Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

282559-0.Basic-duel

Пендаровски во тесно водство пред Силјановска

Стево Пендаровски има тесно водство во однос на Гордана Силјановска Давкова пред претседателските избори на 21 април, покажа анкетата на „Детектор“ објавена на Сител.За кандидатот на СДСМ и владината коалиција со сигурност би гласале 28,8 отсто, додека за конкурентот поддржан од ВМРО-ДПМНЕ својот глас потврдиле дека ќе го дадат 26,6 отсто. За Блерим Река, зад кого стојат Беса и Алијансата за Албанците, би заокружиле 7,1 проценти од испитаните гласачи.Кај етничките Македонци води Силјановска со 35,8 отсто, додека Пендаровски има над 17 отсто кај албанските гласачи. Силјановска води кај другите етнички заедници.Со оглед на тоа што сите кандидати се професори, направено е посебно испитување кај студентите, а таму води Пендаровски со 26,1 отсто. Тој е најпопуларен и кај јавната администрација со 39,1 отсто пред Силјановска со 32,2 отсто.69,3 отсто рекле дека ќе излезат на гласање од тие што живеат во Македонија, односно не се иселени во странство.Само 6,3 проценти одговориле дека треба да се бојкотираат изборите

Македонија | пред 7 години

igor-durlovski-1

Дурловски за Беличанец: Најчесто доцниме со некој убав збор…p

Оперскиот пејач Игор Дурловски од актерката Билјана Беличанец се прости со зборовите:“Најчесто доцниме со некој убав збор…Мирен пат Билјана Беличанец”, напиша тој.

Македонија | пред 7 години

ohrid-ezersko-derbi

Навивачи од навивачката група „Паткари“ се втурнале во навивачката група „Рибари“

На шести април оваа година околу 20 часот, на спортско-рекреативниот центар „Билјанини извори“ во Охрид, за време на спортски натпревар, предизвикано е насилство со тепачка. Најнапред, двајца навивачи од навивачката група „Паткари“ од Струга, се втурнале во навивачката група „Рибари“ од Охрид а потоа и кон полициските службеници кои, преземале службени мерки за безбедност. Притоа, Б.Б. (20) од Струга физички нападнал униформиран полициски службеник. СВР Охрид презема мерки за идентификација на неколку лица-членови на двете навивачки групи, кои, учествувале во насилството. 

Македонија | пред 7 години

siljanovska-davkova

Силјановска: Таа имаше уште толку многу да ни даде нам и на театарската уметност

Професорката Гордана Силјановска Давкова која е и кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за претседател на претстојните избори, се прости од Билјана Беличанец Алексиќ.„Секоја загуба боли. Веста за секоја смрт погодува. Но, најголем вознемир предизвикуваат вестите за нечија прерана смрт. Посебно кога смрта не била судбина…Длабоко ме потресе веста за заминувањето на личност како Билјана Беличанец-Алексиќ, чиј лик и глас допирал во секој наш дом, кој ни станал близок и кој ќе ни остане врежан во сеќавањата. Таа имаше уште толку многу да ни даде нам и на театарската уметност.Но, ќе остане запомнета, меѓу другото, и како една од ретките жени градоначалнички во Република Македонија. Нека почива во мир“, напиша Силјановска Давкова.

Македонија | пред 7 години

Hvataj

Денес е Благовец: Eве што треба да направите на овој ден

Празникот Свето Благовештение се вбројува во постојаните празници и секогаш е на 7 април според новиот, (или на 25 март според стариот) календар.Меѓу народот повеќе е познат како Благовец, Благоец, Блошчојне и слично, и се смета за тежок празник поради што тогаш не се работи.Некои дури го сметаат за голем празник како Велигден поради што се вели: „Благовец, прв ден Велигден“. Тогаш се оди на именден кај оние што имаат име Благоја, Блаже, Благојка, Благица итн.Свето Благовештение е празник на Пресвета Богородица, но некои го сметаат и за празник Господов.Според народните верувања овој ден е благ, па и раната не боли, па затоа на малите деца им ги дупат ушите за обетки.Со Благовец е поврзано и доаѓањето на птиците преселници, штркот, ластовицата, кукавицата, пупунецот, славејот и др. Се верува дека тие ќе дојдат на овој ден дури и да врне снег.Се верувало дека Благовештение жените не треба да се чешлаат.Оние кои сакаат да имаат деца да појдат во црквите и манастирите, на иконите посветени на Благовештение и да се помолат.

Македонија | пред 7 години

BZEG4qqCUAAKjB3

Зафирчев за Беличанец: Не напушти на најтрагичниот од сите можни начини

Актерот Васил Зафирчев се прости од својата колешка Билјана Беличанец, која вчера беше пронајдена мртва.„Билјана Беличанец. Ретка билка со раскошен талент за цветање. Можеше да даде уште многу цутови. И сакаше. А не напушти на најтрагичниот од сите можни начини. Како вистинска античка хероина. Вечна пролет за неа и за нејзиниот редок и убав цвет“-напиша тој.

Македонија | пред 7 години

vesna

Весна Бејби во шок по смртта на Беличанец: Мирно небо Бибс!

Актерката Весна Бејби изрази сочуство со својот Фејсбук профил за прераната смрт на нејзината колешка и пријателка Билјана Беличанец.- Почивај во мир драга моја Беличанец, напиша таа.https://www.facebook.com/bejbimama/posts/10219114733637994:0

Македонија | пред 7 години

mickoski

Мицкоски за Беличанец: Луѓето кои со своите дела оставаат трага никогаш не умираат

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и лидер на опозицијата, Христијан Мицкоски, денеска на Фејсбук се прости со Билјана Беличанец Алексиќ.- Луѓето коишто со своите дела оставаат трага никогаш не умираат. Почивај во мир Билјана, напиша тој.

Македонија | пред 7 години

pendarovski4

Пендаровски: Во 2014 јас не изгубив од Иванов, туку луѓето беа натерани да гласаат за него

Промената на демократскиот амбиент е една од причините зошто професорот Стево Пендаровски, одлучил да се кандидира повторно за претседател на државата. Тој вели дека во 2014 не изгубил, туку резултатот се должел на изборниот фалсификат, за кој, вели Пендаровски, се водат истраги, пишува Фокус.–Ние бевме заробена држава во тој период, не по моја или ваша констатација, туку според ЕК, според Брисел, од неколкумина. Ниту имавме рамноправен пристап кон медиумите, државните ресурси беа злоупотребувани за партиски кампањи… Главната причина е што сега во демократски амбиент луѓето имаат право да ја кажат својата волја за кандидатите, а тогаш тие тоа го немаа. Во 2014 година јас не изгубив, туку луѓето беа натерани да гласаат за еден кандидат наспроти друг и тој изборен инженеринг во неколку предмети е третиран од СЈО. На локалните избори 2017 година дотогашниот режим беше тотално поразен – вели Пендаровски.

Македонија | пред 7 години

11052506_727880334000145_8851328751471671259_n

Ксенија Николова: Замина талент кој скришно се бореше со внатрешни демони

Писателката Ксенија Николова на својот фејсбук профил се прости од Билјана Беличанец.„Почивај во мир, драга Туфи, прекрасна дамо Беличанец.Секој пат кога ќе чујам за смрт, јас се потресувам, дури и да не знам за кого станува збор, јас се потресувам. Таква сум.А, кога од светот ќе замине талент кој скришно се бори со внатрешни демони, срцето ми се распарчува.Се плашам, се плашам од тоа каде оди светот, а колку ние се’ уште молчиме.Демоните не’ грицкаат, нас ни е тешко да признаеме, затоа што ако признаеме, кој ли ќе не’ разбере низ што поминуваме?!Менталното здравје пријатели, тоа е тема за која треба да се зборува.Да имаме емпатија и да даваме помош, да не чекаме да ни ја побараат“, стои во објавата.

Македонија | пред 7 години

Timot-od-Blaze-Koneski

Основци од Македонија меѓу најдобрите во кодирање во Западен Балкан

Осмоодделенците од училиштето „Блаже Конески“ од Прилеп, Петар Апостолоски, Антонио Барлески и Михаела Наумоска, со нивниот систем за спречување и намалување на последиците од сообраќајни несреќи креиран со помош на уредот микро бит, го освоија второто место на Регионалниот натпревар за кодирање. Овој натпревар се одржа во Белград во рамките на Дигиталниот самит за Западен Балкан, во организација на Британскиот совет.Учесниците на Регионалниот натпревар во кодирање имаа задача да направат проект со кој ќе решат некој реален проблем со помош на микро бит, џебен компјутер со големина колку дланката. Вкупно 13 училишта од шест земји од Западен Балкан учествуваа во натпреварувањето, кое е дел од проектот „Училишта на 21 век“ што го спроведува Британскиот совет. Од Македонија на регионалниот натпревар учествуваа седум ученици од тимови од две основни училишта, „Блаже Конески“ од Прилеп и „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје.Проектот на тројцата основци од Прилеп е насловен „Транспортен информационен систем со употреба на микробит“.- Системот е составен од хардвер и софтвер кој овозможува подобро надгледување и контрола на сообраќај и оптимизација на сообраќајниот тек. Во него се вклучени камион и станица за прием на сигналите од камионот, при што на камионот се поставени 3 микро бит уреди. Едниот ја мери надворешната температура и го предупредува возачот за ниската температура со звучен сигнал и палење на светло. Вториот при удар испушта звучен сигнал и пали две лед диоди, додека третиот микро бит уред при голем потрес или удар испраќа сигнал за помош. Со намалување на дневната светлина ги пали лед диодите на микробит уредот. Со помош на микробит уредите, кои се потпираат на сензори, овој информационен систем му помага на возилото во несоодветни услови, предупредува на опасност од удари и обезбедува контрола над возилото и возачот во случај на опасност – објаснуваат учениците како функционира нивниот проект.Првото место на регионалниот натпревар го освои тим од Босна и Херцеговина, чии членови Ана-Марија Тодоровиќ и Немања Рикиќ го претставија проектот за паметна куќа управувана од сензори и поврзана со мобилна апликација. Македонските основци го поделија второто место со тим од Косово, додека третото место му припадна на тим од Црна Гора.Награда за победничкиот тим е патување на Интернационалниот саем на нови технологии Бет Шоу Едукејшн (Bett Show Education) што ќе се одржи во јануари следната година во Лондон.- Имавме можност да ги видиме проектите на училиштата кои беа дел од пилот-фазата на програмата што се имплементираше во изминатите две години. Благодарение на инвестицијата од 10 милиони фунти од Владата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, сега сите училишта во Западен Балкан имаат свои микро бит уреди. На овој начин, Британскиот совет ќе овозможи милиони ученици да стекнат нови дигитални вештини, како и вештини за критичко размислување и решавање проблеми што ги бараат модерните работодавци – рече Клер Сирс, директор на Британскиот совет за Западен Балкан.Во оценувањето на проектите, жирито го зеде предвид критичкото размислување и решевањето проблеми, како и тимската работа и вештините за кодирање.- Паметна куќа, сензори за паркирање, медицински тајмер, се само некои од проектите со кои младите луѓе покажаа бескрајни можности работејќи со микро бит. Најголемата предност на овој уред е тоа што технологијата повеќе не е присутна само на СТЕМ субјекти, туку има своја употреба и во учење на јазици, музика, историја, географија – рече Магда Вуд, претседател на жири-комисијата и раководител на учење во Микро бит фондацијата.Програмата „Училишта на 21 век“ ги поврзува сите ученици од земјите од Западен Балкан на заедничка платформа со 10 водечки светски земји во областа на математиката и науката.Тригодишната програма „Училишта на 21 век“ во Македонија и во другите земји од Западен Балкан ја спроведува Британскиот совет, во соработка со релевантните министерства и институции од областа на образованието. Програмата опфаќа над 4.000 училишта во регионот за кои обезбедува ресурси, алатки и тренинг за да можат сите ученици да добијат можност да се стекнат со вештини на иднината.

Македонија | пред 7 години

biljana-belicanec-8983298932

УЖ на ВМРО-ДПМНЕ: Беличанец беше брилијантен актер, мајка и сопруга

Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, изразува најдлабоко сочувство за големата загуба, во телеграма со сочувство која ја испрати до семејството на Билјана Беличанец Алексиќ, која вчера беше пронајдена мртва.-Билјана Беличанец беше член на ИК на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ, жена градоначалник, беспрекорен работник, полна со љубов и разбирање. Но пред се беше, брилијантен актер, мајка и сопруга.  Ќе ни недостасуваш Билјана. Почивај во мир. Сочувство до семејството, се наведува во телеграмата.

Македонија | пред 7 години

zaev-hrvtska-2

Заев призна дека му нудел на Мицкоски влез во Влада, под услов промена на име

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од Битола пред два дена обелодени дека Зоран Заев му нудел техничка влада и министерства, а за возврат барал да го поддржат Договорот со Грција.Мицкоски, ваквиот предлог го одбил, со образложение дека честа и достоинството немаат цена.Во интервју за ТВ Тера, премиерот Заев призна дека му го понудил ова на Мицкоски.-Таму на преговорите, ние не бевме сами, таму беше Али Ахмети, беше Билал Касами од БЕСА кога разговаравме. Реков дека сум спремен да седнеме заедно и да го поддржиме Договорот и да го истуркаме процесот и постапката, фондови, преговори со ЕУ, ратификацијата со НАТО, комплетно заедно. Не, не сакаше, истакна Заев.Тој посочи дека не му понудил 5 министерства на Мицкоски бидејќи СДСМ во Владата има 9.– Тоа не е така, тоа не е од татко ми. Повикот беше заедно да се договориме. Мој е мандатот, немам проблем, го имам. Мојот мандат ќе го поделам ВМРО-ДПМНЕ, но тој одбил, истакна Заев.

Македонија | пред 7 години

MV5BMDRlY2RiNjYtYmJiMi00YWQyLWFhNDEtNWFkMTljNzQwYjQxXkEyXkFqcGdeQXVyMjUyODgyMDg@._V1_SY1000_SX1500_AL_

Јелена Јованова со емотивна порака до починатата Беличанец

Актерката Јелена Јованова на својот фејсбук профил се прости од Билјана Беличанец.”Се надевам дека сега си на подобро место. Се надевам дека таму нема да си изневерена од никого…Се надевам дека таму ќе си прегрната од љубов која овде ти недостигаше…Толку многу даде, а уште колку многу остана.Тешко и за неверување маме. Ти благодарам за СЕ! Почивај во мир Билјана Беличанец.”, стои во објавата на Фејсбук.

Македонија | пред 7 години

policija-6

Кафеана во Тетово давала алкохол на малолетници, полицијата ги фати на дело

На 06/07.04.2019 година во времето од 23,30 до 01,30 часот од страна на полициски службеници од СВР-Тетово извршена била акциска контрола во угостителски објект лоциран на улицата “Борис Кидрич“ во Тетово при што биле затекнати девет малолетни лица како консумирале алкохолни пијалоци. По целосното документирање, ќе следат соодветни поднесоци. 

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Собраниска делегација на 140. Собрание на ИПУ

Претседателот на Парламентот Талат Џафери ќе учествува на 140. Собрание на Интерпарламентарната унија што од 6 до 10 овој месец се одржува во Доха, Катар.Покрај претседателот Џафери, во работата на Собранието на ИПУ ќе учествуваат и пратениците, членови на Делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија во ИПУ, Ејуп Алими, Јулијана Николова, Димитар Стевананџија, Африм Гаши и Диме Велковски како и Генералниот секретар на Собранието, Цветанка Иванова.Претседателот Џафери ќе има свое обраќање на генералната дебата на тема „Парламентите како платформи за зголемување на едукацијата за мир, безбедност и владеење на правото.“Во рамките на настанот, претседателот Џафери ќе оствари и билатерални средби со г. Иракли Кобахиѕе, претседател на Парламентот на Грузија, г. Анџело Фаруџа, претседател на Претставничкиот дом на Република Малта, г. Зигфрид Браке, претседател на Претставничкиот дом на Федералниот парламент на Белгија и г. Нурлан Нигматулин, претседател на Мажилисот на Република Казахстан.

Македонија | пред 7 години

biljana

Тасевски за Беличанец: Ти си една од најдобрите глумици во Македонија на сите времиња

Актерот Сашо Тасевски, сподели со јавноста една анегдота поврзана со актерката Билјана Беличанец Алексиќ, која вчера беше пронајдена почината во својот дом. Случката која ја раскажува Тасевски ја доловува потребата на Беличанец да биде во својот матичен театар, каде работела од 1997 година.„Билјана Беличанец влезе во канцеларијата. Два месеци откако ме назначија за директор. Седна како на жар карши мене, зад клуб-масата. Да и пратам порака дека е добредојдена и влегува дома, станав од директорската фотеља и седнав кај клуб масата. Ја понудив кафе, одби. Дојдов само нешто да ти кажам., рече. Те разбирам ако ме држиш на страна, ако не добивам улоги, зашто бев функционер кај оние, само дозволи ми да бидам овде, да го дишам театарскиот воздух. Стави ме и во шивална, ќе шијам, само да сум тука. Беше сериозна, а јас се насмеав. Реков: Билјана ти си една од најдобрите глумици во Македонија на сите времиња. Треба да играш и сакам да играш, ама не со игла и конци, туку на сцена. Таму би била од најголема помош. Имаш сојузник во мене. Сепак не заигра, иако требаше да игра главна ролја во една претстава, тоа се изјалови од други причини. Нејсе, затоа со ќеф прифати да биде дел од уметничкиот совет, кога ја поканив, откако ме предупреди дека може да си имам проблеми што е она во него. Баш ме заболе и реков. Се сеќаваш што ти кажав во канцеларија ко дојде? Се насмеа. Е па уште го мислам тоа и реков. И секогаш ќе го мислам. Го мислам еве и сега. Најдобра“, напиша Тасевски на својот фејсбук профил.

Македонија | пред 7 години

kir0628

МВР: Беличанец ја пронашол нејзиниот сопруг

Од Министерството за внатрешни работи излегоа со официјални информации за смртта на актерката Билјана Беличанец Алексиќ.Оттаму велат дека синоќа околу 22.30 часот, во полициска станица Центар, С. М. пријавил дека на улица „Истарска“ во неговиот стан ја пронашол мртва неговата сопруга Б.Б.А. (45) од Скопје.Од страна на Итна медицинска помош е констатирана смрт.Извршен е увид, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено на Судска медицина за обдукција.

Македонија | пред 7 години

biljana-belicanec-960x540

Телото на Беличанец предадено на обдукција

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје заедно со увидни екипи од Министерството за внатрешни работи и со лекари по судска медицина синоќа изврши увид на лице место во стан во Скопје, каде беше пронајдено телото на актерката Билјана Беличанец. Безживотното тело на починатата го пронашол нејзиниот сопруг, кој ја известил полицијата.Телото на починатата е предадено за обдукција, а јавниот обвинител издаде и наредба за вештачење на трагите подигнати и обезбедени на лице место.

Македонија | пред 7 години

biljana-belicanec-960x540

Жугиќ се прости од Беличанец: Бескрајно ќе ни недостастуваш

Актерката Јелена Жугиќ на својот фејсбук профил се прости од Билјана Беличанец.„Почивај во мир драга Беличанец, во вечноста пронајди го тоа што овде не можеше… бескрајно ќе ни недостастуваш…“, напиша Жугиќ.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Малолетник каснат од куче скитник

На 06.04.2019 година во 14,00 часот во Полициската станица Центар Г.П.(59) од Скопје, пријавил дека истиот ден околу 12,00 часот на улицата “Кеј 13-ти Ноември“ бил каснат од куче скитник во пределот на нозете.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Албанец баран од Интерпол уапсен на ГП Долно Блаце

На 06.04.2019 година во 16,00 часот на Граничниот премин Долно Блаце при влез во Р.С.Македонија од слобода бил лишен А.Е.(24) од Албанија. А.Е. бил лишен врз основа на барање на СМПС Интерпол-Швајцарија.

Македонија | пред 7 години

56215546_1000119713514941_4677042802058592256_n

(ФОТО) Јаболката во Преспа завршија покрај патот

На Фејсбук страната “Земјоделци – Македонија / Zemjodelci Makedonija” каде редовно се објавуваат вести поврзани со земјоделството и земјоделските политики во државата, објавени се фотографии од купишта јаболка во Преспанскиот регион, кои како што пишува се исфрлени покрај патот.„Земјоделците од преспанскиот регион ги фрлаат своите јаболка. Навистина тешка година за овие земјоделци.Ќе ја преземе ли некој одговорноста??”, пишува над објавата.

Македонија | пред 7 години

belicanec-n

Дац се прости од Беличанец: Таа беше мојот Петар Пан

Прераната смрт на познатата актерка Билјана Беличанец- Алексиќ, ја шокираше не само актерската фела туку и цела Македонија.„Билјана Беличанец беше мојот Петар Пан.Полетна како никој од нашата бранша, леташе високо со своите улоги и оддаваше цврстина на маж, но беше кревка, како кокиче.Замина во Недојдија...“, напиша Драган Спасов Дац на својот  Фејсбук профил.

Македонија | пред 7 години

60A5DC4D-94C9-49CF-B79D-F7F6F2B7E738

СДСМ: Гласот за Сиљановска е глас за нов Иванов

Гордана Сиљановска веќе се профилираше и се потврди како полтрон на Христијан Мицкоски. Нејзината агенда и нејзините ставови се идентични со ставовите на Мицкоски, велат од СДСМ.„Исто како и Мицкоски, наутро Силјановска зборува дека Договорот од Преспа ќе го почитува, а навечер зборува против НАТО и ЕУ, против договорот од Преспа.Гласот за Гордана Сиљановска е глас за нов Иванов, за нов политички полтрон, под контрола на Мицкоски и Груевски.Гласот за Сиљановска е глас за враќање назад, за нови блокади и деструкции.Затоа граѓаните на претстојните избори ќе изберат вистински претседател, кој гледа и води напред, граѓаните ќе го изберат Стево Пендаровски за напредокот да продолжи“, се вели во соопштението. 

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања