Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

policija-2

12 сообраќајки во Скопје, повредени шест лица

Еден мотоцикл се здобил со тешки повреди, а пет лица со лесни повреди во пет сообраќајни незгоди од вкупно 12 што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје. Во шест сообраќајки е причинета материјална штета.Според податоците на СВР Скопје, полицијата евидентирала 39 возачи кои возеле побрзо од дозволеното, 17 пред да се стекнат со правото на управување моторно возило и шест почетници.Од сообраќај се исклучени и пет технички неисправни и 14 нерегистрирани возила. Казнети се и 90 возачи за непрописно паркирање, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 66 возила.Санкционирани се и тројца пешаци, пет возачи кои поминале на црвено светло, двајца возачи кои не дале првенство на минување на пешаци на обележан пешачки премин, шест за неправилно престројување, еден за неправилно престигнување, како и еден возач кој не дал првенство на минување на возила во зона на крстосница. Казнети се и пет возачи на мотор, мопед и мотоцикл за некористење на заштитен шлем, шест возачи за неносење сигурносен појас и 20 возачи кои зборувале на мобилен телефон додека возеле.

Скопје | пред 7 години

siljanoska-12

Силјановска: Стево извини што ги амнестиравте вратарите на терористите

Кандидатката за претседателка од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова на својот новоотворен Твитер профил започна хаштаг #СтевоИзвини. Во првиот таков твит осудените за 27 април ги нарече терористи и саркастично му се извини на Пендаровски за амнестијата на пратениците кои ги отворија вратите.-Бидејќи мојот противкандидат Стево упорно бара да се правдам за нешто што воопшто не е поврзано со мене, а истото неколку пати и на јавни настапи го имам осудено, еве го прифаќам предизвикот на Стево. #СтевоИзвини за тоа што ги амнестиравте вратарите на терористите, напиша Силјановска.

Македонија | пред 7 години

53595314_10219282272233162_6611182500909678592_n

Никола Буџак: Во Германија ми вратија документи со образложение дека Република Македонија не постои

Никола Буџак, кој живее и работи во Германија на својот Фејсбук профил ги соопшти непријатностите со кои се соочил по промената на името на државата.„Ако се прашувате што се смени со „Северна Македонија” еве на пример во Германија ми вратија документи од сите мои дипломи, уверение за положени испити во Република Македонија уредно преведени и заверени на нотар со образложение дека таква земја не постои. Па сега да Ве прашам Вас сите во која земја дипломиравте Вие? Каде учевте Вие? Кои сте Вие?“, напиша Никола.

Македонија | пред 7 години

oliver-andonov-1

Уапсен Стевчо Јакимовски

Ексградоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски утрово е приведен откако за тоа налог издало Основното јавно обвинителство, брифираат извори оттаму за „Скопје 1”.Неофицијално, тој е приведен поради опасност од бегство, за него се бара мерка привор. Јакимовски е опфатен во два претмети на обвинителствата а се гони за злоупотреба на службена положба и овластувања.Потврда за ова нема, а детали се очекуваат наскоро. Јакимовски ќе биде изведен пред судија на претходна постапка, каде ќе биде испитан.

Македонија | пред 7 години

zaev-dimitrov

Владина делегација на средба со Столтенберг во Брисел

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, придружуван од заменик претседателот на Владата за европски прашања, Бујар Османи, заменик претседателката на Владата и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска и министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денес ќе престојуваат во еднодневна работна посета во Брисел, во седиштата на ЕУ и НАТО.Владината делегација во Европската Комисија на ЕУ ќе учествува во работата на Комитетот за стабилизација и асоцијација, со кој ќе претседава премиерот Заев, а во седиштето на НАТО е предвидена билатерална средба со Генералниот секретар Јенс Столтенберг.Според програмата, во Европската Комисија ќе се одржи прес-конференција на премиерот Заев со високата претставничка на ЕУ и еврокомесарка за надворешни работи и безбедност, Федерика Могерини и со еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, а во седиштето на НАТО е предвидена заедничка прес-конференција на премиерот Заев и Генералниот секретар, Јенс Столтенберг.

Македонија | пред 7 години

petrovec-pozar

ДЗС апелира до граѓаните да не палат огнови

Поради зачестените полски и шумски пожари деновиве, Дирекцијата за заштита и спасување упатува апел и предупредување до сите кои работат или се движат на отворен простор да не палат огнови.Апелот посебно се однесува на земјоделците кои интензивно се подготвуваат за пролетната сеидба и ги чистат и палат отпадоците и стрништата на нивите.Апелот се однесува и за оние кои се движат и работат во шумите, на излетниците, но и на сите граѓани, зашто доволно е само мала искра за да се потпали сувата трева или околната нискостеблеста вегетација.Исто така, граѓаните не треба да вршат палење на отпад и друг горлив материјал и да не фрлаат отпушоци од цигари и догорчиња. Доколку забележат пожар на отворен простор граѓанска должност на секој граѓанин е најбрзо што може да го пријави во надлежните институции.Од брзината на јавувањето, содржината и точноста на информации зависи и исходот, односно успехот на акцијата за гасење на пожарот.Дирекцијата за заштита и спасување будно ја следи ситуацијата со пожарите во државава и реагира онаму каде што е потребно, во интерес на граѓаните и животната средина.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Променливо облачно со услови за дожд

Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно, во попладневните часови ќе има услови за локален дожд со грмежи, особено во планинските подрачја.Дневните температури ќе бидат во Скопје 20 Целзиусови степени, Маврово и Охрид 18, Прилеп 19, Кавадарци и Крива Паланка 21, Берово 17, Дојран 22.Во среда ќе има зголемена облачност со локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен северен ветер, што во следните денови ќе услови позначително намалување на дневната температура. 

Македонија | пред 7 години

avtopat-tetovo-skopje

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.Ве информираме дека автопатот Миладиновци – Штип, секција Миладиновци – Кадрифаково и Кадрифаково – Миладиновци не е пуштен за сообраќај. На автопатот се вршат проверки од безбедносен карактер. Апелираме до сите возачи да не го користат автопатот.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони.

Македонија | пред 7 години

struja-4

Без струја повеќе делови од Скопје

Од „ЕВН Македонија“ АД информираат дека заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, без електрична енергија ќе останат:Во периодот од 09:00 до 14:00 часот корисниците од викендиците во с. Долна Матка. (Општина Сарај)Во периодот од 08:00 до 16:00 часот корисниците од селата Драчевица, Цветово, Мала Река, Црвена Вода, Палиград, Алдинци, Вртекица, Пагаруша, Долно и Горно Количани, фирмата Принцес во Мала Река и предавателот на Т- Mobile во с. Цветово. (Општина Студеничани)Во перидот од 09:00 до 14:30 часот корисниците од ул. Саса бр. 18. (Општина Кисела Вода)Во периодот од 09:00 до 15:00 часот корисниците од улиците 1, 2, 3, 4, 5, 6 и 7 во с. Батинци. (Општина Студеничани)Во периодот од 08:05 д 10:35 часот корисниците од фирмите Колид, Анета, Електроводомонт, Даниел Рухти, ИГМ Циглана, ТИПО, Европа 92, ЗИК Момин Поток, Астекс, Графика, Еуротехника, МАККАБ, ИГМ Вратница, АЛМА М, Медика, УНИ Компани, трафостаниците на воена пошта Мал Логор, ВП 2 и ВП 3, Еуробулс, Слободанка, Мусли Компани, БЛИФ, Хисар и Гипсар, (Општина Карпош)Во периодот од 09:00 до 14:00 часот корисниците од ул. Пандил Шишков бр. 3. (Општина Аеродром)Во периодот од 08:30 до 12:00 часот корисниците од селата Ајватовци, Бунарџик, Грушино, Бучинци, Мршевци и Бујковци. (Општина Илинден)Во периодот од 09:00 до 11:00 часот корисниците од броевите 35 и 4 на ул. Васил Ѓоргов. (Општина Центар)

Скопје | пред 7 години

izjava-zaev.Still076

(ВИДЕО) Горат стрништа и ниви од Скопје до Охрид

Од Скопје до Охрид секојдневно оваа пролет горат стотици ниви кои намерно се палатза да не се чисти ѓубрето на нив, или горат стрништа, трева и други површини кои некој ги пали за да ослободи простор за на него нешто да сади или гради.Неретко огнот доаѓа и до коловозот на овој патен правец, а последниов викенд гореше до пругата Скопје - Кичево, но и до самата аеродромска писта на аеродромот во Охрид.Се пали се што некој ќе процени дека треба да изгори, од трската кај Струга, струшките села Калишта и Радожда, трската во Преспа, па сега се палат и цели планини за да се ослободи просторот.Во меѓувреме државата како да не постои и секој прави што сака.ВИДЕО ОД ОГНОТ ПОКРАЈ ПРУГАТА ВО КИЧЕВО И АЕРОДРОМОТ ВО ОХРИД

Македонија | пред 7 години

Silegov-trotinet

(ФОТО) Петре мисли дека има хејтери, за јавноста е мизерен

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, изминативе денови е присутен во јавноста со неговиот електричен тротинет. Тој повторно објави фотографии како тој со тротинет оди и се враќа од работа.„За разноразните хејтери (кои, кога ќе размислам, всушност, се мразат самите себеси), повторно од работа накај дома ...И да, денеска, преку 65 километри. На состаноци, средби. Се може кога се сака.Сакајте го Скопје ...“, стои во објавата на Фејсбук.https://www.facebook.com/petreshilegov/posts/2840511149506798Откако Петре Шилегов го објави статусот, на твитер се појавија многу шеги на негова сметка. Се реагираше и на Фејсбук. “Не знам што се замислува типов, ама е мизерен”, “Петре ти си никој и ништо за да има хејтери, океј маче?”, се дел од коментарите.Деновиве се појавија фотомонтажи по социјалните мрежи, како фотографијата каде Шилегов излегува од Клиниката за токсикологија со тротинет.

Скопје | пред 7 години

455705064_221688-768x1076

Некст тајм најави нов видео запис за песната „Нешто ќе те питам бабо“

Дуото „Некст тајм“ на својот Фејсбук профил најави промоција на својот нов видео запис за песната „Нешто ќе те питам бабо“.Промоцијата ќе се одржи во Драмскиот театар (Карпош), а е закажана на 25 март со почеток во 20 часот.Во продолжение Ви го пренесуваме Фејсбук статусот на дуото „Некст тајм“:СО ГОРДОСТ ВИ НАЈАВУВАМЕ ПРОМОЦИЈАЗА НОВ ВИДЕО ЗАПИС, ЗА УШТЕ ЕДНАМАКЕДОНСКА НАРОДНА ПЕСНА“НЕШТО ЌЕ ТЕ ПИТАМ БАБО”ПОНЕДЕЛНИК 25.03.2019 СО ПОЧЕТОК ВО 20:00 ЧАСОТ, ДРАМСКИ ТЕАТАР(КАРПОШ) СКОПЈЕ.ВЛЕЗОТ Е СЛОБОДЕН ЗА СИТЕ ЉУБИТЕЛИ И ПОДРЖУВАЧИ НА МАКЕДОНСКАТА МУЗИКА И НЕКСТ ТАЈМ.ВЕРУВАМЕ ДЕКА И ПО ТРЕТ ПАТ ЌЕ ВЕ НАПРАВИМЕ ГОРДИ И ЌЕ ЈА ЗАЧУВАМЕ МАКЕДОНСКАТА ПЕСНА ЗАЕДНО!!!

Магазин | пред 7 години

siljanovska-davkova

Силјановска до Пендаровски: Што не го продадовте мерцедесот на Грујо?

Претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, професорката Гордана Силјановска Давкова преку Твитер упати порака до Стево Пендаровски кандидат за претседател од редовите на СДСМ.„Стево извини што не го продадовте мерцедесот на Грујо и што граѓаните се возат во стари и неисправни амбулантни возила. Најбитно е Заевизмот да си се вози. Возиме напред“, напиша Силјановска на Твитер.

Македонија | пред 7 години

Gjorge-Ivanov1

И шурата на Иванов купил два стана во истата зграда на Водно

Покрај претседателот Иванов, во истата зграда на Водно два стана купил и неговиот шура. Во деталниот преглед на податоците за катастарската парцела до која дојде телевизија 24 со барање за слободен пристап до информации, стои дека до синот на Иванов ќе живеат и неговите братучеди. Братот на првата дама, Сашо Тоневски купил по еден стан за синот и за ќерката. На вториот кат, каде се наоѓа и поголемиот стан на Иванов, шурата купил стан од 109 метри квадратни. Вториот стан е исто на мансардата како Иванови, од 96 метри квадратни. И двете деца имаат и по една гаража.Државната антикорупциска комисија отвори предмет по добрен глас за да го проверува имотот на претседателот Ѓорге Иванов. Антикорупционерите сега ќе проверуваат каков се имот поседува претседателот и од каде му се парите за двата стана, кои според проценките чинат над 250 илјади евра. Иванов во Антикорупциска не пријавил дека трошел пари од банкарските сметки, ниту дека зел кредит за купување на станови. Иванов побара антикорупционерите да ги истражат имотите и на другите функционери во државата.

Македонија | пред 7 години

55211337_570419643457515_8355960467524419584_n

Пожарот на Скопска Црна Гора ќе се гасне рано наутро

Eкипи на БППЕ на Град Скопје интервенираат на гаснење на пожарот на Скопска Црна Гора, но поради ветрот и непристапниот терен гаснењето е отежнато. Пожарот се шири кон с. Никуштак, с.Виштица и кон с. Матејче во горниот дел од планинскиот превој. Гори сува трева и мешана шума.Од страна на општина Гази Баба упатено е барање за ангажирање на воздухопловите на ДЗС во раните утрински часови.Екипите на БППЕ ќе останат на лице место во текот на ноќта за да го контролираат ширењето на пожарот.  

Скопје | пред 7 години

humanost

Да помогнеме! За 2000 евра едно детенце ќе може повторно да гледа

Апел за Итна помош!На социјалните мрежи се појави апел за помош на шест годишно детенце. Во апелот се вели:Шестгодишно детенце го губи видот… За 2000 евра кои, реално, ако се здружиме можеме да ги собереме за 20 минути. 100 денари за секој од нас се едно кафе или пак една кутија цигари од кои денес можеме и да се откажеме.ГО МОЛАМ секој од вас да сврти на телефонскиот број 143 482 и да помогне. Едно детенце ќе ви биде вечно благодарно…Јаков боледува од церебрална парализа и епилепсија. Поради болеста има оштетување на нервот на десното око и со истото неможе да гледа. Потребни се одредени финансиски средства , да се направи операција во болница во Софија.Свртите на бројот на ВИП (143 482 ) и со секој повик донирај 100 денари. 

Македонија | пред 7 години

policija-123

Пронајдено 16-годишното девојче од Кисела Вода

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека вечерва (18.3.2019) од страна на полициски службеници е пронајдена 16-годишната О.П., за која нејзината мајка Б.П. (47) вчера во 22.00 часот во Полициската станица Кисела Вода пријави дека се оддалечила од домот.Во текот на вечерта, О.П. ќе биде предадена на нејзиното семејство.

Скопје | пред 7 години

1-7-2

Пендаровски: Моја цел е да бидам претседател кој обединува, сплотува и се грижи за доброто на граѓаните

Заедничкиот кандидат за претседател, Стево Пендаровски денес се сретна со граѓаните на Струмица.Пред граѓаните Пендаровски рече дека негова главна цел е да обезбеди сигурна и стабилна иднина за граѓаните и државата, да продолжи напредокот и да се обезбеди целосна интеграција во НАТО и ЕУ.Стојам цврсто зад државните интереси, кои значат подобар живот за сите граѓани, сигурност, стабилност, членство во ЕУ и НАТО. Моја цел и лична заложба е да бидам претседател на сите, претседател кој обединува, сплотува и се грижи за доброто на граѓаните - изјави Пендаровски.Ги менуваме политичката култура и начинот на водење на политика. Стојам пред вас како надпартиски претседател кој секогаш ќе води грижа за она што значи напредок, интеграции и подобар живот - заклучи Пендаровски.Пендаровски вечерва, продолжува на средби со пензионерите и младите од Струмица.

Македонија | пред 7 години

vucic-111

„Блиц“: Вучиќ ќе ги помилува сите кои беа уапсени на протестите

Српскиот претседател Александар Вучиќ ќе ги помилува сите лица што беа уапсени на протестите, кои ќе побараат помилување, јави „Блиц“.– Оние кои ќе побараат помилување ќе бидат ослободени, а претседателот нема надлежности во врска со прекршочните постапки, изјавил за „Блиц“ извор близок до Претседателството.Како што пренесува „Блиц“, помилувањето се однесува на сите, освен на оние кои во зградата на РТС внеле моторна пила и им се заканувале на новинарите.– Помилувања нема да има ниту за оние лица кои „тепале и со нож нападнале полицајци“ на протестот пред Претседателството на Србија, наведе „Блиц“.Претставниците на Сојузот за Србија (СС) претходно ги повикаа надлежните и српскиот претседател Александар Вучиќ да ги ослободи уапсените луѓе за немирите на протестите и најавија дека во спротивно ќе организираат мирни протести и дежурства пред Претседателството.Тие најавија дека кампањата ќе продолжи под слоганот „За децата нема да ви простиме“, а еден од лидерите на СС, Драган Ѓилас, рече дека акцијата за упад во Радио Телевизија Србија не била планирана.– Вучиќ има правни и уставни овластувања да донесе одлука за амнестијата за овие луѓе и да ги прекине постапките и да ги врати овие млади луѓе назад во нивното семејство и училиштето”, рече Ѓилас на прес-конференцијата.Зоран Лутовац од СС рече дека ќе го чекаат законскиот рок за поднесување жалби за апсења, за да се интензивираат нивните постапки, но сепак тие не сакаат да објаснат на кој начин.– Сакаме да видиме кои законски можности ги имаме, рече тој, додавајќи дека ова мора да се реши во следните 24 часа.

Свет | пред 7 години

siljanovska-1

Силјановска: Кривичниот законик е со определена цел, наменски да се спасат од судењата определени личности

За истите кои од мене бараат посилно да сум ги осудела настаните од 27-ми април, лицата кои ги отвориле портите на злото станаа лица кои отвораат европски порти. Тоа е хипокризија и цинизам, изјави кандидатката за претседател на Република Македонија од ВМРО-ДПМНЕ, професорката Гордана Силјановска Давкова во нејзиното гостување на Алфа Телевизија.Таа посочи дека законот за амнестија за овие настани е далеку од закон за амнестија и владеење на правото, туку чудно помилување и селективна правда бидејќи закон за амнестија важи за сите кои биле инволвирани во определени дела или настан.Во врска со судството Силјановска Давкова потенцираше дека истото е далеку од независно и за тоа доволно зборува што за да се случат уставните измени селективно се ослободуваа лица, само за да се обезбеди двотретинско мнозинство во Собранието.– Судството е далеку од независно судство. Тоа особено се виде во трката по високата цел како што се нарекуваше Преспанскиот договор, референдумот, законот за употреба на јазиците, особено во врска со уставните измени кога нужноста од мнозинство доведе до чудни постапувања на пратениците. Да не зборувам и за измените на кривичниот законик кој е со определена цел, наменски да се спасат од судењата определени личности повторно на линија на одржување на коалицијата, нагласи професорката Силјановска Давкова.

Македонија | пред 7 години

gordana-siljanovska

Силјановска: Ако Пендаровски се чувствува небезбеден, како треба да се чувтвуваат граѓаните

Да јас се чувствувам безбедна. Се уште одам на работа пешки, талкам по скопските улици и се чувствувам безбедна. Мислам дека ако сте биле долги години дел од структурите и голем дел од животот сте го поминале во врска со безбедносните прашање веројатно сметате дека кога знаете многу за другите луѓе, и тие сакаат да знаат за вас, па се чувствувате небезбедно, изјави професорката и кандидат за претседател на Република Македонија Гордана Силјановска Давкова во нејзиното вечерашно гостување во емисијата Отворено на телевизија Алфа.Според неа изјавите на противкандидатот Стево Пендаровски се чудни бидејќи доколу тој се чувствува небезбеден а е на власт, тогаш како би требало да се чувствуват граѓаните на Република Македонија.Слушнав дека и специјалната јавна обвинителка исто така смета дека ја следат. Не знам што да кажам, оние кои што треба да не убедуваат во нашата безбедност бидејќи јавниот обвинител може да бара од ОТА, вас или мене или некој друг да го преслушкуваат од безбедносни причини, да сметаат дека се небезбедни, тоа лошо звучи бидејќи ја прикажува Република Македонија небезбедна држава, а во небезбеден амбиент во небезбедна земја има проблеми со одржување на фер и демократски избори, смета Силјановска Давкова.

Македонија | пред 7 години

semejstvo-ivanovi-e1546276005688

СДСМ: Како синот на Иванов купил два стана кога не е вработен?

Партискиот послушник Ѓорге Иванов како и во изминатите години, и денеска молчи, велат од СДСМ.„Наместо молк, Иванов треба да излезе пред јавноста и да одговори:Со кои пари синот на Иванов купил два стана на најатрактивна локација во Скопје, кога не е вработен?Ако становите му ги купиле неговите родители, тогаш зошто не се пријавени во нивните анкетни листови?И со кои пари ги купиле становите, бидејќи во анкетниот лист нема наведено ниту еден подигнат кредит?“, се вели во соопштението

Македонија | пред 7 години

1-2

Дескоска: Имплементирање на меѓународни стандарди, а не обиди за избегнување на одговорност на сторители на кривични дела

Денеска се одржува првата средба во Министерството за правда на која треба да се разгледуваат забелешките и амандманите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за Законот за Јавното обвинителство, во кое е регулиран и статусот и автономијата на Специјалното јавно обвинителство.На средбата, од страна на Министерството за правда  учествува министерката Рената Дескоска,  додека пак делегацијата од ВМРО-ДПМНЕ ја предводи Иван Менкиноски, а присуствува и претставник на ДУИ, г. Артан Груби.Пред почетокот на средбата, министерката Дескоска даде изјава за медиумите која ја пренесуваме интегрално.-Денеска е првата средба на којашто треба да дискутираме поконкретно за забелешките коишто ги има ВМРО ДПМНE за Законот за Јавното обвинителство. Согласно договорот кој го имаме за работата на работната група, ВМРО ДПМНЕ треба да достават амандмани на законот со цел да можеме да работиме ефикасно, за да може да се донесе законот согласно роковите коишто ги имаме од Европската Унија.Се што ќе значи подобрување на текстот во насока на имплементирање стандарди на ЕУ – ќе бидат прифатени. Секако, заедничката желба на Министерството за правда и Владата на Република Северна Македонија е да имаме текст којшто ќе значи имплементирани меѓународни стандарди, но, секако, сите присутни на состанокот мора да бидат свесни дека под стандардите коишто ќе значат објективно, капацитетно Јавно обвинителство, и СЈО како траен орган, не можеме да отидеме, бидејќи носење на закон само за да се донесе без оглед на квалитетот не е нешто што можеме да го оправдаме, ниту пак е потребно. Од таа причина мојата порака до сите учесници денеска е дека мораме да работиме заедно на носење на квалитетен закон којшто ќе имплементира меѓународни стандарди, а не да се прават обиди за избегнување на одговорност од поранешни или идни сторители на кривични дела.Во однос на прашањето за барањето на ВМРО – ДПМНЕ, Катица Јанева да не биде специјална јавна обвинителка, Дескоска одговори:„Мандатот на специјалната обвинителка според сегашниот закон истекува оваа година. Со оглед на тоа што ниту Мицковски, ниту Зоран Заев, ниту пак Министерството за правда избира јавен обвинител, прашањето понатаму за избор кој ќе продолжи да ја врши функцијата специјален јавен обвинител е прашање коешто ќе треба да го одговорат членовите на Советот за Јавно обвинителство.Од тие причини не треба да разговараме за луѓе, туку за создавање на систем заснован на принципи којшто ќе гарантира и утре непристапно водење на постапките од страна на било кое обвинителство.”Какви се шансите да се добие обвинител по избор на опозицијата беше следното прашање на кое министерката за правда одговори:„Препораките кои ги имаме за начинот на избор, за критериумите, укажуваат дека треба да имаме процедура во којашто политичките партии нема да имаат мешање. Тоа се европски стандарди и ние ќе се залагаме за имплементирање на европските стандарди со цел законот да биде позитивно оценет од Европската Комисија и да ни се овозможи отворање на преговорите.”„Во рамките на Законот за Јавното обвинителство, содржани се и решенијата за СЈО. Главната дебата согласно најавите коишто ги слушнавме од Мицковски очекуваме да се води околу СЈО, но ако има и препораки за подобрување на текстот во другиот дел на текстот ние сме подготвени да разговараме и за нив”, истакна Дескоска. 

Македонија | пред 7 години

moskva-na

Русија ја призна Северна Македонија

Русија ја призна денеска нашата држава под новото уставно име – Република Северна Македонија, соопшти Министерството за надворешни работи на Руската Федерација.Во соопштението од руското МНР се нагласува дека на 18 февруари во руската Амбасада во Скопје е добиена нота од нашето МНР со кое се известува дека официјалното име на државата е променето во Република Северна Македонија.-Руската Федерација ја призна таа држава под новото име – Република Северна Македонија, се нагласува во соопштението од руското МНР.

Македонија | пред 7 години

55211337_570419643457515_8355960467524419584_n

(ФОТО) Пожар над Скопска Црна Гора, чадот и миризбата се чувствуваат во Ѓорче Петров

Пожар во кумановски дел на скопска Црна Гора. Чад и оган може да се забележат вечерва од зад планината. Гори ниска мешана шума и бор.Пожарот е во местото викано Влајингроб и полека се шири кон с. Никуштак, с.Виштица и кон с. Матејче во горниот дел од планинскиот превој. Испратена е екипа на Шумско стопанство но неможе да се дејствува поради непристапен терен и немање соодветен пат до местото кое е зафатено со пожарот.Од страна на Градоначалникот на општина Липково упатено е барање за ангажирање на воздухопловите на ДЗС, заради неможноста да се дејствува од терен.

Скопје | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања