Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Скопје1.мк

she.leads_

Настанот SHE. фокусиран на жената и нејзините достигнувања за првпат во Скопје

Иницијатативата SHЕ. заедно со Симфони Солушнс го организира својот прв настан фокусиран на жената и нејзините достигнувања во Скопје. Настанот ќе се одржи на 12 декември во канцелариите на Симфони Солушнс со почеток од 18:00 часот.На третиот по ред настан, насловен SHE. Leads ја имаме честа да ја слушнеме успешната приказна на нашата гостинка Валентина Дисоска, претседателка на Здружението на бизнис жени од Мaкедонија. Позната по нејзината борба за родова еднаквост и поддржувач на развојот на жената-претприемач, Валентина е исто така и основач и иницијатор на неколку невладини организации во Македонија и регионот.Иницијативата SHE. е серија настани со хуманитарна цел, досега успешно организирани во Украина и Полска, и има за цел да ги сoбере на едно место сите оние кои сакаат да чујат инспиративни приказни на талентирани и успешни жени од различни индустрии.Настанот е од отворен тип и со секоја купена карта донирате по 300 денари на нашите пријатели СОС Детско Село, Македонија.

Магазин | пред 7 години

Нема фотографија

Тешко повреден мотоциклист во сообраќајка во Скопје

Вчера во 08.45 часот во Скопје на крстосницата на улиците „Антон Попов“ и „Виктор Иго“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Опел Астра“ со скопски регистарски ознаки управувано од Г.Б.(45) од Скопје и мопед исто така со скопски регистарски ознаки управувано од П.Ф.(61) од Скопје.Во сообраќајната незгода со тешки телесни повреди се здобил П.Ф., на истиот му е укажана лекарска помош во Градска општа болница "Св. Наум Oхридски".

Скопје | пред 7 години

direk

Директорите на ученичките и студентските домови бараат зголемување на партиципацијата од државата

Здружението на директори на ученичките и студентските домови во Република Македонија бара зголемување на партиципацијата за ученик, односно студент што ја добива од државата.Од Здружението иформираат дека на вчерашната средба меѓу Здружението на директори на ученичките и студентските домови, министерот за образование и наука Арбер Адеми и заменик министерот Петар Атанасо е разговарано за проблемите во ученичките и студентските домови со фокус за можностите за корекција на средствата што ги уплаќа државата.-За 16 години партиципацијата од Министерството за образование и наука претрпе само една измена со зголемување за 10 отсто. Оваа сума ни одблиску не ги покрива трошоците околу сместувањето на учениците и студентите, режиските трошоци и исхраната за учениците и студентите, особено по одлуката на Влада за задолжително средно образование со што се отежна буџетот на студентските и средношколските домови. Станува збор за 26 домови, 18 ученички и осум студентски домови, се наведува во соопштението.Дополнително Здружението на директори на ученичките и студентските домови бара партиципацијата да се плаќа 12 месеци од причина што тековните трошоци и плати за вработените се реализираат во текот на целата година.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Викендов 20 сообраќајки во Скопје, двајца тешко повредени

Во текот на изминатите денови (23, 24 и 25.11.), на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле 20 сообраќајни незгоди од кои две со тешки телесни повреди, шест со телесни повреди и 12 со материјална штета.„При сообраќајните незгоди две лица се здобиле со тешки телесни повреди и 10 со лесни телесни повреди. 220 возачи се санкционирани бидејќи се движеле со поголема брзина од дозволената. Исто така, исклучени се и 66 возачи бидејќи 28 го управувале возилото под дејство на алкохол 28 пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и 10 биле возачи почетници. 27 возила се исклучени од сообраќај бидејќи биле нерегистрирани. Исто така, санкционирани се и три возачи кои поминале на црвено светло, еден не дал првенство на минување на пешаци, петмина неправилно се престроиле и 10 не поседувале зимска опрема. Санкционирани се и пет пешаци кои поминале коловоз надвор од пешачки премин. Во текот на изминатите денови издадени се 187 мандатни платни налози, додека 152 возила се подигнати со "Пајак"“, велат од МВР. 

Скопје | пред 7 години

46521701_915943555271155_3005162628164091904_n

Инспекторатот на Град Скопје ќе изврши инспекциски надзор во Цементарница УСЈЕ

Инспекторатот на Град Скопје поднесе барање за вршење на инспекциски надзор согласно надлежностите на Државниот инспекторат за животна средина.„По многубројните претставки и јавувања во врска со работењето на АД Титан - Цементарница УСЈЕ Инспекторатот на град Скопје поднесе барање да биде извршен инспекциски надзор согласно надлежностите на Државниот инспекторат за животна средина бидејќи проблематиката е од јавен интерес, a се работи за инсталација која што подлежи на издавање на А-интегрирана еколошка дозвола и со тоа надлежноста за инспекциски надзор е во ингеренци на ДИЖС“, стои во соопштението.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Одложено судењето за „27ми април“

Обвинетиот Мунир Пепиќ не се појавил на денешното судење за настаните на 27 април и поради тоа беше одложено денешното рочиште за случајот на кое требаше да бидат презентирани материјални докази на прво и второобвинетите – пратениците Крсто Мукоски и Сашо Василевски.Како што наведе судијката Добрила Кацарска, причина за отсуството на Пепиќ е рочиштето за случајот „Титаник“, кое денеска е закажано во исто време како и судењето за 27 април.„Со оглед дека обвинетиот Мунир Пепиќ се наоѓа во друга судница, истиот не е спроведен тука, иако термините за овој случај се закажани уште во септември. Поради некоординираност во судот се случи во ист ден, во ист термин, да се суди и друг предмет, каде како обвинет се наоѓа Мунир Пепиќ, а тоа е предметот познат во јавноста како ‘Титаник’“, рече Кацарска.

Скопје | пред 7 години

viktor-ilievski

Недоразбирањата во Македонска филхармонија , ќе се решаваат по судски пат

Директорот на Македонска филхармонија, Виктор Илиески, најавува судска постапка за случајот со разрешеувањето на претседателката на Управниот одбор, Бранка Костиќ Марковиќ.Тој ова го образложи на својот фејсбук профил каде појаснува дека има докази за наводните уцени од страна на разрешената претседателка, за нејзино вработување, па дури и за висината на платата што ја барала:„Откако Костиќ увиде дека нема простор да се вработи во нашата институција, започна да ја попречува работата на УО Македонската филхармонија. ЗА НЕЈЗИНОТО БАРАЊЕ НА ВИСОКА ПОЗИЦИЈА ВО НУ Македонска филхармонија, СО КОНКРЕТНО БАРАЊЕ И ЗА ВИСИНАТА НА ПЛАТАТА ИМАМ ДОКАЗИ – кои ќе бидат обелоденети во надлежните судски инстанци!“, пишува Илиески.Според Илиески од 2.10.2018 г. поради лични интереси таа го кочела целиот процес на усвојување на новата систематизација.„Како директор на НУ Македонска филхармонија сум должен да го известам министерството за култура за работата на Управниот одбор и сите недоследности кои произлегоа од претходниот претседател на УО Костиќ Марковиќ. Македонската филхармонија е сериозна институција. Нема да дозволиме личните интереси на поединци да застанат на патот на успешноста која ја гради нашата институција седум децении. Мојата шеснаесетмесечна работа и резултати се потврда на таа посветеност. На самиот крај ќе прашам, како луѓето не учат од своите сопствени грешки, кои ги прават на идентичен начин во секоја средина каде што функционирале и каде што денес не се!“, пишува тој.Костиќ Марковиќ во неколку наврати ги демантираше неговите обвинувања.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Уапсен е Раде Шербеџија

Легендарниот актер Раде Шербеџија е уапсен во САД, откако бил фатен како вози во алкохолизирана состојба. Сепак, како што истакна тој, во крвта има 0.8 промили алкохол, што е граница, но полицијата од него побарала, како што рече глупави потези.„Мене ме сопреа и ми измерија 0.8 промили алхокол во крвта, а тоа е границата. Но, тие бараа да направам некакви глупави потези, кои не можев да ги направам поради болки во грбот. Поради тоа ме исклучија од сообраќај“, рече Шербеџија за српски „Курир“.

Магазин | пред 7 години

Нема фотографија

Скопјанец се обидел да ја убие својата девојка

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот суд Скопје 1 Скопје достави Обвинителен акт против едно лице за сторено кривично дело – Убиство.„Осомничениот се товари дека на 02.09.2018 година, во семејниот дом, со умисла се обидел да ја лиши од живот својата партнерка со која живеел во вонбрачна заедница. Тој ја разбудил оштетената и по кратка расправија за која мотивот бил љубомора и се заканил со зборовите „вечерва мора да умреш“. Потоа со кујнски нож и нанел тешка телесна повреда во вид на убодна рана во пределот на слабинската регија, со конкретна опасност по нејзиниот живот.Ценејќи дека се уште се исполнети условите поради кои на осомничениот му беше определена мерка притвор, а особено опасноста тој да се даде во бегство и можноста да го повтори кривичното дело или да го доврши обиденото кривично дело, надлежен јавен обвинител заедно со обвинителниот акт достави и посебен предлог за продолжување на притворската мерка“, велат од Основното јавно обвинителство.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Општина Центар издаде 11 решенија за отстранување на урбана опрема

Во рамки на есенската акција на Секторот за инспекциски работи на општина Центар за регулирање, расчистување и уредување на урбаната опрема поставена на територија на општината, издадени се 11 решенија за отстранување на урбана опрема.Поради непочитување на правилата за поставување на урбана опрема и отстапување од примарните одобренија за поставување на урбана опрема, Секторот за инспекциски работи на 11 правни лица издаде правосилни решенија за отстранување и рушење на диво поставената опрема.Со издавањето на овие решенија на правните лица општината им наложува во законски предвиден рок самите да ја отстранат диво поставената урбана опрема. Решенијата веќе се испратени на понатамошна обработка и доколку правните лица не ја отстранат урбаната опрема, општината самостојно ќе постапи по решенијата за отстранување.„Со ова, градоначалникот Саша Богдановиќ и општина Центар продолжуваат со заложбите за доведување во ред на поставувањето на урбана опрема на територија на општината, со што ќе се олесни движењето на граѓаните на улиците и ќе се нормализира сообраќајот на возилата“, велат во Општина Центар.

Скопје | пред 7 години

brodovi

Украина и Русија пред воен конфликт?

Откако Русија заплени три украински брода, тензиите меѓу Москва и Киев растат. Украинската војска е ставена во состојба на целосна борбена готовност. ЕУ и НАТО повикаа на воздржаност.Украинската морнарица соопшти дека Русија отворила оган и запленила три од нејзините бродови крај брегот на анектираниот Крим, што се толкува како голема ескалација на тензиите.Таа соопшти дека по голема брканица, руските специјални сили заробиле две топовници и еден реморкер. Два члена на украинскиот екипаж се повредени.Од официјална Москва сè уште нема коментар за овие тврдења.Наредбата за ставање на украинската армија во полна борбена готовност е издадена по седницата на националниот Совет за безбедност, кој предложил воведување воена состојба, соопшти Министерството за одбрана утрово во Киев. Денеска попладне за тоа треба да се изјасни и украинскиот парламент. Инцидентот се случи вчера во теснецот Керч, кој се наоѓа меѓу Крим и Русија, а кој го поврзува Црното Море со Азовско Море. Руската морнарица со оружје спречила поминување на три украински брода, а подоцна ги запленила, при што неколкумина морнари се повредени. Бродовите биле запрени поради повредување на поморската граница и навлегување во руските територијални води, каде спроведувале нелегални активности, соопшти руската тајна служба ФСБ, а подоцна тие се пренесени во пристаништето Керч. Станува збор за два помали борбени брода и еден шлепер. Во меѓувреме, како што јавуваат руски медиуми, Русија повторно го отворила за сообраќај морскиот теснец Керч пред полуостровот Крим, кој беше затворен вчера со образложение дека тоа се прави од безбедносни причини.Портпаролката на Европската комисија Маја Коцијанчич во меѓувреме ги повика конфликтните страни на најголема можна воздржаност во постапките и итно деескалирање на ситуацијата. И НАТО исто така повика на разум и деескалација, а до Русија упати апел да овозможи непречен премин до украинските пристаништа во Азовско Море, во согласност со меѓународното право.Протест има и пред руската амбасада во Киев, при што било запалено дипломатско возило. 

Свет | пред 7 години

mickoski

Мицкоски: Владата на Заев не може да го достигне ниту растот кој самите го предвидуваат

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил објави статус во кој вели дека со владата на Заев економијата е само црна дупка, каде се богатат структури блиски до власта.„Во јуни 2017-та година, Зоран Заев во експозето како нов премиер на Република Македонија, го потврди она што претходно го беа ветиле во нивната програма План за живот дека секоја година ќе обезбедат раст на економијата од 5 проценти. Вистинското потфрлање се случи уште првата година кога се забележа раст околу 0 проценти. За оваа година, согласно проекциите на буџетот кој самите го составуваа предвиделе дека економијата ќе расте со 3.2 проценти или вкупно БДП ќе изнесува 10.767.000.000€. Значи далеку помалку од ветените 5 проценти раст секоја година, ветени во програмата за живот и од самиот Зоран Заев. Но тоа што нема да расте економијата за 5 проценти не е вистинскиот проблем, туку тоа што економијата нема да ги достигне ниту тие 3.2 проценти раст кој самите си го зададоа. Имено со ребалансот на буџетот самите растот го спуштаат на 2.8 проценти, поточно на ниво од 10.724.000.000€, а грешката, односно потфрлањето е околу 43.000.000€. Значи Владата на Заев е до толку неспособна што не може да го оствари економскиот раст кој самите си го зададоа, па не 5% како што ветуваа, не 3.2% колку што самите предвидоа во буџетот, туку сега економијата ќе расте со минимални 2.8% колку што сега предвидуваат со ребалансот. Додека ММФ и Светска Банка потврдуваат дека растот нема да биде повисок од 2.5 % што е вистинска штета бидејќи регионалните економии растат со над 4 проценти. Со владата на Заев економијата е само црна дупка, каде се богатат структури блиски до власта, тие не можат да го достигнат ниту оној раст кој самите го предвидуваат. Црно време за граѓаните и црно време бизнисот во Македонија“, напиша Мицкоски на „Фејсбук“.https://www.facebook.com/829371753904952/posts/1112942455547879/

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Ѓорчев бара ДОМ на Лилјана Поповска да ја напушти владата

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Владимир Ѓорчев на својот Фејсбук профил објави статус во кој ја пренесува веста на европската телевизија ЕУРОЊУЗ каде ја рангира Македонија како најзагадена земја во Европа.-Официјално од Euronews:Заевистан е најзагадената држава во Европа. Едно време бевме познати по најниски даноци, највисок раст на БДП, компјутери за децата…Време е зелената партија ДОМ да ја напушти Владата на Заев, напиша тој во неговиот статус.https://www.facebook.com/VladimirGjorcev/posts/2335973566430091?__xts__[0]=68.ARBmRZthdKrjr1WMW5fWjDwu414wkWy8Id5llHu5YkPFfyQcMqRb8NPyvmKf6akmcqi1olVmiQJYsluB3n6u-UBhWUKXbcyDlEzQgepPQ8AoYSqKG42tCZ54XaFU6bjDzNb7qO5jZ0WxnrIsGmckWYlcA9b6UN2jgLmCE_ovkYkNEqmhqqYmoNVXLpD3nfVRkmAUwDeJ0aJIPfItdNVs9-t6ZFljQ89U64H2iJ-xuYl4QAes_u-OWGpAGK4fKY5b1kpeNGxJAxpvdz_i0Zou4nzomnr2jkcdfhctHqejXkT6lkbiE21TvBRkbHAQ-eVwP9wJvtWpREkL0XyC8ByxWbRuuw&__tn__=-R

Македонија | пред 7 години

zoo

Ќе поскапат билетите за влез во Зоолошка градина

Од јануари влезницата во скопската Зоолошка најверојатно ќе поскапи. Цената ќе се зголеми само кај билетот за возрасни и тоа од 50 денари на 80 денари. Билетот за децата останува ист 50 денари, а влезот за деца до три години ќе остане бесплатен. Ова е предлог кој ќе го достави на усвојување пред градските советници и кои ќе одлучат дали ќе има или не зголемување на цената. Причина за барањето за повисока цена од Зоолошката ги наведуваат низата инвестиции, и пристигнувањето на новите животни кои носат нови трошоци.“Предлогот доаѓа од мене, но предлогот ќе биде доставен кога ќе завршиме со некои инвестиции и кога ќе пристигнат новите животни тогаш ќе бараме да ја покачиме цената на картата бидејќи ќе треба храна за сите тие животни и одржување на зоолошката. Тоа би било од јануари следната година и не би било драстично зголемување плус 30 денари на билетот за возрасни”, вели директорот Ѓорѓи Галетановски кој посочи дека сепак градските советници треба да дадат зелено светло за цената.-За цената на влезот не одговарам лично јас одговараат и градските власти. Предлогот доага од мене, но предлогот ќе биде доставен кога ќе завршиме со некои инвестиции и кога ќе пристигнат новите животни тогаш ќе бараме да ја покачиме цената на картата бидејќи ќе треба храна за сите тие животни и одржување на зоолошката. Тоа би било од јануари следната година и не би било драстично зголемување плус 30 денари на билетот за возрасни, вели директорот на Зоолошката, Ѓорѓи Галетановски.

Скопје | пред 7 години

sosed

Му го дале клучот на соседот за да им ја чува куќата, а тој сексуално се задоволувал

Четириесет и петгодишна жена остана згрозена кога на снимката од камерите во својот дом видела што прави комшијата додека „им го чува домот“. Шерон Булман за британски „Метро“ вели дека се чувствува одвратно, валкано и разочарано, бидејќи го видела нејзиниот пријател и комшија Стив Гил како сексуално се задоволува со нејзиниот чорап.На снимката се гледа како тој влегува во спалната соба и од фиоката за долна облека го зема нејзиниот чорап.Шерон и нејзиниот сопруг Џејмс, кои живеат во Скелтон, Англија, им го оставиле клучот од нивната куќа на соседот, за итен случај, додека тие биле на одмор во Кипар. Гил бил нивен сосед 7 години.

Магазин | пред 7 години

pokana-za-prezentacija-i-izlozba

Завршен настан во рамките на Европски денови на културното наследство

На 27 ноември 2018 година, со почеток во 11:00 часот, во Музејот на Македонија ќе се организаира завршниот настан во рамките на овогодинешното одбележување на Европските денови на културното наследство. Во таа пригода, ќе се одржи презентација за организрање на манифестацијата во Словенија. Во 13:00 часот ќе биде отворена изложбата под наслов: „Европските денови на културното наследство во Словенија низ плакати“. Изложбата ќе ја отвори д-р Елеонора Петрова, дирекотр на Управата за заштита а културното наследствоПокрај тоа, во 14:00 часот ќе биде одржана презентација под наслов: „Интерпретирање на наследството“ и ќе бидат доделени благодарници на институции и поединци за учеството во манифестацијата.Настанот се организира со цел да се прошират сознанијата за различните начини на реализација на овој проект во различни европски земји

Магазин | пред 7 години

Нема фотографија

Голем пожар синоќа во Скопје: Изгореа ресторан и возила

Голем пожар утринава зафати ресторан и возила во Скопје.Дел од медиумите јавуваат дека пожарникарите два часа го гаснеле огнот кој што ја зафатил изгорената куќа- ресторан, а кој што се прошил и на патнички возила паркирани на улицата „Дане Карпчев“ број 1.Пожарот, како што информираат од Противпожарната единица на Град Скопје изувнал во 2.55 изутринава, а бил локализиран во 4.55 часот.Опожарени се 250 квадратни метри, но се уште не е утврдена предизвиканата материјална штета. За гаснење на пожарот било интервенирано со 8 возила и 18 пожарникари.

Скопје | пред 7 години

rJak9lMaHR0cDovL29jZG4uZXUvaW1hZ2VzL3B1bHNjbXMvWkdFN01EQV8vY2FlZjcyMjUzMmI4ODNjMzVmODcyODI3M2Q0YmYyMjIuanBlZ5GTAs0C5ACBoTAB

Почина познатиот италијански режисер, Бернардо Бетролучи

Италијанскиот филмски режисер, Бернардо Бертолучи почина вчера на 77 годишна возраст во Рим.Бернардо Беролучи е познат по филмските класици „Конформист“, „Последното танго во Париз“, „Дваесети век“, „Последниот кинески цар,“ „Малиот Буда“, „Украдена убавина“, и „Сонувачи“.Италијанскиот режисер година доби и „Оскар“ за најдобра режија на филмот „Последниот император“.

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

Предлог законот за амнестија, денеска повторно пред пратениците

Денеска второ читање за Предлог законот за амнестија на лицата осомничени, обвинети и осудени за собраниските настани од 27 април 2017 година, по скратена постапка во второ читање е на дневен ред на денешната 66. собраниска седница.Меѓу другите точки на оваа седница се и Дополнетиот предлог закон за изменување и дополнување на Законот за ветеринарно-медицински препарати во второ читање, Предлог законот за јавните набавки, како и измени и дополнувања на Законот за лековите и медицинските средства, на Законот за здравствената заштита, на Законот за ученичкиот стандард и на Законот за возила, сите во прво читање.На оваа седница се и измените и дополнувањата на Законот за државната статистика, на Законот за аудиовизуелните добра, на Законот за Академијата за наставници, на Законот за наставници во основните и средните училишта, на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, на Законот за нотаријатот и на Законот за извршување.

Македонија | пред 7 години

gordanajankuloskabff

(ФОТО)Кој е најдобар пријател на Јанкулоска?

Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска на својот Фејсбук профил објави фотографии од неа и поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, а под нив напиша:(best friends forever - најдобри пријатели засекогаш).Познато е дека Јанкиески и Јанкулоска се пријатели одамна, но очигледно Јнкуловска објавувајќи ги приватните фотографиите токму сега сака да даде поддршка за Јанакиески кој во моментов е во притвор.На фотографиите се таа и Јанакиески од почетоците на нивното дружење, па досега.

Скопје | пред 7 години

Mite-Grozdanov

Почина Мите Грозданов, бардот на македонското глумиште

Вчера, 25 ноември, 2018 година, почина еден од бардовите на македонското глумиште, Мите Грозданов.Тој е роден во Струмица, на 14 декември, 1943 година.Мите Грозданов веднаш по дипломирањето на Театарската академија во Белград на отсекот за глума во 1967 год. се вработува во Драмскиот театар кој ќе остане негова матична сцена сѐ до пензионирањето во 2008 година.Случајот сакаше така што токму нему му се посреќи на самиот почеток да се вивне во уметничките височини закитувајќи се со Златниот ловоров венец на престижниот сараевски фестивал МЕСС за насловната улога во Партитурата за еден Митрон. Помеѓу оваа претстава и „Историската хроника“, монодрама која тој ја одигра по повод официјалното заминување во пензија се врамени уште многу улоги, награди, монодрами, но и поетски збирки, приватниот театар Македонија, а на крајот секако не помалку значајно за неговата кариера и творечко кредо тука се подразбира и неговата боемштина која лично ја смета за составен дел на деликатната и тешка професија на актер.Мозаикот на неговите ангажмани уште подразбира и стотици радиодрами, режии (во професионални и аматерски ансамбли), настапи на телевизиски драми и серии, како и неколку филмски улоги. Во сите овие форми на театарското изразување до израз доаѓа неговата нескротлива енергија, неисцрпна и фасцинантна концентрација, моќ за трансформација.Грозданов има добиено бројни награди.За монодрамата по стихови на Ацо Шопов, Дрво на ридот , тој станува добитник на Сребрената медалја на фестивалот на монодрама и пантомима во Земун. Од неговите награди да ги споменеме и оние на весникот односно ревијата Млад борец и Екран. Но, иако досега неколку пати е номиниран и предложен за наградите 13 Ноември и 11 Октомври, тој не успеа да се закити со нив.„Да се пишува за некого значи да се оттргне еден живот, една индивидуа, еден неспорен факт на лицето на земјата од заборавот, од патината, од дното на заборавената меморија… Да се пишува за некого значи да се остави траг кој и по простосмртноста останува да сведочи дека некој, некогаш, за нешто, со нешто, живеел, творел, градел, надградувал, создал… Да се пишува за некого значи да се оддаде почит кон незаборавот на личноста која сама по себе му пркоси на мигот, имајќи ја за цел вечноста… Да се пишува за еден од најголемите , кој и буквално умеел со својата појава и моќ за творба да нè остави без здив, значи да се стави уште една точка, сјајна како ѕвезда во аналите на културното театарско (и не само такво) живеење“ напиша Борче Грозданов, театарски критичар и син на Мите Грозданов.

Македонија | пред 7 години

a1_televizija

8 години од полицискиот упад во А1 Телевизија

Денеска се одбележуваат осум години од полицискиот упад во А1 Телевизија, најголемата приватна телевизија во Македонија. По полицискиот упад кој медиумот го емитувше во живо започна процесот на затворање на телевизијата кој траеше 7 месеци.„А1 Телевизија е под полициска опсада. Полициски возила и џипови, доцна попладнево ја блокираа телевизијата. Сите новинари на А1 и снимателите, се оневозможени да работат и забранета им е слободата на движење. Припадниците на полицијата се сеуште пред вратата на А1 Телевизија. Останете со нас вечерва …“ – известуваше таа вечер на 25 ноември 2010-та година, најгледаната телевизија пред осум години во земјава.По еден месец од упадот, сопственикот на телевизијата Велија Рамковски беше затворен заедно со неговите најблиски соработници, а новинарите претрпеа огромен притисок во нивната работа.А1 телевизија од самото основање, па се до затварањето воведе еден нов пристап и начин на работа на електорнските медиуми во земјава, особено со информативната програма. Медиумот ќе остане запаметен по промоцијата и во заштитата на човековите права, во поддршка на ненасилно разрешување на конфликтите, особено на конфликтот во Македонија во 2001 година, во воспоставување на фер и демократски изборни процеси.Објектот од зтворената и потполно уништена телевизија сопственикот го посети по седум години, поточно за прв пат по инцидентите повторно стапна во зградата на овој датум минатата година.

Скопје | пред 7 години

Naum-stoilkovski

(ВИДЕО) Стоилковски: Апелација да ги отфрли одлуките за притвор на Јанакиески и Божиновски

Апелациониот суд утре мора да ги земе предвид фактите на одбраната на Миле Јанакиески и Кирил Божиноски, и да донесе решение во кое ќе ги отфрли одлуките за нивен притвор базирани врз фингирана службена белешка од УБК, класифицирана како „строго доверливо“, рече на прес-конференција, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.Како што исткна тој, утре во апелациониот суд се одлучува дали Република Македонија ќе остане да тоне во мрачното транзициско минато од 90-тите, или судот има сили да се издигне над политичкиот прогон.„Утре ќе се знае дали Република Македонија воопшто има сили да напредува или ќе потоне подлабоко во црниот систем во кој слобода или притвор се инструменти на црниот систем за политички пазар и криење на неспособноста. Апелационите судии ја имаат пред себе одговорноста да не дозволат судот да биде играчка на неспособниот Зоран Заев и неговиот тим за злоупотреба на државната безбедност, играчка за нивните злодела, за политичкиот терор“, нагласи Стоилковски.Тој додаде дека апелациониот суд има одговорност со која не само што ќе се дозволи Јанакиески и Божиновски да се бранат од слобода, онака како што и до сега го правеа тоа, туку и ќе се внесе трошка светло во црниот правосуден систем.„Тој зрак ќе даде надеж дека слободата и правосудството нема повеќе да бидат дел од селективниот политички пазар. Таква одлука на апелационите судии ќе значи и дека власта не смее и ќе мора да одговори за злоупотребите на службите за безбедност“, порача партискиот портпарол.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Ријана го „урна“ Инстаграм со две провокативни фотографии

Ријана повторно „ги запали“ социјалните мрежи. Овој пат на Инстаграм се појавија две провокативни слики, на кои музичката ѕвезда лежи во кревет скоро гола.https://www.instagram.com/p/Bqfg4NjF4Bg/?utm_source=ig_embedФотографиите за помалку од 24 часа имаа над 4 милиони лајкови.https://www.instagram.com/p/Bqfc2QHhOrf/?utm_source=ig_embed

Магазин | пред 7 години

(ВИДЕО) Браво Марија! На Детската Евровизија Македонија 12 та

Одличен настап имаше денеска македонската претставничка на Детската Евровизија во Минск, Белорусија. Погледнете ја Марија Спасовска со „Дома“.Марија Спасовска беше дел од актерите кои играа во мјузиклот посветен на Тоше Проески, „Тајно моја“. Во нејзината биографија се запишани дваесетина признанија, награди и дипломи од домашни и меѓународни фестивали. Минатата година имаше забележителен настап и на реномираниот „Славјански Базар“.Лани на манифестацијата која се одржа во Тбилиси, Грузија, Македонија ја претставуваше Мина Блажев. Тогаш, од 16 земји-учеснички, завршивме на 12 – то место. Оваа година атакуваме на повисоките позции со песна на Дарко Димитров и Елена Ристеска.

пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања