Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Скопје1.мк

Нема фотографија

Џастин Бибер објави емотивна порака во која призна дека е оженет

Откако неодамна манекенката Хејли Болдвин призна дека му кажала „да“ на Џастин Бибер и со тоа ги разочара неговите обожавателкки ширум светот, и славниот пејач на инстаграм објави дека е оженет.Бибер на Инстаграм на сите им го честиташе Денот на благодарноста со фотографија од природа. Под фотографијата тој напиша:„Ова ми е прв Ден на благодарноста како оженет човек. Прв пат како домаќин. Прв пат двете страни на семејството дојдоа заедно.Врските се силни и љубовта не е секогаш едноставна, но фала му на Исус што ми покажа како се сака. Секој ден учам, се обидувам да бидам како него, трпелив, драг, несебичен“, напиша Џастин.https://www.instagram.com/p/BqiC5veHMcq/?utm_source=ig_embed

Магазин | пред 7 години

46660570_2234095849957839_3258765028060299264_n

Обука за професионален развој на воспитувачи во ЈУДГ „Буба Мара“ во Аеродром

Во ЈУДГ „Буба Мара“ во Општина Аеродром вчера се одржа обука за ран детски развој и учење, која се фокусираше на темите „Како учат децата?“, „Развој на говор од 9 до 6 години“ и „Стимулативна средина за учење“. Обуката беше наменета за професионален развој на воспитувачи, стручните работници и соработници од градинката.2Целта на овие активности е да се унапреди квалитетот на предучилишното образование, кое е клучно за натамошниот раст и развој на најмладите. Обуката беше интератктивна, а опфатените теми се актуелни и современи педагошко-психолошки аспекти на воспитно-образовната работа со деца од предучилишна возраст. Реализатори на обуката беа високостручни лица во областа на педагошките и психолошките науки од Институтот за европски образовни, социокултурни и економски политики ЕВРОПА ЗА ТЕБЕ Скопје“, велат од општина Аеродром

Скопје | пред 7 години

5-1-1

(ВИДЕО) Заев негира дека разговарал со Груевски пред бегството

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, на настанот во организација на МЕПСО, одговараше на новинарски прашања.Одговорите на сите, ви ги пренесуваме во целост:Пратениците од независната пратеничка група (на ВМРО-ДПМНЕ, н/з.), најавија дека е можно да не го дадат својот глас за уставните промени.Премиерот Заев: Веројатно да, мала ни е земјата, поврзано ни е општеството, правниот систем влијае на политичкиот, политичкиот на правниот, кога се носат одредени одлуки, но тоа не значи дека секој не треба да ја гледа својата работа.Знаете дека имаше поддршка од 8 пратеници на опозицијата за да се отворат уставните промени и тие уште тогаш рекоа дека даваат шанса да почне процесот на промени на Уставот. Следува фазата за која е потребно обично, или, просто мнозинство, а некаде во јануари идната година повторно ќе биде потребно двотретинско мнозинство.Јас на овој процес во парламентот гледам како на политички дијалог, и гледам како преку инклузивни процеси да го зголемиме мнозинството. Жалам што пратениците велат дека тоа влијае на нив, но се надевам дека сите ќе останат на своите ставови. Како што тече процесот за нацрт амандманите, така расте и инклузивноста и јас се надевам дека после 1 декември, на пленарна сесија, ќе потврдиме амандмани за кои уште еднаш ќе потврдиме сериозна вграденост на опозицијата, од нивните дискусии и предлози во самите нацрт амандмани. Тоа за мене ќе значи потврдување на двотретинското мнозинство, па дури и негово зголемување. Тоа е мојата надеж.Она што исто така сакам недвосмислено да го истакнам како порака, е дека правото и правната држава, и владеењето на правото се императив во Република Македонија и не треба да има никакво мешање во правосудството. Понекогаш одлуките на правосудните органи, јавното обвинителство, СЈО и судовите, гледајќи ја својата работа влијаат на политичкиот процес, но јас верувам дека сите ќе се носиме со одговорноста што ја имаме.Пред сѐ ние политичарите, вклучувајќи ги и оние во парламентот. Пред нас е неповратен процес, процес кој ни дава шанса којашто не треба да се пропушти, и верувам дека Македонија ќе изнајде сила сите процеси да течат без да направат штета еден на друг до исполнување на конечната цел. Во парламентот тоа усвојувањето на уставните амандмани за членство во НАТО и ЕУ, а во правосудството тоа е владеењето на правото, независноста на судството, и одговорноста на секој што се огрешил пред законот.Дали после апсењето на Мијалков разговаравте со 8-те пратеници?Премиерот Заев: Со некои од нив воспоставивме контакт. Разговаравме, но пред сѐ во духот на дебатата во парламентот. Идната седмица во Собранието на РМ ќе се случи пленарна дебата како сублимат на работата во Комисијата за уставни прашања, а потоа и пленарна на 1 декември после која што ќе следува јавната расправа со граѓаните, со експерти, со МАНУ, со граѓанските организации. Низ тој процес ќе се дознае во која мерка опстојува двотретинското мнозинство.Дали е вистина дека унгарски разузнавачи и дипломати помогнале да избега осуденикот Груевски од земјата?Премиерот Заев: Сите видовме, па дури и самите земји потврдија дека со дипломатски возила на Унгарија, придружуван со унгарски дипломати, му било помогнато да стигне до Будимпешта. Тоа е повеќе од јасно. Јас верувам дека истрагата ќе ги отвори сите детали. Жалам што МВР сѐ уште не може да излезе додеталната информација, но сепак, почитуваат тие, почитувам и јас, дека Јавното обвинителство води детална истрага и дека додека трае истрагата не можат да ги споделат сите детали. Тоа што е возможно, досега се соопштува во јавноста, а тоа што претставува ризик да влијае врз квалитетот на истрагата треба да се испочитува.Јас сум информиран. Знам досега до каде се стигнати работите од МВР и верувам дека многу бргу истрагата ќе заврши и ќе можат да бидат споделени сите што се случувало во Република Македонија. Знаеме што се случувало во Албанија, во Црна Гора, во Србија и во Унгарија. Останува прашањето како го дозволиле тоа 4 земји, наши пријатели, од нив три земји членки на НАТО, во кои владее правото, во наводници кажувам, дозволиле тоа да се случи. Но, затоа е истрагата која што треба да заврши за да се споделат информациите со јавноста.Дали тоа значи дека унгарските разузнавачи од Македонија помагале Груевски да избега кон Албанија?Премиерот Заев: Тоа е тој дел од истрагата кој што треба да заврши за да биде соопштен и од истражните органи и од МВР.Денеска излезе информација во медиумите дека Груевски непосредно пред да ја напушти државата последен со кој што се слушнал сте биле токму вие?Премиерот Заев: Таман работа. Ќе испадне дека ние заедно тоа сме го договарале. Со господинот Груевски откако сум премиер, веќе година и половина, немам контакти. Последните контакти ги имавме кога парламентот беше заробен во онаа бесконечна дискусија пред да се случат немилите настани од 27 април. Разговаравме за можностите како да се одблокира процесот. Јасно е дека двотретинското мнозинство постојат за да на ја мачиме Македонија, ниту македонските институции. Тогаш беа последните разговори. Јас тоа го демантирав на медиумот што објави такви информации. Тие го нотираа демантот, но благодарам на прашањето, и уште еднаш да ја искористам приликата да соопштам дека откако сум премиер со господинот Груевски немам никаква комуникација.

Македонија | пред 7 години

Ds3WjLyX4AAsjK_

Силен земјотрес на границата меѓу Иран и Ирак

Силен земјотрес со јачина од 6.3 степени според рихтеровата скала, е регистриран на границата меѓу Иран и Ирак. Земјотресот бил 148 километри од Багдад, каде што бил почувствуван, а жителите на овој град веднаш излегле на улиците од страв за нови потреси.Земјотресот се случил во 17:38 часот, а засега е рано да се процени дали има жртви или материјални штети.

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

Холанѓанец нападнат во скопски ноќен клуб

Дваесет и седумгодишно момче од Холандија ноќеска било нападнато во ноќен клуб во Скопје.Како што информира МВР, ноќеска во 04:00 часот С.В.В (27) од Ротердам, Холандија, пријавил дека истиот ден околу 02:30 часот на бул.,, Климент Охридски“ во ноќен клуб физички бил нападнат од машко лице на возраст од околу 25 години.Полицијата работи на расчистување на случајот.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

IN MEMORIAM Слободан Угриновски

Претседателот на Титовите леви сили Слободан Угриновски починал синоќа ненадејно. Веста на својот „Фејсбук“ профил ја објави неговиот син, Никола Угриновски.Угриновски со партијата раководеше од 2005 год.Погребот на угриновски ќе биде утре на градските гробишта Бутел во 14 часот и 30 минути.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Густа магла на патот Тетово - Шапка, видливост до 10 метри

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по влажни коловози.„Намалена видливост 30 – 50 м поради магла има на планинскиот превој Буково и од крак Маврово до Бунец.Намалена видливост до 50м поради магла од крак Маврово до Кичево.Многу густа магла на патот Тетово- Шапка,видливост до 10м“, велат од ЈП Македонија пат.Исто така оттаму апелираат на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Македонија | пред 7 години

go-sakam-vodno-protest54

„Го сакам Водно“: Водно, во целост, а особено над општина Кисела Вода е ерозивна експлозија

"Водно, во целост, а особено над општина Кисела Вода е ерозивна експлозија", "ако дождот паднеше на Водно, ќе имаше илјадници жртви" изјави проф. Трендафилов, експерт за порои и ерозија од Шумарскиот факултет, август 2016 кога се случија фаталните поројни дождови и поплави на Скопска Црна Гора кои однесоа човечки жртви.Јапонците велат дека Водно е со најголем ризик при поројни дождови да дојде до катастрофи од поголеми размери и ќе пошумат дел кон трагичниот пат за Сончев град.Што треба да се случи, за да државата ја тргне трасата на гасоводот од Водно? Треба ли нови жртви да ни се случат?Па гасоводот се гради токму низ ерозивно подрачје кај спустот кон Шишево каде се моментално и кај Сопиште делот, каде не само што не смеело да се дозволи да се гради, туку треба да се пошумува, да се намали ризикот од ерозија, од поројни дождови и појава на свлечишта. Целата територија на Водно е подрачје загрозено од ерозија.Не само што се гради каде не би смеело, туку се гради без спроведување на мерки за заштита од ерозија, на утврдено ерозивно подрачје и подрачје загрозено од ерозија.Одговорност, во случај на катастрофа за која сите експерти предупредуваат, ќе сносат тие кои го одобрија градењето на гасоводот низ Водно и кои не преземаат мерки за заштита и превенција од ризици. Со име и презиме. Зошто на нивна адреса ќе се упатат кривичните пријави и на нивна совест ќе лежат последиците.Наместо оваа Влада да ги санира штетите направени од претходната, со Сончев град и патот до него, АЕК кулата, итн., наместо Водно да го заштити, да го пошумува, да постави јасни граници на парк-шумата, тие продолжуваат лош проект од претходната, без мерки за заштита и со безбројни пропусти. Никој ништо не презема, сите се прават слепи и глуви и се тера ко да сме на дивиот запад. Само што сме бетер. И на дивиот запад имало некои норми и правила. Тука не. Тука ни локален шериф не постои. Само самоволие. Кога е веќе така, самораспуштете се. Па бар да знаеме дека е до нас и да си го преземеме Водно во наши раце“, стои во објавата на Фејсбук на граѓанската иницијатива „Го сакам Водно“.

Скопје | пред 7 години

kiracovski

Кирацовски со порака по повод Меѓународниот ден против насилство вржз жените и девојчињата

Генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски, преку својот Фејсбук профил упати порака по повод Меѓународниот ден против насилство врз жените и девојчињата.„Денес е Меѓународниот ден против насилство врз жените и девојчињата кој го означува почетокот на глобалната кампања „16 дена активизам против родово-базираното насилство“.Статистиката говори дека секоја трета жена е жртва на насилство. Само мал дел од жртвите се охрабруваат да го пријават.И жените во политиката се соочуваат со разни облици на насилство. Имено, 55% од жените биле жртви на насилство додека извршувале партиски функции, а 46% од политичарките биле изложени на насилни закани.Секој облик на насилство врз жените е напад на човековите права и закана за демокатијата.Заедно со жените, зајакнати, охрабрени и поттикнати да се соочат со предизвиците, градиме едно општество на еднакви можности за сите.Да ја прекинеме тишината! Да ставиме крај на родово-базираното насилство!, напиша Александар Кирацовски, генерален секретар на СДСМ по повод денот против насилството врз жените“, напиша Кирацовски на Фејсбук.https://www.facebook.com/aleksandar.kiracovski/photos/a.169215466610546/1029430520589032/?type=3&theater

Македонија | пред 7 години

Mickoski-pres

Мицкоски: Оваа влада безочно излажа за Еурокомпозит, Колска, Југохром, Гугл…

Од рубриката голи факти за црното владеење на оваа влада, фабриката Еурокомпозит уште една измама и упропастена надеж, пишува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил.-24 октомври 2017-та година, премиерот Заев се сретна со вработените од Еурокомпозит Прилеп. Им вети исплата на заостанатите плати и трајно решавање на проблемот со статусот на оваа компанија. Месеците поминуваа, платите повторно доцнеа, а решението се подалеку. 3 јуни 2018-та година, повторно нова надеж за близу 300 вработени, вицепремиерот Кочо Анѓушев изјави дека има заинтересирани инвеститори за Еурокомпозит и Колска. 5 месеци по ова ново ветување нема инвеститор за ниту една од овие компании, а вработените се подлабоко тонат во разочарувањето креирано од оваа неспособна влада. Ноември 2018-та година, болната реалност е: вработените на Еурoкомпозит вратени се дома, а погоните се со исклучена струја. Останаа владините ветувања како срамен доказ за една од многуте лаги на оваа Влада. Безочното лажење е само едната димензија, другата е што се демонстрира една страшна неспособност која загрозува судбини на многу граѓани. Владата брутално си поигрува со болната и изнамачена судбина, со животите на вработените од Еурокомпозит. A само ќе потсетам и за претходните лаги на Владата за кои пишував, за пропаста на Југохром, за Колска, за лагата за влезот на Google и FB и многу други. Редицата е долга, а надежта се помала. Тоа ќе се промени, само кога оваа власт ќе си замине“, додава Мицкоски. 

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Двегодишно дете каснато од куче во Скопје

Вчера во 21:00 часот 27-годишната Н.Ц. од Скопје пријавила дека на 23.11.2018 година околу 20:00 часот,на ул.Козле, нејзината двегодишна ќерка била касната од куче.Веднаш потоа сопственичката  на возраст од 50-60 години, заедно со кучето се оддалечила во непознат правец. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Полицаец казнил Битолчанец поради непрописно паркирање, тој го натепал

Во саботата, околу 12.55 часот во Битола, на крстосницата од улиците „Булевар 1-ви Мај“ и ул.„Никола Тесла“, униформиран полициски службеник во СВР-Битола, додека преземал службени дејствија од областа на сообраќајот односно за неправилно паркирано патничко моторно возило „Фолксваген шаран“ со битолски регистарски ознаки, бил физички нападнат од возачот.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

24 повредени лица, меѓу кои 5 полицајци во протестите во Париз

Најмалку 24 лица, меѓу кои и 5 полицајци се повредени во судирот помеѓу полицијата и протестантите во Париз.На протестите во Франција поради зголемување на цената на горивата во саботата учествуваа околу 106.300 лица, соопшти францускиот министер Кристоф Кастане.Кастане изјави дека вчера во некои места протестите биле насилни во однас на оние минатата недела.Францускиот претседател Емануел Макрон го осуди насислството на демонстрантите и порача дека во Франција нема место за такво насилство.„Нека се срамат оние кои ја нападнаа полицијата и оние кои беа насилни кон другите граѓани. Во Франција нема место за вакво насилство“, напиша Макрон на Твитер.https://twitter.com/EmmanuelMacron/status/1066395442861215745?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1066395442861215745&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.telegraf.rs%2Fvesti%2Fsvet%2F3010325-protesti-protiv-cene-goriva-u-francuskoj-prerasli-u-nasilje-najmanje-24-povredjenih-makron-razocaran-stidite-seДемонстрантите фрлале кон полицијата со камења и други предмети, а полицијата мораше да користи водени топови и солзавци за да ја разбие толпата.

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

Министерство за одбрана: Минатата власт имаше десет години да ја опреми АРМ, но не го стори тоа

Од министерството за одбрана реагираат на нападите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Вчера од партијата истакнаа дека Радмила Шекеринска со нетрпение чекала нови гуми, додека војниците биле без елементарните работи.„ВМРО-ДПМНЕ нека не се грижи за АРМ. Ако толку им беше грижа, имаа време од десет години да ја опремат, осовременат и да ја модернизираат одбраната. Но, за време на нивното владеење единственото нешто за што им беше грижа беше како да ја засилат полицијата за да може да изградат бедем околу нивната криминална влада, незаконски да прислушуваат, да следат и да заплашуваат.Ние објавуваме за набавки на гуми за армиските возила и за обувки за војниците токму затоа што во време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ такви набавки не се ни вршеле. Таква состојба наследивме, оттаму и почнавме.Но, да ја потсетиме партијата ВМРО-ДПМНЕ чие довчерашно раководство половина е во притвор, а половина во бегство од правдата, дека ние го зголемивме и буџетот на одбраната за 15 проценти, ги зголемивме платите за 10 проценти, а идната година за уште 5 проценти, го вративме плаќањето на дежурствата, ја вративме јубилејната награда, во рекордно време изготвивме Стратешки одбранбен преглед. Од безнадежен случај, земјата за една година ја доведовме на прагот на НАТО. Што направивте вие господа додека бевте на власт?Јасно е дека не се истакнавте ни во оваа сфера, како ни во останатите, а сега се гледа и зошто. Додека јавноста е вџашена од вртоглавите суми од повеќе десетици милиони евра кои се изнесувани од државата од страна на ваши видни членови во претходната власт, измислувате приказни со цел да ги задушите вестите за оваа пљачка без преседан во македонската и во европската историја. Оттука, и вашето потсмевање со набавените гуми за армиските возила е само уште една демонстрација на арогантен однос кон припадниците на АРМ кои ја делат судбината со останатите граѓани на земјата што ја опустошивте“, велат од министерството за одбрана.

Македонија | пред 7 години

k15

Приватните компании на вработените до крај на годинава мора да им исплатат К-15

Ако во фирмата сте работеле најмалку шест месеци во календарската година работодавачот е обврзан да ви исплати регрес за годишен одмор. Доколку тоа не го стори може да добие парична или затворска казна.Согласно законот Регресот за годишен одмор или К-15, и годинава им следува на вработените во приватните компании од стопанство.Износот на К-15 зависи од висината на просечната нето и бруто плата по вработен во последните 3 месеци пред датумот на исплата.Минималниот износ треба да изнесува најмалку 40 проценти од висината на просечната нето плата, а максималниот до 40% од висината на просечната бруто плата.Според Државниот завод за статистика вработените за К-15 треба да очекуваат минимум 9.665 денари или максимум 14.190 денари.

Македонија | пред 7 години

zaev-gruevski

Заев: Обвинителството и МВР имаат сериозни сознанија кој му помогнал на Груевски да избега , набрзо ќе имаме детали

Јавното обвинителство е во сериозна истрага за за бегството на осудениот експремиер Никола Груевски . Го чекаме конечниот извештај, истакна Премиерот Зоран Заев. Запрашан дали унгарски разузнавачи и дипломати помогнале да избега поранешниот премиер Греувски, Заев истакна дека токму за овој дел се чекаат конкретни одговори и од истражните органи и од МВР.„Жалам што МВР сѐ уште не може да излезе со детална информација, но секако почитувам и јас, почитуваат и тие дека Јавното обвинителство е во сериозна истрага и сѐ додека трае истрагата не може да излеземе со детали. Јас сум информиран, отприлика знам до каде се стигнати работите од МВР, и во многу брзо време ќе заврши со истрагата и ќе ги споделиме сите детали што тоа се случувало во Македонија, заради тоа што се знае што се случувало во Албанија, Црна гора Србија и Унгарија”, кажа Заев.Премиоерот верува дека ќе има двотретинско мнозинство за уставните измени и верува дека последните притвори на функционери од ВМРО-ДПМНЕ нема да имаат влијание врз политичкиот систем во државата иако дел од осумтемина пратеници отворено кажаа дека последните притвори на Мијалков, Јанакиески и Божиновски не се во функција процесот на помирување.

Македонија | пред 7 години

baloni-2

(ФОТО+ВИДЕО) Младите од ВМРО-ДПМНЕ на симболичен начин го искажаа револтот од црното владеење на Владата

Денес младите сме собрани тука пред Владата на Република Македонија, на симболичен, но мошне загрижувачки и сериозен начин да го изразиме нашиот револт од црното владеење на Владата на Република Македонија, истакна Јован Јаулески, в.д. претседател на Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.-Граѓаните и младите го живеат најцрното време. Црн период на неисполнети ветувања, големи очекувања и уште поголеми разочарувања. Период во кој вестите се исполнети со криминал кој не се разрешува, со непотизам кој се оправдува, со црно здравство, руинирано образование и неисполнети ветувања. Нема ниту еден проекти, не се градат студентски домови, не се намалува младинската невработеност, а нема ниту зрак светлина за младите во ова црно владеење, истакна Јаулески и додаде:„Тоа мора и може да биде поинаку. За тоа да биде поинаку потребно е оваа црна власт да падне. Ги повикуваме сите младите да ни се приклучат, да се обединиме бидејќи ова е наша заедничка битка, за нашата, за вашата заедничката иднина. Затоа на симбочен начин ги пуштаме овие црни балони, за да ја означиме црнилата која владее во Република Македонија исто како овие црни балони и оваа власт набрзо ќе си замине“.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Пронајден убиец од Арачиново кој треба да отслужи 10-годишна затворска казна

На скопската улица „Индира Ганди“ од страна на полицајци, во попладневните часови на 24. ноември, по судска наредба бил приведен 34-годишен арачиновец за издржување казна затвор.Како што информираат од МВР, 34-годишникот поради извршено убиство, треба да отслужи затворска казна од 10 години.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

ЦРНА ХРОНИКА: Тешко повреден возач на камион на автопатот Миладиновци-Штип

На автопатот Миладиновци-Штип кој е во изградба, кај надвозникот за село Крушица во попладневните часови на 24. ноември возач на камион доживеал сообраќајна незгода.Како што информираат од МВР, 48-годишен возач од Скопје, управувајќи со камион „ман“ удрил во надвозникот.Во незгодата 48-годишникот се здобил со тешки повреди и итно бил пренесен во Ургентниот центар во Скопје.Увид на лице место извршила полициска екипа од Свети Николе.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Пратеничката Фросина Ременски и министерката Шекеринска во воена опрема во Кабул

Пратеничката од СДСМ Фросина Ременски на социјалната мрежа фејсбук објави фотографија од Кабул, каде заедно со министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, се во посетата на македонските војници.Ременски на војниците им посака среќа и успеси, им честита и за посветеноста и храброста. Командата за обука, советување и асистенција на Авганистан, на Ременски и додели благодарница.

Скопје | пред 7 години

1-14

(ФОТО) Мицкоски и Шекеринска вечераа во скопски ресторан

Синоќа во скопскиот ресторан „Воденица“ на едно место можеа да се видат на иста маса како вечераат вицепремиерите Радмила Шекеринска и Кочо Анѓушев, како и опозиционерите Христијан Мицкоски и Антонијо Милошоски.Друштво им правеа уште еден вицепремиер - Бујар Османи, како и Андреј Жерновски, заменик-министерот за надворешни работи.Во продолжение целосната фотогалерија може да ја погледнете на „Женски магазин“.

Македонија | пред 7 години

Untitled

(ФОТО) Директорот на студенските домови сака да се журка и го слуша Јоце Панов

Состојбата во студентските домови е катастрофална, храната не ги задоволува ниту хигиенските, ниту калориските потреби, нема топла вода, а нема ниту греење. Додека студентите живеат во субстандардни услови и ја плаќаат цената за неспособноста на менаџментот поставен од новата власт, менаџментот прославува со жива музика и флаши скап виски за ,,добро сработеното”.Се работи за директорот на Државниот студентски дом  ,,Скопје”, Дарио Николовски раководи со сите студентски домови во Скопје од февруари годинава. Тие се во слободен пад и во нив нема услови за живеење, запрена е нивната реновација, а нема ништо ниту од ветувањето за изградба на нови студентски домови и проектот на СДСМ ,,студентски град”.Додека директорот повеќе од очигледно добро се забавува и ја тера ноќната шема, сликите од студентските домови повеќе наликуваат слики од некој хорор филм отколку на државната институција во која расте иднината на Република Македонија.Дарио Николовски студирал на “ФОН Универзитет”, а е родум и живее во Скопје. Тој никогаш не седел во студентските домови, со тоа, не искусил таков живот. Тоа значи, дека не ги почуствувал на своја кожа условите на кои се жалат студентите.Според неговиот профил на социјалните мрежи, Николовски сака да ја слуша музиката на Јоце Панов.Дека сака да шета, доказ е и фактот дека 2018 година ја дочекал во Будимпешта, каде сега Груевски ќе ја дочека 2019.Сака да се фотографира со високи претставници на СДСМ, а на објавите често е со стисната тупаница.Претходно една година бил директор на Агенцијата за странски инвестиции

Македонија | пред 7 години

brainobrain-3

На Интернационалниот бреинобреин натпревар во Дубаи, охриѓанчиња со грст награди

На Интернационалниот бреинобреин натпревар, кој по четврти пат се одржува во Дубаи, ОАЕ, како претставници на Македонија учествуваа 10 деца од Центарот за развивање животни вештини Бреинобреин – при Црвен крст Охрид, предводени од тренерот на програмата.Во исклучително силна конкуренција тие покажаа големо знаење и освоија повеќе награди: 2 трофеи, 7 златни и 1 сребрена медаља.Особена вредност на ова најсилно Бреинобреин натпреварување во Дубаи дава поставувањето на Гинисов рекорд за најголем час по ментална аритметика, со повеќе од 3200 учесници.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Искршени стаклата на шест возила на УБК

Шест службени возила во сопственост на УБК, утрово во 8 часот биле демолирани на паркингот пред МТВ, велат од МВР.И покрај тоа што на паркингот имало паркирани и други возила, оштетени биле само возилата на УБК.„Денеска во 8.05 часот пријавено е дека на паркингот кај МТВ се искршени стакла на шест возила, сопственост на УБК и едно возило сопственост на Државен инспекторат за градежништво и урбанизам. Се преземаат мерки и активности за расчистување на случајот“, вели МВР.

Македонија | пред 7 години

gruevski-2

Истражување на ДВ: Ноќта пред бегството Груевски ја минал во Мериот

Најавата на шефицата на Обвинителството за организиран криминал, Вилма Русковска дека во предистражната постапка за бегството на Никола Груевски ќе истражува дали има пропуст и одговорност во врвот на МВР (кај министерот Оливер Спасовски и директорите на Бирото за јавна безбедност и на Управата за безбедност и контраразузнавање), дополнително ги затвори за информации овие институции. Оттаму велат дека заради предистражната постапка со која и тие се опфатени, нема да споделуваат информации во јавноста: ниту од интерна истрага за евентуални пропусти и незаконитости во рамки на МВР, ниту други сознанија. Според Рускоска, одговорноста ќе се истражува и во СЈО по прашањето зошто не побарале мерки за Груевски по изрекувањето на пресудата, но и кај судијата за извршување санкции од Основниот суд Скопје 1. Обвинителството нема да излегува со информации додека не дојде до конкретни докази каде е пропустот.Користел четири стана?Во состојба на целосен институционален молк за околностите под кои избега поранешниот премиер, нашето истражување почна од првата адреса – станбениот комплекс каде живее Груевски, а се наоѓа спроти партиското седиште на СДСМ и во близина на зградата на МВР, објавува Дојче Веле.Станарите беа воздржани за разговор околу нивниот најпознат сосед. Но, сепак прифатија да споделат неколку сознанија. Сметаат дека тешко ќе се откријат детали за движењето на нивниот сосед, бидејќи камерата поставена за време на неговиот премиерски мандат, според нивни неодамнешни сознанија, не работела повеќе од една година. Објаснуваат дека на ист кат Груевски поседува два стана со посебни влезови, но препоставуваат дека  се внатрешно поврзани. Сметаат дека едниот стан имал исклучиво приватно-семеен карактер, а вториот најверојатно го користел за службени средби, бидејќи секогаш кога доаѓале негови сопартијци тие се упатувале исклучиво кон другата врата. Но, открија и уште еден, досега непознат податок: дека го гледале Груевски како повремено влегува во уште два стана во истата зграда.По проверката на броевите на становите што тие ги посочија, утврдивме дека двата се водат на име на фирма. Не успеавме да стапиме во контакт со овластено лице од фирмата, за да добиеме одговор дали Груевски ги изнајмил на користење тие станови, односно, дали фирмата е само параван за вистинскиот сопственик.Обезбедувањето не се посомневалоНеговите телохранители, кои според досега недемантирани информации последен пат го придружувале Груевски на пат до домот во четврток навечер (8 ноември) околу 23 часот, практично биле последните кои имале контакт со него. Дали тие знаеле за планот на нивниот штитеник и дали биле дел од логистиката? Нивен колега, кој се согласи анонимно да зборува, вели дека воопшто не верува во такво сценарио.„Тие сигурно не биле вмешани. Беа уверени дека Груевски ќе оди на издржување на затворска казна, врз основа на повеќе околности. Наводно, тој ги распрашувал дали имаат увид во кој затвор во Македонија има најдобри услови да ја издржува казната, па му посочиле дека тоа е затворот во Штип. Наводно, им нарачувал да му купат нови тренерки, патики, пижами и уште некои други работи кои би му биле потребни во затворот, со што го зацврстил впечатокот дека се подготвува за издржување на казната и за ништо друго“, раскажува нивен колега.Не верува дека таа слика би можела да биде плод на заеднички договорено сценарио меѓу нив и Груевски, бидејќи во случај на бегство јасно е токму неговите телохранители ќе бидат први под истрага.Последната средба со сопартијци Ако тие биле последните кои го виделе Груевски, кои биле претпоследните? Од која локација Груевски се упатил кон неговиот дом? Додека надлежните молчат, првите сознанија доаѓаат од случајни сведоци. Кон таков сведок не одведе едно друго прашање – во чие друштво бил Мијалков пред приведувањето во скопскиот хотел „Мериот“.Одговор на тоа прашање на добивме од хотелскиот персонал, но лице ангажирано на надворешно обезбедување на еден од многуте деловни објекти во непосредно соседство на „Мериот“, тврди дека вечерта на 8 ноември, Груевски излегол токму од тој од хотел разделувајќи се со две лица.„Не знам кога дошле, ни колку време седеле. Јас ги видов на заминување. Беше помеѓу 22 и 23 часот. Едниот беше Миле Јанакиески, а другото лице не ми беше познато. По неколку дена, кога на вести кажаа дека е одреден притвор за Миле Јанакиески и Кирил Божиновски и прикажаа снимка од двајцата, препознав дека вториот е тој Божиновски“, тврди очевидец.Ноќта пред бегството Груевски ја минал во хотелот Мериот, тврдат извори на ДВ.Тој сведочи и дека вечерта, непосредно пред приведувањето на Мијалков, во хотелот навистина стигнало возило со унгарски дипломатски таблички (како што шпекулираа медиуми), и дека истото со голема брзина заминало оттаму веднаш по приведувањето на Мијалков. Според гласините што ги чул од вработени во хотелот, станувало збор за унгарски гости дојдени од амбасадата во Белград.Во одлични односи со МијалковХотелот „Мериот“ засега ги поврзува последните вечери на двајцата братучеди – едниот пред да исчезне, другиот пред да биде притворен. Какви биле нивните односи: дали навистани биле нарушени или тоа е наменски спакувана приказна? Одговор на ова прашање дава партиски член кој денес не е дел од раководните структури на партијата, но се смета за близок на поранешниот лидер. Вели дека го почитува Груевски, бидејќи му помогнал кога му било најтешко. Со Груевски ги продолжил контактите и тогаш кога многумина кои претходно се колнеле во него, му завртеле грб, особено откако се збогувал со лидерската позиција. Имале честа комуникација, но Груевски со ниту еден гест не навестил дека планира да замине од Македонија.„Неговото движење во последниве месеци беше идентично: суд – Собрание – канцеларијата во „Палома Бјанка“ – дома – кај неговата мајка, и многу интензивно кај неговиот татко. Воопшто не е точно дека со Сашо Мијалков имале нарушени односи. Напротив! Додека сме седеле заедно, во рок од еден час, на пример, се случувало и по неколку пати телефонски да се слушнат. Се гледаа секојдневно. Ниту со врвот на партијата немаше никакви нарушени односи. Мислам дека неговата мајка се уште користи партиско возило и возач за нејзини потреби, што укажува дека постои почит кон неговото семејство“, објаснува нашиот соговорник.Со оглед дека никој немал впечаток дека Груевски планира бегство, единствената индиција за тоа можеби било извесувањето кое банките по службена должност го препраќаат до Управата за финансиско разузнавање (УФР), кога некој клиент ќе подигне поголема сум пари. Тоа Груевски го направил на 6-ти и 7-ми септември, кога само во два дена од негови сметки подигнал над 100.000 евра. Нема јавно потврдени податоци кога целосно ги испразнил сите 35 банкарски сметки во шест деловни банки. Според податоците што неодамна ги објави специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, Груевски на 20 денарски сметки имал речиси 10 милиони денари, а на 14 девизни сметки поседувал над 42.000 евра.По тој „ран сигнал“ што го добила УФР, истрагата треба да открие дали и до кои институции била проследена ваквата информација. А токму „во интерес на истрагата“, засега нема одговор на ова прашање.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања