чудно?! За жалење е! Јас сакам Охрид да остане во паметење, по печатот што јас ќе го оставам, истакна кандидатот за градоначалник од ГДУ, Кирил Трендафилов Нанче“https://www.facebook.com/MihailTrendafilovNanche/videos/338063550397880/?v=338063550397880

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците во централното подрачје на Град Скопје

Поради најавените настани во организација на политички партии утре и задутре (13 и 14.04.) Одделението на безбедност на сообраќајот при СВР-Скопје ќе воведе посебен сообраќаен режим за сообраќајници кои ќе бидат опфатени со настаните.Така на 13.04.(сабота) поради закажаниот митинг на политичката партија ВМРО- ДПМНЕ за 19.00 часот пред Влада на Р.С. Македонија, ќе се воведе посебен сообраќаен режим кој ќе започне од денеска (12.04.) од 19.00 часот се до 13.04. до 24.00 часот и ќе се однесува на затворање на дел од булеварот „Илинден“ на потегот од крстосницата со булеварот „Гоце Делчев“ до крстосницата со булеварот „Свети Климент Охридски“.Исто така, задутре, поради маршот организиран од политичката партија СДСМ, чиј што почеток е закажан за 12.30 часот, за сообраќај ќе бидат затворени улиците по кои што ќе се одвива настанот. И тоа, почнувајќи од Соборниот храм „Свети Климент Охридски“, потоа право по булеварот „Партизански одреди“, десно по улицата „Васил Главинов“, па лево по улицата „Димитрие Чуповски“, право до крстосницата помеѓу улицата „11-ти Октомври“ и булеварот„Кочо Рацин“.Потоа, од пред МТВ и МАНУ право по булеварот „Крсте Петков Мисирков“, право по булеварот „Кочо Рацин“ до крстосницата со улицата „11-ти Октомври“, како и од пред Транспортен центар право по булеварот „Кузман Јосифовски Питу“, лево по булеварот„Кочо Рацин“ до крстосница со улицата„11-ти Октомври“.Исто така, ќе биде затворена делницата од Тутунски комбинат право по улицата „11-ти Октомври“ до крстосницата со булеварот „Кочо Рацин“, како и од крстосницата помеѓу булеварот „Кочо Рацин“ и улицата „Беласица“ право по булеварот „Кочо Рацин“, десно по улицата „Свети Кирил и Методиј“ до седиштето на ЕУ, каде што во 14.00 часот ќе се одржи митинг.Покрај ова, од 13.04. од 14.00 часот до 14.04. до 24.00 часот, ќе биде затворена за сообраќај улицата „Свети Кирил и Методиј“ и тоа на потегот од крстосницата со булеварот „Кочо Рацин“ до крстосницата со булеварот „Свети Климент Охридски“.Поради сето ова МВР ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците во централното подрачје на Град Скопје.

Скопје | пред 7 години

12-1

Се унапредува едукацијата на полициските службеници

„Едукацијата, професионалното и стручно усовршување на полициските службеници како  императив сам по себе, мора и треба да биде континуиран процес во кој постојан стремеж, меѓу другото, ќе биде и следењето на сите нови технолошко-образовни стандарди. Сето ова со една цел - позиционирање на полицијата како реален сервис на граѓаните и силен гарант во остварувањето на сите нивни права и слободи дефинирани како темелни уставни и општественивредности“, рече денеска министерот Оливер Спасовски во Центарот за обука во Идризово, каде  заедно со шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Клеменс Која присуствуваа на  промоција на апликација за паметни телефони ,,Улогата на полицијата за време на избори“.„Денеска, а во пресрет на изборите за претседател на Република Северна Македонија, тука во  Центарот за обука во Идризово, во рамки на опсежните подготовки на Министерството за  обезбедување на претстојниот изборен процес во насока на негово мирно и непречено  одржување, се промовира уште еден, според мое длабоко уверување, важен исчекор во насока  на квалитетна и ефикасна едукација на полициските службеници. Овојпат, тоа мора особено да се  подвлече, надополнето со можноста граѓаните непосредно да имаат увид во полициските  овластувања и надлежности околу самиот избирачки процес. Имено, во соработка со нашите  партнери од мисијата на ОБСЕ во нашата земја, и од нивна страна ангажираната компанија се  изработи апликација преку која во секое време може да се има точен увид во законската  регулатива, а таа е достапна и на пошироката јавност преку лесно симнување од интернет   страната на Министерството за внатрешни работи“, рече министерот Спасовски.На овој начин не само што дополнително се скратува времето за обука и се врши соодветно   искористување на обучувачките и другите ресурси, туку се овозможува транспарентна е-обука на  полициските службеници, на начин што и граѓаните ќе бидат запознаени со целосната нејзина   содржина.„Благодарение на успешната и континуирана соработка на МВР со Мисијата на    БСЕ,Министерството започна еден нов модерен пристап во учењеистручноусовршување на вработените за одредени знаења и вештини.Всушност токму овој проект е дел   од концептот на е- учење при Центарот за обука на министерството, што во соработка со мисијата   на ОБСЕ успешно се реализира и унапредува веќе неколку години како незаобиколен дел од   системот на образование и обука кај кандидатите за полициски службеници во Центарот“, рече   Спасовски.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Едно лице под истрага за неовластено пуштање во промет марихуана во Гостивар

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице осомничено дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.Осомничениот, во својот дом во селото Чегране, неовластено заради препродажба држел опојна дрога – марихуана со вкупна нето маса од 2.819,5 грама. Дрогата била пронајдена при претрес во една од помошните простории во дворот од куќата на осомничениот.Ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Гостивар достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.

пред 7 години

marihuana2

Поднесен обвинителен предлог за неовластено пуштање во промет наркотичнa дрогa од помало количество

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот суд Скопје 1 Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за сторено кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.На 10.04.2019 година, во својот дом на ул. „Лазар Трпковски“ во Скопје, обвинетиот 29-годишен скопјанец неовластено заради продажба држел наркотична дрога кокаин со вкупна маса од 1,77 грама, спакувана во шест полиетиленски пакувања. Дрогата неовластено ја набавил заради продажба од непознато лице.При претресот на домот на обвинетиот од страна на овластени службени лица била пронајдена и една дигитална вага со остатоци од кокаин.Надлежниот јавен обвинител до судот достави и предлог за продолжување на определената мерка притвор, бидејќи се уште постои опасноста од бегство како законски основ заради кој оваа мерка првично била определена, а особено со оглед на тоа што се работи за лице кое и претходно е осудувано за ист вид кривично дело.

пред 7 години

turisti

Презентирани начините за добивање субвенции за организиран туристички промет пред тур-операторите во Охрид

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот денеска во Охрид пред домашните тур-оператори ги презентираше начините за поднесување барање за субвенции.Директорот на Агенцијата Љупчо Јаневски во обраќањето нагласи дека има доволен буџет за исплата на сите поднесени субвенции. Минатата година за таа намена биле потрошени 77 милиони денари.– Субвенциите редовно се исплаќаат, буџетски средства има. Во 2018 година најавив дека во координација со сите субјекти во туризмот треба да создадеме нов систем на субвенционирање, кој ќе помогне и дополнително ќе го зајакне македонскиот туристички сектор. Лични мои предлози се измени во исплатата според категоризацијата на сместувањето, преку зголемување просечниот престој во земјата, зависно дали туристи се носат во или надвор од сезона… Се надевам дека во таа насока ќе бидат и елементите кога се во прашање изедначувањата на одредени пазари, рече тој, притоа уверувајќи ги претставниците на тур-операторите дека секој субјект што има поднесено исправна и целосна документација за субвенционирање ќе добие помош од државата.Тур-операторите пак призаваат дека субвенциите што ги дава државата за поддршка на туризмот придонесуваат за покачување на туристичкиот промет, со најмногу забелешки со забелешка дека се соочуваат со одредени технички проблеми, меѓу кои толкувањето на правилникот, како и некои нелогичности.– Субвенциите се исплаќаат редовно, но има одредени законски толкувања што пречат, оттаму потребата од измени во легислативата и начинот на определувањето на субвенционирањето, изјави Асим Челик од туристичка агенција „Охрид холидејс“ што е македонскиот партнер на „ТУИ“.Според досегашната практика, за секој турист од странство донесен со авионски превоз преку тур-операторите државата преку субвенции плаќа по 65 евра. Проблемот, според тур-операторите е тоа што таа субвенција за гости кои престојуваат во хотел од висока категорија можеби не е многу, но за приватно сместување каде цената на сместување е пониска од самата субвенција укажува на нелогичност.Инаку, податоците на „Евростат“ покажуваат дека Република Северна Македонија минатата година бележи највисоко ниво на зголемување на вкуониот број ноќевања на европско ниво и тоа за 22,1 отсто, како и оти за прв пат после девет години се зголемил и просечниот престој на туристите во земјата.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања