Чадиковски се повлекува од функцијата главен и одговорен уредник во Телевизија 24 , ќе се посвети на ЗНМ
Младен Чадиковски, денеска на својот фејсбук профил напиша дека се повлекува од местото Главен и одговорен уредник , функција која ја обавуваше 2 и пол години.„Денеска, пред сите колеги и соработници во Телевизија 24 соопштив дека се повлекувам од местото Главен и одговорен уредник на телевизијата. Мојата одлука да се повлечам од ова уредничко место ја донесов поодамна, во моментот кога решив да се кандидирам за претседател на ЗНМ.На овој начин посветено и ангажирано ќе можам да одговорам на професионалните предизвици што ме чекаат во ЗНМ, без двојство на функции или можност за конфликт на интереси од било каков карактер.По 2 и пол прекрасни години во Телевизија 24, чувствувам дека во телевизијата постои простор и за понатамошна професионална надградба. Јас останувам дел од тимот на телевизијата, на располагање на сите колеги и на новиот уредник, кому му посакувам многу успех“, напиша Чадиковски на фејсбук.
Скопје | пред 7 години