Промени тема
Контакт

Скопје1.мк

media-libraryv7afp56ta35vb4rQrvr

Актерка откри што навистина значи шифрата „10-1“ на ТВ-снимањата

Животот зад камерите не е секогаш толку гламурозен како што изгледа, а телевизиските продукции имаат свои тајни правила и шифри кои публиката речиси никогаш не ги дознава.Трикси Мател, една од најпознатите учеснички во шоуто RuPaul’s Drag Race, откри дека на телевизиските сетови постои посебен код кога некој мора да оди во тоалет.Таа во видео на својот Јутјуб-канал објасни дека наместо директно да кажат дека одат во тоалет, членовите на екипата користат шифра „десет-еден“.„На телевизија, кога мо

Магазин | пред 5 месеци

media-library059pdkkjlhot26n0JsH

Манчестер Сити тргнува по Енцо Фернандез: Почнати преговори со Челси

Манчестер Сити наводно започна преговори за ангажирање на аргентинскиот играч за врска Енцо Фернандез од Челси во еден од најголемите летни трансфери.Според медиумските извештаи, клубот од „Етихад“ сака да го засили средниот ред пред очекуваното заминување на Пеп Гвардиола, а негов можен наследник е Енцо Мареска.Токму Мареска силно го турка трансферот, бидејќи веќе соработувал со Фернандез во Челси и смета дека Аргентинецот е идеален за новиот стил на игра што сака да го воведе во Манчестер Сити

Спорт | пред 5 месеци

media-library45k63efl2vh68tt1eBo

Српска обвинителка на протестот на студентите: Ова не е држава, ова е анархија

Српската обвинителката Бојана Савовиќ беше дочекана со овации од присутните, кои се собрани во Белград против власта на Вучиќ.Таа испрати порака дека државата во која законите се применуваат селективно престанува да биде држава и станува мафијашка организација.Таа рече дека Србија не е држава, туку анархија.Во своето обраќање пред граѓаните и студентите, обвинителката Бојана Савовиќ остро ја осуди полициската бруталност и селективната правда:„Силата применета врз луѓе кои се лишени од слобода ил

Свет | пред 5 месеци

media-libraryked9h0qlvr2jciIuuWf

(Видео) Дронски снимки ја покажуваат бројноста на собирот во Белград против Вучиќ

Со српски знамиња и транспаренти „Студентите победуваат“, граѓани го преплавија плоштадот Славија во центарот на Белград.Собирот започна во 18 часот, а е организиран од страна на студентите кои повеќе од година бараат промена на Александар Вучиќ, демократизација и вонредни избори. Дронските снимки ја покажуваат бројноста на собирот.По кампањата на студентското движење „Студентите победуваат“ веќе неколку недели следува контракампања на поддржувачите на владејачката Српска напредна странка под сл

Свет | пред 5 месеци

media-librarya7g8p14tguub0bfMizA

(Видео) Голем протест на студентите: За Србија сме или за мафијата?

Во 18 часот на плоштадот Славија во Белград започна еден од најголемите протести во организација на студентите.Пред присутните се обраќаат професори и студенти, а барањата прераснаа во општ граѓански бунт.Професорот на Хемискиот факултет, Радомир Стајчиќ, упати остра критика до власта, оценувајќи дека општеството робува на корумпирана структура.Ректорката на Универзитетот за уметности, Мирјана Николиќ, се осврна на граѓанските и студентските протести кои во Србија траат повеќе од година и полови

Свет | пред 5 месеци

media-libraryc6d6vuj4gv1h6bwHhpi

Како експертите открија смртоносен хантавирус на крузер

Јужноафрикански експерти за заразни болести открија редок случај на хантавирус на крузер во Атлантскиот Океан, по мистериозна епидемија во која починаа четири лица.Сè започнало на 1 мај, кога специјалистката за заразни болести Лусил Блумберг добила итна порака за патник од холандскиот крузер „MV Hondius“, кој бил евакуиран во болница во Јоханесбург со симптоми на тешка пневмонија. Во меѓувреме, и други патници на бродот се разболеле.Тимот на јужноафриканскиот Национален институт за заразни болес

Свет | пред 5 месеци

media-libraryllsss7oirqsg0cGMGf8

Научна конференција во чест на Светите Кирил и Методиј

Во рамки на чествувањата посветени на Светите браќа Кирил и Методиј денеска во Охрид  започна научна конференција „Континуитетот на кирилометодиевската традиција изразен во Охридската книжевна школа“.Пред присутните се обрати Заменик градоначалничката на Охрид, Ана Крстеска. – Возвишено е чувството  во древниот Охрид, колевката на  писменоста и духовноста  да се одржуваат вакви научни собири во моменти кога градот го  дочекува  сиот  описменет  Свет  во Деновите  посветени на големите Кирил и Ме

ОО | пред 5 месеци

media-librarya1be4hmuknmef73E93U

Путин ја обвини Украина за напад врз цивили и најави одмазда

Владимир Путин нареди подготовка на одмазднички мерки по, како што тврди Москва, смртоносниот украински напад со дронови врз студентски дом во окупираниот град Старобилск во Луганската област.Руските власти соопштија дека во нападот загинале најмалку 18 лица, а уште три лица се водат како исчезнати под урнатините. Путин нападот го нарече „терористички чин“ и побара од Министерството за одбрана да подготви предлози за одговор.Од друга страна, Украина ги отфрли руските обвинувања и соопшти дека це

Свет | пред 5 месеци

markica

Честитка на градоначалникот Пецаков по повод Меѓународниот ден на Власите

Градоначалникот Кирил Пецаков упати честитка до Влашката заедница во Охрид и Македонија по повод Меѓународниот ден на Власите.-Почитувани припадници на влашката заедница, Ви упатувам срдечни честитки по повод Меѓународниот ден на Власите. Овој ден е потсетник на богатата традиција, култура и духовно наследство што Власите со векови го вградуваат во мозаикот на македонското општество. Во Охрид, град кој отсекогаш бил раскрсница на култури и идеи, влашката заедница има значајно место во општествен

ОО | пред 5 месеци

media-libraryn1m9e81qf70jfkAb9QI

И САД и Иран најавуваат можен договор за крај на војната: Што се случува?

Иран, САД и Пакистан соопштија дека е постигнат одреден напредок во преговорите за ставање крај на речиси тримесечната војна.Иранското Министерство за надворешни работи објави дека Техеран е фокусиран на финализирање меморандум за разбирање, по средбите меѓу главниот ирански преговарач Мохамад Бакер Калибаф, шефот на дипломатијата Абас Аракчи и началникот на пакистанската армија, Асим Мунир.Пакистанската армија соопшти дека разговорите во изминатите 24 часа донеле „охрабрувачки“ напредок кон кон

Свет | пред 5 месеци

uploads_thumbs_resize_800x420_531367

Епидемија на сипаници во Бангладеш: Починале најмалку 86 деца

Во Бангладеш, оваа година од потврдени случаи на сипаници починале најмалку 86 деца, а се сомнева дека болеста предизвикала уште 426 смртни случаи, соопштија здравствените власти.Земјата се соочува со една од најтешките епидемии на сипаници во последните неколку децении.Според податоците на здравствените служби, од 15 март до 23 мај биле регистрирани повеќе од 62.000 сомнителни случаи, додека лабораториски биле потврдени 8.494 инфекции.Болниците се под огромен притисок, особено во руралните обла

Свет | пред 5 месеци

Zemjotres

Земјотрес од 3.5 степени почувствуван во Скопје

Земјотрес со јачина од 3.5 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска во Македонија, покажуваат првичните податоци од сеизмолошките служби.Епицентарот на потресот се наоѓал на околу 22 километри од Скопје.Потресот бил почувствуван во Скопје, Куманово и околните населени места, каде граѓани пријавиле краткотрајно тресење.

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryqtd8d6pqhbcl3B2Tcnh

Во шума во Берлин пронајдени 59 гранати од Втората светска војна

За време на прошетка низ шума во берлинската населба Панков, еден граѓанин пронашол сомнителен предмет, по што полицијата открила дури 59 неексплодирани гранати од времето на Втората светска војна.Специјалните единици на германската криминалистичка служба пронашле закопана муниција со вкупна тежина од околу 1,5 тон.Станува збор за советски гранати со калибар од 122 милиметри, кои останале во земјата уште од воениот период.Од берлинската полиција информираа дека во ниту еден момент немало опаснос

Свет | пред 5 месеци

media-library7b2po1sthnnv8xXcDjJ

Рубио: САД сакаат да ги зајакнат односите со Индија

Американскиот државен секретар Марко Рубио, за време на посетата на Њу Делхи, разговараше со индискиот премиер Нарендра Моди за трговијата и енергетиката, во обид да се зајакнат односите меѓу двете земји.Посетата доаѓа во период кога односите меѓу САД и Индија се нарушени поради американските царини и приближувањето на Вашингтон кон Пакистан.Рубио изјави дека американските енергетски производи имаат потенцијал значително да ја прошират индиската енергетска понуда.Тој истакна и дека САД „нема да

Свет | пред 5 месеци

media-library2k58rk60gs8g6zO84Is

Иран му ја довери војната на генерал баран од Интерпол

Додека преговорите за прекин на војната во Иран висат на конец, еден од клучните луѓе што ги обликуваат следните потези на Техеран е бригадниот генерал Ахмад Вахиди – човек под американски санкции и баран од Интерпол.Вахиди е главен командант на Корпусот на чуварите на Исламската револуција, а функцијата ја презеде откако неговиот претходник, Мохамад Пакпур, беше убиен во американско-израелските напади на 28 февруари.Тој важи за еден од најтврдокорните противници на каков било компромис со САД и

Свет | пред 5 месеци

media-librarylacsaq24tqi36JiUMlR

Иран до САД: Нема да прифатиме компромиси, подготвени сме и за војна и за дипломатија

Главниот ирански преговарач Мохамад Багер Калибаф изјави дека САД не се „чесна страна“ во преговорите за завршување на војната и порача дека Иран нема да прави компромиси околу своите национални права.Калибаф ова го изјави во Техеран за време на средбата со командантот на пакистанската армија, Асим Мунир, чија земја посредува во обидите за намалување на тензиите меѓу Иран и САД.Според иранските медиуми, разговорите биле фокусирани на документ со 14 точки предложен од Техеран како рамка за натамо

Свет | пред 5 месеци

media-libraryeod3qcls8u1sdo6IIyV

(Видео) Десетици илјади луѓе протестираа во Мадрид, барајќи оставка од шпанскиот премиер

Десетици илјади демонстранти излегоа на улиците на Мадрид, барајќи оставка од шпанскиот премиер Педро Санчез, по серијата корупциски скандали што ја потресуваат владата.За време на протестот, мала група демонстранти се обиде да ги пробие бариерите околу резиденцијата на премиерот.Учесниците на протестниот марш носеа транспаренти со пораки против владата и развиваа шпански знамиња. Протестот под мотото „Марш за достоинство“ го организираше здружението „Шпанско граѓанско општество“.На собирот прис

Свет | пред 5 месеци

kineski-voeni-avioni-10

Полска ги доби првите борбени авиони Ф-35 од САД

Полска оваа недела ја доби првата испорака на борбени авиони Ф-35 од САД, со што значително ги засилува своите одбранбени капацитети на источното крило на НАТО.Првите три авиони слетаа во петокот во воздухопловната база Ласк.Полскиот министер за одбрана, Владислав Косинијак-Камиш, ги нарече авионите „нови чувари на полското небо“.„Ова се првите борбени авиони од петта генерација на источното крило на НАТО, кои можат да откријат закани пред самите да бидат забележани“, порача министерот.Полска од

Свет | пред 5 месеци

media-librarysekq3r5cadbj79w8x0U

Техеран со остри пораки кон Трамп: САД мора да ги прифатат иранските барања

Портпаролот на Министерството за одбрана на Иран, бригадниот генерал Реза Талаеи-Ник, изјави дека претседателот на САД Доналд Трамп е „заглавен во мочуриште од непровоцирана агресија против Иран“.Според него, американската страна нема друг избор освен да ги прифати барањата на Техеран и да ги почитува правата на иранскиот народ.„Трамп е заглавен во мочуриште на неиспровоцирана агресија против Иран. Неговата рамнодушност кон националните интереси на САД, приврзаноста кон ционистичкиот режим и аро

Свет | пред 5 месеци

media-libraryhve38ea6fuv67s72XHB

Чешкиот претседател бара НАТО да „покаже заби“ кон Русија

Петр Павел го повика НАТО да „покаже заби“ како одговор на, како што рече, постојаните руски тестирања на решителноста на Алијансата на нејзиното источно крило.Говорејќи во Прага, Павел предложи низа мерки, меѓу кои исклучување на руските банки од глобалниот финансиски систем, прекин на интернет и соборување летала што го нарушуваат воздушниот простор на земјите членки.„Русија, за жал, не разбира убави зборови. Главно го разбира јазикот на силата“, изјави Павел.Поранешниот генерал и поранешен пр

Свет | пред 5 месеци

media-libraryn0at4km4a84jamHzvVd

Зеленски за предлогот на Мерц: Тоа е неправедно

Володимир Зеленски оцени дека германскиот предлог Украина привремено да учествува во институциите на Европската Унија без право на глас е „неправеден“.Реакцијата следува по иницијативата на германскиот канцелар Фридрих Мерц за создавање привремено „придружено“ членство за Украина и другите земји кандидати, додека чекаат полноправно приклучување кон ЕУ.Според предлогот, Украина би можела да учествува на состаноци и во работата на европските институции, но без можност за гласање.„Би било неправедн

Свет | пред 5 месеци

media-library5ld3qvnk4jcbfoCvNWD

Николоски: Во завршна фаза законските измени за изградба на дата-центри во Македонија

Во завршна фаза се измените на Законот за урбанистичко планирање и Законот за градење, со кои ќе се овозможи изградба на дата-центри во Македонија, изјави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.Според него, новите законски решенија ќе придонесат за привлекување нови инвестиции, отворање работни места и раст на бруто домашниот производ.„Би сакал да ја информирам јавноста околу новите законски измени што ги подготвува Министерството за транспорт со кои ги следиме најновите свет

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryhkv3afcobikt9JfxYSC

Москва распиша потерница за шахистот Каспаров, го товари за оправдување тероризам

Русија распиша меѓународна потерница за поранешниот светски шаховски шампион и опозициски активист Гари Каспаров, под сомнение за оправдување на тероризам и кршење на законот за странски агенти.Според судски документи во кои увид имала агенцијата РИА Новости, против Каспаров уште на 23 октомври 2025 година во отсуство била поднесена обвинителна постапка за јавно оправдување и пропаганда на тероризам преку медиуми и интернет, како и за две прекршувања поврзани со обврските од руското законодавств

Свет | пред 5 месеци

media-library252minio6timd0JGeBT

Велика Британија на удар на топлотен бран, температури до 33°C

Велика Британија се соочува со значителен топлотен бран, при што метеоролозите најавуваат температури до 33 степени Целзиусови за претстојниот викенд, што би можело да го направи овој мај еден од најтоплите досега.Според прогнозите на британската метеоролошка служба Мет Офис, највисоките температури се очекуваат во јужните делови на земјата, особено во недела и понеделник.Доколку се потврдат прогнозите, можно е да биде надминат досегашниот мајски рекорд од 32,8 степени Целзиусови.Властите предуп

Свет | пред 5 месеци

media-library1821aefq70vf2uPjxGB

(Видео) Автомобил удри во велосипедист кај Мавровка

Сообраќајна несреќа се случи кај ТЦ Мавровска во Скопје.Во несреќата патничко возило марка „Фолксваген“ удрило во велосипедист.Засега нема официјални информации за неговата здравствена состојба.

Скопје | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања