Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

DSC_0920

(ВИДЕО) Шахпаска: За Оперативниот план за вработување во 2019 година обезбедени се 1,1 милијарда денари

Преку серија на мерки што ги презема Владата, се намалува невработеноста, се создаваат услови за отворање на нови работни места, се отвораат шанси за младите, изјави Јагода Шахпаска од СДСМ на денешната прес-конференција.„За Оперативниот план за вработување во 2019 година обезбедени се рекордни 1,1 милијарда денари, односно највисок износ досега.Мерките од Планот се фокусираат на доквалификација, вработување на најранливите категории, но и поддршка за стартапите и иновативните бизнис идеи за сопствен бизнис.Оперативниот план за 2019 година посебен акцент става на младите невработени лица до 29 години како и на корисниците на гарантираната минимална помош.Со новата мерка во Оперативниот план обезбедените се над 43 милиони денари за развој на дигитални вештини и нови работни места во оваа сфера“, изјави Шахпаска.Таа додаде дека со оваа мерка се опфатени 1.323 невработени млади лица до 34 години. Преку најразлични обуки и прекфалификации овие млади луѓе ќе можат да се вработат.„Новите работни места и потребите од преквалификација и стекнување на дигитални вештини се подговени заедно со работодавците.Градиме правично, фер општество кое создава шанса за сите.Мерките од Оперативниот план за вработување даваат реални и одржливи резултати.Во претходната, 2018 година, Оперативниот план за вработување имаше реализација од 95 отсто.За првпат се воведе „Гаранцијата за млади“, преку која се вработија 1.839 млади лица. Оваа мерка не прави прва држава што ја применува а се уште не е полниправна членка на ЕУ.Преку програмата Самовработување пак, сопствен бизнис отворија 1.191 лице.Успешните мерки, раздвижувањето на економијата и напредокот во интеграциите, придонесоа стапката на невработност да опадне на 20,8 отсто, со интенција дополнително да се намалува и веќе годинава да биде на историски минимум од под 20 отсто.СДСМ преку Владата и парлементарното мнозинство што ги предводи продолжува со спроведување на мерките што обезбедуваат нови работни места, повисоки плати, повеќе пари и повисок животен стандард за сите граѓани“, вели Шахпаска.

Македонија | пред 7 години

39227187_1722433124520562_1111275912566931456_o

„Андерфест“: Не ни беа доделени никакви средства од Министерство за култура, ниту добивме образложение

Организаторите на фестивалот Андерфест, кој за прв пат треба да се одржи оваа година, се огласија во врска одлуката на Министерството за Култура за доделување на средства за проектите од национален интерес.„Фестивалот Андерфест е планирано да се одржи од 5-7 Април 2019 година. Фестивалот е прв и единствен тридневен фестивал на кој ќе настапат исклучиво изведувачи од Македонија. Имено, веќе една година наназад напорно работиме на организација на фестивалот и со гордост можеме да се пофалиме дека на него веќе се потврдени да настапат преку 40 изведувачи кои несебично и без двоумење прифатија да бидат дел од фестивалот што само докажува колку овие изведувачи се желни за настап и промоција.  Исто така извршивме и извршуваме низа дејства со цел што подобро да го промовираме настанот, како гостувања на телевизии, радија, веб медиуми и сл и сметаме дека настанот ќе го разбуди интересот на публиката и очекуваме голема посетеност а имајќи го во предвид фатот дека влезот за сите настани е бесплатен можеме слободно да кажеме дека сме сигурни дека настанот ќе биде посетен.Најголемиот удар за нас дојде од Министерството за Култура. Како организатори на фестивалот Андерфест крајно сме изненадени и револтирани од одлуката на Комисијата при Министерството за Култура со која не е доделен ниту еден денар за овој фестивал. Имено најуредно аплициравме на годишниот конкурс за финансирање на проекти во делот музичка и музичко сценска дејност и сметаме дека ги исполнуваме сите услови кои беа предвидени во Конкурсот. Не ни беа доделени НИКАКВИ средства без никакво образложение и крајно криминално фестивалот остана без најнеопходната поддршка.На кому воопшто може да му пречи организирање на тридневен фестивал посветен исклучиво на македонски артисти, не сакам да нагласам но морам да кажам дека на Андерфест ќе настапат изведувачи од сите националности што е ирелевантно кога станува збор за музика и култура но гледаме дека се фаворизираат одредени националности па затоа и го напомеуваме истото.Како Министерството за Култура ќе ги стимулира сите оние кои како Андерфест сакаат да започнат нешто ново нешто прогресивно, нешто што е од општ интерес? Наместо да се поттикне вакво нешто макар со минимален износ (кој нам би ни значел премногу) вакви манифестации сакаат да се сотрат уште во самиот зародиш. Во културата несмее да има место за политика, национализам и партиски наредби“, велат организаторите.

Македонија | пред 7 години

Uzun

„Узун“ за Момо на 17 февруари во „Даре Џамбаз“

Во недела, на 17 февруари, со почеток во 18 часот во хуманитарниот дом „Даре Џамбаз“ ќе се одржи хуманитарен концерт „Узун за Момо“. Концертот е организиран од музичкото студио и естрадно училиште „Узун“, во соработка со Црвен крст на град Скопје, а влезот е бесплатен.„Оваа година концертот го посветуваме на нашиот колега музичар Момо Николовски кому му се потребни финансиски средства од 20.000 до 25 000 евра за лекување во странство. Влезот е бесплатен но во салата ќе биде изложена кутија за донација“, најави Жаклина Узунова.На концертот ќе учествуваат учениците и долгогодишни пријатели на училиштето, покрај Жаклина Узунова, „Уни бенд“, Кирил Узунов, Јасмина Гуњова, Горан Симевски, Кристијан Демјански, Валентина Ѓоргиевска Парго, придружувани од маестро Бранко Коловски, уметникот Живко Поповски- Цветин, а водителка, по традиција, е Катерина Стојановска-Десковска.„Ова е покана до сите колеги од македонската естрада доколку се во можност да учествуваат на концертот, а доколку некој сака да донира средства, а не може да присуствува на концертот ова се телефоните за донации 143 462 ВИП и 143 123 Т-Мобиле“, рече Узунова.Музичкото студио и естрадно училиште„Узун“ секоја година организира хуманитарни концерти. Оваа традиција ја воспостави легендарниот македонски музичар Јанко Узунов кој е воедно и основач на училиштето, креатор на учебниот материјал кој во него се изучува, наставник, организатор и предводник на поранешните активности на ова училиште.

Магазин | пред 7 години

1-11

Тасевски до Вишка: Го пониживте Танец, за да промовирате нов албански ансамбл за ора кој е роден вчера

Актерот и некогашен директор на Драмски театар, преку својот Фејсбук профил му се обрати на Висар Вишка кој застана во одбрана на министерот за култура Асаф Адеми.„Висар ај не паламуди. Оваа држава ти дала образование и работно место во МНТ. Ми леташ орлиња наоколу, а ми збориш ко Мајка Тереза. Се загрижи за маргинизираните? Ма немој. Вчера отворале фирми во тетовско, за денес да им пуштате илјадници евра на тотални анонимуси, али битно албанци.Министерството не е промотер на дилетантски групи, туку пред се мора да испорача врвни културно уметнички достигнувања. Го згазивте Скопскиот џез фестивал, светски бренд, да отворите нов во Тетово? Го пониживте Танец со приказна богата ко Илјада и една ноќ, за да промовирате на голема врата нов албански ансамбл за ора кој е роден вчера. Твојот цинизам те прави примитивен и повеќе те открива кој си, отколку што те покрива. Гледаш дека колегите од театарот и уметностите се револтирани, а ти упорно изигрува невина француска собарка. Сепак, твојот презир кон нас Македонците ти избива од секоја запирка, затоа не глуми, кајшто не проаѓа. Многу колеги со кои си одел по журки, си работел ќе те занејќат поради твојот цинизам и однос. Не се брани она што е неодбранливо. Ај фати му пенал на Меси. Немаш потреба да бидеш толку искомплексиран. Барем ти не. Ама ајде де“, напиша Тасевски на Фејсбук.

Македонија | пред 7 години

napadaci

Приведени тројца од напаѓачите на ватерполистите на Црвена Звезда во Сплит

Хрватската полиција утрово привела тројца од напаѓачите на ватерполистите на Црвена Звезда во Сплит. Според информациите се трага по уште двајца хулигани кои со палки ги нападнале спортистите на кејот на Јадранското море.Тие ги барале нивните обележја, а потоа вербално и физички ги нападнале. Еден од нападнатите ватерполисти скокнал во море за да се спаси. Двајца од ватерполистите од нападот се здобиле со полесни повреди на главата и вратот.Во тек е потрагата по уште двајца напаѓачи, кои се надеваат дека ќе ги пронајдат наскоро.

Спорт | пред 7 години

cadet-rapper

Британски рапер загина додека одел на настап

Британскиот рапер Кадет во петокот навечер загинал во Лондон, во сообраќајна несреќа.Му предвидуваа блескава кариера и многу хитови, но раперот Кадет почина одејќи на настап.28.годишниот Кадет, чие вистинско име било Блеин Џонсон, се наоѓал во такси кое се судрило со друго возило. Возачите од двете возила претрпеле тешки повреди и итно се префрлени во болница, додека Кадет починал на лице место, пишува The Sun.Семејството веста за неговата смрт ја споделила на неговиот профил на Инстаграм кој го следеле повеќе од 300. илјади луѓе.

Магазин | пред 7 години

Нема фотографија

13 лица го загубија животот во сообраќајки во Кина

Во сообраќајни несреќи во централна Кина животот го загубија најмалку 13 лица, а десетина се повредени, додека милиони семејства се враќале дома по празникот Лунарна Нова година.Пет лица загинаа утрово во 5 часот во верижен судир во кој учествувале 23 возила во близина на градот Анчинга во провинцијата Анхуи.Втората несреќа се случила три часа подоцна во близина на главниот град на провинцијата Хефеи кога минибус се судрил со патничко возило.Во два верижни судири во кој имало најмалку 100 возила животот го загубија две лица, а 50 се повредени, од кои 10 се со тешки телесни повреди.Провинциите Гуиџу и Анхуи се погодени од снег и леден дожд поради што автопатите биле лизгави.  

Свет | пред 7 години

h_54828099-202427

(ФОТО) Хаос на улиците во Париз: Жолтите eлеци запалија воено антитерористичко возило

Министерот за внатрешни работи на Франција, Кристоф Кастане на социјалната мрежа Твитер објави дека е згрозен од тоа што „Жолтите елеци“ го запалиле военото антитерористичко возило за време на протестите во Париз.Жолтите елеци вчера го запалија возилото пред Ајфеловата кула.„Секој ден војска ги штити нашите сонародници од ризик од тероризам. Ваквите напади се недозволиви“, напиша Кастане.https://twitter.com/CCastaner/status/1094274000887431168?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1094274000887431168&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2Fplaneta%2F3203425%2Fzuti-prsluci-zapalili-vojno-antiteroristicko-vozilo-ministar-policije-zgrozen-31-demonstrant-uhapsen-foto-videoИсто така француската полиција соопшти дека 31 демнострант е уапсен за време на вчерашните протести.Еден од учесниците  при фрлање на експлозивна направа, нејасно е дали солзавец или шик бомба  си откинал 4 прсти на  раката.https://twitter.com/sahouraxo/status/1094249494315704322?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1094249494315704322&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2Fplaneta%2F3203425%2Fzuti-prsluci-zapalili-vojno-antiteroristicko-vozilo-ministar-policije-zgrozen-31-demonstrant-uhapsen-foto-video

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

Бројот на жртвите во Истанбул се искачи на 21 лице

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека треба да се научат лекциите од рушењето на станбената зграда во Исанбул во која загинаа 21 лице.“Постојат многу лекции што треба да ги научиме”, изјави Ердоган вчера.Министерот за внатрешни работи на Турција Сулејман Сојлу вчера на прес-конференција соопшти дека 21 лице го загубија животот а 14 се повредени.Според него, со паѓањето на зградата имало 35 лица. Министерот порача дека виновникот за инцидентот ќе биде повикан на одговорност.Министерот за животна средина и урбанизам Мурат Курум синоќа изјави дека десет згради во околината се евакуирани.Претходно, министерот за здравство, Фаретин Коша, објави дека 13 лица се во болница, од кои две се во лоша состојба. Министерот лично ги посети жртвите.Станбената зграда во областа Картал во Истанбул се распадна на 6-ти февруари . Точните причини за ова се уште не се познати. Според прелиминарната истрага, сиромашен бетон и нестандардни градежни материјали биле искористени за изградба на блокот. Претходно, имаше извештаи дека три ката се изградени незаконски.

Свет | пред 7 години

gospod-postoi-imeto-i-e-...

Светска премиера на „Господ постои, името ѝ е Петрунија“, македонскиот филм во трка за главната награда „Златна мечка“

Македонскиот филм „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ во режија на Теона Стругар Митевска денеска ќе ја има својата светска премиера на 69. издание на Берлинскиот филмски фестивал. Филмот е во трка за главната награда „Златна мечка“.За филмот закажани се осум проекции во 11-те дена на Берлиналето, а билетите се веќе распродадени. Официјалната премиера на првиот македонски долгометражен игран филм е во 16 часот.Филмот е избран во официјална конкуренција на годинашното „Берлинале“, со што по пауза од 25 години, македонски филм повторно ќе биде во главна селекција на филмски фестивал од А-категорија.Во Берлин е голем дел од екипата на филмот. Покрај режисерката Теона Стругар Митевска и продуцентката Лабина Митевска, присуствуваат и дел од актерите: Зорица Нушева – која го игра насловниот лик, Симеон Мони Дамевски, Суад Беговски, Стефан Вујисиќ, Виолета Шапковска, Џевдет Јашари и Бајруш Мјаку.На годинашното Берлинале ќе бидат прикажани околу 400 филмови од целиот свет, од кои 17 ќе се натпреваруваат за престижната награда Златна мечка, што ќе ја додели жирито со кое годинава претседава француската актерка Жулиет Бинош.Берлинскиот филмски фестивал секоја година привлекува над 350.000 посетители од целиот свет и 4.500 акредитирани новинари.

Македонија | пред 7 години

petro_porosenko_epa_main_1_0

Порошенко: ЕУ и НАТО се потребни за заштита од Русија

Украинскиот претседатек Петро Порошенко смета дека Украина мора де се приклучи на ЕУ и НАТО со цел да се одбрани од руските експанзионистички акции.Порошенко кој сака да го освои вториот претседателски мандат на изборите кои ќе се одржат на 31 март оваа година, ја обвини Русија дека планира да се меша во изборниот процес.Тој изборите ги опиша како „општа борба за Украина“.Истражувањата на јавното мислење покажуваат дека Порошенко моментално според популарност е позади Владимир Зеленски и поранешната премиерка Јулија Тимошенко. 

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

80-годишна жена касната од куче скитник

На 09.02.2019 година во 14,10 часот во Полициската станица Демир Хисар од страна на лекар од Итна медицинска помош-Демир Хисар било пријавено дека кај нив лекарска помош побарало лицето А.М.(80) од с.Сопотница која била касната од куче-скитник во пределот на десната нога. 

Македонија | пред 7 години

policija-22

Приведен Албанец кој илегално влгол во Македонија

На 09.02.2019 година во 11,50 часот во с.Ранковце-Крива Паланка, од страна на полицисни службеници бил затекнат, а потоа и приведен во Полициското одделение Ранковце, А.М.(52) од Корча-Р.Албанија поради сторен прекршок по чл.9 ст.1 од Законот за гранична контрола (илегален влез во Р.Македонија).Во 12,30 часот лицето е предадено на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.

Македонија | пред 7 години

Makedonski-pasos

Албанец се обидел да излезе од Македонија со фалсификуван пасош

На 09.02.2019 година во 09,15 часот на Граничниот премин Табановце, за излез од Р.Македонија, по извршена пасошка контрола на З.К. (25) од Албанија  констатирано е дека патната исправа е фалсификувана.Лицето било лишено од слобода и предадено на полициски службеници од СВР-Куманово за понатамошна постапка.

Македонија | пред 7 години

soobrakajka

Две лица со тешки телесни повреди откако автомобил излета од патот

На 09.02.2019 година во 04,30 часот било пријавено дека во Кочани на  улицата „Тодосија Паунов“ патничко моторно возило “Киа спортаж“ со кочански регистерски таблици, управувано од О.Е.(35) од Кочани, излетало од коловозот и се превртело.Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и сопатникот А.В.(20) од Кочани, а другите сопатници во возилото, С.Г.(40), М.Л.(20) и Ј.А.(21) сите од Кочани, се здобиле со телесни повреди констатирани од страна на лекар од Медицинскиот центар во Кочани.Извршен бил увид на местото на настанот од страна на увидна екипа од Полициската станица Кочани и се работи на целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

hartii-od-vrednost

Вработувања и во комисијата за хартии од вредност - плата од од 32.000 до 62.000 денари

Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија ќе вработува пет административни службеници преку оглас објавен од Агенцијата за администрација во петокот. Платата се движи од од 32.000 до 62.000 денари.Од комисијата се правдаат дека последното вработување било во февруари 2015 година.Сппред нив работните места кои се предвидени во Систематизацијата на институцијата неколку години наназад. Дел од нив биле испразнети поради заминување на вработени од КХВ на други работни места во приватен сектор.За експертите, и оваа влада како и претходната го прекрушува договорот да нема вработувања 3 месеци пред избори. Со ваквите огласи со кои се полни администрацијата власта сака да си обезбеди и успешни избори и победа на нив.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Жолт метео аларм во Британија, три лица го загубија животот

Најмалку три лица загинаа кога бурата „Ерик“ пропратена со силен ветер зафати делови од Велика Британија.Брзинатa на ветерот во некои делови достигна и до 120 километри на час.Еден сурфер го загубил жвотот откако брзината на ветерот во Девон достигнала до 90 километри на час. Полицијата во Девон не потврди дали смртниот случај е поврзан со невремето.Во Девон 50-годишен маж го загубил животот откако дрво паднало врз неговото возило. Исто така на западот на Велс загина возач на комбе кој удрил во паднато стебло.Метеоролозите објавија дека можна е појава на полави.Жолт метео аларм е објавен за поголемиот дел од Велс, централна и северна Англија и југот на Шкотска.

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

ВМРОД-ДПМНЕ: Власта не ги врати 600.000 иселени како што тврдеше, туку бројот на иселени го зголеми

СДСМ ги излажа младите. Младите се понижени и без перспектива. Оваа власт не знае и нема идеја како да го подобри животот на младите луѓе, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„Младите си заминуваат повеќе од кога било. Најавуваната младинска гаранција е огромна лага. Власта не само што не ги врати 600.000 иселени како што тврдеше, туку и бројот на иселени го зголеми.СДСМ ветуваше дека ќе ја намали младинската невработеност и ќе ги врати младите во државата. Откако СДСМ е власт, нема направено ништо за задржување на младите во државата, а младите уште повеќе се иселуваат.Младите се најголема жртва на оваа власт. Нема подобрување на условите за младите, а условите за студирање никогаш не биле полоши.Додека СДСМ се фали со бројки на хартија, граѓаните се повеќе тонат, државата е завиена во црнила.СДСМ нанесе само штета врз државата и граѓаните. СДСМ мора да си замине. Потребни се итни и неодложни парламентарни избори“, се наведува во соопштението.

Македонија | пред 7 години

maxresdefault-1

Доживотен затвор за терористите кои убиваа туристи на плажа во Тунис

Седум лица се осудени на доживотен затвор за терористичките напади што се случија во Тунис во 2015 година.Судот во Тунис осуди на доживотен затвор седум обвинети, а некои добија затворски казни од 6 месеци до 16 години за двата одвоени напади што се случија во 2015 година, а во кои беа убиени 60 луѓе, меѓу кои повеќето туристи.Адвокатот на еден од 44 обвинети рекол дека се изречени пресуди за нападот во познатиот Бардо Музеј и за масакрот во хотелот „Империјал“ во Сус во 2015 година. Обвиненијата против 27 осомничени биле отфрлени.Никој од обвинетите не бил осуден на смртна казна.За нападите одговорноста ја презеде Исламска држава.

Свет | пред 7 години

brak-deca

Расте бројот на малолетничките бракови во Албанија

Од вкупниот број бракови во текот на една календарска година во Албанија дури 17,4 отсто се малолетнички.-Во текот на 2017 година во брак стапиле 3.827 малолетни девојчиња, наспроти 120 момчиња од оваа возраст,додека во 2016 годна во брак стапиле 3.339 тинејџерки и 88 момчиња, потврдува официјалната статистиката на Иститутот за статистика на Албанија,ИНСТАТ.Познатиот албански психолог Ариана Муча, тврди дека бројките се многу повисоки,бидејќи голем број од малолетничките бракови не се регистрирани во матичната книга на венчаните.Причината за малолетничките бракови пред се се од економска природа.Според Муча семејството бракот го гледа како единствен спас од тешката економска криза во која се наоѓа па го мажи женското дете за човек кој е добро ситуиран, бидејќи во овие случаи женското дете се продава.Малолетничките бракови во Албанија се забранети со закон ,но присуството на оваа појава потврдува дека истиот не се почитува.

Свет | пред 7 години

gordana-siljanovska

Силјановска: Право на секој народ е да го одреди политичкиот систем, симболите, химната, а власта се откажа од него

Името е неразделен дел од правото на самоопределување, заедно со знамето, со химната, Уставот, смета кандидатската за претседател, професорката по политички систем Гордана Силјановска Давкова.Според неа, право на секој народ е да си го одреди политичкиот систем, симболите, химната, бидејќи тоа е нешто што е врзано за ова право.„Како што гледате, сегашните власти се откажаа и од него. Но, за да се покренат постапки, за да се направи околу претседателот еден тим на експерти кои ја знаат оваа материја, потребно е и Влада да има од поинаков тип. И оваа Влада треба да си замине, затоа што меѓународните односи се поделена надлежност меѓу шефот на државата и меѓу Владата, односно Министерството за надворешни работи“, изјави Силјановска Давкова.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

СДСМ: Обезбедени се над 43 милиони денари за развој на дигитални вештини и нови работни места за младите

Мерките од Оперативниот план за вработување 2019 година обезбедува фер шанси за вработување на младите, преку најразлични обуки и прекфалификации, велат од СДСМ.„Преку една од мерките обезбедени се над 43 милиони денари за развој на дигитални вештини и нови работни места во оваа сфера за младите.Со оваа мерка се опфатени 1.323 невработени млади лица до 34 години кои можат да се вработат преку обуки и прекфалификации.Важно е тоа што новите работни места како и потребите од преквалификација и стекнување на дигитални вештини се подговени заедно со работодавците.Дополнително, доколку некое невработено лице не успее да се вработи со оваа мерка, останува можност за искористување на други програми и мерки од Оперативниот план за 2019 година.Оперативниот план за вработување за 2018 година имаше реализација од високи 95% и даде одлични резултати. Оправдани се очекувањата дека Оперативниот планот за 2019 година ќе даде уште подобар резултат, пред се за младите луѓе“, се наведува во соопштението.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: Македонската јавност веќе неколку недели е во исчекување СДСМ да го каже својот став

Доколку Заев навистина сака да го слушне гласот на народот, нека не бега од граѓаните и нека распише избори за да види што мислат тие за неговото двогодишно владеење, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„Македонската јавност веќе неколку недели е во исчекување СДСМ да го каже својот став во однос на предвремени парламентарни избори. Јавноста веќе подолг период очекува Зоран Заев да се охрабри и да донесе  конечно одлука дали е спремен да оди на избори и да се соочи со гневот на граѓаните, гнев насобран за овие две и половина години владеење на СДСМ.За две ипол години одродената и криминална власт предводена од аболицираниот Заев на македонската држава и сервираше порази на секое поле, го понижи и деградираше македонскиот народ.  Власта се откажа од се што е македонско, од македонскиот јазик, култура, идентитет, име, историја, но и иднина.Преку секојдневното задолжување, ја доведе државата пред банкот, а ги задолжи граѓаните за милиони евра кои треба тие и нивните идни поколенија да ги враќаат. Стандардот на граѓаните е во слободен пад, граѓаните се доведени на работ на егзистенција, повеќе од 400 илјади граѓани живеат со еден оброк на ден. Им го ускратија покачувањето на пензиите на пезнионерите, пазарџиите ги оставија без нивното парче леб, а над 80 проценти од младите без размислување би ја напуштиле Македонија, ги зголеми давачките кон државата за сите.СДСМ го подели општеството како никогаш досега, по етничка, партиска и каква си уште не линија. Со Законот за двојазичност, се обиде непринципиелно да купи гласови, но не им успеа. Македонците, Албанците, Турците, Ромите, Србите, Бошњаците буквално сите сега го бараат ветениот живот, ветената просечна плата од 500 евра, враќање на младите.Но од ветувањата на СДСМ нема ни трага ни глас. Токму поради ова нема ни трага ни глас од Заев, го нема никаде да го каже својот став во однос на предвремените избори, се плаши да се соочи со гневот на граѓаните, на македонскиот народ, со последиците од црнилата кои ги остави во Македонија“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 7 години

ministerstvo-za-kultura-5

Гаши: Најголемите фестивали и настани беа најголемите прекршители на барањата на конкурсот на Министерството за култура

Плеурат Гаши, претседател на комисијата за фолклорна и музичко-сценско дејност, реагираше во врска со конкурсот на Министерството за култура.„По повод настанатата ситуација во врска со реакциите на медиумите јас сум должен да реагирам за волја на вистината...пред да започне прегледувањето на предметите завземавме строг став околу начинот на анализирање на секој детал од доставениот проект...Во нашата тековна работа наидовме на општ хаос во апликациите...имено најголемите фестивали и настани беа најголемите прекршители на најелементарните барања на конкурсот...јас лично со моите колеги од комисијата ги баравме и им укажувавме дека ги немаат основните документи за прописно аплицирање...некои од нив образложуваа дека секогаш така било(без документи),додека други се изјаснуваа дека проблемот ке го решат на повисоко ниво,мислејки дека министерот и кабинетот ке им излезат во пресрет...Министерот Адеми со неговиот кабинет бараше и настојуваше да бидеме коректни,праведни и под никакви околности да не го прекршиме законот...Мислам дека бев јасен и дециден во мојата реакција...сите ние треба еднаш и засекогаш да престанеме со манипулации,несовесно трошење и злоупотребување народни средства.П.с. во целост го прифакјам предлогот на Министерот во понеделник да ги отвориме уште еднаш одбиените предмети...настојувам на тотална транспарентност до крај“, се вели во реакцијата.

Македонија | пред 7 години

sergey-bazdnikin

Сергеј Баздникин: Западните земји продолжуваат со рускофобичната кампања во Македонија

Рускиот амбасадор во Македонија, Сергеј Баздникин, ги обвини западните земји за продолжување на, како што рече, рускофобичната кампања во Македонија.„Некои западни земји, предводени од САД, навистина го зајакнуваат антируското чувство низ целиот свет, обидувајќи се во својата пропагандна орбита да повлечат што е можно поголем број на земји од целиот свет, притоа ставајќи акцент на атлантаката солидарност“, изјави Баздникин во интервју за ТАСС.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања