Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

irena-ristic

ОЈО Скопје пресече - ја отфрли кривичната пријава против актерката Ирена Ристиќ

Основното јавно обвинителство донесе Решение со кое се отфрла кривичната пријава против актерката Ирена Ристиќ, кое беше поднесено од Здружението за здравствена, социјална и образовна поддршка  „Иницијатива за развој и инклузија на заедниците“ од Скопје, и Здружение на правници Роми, под образложение дека пријавените дела не се кривични дела за кои се гони по службена должност, објави janakiznae.mk.Актерката Ристиќ беше пријавена за кривичното дело „Предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа“ по чл. 319 став 1 од Кривичниот законик и за кривичното дело „Загрозување на сигурноста“ од чл. 144 став 4 в.в ст. 1 од Кривичниот законик.Ова решение е обжалено од наводно оштетените, но и жалбата е одбиена од Вишото Јавно Обвинителство и решението е правосилно.Ристиќ задоволна со правосилното решение среќата преку сосијалните мрежи ја сподели со своите пријатели. Таа на Фб напиша:Ајде сега, у колона по еден да ми се извините сите што ме нарекувавте "расист во свилени ракавици" и томе слично, да не се тужакаме!Се зезам! Бркајте си работа!Јас си имам за славење! :DJanaki, хвала, најлепши! :D  

пред 7 години

soobrakajka

Девет сообраќајки во Скопје, пет лица се повредени

Пет лица се здобиле со лесни телесни повреди во три од девет сообраќајни незгоди што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје. Во шест е причинета материјална штета.Полицијата, според податоците на Министерството за внатрешни работи, од сообраќај исклучила 45 возачи кои се движеле со поголема брзина од дозволената, 24 пред да се стекнат со право на управување моторно возило и тројца почетници.Санкционирани се и тројца возачи за технички неисправни возила, 21 за нерегистрирани и 144 за непрописно паркирање. Со специијалното возило „пајак“ подигнати се 82 возила.Казнети се и тројца пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин, по четворица за поминување коловоз и крстосница на црвено светло, четворица возачи кои не дале првенство на минување нан пешаците на обележанн пешачки премин, двајца за неправилно престројување. Изречени се и  осум казни за некористење заштитен шлем од страна на возачите на велосипед со мотор, мопед и мотоцикл, како и пет за не носење сигурносен појас за време на управување на моторно возило.

Скопје | пред 7 години

ruskoska

Рускоска: Села го има спасено еден од демонстрантите, а не Алими

Обвинителката Вилма Рускоска синоќа во студиото на ТВ21 говореше за пресудите за настаните од Собранието на 27. април. Таа се осврна на казната на Абдулфета Алими и откри дека Зијадин Села го спасил еден од демонстрантите, а не Алими.- Абдулфета да си ја изврши работата и задачата немаше да треба никого да спасува. Зијадин Села го има спасено еден од демонстрантите, кажа помогнете го утепавте човекот мртов е и го донесе во ресторанот на пратеници и дури тогаш доаѓа Алими и помага на Тони, вели обвинителката.Рускоска додава дека од прозорот на кујната на бифето и по пожарните скали го качиле Села и така се спасил.- Не е точно дека Абдулфета го спаси и ќе повторам, да си ја вршел работата немаше да треба никого да спасува. Тони бил и во Брзата помош и чекал додека траела операцијата, а кога го сместиле на Интензивна си заминал и рекол „од мене толку", завршува Рускоска. 

Македонија | пред 7 години

spasovski-gi-prezemame-site-merki-za-fer-mirna-i-demokratska-izborna-atmosfera

Спасовски: Груевски кога-тогаш ќе го вратиме во Република Македонија

Се преземаат сите неопходни мерки од аспект на безбедноста и нема индиции за какви било нарушувања на безбедносната состојба во овој период, ниту пак на некакви политички конфронтации коишто можат да  придонесат за нарушување на безбедносната состојба, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во вечерашната емисија „Анализа“ на ТВ 24-Очекувам дека нема да имаме сериозни  предизвици и на тој начин ќе покажаме малку еден повисок степен на политичка култура меѓу политичките субјекти. Ги повикувам сите политички субјекти кои учествуваат  во изборната кампања, меѓутоа и граѓаните, заеднички да придонесеме за фер и демократски изборен процес кој ќе ни биде плус во нашите европски интеграции, рече Спасовски.Спасовски вели за бегството на Груевски се преземени многу активности, а деталите дека ќе ги соопшти јавното обвинителство.- Никола Груевски кога-тогаш ќе го вратиме во Република Северна Македонија и ќе мора да одговара за сите злодела и криминали кои ги направил. Гледате дека сега има истрага во делот од 27 април, и очекувам дека сите прашања ќе ги засегнат не само граѓаните на нашата држава, туку и европските граѓани, бидејќи правилото на борба против корупцијата и криминал е правило број 1 во европските интеграции. Секој еден, на крај или на почеток ако сакате, ќе има одговорност, па и Никола Груевски, посочи Спасовски.Во врска со тоа дали може како алиби на Груевски да му послужи тврдењето дека имало планови за негова ликвидација во затворот, а потоа се случил инцидентот со Јанакиески и Ристовски, министерот вели дека апсолутно не е така.- Тоа апсолутно не е така, ниту за инциденти во тој период, ниту дека имало закани за негова ликвидација. За состојбата во затворите повеќе може да каже министерството за правда, но не е аргумент на кој може да се повикува Груевски, посочи Спасовски.

Македонија | пред 7 години

struja-2

Без струја повеќе скопски села

Без електрична енергија од 8.30 до 9.30 часот ќе бидат дел од корисниците од улицата „Тодор Александров“, на потегот од Турската амбасада до улицата „Славејко Арсов“.Во периодот од 8.30 до 15.30 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од улиците „31“, „Мирче Мацан“ и „Мирче Ацев“, објектите зад отворениот паркинг кај поранешен „Дрво декор“.Од 9 до 12 часот без струја ќе бидат дел од жителите од селото Кучевиште, корисниците од улицата „Серава“ бр.69А и корисниците од улиците „Његошева“ од бр.2 до бр.20 – парни броеви, „Московска“ бр.2, 4 и 6, „Софиска“ од бр.2 до бр.16 – парни броеви и „Његошева“ од бр.3 до бр.11 – непарни броеви.Без струја од 9 до 15 часот ќе бидат корисниците од улиците „1“, „2“, „3“, „4“, „5“, „6“ и „7“ во селото Батинци, а од 10:30 до 12:30 часот корисниците од улицата „Апостол Гусларот“ бр.40.Во периодот од 11:30 до 14 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „Димитар Мирасчиев“ од бр.21 до бр.27, а од 13 до 15.30 часот дел од корисниците од улиците „Маџари“ и „Палмиро Тољати“.Како што соопшти РЦУК – Скопје, прекините се поради планирани технички зафати во дистрибутивната електромрежа.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Сончево со температура над 20 степени

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.Дневните температури ќе се движат од 15 до 20 Целзиусови степени.Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Дневната температура во Скопје ќе се искачи до 19 степени, Маврово 10, Охрид и Крива Паланка 16, Берово 15, Битола 17, Кавадарци 19, Гевгелија 21...За време на викендот ќе биде претежно сончево со умерен ветер од северен правец.

Македонија | пред 7 години

matka

Беџети тактизира - под притисок вели дека нема да ги легализира дивоградбите на Матка

Градоначалникот Блерим Беџети, под притисок на јавноста но и на централната власт се премисли и најави дека платформите поставени на Матка за кои самиот кажа дека се дибоградби нема да бидат легализирани бидејќи општина Сарај ќе ги одбие поднесените барања.Сепак кога барањата ќе бидат одбиени, Беџети не кажа конкретно, бидејќи нема прецизен законски рок во кој Општината треба да одлучи.  Беџети смета дека случајот со платформите дивоградби сака да го искористи Град Скопје кој сака да ги одземе ингеренциите на Сарај и да формира јавно претпријатие кое би стопанисувало со Кањонот Матка.Инаку Амет Саиди и Исмаил Саиди се двајцата инвеститори кои што бараат легализација на дивите платформи на кањонот Матка.Од Град Скопје велат дека ниту се надлежни ниту можат да одземаат ингеренции на општина Сарај, за јавното претпријатие кое треба да управува со Матка велат се уште немаат конкретни информации во чии ингеренции ќе биде.Дополнително во непосрдна близина на дивите платформи се води уште еден спор за објект чијашто легализација веќе е поништена а сопственоста на објкетото ја спорат Федерацијата на планинарски спортови и Македонската православна црква. За случајот со дивоградбите на Матка министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски најави дека утре ќе ги повика сите инспекциски служби надлежни за случајот.

Скопје | пред 7 години

sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: СЈО мора да продолжи да работи како посебно обвинителство

ВМРО-ДПМНЕ останува заробена во матрицата на партизација, притисоци и злоупотреби врз обвинителството. Затоа правдата за нив е проблем. Колку и да не му се допаѓа на ВМРО-ДПМНЕ, СЈО мора да продолжи да работи како посебно обвинителство на откривање и расчистување на случаи поврзани со висока корупција, мора да продолжи со предистражните постапки и обвиненија коишто се покренати и по 18-те месеци по предавањето на материјалите, се вели во соопштението од СДСМ.Тоа го овозможува новиот Закон за јавно обвинителство и затоа предлог законот е најсоодветното решение коешто е доставено и истиот треба да се имплементира без одолговлекување, бидејќи е во интерес на правдата, граѓаните и државата.Република Северна Македонија е правна држава кадешто судовите и обвинителствата работат слободно и независно, држава во која законите важат подеднакво за сите и секој кој направил каков било прекршок треба и мора да одговора, додаваат од СДСМ.

Македонија | пред 7 години

silegov-petre-1-696x365

Градот Скопје реагира на прес-конференцијата на градоначалникот на Општина Сарај

Градот Скопје реагира на прес-конференцијата на градоначалникот на Општина Сарај, Блерим Беџети.- Градот Скопје ја охрабрува општината Сарај да постапи согласно со своите законски надлежности кога се дивоградбите во прашање. Впрочем, нема поголем интерес ниту за граѓаните на Скопје, ниту за граѓаните на Сарај од владеењето на правото, еднаквостa пред законите и целосното функционирање на институциите – изјави денеска портпаролот на Град Скопје, Ваљон Салиху.Салиху додаде дека изминатава година Градот Скопје заедно со УНДП и МЖСПП изработуваа законски модели со кои ќе се заштити Матка и во еколошка и во економска смисла.- Ова решение ќе овозможи заштитата на Матка и нејзиното управување да не зависи од градоначалникот на Скопје или од градоначалникот на Сарај, туку од почитувањето на законот. Матка е непроценлив потенцијал за целиот град, а особено за локалното население на Сарај – нагласи денеска Салиху.

Скопје | пред 7 години

DSC_06

Мицкоски и Силјановска Давкова во Брисел, остварија средба со Извршен Директор на СМЕ Европа

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и денес  заедно со кандидатот за Претседател на Република Македонија Гордана Силјановска Давкова, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски и секретарот за меѓународна соработка Тимчо Муцунски ја продолжуваат својата работна посета на Брисел.Во текот на денешниот ден Мицкоски и Силјановска Давкова остварија средби со Хорст Хејтс Извршен Директор на СМЕ Европа, организација за мали и средни претпријатија која ја преставуваат над 400 илјади компании од Европа.Мицкоски разговараше за пренесување на искуство и информации во поглед на изработка на квалитетна економска програма која ќе понуди решенија за компаниите во Македонија како и плановите за привлекување на бизниси во Македонија преку конкурентност на економијата и овозможување на поволна бизнис клима.-Во редовна комуникација сме со македонските компании и можам да кажам дека сум добро информиран за недостатоците во бизнис секторот и проблемите кои тие се соочуваат. За жал не можеме да се пофалиме со добри бизнис можности во државата, а покачените даноци и административните бариери си го прават своето. Граѓаните се се понезадоволни, а тоа е индикатор дека е потребна економска преродба. Македонија поседува огромен потенцијал кој мора да се искористи, а иднината ја гледам преку поддршка на домашниот бизнис и умрежување и добра деловна соработка со европските и светски компании.Економијата ќе биде нашиот најзначаен приоритет и тоа ќе донесе подобар живот за граѓаните, посочи Мицкоски.Гордана Силјановска Давкова посочи дека за функционална економија е правото и правна држава, и дека иако Република Македонија има сериозни проблеми на тој план работите може да се променат. Економијата е најзначајна за македонските граѓани и затоа значаен дел во програмата за претседател ќе биде посветен на економската дипломатија со цел да се подобри животот на граѓаните, истакна Силјановска Дафкова.Делегацјата на ВМРО-ДПМНЕ оствари средба и со Хавиер Хуртадо Мира претседател на заедницата на млади демократи на Европа.На средбата се разговараше за можностите за соработка и главните предизвици на младите во Македонија и Европа. Силјановска Давкова посочи дека еден од нејзините приоритети ќе биде поддршката на младите. -Сите сили треба да се концентрираат се што е од знаење во Република Македонија да се собере и да им се овозможат услови за развој. Треба да се потпреме на сопствените капацитети за да може навистина Македонија да стане пристојна европска држава, посочи Силјановска Давкова.Ова попладне се очекува средба со претседателот на Европската Народна Партија Жозеф Дол на кој ќе се разговара за актуелните прашања за Република Македонија.Инаку во текот на вчерашниот ден по завршувањето на политичкото собрание на Европската Народна Партија Мицкоски и Силјановска Давкова имаа средба со претседателот на најголемата словенечка партија и поранешен премиер Јанес Јанша, како и со Потпретседателот на Европската Народна Партија и Претседател на Комисијата за надворешна политика на Европскиот Парламент Дејвид Мекалистер.Со Јанша се разговараше за можностите за јакнење на реагионалната соработка и искористување на потенцијалите на регионот во насока на промовирање на Европските вредности.Со Мекалистер беше разговарано за потребата од одржување на фер и демократски избори и му беа предочени нарушувањата кои се прават од страна на Власта на тој план.-Му ја пренесовме загриженоста за нарушувањата на изборниот процес и лошото искуство со бројните престапи од последниот референдум, како и отсуството на волја на власта во Македонија сето тоа да добие правна разрешница. Пријателот на Македонија Мекалистер се заложи за обезбедување на фер и демократски избори и со својот личен ангажман ќе се обиде да влијае да не дојде до крадење на изборната волја на граѓаните или креирање на недемократска атмосфера во пресрет на изборите, посочи Мицкоски.

Македонија | пред 7 години

Toni-PRESS-2103-Glavna-Slika

ВМРО ДПМНЕ: Новиот закон за Јавно обвинителство не ги содржи битните елементи кои што треба да ги содржи секој закон

Би сакал да ве воведам во темата, имено како што знаете во тек се преговори околу носење на новиот закон за Јавно обвинителство на Република Македонија, кој се менува после 12 години. И кој треба да се сообрази со законот за кривична постапка и со сите постулати кои се битни и важни од аспект на меѓународно право, од аспект на основни човекови права, значи од аспект на одговорност, отчетност на јавните обвинители, истакна Тони Менкиноски, Претседател на правна комисија на ВМРО-ДПМНЕ.Тој додаде:Притоа би сакал да ве информирам дека ВМРО-ДПМНЕ оствари една средба во понеделникот на која средба ги дадовме забелешките на законот, на предлог законот, кој е изваден од страна на Владата на Република Македонија.Тие забелешки беа 120 страници, значи истите беа доставени дента по таа причина имавме и долг ден 6 часа разговаравме на тие. Она што можеме да го заклучиме е тој закон најнапред не ги содржи битните елементи кои што треба да ги содржи секој закон. Тој закон има големи правни вакууми, во тој закон не се обработени битни теми кои се однесуваат на односот на полицијата, јавното обвинителство, односот на јавно обвинителство со другите органи итн.Кои се суштествени за понатамошно функционирање на ова и те како важна институција во Република Македонија.Процесот продолжува, значи денеска ќе ви достават документ, и ние бараме три принципи да бидат почитувани од страна на позицијата во носењето на законот.Значи првиот принцип е принцип на целосно имплементирање на меѓународни стандарди кои се однесуваат на обвинителството во Република Македонија и обвинителите. Имено при прегледот на предлог законот недостасуваа 12 битни смерници или 12  битни меѓународни постулати, а кои се, ќе бидам многу краток тоа се препораките на Комитет на министри. Значи тоа се колумбиските правила, будимпештеските правила за оваа област како и венецијанските правила кои се однесуваат во вториот дел. А, не се имплементирани во овој закон.Вториот дел, кој исто така е многу важен, значи при донесување на овој предлог закон од страна на ВМРО, значи и кој бараме како принцип да биде имплементиран во новиот закон е почитување на основните човекови права.Почитувањето на основните човекови права значи е битен елемент од два аспекта. Прво ние бараме оформено одделение, посебно одделение кое ќе ја следи праксата на судот, на Европскиот суд за човекови права и истата ќе ја имплементира во идната работа на јавното обвинителство. Понатака согласно две препораки на Комитет на министри и праксата на судот во Стразбур исто така бараме во делот на доказите со кои располага СЈО да се постапи согласно на овие препораки односно истите докази не можат да служат во понатамошни судски постапки. И бараме да се имплементираат овие препораки во новиот закон за јавно обвинителство.Понатака исто така сакаме да потенцираме дека бараме третиот принцип значи покрај принципот на имплементација на меѓународните стандарди, покрај принципот на почитување на основните човекови права во законот, ние бараме трет принцип кој сакаме да го прифати за како би можеле да одиме понатака во преговорите. И третиот принцип е независност, неутралност, отчетност, ефикасност и ефективност во борбата со криминал.Во една држава каде што постои владеење на право значи структурата на обвинителството е хиерархиски поставено, а делотворноста на обвинителството во однос на јавните обвинители е силно поврзано со постоење на отворени линии на овластувања, отчестност, и одговорност.Јавното обвинителство на Македонија постојано се соочува со предизвикот да одговори соодветно на постојаните промени во општеството. Модалитетите на обвинителството возаедницата се важни чекори кои ќе ги примениме. Од таа причина ние имаме, со тоа ВМРО-ДПМНЕ бара:- Избор на Јавниот обвинител по предлог на опозицијата! Решение кое ќе ја ефектуира независноста и неутралноста на Јавното Обвинителство од извршната власт;- Согласно принципот на отчетност Специјалното обвинителство да ги доврши започнатите судски предмети кои се поднесени до 30 Јуни 2017 година и согласно со законот да престане да ја извршува функцијата сегашниот персоналниот состав на ова обвинителство, како и да се формира Анкетна комисија која ќе ја оцени неговата работа од страна на Собранието на Република Македонија. Oва е многу битно и сакам да потенцирам дека во работата на Јавното обвинителство имаме донации од страна на странски држави. Тие странски држави еден ден ќе прашаат каде се отидени нивните пари, парламентите на нивните како например како што знам и колку е познато во работата на Специјалното јавно обвинителство се инвестирани два милиони евра. Единствен начин најдобро да се види како се потрошени овие пари е со формирање на Анкетна комисија од страна на Парламентот на Република Македонија и увид во работата на специјалното јавно обвинителство во изминатиот период.-Согласно принципот на ефикасност и и ефективност предлагаме формирање на одделение во рамките на Специајлното јавно обвинителство, одделение во рамкиките на Јавното обвинителство за организиран криминал како специјално јавно обвинителство и предлагаме за проширување на делокругот на предметите, поготово оние предмети кои во минатото беа покриени со рзлични афери и отварање на овој корпус на предмети од страна на  нов јавен специјален обвинител.Со тоа ВМРО-ДПМНЕ, со предлогот на овие принципи, кои треб да се мисла водилка стои на располагање, во делот на кој се однесува на соработка за изготвување на новиот закон за Јавно обвинителство. Сакам да потенцирам дека ВМРО-ДПМНЕ согласно и документот е првата партија во Република Македонија која се залагаше за евроинтеграции и има сериозна намера, доколку постои сериозна намера од страна на позицијата во овој закон доколку се прифата овие принципи да партиципира активно, истакна Тони Менкиноски, Претседател на правна комисија на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

МЗШВ апелира: Однесувајте се внимателно и одговорно во шумите

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство апелира на крајно внимателно и одговорно однесување на сите лица кои извршуваат активности во земјоделството и шумите. Временските услови кои се значително погодни за појава на пожари на отворен простор, на земјоделски површини и во шумските предели, покрај огромната штетата кај земјоделските култури и добитокот претставуваат и сериозна опасност по човечкиот живот.Единиците на против пожарната бригада во неколку наврати, и пред неколку месеци интервенираа со гаснење на огнени стихии, а интервенции имаше и од Центарот за управување со кризи.Само во тековниов месец ЈП Национални шуми евидентира околу 70 пожари со опожарена површина од околу 1,600 хектари. Ваквата појава пред се, се должи на палење стрништа и земјоделски површини, што поради временски услови кои се погодни за пожари истите брзо ги зафаќаат и шумските површини.Покрај стрништата пожарите гореа и борова шума, овошни насади, багрем, нискостеблеста деградирана шума во приватна и државна сопственост.Со цел намалување и одговорно однесување МЗШВ потсетува дека палењето на пожари е забрането и истото дело е казниво по закон.

Македонија | пред 7 години

presuda-27-2

Утре во 14:00 протести за Алими – организаторите сметаат дека тој е жртва на политички монтиран процес за 27 април

Јас сум Бурим Алими,син на Абдулфета Алими,ние како семејство заедно со многу пријатели на татко ми ја превземавме ова иницијатива бидејќи цениме дека татко ми е жртва на политички монтиран процес,за тоа што татко ми на 27 април беше на задача и ги штитеше Пратениците во Собрание, се вели во дописот испратен до медиумите.Во дописот додаваат:Во има на иницијативниот одбор ги повикувам сите граѓани без разлика да ни се придружат во овој протестен марш, бидејќи не е само татко ми жртва на политички монтиран процес,има и многу други,денес ми се случил мене утре на некој друг,пред мене на многу други,затоа ве повикувам сите заедно утре да го кренеме гладот на разумот и да им кажеме Стоп на сите политички монтирани процеси.Ние нема да застанеме тука,правдата ќе ја бараме до Стразбур ако има потреба. 

Македонија | пред 7 години

napadnata

Бившиот дечко ја нападнал и насилно однел во неговиот дом

На 20.03.2019 во 21.30 часот во СВР Скопје, А.О.(25) од Скопје пријавила дека истиот ден околу 16.00 часот на булевар „Крсте Мисирков“ била физичка нападната од А.М., со кого претходно била во љубовна врска. Според пријавеното, додека А.О. се движела кон своето возило во гаража на трговски центар, била пресретната од А.М., кој физички ја нападнал и насилно ја внел во неговото возило и ја однел во својот дом, но потоа ја пуштил да си оди. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Србинка на велосипед прегазена кај „Сити Мол“ - возачот избегал

На 20.03.2019 во 17.40 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „8-ми Септември“ било пријавено дека кај нив било донесено повредено лице од сообраќајна незгода.Полициски службеници излегле на местото на настанот и било констатирано дека Р.С.(59) од Зајечар, Република Србија, со привремен престој во Скопје, истиот ден околу 11.30 часот на улица Љубљанска, додека со велосипед поминувала на коловоз, била удрена од непознато возило управувано од непознато лице, кое по незгодата го напуштило местото.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

По претходна вербална расправа, синот сакал да ја удри мајка си со секира

На 20.03.2019 околу 14.40 часот во СВР Скопје, М.Џ.(52) од Скопје пријавено дека во дворот од нејзината куќа на улица „Рељо Шесто Крило“, по претходна вербална расправија, нејзиниот син И.Р.(30) од Скопје, се обидел да ја удри со секира. Тој бил спречен од соседот М.Ф.. По ова, лицето било приведено во Полициската станица Чаир и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

seca

Бесправна сеча на огревни дрва – заработија кривични пријави

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против T.М.(24) од село Русиново, беровско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“. Во текот на февруари 2019 во атар на село Русиново, од парцели во сопственост на РС Македонија, пријавениот извршил бесправна сеча на борови стебла.На 20.03.2019 во полициска станица Струмица било пријавено дека истиот ден во 11.20 часот на место викано „Дарван“, општина Босилово, вработени во шумската полиција Струмица го затекнале О.Ф.(19) од село Старо Балдовци при бесправна сеча на огревни дрва со патничко возило „Ауди“ со струмички регистарски ознаки. Тие со возила го блокирале патот за да спречат бегство на О.Ф. со возилото „Ауди“, но тој во два наврати со неговото возило тргнал накај вработените во шумската полиција и удрил во службените возила, а една вработена во шумската полиција се здобила со повреди и по укажана лекарска помош е пуштена на домашно лекување.. Огревните дрва биле одземени, а увид на местото извршила екипа од СВР Струмица. Се преземаат мерки за рачистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

tepacka1

Физички напднати лица во адвокатска канцеларија и на бензинска станица

На 20.03.2019 во 15.00 часот во СВР Скопје, Б.Ѓ.(36) од Скопје пријавил дека во адвокатска канцеларија на улица „Антон Попов“ бил физички нападнат од Б.К. Се работи на целосно расчистување на случајот.На 20.03.2019 во 13.10 часот во СВР Скопје, А.М.(20) од Скопје пријавил дека на бензинска станица на булевар „Србија“ физички бил нападнат од непознато лице, кое било со такси возило. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

bankomat-12

Кичевчанец пронашол банкарска картичка и ја испразнил преку интернет

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Д.С.(21) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“ и „затајување“.На 28.08.2018 на банкомат во Кичево пријавениот пронашол банкарска картичка на име на С.М. од Кичево, по што истиот ден и на 29.08.2018 година, преку интернет страница, во седум наврати, извршил трансакции во износ од 31.405 денари.

Македонија | пред 7 години

pretepan

Физичка пресметка меѓу малолетници во Скопје

На 20.03.2019 во 21.25 часот во СВР Скопје, И.И. пријавил дека истиот ден околу 21.00 часот во интернет кафе на улица „Цветан Димов“ бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу едно лице на возраст од 15 години, од една страна и тројца други малолетници од друга страна. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Кај жители од Свети Николе и Битола пронајдено оружје за кое немале соодветна дозвола

Секторот за внатрешни работи Битола поднесе кривична пријава против Д.Б.(30) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 18.12.2017 во Битола, полициски службеници го затекнале пријавениот при продажба на пиротехнички средства.Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против З.П.(28) од Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 17.01.2019 година во угостителски објект во Свети Николе полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што бил пронашле и одзеле пиштол „Perfecta Pistole MID.50“ калибар 4 мм, кој го поседувал без соодветна дозвола.

Македонија | пред 7 години

lekovi

Штипјанец заработил 62.000 денари, ветувајќи дека ќе набави лекови – од лекот ни траг

На 20.03.2019 во 18.40 часот во Полициската станица Штип, С.В.(49) од село Ропотово, општина Долнени, пријавил дека бил измамен од лицето З.И.(57) од Штип. Според пријавеното, во февруари 2019 година С.В. му дал на З.И. 62.000 денари за да му набави лекови од Бугарија. З.И. ги зел парите и се обврзал дека за пет дена ќе ги набави лековите. Исто така, според пријавеното, до денот на пријавување, С.В. неколку пати се обидел да контактира со З.И., но не успеал да го најде, по што заклучил дека е измамен. Се работи на расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

stop-policija

Контроли на јавниот превоз, неисправни возила во Тетово, Штип, Охрид

На 20.03.2019 во периодот од 08.00 до 13.00 часот на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Тетово беше спроведена акциска контрола за техничка исправност на возилата кои вршат јавен превоз на патници. Со контролата биле опфатени 128 возила(ТЕ-76 и ГВ-52). Од контролираните возила, кај 25 откриена е неисправност на сопирачките(ТЕ-16 и ГВ-9), пет(ГВ) имале неисправен уред за управување и едно (ГВ) недостиг на опрема. Поради констатираните недостатоци, од сообраќај биле исклучени 30 возила(ТЕ-16 и ГВ-14), на 37 возачи (ТЕ-16 и ГВ-21) изготвени им се прекршочни платни налози, а на осум(ТЕ-4 и ГВ-4 ) барања за поведување на прекршочна постапка.На 20.03.2019 во периодот од 08.00 до 13.00 часот СВР Штип спроведе засилена акциска контрола на техничка исправност на возила со кои се врши јавен превоз на патници. Од извршената акциска контрола контролирани се 57 автобуси и други возила кои вршат јавен превоз, од кои 54 се упатени во станица за технички преглед. Притоа, кај девет возила е утврдена неисправност на уред за запирање, кај едно неисправен уред за управување, додека две возила не извршиле вонреден технички преглед. Преземени се вкупно 22 мерки по горенаведените прекршоци и издадени се 12 прекршочни платни налози. Санкционирани се и 19 останати прекршоци.На 20.03.2019 на подрачјето на СВР Охрид беше извршена зајакната акциска контрола на возила кои вршат јавен превоз на патници. Притоа, полициските службеници контролираа вкупно 111 моторни возила(Охрид-25, Струга-13, Кичево-60 и Дебар-13) од кои на дополнителен преглед во станиците за технички преглед упатени се вкупно 46 возила кои вршат јавен превоз на патници (Охрид-12, Кичево-24 и Дебар-10). Констатирани биле вкупно осум неисправности (Охрид-шест и Кичево-два, од кои еден неисправен уред за запирање). При акциските контроли, од сообраќај се исклучени осум возила(Охрид-шест, Кичево-две). По овие, но и по други одредби од Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата, полициските службеници издале вкупно 16 прекршочни платни налози(Охрид- шест, Струга-осум, Кичево-два).

Македонија | пред 7 години

marihuana2

Кривични пријави за битолчанец и охриѓанец поради дрога

Секторот за внатрешни работи Битола поднесе кривична пријава против М.С.(34) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 07.02.2018 во Битола, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле хероин.Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против Д.Б.(22) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 23.08.2018 во атар на село Велестово, охридско, кај објектот на ЈП ,,Национален Парк-Галичица”, полициски службеници пронашле и одзеле марихуана, додека во близина бил забележан пријавениот.

Македонија | пред 7 години

3-2-2

Делегација на Собранието на студиска посета во Република Србија и Кралството Шкотска

Делегација на Собранието на Република Северна Македонија е на студиска посета во Белград, Република Србија и Единбург, Кралството Шкотска.Во делегацијата се претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, претседателката на Комисијата за финансирање и буџет Лилјана Кузмановска и генералнaта секретарка, Цветанка Иванова.Посетата е а организирана од Вестминстер фондацијата за демократија во рамки на потпишаниот Меморандум за соработка за воспоставување на парламентарна буџетска канцеларија во Собранието на Република Северна Македонија. Целта е запознавање со начинот на функционирање на буџетските канцеларии и нивната улога во зајакнувањето на надзорната функција на Собранието.За време на посетата на Парламентот на Република Србија, делегацијата се запозна со начинот на функционирање на буџетската канцеларија, нејзината улога и надлежности, начинот на кој се подготвуваат анализите на буџетот и другите финансиски документи и нивното значење за пратениците. Беа остварени средби со претседателот и членовите на Комисијата за финансии, државен буџет и контрола на јавното трошење и со пратеници кои почесто ги користат анализите на Буџетската канцеларија.Во текот на посетата на Парламентот на Кралството Шкотска во Единбург, делегацијата се запозна со начинот на функционирање на буџетската канцеларија, процесот на изработка на буџетот на Парламентот, улогата на внатрешната ревизија, улогата и надлежностите на Комисијата за финансирање и буџет, улогата и надлежностите на Комисијата за јавни сметки и улогата на Заводот за ревизија на Кралството Шкотска. Се дискутираше за придобивките од функционирањето на буџетската канцеларија, поддршката која таа им ја дава на Комисиите во Парламентот, начинот на разгледување на конечните ревизорски извештаи и нивното значење во контролата и надзорот на трошењето на јавните средства.Остварени беа работни средби со членовите на Комисијата за јавни сметки, членовите на Комисијата за буџет, претставници на Владата на Кралството Шкотска, пратеници кои ги користат услугите на буџетската канцеларија.Делегацијата присуствуваше на седница на Парламентот на која беа поставувани пратенички прашања.Со Стратешкиот план на Собранието за периодот 2019 - 2021 година е планирано покрај законодавната, да се зајакне и надзорната функција на Собранието, во насока на поголема контрола на трошењето на јавните средства и зајакнување на надзорот над работата на извршната власт.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања