Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Скопје1.мк

kosovoGranica

Денес и утре во прекин сообраќајот на косовскиот граничен премин

Министерството за внатрешни работи информира дека поради изведување на градежни работи на магистралниот пат Скопје – Приштина, поточно од косовскиот граничен премин („Хани Елези” – Качаник) ќе биде во прекин сообраќајот во двата правци за влез и излез од Косово, и тоа денеска од 9 до 12 часот и од 14 до 17 часот и в сабота во периодот од 7 до 17 часот.

Македонија | пред 7 години

20181123_134554.jpg1_.jpg2_

Скопје утрово на минус 8 степени

Температурата измерена во главниот град утрово во 7 часот беше минус 8 степени целзиусови.На поширокиот простор на скопските општини измерени се температури од минус 3 степени во Ѓорче Петров, Горно Нерези, Кучково и на Матка додека  Центар, Гази Баба и Арачиново се измерени минус 8 степени.Според прогнозата денес температурата во Скопје ќе се искачи до 7 степени целзиусови.

Скопје | пред 7 години

45941383_1457172377719031_2911075854807203840_o

Заврши изведбата на канализационата мрежа во руралниот дел на Ѓорче Петров

Со изградбата на последните 16 километри, финишираше изведбата на канализационата мрежа во руралниот дел на општината.Со ова се решава долгогодишниот проблем на граѓаните со кој септичките јами се ставаат надвор од употреба а се заштитуваат артериските бунари во сливот на реките Вардар и Лепенец.Вкупната инвестициона вредност за изведбата на последните 16 километри е 35 милиони денари, средства се обезбедени од Министерството за транспорт и врски.Проектот за фекална канализација е започнат во 2006, поставена е канлизација во должина од 80 километри со што примарната мрежа е 100 % порекриена, а секундарната мрежа 70 проценти.Општината досега успешно се справуваше со овој проблем. Продолжуваме со исто темпо и реализација на секундарната канализациона мрежа.

Скопје | пред 7 години

Capture-2

„Силбо“ два месеци работи на диво

Пекарата „Силбо“ во ТЦ Бисер во скопски Аеродром два месеци работи на диво без дозвола за работа пред очите на инспекциите и градоначалникот на Аеродром Здравко Марин, реагираат дуќанџиите од трговскиот. Прашуваат кој ја штити пекарата која иако не требаше ниту да се отвори додека не ги отстрани нелегалните делови од објектот кој е дивоградба, од септември работи турбо, а сега бидејќи нема ниту дозвoла за работа од Град Скопје има и ново решение од Општина Аеродром за целосно уривање.„Дуќанџиите трпат штети, бидејќи пекарата не работи според законот, а ниту Градоначалникот Марин ниту општинската инспекција не реагираат- вели Марјан Милчевски, дуќанџија од Бисер.Од Град Скопје за Телевизија 24 потврдуваат дека пекарата од почетокот на октомври нема дозвола за работа.„Објектот нема дозвола за работа која ја издава Град Скопје. Иако 30 дена пред истекот на претходната дозвола требало да побараат нова, тие немаат побарано. Не знаеме дали ќе им одобриме, со оглед на тоа што има решение за отстранување. Бидејќи ние немаме градежен инспекторат, надлежноста останува на инспекторатот на Општина Аеродром“- изјавија од Град Скопје за ТВ 24.Од Општина Аеродром велат дека сега чекаат одлука за втората жалбена постапка во која „Силбо“ го обжали решението за целосно отстранување на објектот.„Градежната инспекција на Општина Аеродром донесе Решение за отстранување на урбаната опрема на пекарницата „Силбо“ на 5.11.2018 година. По вложената жалба од пекарницата „Силбо“, во очекување сме на одговор на Државната комисија за одлучување во втор степен во областа од инспекциски надзор и прекршочна постапка, согласно со Законот за општа управна постапка.“ - велат за ТВ 24 од Општина Аеродром.Претходно „Силбо“ се жалеше, но второстепената комисија ја одби неговата жалба и наложи отстранување на неправилностите, при што Општина Аеродром не постапи по тоа решение. Сега откако „Силбо“ нема ниту дозвола за работа од Град Скопје, Аеродром повторно чека исход од жалебаната постапка иако според законот жалбите не го одложуваат извршувањето. Од Аеродром се правдаат дека сакаат потврда на нивното решение за да не се доведат во ситуација да плаќаат пенали на „Силбо“.Сопственикот на „Силбо“ пак Силјан Милев во изјава за ТВ 24 признава дека сега работи и без дозвола, но доколку го рушат најавува дека правдата ќе ја бара на суд.

Скопје | пред 7 години

358999-sepik_2880x1800

Подароците на пријателите и роднините имаат вредност која не може да ја пресмета ниту еден економист на светот

Американското општество годишно губи милијарди долари, бидејќи за време на новогодишните празници се купуваат и подаруваат многу непотребни предмети. Божик и Нова година се сметаат за едни од најповолните сезони за економијата. Во декември, американските продавници регистрираат 25% од своите годишни продажби и 60 % од добивката . Но, меѓу економистите се појавија луѓе кои исто како херојот од бајките, Гринч , се обидуваат да " ја украдат Новата година", претставувајќи ја како исклучително неповолна од финансиска гледна точка. Најпопуларното истражување за штетноста на зимските празници е направено уште во 1993 . Професорот од Универзитетот Јеил, Џои Волдфогел, објавил статија во која тврди дека божикните и новогодишните подароци се губење на време и ресурси.Профитабилноста на подароцитеДа му подарите на саканиот подарок е вистинска уметност , што за многумина е неостварливо. Годишно милиони луѓе добиваат бескорисни предмети. Вратоврски со идиотска боја со години лежат неотпакувани на горните полици за гардероба, книги на популарни автори во одминати години и така остануваат непрочитани, а чајниците се преподаруваат следната година на соседите. Сето тоа доведува до намалување на благосостојбата на луѓето во целина (купување на непотребни предмети за вистински пари и добивање во замена за тоа, други, непотребни предмети). За да се пресмета големината на тоа осиромашување, Волдфогел направил необичен експеримент. Економистот се заинтересирал за разликата меѓу реалната цена на подароците и вредноста, на која ги оценувале примателите. Тој побарал 86 студенти да кажат , колку според нив чинат добиените на Божик и Нова Година подароци и колку самите тие би платиле за нив . Пријателите и роднините сигурно би се налутиле, ако ги знаеја резултатите од оваа студија . Според оценката на учениците, нивните подароци чинат во просек 438 долари, но самите тие биле подготвени да платат не повеќе од 313 долари. Оттука, просечниот принос на подарокот, според оценката на примачот, е околу 87 % , па во процесот на подарувањето работите губат околу 13% од својата вредност. Ако ја исклучиме достапноста и различните ваучери , тогаш просечната профитабилност опаѓа до 83.9 % . Овие резултати значат дека околу 13% од трошоците за новогодишни и божикни подароци се безвредно потрошени пари. Оттука, со 13% се намалува благосостојбата на општеството. Ако веруваме на наодите на Волдфогел , тогаш вкупните загуби на општеството, заради Нова година и Божик, се гигантски . Така на пример , во 1993 во САД се подарени подароци за 40 милијарди долари и од нив 4 милијарди се " загуби " по системот помеѓу купувањето и подарувањето.Најдобар подарок - ПариПарите навистина се најефикасен подарок , бидејќи тие не се амортизираат. Интересен факт е дека најчесто пари даваат постарите луѓе. Очигледно нашите баби и дедовци знаат дека ако параметрите на човекот не им се познати , најдобро е да им го подарат најфлексибилниот подарок, односно во готово. Со подароците во готово, исто така, работите не се толку лесни како што изгледа на прв поглед. Во друг експеримент на Волдфогел, 58 студенти биле замолени да го посочат износот кој би можел да им го замени подарокот. Во просек тој износ бил 509 долари. При тоа , во реалноста и 462 долари биле сосема доволни, за да можат тие да си го дозволат саканиот подарок.Сентиментална вредност на подароцитеВо 2013 бизнис училиштето на Универзитетот во Чикаго анкетираше економисти . Научниците беа замолени да одговорат на прашањето : Дали подарените предмети се непотребни ? Само 17% се согласуваат со ова тврдење . Големото мнозинство (54% ) не биле согласни . На останатите им било тешко да одговорат на ова прашање. Кога истражувачите почнале да поставуваат дополнителни прашања, станало јасно дека противниците на подарување на пари биле согласни со Волдфогел. Професорот од Универзитетот Принстон, Ангус Дитон вели дека заклучоците на Волдфогел имаат смисла. Но, неговото испитување не забележало едно важно нешто. Подароците на пријателите и роднините имаат и нематеријална вредност, која не може да ја пресмета ниту еден економист на светот. Токму оваа вредност ги претвора непотребните и бесплатни од економска гледна точка подароци, во непроценливи. Затоа е очигледно дека и покрај загубата на благосостојбата, луѓето никогаш нема да престанат да подаруваат .

Магазин | пред 7 години

cropped_santa-letter-istock

Како настанал Дедо Мраз

Како настанал ликот на старецот со бела брада и црвен плашт кој пред Нова година еднакво ги радува децата во сите краишта на светот?Многу легенди за Дедо Мраз се темелат на древната христијанска традиција според која Свети Никола пред Божик на децата им дели подароци. Современото секуларно сфаќање на Дедо Мраз се развило во втората половина на 19 век.Ликот на старец со бела брада и црвен плашт го замислил славниот американски карикатурист Томас Наст (1840-1902).Наст се прославил со своите карикатури, а Американците толку ги сакале неговите илустрации што се сметало дека неговите цртежи можат да го поттикнат воениот морал и патриотизмот.Ликот на божикниот волшебник со бела брада Наст првпат го објавил на 3 јануари во 1863 година среде американската граѓанска војна.Подоцна, Наст направил повеќе илустрации за Дедо Мраз и тие почнале да стануваат дел од општата култура.Но, Дедо Мраз кој денес го знаеме потекнал од реклами. Врз основа на илустрациите на Наст, компанијата Кока-Кола во 1931 година лансирала глобална маркетиншка компанија каде го промовирала ликот на Дедо Мраз во човечка големина кој и денес е препознатлив.Иако само како заштитен знак на една од првите големи маркетиншки компании, Дедо Мраз од јунак на Кока Кола постери, станал глобален феномен.Меѓутоа, во некои средини, пред се во тие земји каде доминира религиското влијание на исламот, Дедо Мраз се смета за непожелен бидејќи претставува симбол на христијанската културна доминација.За разлика од ликот, името Дедо Мраз не е глобално, тоа се разликува во различни земји и култури. Некаде го нарекуваат Санта Клаус, Санта Николас, Божик Бата и слично.Неговото име често е поврзано со Божикот, но уште почесто со Свети Никола, што е инаку религиозен празник кој претходи на новогодишната веселба.Името Дедо Мраз, кое се користи кај нас, инаку е југословенски производ. Замислено е така да не фаворизира ниедна религиозна варијанта во поранешната заедничка држава на народите на Западен Балкан.

Магазин | пред 7 години

santa-claus-orig

Вицови за Дедо Мраз

1.Детенце се жали во градинка дека Дедо Мраз бил голема идиот. Децата го прашуваат зошто. Детето одговара:– Како зошто?! Наместо да ми донесе подарок ми оставил една кутија бонбони кои моите родители ја криеа во плакарот…2.Оди Дедо Мраз на психијатар и вели:– Докторе помогнете! Не верувам во себе.3.Синот на мафијашки бос пишува писмо до Дедо Мраз:– Мили Дедо Мраз, ако ти е мил животот…4.Четиригодишниот син на програмер го прашува татка си:– Тато, Татооо, како Дедо Мраз носи толку многу подароци???Таткото одговара:– Со Win Zip сине, со Win zip!5.Зоки Поки ја прашува мајка си:– Мамо, кој ми е татко?– Дедо Мраз.– Како така?– Па така. Дојде една ноќ, даде подарок и никогаш повеќе не го видов.6.Двајца пијани зборуваат:– Зошто му ја повлече брадата на Дедо Мраз?– Сакав да проверам дали е реален…– И?– Вистинска била и сега немам идеја што да правам со неа?!7.Малиот Зоки Поки му вели на татко си:– Сакам да го избришам возот од писмото до Дедо Мраз и да напишам точак!– Веќе не ли сакаш воз?– Сакам, но најдов еден во твојот шкаф.8.Детството завршува тогаш кога сакаш да ти ја исполни желба не Дедо Мраз туку Снежана.9.Дедо Мраз во градинката прашува:– Деца, знаете ли што ви носам?Децата (во хор):– Кредити!10.Зоки Поки пишува писмо:„Драг Дедо Мраз, единствено што сакам е твоја листа на сите лоши девојчиња.“11.Две русокоси зборуваат:– Знаеш, Снежана уште оди со Дедо Мраз.– А Дедо Мраз со кого ли оди?– Како со кого, па со Мери.– Која Мери?– Абе Мери Кристмас!12.„Дедо Мраз е непредвидлив.“Потпис: Дедо Мраз.13.Прашање: Зошто Дедо Мраз нема деца?Одговор: Бидејќи топките му се на елката.14.Како се вика човек кој мрази старци?Дедо Мраз.15.Во животот на мажот има три периоди:1. Тој верува во Дедо Мраз.2. Тој не верува во Дедо Мраз.3. Тој е Дедо Мраз.16.„На Божиќ се случуваат чуда!“ – Рекол Дедо Мраз, надевајќи се на тринаесетта плата…17.Прифаќаме нарачки за Нова година.Ценовник:Снежана и Дедо Мраз – 50 евра.Снежана без Дедо Мраз – 200 евра.18.На вратата некој ѕвони. На прагот – Дедо Мраз. Малото момченце ита радосно кон него:– Здраво, Дедо Мраз! Ми донесе ли…– Полека, момче! Имаш ли отворач за шишиња?19.Во градинка, таткото кон своето синче:– Ти веќе си голем, треба да знаеш дека Дедо Мраз не постои, тоа бев јас …– Знам, знам. Ти си и Штркот…20.Во пресрет на Нова Година маж се ниша по улица, носејќи една елка. Една постара дама го гледа и со изненадување вели:– Како не ви е срам за Нова Година да се испијаните, а да не си седите дома со своето семејство?– И јас сакам да си одам, но не знам како да се извлечам од оваа шума?21.Си зборуваат децата на мафијаши:– Кај мене вчера дојде Дедо Мраз.– Да, бе, тој не е вистински.– Вистински е, проверив.– Како?– Го прашав – колку чини Снежана за една ноќ, а тој вели – 50 евра. Веднаш е јасно дека е од шумата – не ги знае цените.22.Аеродромот Александар Велики, Скопје ви посакува Среќна Нова Година и Среќна Нова Татковина!

Магазин | пред 7 години

skopje_i_makedonija_5_dana_nova_godina_putolovac-640x419

Кампања во пресрет на празниците – петардите не се играчки

По повод 9 Декември, Денот на превенцијата, СВР Скопје, Одделение за превенција ќе ја почне кампањата „Среќна и безбедна 2019 година – петардите не се играчки“. По тој повод, утре, со почеток во 12 часот, во Сити мол Скопје, во соработка со 10 основни училишта од општина Карпош, Црвен крст на Град Скопје, со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, СВР Скопје ќе ја презентира и ќе ја започне кампањата во пресрет на новогодишните празници.

Македонија | пред 7 години

deponija

Во Карпош се чистат депониите - најстрого ќе се казнуваат загадувачите

Денеска се расчистуваше дивата депонија долж реката Вардар, кај мостот „Газела“.„Ова е еден од деловите каде во изминатиот период, најчесто несовесни граѓани, палеа огнови и со тоа го загадуваа воздухот, а се создаваше и дива депонија. Во претстојниот период планираме кај хотелот „Александар Палас" и кај Спортскиот центар „Борис Трајковски", исто така да ги расчистиме депониите, и тоа, не само за да имаме чиста околина и земјена и тревна површина, туку со тоа да превенираме палења на овие критични места каде во минатото интензивно се палеше“, рече Богоев.Градоначалникот на Карпош Стефан Богоев потенцира дека најстрого ќе бидат казнети сите несовесни граѓани кои ќе се обидат да фрлаат шут, градежни материјали, ѓубре од домаќинство или да палат отпад на отворено. За ова, како што рече, општината и Град Скопје, како и Државниот инспекторат за животна средина нема да имаат никаква толеранција за нарушувањето на законот и со тоа загадувањето на воздухот и на околината.Богоев додаде дека онаму каде имало депонии откако ќе се исчисти просторот, истиот ќе се оплемени со ново зеленило, ќе се постави нова урбана опрема за да можат на пролет граѓаните да ги користат.

Скопје | пред 7 години

header

Кои се најбезбедните градови во светот

Скопје е 172 на листата меѓу најбезбедни градови во светот и стапката на криминал е 43.86%.Најбезбеден град во светот е Абу Даби, покажува една студија на веб-страницата на Нумбео. Во главниот град на ОАЕ, индексот на криминал е 12%, а катарската престолнина,  Доха е рангирана на второто место.Tирана е 186, и има стапка на криминал од 42.81%. Нови Сад е 169 со стапка на криминал од 11.01%.Меѓу првите десет се градовите Базел, Сингапур, Квебек, Осака, Токио и Берлин.Софија е 167 од вкупно 345 градови и има индекс од 44 отсто. Во рангирањето до Скопје се градови како што се Милан, Гетеборг, Нови Сад, Скопје, Москва.Сплит е 249, а Солун е 254 на листата.Целата листа можете да ја видите овде. 

Магазин | пред 7 години

47576416_269801987002754_654990106142179328_n

(ФОТО) Вечерва две сообраќајки на „Илинденска“

Две сообраќајни несреќи, една по друга вечерва го блокираа Скопје. На булерварот „Илинденска“ во близина на бараките кај Град Скопје три возила учествувале во незгодата.Според фотографиите, на булеварот има отежнато движење на возилата, а оние кои поминувале во тој правец, велат да не се користи истиот поради спорото движење на возилата. Сообраќајот се одвива во една коловозна лента.Засега нема информација во каква состојба се возачите и дали има повредени.

Скопје | пред 7 години

New-Year-Goals

Како се слави Нова година низ светот

Еве како се слави Новата година ширум светот.ДанскаДанците кршат чинии! И тоа пред својата куќа. Старите чинии се чуваат цела година и на полноќ се фрлаат пред влезната врата на пријателите. Колку повеќе чинии се скршат, толку повеќе пријатели ќе имате. Така ако некој во полноќ ве гаѓа со чинија, не се лутете, веројатно е Данец.КинаКинезите слават лунарна Нова година, а тоа е празник на пролетта. Од Кинезите сешто може да се научи и да се примени во домашни услови, бидејќи тие тогаш детално ги чистат становите и куќите како симбол на фрлање на се што е старо, а на улиците се организираат церемонијални прослави со големи хартиени змаеви како симбол на моќ и успех. Тоа е лесно, кога продаваат евтини чинии на Данците.ЈапонијаВо Јапонија се слави цел декември и се одржуваат забави под името Боненкаи, на кои целта е да се остават лошите работи зад себе и да се подготват луѓето за нов почеток. Тогаш ѕвоната на будистичките храмови ѕвонат ни помалку ни повеќе туку 108 пати, за да избрка 108 човечки слабости. Потоа сите се смејат бркајќи ги со смеата лошите духови. Ако се само 108 човечки слабости и ние би се смееле.АвстријаНе прават ништо посебно. Подготвуваат малку подобар ручек, а како десерт послужуваат сладолед од ментол во облик на детелина со четири листа. Да замислиме сцена дека сте некаде на Алпите, завеани преку покривот на вашата куќа и седите и јадете сладолед од ментол.ИталијаИталијанците по дефиниција се бучни, а таква им е и прославата за Нова година. Колку поголема е бучавата, наводно толку злото побрзо ќе избега. Има логика, бидејќи колку е поголема бучавата, секој ќе побегне. Тоа не е се. Исто така од дома ги фрлаат старите непотребни предмети, од мебел до облека. И тоа преку прозорец.  Од друга страна, стар сицилијански обичај вели дека среќата ќе дојде на тие кои на Нова година јадат лазањи. Веројатно немаат прасиња.ГрцијаНа први јануари починал еден од најважните светци на Грчката православна црква, Свети Василије, па тој датум е многу важен за Грците. Легендата вели дека овој светец го красела добрина и великодушност за сиромашните. Имено, Свети Василије добил задача да собере данок од луѓето за државата. Меѓутоа, тој донел накит кој луѓето го оставиле, на што властелинот се нажалил и се одлучил на луѓето да им го врати златото. Ова е легенда и затоа не се крстете, не се случува во вистинскиот живот. На Василиј му била доделена задача целиот накит да го врати назад, но проблемот бил во тоа што тој не знаел кое парче накит на кого припаѓа.Замислил одличен план. Подготвил голема торта во која го ставил целиот накит, а на градскиот плоштад на секој човек дал по едно парче. И се случило чудо, секој во своето парче торта го нашол истото парче накит кој го оставиле како данок. Од тогаш во центар на секоја новогодишна трпеза во Грција се става Василиева торта, чии парчиња внимателно се посветуваат и прво се дава на Св. Василиј на небото, а потоа по ред на сите во семејството. Всушност во тортата се става златна паричка, а тој што ќе ја најде паричката ќе биде посебно среќен во Новата година. Посебно ако најде поголема сума. Во грчката митологија прославата за Нова година имала поинакво значење.НорвешкаНорвежаните се честат со пудинг од ориз. Во пудингот е скриено едно зрно од бадем. Тој што ќе го најде бадемот, во текот на идната година ќе го следи среќа. Кога сме веќе кај извлекување на нешто од колачи или торти, многу е подобро да се биде Грк.ШпанијаШпанците мора да изедат 12 зрна грозје. Тоа е држава, кога имаат грозје во декември. Можеби треба да јадат суво грозје? Во секој случај по едно за секој месец и нема проблеми со среќата, ни со варењето.КубаКако што Шпанците јадат грозје, Кубанците јадат по 12 грејпфрути, кои исто така ги симболизираат месеците во годината. Замислете им го изразот на лицето, додека ги јадат.БразилВо Бразил е обичај во новогодишната ноќ да се носи бела облека. Наводно за среќа и мир во годината која следи. Со оглед дека Бразил е на јужната хемисфера и дека тогаш е лето, сосема е убаво да се биде во бел костим за капење.КолумбијаОваа традиција е поврзана како за Колумбија, така и за повеќе латиноамерикански земји. Во секое семејство се шие специјална кукла која ја претставува старата година, потоа истата се полни со парчиња стара облека од секој член од семејството. Потоа доаѓаат на ред хартивчиња на кои секој член на семејството пишува што би сакал да фрли во Новата година. Претпоставуваме дека не ги пишуваат имињата на останатите во домот. Кога сето тоа убаво ќе се спакува и сошие, куклата се изнесува надвор на тремот на куќата и се пали точно на полноќ. Се остава да гори се додека не се претвори во пепел, бидејќи дури тогаш со сигурност е истерана несреќата. Меѓутоа, не ни е познато што прават Колумбијците кои живеат во станови. Дали палат кукли на тераса?Латинска Америка – остатокЦела Латинска Америка пред Новата година бара гаќички со одредена боја, во зависност од земја до земја, црвени, розови или жолти. Бразил, како што видовме, налага бела боја.ХоландијаХоланѓаните за дочекот се подготвуваат правејќи крофни, бидејќи веруваат дека тоа носи среќа. Позната е Холандиската штедливост, а сега се гледа и дека се радуваат на мали работи. Според ова излегува дека секој слаткар е среќен до небото.ЕвреитеСо оглед дека се наоѓаат во целиот свет, не може само да се каже Израел, но тие исто така слават друга Нова година, а за тоа друг пат. Кога слават јадат само слатки јадења што се смета за симбол на плодност и долговечност. Веројатно овој обичај е од далечното минато, пред сознанијата за штетноста на шеќерот во поголеми количини.Во некои земји обичаите налагаат долната облека да се облече наопаку. Но, новогодишните обичаи насекаде се различни.

Магазин | пред 7 години

social_wedding

Како да го изберете најдобриот подарок за најблиските

Понекогаш едноставно не знаеме со што да ги израдуваме  нашите роднини и најблиски на Новогодишните празници.  Каков подарок да одберете? Еве неколку совети кои ќе ви помогнат да приредите пријатно изненадување.1. ПомнетеВо годината многупати ќе ви се случи да слушнете позитивни описи на одреден производ – без разлика дали станува збор за добар парфем или креативен накит. Обележите кој е посакуваниот подарок и подгответе изненадување за време на празниците.2. Купувајте заедноАко имате таква можност, шетајте низ продавници заедно  со човекот, на кого мислите да подарите нешто. Снимајте, во што се загледува, што му е потребно.  Поставувајте  му „лажни прашања” и не заборавајте ги  најважните детали од одговорите. Тој можеби  и сам ќе посочи некој предмет кој би сакал да го поседува.3. Сфатете ги неговите интересиСигурно ќе погодите соодветен подарок, ако знаете кои се неговите интереси и какви му се желбите. Професионални четки за шминка, мотоцикл шлемови, маса за цртање, марка спортска опрема, итн.4. Замислете го  примачот, додека купуватеКога одите на пазар во потрага по подарок, замислете ја  јасно сликата на човекот, на кого ќе го подарите. Она што прво ќе ви падне на ум, може да се покаже клучот кон вистинскиот избор. Секогаш гледајте го неговото лице.5. Подготовка за  изненадувањетоАко се уште не сте сигурни дека подарокот ќе се прифати  добро, направете специјално изненадување на примачот. На пример  направете му  фото-колаж, на кој на секоја слика ќе има по  еден збор со поздравен текст.6. Подарете нешто корисноОбрнете внимание на работите кои секогаш се потребни. На својата пријателка можете да и подарите симпатични пижами или комплет постелнина, на баба – топли влечки или шамија, на партнерот- стилски џемпер.

Магазин | пред 7 години

Нема фотографија

Доаѓа студ - вонредна прогноза

Меторолозите за најавуваат спуштање на температурите од -7 до 1 степен додека на планинските места до под -10 степени.Поради падот на температурата препорака е доколку излегувате да си понесите потопла облека, карактеристична за зимски период.

Македонија | пред 7 години

sudenje-27

Одговорните во УБК, од институцијата направија кочина, рече сведокот Боксер

На денешното рочиште, на предлог на обвинетиот Александар Василевски-Нинџа како сведок во судница се појави Дејан Димковски-Боксер. Сведокот потврди дека обвинетиот Василевски, освен како Нинџа, го знае и како Самурај. Не можеше да тврди дека е од УБК, но потврди дека бил анагажиран за оперативни акции.Боксер денес пред судот се пожали дека поради настаните од 27 април бил невработен, а претходно бил дел од УБК. Зборуваше и за тоа дека тогашниот директор на УБК Владимир Атанасовски не застанал зад него и дека одговорните лица во оваа институција, како што рече сведокот, од УБК направиле кочина. Овој сведок зборуваше и за тоа каква неправда му била нанесена со тоа што бил избркан од УБК, но дополни дека денес му станало јасно, по толку долго време дознал зошто бил исфрлен. За него имало и потерница, а како што појасни пред судот, „за да нема циркус” сам се пријавил во полиција и дполни дека ако продолжи да зборува за тоа што му се случило, присутните ќе останеле во судница до 5 наутро.За 27 април сведокот пред судот рече дека бил службено ангажиран и дека за тоа има службена белешка.„Бев ангажиран од мојот претпоставен, а оперативната акција се одвиваше во еден тежок реон. Околу 17.30 часот ми се јави повторно мојот претпоставен да праша како сме, на што одговорив дека е се во ред. Тука ни рекоа да се симнуваме надолу, а имав разговор и со Владимир Атанасовски. Никола Бошкоски ме повика и реков дека сум спремен, а тој ми рече да се упатам пред Собрание од страната на Дом на АРМ и дека таму ќе ме пречека друг претпоставен”, сведочеше Боксер.Повеќе тука

Македонија | пред 7 години

4713156

Грција ќе бара од ООН дополнителен анекс на Преспанскиот договор за македонскиот јазик

По големата бура што во Грција ја предизвикаа изјавите во Собранието на премиерот Зоран Заев за учењето на македонскиот јазик во Грција, за неговата употреба, за „Егејска Македонија“, според грчките медиуми, Атина ќе ја префрли битката на меѓународно тло.Како што објаснува весникот „Естиа“, грчкиот премиер Алексис Ципрас ќе побара ООН да одобри дополнителен протокол кој ќе го допрецизира Преспанскиот договор во смисла дека ќе дава многу ограничен простор за наведувањата на јазикот и нацијата.Според весникот, протоколот ќе биде амандман на Договорот од Преспа, односно ќе стане негов интегрален дел.Според пишувањата на грчките весници, за подготовката на овој амандман бил ангажиран Евангелос Калпадакис, советник на грчкиот премиер.Грчкиот претседател Прокопис Павлопулос веќе побара од Генералниот секретар на НАТО да се спротивстави на интерпретациите на Преспанскиот договор во Македонија за да се оневозможи признавање „македонски народ“ и да се потенцира дека јазикот во грчката северен сосед е словенски.Според медиумите, Грција ги информирала и САД дека Преспанскиот договор нема да биде ратификуван во грчкиот парламент без такви гаранции.

Македонија | пред 7 години

protesti-grcija

(ВИДЕО) Инциденти на протестите во Солун и Атина

Демонстрантите се судрија со полициските специјалци на првите протести по повод одбележувањето на 10 годишнината од убиството на тинејџер. Протестите зпочнаа голема масовност, во центарот на Атина по повод 10-годишнината од убиството на Алексис Григоропулос, јави дописничката на МИА од Атина.Претежно млади лица, од студентски, левичарски и анархистички организации и здруженија го започнаа протестниот марш кон грчкиот парламент.Дел од слоганите што ги извикуваат се против полицијата и полициското насилство.Центарот на Атина е целосно затворен, а има огромно, но дискретно полициско присуство, додека хеликоптер на грчката полиција постојано ги надлетува демонстрантите.За 21 часот по локално време закажан е собир на местото каде што беше убиено момчето во атинската населба Ексархија.

Свет | пред 7 години

zaev-hrvtska-2

Заев испрати телеграма со сочувство до семејството на Љубиша Георгиевски

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, испрати телеграма со сочувство до семејството на поранешниот претседател на Собранието, режисер и амбасадор, Љубиша Георгиевски.Содржината од телеграмата ви ја пренесуваме во целост:Почитувано семејство Георгиевски,Дозволете ми да изразам сочувство на вашето семејство за загубата на поранешниот претседател на Собранието на Република Македонија, еден од најистакнатите македонски театарски и филмски режисери, истакнат дипломат и професор, Љубиша Георгиевски.Неговата страствена посветеност на целокупниот општествен развој на Република Македонија ја издигна неговата специфичност до неповторлива препознатливост на театарската сцена, а посветеноста на политичките текови до претседател на Собраниетона Република Македонија и амбасадор на Република Македонија.Практикувањето на неговите сестрани таленти, кои несомнено го врежаа до нивото на незаборавност во поновата историја на Република Македонија, се неговата бесмртност во севкупната културна и политичка меморија во Република Македонија.Дозволете ми уште еднаш да го изразам моето сочувство на вашето семејство, преку овие зборови кои се надевам дека ќе ви претставуваат утеха во деновите на жал.

Македонија | пред 7 години

sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: Сите злоупотреби на институциите биле координирани од штабот на ВМРО-ДПМНЕ

Граѓаните секојдневно гледаат што се случувало за време на 11 годишното криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ. Секојдневно се објавуваат нови докази, одекнуваат сведоштва за монструозни планови и тешки злоупотреби на партизираните институции, на МВР, на УБК, во време на режимот на Никола Груевски, велат од СДСМ.„Сите овие злоупотреби биле координирани од штабот на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е истата партија на која генерален секретар бил Христијан Мицкоски, човекот што добил бизниси за хидроцентрали од владата на Никола Груевски.ВМРО-ДПМНЕ е симбол за криминал и симбол за злоупотреба на институциите за најголемиот скандал за прислушување во Европа.Граѓаните многу добро знаат кој со години нелегално ги следеше нивните комуникации. Јавноста и граѓаните се згрозени од вистината, од начините на кои ВМРО-ДПМНЕ вработувала во УБК, како незаконски ги следела лидерот на тогашната опозиција Зоран Заев и тогашниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, како ги снимала домовите на новинари и интелектуалци противници на режимот“, додаваат од спартијата.Според нив низ јавна, транспарентна постапка, преку сведочења на обвинети лица, јавноста дозна за монструозноста на планот на ВМРО-ДПМНЕ дури и по цена на човечки жртви да не дозволи пад на нивниот режим.„После сите овие признанија, врв на лицемерие денес анитнародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ некого да обвинува за незаконско следење.Лагите и лецемерието на ВМРО-ДПМНЕ е целосно прочитано од граѓаните, бадијала шират лаги.Започнатата истрага од надлежните институции ќе открие, кој ја нарачал, поставил и дали ја користел опремата за прислушување во Јавното обвинителство, инсталирана уште во 2013 година. Одговорност ќе има“, стои во партиското соопштение.

Македонија | пред 7 години

zagaduvanje-2

Од 10 најзагадени Европски градови, пет се на Балканот, а од нив три во Македонија

Скопје, Тетово и Битола се македонските црни претставници на градови со најлош квалитет на воздух. Тие се дел од Од листа на пет најзагадени балкански градови и се пред Тузла од БиХ и Пљевља во Црна Гора, според извештајот на Светската здравствена организација.Овој период Гградинките и училиштата се полупразни. Родителите велат се плашат да ги пуштаат децата на настава во деновите на енормно загадување. Голем дел од нив веќе се со бронхит, запаление, отежнато дишење. Порди загадениот воздух се полнат болниците, но се зголемува и бројот на смртни случаи.Дејан Докиќ од клиниката за пулмологија вели дека оваа бројка зафаќа само смртни случаи, а не и оние кои имаат некакви симптоми или болести како резултат на загадувањето, доколку би се изнеле податоци за таквите случаи бројките би биле изненадувачко високи.Според СЗО 4,2 милиони луѓе во светот умираат од загаден воздух, што е повеќе смртни случаи од маларија,сида и туберкулоза заедно.Граѓаните на Македонија се молат на ветер, велат тоа е единственото нешто што ги спасува од тивкиот убиец - загадениот воздух.https://www.unenvironment.org/news-and-stories/story/most-polluted-capital-europe-you-didnt-even-know-about?fbclid=IwAR2tDoCP7hrbhkyQ3tPJ93_tLoIT3symgk-U5eSLU_O3D98fvWV569JW8pI

Скопје | пред 7 години

DSC07234-2

Штипската болница се поднови со апарати, а по половина век, и со машини за перење алишта

Министерот за здравство Доц. д-р Венко Филипче, денеска заедно со Ален Георгијев, директор на Клиничката болница во Штип, го промовираа новиот видео-ендоскоп за гастроскопија и колоноскопија,  вреден 100 илјади евра. Овој современ апарат го набави Министерството за здравство, а е наменет за пациентите од Штип и околните места. Покрај едноскопот, оваа болница има 10 нови кревети со пациентмонитори и инфузомати и перфузори во коронарната единица, но и нова центрифуга машина во Клиничката лабораторија. Набавен е нов екстензионен стол за ортопедски и трауматолошки операции.Директорот Георгијев, го информираше министерот Филипче и за другите новости во оваа Клиничка болница и додаде дека за првпат после 50 години, болницата доби нови машини за перење и сушење на алишта.„Многу сум задоволен од тоа како се развива оваа Клиничка болница. Приоритет на Министерството е обнова и реконструкција на посточките капацитети, но и набавка на нови апарати, што тука во Штип очигледно добро се спроведува. Со големо задоволство им честитам на 50-те нововработени лекари и здравствени работници во оваа болница“, изјави министерот Филипче.Оваа Клиничка болница е голем регионален медицински центар и ги опслужува пациентите од речиси целиот регион од Источна Македонија.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Министерството за правда ќе подготвува Закон за надоместок на жртвите од кривични дела

Денеска се одржува вториот ден од меѓународната конференција на високо ниво во рамките на стратешкиот дијалог на регионална соработка за борба против недозволената трговија. Клучната порака која ја испрати министерката Дескоска во денешното обраќање е дека Министерството за правда планира изготвување на Закон за надоместок на жртвите од кривични дела.Министерката Дескоска ги презентираше предизвиците со кои се соочуваме како држава во поглед на недозволената трговија, и го презентираше инстуционалниот одговор против ваквата трговија - активностите кои Владата на Република Македонија ги презема во справувањето со сите облици на недозволена трговија.Според министерката, недозволената трговија претставува комплексен проблем кој во себе вклучува голем број сегменти како трговијата со луѓе и мигранти, недозволената трговија со оружје, дроги и културни добра и слично.Во таа насока, министерката истакна дека во нашиот правен систем се вградени сите механизми за успешно справување со организираниот криминал, како: заштитата на сведоци, одговорноста на правните лица, проширената конфискација, посебните истражни мерки и други бројни алатки кои им ја олеснуваат работата на органите на прогонот.- Не смееме да ја заборавиме и другата страна на овој вид криминал, посебно кај трговијата со луѓе, а тоа се жртвите. Би сакала да ве информирам дека во Министерството за правда е планирано изготвување Закон за надоместок на жртвите од кривични дела. Исто така во измените на Кривичниот законик кои се во тек, согласно препораките на ГРЕТА вградуваме одредби за неказнување на жртвите од трговија со луѓе за нивна неказнивност за сторени дела поврзани со нивната позиција на жртва – потенцираше Дескоска. 

Македонија | пред 7 години

20181206_111642

Инфо-сесија за вториот јавен повик од ИПА Програмата за прекугранична соработка Македонија – Албанија

Министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу денеска присуствуваше на инфо-сесијата на ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Албанија, на која присуствуваше и претставникот на Делегацијата на ЕУ во Скопје, Никола Бертолини.Министерот Фазлиу пред присутните се осврна на улогата и важостана на прекуграничната Програма меѓу Македонија и Албанија, приоритетните цели и спроведувањето на проектите во рамките на вториот јавен повик. Вториот јавен повик, истакна Фазлиу, беше објавен на 29 ноември и е добра можност за општините и другите субекти како потенцијални корисници, да придонесат за подобрување на развојните перпективи на локалните заедници и регионот.„Вториот, актуелен повик за доставување на проектни предлози на располагање ни става нови 2,890,000 евра. Врз основа на резултатите кои произлегоа од анализа на потребите во рамите на Вториот повик ќе се поддржат активности во функција на поттикнување на туризмот и културното и природно наследство, заштита на животната средина, унапредување на приспособувањето на климатските промени и миграцијата, заштита и управување со ризик“, изјави Фазлиу.Во овој повик се зголемени износите за секој поединечен проект на минимум 300.000 евра до максимум 600.000 евра и се продолжува периодот на имплементација на проектите од минимум 18 месеци до максимум 36 месеци,, рече минитерот Фазлиу. То истакна дека за да се зголеми самоодоржливоста на резултатите од имплементацијата на проектите се воведува категорија инвестиции во набавка на опрема, инфраструктура и градежни работи, кои треба да изнесуваат најмалку 60% од вкупните подобни трошоци, односно од буџетот на проектите и секоја апликација треба да вклучува најмалку една локална власт како водечки апликант или ко-апликант од секоја земја корисничка, една општина од Република Македонија и една општина од Албанија.Пред присутните зборуваше и преставникот на Делеггацијата на ЕУ во Скопје, Никола Бертолини а подетално за Програмата и вротиот јавен повик за итата се осврнаа преставници од оперативните структири на Минитерството за локална самоуправа и Делегациата на ЕУ.

Македонија | пред 7 години

DSC02826

Министерот Манчевски го отвори настанот „Нокиа ден во Македонија“

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, денеска го отвори настанот „Нокиа ден во Македонија“, во организација на Нокиа и овластениот партнер за Македонија, ИЦС- Консалтинг Инженеринг.Во своето обраќање министерот Манчевски се осврна на активностите на кои во моментов работи министерството за информатичко општество и администрација и Владата, со цел дигитализација на Македонија, односно дигитализација на услугите, отворање на податоците со цел зголемување на транспарентноста, но и отворање на нови иновативни бизниси, како и гарантирање на безбедноста во тие процеси.„Тука пред се мислам на Националниот портал за е-услуги и проектот за електронски идентитет на граѓаните. Во финална фаза сме на инсталација на опремата и софтверот за Електронскиот регистар на население. Тој е основата на новиот портал за е-услуги. Ова претставува платформа за креирање на електронскиот идентитет на граѓаните. Резултатите од се тоа на што работевме изминатиот период ќе бидат многу видливи за граѓаните од почетокот на 2019 година, кога регистарот и порталот ќе бидат пуштени во употреба“, истакна министерот Манчевски.Како што посочи тој, до крајот на оваа година во употреба ќе биде пуштен и порталот за отворени податоци.„Отворените податоци можат да бидат силен поттик за социјален и економски развој. Тие може да се искористат и за подобрување на управувањето преку зголемување на транспарентноста, отвореноста, интегритетот и јавното учество во централната и локалната власт. Ова ќе доведе до подобрување на испораката на услуги и ефикасноста на јавниот сектор. Ќе го зголеми учеството на граѓаните. Особено треба да се нагласи дека директно позитивно ќе влијае во напорите за борба против корупцијата. Со малку иновативност, отворените податоци даваат можност за отворање и на нови бизниси. Оваа можност сум сигурен дека ќе биде искористена и од Нокиа“, рече Манчевски.Во своето обраќање тој се осврна и обврската Владата да им ја гарантира сајбер безбедноста на граѓаните, при користење на услугите по електронски пат.„Секој субјект кој е на интернет, се соочува со два проблеми. Првиот е брзината на сајбер-заканите, нивната експанзија и развој на нивните тактики. Вториот е немањето на квалификувани поединци потребни за да ги предвидат слабостите и да ја зачуваат безбедноста. Ова брзо менување на технологијата, ги остава ИТ професионалците без напредни вештини потребни за да ги заштитат своите компании.Со цел да се справи со овие проблеми, МИОА во соработка со МО и МВР, за првпат усвои Стратегијата за сајбер безбедност. Акцискиот план за истата ќе биде усвоен веќе наредната недела“, информираше министерот.

Македонија | пред 7 години

Plakat-za-promocija-na-CD-12.12.2018-01-Preview

Годишен концерт на Мандолинскиот оркестар Скопје

Еден од музичките настани со најдолга традиција е пред нас – годишниот традиционален концерт на мандолинскиот оркестар „Скопје“. Концертот ќе се одржи на 12 декември (среда), 2018 година со почеток во 20.00 часот во Фоајето на Македонската опера и Балет.Младите мандолинсти ќе настапат под диригентската палка на искусните и реномирани диригенти Рамадан и Ерхан Шукри. Дел од програмата ќе бидат безвремените,прекрасни оригинални композиции, напишани наменски за мандолински оркестар од К.Мандонико, Д. Крајдлер, Д. Хакнет, С. Рахмањинов, А. Карас, И. Ордуљ и Љ. Бранѓолица.Како дел од годишниот концерт, музикологот Тина Иванова, некогашен мандолинист, ќе го промовира изданието на це-де„Ритамот на мандолината“ кое ќе биде достапно по промотивна цена за сите оние кои ќе одлучат да дојдат на концертот и да уживаат во звуците на мандолината.Мандолинскиот оркестар „Скопје“во своите 17 години постоење секогаш на годишните концерти се претставувал со неспорна виртуозност и музикалност, а репертоарот бил исполнет со најрепрезентативните дела од оперската, балетската и симфониската музика од светското музичко наследство. Како носител и амбасадор на македонската музичка традиција и култура,инструменталистите од овој оркестар исполнуваат и популарна забавна музика, стилизиран и обработен фолклор, дела посебно напишани за мандолински оркестри, композиции од македонски автори, како и композиции за деца.За тоа бил добитник на многу први, специјални награди на престижни фестивали и натпревари надвор од Македонија, како и на Гран При награди освоени во Имотски и Москва.

Магазин | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања