Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

0BD6D5C7-09E3-4D7C-9ECA-726723107B72_1_105_c

Лишен од слобода скопјанец, кај него пронајдени запалени кабли

На 11.07.2025 во 16.10 часот на ул.„Лазар Личеновски“ во Скопје полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода И.К.(44) од Скопје, откако при преглед кај него биле пронајдени запалка, најлонска вреќа во која имало запалени кабли, метални и бакарни предмети.Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе следи соодветен поднесок.

Скопје | пред 10 месеци

milka-majha

Ал Џезира Балканс се одјави по 14 години: „Беше чест да им служиме на гледачите“

По точно 4970 дена постоење, денеска официјално престана со работа Ал Џезира Балканс – регионалната редакција на глобалната медиумска мрежа, која од 2011 година известуваше од Сараево, Белград, Загреб, Подгорица, Скопје, Љубљана и Приштина.Во својата последна програма, редакцијата се обрати до јавноста со емотивна порака:„Се трудевме да бидеме глас на оние чиј глас не се слуша, остров на вистината, културата, на дијалог и етичкото новинарство. Ништо од тоа не би било можно без вашата доверба. Ви благодариме што бевте со нас.“Меѓу првите кои се поздравија со гледачите на Ал-Џезира беа новинарките од македонската редакција, Милка Смилевска и Маја Блажевска, кои преку лични пораки на социјалните мрежи ја изразија својата благодарност за можноста да бидат дел од овој медиум.„Имав огромна привилегија 14 години да работам со професионалци, почитувана, заштитена и финансиски наградена. Благодарна сум за секој ден искуство и работа“, напиша Смилевска.Нејзината колешка Блажевска, исто така, се осврна на патот од централната редакција во Сараево до известувањето од терен во Скопје: „Имав можност да направам стории што значат, да интервјуирам луѓе кои го менуваат светот. Беше чест да се работи според највисоки новинарски стандарди.“Одлуката за затворање на Ал Џезира Балканс е дел од поширока медиумска консолидација во рамки на Al Jazeera Media Network, со седиште во Доха, Катар. И покрај обемниот, влијателен и често пофалуван програмски опсег, мрежата одлучи да стави клуч на својата балканска редакција, оставајќи празнина во медиумскиот простор кој го покриваше објективно и критички.За многумина, Ал Џезира Балканс ќе остане пример за професионализам, објективност и регионална солидарност.

Коментари | пред 10 месеци

IMG_5515

„Баравме тишина кога боли“ – писмото на родителите од Кочани

Родителите на децата кои трагично го загубија животот во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани упатија јавно обраќање до македонската јавност, откако нивната интервенција на синоќешниот Петровденски хепенинг предизвика поделени реакции.Во писмото тие нагласуваат дека нивното појавување пред сцената во Паркот на слободата не било чин на омраза или инает, туку очаен обид да спречат веселба изградена врз незарасната болка.„Синоќа, кога излеговме пред бината во Паркот на слободата, тоа не беше протест од омраза, ниту од инает. Тоа беше очаен обид – да не дозволиме над нашата болка да се гради веселба. Да не се игра и пее таму каде што сѐ уште одекнуваат последните повици за помош на нашите деца. Нашиот гест, за жал, беше погрешно разбран. Наиде на поделени реакции, дури и на критики. Затоа сакаме да кажеме неколку зборови, не за оправдување – туку за разбирање. Пред да биде закажан Петровденскиот хепенинг, никој не нѐ праша дали можеме да го издржиме тоа. Дали сме подготвени да слушаме музика во истиот град во кој неодамна плачеше цела Македонија. Дознавме од медиумите, и се обративме до градоначалникот – прво со збор, потоа со писмено барање. Само баравме: или да се откажат забавните содржини, или да се премести местото – таму кај што болката не е толку гласна, каде може достоинствено да се слави, без да се гази по нашите незараснати рани. Но, нѐ одбија.Веруваме дека Петровден ќе се слави уште многу години, и така и треба – животот продолжува. Но оваа година, оваа прва Петровден по трагедијата, верувавме дека можеше да се обои со тишина, со светилка, со молитва. Верувавме дека нашата болка ќе биде признаена, не премолчена. Не сме против свадби, матурски прослави, веселби по кафулиња – тоа се дел од животот. Но јавна веселба организирана од Општината, токму сега, токму на неколку чекори од местото каде што сѐ се случи – тоа беше премногу за нас. Тоа не е обид да ви го ускратиме правото на радост – туку повик да не се заборави човечноста. Сѐ што бараме е емпатија. Да нѐ видите како родители кои живеат со вечна загуба. Да не мораме да се бориме и за основното – за тишина кога боли“, велат тие.

Македонија | пред 10 месеци

guzva-ohrid

(Видео) Гужви и застои на влезот во Охрид, револт и негодување кај возачите

Долги колони возила, чекање од над еден час и половина и револт кај возачите – така изгледа утрово влезот во Охрид, откако беше воведен посебен сообраќаен режим поради работната посета на албанскиот претседател Бајрам Бегај.Според информации од терен, сообраќајот е значително успорен на влезната точка на Охрид, каде се врши контролирано пропуштање на возила, а во одредени интервали и целосно стопирање на сообраќајот заради безбедносни процедури.„Веќе 70 минути стоиме во место. Никој не објаснува ништо. Луѓето се нервозни, има и деца и стари лица во колите. Надвор е 40 степени“, вели за „Скопје1“ еден возач заглавен на влезот.Полицијата е присутна со засилени патроли.Албанскиот претседател Бегај ќе престојува во Охрид како дел од неговата работна посета на Северна Македонија, при што се предвидени средби со државниот врв, како и посета на културно-историски објекти.

Охрид | пред 10 месеци

vizbegooooo

Сопствениците на депонијата во Визбегово се извинија на граѓаните и новинарот: „Реагиравме со срце, немавме зла намера“

По инцидентот од 9 јули 2025 година, кога во близина на складиштето на АСД Метал Груп избувна пожар, а против две лица – Маја Караманова и Александар Николчев – беше поднесена кривична пријава за напад врз службено лице, компанијата упати јавно извинување до засегнатите лица и јавноста.Во писмено соопштение потпишано од управителката Маја Караманова, компанијата се извини на новинарот Авни Тахири и снимателот Шенол Хајредини, кои биле нападнати, наведувајќи дека ситуацијата се одвивала во моменти на „голем стрес, паника и неизвесност“.„Тоа беа моменти на силна емоција, во кои никој од нас не постапил со умисла или зла намера, но сепак можеби предизвикал чувство на навреда, загрозеност или непочитување“, стои во писмото.Од АСД Метал Груп нагласуваат дека немале намера да попречат службено лице и дека постапиле инстинктивно поради страв за личната и колективната безбедност.„Сите сме луѓе. Кога пламен е закана за живот и имот, реагираме со срце, понекогаш и без контрола“, велат од компанијата, изразувајќи подготвеност да надоместат евентуална штета – било материјална, професионална или лична.Тие се извинија и на граѓаните кои беа вознемирени и засегнати од пожарот, а од компанијата порачуваат дека се надеваат на брза и темелна истрага од институциите, за да се утврди причината и да се спречи повторување на вакви инциденти.

Скопје | пред 10 месеци

arsovska1111

На Арсовска и одобрија 24-часовно полициско обезбедување, на нејзе е дали ќе го прифати

По вчерашниот инцидент во скопската Општина Чаир, Министерството за внатрешни работи донесе одлука за одобрување 24-часовно полициско обезбедување на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска. Одлуката е донесена врз основа на безбедносна проценка подготвена од Агенцијата за национална безбедност (АНБ).„Во текот на денешниот ден, градоначалничката ќе биде контактирана од надлежните служби за да се координираат активностите поврзани со личната заштита“, соопштија од МВР.Министерството нагласува дека постапува професионално и согласно надлежностите во секој поединечен случај поврзан со безбедноста на г-ѓа Арсовска. Во таа насока, од МВР презентираа хронологија на неколку инциденти:На 1 јуни, градоначалничката била следена и загрозена од возило во движење. Иако таа не го пријавила случајот, полицијата постапила по оперативни сознанија, прибирала докази и поднела кривична пријава по член 144 став 4 од Кривичниот законик.На 2 јули, Арсовска преку социјалните мрежи објави дека добила закана од лице за кое тврдела дека е полициски службеник. Веќе следниот ден, Одделот за внатрешна контрола спровел увид и поведена е дисциплинска постапка против осомничениот.На 5 јули, беа објавени информации за закани кон советничката Ирена Витина. Според МВР, советничката одбила да дојде во полициска станица, но службени лица извршиле теренска посета и прибрале податоци.На 11 јули, по инцидентот во Чаир при инспекциски надзор, Арсовска добила лекарска помош, а осомничените лица веднаш биле приведени. Сепак, градоначалничката одбила да потпише записник за пријава и го напуштила полициското одделение, избирајќи повторно јавна комуникација преку социјалните мрежи, наместо директно со институциите.Во врска со овој последен настан, МВР веќе поднесе кривична пријава против две лица – С.Љ. и С.Љ., за кривично дело „Насилство“ по член 386 став 3 од Кривичниот законик.Министерството остро ги отфрла тврдењата дека не постапува навремено и наведува дека секој случај се третира со законска процедура, транспарентност и професионализам.„Апелираме до сите јавни функционери да не ги користат медиумите и социјалните мрежи како замена за институционална комуникација. Навремено пријавување во МВР е клучно за ефикасна заштита и разрешување на секоја потенцијална закана“, порачаа од Министерството.

Скопје | пред 10 месеци

danela-arsovska2

Се бара притвор за едно од лицата кои физички ја нападнале Арсовска - познати сите детали од Обвинителството

Основното јавно обвинителство Скопје отвори постапка против две лица осомничени за кривично дело „Насилство“ по член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик, по вчерашниот инцидент на улицата „Севастополска“, при кој беше физички нападната градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска.Според обвинителството, првоосомничениот маж, кој се претставил како сопственик на нелегален објект во градба, ја навредувал и ѝ се заканувал на градоначалничката, а потоа и физички ја нападнал додека таа, заедно со вработени од градските служби, вршела вонреден надзор на терен по добиена пријава.Инцидентот се случил во присуство на полициски службеници и членови на градската администрација. Откако бил спречен од присутните, со вербални закани се вклучил и второосомничениот, кој дополнително ја ескалирал ситуацијата.„Со своето однесување, двајцата осомничени предизвикале чувство на несигурност, загрозеност и страв кај присутните лица“, соопштија од обвинителството.Јавниот обвинител веќе доставил предлог до судот за определување мерка притвор за првоосомничениот, поради опасност од повторување на делото и можност за бегство. За второосомничениот се предложени мерки на претпазливост: забрана за приближување и контакт со оштетените, забрана за напуштање на живеалиште, одземање на патна исправа и редовно јавување во судот.

Македонија | пред 10 месеци

galetanovski

Продолжува трката во СДСМ за Скопје: Шукова и Галетановски на маса, Ралев – се отпиша?

Трката за кандидатурата за градоначалник на Скопје полека се заострува, особено во редовите на СДСМ, каде сѐ уште не е донесена конечна одлука, но неколку имиња веќе добиваат на тежина.Како најсериозни потенцијални кандидати се споменуваат Каја Шукова, актуелна потпретседателка на партијата и поранешна министерка за животна средина, како и Ѓорѓи Галетановски, претседател на градската организација на СДСМ и поранешен директор на Зоолошката градина во Скопје. Двајцата веќе неформално добиваат поддршка од различни партиски струи. Во телевизиски настапи тие навестија дека сакаат да се видат на таа функција.Мишко Ралев, кој важеше за речиси сигурен избор и фаворит во првичните калкулации, според партиски извори, најверојатно се отпиша од натамошна процедура. Од извори во СДСМ, неофицијално „Скопје1“ дознава дека Ралев имал кандидатура од општински организации, па според тоа морал да поднесе и биографија до партијата.Во трката е споменуван и Андреј Жерновски, поранешен градоначалник на Центар.За разлика од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ веќе ја формализираше кандидатурата – актуелниот градоначалник на Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, ќе ја брани партиската боја во главниот град. Со таа одлука, партијата доби временска предност за теренска подготовка и почеток на кампањата, иако Ѓорѓиевски кампањата ја почна уште многу претходно.Според партиски извори од СДСМ, конечната одлука за скопскиот кандидат се очекува до крајот на наредната недела.Изборите за Град Скопје, по се изгледа, ќе бидат една од најжестоките битки есенва.

Скопје | пред 10 месеци

Kriva-palanka

Мицкоски одговори дали функционер на ДУИ е осомничен за намерно предизвикување пожари

„Има одредени сомневања, во детали не би сакал да зборувам“. Ова беше одговорот на премиерот Христијан Мицкоски, прашан од новинарите, дали осомничен за намерно предизвикување пожари низ Скопје е функционер од ДУИ. Тој рече дека се водат истраги, се вештачат телефони.„Имаме одредени информации и основани сомневања, дека за она што се случи пред неколку дена во Скопје е организирана акција. Имаме приведени, одземени телефони. Доколку се потврдат овие основани сомневања, тогаш одредени личности ќе бидат во сериозен проблем“, рече Мицкоски.Инаку, „Фокус“ објави дека функционер на опозициската ДУИ е осомничен и приведен од полицијата за намерно предизвикување пожари.

Македонија | пред 10 месеци

Screenshot-2025-07-12-at-11.37.21

(Видео) Премиерот со споредба: Бугарија врши притисок како Русија врз Украина

Целта на Бугарија е до европартнерите и до НАТО да испратат порака преку која ќе нѐ обвинуваат нас ние сме виновниците, вели премиерот Христијан Мицкоски по барањата од Бугарија за извинување и острата реторика кон Македонија. Според Мицкоски, светот и Европа виделе која е целта на Бугарија.„Целта не се разликува во ништо од целта на руското раководство во за Украина, а тоа е обид за асимилација на македонскиот народ и идентитетски инженеринг, нешто што најмалку треба да се случува во 21 век во Европа и тоа од земја членка во ЕУ. Наместо да подадат рака, да нѐ поддржуваат во патот, што е дел од Договорот за добрососедство, еве гледате.. Целта не е стотици граѓани да бидат дел од Уставот, туку е подлабока и поопасна“, рече Мицкоски.Според него, ЕУ го губи имиџот со Бугарија, поради однесувањето кое го има источниот сосед.

Македонија | пред 10 месеци

IMG_2106ll

Мицкоски за Арсовска: Државата има институции, нека постапуваат

Премиерот Христијан Мицкоски не сака да ја коментира скопската градоначалничка Данела Арсовска, а институциите ги повика да постапуваат и да го решат инцидентот.„Државата има институции, ги повикувам да постапуваат по случајот. Што се однесува до градоначалничката на Скопје многу работи се кажаа, не би имал што да додадам“, рече кусо Мицкоски.Ова доаѓа откако вчера Арсовска во Чаир тврдеше дека била нападната, удирана со клоци и раце, а вечерта се појави на поткаст и упати обвинувања кон МВР дека лиферувале докази од случајот во јавност. Во дел од медиумите се појави снимка на која се гледа како машко лице се доближува кон Арсовска, таа оди наназад, а потоа му удира клоца. Од втора снимка, наводно направена од телефонот на Арсовска, се гледа како машкото лице посегнува по нејзиниот телефон со кој таа снима.

Скопје | пред 10 месеци

485150325_1076043764550888_2255758733319942525_n

„Ој љубов, љубов“ повторно ќе заплови по Охридското Езеро – вечерва шесто издание на староградската пловидба

Еден од најавтентичните културни настани во Охрид последниве години – староградската пловидба „Ој љубов, љубов“ – ќе се одржи вечерва по шести пат, во рамки на Алтернативното културно лето, во организација на Културолошката иницијатива „5 до 12“.Традиционално, собирот на сите пловни објекти, исклучиво со веслање, е закажан за 17:30 часот на плажата Канео, од каде што ќе се заплови до Старото пристаниште – Островче. Настанот ќе биде достапен и за посетители од копно од 18:30 часот.„Дојдете и оваа година, во еден глас да ги испееме охридските и македонските песни и да останеме доследни на нашето, од традицијата подарено“, велат организаторите.За безбедноста на присутните ќе се грижат Езерската полиција, Капетанијата на пристаништата и Црвениот крст – Охрид.Важно известување до учесниците и посетителите:Строго е забранета употреба на пиротехнички средства за време на пловидбата.Сите пловни објекти со мотор мора да се држат на безбедно растојание од веслачите и чамецот со ансамблот.Апел за коректно и одговорно однесување, за настанот да помине во духот на традицијата и со максимална безбедност.Оваа уникатна пловидба, која низ годините прерасна во симбол на културното лето во Охрид, привлекува сè поголемо внимание и се смета за едно од највредните културни освежувања во градот.

Охрид | пред 10 месеци

mickoski

Бугарскиот премиер бара извинување од Мицкоски за „глушецот и лавот“

Бугарскиот премиер Росен Жељазков го повика својот македонски колега Христијан Мицкоски да се извини за метафората со „лавот и глушецот“, која ја употреби во реакција на изјава од бугарскиот министер за надворешни работи Георг Георгиев.„Колегата Мицкоски мора да најде начин да се извини, бидејќи кога шеф на влада упатува такви навреди кон член на странска влада, тоа ги нарушува добрососедските односи и довербата, која е многу кревка во овие времиња“, изјави Жељазков.Тој додаде дека „наративот на Мицкоски ќе им го остави на оние што го познаваат Езоп“, алудирајќи на античкиот писател на басни.Жељазков сепак нагласи дека Бугарија ќе продолжи да го поддржува европскиот пат на Македонија, но врз основа на исполнување на обврските од 2022 година и договорот за добрососедство.Претходно, изјавата на Мицкоски беше осудена и од бугарското Министерство за надворешни работи, кое ја оцени како неприфатлива.Повод за реакциите е изјавата на Мицкоски дадена пред неколку дена, во која тој, одговарајќи на тоа што Георгиев го нарече „северномакедонски премиер“, рече дека некој му дал задача да се задева „како глушец со лавот“.

Свет | пред 10 месеци

Screenshot-2025-07-12-at-10.22.48

(Видео) Исвиркан градоначалникот на Кочани – семејствата на жртвите од „Пулс“ гневни поради најавениот концерт за Петровден

Вршителот на должноста градоначалник на Кочани, Венко Крстевски, вечерва се соочи со револтот на семејствата на загинатите во трагедијата во дискотеката „Пулс“, откако се појави кај сцената во Кочани каде требаше да има забавен дел од програма за празникот „Петровден“Причината за протестот беше одлуката на Општина Кочани да организира музичка програма, во време кога и матурите се откажаа. Присутните, длабоко повредени од одлуката, му го свртеа грбот на Крстевски и го исвиркаа, и покрај тоа што тој објави дека концертот е откажан.Неколку часа подоцна, Крстевски излезе со официјално соопштение:„Животот продолжува, но трагедијата во 'Пулс' нè остави во заложништво на болката, особено за родителите кои живеат со страв и загуба. Откажувањето на музичкиот дел не требаше да се случи – не затоа што не ја почитуваме тагата, туку затоа што сме должни да се грижиме за сите и да го вратиме нормалното секојдневие.Оваа одлука, иако донесена со добри намери, ја преиспитувам водејќи се од вашите емоции и потребата да се движиме напред. Со срце и душа за Кочани!“

Македонија | пред 10 месеци

Screenshot-2025-07-12-at-10.32.13

Армиски хеликоптер исфрли 32,5 тони вода во акција против пожарот кај село Николиќ, Дојран

Во текот на утринските часови, Армијата на Република Македонија ангажираше хеликоптер Ми-8МТ од воздухопловниот ВИНГ за гаснење на шумскиот пожар во подрачјето на село Николиќ, општина Дојран.Според информациите од АРМ, биле извршени 13 летови со воден товар, при што биле насочени кон критичните жаришта на теренот. Во акцијата се испуштени вкупно 32,5 тони вода (по 2,5 тони по лет).Воздушната интервенција траела 3 часа и 20 минути и се одвивала под строго контролирани услови, согласно пропишаните стандарди за ваков тип операции.Од Армијата порачуваат дека остануваат подготвени за понатамошна поддршка при справување со шумските пожари, во координација со останатите надлежни институции.

Македонија | пред 10 месеци

sednica-co-sdsm-1

Џабе му се на Мицкоски лажните анкети на Маркет вижн платени 400.000 евра пари на граѓаните, велат од СДСМ

„Очигледен е очајот на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, штом повторно се потпираат на лажни анкети, фабрикувани во нивната партиска лабораторија. Мицкоски, по примерот на неговиот ментор Никола Груевски, троши 400.000 евра народни пари за платени анкети и измислени рејтинзи, надевајќи се дека со лажна слика ќе ја прикрие реалноста“, велат од СДСМ и додаваат:Наместо силна реакција за справување со пожарите, наместо вистинска грижа за настраданите од несреќата во Кочани, наместо борба со криминалот во Чаир, ВМРО-ДПМНЕ во својот очај сервира политички спин и пропаганда.Анкетата на „Маркет вижн“ е дел од кампањата со која Мицкоски се обидува да ја прикрие неспособноста и отсуството на било каква визија. Имено, Маркет вижн во март 2025 година склучила договор со Владата на рекордна сума од 400.000 евра за да прави анкети и го мери мислењето и задоволството на граѓаните од работата на Владата. Зар некој треба да верува во овие анкети кои служат единствено за да се манипулира јавноста и се во функција на пропагандата на ДПМНЕ.Замислете, оваа е таа агенција која склучи договор со Владата по само три дена од несреќата во Кочани каде што починаа 63 млади животи, а над 200 беа повредени. Ова е доказ за нивниот морбиден политички карактер, кој дури и трагедиите ги користи како можност за бизнис и пропаганда, срамно.Колку и да се трудат да создадат лажна слика за поддршка, вистината е очигледна: граѓаните секојдневно гледаат хаос, неработење, скандали, неспособност, расипништво, криминал и корупција во врвот на Владата. Додека народот се справува со пожари, инфлација, ниски плати, нефункционални институции и секојдневни убиства по улиците, Мицкоски се занимава со нарачани анкети и политичка самореклама.СДСМ останува на страната на граѓаните. Ќе продолжиме да се бориме против манипулациите и лажните наративи и ќе ги разобличуваме сите обиди за дефокусирање од реалните проблеми.Граѓаните заслужуваат одговорна власт, вистина, а не евтини трикови и прескапи анкети. Вистинските анкети ќе се видат на локалните избори, кога незадоволството на народот ќе се претвори во јасна порака против оваа неспособна и расипничка власт.

Македонија | пред 10 месеци

policija-policaec

Алкохолизиран возел „мерцедес“ низ Кавадарци, па се пресметувал со полицијата

На 11 јули, околу 23:50 часот, на улицата „7-ми Септември“ во Кавадарци, полициски службеници привеле 49-годишен маж од градот со иницијали Г.Т., откако бил затекнат како управува возило во алкохолизирана состојба.При сообраќајна контрола било сопрено патничко возило „Мерцедес“ со кавадаречки регистарски ознаки, а кај возачот биле измерени 1.74 промили алкохол во крвта. Освен тоа, според полицијата, тој физички се спротивставил на службено лице, туркајќи му ја раката со цел да го спречи во преземањето службени дејства.Лицето е задржано во полициска станица, а за случајот е известен јавен обвинител. По целосно документирање, против него ќе бидат поднесени кривични пријави по член 297-а („безобѕирно управување со моторно возило“) и член 382 („спречување службено лице во вршење службено дејствие“) од Кривичниот законик.

Македонија | пред 10 месеци

Screenshot-2024-12-21-at-08.37.30

Русија ноќеска изврши ракетни и дронски напади врз западна Украина

Русија во текот на ноќта покрена нов бран напади со дронови и ракети врз западниот дел на Украина, далеку од активната фронтална линија, јавуваат украинските медиуми и официјални претставници.Експлозии се забележани во Лавов, близу границата со Полска, во Чернивци, во близина на границата со Романија, како и во северозападниот град Луцк. По нападот, во Лавов избувнал пожар во една зграда, соопшти градоначалникот Андриј Садовиј.Украинското воено воздухопловство претходно предупреди за доаѓање на балистички ракети и дронови лансирани од Русија и насочени кон западните региони. Според официјалните извори, дронови биле забележани како се движат кон областа на Тернопил и Волин.Во Волин биле активирани сирени за воздушна опасност, а властите апелираа граѓаните да останат во засолништа.Во текот на нападите, Полска распореди борбени авиони за заштита на својот воздушен простор, објавија Полските вооружени сили на платформата X (поранешен Твитер).

Свет | пред 10 месеци

policija-policaec

Лишен од слобода возач во Кавадарци, возел под дејство на алкохол и спречувал полициски службеник при преземање службени дејства

На 11.07.2025 во 23.50 часот, на улица „7-ми Септември“ во Кавадарци, полициски службеници го лишија од слобода Г.Т.(49) од Кавадарци.При сообраќајна контрола, сопрено е патничко возило „мерцедес“ со кавадаречки регистарски ознаки, што го управувал Г.Т. и по преземени мерки, констатирано е дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1.74 промили алкохол во крвта.Исто така, тој му ја туркал раката на полициски службеник, со цел да го спречи да преземе службени дејства. Г.Т. е задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настаните, против него ќе бидат поднесени пријави по член 297-а и член 382 од Кривичниот законик за „безобѕирно управување со моторно возило“ и „спречување службено лице во вршење службено дејствие“.

Македонија | пред 10 месеци

417466023_697125702597960_8365710883011608670_n

Повторно достапни закажувањата за термин за нова лична карта, возачка дозвола и пасош

На барање на бројни граѓани и поттикнати од интересот на медиумите, Министерството за дигитална трансформација ја информира јавноста дека електронската апликација за закажување термин за издавање на лични документи повторно е достапна преку националниот портал за е-услуги uslugi.gov.mk.„Граѓаните сега можат брзо и лесно, без чекање и без гужви, да закажат термин за следните услуги:Издавање на лична картаИздавање на пасошИздавање на возачка дозволаПроцедурата е едноставна и достапна од било кој електронски уред.Со оваа иницијатива, Министерството продолжува со својата мисија да ја дигитализира јавната администрација и да обезбеди поквалитетни, побрзи и поефикасни услуги за сите граѓани“, велат од МВР.

Македонија | пред 10 месеци

f_36977569_1280

Шокантни откритија во истрагата за несреќата на Air India Flight 171: Моторите биле исклучени само неколку секунди по полетувањето

Во прелиминарната истрага за авионската несреќа на летот Air India Flight 171, во која во јуни загинаа 260 лица, се појавија вознемирувачки детали – двете моторни единици останале без гориво само неколку секунди по полетувањето, откако преклопниците за довод на гориво биле префрлени во положба „исклучено“ (cut-off) – потег што обично се прави дури по слетување.Според извештајот, авионот бил во воздух помалку од 40 секунди и достигнал висина од само 190 метри пред да се сруши во густо населен дел од градот Ахмедабад.Снимка од пилотската кабина регистрирала глас на еден пилот кој прашува: „Зошто ги исклучи моторите?“, на што другиот одговара: „Јас не ги исклучив.“ Не е јасно кој од нив точно што рекол, но е познато дека копилот управувал со леталото во тој момент, додека капетанот бил во надзорна улога.Податоците покажуваат дека по исклучувањето на доводот на гориво, моторите изгубиле сила, а автоматски бил активиран систем за повторно стартување. Левиот мотор почнал да се рестартира, но десниот не успеал на време.Фокусот на истрагата сега е насочен кон прашањето: кој и зошто ги исклучил прекинувачите?Стручњаците посочуваат дека кај авионот Boeing 787 Dreamliner, овие прекинувачи имаат безбедносен механизам и не можат да се активираат случајно – потребно е да се подигнат, па дури потоа да се вртат.„Ова не може да се случи со една рака. Затоа овој случај се издвојува од сè што досега сме виделе,“ изјави Шон Пручницки, поранешен истражител на несреќи и авиоексперт од Универзитетот Охајо.Засега нема индиции дека пилотите биле под стрес, ниту дека имало комуникациско недоразбирање. Целата екипа била тестирана на алкохол пред полетување, а имале доволно време за одмор.„Во многу итни случаи, пилотите знаат да притиснат погрешно копче – но овде нема ниту трага од паника,“ вели Пручницки.Питер Голц, поранешен директор на американскиот NTSB, изјави дека ова откритие е „крајно загрижувачко“. Според него, клучно ќе биде целосно дешифрирање на снимката од кабината и идентификација на гласовите и движењата во тие критични 40 секунди.

Свет | пред 10 месеци

pozar-3

38 пожари низ државата – три сѐ уште активни

Во текот на изминатото деноноќие (11/12 јули), надлежните служби регистрирале вкупно 38 пожари на отворен простор низ целата држава. Од нив, три се сѐ уште активни, пет се ставени под контрола, а 30 се целосно изгаснати.Најтешка е состојбата во општините Дојран, Велес и Македонски Брод, каде пожарите зафаќаат нискостеблеста и мешана шума, како и деградирани дабови појаси и грмушки.Пожарите под контрола се регистрирани во Македонски Брод, Чучер Сандево и Долнени, а се работи претежно за шумски појаси и запалени депонии.Меѓу изгаснатите пожари има повеќе локации со ниска вегетација, отпад, депонии и дури едно домаќинство, а интервенции се вршеле и кај населени места, патишта и објекти во Скопје, Куманово, Прилеп, Битола, Кавадарци, Ресен, Радовиш, Крива Паланка, Струмица, Теарце и други општини.Надлежните апелираат до граѓаните на висока внимателност, избегнување палење на стрништа, отпад и друг запалив материјал во природа, особено при екстремно високи температури. Сите сомнителни активности треба веднаш да се пријават во МВР или во Територијалните противпожарни единици.

Македонија | пред 10 месеци

arsovska-1

Андреј Ковачев: „Нападот врз Арсовска е напад врз бугарски државјанин“

Европратеникот Андреј Ковачев го осуди инцидентот со скопската градоначалничка Данела Арсовска, нарекувајќи го „уште една загрижувачка атак врз бугарски државјанин во Северна Македонија“.„Сериозно сум загрижен од тоа што денес ѝ се случи на градоначалничката на Скопје, г-ѓа Данела Арсовска – бугарски државјанин. Го повикувам Министерството за надворешни работи и бугарската амбасада во Скопје веднаш да ѝ обезбедат правна, конзуларна и морална заштита“, напиша Ковачев на „Фејсбук“.Тој тврдеше дека станува збор за уште еден случај на „насилство, тормоз и јавен линч“ врз бугарски државјани кои имаат високи јавни функции, а добиле бугарско државјанство „врз основа на докажано бугарско потекло – само затоа што се осмелиле да се изјаснат како Бугари“.Тој повика бугарската држава да ги заштити над 216.000 бугарски државјани во Северна Македонија, кои, според него, доброволно го стекнале државјанството и се изјасниле како етнички Бугари.[caption id="attachment_342771" align="alignnone" width="1400"] Screenshot[/caption]

Коментари | пред 10 месеци

pesa

(Фото) Удрен пешак на пешачка патека во скопската населба Геге

На 11 јули 2025 година, во 18:12 часот, во населбата Геге, скопско, се случила сообраќајна незгода во која патничко возило со скопски регистарски ознаки, управувано од 49-годишниот З.А. од Скопје, удрило во пешакот С.Ј. (25). Лицето е удрено додека се движело по пешачка патекаПовредената била префрлена во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош.Од Министерството за внатрешни работи информираат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Македонија | пред 10 месеци

toskovski

Тошковски инцидентот со Арсовска: Приведно е лицето кое го навела, а таа си заминала од станица без да потпише записник

За нападот врз градоначалничката Данела Арсовска при увид на дивоградба во скопски Чаир спроти Полициската станица на Бит Пазар, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски рече дека физички имало контакт, но нејзиното тврдење дека било пред очите на полицијата е лага и повторен обид за манипулација на јавноста. Тошковски во вечерашното гостување на Сител ТВ, кажа дека Арсовска не го потпишала полицискиот записник.„Дошла во полициска станица, била примена од страна на полициските службеници, отпочнале со полициски дејствија. Меѓувремено контактирале јавен обвинител. Лицето коешто го навела како такво е приведено е во полициска станица, и плус други две лица коишто вербално се заканувале. И пазете сега. При составување на записникот и примање на пријавата од страна на госпоѓата, истата станала и си отишла. Не потпишала записник. Замислете“, изјави Тошковски.Претходно вечерва, во интервју за Телма Тошковски рече дека МВР постапило во два случаи и дека се отворени дисциплински постапки против полициски службеници за случаи кои ги пријавила Арсовска, но дека таа и покрај тоа што била повикувана во полиција да пријави одбивала да доаѓа, а во исто време објавувала на социјалните медиуми.Од Министерството за внатрешни работи (МВР) соопштија дека се приведени двајца напаѓачи.„Во врска со настанот во кој што е пријавено дека градоначалничката на град Скопје била физички нападната, од страна на полициски службеници од СВР Скопје обезбедени се две лица кои во моментов се во Полициска станица со кои се обавува службен разговор“, велат од МВР.

Скопје | пред 10 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања