Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

mihail-trendafilov-nanche-2

Михаил Трендафилов- Нанче ја поднесе својата кандидатура- ГДУ влегува во битката за Охрид

Денеска ги поднесовме документите за учеството на нашиот кандидат за градоначалник на Општина Охрид, Михаил Трендафилов-Нанче, на вонредните локални избори. Со поднесувањето на документите веќе и официјално нашата партија влегува во трката за градоначалничкото место во градот Охрид, се вели во соопштението од Центар за комуникации на Граѓанско Демократска Унија-ГДУ.Како партија која се залага за промена на начинот на водење на политика познат досега во нашата земја, ќе се погрижиме нашиот кандидат да понуди реална програма со проекти, коишто ќе бидат во интерес на oхриѓани. Ќе покажеме дека на полето на политичката борба, може да се успее и без ситни пазарења и лаги. Нашиот кандидат Михаил Трендафилов-Нанче веќе и официјално ја бара довербата на охриѓани за да им докаже дека функцијата градоначалник може да се извршува домаќински и чесно, стои во соопштението од Центар за комуникации на Граѓанско Демократска Унија-ГДУ.

Македонија | пред 7 години

stojan-andov-kniga

Судот забрани продажба на книгата „До атентатот и по него“, за авторот Стојан Андов

Основниот суд Скопје-2 донесе решение за привремена мерка, забрана на продажба и располагање на книгата на Стојан Андов „До атентатот и по него“ по тужбата на Љубомир Фрчкоски за повреда на неговите лични права, односно за клевета во врска со атентатот на поранешниот претседател Киро Глигоров.Во книгата Андов имплицира за можна вмешаност на екс-политичари меѓу кои и тогашниот министер за внатрешни работи Љубомир Фрчковски во атентатот на првиот претседател на независна Македонија, Киро Глигоров.Од судот соопштија дека забраната за продажба на книгата ќе важи се до завршување на постапката за утврдување на наводната клевета на Андов.

пред 7 години

DSC_7465

Државниот секретар во МНР, Виктор Димовски и Монс. Киро Стојанов, на прес- конференција по повод посетата на Папата Франциск

По повод апостолската посета на Светиот Отец, Папата Франциск во Република Северна Македонија, денеска во галеријата на НУ „Спомен-куќа на Св. Мајка Тереза“ во Скопје, се одржа прес-конференција на која државниот секретар во Министерството за надворешни работи, Виктор Димовски и Монс.Киро Стојанов, скопски бискуп и струмичко-скопски епарх, информираа за програмата на претстојната посета.Државниот секретар во Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија, Виктор Димовски кој е истовремено и претседател на Организациониот одбор за посетата на Светиот Отец, Папата Франциск во земјата, рече дека соодветно на големината и значењето на оваа посета за земјата и за регионот, Владата и Министерството за надворешни работи, како носители на организациските активности, ќе обезбедат сите кои ќе бидат непосредно вклучени во организацијата на овој настан да бидат на висината на задачите и протоколите кои важат за посетите на Светиот Отец, Папата Франциск, како неспорен првенец и морален авторитет на Денешницата.„Сакам да напоменам дека со желба за максимално успешна организација на овој исклучително значаен и голем настан, креиравме посебна веб страница, www.papa.mk, на која се објавуваат сите неопходни вести, организациски и сервисни информации од важност за граѓаните и за медиумите. На веб страницата веќе е објавен повик за пријавување за присуство на настаните за граѓани од странство, како и повик за акредитација за странските медиуми. Повиците за пријавување и акредитација за граѓаните на нашата земја и за домашните медиуми ќе бидат објавени деновиве“, истакна државниот секретар во МНР Димовски.Во име на Организациониот одбор за посетата на Светиот Отец, Папата Франциск во РСМ, државниот секретар Димовски најави средби и брифинзи со новинарите за повеќе детали од интерес на медиумите за организацијата на овој, како што рече, голем настан и од историско значење за земјата и за граѓаните од сите верски и етнички заедници.Програмата на посетата на Светиот Отец, Папата Франциск и делегацијата на Ватикан, започнува со пристигнување во Скопје на 7 мај, рано претпладне, со церемонија на свечен дочек. Церемонијата за добредојде, со највисоки  државнички почести ќе се организира во претседателската вила на Водно, по што ќе следува средбата со претседателот на Република Северна Македонија, Ѓорге Иванов. Светиот Отец Папата Франциск потоа ќе оствари средба со претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, по што ќе следува средба со државниот врв, цивилното општество и дипломатскиот кор во нашата земја. Агендата на посетата на Светиот Отец Папата Франциск потоа предвидува Посета на Спомен куќата на Мајка Тереза со лидерите на верските заедници од нашата земја, како и средба со сиромашни граѓани. Централниот настан, светата миса со која ќе чиноначалствува Светиот Отец Папата Франциск ќе се одржи на плоштадот „Македонија“.После светата миса, Папата Франциск ќе се упати во катедралата „Пресвето Срце Исусово“, каде што ќе се оствари екуменска и меѓурелигиска средба со претставници на младите од нашата земја и од регионот, кои тој ден ќе бидат во Скопје. Светиот Отец, Папата Франциск потоа ќе има средба и со свештениците и нивните семејства, како  и со Богу посветените лица од Католичката Црква во Република Северна Македонија, по што ќе следи официјалното испраќање на делегацијата од аеродромот во Скопје.На прес-конференцијата, Монс. Киро Стојанов, скопски бискуп и струмичко- скопски епарх, зборуваше за големината и извонредната важност на овој настан и за Црквата и за Државата. Укажувајќи на улогата на медиумите, тој рече дека сите пораки што ќе се слушнат, настаните што ќе се видат, во голем дел ќе зависат и од медиумите за тоа како ќе бидат пласирани во јавноста.„Не се сомневам во вашата професионалност, квалитетот на известување и вашата максимална ангажираност. Олеснителна околност за нас е моделот на Понтификатот на папата Франциск. Од првиот ден на својот Понтификат извонредно внимание посветува на така наречениот мал човек. Католичката црква, според бројот на верници, во нашата Земја е незначителна, сепак, во свеста на папата Франциск нема незначителни луѓе. Едноставно и таквите сака да ги посети, охрабри и да биде солидарен и со малите заедници на Црквата.Но, тој покрај Поглавар на Црквата е и Државник. Затоа неговата посета е посета на Црквата и Државата“, истакна Монс. Киро Стојанов, скопски бискуп и струмичко-скопски епарх.За прв пат во историјата, Република Северна Македонија, нејзините граѓани од католичката вероисповед, но и сите други граѓани на земјата, на чело со претседателот и премиерот на Република Северна Македонија, ќе бидат домаќини за време на посетата на Светиот Отец, Папата Франциск и делегацијата на Ватикан. 

пред 7 години

IMG_4427

ЈДГ „Весели Цветови“ одбележа 74 години постоење

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски денеска присуствуваше на одбележувањето на  74 години од постоењето на најстарата ЈДГ „Весели Цветови“ во Република Северна Македонија.По овој повод во објектот „Сончоглед“ дечињата од градинката пред присутните изведоа прекрасни ритмички и музички точки преку кои на возрасните им испратија пораки. Овој голем настан со градоначалникот го проследи и Зоран Ацевски, член на Советот на Општина Кисела Вода.Од почетокот на мандатот на градоначалникот Филип Темелковски, во Општина Кисела Вода се обновени сите објекти на двете јавни детски градинки. Во ЈДГ „Весели Цветови“ беа извршени повеќе реконструктивни зафати. Во сите 6 објекти поставени се нови прочистувачи за воздух, децата добија нови играчки  и дидактички материјали: дрвени сложувалки, ролкостери, друштвени игри и реквизити за физички активности. Покрај ова, објектот „Сончоглед“ доби целосно обновени санитарни јазли, нов ламинат, а оштетените креветчиња, плакари, столчиња и масички наменети за децата заменети се со нови. Во просториите на објектот „Сончоглед“ извршено е и молерисување. 

Скопје | пред 7 години

DSC_7307

Средба на премиерот Заев со висока парламентарна делегација од Република Полска

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, денеска се сретна со Ришард Терлечки, заменик претседател на Парламентот на Република Полска.На средбата е изразена поддршка за евро-атлантските интеграции на Република Северна Македонија. Најавено е дека во скоро време полскиот Парламент ќе го ратификува Протоколот за прием на нашата држава во НАТО.Исто така констатирано дека Република Северна Македонија е подготвена да направи напредок и во европските интеграции. Заеднички е констатирано дека потребно е да продолжат политиките на проширување на Европската унија.-Наша аспирација е на Самитот во јуни, во ЕУ, по 14-годишен кандидатски статус да добиеме датум на почеток на преговорите со ЕУ. Се надеваме дека континуираната поддршка на нашата земја, од нашиот голем пријател, Република Полска, ќе се потврди и во јуни, а ние работиме на аргументите да ја заслужиме таа поддршка, рече премиерот Заев.Претседателот на Владата, Заев, посочи дека Република Северна Македонија важи за позитивен пример, како низ дијалог се решаваат важни прашања со соседите, низ градење пријателство и заедничка иднина. Тој дополни дека реформите успешно се спроведуваат. А решавањето на крупните политички прашања, процесот на прием во НАТО и охрабрувањата за приближување кон ЕУ, даваат резултати и на економски план, како што е зголемувањето на странските инвестиции за 4 пати во 2018 година, во однос на 2017 година, намалувањето на невработеноста, растот на индустријата и БДП, што води кон мотивација на младите да останат да живеат и работат во родената земја.-Пред избори сме за 5-от претседател на државата и веруваме дека со свесност и одговорност од сите, ќе покажеме дека оваа земја има сериозни демократски капацитет, рече премиерот Заев. На средбата е разговарано и за отворените можности за унапредување на соработката во областа на одбраната, економски план, на полето на туризмот, културата, и парламентарната соработка, поради што е во земјава полската парламентарна делегација. Премиерот Зоран Заев упати покана за официјална  посета на премиерот на Република Полска, Матеуш Моравецки преку заменик претседател на Парламентот на Република Полска, Ришард Терлечки.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Пендаровски: Интеграциите и прогресот се нераскинливо поврзани процеси

Не може да постои Македонија напредна, богата и просперитетна ако небиде интегрирана. Затоа клучната моја заложба е Северна Македонија да биде час поскоро полноправна членка и на НАТО и на ЕУ, истакна Заедничкиот кандидат за претседател  Стево Пендаровски кој денеска е во посета на Кочани и ВиницаВо овие рамки јас го гледам и решението за проблемот со иселувањето еден од најголемите проблеми кои оваа земја ги има, знаете дека тој проблем постои одамна дека има длабоки корења но својот врв го достигна во време на 10 годишното владеење на фамилијата.Чесно е да се каже дека оној што ветува брзо решавање на тој проблем ги залажува граѓаните. Брзо и лесно решение за овој проблем не е можен, меѓутоа можно е да ги отвориме портите на пошироките интеграции и на тој начин да овозможиме влез на странските инвестиции, отворање на нови работни места и прогрес на сите полиња. Само на таков начин ако Македонија биде дел од модерниот и развиен свет, ние можеме да имаме шанса на младите овде, но не само и на младите, да им понудиме овде да почнат свој живот, кариера, бизнис и свој личен и професионален развој, а не таквата шанса да ја бараат некаде низ белиот свет.Алтернативата на ова значи прогрес преку интеграциите на државата, ја слушаме од нашите  политички опоненти и според нив се што досега е постигнато особено во последниве година до  две, треба да се блокира и Македонија да се повлече од тие процеси и да продолжи изолирано да се развива, тоа сакам да ве убедам дека не е возможно.Значи само преку интеграции доаѓаме до прогрес со изолација одиме до дополнително уназадување, а толку многу луѓе особено млади генерации веќе ја напуштија оваа земја чекајќи подобар живот, истакна Пендаровски.

Македонија | пред 7 години

vlado-misajlovski

Мисајловски: Силјановска Давкова е навистина правиот избор за Република Македонија

ВМРО-ДПМНЕ ја поднесе кандидатурата за новиот претседател на Република Македонија, тоа е професорката Гордана Силјановска Давкова. Денеска е убав ден за сите граѓани на Република Македонија, бидејќи имаме еден одличен кандидат, имаме и кандидат што ќе го прифатат мнозинството граѓани на Република Македонија и ќе се обединиме кон една голема победа за Република Македонија, истакна Владо Мисајловски, Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.Имаме одлична шанса, одлична можност да ги повикаме сите граѓани на Република Македонија да ни се приклучат, да ја победат оваа борба и битка со нас за правда и правдина.Имаме можност да допреме до сите граѓани, да ги посетиме, да почнеме да одиме на терен од врата на врата. Да ги посетиме сите семејства, да го кажеме она што навистина се случува во овој период, што она се случуваше и изминатиот период од власта. Но се разбира и што ќе подобриме.Затоа Гордана Силјановска Давкова е навистина правиот избор за Република Македонија. Очекуваме да има одлична кампања. Очекуваме наредниот период навистина да покажеме една добра основа за еден добар натпревар и да победи се разбира најдобриот кандидат, а тоа е Гордана Силјановска Давкова.Ги повикувам сите граѓани заедно да победиме, истакна Мисајловски.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Кирацоски: Несомнено оваа кандидатура на Стево Пендаровски е избор на сите граѓани

Денеска во името на над 32 илјади граѓани до Државната изборна комисија ја доставивме кандидатурата на Стево Пендаровски, за претседател на сите граѓани. Горди сме што за само еден ден, со свој личен потпис огромен број граѓани застанаа зад оваа кандидатура, истакна генерален секретар на СДСМ и шеф на изборен штаб, дадена по официјалното поднесувањето на кандидатурата за претседател на Стево Пендаровски.Несомнено кажано оваа кандидатура на Стево Пендаровски е избор на сите граѓани на Република Северна Македонија.Стево е избор за претседател на сите граѓани, за сигурна, стабилна, безбедна и напредна Република Северна Македонија.На граѓаните, на нашата држава потребен им е претседател првенствено кој што обединува, кој што работи чесно и професионално, и кој што ги штити интересите на граѓаните и државата.Тоа е Стево!Претседател кој што ќе ја води државата напред кон ЕУ и НАТО, и кој што ќе го гради концептот едно општество за сите.Продолжуваме напред, заедно, со Стево, идниот претседател на Република Северна Македонија, истакна Кирацовски. 

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Шилегов: Оваа пролет ќе се засадат 1.200 дрвја во сите скопски општини

Денеска, на првиот ден на пролетта, екипи на ЈП „Паркови и зеленило“ симболично засадија 10 декоративни садници од видовите туја розенталис и ацер и 1.200 цвеќиња од видот виола - темјанушка во дворот на ОУ „Мирче Ацев“, во општината Ѓорче Петров. На акцијата за засадување дрвја присуствуваа градоначалникот Петре Шилегов, градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Наумовски, директорот на ЈП „Паркови и зеленило“, Ардијан Муча и голем број ученици од ова основно училиште.- Во тек е редовното пролетно уредување на јавните зелени површини во градот. Оваа пролет е предвидено да се засадат повеќе од 1.200 повеќегодишни висококвалитетни листопадни и зимзелени садници во сите скопски општини. Работиме и на обновување на средишното булеварско зеленило. Градот од оваа пролет ќе биде побогат и за неколку нови паркови чие оформување е во тек – рече денеска градоначалникот Шилегов. Деновиве се работи на уредување на новиот парк Ибни Пајко зад зградата на Филхармонијата, на обнова на зелените површини во Центар и во Карпош на булеварот Партизански одреди, на парковите на булеварот Февруарски поход и булеварот Србија во Аеродром, на булеварот Борис Трајковски во Кисела Вода, на улицата Втора македонска бригада во Чаир, како и на паркот во близина на студентскиот дом „Кузман Јосифовски Питу“.Градоначалникот додаде дека зазеленувањето останува на врвот на приоритетите на Град Скопје и дека со враќањето на зеленилото во градот се подобрува животната средина и квалитетот на воздухот.

Скопје | пред 7 години

heroin-111

Тетовка обвинета за продажба на хероин и психотропни супстанции во Скопје

 Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за сторено кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.Обвинетата жителка на Тетово, во домот во кој што времено престојувала во Скопје, неовластено заради продажба држела наркотична дрога хероин со вкупна нето маса од 31,62 грама, како и психотропни супстанции – половина таблета метилен-диоксиметамфетамин и 0,67 грама псилоцин. Наркотичните средства биле пронајдени при претресот на домот во кој престојувала обвинетата на 24.01.2019 година.Со оглед на тоа што се уште постојат причините поради кои на сега обвинетата и беше определена мерка притвор од страна на судијата на претходна постапка, надлежниот јавен обвинител до Судот достави и предлог за продолжување на притворот.

пред 7 години

tepacka1

Охриѓанец заработи кривична пријава – нападнал полицаец

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело ,напад на службено лице при вршење на работи од безбедноста“, СВР Охрид, до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против З.Ј.(53) од Охрид.Тој, на осумнаесетти март оваа година околу 18 часот, на улицата „Момчило Јорданоски“ во Охрид, физички нападнал полициски службеник кој преземал службени мерки по претходен пријавен нарушен јавен ред и мир.

Македонија | пред 7 години

izbori

1.781 граѓани се пријавиле да гласаат за претседателски избори во странство

Вкупно 1.781 граѓани ќе гласаат во 32 дипломатско – конзуларни претставништва и конзуларни канцеларии на Република Северна Македонија во странство на претстојните претседателски избори, од нив најголем број ќе го исполнат гласачкото право во Венеција 290, во Љубљана 215 и во Париз 123 лица.Како што објави Државната изборна комисија, од вкупно пријавените 1.841 граѓанин кои се пријавиле да гласаат за изборите во ДКП-а во законски предвидениот рок, 1.835 лица ги исполниле законските услови за остварување на своето гласачко право.Воедно, во 15 ДКП-а и конзуларни канцеларии на државата во странство (Анкара, Астана, Атина, Варшава, Доха, Каиро, Киев, Мадрид, Москва, Нзу Делхи, Пекинг, Подгорица, Солун, Софија и Тирана) се прифатени помалку од 10 граѓани, поради што, согласно член 165 став 3 од Изборниот законик за вкупно пријавените 54 лица не постојат законски можности гласањето да се спроведе бидејќи во нив нема да се испраќаат избирачки одбори.Овие лица своето право на глас ќе можат да го остварат на избирачките места на кои се распоредени во Република Северна Македонија, за што ДИК ја задолжи Стручната служба да ги извести. 

Македонија | пред 7 години

bogorodica_litija_strumica

Свечена литија со иконата на пресвета Богородица „Брзопослушничка“ во Струмица

Во спомен на пристигнувањето на иконата на пресвета Богородица „Брзопослушничка“ и оваа година ќе биде одржана свечена литија во Струмица, информираат од Струмичката епархија на МПЦ-ОА.Вo сабота во манастирот „Светите петнаесет тивериополски свештеномаченици“ ќе биде отслужена воскресна вечерна богослужба, а потоа со свечена литија иконата на Мајката Божја Брзопослушничка ќе биде однесена во црквата „Свети Григориј Палама и Свети великомаченик Димитриј“, каде ќе се отслужи Молебен канон, а иконата ќе биде оставена за поклонение на верниците.Вo недела, на одбележувањето на двегодишнината од донесувањето на оваа икона во Струмица, во црквата „Свети Григориј Палама и Свети великомаченик Димитриј“, ќе започне утринска служба, а по пречекот на архиереите ќе започне Божествената Литургија.Во 11 часот ќе започне свечената литија со иконата, по булеварот „Маршал Тито“ до градскиот плоштад „Гоце Делчев“. На плоштадот е предвидено молитвословие (доксологија), проследено со кратки поздравни слова, по што литијата ќе продолжи по старата чаршија до манастирот „Светите петнаесет тивериополски свештеномаченици“, каде што ќе биде подготвена трпеза на љубовта за сите присутни.

Македонија | пред 7 години

karadzoski

Претседателот на Судскиот совет Караџовски на распит за зголемувањето на плати

Претседателот на Судскиот совет Зоран Kараџоски, утрово е повикан да даде исказ во Јавното обвинителството за организиран криминал и корупција, објави 1ТВ , во врска со зголемувањето на плати на членовите на Судскиот совет.За потсетување во декември 2018 година членовите на Судскиот совет донесоа одлука да си ги зголемат нивните плати и платите на судиите за 35 отсто, со што нивните плати беа зголемени за 21.000 денари. Информацијата ја објави Синдикатот на УПОЗ.По побјавите во медиумите, кон крајот на 2018 година, Обвинителството отвори предмет по допрен глас за додатоците. Како што тогаш соопшти обвинителството ќе се испитува основаноста на донесените одлуки и ќе се истражува евентуална кривична одговорност за злоупотреба на службената положба и овластување и нанесена штета на буџетот на Република Македонија со исплата на додатоците кои не се пропишани со законот за плати на членовите на судскиот совет. 

пред 7 години

struzanka-rakomet

Во недела ракометен натпревар во Струга посветен на децата со Даунов синдром

Хуманитарен дерби ракометен натпревар во Струга Женскиот дерби ракометен натпревар помеѓу ЖРК „Стружанка“ Струга и ЖРК „Пелистер“ Битола, за влез во 1/2 финале ќе биде од хуманитарен карактер.ЖРК „Стружанка“ неможејќи да учествува на “Трката посветена на децата со Даунов Синдром” поради истовременото одржување на натпреварот, одлучи дерби мечот од Купот против ЖРК „Пелистер“ да го посвети на децата со Даунов синдром.Натпреварот ќе се одигра во недела (24.03.2019) во 14 часот во салата “Нико Нестор” во Струга.Влезот ќе биде слободен, а донациите- секој според можностите, ќе може да се доделат на посебно обележани места на влезот од салата.Бидете дел од денот посветен на децата со Даунов синдром - во недела во 14 часот дојдете в сала, да заедно навиваме и да бидеме хумани! Парите наменети за децата со Даунов синдром да ги донираме заедно и со цело срце.

Македонија | пред 7 години

ujp

Од 1 април УЈП ќе почне да испраќа претпополнети Годишни даночни пријави на меил

Граѓаните годинава немаат обврска да пополнуваат годишна даночна пријава и да ја носат во УЈП, но за тоа пак, ќе чекаат даночната листа да им стигне на меил. Упрвата ќе почне да ги испраќа на 1 април и до крајот на месецот сите граѓани ќе треба да добијат во електронска форма пополнета даночна пријава, што ќе се однесува за остварените приходи од 2018 година.Но што треба да прават граѓаните откако ќе ја добијат на меил? Пријавите ќе пристигнуваат на електронската пошта што граѓаните ја пријавиле при регистрацијата на електронскиот систем. Пријавите ќе пристигнат преку електронскиот систем e-pdd.ujp.gov.mk, најдоцна до 30 април. Потоа корисникот најдоцна до 31 мај треба да ја потврди или да ја корегира даночната пријава.Инаку годинава за прв пат граѓаните имаат ваква можност, бидејќи до минатата година тие своите даночни пријави ги поднесуваа на шалтерите на УЈП, при што пред истекот на рокот се правеа големи гужви, а сега товарот нема да биде на граѓаните туку на Управата за јавни приходи.Во електронскиот систем на Управата за јавни приходи се регистрирани близу 700 илјади даночни обврзници. Иако беше предвидено беше одложено регистрирањето во системот на пензионерите што остваруваат приход само по основ на пензија.Доколку како граѓанин, во текот на 2018 година, сте оствариле приходи по основ на плата, или приходи од издавање под закуп на станбен објект (кирија) или сте оствариле хонорар по основ на авторски договор, сте учествувале во наградна игра и сте оствариле добивка над 5000 денари или пак сте оствариле добивка од посебни игри на среќа (во казино, во обложувалница, во автомат клуб), имате обврска податоците за приходите искажани во пополнетата годишна даночна пријава да ги потврдите, доколку се точни, да ја коригирате, дополнувајќи ја – доколку имате остварено приход кој не е искажан односно опфатен во неа или да ја коригирате, доколку за некој од искажаните приходи увидите дека износот не е точен или вистинит.    

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Поднесен обвинителен акт за неовластена продажба на хероин и кокаин во Синѓелиќ

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт  против едно лице кое се товари дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.Обвинетиот неовластено заради продажба набавил поголемо количество наркотична дрога – хероин и кокаин, ја однел во својот дом во скопското село Синѓелиќ и ја препакувал во помали количества со намера да ја пушти во продажба. При извршениот претрес на неговиот дом на 07.03.2019 година била пронајдена и одземена наркотична дрога кокаин со вкупна нето маса од 269,41 грама, како и наркотична дрога кокаин со вкупна нето маса од 90,9 грама. Притоа била пронајдена и дигитална вага и други предмети со остатоци од наркотична дрога.Согласно член 98 од Кривичниот законик, надлежниот јавен обвинител во Обвинителниот акт му предложи на Судот од обвинетото лице да се конфискува посредната имотна корист – парични средства и тоа вкупно 350 евра и 64.000 денари во различни апоени, бидејќи имотната корист произлегува од недозволена активност на обвинетиот.Со оглед на тоа што се работи за лице кое досега повеќепати е осудувано, а имајќи го предвид видот и карактерот на кривичното дело, висината на пропишаната казна и начинот на извршување, надлежниот јавен обвинител ценеше дека се исполнети законските основи на обвинетиот да му биде продолжена претходно определената мерка притвор. Затоа до Основниот суд Скопје 1 Скопје заедно со обвинителниот акт е поднесен и предлог за продолжување на притворот, поради опасност обвинетото лице да се даде во бегство, да го повтори кривичното дело или да влијае на кривичната постапка. 

пред 7 години

cv3aviqc0y3libcldsik

ПОТРЕСНО ВИДЕО: Жена и две малолетни ќеркички во Куманово ќе останат на улица, се плашат од глад и смрзнување

Нивниот живот е полн со солзи ,но и верба дека нема да се разбудат под отворено небо и дека конечно ќе и затворат врата на неизвесноста и влагата која ја има насекаде во куќата од која за еден месец треба се иселат.Призренка Мишиќ која има епилепсија и е самохрана мајка заедно со нејзините малолетни ќерки три години живее во оваа куќа во Куманово, која од секаде тече вода и тоне во влага, но не се жали од лошите услови, поради кои и здравјето и е влошено.Преплашени и збунети од текот на нивниот жовот, чекаат во последен миг некој да ги спаси од лоша судбина.Човекот кој им дозволил да живеат тука ќуката ја продал.„Живеам тука веќе две години, со две ќерки, боледувам од епилепсија, имам проблем со оџак ми тече многу. Од тука треба да си одам во март, немам каде да одам со двете деца“ - вели Призренка Мишиќ.Призренка Мишиќ живее од постојана социјална помош, детски дотаток и од нега за трето лице, со дваенаесет илјади преживува колку што може. Вели дека животот никогаш, не ја насмеал, дошла од Лесковец и се омажила тука, но сопругот бил алкохоличар и ја малтретирал, морала да се разведе и да се соочи со сите предизвици кои постојано ја изненадуваат.„Ме тепаше, двапати ми ја скрши главата, ме бркаше од куќа кога ќе дојдеше пијан. Беше пријавуван во полиција. За мене не е битно, децата ќе ми отидат“ - рече Мишиќ.Оваа самохрана мајка не испрати со надеж дека конечно нејзиниот глас ќе допре на вистинското место и дека нејзините ќерки нема да продложат да чекорат со горчливиот вкус на бесизлезноста. Верува дека еден ден ќе почнат и тие да го  живеат своето детство без солзи.

Македонија | пред 7 години

145

Ферид Мухиќ на Конференција на Парламентарното собрание на Франкофонијата - Регион Европа

Денеска, во Брисел, Кралството Белгија, ќе се одржи Конференција на Парламентарното собрание на Франкофонијата - Регион Европа (ПСФ - Регион Европа), на која ќе учествува Ферид Мухиќ, пратеник и потпретседател на Секцијата на Собранието на Република Северна Македонија во Парламентарното собрание на Франкофонијата (ПСФ).Оваа конференција се одржува по повод 20 Март - Меѓународниот ден на Франкофонијата и на истата ќе се дебатира за состојбата на употребата на јазиците во институциите на ЕУ, геостратешките предизвици на јазиците и за промоција на мултилингвизмот во Европа.На учесниците на оваа седница ќе им се обрати Жан-Пол Вал, шеф на Мисијата Европа на Парламентарното собрание на Франкофонија; Жак Крабал, генерален секретар на Парламентарното собрание на Франкофонијата; Бруно Фухс, претседател на Секцијата на Националното собрание на Франција; Хамза Фаси Фири, претседател на Белгиската секција во ПСФ; Луј Мишел, поранешен комесар на ЕК и пратеник во Европскиот парламент, како и бројни експерти. 

Македонија | пред 7 години

siljanovska-pendarovski

Силјановска почнува во Охрид, а Пендаровски таму завршува

Охрид, според навестувањата, ќе биде во центарот на претстојната изборна кампања за претседател на државата, што е очекувано со оглед на поклопувањето со вонредните избори за градоначалник на оваа општина, која важи за една од најатрактивните во државата, а во минатото таму се бележеа чести осцилации во политичкото расположение на граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ, традиционално, и за претстојните избори го избра Охрид како стартна позиција за кампањата, која почнува на 1 април. СДСМ, пак, планира таму да го одржи завршниот митинг пред првиот изборен круг, односно на 18 април, пред почетокот на изборниот молк.Исто како и пред предвремените парламентарни избори во декември 2016 година, карваните на двете најголеми партии и годинава, најверојатно, ќе стартуваат од Охрид и од Прилеп, каде што владејачката коалиција ќе го одржи првиот митинг, а неколку часа пред тоа претседателскиот кандидат Стево Пендаровски, всушност, ќе го има првиот кампањски настап во Крушево. Од СДСМ велат дека последните кампањи ги почнуваат од Прилеп како симбол на победа што, како што велат, беше потврдено и на последните локални избори.Интересен е податокот дека во однос на распоредот на митинзи и други технички прашања пред претстојните избори се одвива поинтензивна координација од вообичаената меѓу штабовите на тројцата претседателски кандидати: Пендаровски, Гордана Силјановска-Давкова и независниот кандидат Блерим Река, кој доби поддршка од Беса и Алијансата на Албанците. Овој принцип беше договорен на неодамнешната средба меѓу лидерите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски, во насока на обезбедување фер и регуларен изборен процес кој би влијаел позитивно и на оценките на ЕУ пред одлуката околу датумот за преговори.Повеќе на Независен.мк

Македонија | пред 7 години

vmro_dpmne

ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски молчи за невработеноста на младите од 47,6% која е највисока на Балканот

Стево Пендаровски е ист како неговиот партиски шеф Зоран Заев.   Пендаровски како Заев молчи за искажаните лажни ветувања за продажбата на блиндираниот мерцедес.  Неговата партија ветуваше нови возила за Брза помош кои ќе се набават од продажбата на мерцедесот, а сега во него ги возат сите високи гости во Македонија и земаат стари и користени од земјоделие, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„Пендаровски исто како Заев молчи за невработеноста на младите, а во кампањата претходно ветуваа намалување на младинска невработеност и подобрување на младинскиот стандард. Наместо подобар стандард,  донесоа беда и сиромаштија за младите лица.Светска Банка потврди дека за 2018 година, имаме младинска невработеност од  47,6%, што е највисока на Балканот и тоа не прави полоши дури и од Косово, додека пак над 140.000 млади лица откако е СДСМ на власт живеат под прагот на сиромаштијата.Пендаровски како Заев молчи и за фалсификатот на референдумот,  и за непостапувањето на институциите кои ги игнорираат кривичните пријави и доказите за грубо полнење на кутии , поткуп и злоупотреба на над 50.000 гласови.Пендаровски молчи како Заев и за тоа на кој јазик зборуваат Македонците во Грција и на тој начин практично дава поддршка на откажувањето македонското население во Грција и нивното право на самоопределување како Македонци.Пендаровски како Заев молчи за сите криминални зделки во 4 очи, за местените тендери и грантови на  власта како  и за непотизмот кој што откако е СДСМ на власт како канцер метастазираше во нашето општество.Политичкиот прогон во државата и монтираните судски процеси се режирани од Заев и од Пендаровски. Зацрнија цели семејства осудувајќи лица за дела кои што не ги извршиле, а единствен нивни грев е што се политички неистомисленици на Зоран Заев.Пендаровски и Заев се лице и опачина на една иста монета. На Република Македонија не и треба нов Зоран Заев,  државата има потреба од претседател кој ќе работи согласно устав и закон. Република Македонија и граѓаните имаат потреба од претседател кој ќе работи согласно државните и национални интереси“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 7 години

luta-zena

Женски особини кои не ги сака ниту еден маж

1. МатеријализамЗа многу жени финансиската сигурност претставува важен фактор кога одбираат партнер. Не треба некое посебно истражување, иако е направено, за да покаже дека материјално обезбедените и стабилни мажи им се многу попривлечни на жените од останатите.Без разлика дали спаѓате во оваа група на жени или не, отворено покажување на важноста на парите на почетокот од врската и во текот на запознавањето на мажите воопшто не им е привлечно. Ако барате скапи подароци и отворено покажувате дека ви се важни неговите финансиски гестови, треба да знаете дека во машката глава тоа изгледа многу лошо.2. Грубост и нељубезностЖените не се единствените кои забележуваат како нивниот партнер се однесува кон другите луѓе, на пример кон келнерките или продавачите. Грубоста и негативноста воопшто не се привлечни особини и тоа останува како впечаток и кај мажите.Агресивното однесување на жените кон друга личност воопшто не е привлечно, исто како и нељубезноста и покажувањето на отворено непријателство кон некого.3. Трачеви за туѓи животиНа мажот на кој му се допаѓате сака да знае сè за вас, но не го интересираат животите на вашите другарки или колешки. Понекоја смешна ситуација или шега одвреме-навреме може да си раскажете, но ако секој збор буквално е посветен на туѓите животни, односно сте опседнати со озборување тогаш имате особина која ниту еден маж не ја сака.

Магазин | пред 7 години

samodoverba

10 работи кои ќе ја зголемат вашата самодоверба

1.Променете ја бојата на косата или направете нова фризура за да и дадете повеќе сјај на косата или само затоа што ви е потребна промена. Ќе се изненадите колку поинаку се чувствувате со новиот изглед.2.Носите облека во која се чувствувате добро и му верувате на сопствениот вкус. Ако морате да се погледнете во огледало повеќе од трипати, преоблечете се.3. Ако немате време да се грижите за ноктите и лакот за нокти, најдобро е да не ги лакирате. Скратете ги и обликувајте ги уредно. Рацете се дел од телото што најмногу ги забележуваме кај други.4. Со храната внесувајте доволно антиоксиданси за да ја одржите телесната и психичката сила. Препорачана дневна доза е 60 мг витамин Ц, 8 мг витамин Е и многу бетакаротин од овошје.5. Преземете ја контролота и веќе денес решете барем една од обврските што со недели намеравате да ги направите – на пример, отидете во банка или испратете ја даночната пријава.6. Купете градник што совршено ви прилега. Ќе изгледате подобро и ќе се чувствувате многу попривлечна.7. Дневно одделете 15 минути – без оглед дали сте вработени или не – за да размислите за приоритетите во остатокот од денот.8. Изберете нов кармин за усните со силна боја – и не заборавете да се смешкате.9. Прочитајте некоја убава книга, на пример биографија за личност од историјата на којашто и се восхитувате. Таа постигнала многу, значи можете и вие.10. Орасположете се со парфем – немојте скапиот мирис да го чувате за посебни прилики затоа што тој и онака ќе испари. Употребете го и поправете си го расположението.

Магазин | пред 7 години

srekja

Четири причини зошто не сме среќни

Среќата е сложена тема. Додека одредени луѓе успеваат да бидат среќни дури и во тешки услови, други пак изгледа дека се несреќни и покрај сѐ што имаат. Зошто е тоа така?Одлучуваме да бидеме несреќниИако звучи многу неверојатно, голем дел од луѓето се вовлекуваат себеси во самосожалување и борба за внимание од другите луѓе, не правејќи никаков мал обид да ја доближат среќата до себеси. Веројатно секој од нас околу себе има личност која гледа негативно на сите случувања. За таквите луѓе е многу тешко да бидат среќни, бидејќи тие имаат песимистички и негативен поглед на животот. Дури и во ситуации кога среќата се појавува во нивниот живот, тие не уживаат во неа, непрепознавајќи ја бидејќи се затворени во својата негативност.Се соочуваме со услови кои влијаат на нашата среќаНекои луѓе и покрај тоа што го имаат одлучуваат да бидат несреќни. Но, постојат и луѓе кои се соочуваат со услови и ситуации кои негативно влијаат на нивната среќа. Тоа што е важно е дека ваквите ситуации не траат долго и потребно е трпение за среќата.Минуваме низ период на промени и предизвициВаквите ситуации се чести по завршување на одреден важен период од животот – завршување на факултет, раскинување на врска или пак напуштање на работата. Тоа се ситуации во кои исто така е потребно трпение, бидејќи потребно е балансирање на нашите емоции, но и нештата во животот пред да се вратат нештата во нивниот нормален тек.Не преземаме ништо за да бидеме среќниУште една дополнителна причина поради која не можеме да бидеме среќни е тоа што многу често дозволуваме да се оставиме себеси во состојба во која не правиме никаков обид за да преземеме нешто за да бидеме среќни. Тоа се луѓе кои можеби не одлучиле да бидат среќни или несреќни, туку едноставно ја посакуваат среќата, а не преземаат чекори за да ја приближат до себе.

Магазин | пред 7 години

milano-avtobus

(ВИДЕО) Мигрант запали автобус полн со деца во близина на Милано

Италијански возач на автобуси од сенегалско потекло се обидел да запалат автобус со 51 лице, претежно деца и нивните родители, објави „Раи њуз 24“.Човекот, наводно, истурил бензин во автобусот, велејќи дека сака да го спречи умирањето во Средоземното Море, а потоа го запалил.Едно од децата успеало да ги повика службите за итна помош кои набрзо пристигнале на местото на инцидентот.Локалната полиција веќе го уапсила 47-годишниот возач на автобусот, Усеину Су, кој веќе имал криминално досие.Според медицинските лица, ниту еден од патниците не се здобил со повреди, но 12 деца и двајца возрасни биле однесени во болница со симптоми на труење со чад.https://twitter.com/GiancarloDeRisi/status/1108362506341400576?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1108362506341400576&ref_url=https%3A%2F%2Fkurir.mk%2Fsvet%2Fvesti-svet%2Fitalija-migrant-zapali-avtobus-poln-so-deca-video%2F

Свет | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања