Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Скопје1.мк

IMG_3476-2-min

Министерот Бектеши го промовираше вториот јавен повик за надомест на дел од трошоците за купување на печки на пелети

Министерот за економија Крешник Бектеши на прес конференција соопшти дека од денеска стартува вториот јавен повик за надомест на дел од трошоците за купување на печки на пелети, со кои домаќинствата  ќе ги заменат старите печки на јаглен, дрва, нафта или мазут.„Со Ребалансот на буџетот, Министерството за економија побара и доби дополнителни средства во износ од 7.000.000 денари за субвенционирање на печки на пелети за домаќинствата. Со ова ќе придонесеме за подигање на јавната свест, за заштеди на енергијата која е скап ресурс и за заштита на животната средина, чија загаденост во есенско-зимската сезона во последниве години создава големи потешкотии. Оваа мерка е и во согласност со владиниот План за чист воздух“, рече Бектеши.Министерот за економија објасни дека ова подразбираше измена на Програмата за промоција на обновливи извори на енергија и поттикнување на енергетска ефикасност во домаќинствата за 2018 година, која беше усвоена на последната владина седница, а по објавување вториот по ред јавен повик, право на учество на овој оглас имаат купувачите кои имаат купено печки на пелети во своите домови во периодот од 1 септември до 12 декември 2018 година и кои ќе поднесат барање за искористување на правото на надоместок.„Во јавниот повик детално се наведени условите и потребната документација за аплицирање и иако е отворен до 12 декември годинава, морам да потенцирам дека доделувањето на поддршката на домаќинствата е по принципот ‘прв дојден – прв услужен’. Затоа би сакал да апелирам граѓаните редовно да ги следат соопштенијата од Министерството за економија за да не дојдат во ситуација да се изложат на непланирани трошоци по исцрпување на средствата, кога веќе нема да можат да си обезбедат надомест на трошоците“, соопшти министерот Бектеши.Како што е веќе познато од првиот годинешен оглас, Министерството за економија на оние кои ќе ги исполнат условите од огласот ќе им обезбеди поврат на средства во висина од 50%, но не повеќе од 500 евра во денарска противвредност, сѐ до искористување на предвидените средства во Буџетот на Република Македонија за оваа намена. Услов е купувачите досега да не користеле средства од Буџетот на Република Македонија за купување печки на пелети во својот дом. Според проекциите на Министерството за економија, доколку сите апликанти што ќе ги исполнат условите добијат максимален износ на субвенцијата, со оваа мерка ќе се субвенционираат околу 220-230 домаќинства.„Овие нови 220 домаќинства кои ги очекуваме на вториот повик ќе се придружат на групата од 453 домаќинства кои ги исполнија условите и аплицираа на првиот повик за субвенции на печки на пелети до исцрпување на средствата, за кои е веќе реализирана исплатата на обезбедените 14.000.000 денари. Значи, со овие дополнителни 7 милиони, кои ги промовиравме денеска, Министерството за економија годинава обезбеди вкупно 21.000.000 денари само за оваа мерка. Да потсетам дека годинава беа активни уште две мерки, при што за замена на старите прозорци со нови ПВЦ или алуминиумски прозорци 30 милиони денари беа распределени на 1005 домаќинства, додека за купување и вградување на сончеви термални колекторски системи со обезбедените 6 милиони денари субвенциониравме 517 домаќинства“, нагласи министерот Бектеши.Бектеши посочи дека средства за за промоција на обновливи извори на енергија и поттикнување на енергетска ефикасност се предвидени и во новиот буџет за 2019 година, а со новата програма на мерки треба да се стартува во почетокот на идната година.

Македонија | пред 7 години

velosipdska-pateka-1

Нови 7 километри велосипедски патеки во Скопје

За да се подобрат условите за возење велосипед екипите на Град Скопје изминатиов период изградени се и реконструирани 7 (седум) километри велосипедски патеки по должината на градските улици и булевари, во општините Кисела Вода, Центар, Чаир и Бутел.Во текот на градежните работи беа запазени сите стандарди за изградба на велопатеки – обележана е хоризонталната и вертикалната сигнализација, а на влезот и на излезот од крстосниците рабниците се слеани, за да се овозможи непречено движење на велосипедистите. Изградбата и реконструкцијата на велосипедските патеки се одвиваше во консултација со граѓанските активисти посветени на промоција на велосипедизмот.Во последниов период нови пешачко-велосипедски патеки добија следниве улици и булевари:- булеварот Борис Трајковски, на потегот од поранешната фабрика „Стакларница“ до бараките на Општина Кисела Вода (вкупно 3.029 метри);- булеварот Борис Трајковски, на потегот од Рампа до крстосницата со булеварот Крушевска република (вкупно 103 метри);- улицата 11.Октомври, на потегот од крстосницата со булеварот Крушевска република до крстосницата со булевар Кочо Рацин (вкупно 1.332 метри);- булевар Крсте Мисирков, од крстосницата со булеварот Кузман Јосифовски Питу до клучката кај Бит-пазар (вкупно 1.704 метри);- улица Бутелска, од улицата Босна и Херцеговина до крстосницата со улицата Душко Поповиќ (вкупно 620 метри).Новоизградените седум километри велосипедски патеки се дел од речиси 12 километри велопатеки што се изградени и реконструирани во Скопје, од почетокот на мандатот на градоначалникот Шилегов. Односно, од ноември 2017 година се изградени и реконструирани и делниците: на улицата Ѓорче Петров, на потегот од улицата Кузман Шапкарев кон излезот на Скопје (240 метри); на булеварот 8.Септември, од булеварот Партизански одреди до мостот кај хотелот „Александар палас“ (900 метри); на булеварот Кочо Рацин, од кеј „13.Ноември“ до улицата 11.Октомври - запад и од улицата 11.Октомври до булеварот Кузман Јосифовски Питу, кај ВЕРО маркетот – исток (1.200 метри); на булеварот Христијан Тодоровски Карпош, на потегот од улицата Џон Кенеди до улицата Рокомија (600 метри); како и на улицата Втора македонска бригада, од булеварот Христијан Тодоровски Карпош до кружниот тек на улицата Лазо Трповски - велосипедска лента на коловозот (2.000 метри).Во тек е изградбата на велосипедските патеки на булеварот Србија, на потегот од крстосницата со булеварот Борис Трајковски до крстосницата со булеварот АСНОМ; на булеварот Киро Глигоров, на потегот од крстосницата со булеварот АСНОМ до клучката во Автокоманда; како и на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов, наспроти Млечниот ресторан.Ова значајно унапредување на велосипедската инфраструктура во градот ќе го оценува и Европската комисија при евалуацијата на Градот Скопје за престижното признание „Европска зелена престолнина“ во 2021 година, која што го вреднува напредокот што ќе го постигне еден град во спроведувањето на зелените политики, односно напредокот во подобрувањето на животната средина.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Македонското и Грчко МНР: Изместени и оштетени гранични камења во должина од 12 километри

Во врска со информациите за оштетување на гранични камења на граничната линија на македонско-грчката граница од ГК 132 до ГК 147, Министерството за надворешни работи на Република Македонија, информира дека претставници на македонскиот дел на граничната Комисија за Сектор 3 и 4, заедно со претставници на грчките министерства за внатрешни работи и за одбрана, на 24 ноември 2018 година, излегоа на терен и констатираа дека се изместени и оштетени гранични камења во должина од 12 километри.Инцидентот е потврден и од страна на Министерството за внатрешни работи на Република Македонија. Во тек е постапка за расчистување на случајот и обновување на оштетените гранични камења во согласност со Спогодбата за чување, одржување и обновување на граничните ознаки (копнени и пловни) и за предупредување, спречување и начин на испитување и решавање на граничните инциденти.

Македонија | пред 7 години

46750642_2163789127220701_6300474525083500544_o

Градинката „Буба Мара“ добива целосно нов објект

Градинката „Буба Мара“ добива целосно нов објект. Новиот објект е со 8 занимални, вкупна површина од 1.500 квадратни метри и капацитет за згрижување од 270 деца. За оваа намена се издвоени 40 милиони денари од буџетот на Општина Аеродром.„Изработени се уште четири проекти за нови детски градинки, во Мичурин, целосно нов објект со површина од 2500 м2, три готови проекти за доградба на градинки, „Црвенкапа“ и „Изворче“ во Стар Аеродром, реконструкција на објектот „Пчелка 1“ во населба Лисиче.Го решававме наследениот проблем со недостаток на капацитети во градинките. Обезбедуваме повеќе места и подобри услови за најмладите“, велат од Општина Аеродром

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Недоразбирањата со МОН надминати, просветните работници од Охрид денеска зедоја плата

„По надминувањето на недоразбирањето со Министерството за образование, денеска е исплатена октомвриската плата за вработените во дванаесетте основни и средни училишта на територијата на Општина Охрид.Причина за доцнењето на платите на просветните работници , беше различното толкување на законските прописи од оваа област“, велат од општина Охрид.Инаку медиумите деновиве пишуваа за Проблемот поради кој само просветните работници од Охрид немаа земено плата. Проблемот беше поради недоследности околу начинот на кој се вршат пресметките за месечен надомест за админитративните службеници во образовните институции, кои пресметките ги направиле согласно правилата за пресметка на плата утврдени со Законот за административни службеници.Бројот бодови за платите за секретарите, односно административците се утврдува согласно Законот за административни службеници, додека вредноста на бодот е утврдена со одлука на Совет на Општина Охрид.Министерството за образоване и наука е на став дека платата за службениците во ресорот треба да се пресметува според Колективните договори за средно и основно образование, што резултира со разлика во пресметките, поради што е беше блокирана и исплатата на личните доходи за вработените во образовните институции во Охрид.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Пет најлоши случаи на силување во светот

Силувањето е страшно, ужасно злосторство кое секаде во светот погодува огромен број на жени. Секој присилен сексуален чин е своевиден пекол за жените, но овие силувања ги оставиле сите без текст.Банда се изживувала врз девојчиња 16-годишната Елизабет Пена и две години помладата Џенифер Ертман, одејќи кон дома одлучиле да минат преку железничкиот мост. Налетале на банда која била под дејство на алкохол и токму во тие мигови примала нов член во своите редови. Несреќните девојки биле грабнати и брутално силувани еден час. Откако ги искористиле, криминалците ги убиле тинејџерките. Нивните тела биле пронајдени бидејќи еден член на бандата се фалел со ова ужасно злосторство.Казната за ова дело била тешка: Од шест лица кои биле осудени за ова дело, петмина биле осудени на смрт. Девојка се убила од мака Рете Персонс била силувана кога имала само 15 години. Како самиот чин да не бил доволен, злосторниците фотографиите од злосторството ги поставиле на социјалните мрежи. Поради коментарите и однесувањето на Фејсбук, девојката си го одземала животот. Силувачите биле обвинети и за снимање на детска порнографија.Силувале 5-годишно девојче до смрт5-годишно девојче било силувано во Индија кога двајца мажи ја намамиле на една фарма и ја злоставувале до смрт. Детето паднало во кома и починало од срцев удар два дена подоцна. Мажите биле уапсени и' им било судено, а за ужасот да биде поголем, тоа било втор случај на силување на 5-годишно дете во Индија истата седмица. Ја запалиле жива и ја оставиле да умреОксана Макар на 18 години преживеала пекол. Откако го преживеала бруталното силување од страна на тројца мажи, измачената девојка станала и жртва на изопачените умови кои прво се обиделе да ја задават, а потоа и ја запалиле жива. Иако била пронајдена на едно градилиште, повредите кои ги имала биле премногу сериозни и докторите не можеле да ја спасат.Според зборовите на BBC силувачите биле уапсени, но заради семејните врски, двајца од нив биле ослободени без обвинение. По бурните реакции на јавноста, повторно биле уапсени и осудени за силување и убиство.Силувањето кое го ужасна светотИндија поради честите напади врз жените добила статус на земја во која силувањата се како "добар ден". Едно од тие силувања го ужасна целиот свет.23-годишна студентка била групно силувана во автобус минатиот декември, додека нејзиниот пријател бил претепан. Несреќната девојка била силувана од 6 мажи, меѓу кои и возачот. Додека девојката била злоставувана, автобусот со часови возел низ градот. Потоа, девојката и нејзиниот пријател биле исфрлени од автобусот со скршени нозе. Од внатрешните повреди, девојката починала.извор: tocka.com.mk

Магазин | пред 7 години

d_sos20151120017-e1542306005905-1024x578

Ќе се разгледуваат пет предмети поради кои се бара одземање на праетничкиот имунитет на Груевски

Пет барања за одземање на имунитетот на поранешниот премиер и пратеник Никола Груевски, кој избега и доби политички азил во Унгарија, се испратени до Собранието. Тие ќе бидат разгледувани на утрешната седница на Комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања, чиј претседател е Павле Богоевски.Груевски е осуден на две години затвор за случајот „Тенк“ за набавка на луксузниот мерцедес, но пред да започне да ја отслужува затворската казна, избега во Унгарија.Тој е обвинет и во случаите на СЈО „Таекторија“, „ТНТ“, „Титаник“ и „Насилство во Центар“, за кои ќе му се суди во отсуство.Покрај тоа, Груевски е осомничен и во неколку отворени истраги на СЈО, меѓу кои и „Талир“, „Пропаганда“, „Хармонија“

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Косово и Албанија се обединуваат на планот на царините, роамингот, таксите…

Владите на Албанија и на Косово, на денешната заедничка седница во Пеќ, договорија укинување на меѓусебните царини и такси, како и на роамингот во телфонскиот мобилен сообраќај.Косовските претседател и премиер, во неколку наврати во изминатиот период најавија дека меѓу дветеземји наскоро нема да им гранични премини.– Среќен сум за постигнувањата од оваа заедничка средба и убеден сум дека потпишувањето на деветте договори ќе води кон обединување на нашите економии и не само толку. Знам дека нашиот народ очекува многу од нас и ние ќе вложиме уште напори, затоа што само со работа ќе се стекнеме со почит од страна на другите – изјави Харадинај.Според премиерот, Косово денес е партнер на Европската унија, ги спроведува приоритетите на европските реформи од Спогодбата за стабилизација и асоцијација и очекува укинување на визите за Шенген-зоната.По овој потег на Косово и Албанија, Белград предупредува дека почнува на дело да се спроведува проектот Голема Албанија

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

Макрадули за Дојче Веле: Загадувањето во 2015. однело 1.469 животни години

Заменикот-министер за животна средина Јани Макрадули, за  Дојче Веле  вели дека веста која проструи низ македонските медиуми се темели на извештај на Европската агенција за животна средина кој содржи податоци од 2015 и 2016 година., Македонија е најзагадена земја во Европа, јавуваат денеска македонските медиуми повикувајќи се на информација објавена од „Јуроњуз“ во која се цитира извештајот на Европската агенција за животна средина .  Според тие податоци, Македонија навистина била најзагадена земја на стариот континент но во периодот 2015-2016 година, од кои се земени податоците. Што сепак не значи дека денес состојбата е многу подобра.Извештајот на Европската агенција констатира дека Македонија; заедно со Косово, Србија, Бугарија и Унгарија, има највисока стапка на смртност на 100 илјади жители како резултат на загадувањето со ПМ2,5 честички. Во Македонија стапката на смртност во 2015 година изнесувала, на европско ниво, убедливо највисоки 28,7 на 100 илјади граѓани. За споредба, стапката на ниво на ЕУ членките е 13,9. Според статистиките на ЕУ, тоа значи дека во Македонија биле загубени 1.469 животни години поради загаденоста во 2015.Каква е состојбата денес? Заменикот-министер за животна средина Јани Макрадули за Дојче Веле тврди дека е подобрена, иако има уште многу работа.„Се работи за податоци од стар извештај. Во меѓувреме има намалување на загадувањето според нашите мерни станици, а тоа намалување се должи на зголеменото чистење и зачестените инспекции“.Макрадули потсетува дека владата минатата недела донела стратешка програма „План за чист воздух“ и дека борбата против загадувањето за првпат се воведува како стратешки приоритет.Во програмата и владата признава дека  Македонија е најлошо рангирана меѓу сите европски држави, со најзагаден воздух во градовите.Со планот се предвидува намалување на загадувањето во Скопје за 50 проценти до 2020 година, а во другите градови за 30 до 50 проценти.Состојбата во главниот град е критична речиси, преку целата година. Макрадули вели дека во моментов, покачените вредности кои ги покажуваат трите мерни станици во Скопје- Центар, Карпош и Ректорат- се резултат на градежни активности во тие делови од градот и на несоодветниот третман на градежниот отпад.Засега, греењето во домаќинствата има ниско учество во загадувањето со ПМ честичките, со исклучок на Лисиче, додека транспортот учествува со само 4 отсто во загадувањето на воздухот со ПМ честички во Скопје. Извор: Дојче Веле   

Скопје | пред 7 години

2-1-1

#СлушниЈА– Стави крај на насилството врз жени и девојки - започна кампањата „16 дена активизам против насилство врз жени и девојки“

Владата на Република Македонија им се приклучи на стотиците значајни знаменитости и институции ширум целиот свет коишто вчера блеснаа во портокалово во знак на поддршка на ставањето на крај за насилството врз жени и девојки, што го означи и почетокот на кампањата „16 дена активизам против насилство врз жени и девојки“.Настанот во организација на семејството на Обединетите нации и Владата на Република Македонија, на едно место ги собра претставниците од невладиниот сектор, дипломатскиот кор како и локалните и меѓународните институции, кои ги истакнаа своите заложби и подготвеност за соработка при борбата против родово базираното насилство.На настанот свое обраќање имаа претседателот на Владата на Република Македонија, г. Зоран Заев којшто во оваа прилика истакна:„Владата на Република Македонија е посветена на системско унапредување на родовата еднаквост и елиминирање на сите форми на насилство врз жените. Работиме на јасни и недвосмислени законски решенија со коишто се спречува насилството и се штитат жените жртви на насилство. Насилството врз жените не е само женско прашање, туку прашање кои се однесува на секој еден од нас. Токму затоа мора да работиме заеднички да ставиме крај на истото“.Министерката за труд и социјална политика г-ѓа Мила Царовска го потенцираше прогресот во акцискиот план за спроведување на Истанбулската конвенција притоа потенцирајќи дека Владата веќе иницира измени на кривичниот законик, но и воспостави интерсекторска соработка и протоколи за третман на жртви на насилството.„Без одлучност и конкретна акција секоја боја ќе остане само боја. Во следните 16 дена Владата ја осветлуваме во портокалово, по повод  Меѓународниот ден за борба против насилството врз жените. Меѓутоа, против насилството врз жената треба да се бориме секој ден, да создаваме услови за препознавање на ризикот, пријавување и трајно извлекување на жените од насилната средина. Голема почит и благодарност кон сите оние кои секојдневно работат да им овозможат помош и поддршка на жените жртви на насилство. Секој од нас може да спречи насилство“, рече министерката Царовска.Свое обраќање имаше и Амбасадорот на ОБСЕ, Клеменс Која, кој посочи:„Едно поново истражување на ОБСЕ за насилството врз жените во државата покажува дека 14% проценти од жените биле жртва на физичко или сексуално насилство откако наполниле 15 години, од партнер или од друго лице. Околу 44% од жените биле жртви на психолошко насилство од интимен партнер, 3 од 10 жени биле жртви на сексуално вознемирување, а 1 од 10 жени тоа го доживеала во последните 12 месеци. 7% од жените биле следени од демнач. Многу долго, молчењето и стигмата овозможија насилството врз жените да продолжи, а отсуството на критика на самите наши општества дополнително ја влошува ситуацијата. Дојде време да го запреме ова“.в.д. Постојаниот координатор на Обединетите нации, г-динот Бенџамин Перкс, пак додаде:„Ги повикуваме сите да направат се што е во нивна моќ за да стават крај на семејното насилство, сексуалното вознемирување, раните бракови и сите форми на насилството врз жените. Насилството врз жените е извор на страдање за сите што се засегнати, кривично дело и повреда на човековите права. Ние можеме и мораме да работиме заедно за да ставиме крај на насилството“.Кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“ во Македонија се одбележува од 2014 година и има за цел да  ја подигне општествената свест и да поттикне на размислување за индивидуалниот и колективниот придонес во борбата за спречување на родово базираното насилство, и се случува секоја година во текот на 16 дена во периодот помеѓу 25 ноември – Меѓународниот ден за елиминација на насилството против жените и 10 декември – Меѓународниот ден на човековите права.Во текот на овие шеснаесет дена ќе бидат реализирани бројни активности со цел промоција на кампањата ширум целата земја, меѓу кои и вклучување на јавни личности од сите сфери од општественото живеење кои ќе ја споделат својата поддршка, бројни панели и работилници, како и низа активности во медиумите и на јавните места.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Дневен хороскоп на Скопје1

ОвенПочетокот на неделата можеби не е премногу инспиративен. Не очекувајте возбудливи емоции денес. Пријатните искуства, колку што се, ќе бидат поврзани со семејството или вести од многу блиски пријатели. Мислата дека некој ужива во успехот ќе ве охрабри.БикВие сте премногу рецептивни и некој ќе се обиде да ја искористи вашата толеранција. Ова не е близок, туку човек со кого не комуницирате премногу – сосед, поранешен колега, далечен роднина. Не се фокусирајте премногу на туѓи жалби, интуицијата ќе ви ја покаже вистинската реакција.БлизнациВие лесно ќе надминете некои финансиски, деловни или приватни проблеми. Успехот ќе ве измами за да можете да се потпрете на среќа. Не се обложувајте на шансите и не се вклучувајте во ризични зделки, бидејќи ќе претрпите сериозни загуби.РакКомбинирајте ги принципите со вашата интуиција за време на контакти со нови деловни партнери или колеги. Не се потпирајте на нивното сочувство, туку нивното искуство и професионализам. Во семејните односи, бидете убедливи и навикнати на мислата дека ќе мора да направите некои компромиси.ЛавБидете вредни во завршувањето на проектите што веќе сте ги започнале и не започнувајте нови. Ако постојат објективни причини за одложување на вашата работа, како што се правни пречки или проблеми со јавната администрација, побарајте квалификувана помош наместо повремени извори.ДевицаРезултатите од тимската работа на вашиот тим ќе бидат високо ценети. Од една страна, ќе бидете задоволни што сте направиле нешто корисно, но чувството дека споделувате пофалби со некој друг малку ќе ве демотивира. Совладајте ги емоциите со идејата за одржување добри односи.ВагаЌе наидете на потешкотии кога се чувствувате најсилни. Не се откажувајте, едноставно реагирајте флексибилно и менувајте ги тактиките или пополнете ги празнините во вашето знаење. За да се реши медицински или емоционален проблем, побарајте семејна поддршка.СкорпијаНекој ќе се обиде да го привлече вашето внимание со споделување на “одлична” идеја за профитабилен бизнис. Не бидете премногу ентузијасти. Размислете за тоа на какви “подводни камења” може да ги наидете и да наведете ги сите детали пред да инвестирате.СтрелецВие сте премногу чувствителни на позитивни и негативни влијанија. Секој слушнат збор може да ве насмее или да ве повреди. Од друга страна, можете да видите детали кои остануваат скриени за другите. Добро време да поправите некои од вашите стари грешки.ЈарецРаспоредете ги вашите сили рамномерно. Не се фаќајте со мали работи со кои само ќе го потрошите времето. Обидете се денес да создадете баланс помеѓу прецизноста и креативноста. Само на овој начин ќе ги реализирате вашите мисли.ВодолијаНесоодветно е да се вклучите во нови активности само затоа што звучат интересно или поради тоа што тековните се здодевни. Исто така е несоодветно да се создадат нови врски од чиста љубопитност. Двете наскоро ќе бидат поврзани со материјална или ментална загуба.РибаНе се присилувајте премногу во темпото и не се обложувајте на надворешните дразби. Правете ги работите по свое убедување и без да очекувате одобрување од други. Вашето расположение е нестабилно и вашите резултати ќе бидат подобри ако сте изолирани од надворешни влијанија.Според ѕвездите Три хороскопски знаци ќе бидат многу среќни неделаваБлизнациЌе успеете да се „спасите“ од избрзани одлуки на почетокот од неделава, ќе ја зачувате и стабилноста на финансиите. Доколку оставите добар впечаток и јасен став, можно е кон крајот на неделата да започне нова романса во вашиот живот, која има иднина пред себе.СтрелецНеделава, како и наредната, се најавуваат убави деловни промени, а слично е и на финансиско поле, каде што ве заштитува Венера. Ви се овозможува добра финансиска промена, ако сте спремни да учествувате во сите активности кои ви наидуваат. Доколку не сте во врска, за време на викендот ве очекуваат многу изненадувања.РибиСекоја упорност ќе биде наградена. Преку здржување, партнерски деловни односи, во овој период можете најдобро да заработите. Деловниот или емотивниот партнер е тој кој што носи решение. Доколку чекате некои пари по судски пат, бидете подготвени за добри вести.

Магазин | пред 7 години

Нема фотографија

Регулаторна: Бензините поевтинуваат за 4 денари, дизелот за 3.5 денари!

Регулаторната Комисија за Енергетика тукушто ги објави новите, намалени цени на горивата!Во согласност со методологијата која се користи за пресметка на цените на горивата, од вечерва на полноќ малопродажните цени се намалуваат во просек за 6.53%.  Цените на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 се намалуваат по 4.00 денари, и еден литар од овие горива ќе чини 63.00, односно 65.00 денари.  Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото се намалува за 3.50 денари, и еден литар дизел гориво ќе чини 61.00 денари.Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ и ќе важат следните две седмици.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Присуство на ешерихија коли во водата с. Кучково

Поради присуство на бактерија ешерихија коли водата, јавната чешма во село Кучково е небезбедна за пиење, информираат од Центарот за јавно здравје.Од страна на Центарот за јавно здравје на 15 ноември е извршена проверка на квалитетот на водата од јавната чешма и е констатирано дека водата за пиење од овој извор не е безбедна поради присуство на бактерија ешерихија коли.Се додека надлежните не известат дека водата е безбедна за пиење, ќе важи забраната за нејзината употреба.Водата од јавната чешма во село Кучково ја користат и жителите на Волково, Кисела Јабука и Новоселски пат.

Скопје | пред 7 години

sobranie-3

Собранието не го усвои предлог-законот за амнестија на учесниците од 27 април

Со 59 гласа „против“ и 25 „за“, пратениците отфрлија предлог-законот за амнестија за сите осомничени, обвинети и осудени за 27 април, што го поднесе пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија.Мнозинството од пратениците не го поддржаа овој закон и како што рече Џафери, нема повеќе да се дебатира за овој предлог-закон.Пратениците од опозицијата бараа овој закон да се донесе по скратена постапка. Тој предвидуваше неселективно спроведување на правдата, односно амнестија на сите осомничени, обвинети и осудени лица за настаните од 27 април.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

УЈП отвори шалтер за регистрација на системот е-ПДД во Општина Кисела Вода

Општина Кисела Вода ги информира граѓаните дека во склоп на Општината во барака број 4, Управата за јавни приходи отвори шалтер за регистрација на системот е-ПДД и прием на барања за регистрација.Канцеларијата која започна со работа од денес ќе биде отворена до 31.12.2018 година, со работно време од 08:00 до 16:00 часот.Од УЈП соопштија дека за дополнителни информации, граѓаните можат да се обратат во Инфо центарот на телефонскиот број 0800 33 000.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Без вода дел од жителите од населбата Водно

JП Водовод и канализација информира дека поради  изведување на водоводен приклучок од ф-80 мм на ул.Шарски одреди 5(Водно), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица.Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување.

Скопје | пред 7 години

brodovi

Украинската амбасада во Скопје: Кремљ почна нова борба со Украина

Укараинскаста амбасада во Македонија  во врска  со последните настани на релација Москва -Киев излезе со соопштение во кое ги објаснуваат настаните на како што велат оружената агресија  од руската страна врз бродови на Украина.„По окупацијата на Крим и вооружената агресија на истокот на Украина Кремљ отпочна нова фаза на борба со Украина – се спроведува економска блокада на украинските пристаништа во Азовското Море и на секој начин се комплицира морепловството во Црното Море.На 25 ноември, бродовите на поморските сили на вооружените сили на Украина, составени од две мали оклопни артилериски бродови "Бердянск" и "Никопол" и реморкер "Јана Капу", спроведуваа планиран премин од пристаништето Одеса до пристаништето Мариупол во Азовското Море.Руската страна навреме беше информирана за намерата со цел да се обезбеди безбедноста на навигацијата.Пограничните бродови на Русиjа од типот "Собољ", "Дон", бродовите од типот "Мангуст",  "Суздалец" спроведоа отворено агресивни дејствија против бродовите на морнарицата на  Украина. Пограничниот брод "Дон" намерно се судрил со нашиот реморкер.После почетокот на движењето на поморската група на украинските вооружени сили кон излезот  од Керченскиот теснец, руските бродови ги следеа и во ултимативната форма бараа украинските бродови да застанат под закана од употреба на оружје. И покрај закани и провокации, украинската морнарица продолжи  извршување на задачата.По напуштањето на 12-километарската зона, бродовите на ПС ФСБ на РФ  отвориле оган врз група бродови на поморските сили на вооружените сили на Украина. Оружјето било искористено за пораз.Малите оклопни артилериски бродови "Бердянск", "Никопол" беа погодени од огнот на непријателот и престанале да се движат. Реморкерот "Јана Капу" исто така е принуден да застане. Бродови запленети од руските специјални сили, 6 украинските војници се здобиле со повреди и се во тешка состоjба.Дејствијата на Руската Федерација се противправно прекршување на Повелбата на ООН и Конвенцијата на ОН за Морското право.И треба да се спомене дека само еден ден пред тоа Министерството за надворешни работи на Украина официјално изјави дека во декември оваа година ќе поднесе на разгледување на Генералното Собрание на ООН нацрт-резолуција за милитаризација од Русија на Црното и на Азовското Море.Во врска со уште еден чин на агресија против Украина, претседателот П. Порошенко свика воен кабинет, по што следеше состанок на советот  за националната  безбедност и одбрана, на кој беше одобрена одлука на претседателот на Украина да се предложи воведување на воена состојба во период од 60 дена со цел да се спречи вооружената агресија и да се обезбеди национална безбедност, елиминирање на заканите за независноста на Украина и територијалниот интегритет.Напад врз украинските бродови што извршувале морски премин од пристаништето Одеса до пристаништето Мариупол, во согласност со одредбите на сите применливи мултилатерални и билатерални меѓународни договори и правилата за навигација, е уште еден акт на вооружената агресија на Руската Федерација, како што е дефинирано во член 2 од Повелбата на Обединетите нации и одредбите од Резолуцијата на Генералното собрание на ОН 29/3314 од 14 декември 1974 година за дефинирање на агресијата. Русија, всушност, ги прошири своите воени операции против Украина на море.Целокупната одговорност за натамошното влошување на ситуацијата во регионот на Азовско и Црно Море и поткопување на мирно решавање на руско-украинскиот вооружен конфликт целосно е на Русија.Денес, 26.11.2018 на барање на украинската страна, ситуацијата поврзана со најновиот чин на  агресија на РФ против Украина ќе се разгледува на седницата на СБ на ОН.“, стои во соопштението. 

Македонија | пред 7 години

07

Потпишан Меморандум за соработка во борбата против тероризмот меѓу Македонија и Австралија

Денеска во министерството за внатрешни работи на Република Македонија се одржа средба помеѓу министерот за внатрешни работи на Република Македонија Оливер Спасовски, Директорот на Управата за безбедност и контрарузнавање Горан Николовски и делегација  на Комонвелтот на Австралија предводена од Н.Е. Рут Стјуарт, нерезидентен aмбасадор на Австралија за Република Македонија, и Н.Е. Пол Фоли, aвстралиски aмбасадор за борба против тероризам.На средбата беше потпишан Меморандум за разбирање меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Австралија за соработка во борбата против тероризмот и беше потенцирана одличната досегашна соработка помеѓу безбедносните служби на двете земји, како и намерите за интензивирање на соработката.

Македонија | пред 7 години

261118OA-MNR_Dimitrov_prostalna-sredba-Crna-Gora-8421

Проштална средба на Димитров со амбасадорот на Црна Гора во Република Македонија, Предраг Митровиќ

Денес, министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров, го прими во проштална средба амбасадорот на Црна Гора во Република Македонија, Предраг Митровиќ.На средбата соговорниците разменија мислења за сèвкупните билатерални односи меѓу двете држави и постигнатите резултати на овој план, при што изразија задоволство од досегашната одлична билатерална, регионална и мултилатерална соработка, со решителност за нејзино збогатување во сите области од заемен интерес.Министерот Димитров изрази благодарност и за силната поддршка што Црна Гора ја дава за ЕУ и НАТО интеграциите на Република Македонија и  се заблагодари за личниот придонес на амбасадорот Митровиќ во унапредувањето на сèвкупните билатерални односи, упатувајќи желби за негов натамошен  успешен,  професионален ангажман. Во тој контекст, на амбасадорот Митровиќ му беше врачена благодарница за неговиот придонес во промоцијата на пријателството и сорботката меѓу Република Македонија и Црна Гора.

Македонија | пред 7 години

aerodrom

Турски државјанин уапсен на охридскиот аеродром

Вчера на аеродромот„"Св. Апостол Павле" во Охрид од слобода е лишен 28-годишниот А.С. од Република Турција. Како што информираат од МВР, лицето е приведено поради сомнение дека патната исправа му е фалсификувана. Истиот е предаден во Основен суд Охрид.

Македонија | пред 7 години

Zoran-Zaev-1-by-SDSM-4x3

СДСМ: 11 години ВМРО ДПМНЕ го игнорираше проблемот со загадувањето на воздухот и се посвети единствено на криминал

11 години ВМРО ДПМНЕ го игнорираше проблемот со загадувањето на воздухот и се посвети единствено на криминал, корупција и лично богатење на поединци, велат од владејачката СДСМ.„Како последица на тој игнорантски однос, секоја година нивото на загаденост стануваше сè поалармантно. Денес, на долгогодишниот проблем со загадувањето му се пристапува одговорно и системски. Во рамките на своите надлежности повеќе институции, на локално и централно ниво, како и Градот Скопје преземаат мерки и работат на решавање на наследниот проблем со загадениот воздух“, велат од СДСМ.Исто така оттаму додаваат дека со обновување на дрворедите на скопските улици, пролетни и есенски акции на засадување дрва, подигање нови и реконструкција на стари зелени површини, зелени кровови и нови паркови, Градот Скопје го враќа и дополнува зеленилото во Скопје. Мерките како зголемување на инспекцискиот надзор на најголемите загадувачи, детектирање на дивите депонии, гасификацијата, се дел од мерките кои придонесуваат за намалување на загаденоста на воздухот.„Се преземаат акции за рачно миење на градските улици и булевари за намалување на правта и ситните честички, а се субвенционираат трошоците на домаќинствата за набавка на печки на палети, што ги заменуваат нееколошките начини на греење.Воведувањето на бесплатен автобуски превоз во деновите кога загаденоста е поголема, како и бесплатни автобуски линии до парк-шумата Водно, воведување електрични автобуси и набавка на нови 40 следната година исто така се дел од мерките што Град Скопје ги презема за решавање на проблемот со загадувањето на воздухот.Со овие и други краткорочни, среднорочни и долгорочни мерки, надлежните институции работат на намалување на загаденоста на воздухот, која се очекува за две години да се намали за 50% во Скопје и 30-50% во другите градови“, стои во соопштението.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Се крчка Предлог-законот за јавните набавки , во моментов пред Законодавно-правната комисија

Економски најповолна понуда ќе биде главниот критериум за избор во јавните набавки. Ова го предвидува новото законско решение за јавни набавки што веќе е во собраниска процедура, а кое ќе овозможи и поголемо учество во јавните набавки и на малите и средните претпријатија.Новиот Предлог-закон за јавните набавки е на дневен ред на Законодавно-правната комисија. Претходно зелено светло за Законот, кој е со европско знаменце, даде собраниската Комисија за европски прашања.„Новиот Закон за јавни набавки е усогласен со законодавството на Европската Унија. Тој ќе обезбеди рационално трошење на државните пари, слободна и фер конкуренција и транспарентност при јавните набавки“, истакна министерот за финансии, Драган Тевдовски, на комисиската расправа за Предлог-законот во Собранието на РМ, додавајќи дека она што е најважно е што се воведува економски најповолната понуда како единствен критериум за доделување на договорите.Со воведувањето на економски најповолната понуда како критериум за доделување на договорите, освен што се врши усогласување со директивите, се отстрануваат и повеќекратните негативни ефекти од досегашното користење на критериумот најниска цена.

Македонија | пред 7 години

helikopter-turcija

(ВИДЕО) Воен хеликоптер се урна меѓу згради во Истанбул, има жртви

Турскиот воен хеликоптер се урна во населен дел на Истанбул. Четири лица загинаа, а еден е повреден, објавија турските медиуми.https://twitter.com/taylieli/status/1066974557943328768?fbclid=IwAR2qJHIR3rRi90rLwmXXX-KCng7oHKUUGv1UbHaIcI4qkWTf5GD0lHMcHxYПричините за инцидентот не се познати.Нешто подоцна „Ројтерс“ пренесе дека турскиот воен хеликоптер, кој се урна денес во истанбулската населба Санџак Тепе, бил на тренажен лет. Агенцијата пренесува дека при падот загинале четворица војници, а еден бил повреден.https://twitter.com/Acemal71/status/1066976254786748416?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1066976254786748416&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.mkd.mk%2Fsvet%2Fvesti%2Fturski-voen-helikopter-se-srushi-na-ulica-vo-stanbena-oblast-vo-istanbul-fotovideo&fbclid=IwAR36FrAmG3guIM74QtqWV-p50tiI1cyCft6gLkr5PFvDjzxxJhCKqxXdRzQСпоред снимките од местото на несреќата, воен хеликоптер се урна меѓу две повеќекатни станбени згради, кои, како што се гледа од снимките, не се оштетени.Од друга страна, хеликоптерот е целосно уништен. Судбината на пилотите не е позната ниту, пак, дали меѓу жртвите има и цивили.

Свет | пред 7 години

Poster-animax-8-izdanie

На осмиот Анимакс ќе бидат прикажани 62 анимирани филмови

На осмото издание на меѓународниот филмски фестивал за анимирани филмови Анимакс Скопје Фест  ќе бидат прикажани 62 анимирани филмови во официјалната програма, од кои 12 се наменети за детската публика. Настанот ќе се одржува од 29 ноември до 2 декември во Кинотека на Македонија , под мотото „Не понекогаш. Засекогаш. Анимакс Скопје Фест“.Во четирите фестивалски денови на Анимакс Скопје Фест ќе бидат прикажани 50 краткометражни филмови и 12 филмови за деца во официјална конкуренција. Тие се избрани од пријавените рекордни  3.234 анимации од 83 земји во светот, меѓу кои најголем број од САД, Англија и Франција, но и од Германија, Индија, Иран, Шпанија, Русија, Бразил и други.„Некои нешта се случуваат понекогаш, но Анимакс се стреми да го открие она што ќе трае засекогаш.“, вели директорот на фестивалот Кузман Кузмановски.Голем дел од филмовите кои се борат за Златната тула се носители на престижни награди, победници на филмски фестивали од А категорија.Официјалната програма на фестивалот со прикажување на филмовите ќе почнува во 20.00 часот, со исклучок на 30.12, кога програмата почнува од 21.30 часот. Билетите за проекциите во 20.00 часот чинат 50.00 денари. Проекциите на филмови за деца ќе се одржат на 1 и 2  декември (сабота и недела) со почеток во 12.00 часот. Публиката ќе има можност да гласа за најдобриот филм за деца и да го одбере победникот. Проекциите за деца се бесплатни.Во рамки на фестивалот ќе бидат организирани две работилници за анимација наменети за деца. Ментор на првата работилница на тема „Двајца се караат, сите губат„  се Илчо Симовски и м-р Марјана М. Симовска. Бојан Таневски, Стефан Николовски и Барбара Спасовска се ментори на работилницата за развој на карактери „Добар. лош, грд или убав - сè се тоа карактери“.Анимакс Скопје Фест е во организација на продуцентската куќа Аурипигмент, во соработка со филмското училиште Тинтири-Минтири од Скопје, со поддршка од Агенција за филм на Република Македонија и Град Скопје, и во соработка со Кинотека на Македонија.Анимакс Скопје Фест е прв и единствен фестивал на анимиран филм во Македонија. Цел на фестивалот е подигање и градење на културата во поглед на изработка на анимирани филмови за возрасни и деца, кои презентираат различни аспекти од секојдневниот живот.

Магазин | пред 7 години

Нема фотографија

Според истражувањето на европската агенција за животна средина - Македонија е најзагадена земја во Европа

Со загадување од десет пати повеќе од препорачаните граници Македонија се најде на првото место како најзагадената земја во Европа тврди во своето истражување Европската агенција за животна средина, пренесува „Еуроњуз“.Големиот сообраќај и употребата на печки за греење предизвикуваат зголемување на ПМ10 честичките во воздухот и сериозни последици по здравјето на луѓето.Загадувањето на воздухот во Скопје претставува закана за сите граѓани. Многу пациенти доаѓаат во нашата клиника поради ова. Валканиот воздух предизвикува проблеми кај лицата со респираторни заболувања, како што се астма, емфизем и други хронични кардиореспираторни и белодробни заболувања, тврдат пулмолозите.Според надлежните главните проблеми произлегуваат од системите за греење на домовите во нашата земја.ЕУ им помага на владата во борбата против загадувањето на воздухот. Но, со оглед на социо-економската состојба на земјата, оваа задача е крајно тешка, а во блиска иднина да се справи со проблемот ќе биде уште потешко.

Скопје | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања