Промени тема
Контакт

Скопје1.мк

media-library1821aefq70vf2uPjxGB

(Видео) Автомобил удри во велосипедист кај Мавровка

Сообраќајна несреќа се случи кај ТЦ Мавровска во Скопје.Во несреќата патничко возило марка „Фолксваген“ удрило во велосипедист.Засега нема официјални информации за неговата здравствена состојба.

Скопје | пред 5 месеци

media-libraryaa6dpti8e43od9X4312

Фрчкоски: Тендерот за автобусите пропадна затоа што бил местен за 12 милиони евра повеќе!

АКТ денеска откива нов скандал, нова бомба. Скопјани се повторно жртва на корупцијата и криминалните тендери на ВМРО-ОКГ. Додека граѓаните со часови чекаат по станиците и се возат во распаднати автобуси, фокусот на власта е исклучиво со местење тендери и милионски зделки, вели Јон Фрчкоски, член на Извршниот одбор на СДСМ.„Затоа пропадна тендерот за набавка на 150 автобуси кој го најавуваше Орце и затоа скопјани уште ќе чекаат, ќе дремат по автобуски станици, ќе доцнат, ќе се варат или ќе мрзнат

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryje9kq2ljmco3efeG8jX

(Видео) Белград врие: Илјадници студенти и граѓани на улица против Вучиќ

Студентското движење во Србија денеска го започна големиот протестен собир во Белград под слоганот „Студентите победуваат“, со јасна порака:барање за предвремени парламентарни избори и демократизација на државата. Илјадници граѓани од повеќе српски градови уште од пладневните часови се собираат на улиците на српската престолнина, а централниот протест е најавен на плоштадот Славија од 18 до 20 часот.Колони студенти и граѓани од Шабац, Кула и други градови веќе пристигнаа во Белград, носејќи тран

Свет | пред 5 месеци

media-library2pc1n6nj8qsnew4ylid

(Видео) „Ние сме со Вучиќ“: Жители на Куманово вееја знамиња за да го поддржат српскиот претседател

Граѓани денеска се собраа во Куманово на собир за поддршка на српскиот претседател Александар Вучиќ, организиран од здружението „Мир, слога, стабилност“.На собирот беа развиорени македонски и српски знамиња, а присутните носеа и транспаренти со пораки „Ние сме со Вучиќ“ и „Куманово уз Вучича“.Од здружението порачаа дека целта на собирот не е ширење национализам, туку испраќање порака за заедништво и меѓусебна почит.Денеска, во соседна Србија, неформалната група „Студенти во блокада“ организира г

Македонија | пред 5 месеци

655-402-zatvor

Уапсен велешанец кој нападнал полицаец и се шетал на слобода

На 22.05.2026 во 12:30 часот, полициски службеници од СВР Велес го привеле С.К.(48) од с.Горно Оризари, велешко.Тој бил баран врз основа на наредба од Основен Суд Велес за издржување на казна затвор од десет месеци за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“ по член 383 од Кривичниот законик.Тој бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.

Македонија | пред 5 месеци

pistol-vperen

Пукал со пиштол и се снимал, полицијата го пронајде и го уапси

На 22.05.2026 во 16:20 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишија од слобода Џ.Д.(29) од Радовиш.Претходно, на социјална мрежа бил објавен видео запис во кој се гледа како машко лице пука со пиштол и по преземани мерки било констатирано дека на видеото е С.А.(32) од Радовиш.Врз основа на судска наредба, извршен е претрес во домот на С.А., при што во соба на неговиот брат Џ.Д. се пронајдени и одземени пушка, гасен пиштол, куршуми за гасен пиштол, куршуми со калиб

Македонија | пред 5 месеци

tepachka-deca

Инцидент во светиниколско: Приведени две лица, трето нападнало полицаец

На 22.05.2026 околу 00:30 часот во с.Горобинци, светиниколско, полициски службеници од ОВР Свети Николе ги приведоа О.Н.(57) и Б.Ц.(58), двајцата од с.Горобинци, затоа што го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка.При преземање мерки за нивно приведување, Ж.М.(48) од истото село физички нападнал полициски службеник, по што тој е лишен од слобода и задржан во полициска станица.По целосно документирање на случајот, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Македонија | пред 5 месеци

media-library8qfqilso0lmiaeqULbz

Малолетник со тротинет удрил во 5-годишно дете кое заврши со тешки повреди

На 22.05.2026 околу 11:00 часот во ОВР Берово е пријавено дека во с.Црник, пехчевско, 12-годишен малолетник од с.Црник управувајќи електричен тротинет, удрил во петгодишно дете од истото село.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил петгодишникот, констатирани во Итната медицинска помош Пехчево.Увид на местото изврши увидна екипа на ОВР Берово.

Македонија | пред 5 месеци

media-librarybv9cskfmgkn11uCvVNA

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче фатен во соработка со Виктор Стојанов од Бугарија со единствена цел прифаќање на бугарските диктати

Филипче пак на прес-конференција изнесе невистини и глупости кои се далеку од реалноста, а не кажа за неговата соработка со човекот на кој му е забранет влезот во Македонија, Виктор Стојанов, велат од ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата на прес-конференцијата на СДСМ.„Филипче требаше денес да излезе на прес и да се извини на македонските граѓани за неговите антимакедонски политики и да си замине од политиката, исто како што негови блиски му советувале да го тргне Рубин Земон од член на ИО на СДС.Бугарските

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryu114tsts9fjs9PH5guP

Уапсени 18 возачи: 12 биле без возачка дозвола, а имало и малолетници

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 18 возачи за безобѕирно управување возило, 12 возеле без дозвола, од кои пет малолетници, четворица под дејство на алкохол и двајца возеле без дозвола и под дејство на алкохол.Во Скопје две малолетни лица управувале возило без возачка дозвола, шестмина во Кичево (тројца малолетници), двајца во Велес и по еден во Струга и Прилеп. По едно лице во Делчево, Свети Николе, Велес и Прилеп управув

Македонија | пред 5 месеци

siluvanje

Инцидент во дом за згрижување деца во Центар: 15-годишник се обидел да изврши обљуба врз штитеник

На 22.05.2026 во 11:30 часот во СВР Скопје, од јавна установа за зргижување на деца на подрачјето на Центар во Скопје е пријавено дека на 21.05.2026 околу 23:00 часот, 15-годишен штитеник се обидел да изврши обљуба врз 14-годишен штитеник, а откако тоа го забележала една вработена 15-годишникот заминал од домот.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 5 месеци

media-librarya6m92rifrkdt9WnebWn

Татко нападнал дете по расправија меѓу малолетници во Илинден

Малолетник бил физички нападнат на игралиште во училишен двор во населба Илинден, а според пријавата, напаѓач бил родител на друго дете.Од МВР информираат дека на 22 мај во 16:35 часот во Полициското одделение Петровец, 34-годишната Б.П. од село Марино, општина Илинден, пријавила дека околу 14:50 часот на игралиште во училишен двор во населба Илинден, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од Н.Т., татко на друго малолетно лице.Според пријавата, децата претходно си играле и имале кратка ра

Скопје | пред 5 месеци

Kradec

Нападнат скопјанец кој спречувал кражба на мотоцикл

Шеесетгодишен скопјанец бил физички нападнат откако се обидел да спречи кражба на мотоцикл во гаража во Скопје.Според информациите од МВР, на 22 мај во 14:02 часот во СВР Скопје, С.Ј.(60) од Скопје пријавил дека два дена претходно, односно на 20 мај околу 13:45 часот, забележал две лица како се обидуваат да украдат мотоцикл од гаража сопственост на 47-годишниот З.А.Кога се обидел да ги спречи, напаѓачите физички го нападнале, по што избегале.Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за р

Скопје | пред 5 месеци

media-libraryml6bckcb39utfOYVQJ2

Притвор за 76-годишниот возач кој ја предизвика несреќата во која загинаа четири лица

Судија на претходна постапка доцна синоќа му определил мерка притвор на возачот осомничен за тешката сообраќајна несреќа на скопската обиколница во која загинаа четири лица.„Доцна синоќа е определена мерка притвор на осомничениот за сообраќајката на обиколница, поради опасност од бегство и можност за повторување на кривичното дело. Времетраење на притворот е 30 дена“, информираат од обвинителството.Во трагичната несреќа животот го загубија оперскиот баритон и првенец на Националната опера и бале

Скопје | пред 5 месеци

300906766_5554581604588006_2137906982980117008_n

Со сила му го одзеле велосипедот на малолетник во Центар

На 22.05.2026 во 22:30 часот во СВР Скопје, А.М.(55) од Скопје пријави дека околу 19:30 часот на подрачјето на Центар во Скопје, едно лице со употреба на физичка сила му го одзел велосипедот на неговиот малолетен син.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 5 месеци

sef

Фатени крадци во Скопје: Украле сеф со пари од фирма за брз трансфер

На 22.05.2026 околу 04:30 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода П.П.(29) и Р.Ѓ.(20), двајцата од Скопје.Тие се сомничат дека претходно со употреба на физичка сила и погоден алат одзеле сеф со пари од простории на правно лице за брз трансфер на пари на ул.„Козара“ на подрачјето на Центар во Скопје.Одземеното е пронајдено и вратено на сопственикот, а по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Скопје | пред 5 месеци

semejno-nasilstvo

Пет пријави за семејно насилство: Полицијата интервенирала во Скопје, Неготино и Виница

Ново деноноќие со повеќе случаи на семејно насилство низ државата. Полицијата приведе три лица, а регистрирани се вкупно пет пријави за физички напади и закани во семејства во Скопје, Неготино и Виница.Во еден од случаите, 33-годишна жена од Скопје пријавила дека била физички нападната од нејзиниот 39-годишен сопруг по расправија во семејниот дом.Полициски службеници од СВР Скопје го привеле и 50-годишниот И.И. од скопско, откако неговата 46-годишна сопруга пријавила дека физички ја нападнал во

Македонија | пред 5 месеци

media-library7padnik9q7pj1a8gDfG

Подземни контејнери наскоро во Чаир, општината доби финансиска поддршка

Општина Чаир наскоро ќе добие подземни контејнери за комунален отпад, откако обезбеди финансиска поддршка од Бирото за регионален развој во рамки на Програмата за урбан развој и одржлив урбан развој за 2026 година.За реализација на проектот се одобрени 1,372.571 денари, а со ова Чаир е единствената урбана општина од Град Скопје која добила средства преку овој јавен повик.Предвидено е подземните контејнери да бидат поставени на улицата „Методија Митевски“, со цел подобрување на јавната хигиена и

Скопје | пред 5 месеци

media-libraryic6uoqb4ktfj8A83vOI

Македонија и Словенија ќе ја продлабочуваат политичката и економската соработка, порача Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека денеска остварил телефонски разговор со словенечкиот премиер Јанез Јанша, при што му упатил честитки за изборот и формирањето на новата влада во Словенија.Во објавата, Мицкоски посочува дека на Словенија ѝ посакал стабилност, напредок и успешна работа во периодот што следи.Тој нагласил дека во разговорот била потврдена заедничката заложба за продлабочување на пријателските односи, политичката соработка и партнерството меѓу двете земји.„Македонија и Слове

Македонија | пред 5 месеци

media-librarygbr860nofcq62IbK40V

(Фото) Огромна дупка на улица во Кисела Вода, граѓаните поставија картонска кутија како предупредување

Граѓани од скопската општина Кисела Вода реагираат на дупка на улицата „Емил Зола“, во близина на зградата „Пегла“, која веќе подолг период претставува ризик за возачите.Според објави на социјалните мрежи, некој од жителите поставил картонска кутија околу оштетениот дел од асфалтот со цел да ги предупреди возачите и да ги натера да ја избегнуваат дупката.„Веројатно не сум единствената на која ѝ пречи ‘кратерот’. Улицата е вака оштетена повеќе од две недели, се надевам дека нема да се дозволи нек

Скопје | пред 5 месеци

lavrov

Лавров: Во Евроазија веќе беснее војна, Западот се обидува да ја ослаби Русија

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека во Евроазија веќе е во тек „војна во полн ек“, оценувајќи дека локални конфликти се шират во различни делови од светот.Според неговите зборови, конфликтот во Украина е дел од поширока геополитичка конфронтација, за која тој го обвини Западот дека ја „оркестрирал агресијата“ со цел да ја ослаби Русија и да ја истисне од редовите на клучните глобални играчи. Лавров додаде дека се одвиваат и операции во регионот на Персискиот залив и О

Свет | пред 5 месеци

media-libraryamtl2tpvst70aAoDqS8

Левица: Владата на Мицкоски ги штити коцкарските бизниси поврзани со корупција и поткуп во Австрија

Левица алармира дека македонската коцкарска индустрија е длабоко поврзана со меѓународни компании чии сопственици се гонат за корупција и поткуп на политичари.„Односно, најголем удел во македонскиот бизнис со коцкање има австриската компанија ,,Novomatic AG", која преку низа фирми контролира значителен дел од автомат клубовите во државата.Додека македонските граѓани тонат во сиромаштија, фирмите поврзани со австриската ,,Novomatic" извлекуваат милионски профити од зависноста и социјалн

Македонија | пред 5 месеци

20210517-termini-za-polaganje-drzhavna-matura-m

Драма во училиште во Грција: Роднини упаднале и барале ученик да полага и покрај забрана, па им се заканувале на наставниците

Роднини на ученик влегле во стручната средна школа (EPAL) во Пиреја, Грција и барале ученикот да биде пуштен да полага завршни испити и покрај тоа што бил исклучен поради прекумерен број изостаноци, соопштија претставници на синдикатот на наставници и професори кои поднеле пријава до полицијата.Инцидентите се случиле во текот на два дена минатата недела. Наставниците наведуваат дека на 20 мај две возрасни лица влегле во училиштето и побарале дозвола ученикот да полага писмени испити, иако настав

Свет | пред 5 месеци

media-libraryh00542jtboe03EHRGhN

Маж вперил оружје кон полицаец во Грција, полицијата го погодила во уво: кај него пронајдени гранати и оружје

Маж е повреден во инцидент со пукање во кој учествувала полицијата во областа Микролимано во Пиреја, Грцијa, по што полицијата го затвори поширокиот реон рано утрото во сабота.Според грчките власти, инцидентот се случил околу 5:30 часот наутро, кога припадници на единицата за борба против изнуда извршиле рутинска проверка на лице кое им било сомнително. Осомничениот бил затекнат пред продавница и кај него биле пронајдени три огнени оружја, како и торба во која се наоѓале шест рачни гранати.Во те

Свет | пред 5 месеци

media-librarygp36cng7f7ccabLAA14

(Видео) Над 80 литри дожд на квадратен метар: поплави и евакуации во Бугарија

Во Велико Трново, Бугарија, ситуацијата останува сериозна по силните поројни дождови кои донесоа над 80 литри на квадратен метар врнежи за кратко време.Прогласена е вонредна состојба, а има и евакуирани жители. Вонредна состојба е прогласена и во регионите на Велико Трново, Габрово, Горна Орјаховица и Драјново.Повеќе патишта се затворени, а реката Јантра излегла од своето корито, што довело до евакуации.Поплавите предизвикаа сериозни штети на возила и патна инфраструктура. Затворени се патиштата

Свет | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања