Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

tramp-putin

Путин до Трамп: Русија ќе ја засили офанзивата во источна Украина за 60 дена

Рускиот претседател Владимир Путин му порачал на Доналд Трамп дека Русија планира да ја засили воената офанзива на истокот од Украина во рок од 60 дена, објави „Axios“ на 14 јули, повикувајќи се на неименувани извори запознаени со содржината на телефонскиот разговор меѓу двајцата лидери на почетокот од месецов.Разговорот се одржал на 3 јули, а според истите извори, Путин најавил дека руската офанзива ќе продолжи сè додека Москва не воспостави целосна територијална контрола врз окупираните украински региони. „Тој сака сè да преземе“, рекол Трамп на францускиот претседател Емануел Макрон по разговорот со Путин, пренесува „Kyiv Independent“.Овие информации доаѓаат во време кога руските сили го засилуваат притисокот во Доњецката област и се обидуваат да ја пробијат украинската одбрана во правец на Дњепропетровск – регион кој досега беше поштеден од поголеми офанзиви.Во моментов, Москва контролира околу 20 отсто од територијата на Украина, вклучувајќи речиси цела Луганска област, две третини од Доњецка, како и делови од Запорижка и Херсонска област. Руските власти во 2022 година прогласија анексија на овие територии по спроведување лажни референдуми, кои не се признати од меѓународната заедница.Во меѓувреме, на 14 јули, Трамп најави дека ќе испрати дополнителни ракетни системи Patriot за противвоздушна одбрана во Киев – што би бил прв воен пакет за Украина од негова администрација, а не од претходната на Џо Бајден. Со тоа, потенцијално се најавува пресврт во ставот на Трамп, кој досега повикуваше на преговори со Путин, а сега почнува поактивно да ги поддржува украинските одбранбени капацитети.

Свет | пред 10 месеци

policija

За викендот изречени над 1700 сообраќајни казни – најмногу за брзо возење

Во текот на изминатиот викенд (12 и 13 јули), полициските службеници низ државата спроведоа засилени сообраќајни контроли, при што се изречени вкупно 1711 платни налози за различни прекршоци, информира Министерството за внатрешни работи.Најголем дел од казните – дури 828 – се однесуваат на возачи кои ја пречекориле дозволената брзина. Дополнително, санкционирани се 148 лица кои управувале возило без возачка дозвола, а 80 возачи се исклучени од сообраќај поради возење под дејство на алкохол.Контролите откриле и 70 мотоциклисти кои не носеле заштитна кацига, како и 184 прекршоци поради неправилно паркирање. За некористење сигурносен појас биле казнети 71 возач, а 44 лица се санкционирани за зборување на мобилен телефон при возење. Забележани се и четири случаи на минување на црвено светло, а казни добиле и 11 пешаци.Од сообраќај се отстранети 37 нерегистрирани возила, како и девет технички неисправни.Од МВР најавуваат дека сообраќајните контроли ќе продолжат и во наредните денови, со апел до сите учесници во сообраќајот строго да ги почитуваат правилата и да придонесат кон поголема безбедност на патиштата.

Македонија | пред 10 месеци

zena

(ВИДЕО) Жена со закани до студентите: Имам куршуми за сите што ќе го чепнат Вучиќ

Во едно село кај Крагуевац, една жена со рачна коса излета пред групата жители на Крагуевац кои околу 18 часот тргнаа кон селото за да предадат хуманитарна помош на загрозените од пожарите.Жената излезе и почна да ја пцуе колоната, викајќи: „Кој ми го гиба Вучиќ, имам куршуми за сите што ми го гибаат Вучиќ!” се закани жената.

Актуелно | пред 10 месеци

Atina-policija

Пукање во кафуле во Атина: Ранети турски државјанин и полицаец

Во едно кафуле во Атина синоќа се случил вооружен инцидент во кој беа повредени две лица, турски државјанин и полицаец, пишува грчкиот весник „Катимерини“, а информацијата ја пренесе и агенцијата „Танјуг“.Според изјави на сведоци, маж кој престојувал во кафулето, турски државјанин, излегол за момент да разговара со некого, но набрзо се вратил во паника, како да е следен. Набргу потоа, непознато лице пукало кон него, при што го погодило во нозете, а во исто време бил ранет и полицаецот кој, според информациите на Катимерини, е сопруг на сопственичката на кафулето. Засега не е прецизирано дали полицаецот бил на должност во моментот на инцидентот.И двајцата повредени се префрлени во болница.Осомничениот напаѓач, кој пеш побегнал од местото на настанот, се верува дека исто така е турски државјанин. Полицијата интензивно трага по него.фото: Unsplash

Свет | пред 10 месеци

Sabac

(ВИДЕО) Инцидент во Шабац: Возач проби блокада и момче заврши на хауба пред очите на сведоци!

Синоќа во српскиот град Шабац се случи сериозен инцидент кога возач со автомобил насилно ја проби блокадата кај локалната гимназија, носејќи момче на хаубата додека десетици луѓе гледале. Настанот предизвика шок и бурни реакции во јавноста, а видеоснимка од случката веднаш се прошири на социјалните мрежи.Според информациите објавени на официјалната страница „Шабачке вести“ на Фејсбук, возачот со намера влегол во блокадата токму во моментот кога момчето се обидувало да го сопре. Тоа завршило на хаубата додека возилото продолжило да се движи, сериозно загрозувајќи го неговиот живот. „Возачот на автомобилот го носеше човекот на хауба, директно му го загрозуваше животот пред очите на бројни сведоци,“ стои во објавата на страницата.Како што наведуваат српските медиуми, возачот веднаш бил приведен, а момчето е префрлено во болница. Засега не се објавени официјални информации за степенот на неговите повреди.

Актуелно | пред 10 месеци

TOSE-FB

„Јас на мои 47 години размислувам да се иселам, со два-три бизниси, замислете што размислува млад човек“ - Зафиров предупредува на егзодус од Македонија

Македонскиот бодибилдер Тоше Зафиров преку видео-обраќање на својата Фејсбук страница испрати остро предупредување за состојбата во државата, укажувајќи на серијата трагедии кои се случија во изминатиот период, вклучително и вчерашната несреќа во Прилеп, повеќе сообраќајки, како и трагедијата во Кочани.Тој директно го прашува министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, кој неодамна престојувал во Дубаи, дали успеал да научи нешто од тамошниот систем на функционирање:„Таму законот е за сите ист, има луѓе возат Бугати и ако пишува 60, ќе вози 60. Исто се казнува за прекршок и ако возиш Бугати и ако возиш Рено. Тоа може и кај нас да се направи ако се сака,“ порача Зафиров.Како позитивен пример го наведе австрискиот град Грац, каде, според него, во текот на една година нема ниту една жртва во сообраќајни незгоди, додека во Македонија ситуацијата е драстично поинаква.Осврнувајќи се и на неодамнешниот физички напад врз градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, Зафиров истакна:„Независно од тоа дали некој е од некаква партија, или не е, секоја жена мора да се чувствува безбедно и заштитено, а одобрување на такво насилство е навреда за секоја жена.“Преку објавата Зафиров испрати силна порака до институциите и политичарите:„Јас на мои 47 години размислувам да се иселам, со два-три бизниси, замислете што размислува млад човек. Овде ќе останете само вие политичарите, ние ќе си одиме ако нешто не се смени,“ порача Зафиров.

Македонија | пред 10 месеци

Screenshot-2025-07-12-at-10.32.13

ЦУК: Пет активни пожари, деветнаесет изгаснати, состојбата со пожарите до утрово

Според извештајот на ЦУК за пожарите на отворен простор за периодот 13/14 јули до 07:00 часот, во земјава се регистрирани вкупно 24 пожари, од кои пет се сè уште активни, додека деветнаесет се изгаснати.Активни пожари се бележат во пет општини:Во општина Дојран, кај селото Николич, гори нискостеблеста шума.Во општина Чучер Сандево, во селото Горњани, исто така е зафатена нискостеблеста шума.Во општина Велес, пожар има во близина на селата Џидимирци и Крушје, каде што гори мешана шума.Во општина Македонски Брод, меѓу селата Црешнево, Локвица, Крапа и Слатина, зафатени се дабова шума, грмушки и ниска вегетација.Во општина Прилеп, во населбата Три Багреми, гори ниска вегетација.Изгаснати се 19 пожари на различни локации низ државата, меѓу кои:Два пожари во општина Гази Баба – кај гробиштата Камник и на улицата Душан Тавковиќ.Четири пожари во Прилеп и околината – кај патот хотел „Салида“ – Битола и меѓу селата Лажани и Ропотово.Пожари се изгаснати и во Ресен (с. Перово), Охрид (с. Оровник и н. Далјан), Виница (с. Ласки), Куманово (ФЗЦ, Пармакови ниви, с. Умин Дол), Старо Нагоричане (с. Пелинце – Мишинци и с. Милутинци), Крива Паланка (с. Градец – Ѓошинска маала), Ранковце (с. Милутинци), Тетово (Поправен дом), Гостивар (близина на стадионот и с. Чегране), како и во Шуто Оризари (ул. Индира Ганди).Надлежните служби продолжуваат со интервенции на терен.

Македонија | пред 10 месеци

pozar-kukji

(Видео) Горат три куќи во Злокуќани: избувна голем пожар кој брзо се шири, присутна и Брза помош

Голем пожар избувна во Злокуќани, каде горат и куќи. Според првичните информации, станува збор за тесни улици, каде многу тешко е да стигнат противпожарни возила. Пожарот брзо се ширел.На терен се повикани и присутни екипи на Брзата помош. Засега нема информации за повредени лица. Чадот се гледа од повеќе делови на Карпош.„Во 20:02 часот преку Е-112 добиена е пријаа за пожар на куќа на ул.Скупи (опш.Карпош). Од страна на МВР, преку ДОЦ на ЦУК побарано е да се исклучи електричната енергија во нисконапонската мрежа за да може екипите на БППЗ да интервенираат. Имаме неофицијални сознанија дека од пожарот се зафатени и дополнителни три куќи.БППЗ е на лице место и работат на гаснење на пожарот“, велат од ЦУК.

Скопје | пред 10 месеци

IMG_5168

Тешка несреќа на патот Прилеп–Градско: 11-годишно дете во критична состојба

Тешка сообраќајна несреќа се случи попладнево на експресниот пат Прилеп–Градско, при што автомобил „Фолксваген Поло“ со скопски регистарски таблички излетал од коловозот и паднал околу 40 метри во населено место, информираат од Основното јавно обвинителство Велес.Според првичните информации, возачот изгубил контрола во остра лева кривина, поминал преку веќе оштетена делница од заштитната ограда и излетал од патот.Во несреќата тешко е повреден возачот, а едно 11-годишно дете се наоѓа во критична состојба. И двајцата се префрлени на Клиничкиот центар во Скопје. Третиот сопатник во возилото, кој се здобил со полесни повреди, бил згрижен во велешката болница.На местото на несреќата увид извршил јавен обвинител, кој издал наредби за:• технички преглед на возилото,• тестирање на возачот за присуство на алкохол,• како и прибирање на биолошки и други траги за натамошна истрага.Од Обвинителството велат дека се работи на целосно расветлување на околностите под кои дошло до несреќата.

Македонија | пред 10 месеци

Foto-1

Сиљановска-Давкова: „Галичка свадба“ ја отсликува македонската народна традиција и култура

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и годинава беше дел од „Галичка свадба“, проследувајќи ги свадбарските обичаи коишто ја отсликуваат македонската вековна народна традиција и култура, како неразделен дел од македонскиот национален идентитет.Честитајќи им го бракот на годинешните младенци, Лилјана Михајлоска и Јован Филипоски, претседателката им посака среќен заеднички живот, полн со љубов, разбирање и деца и им подари „галичка пафта“ со мотив од мијачката носија, карактеристична за селото Галичник.Сиљановска-Давкова изрази задоволство од континуитетот на „Галичка свадба“, истакнувајќи дека преку неа, не само што се негуваат македонските обичаи, туку истите се промовираат пред светот.,,Нешто што е дел од нашиот идентитет, нешто што е единствено, нешто што никаде го нема, нешто што нѐ прави посебни треба да се негува. Радосна сум што мнозина млади го прифаќаат и ја продолжуваат оваа традиција", изјави претседателката Сиљановска-Давкова.„Галичка свадба“ не случајно се одржува околу Петровден, кога во минатото печалбарите се враќале дома заради женидба и во еден ден се правеле повеќе венчавки.Вчерашното поставување на свадбарскиот бајрак и симболичниот чин на „фрлање“ пушка од куќата на зетот и годинава го означија почетокот на свадбата. По венчавањето на младенците во храмот „Св. апостоли Петар и Павле“, продолжи одржувањето на свадбените обичаи.Вгнезден во исклучителна природна убавина, со уникатна архитектура и древна историја, Галичник може да биде вистински магнет за сите кои сакаат на момент да избегаат од урбаниот хаос, во потрага по магијата на мирот, спокојот и неповторливата убавина на минатото. Претседателката истакна дека мора да вложиме повеќе, да направиме нешта што нема да се сведат само на доаѓање кога се склучува бракот, туку нешто што ќе го направи Галичник живо во текот на целата година.Оваа уникатна културна манифестација со децении се одржува под покровителство на претседателот на државата.

Македонија | пред 10 месеци

droga-zaplena-2

Претреси во Пробиштип и пробиштипско, пронајдена дрога и други предмети

На 12/13.07.2025 во период од 23.20 до 04.50 часот, полициски службеници од НККР Пробиштип, ПСОН Штип, СВР Штип и Одделот за криминалистичка полиција при Бирото за јавна безбедност во содејство со Државен пазарен инспекторат, Државен инспекторат за труд, Управа за јавни приходи и Државен градежен инспекторат за урбанизам, во рамки на активности за откривање на кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“ (член 215 од КЗ), и „бесправно градење“ (член 244 од КЗ, а врз основа на судска наредба од Основен суд Штип, извршија претрес во дом и други помошни простории на лицата Љ.Н. и А.Н. од Пробиштип.Исто така, врз основа на судска наредба извршени се претрес и на станбени објекти, канцелариски простории, угостителски објекти, помошни простории и гаражи, кои се во сопственост или ги користи правно лице од Пробиштип, а лоцирани во с.Плешенци, пробиштипско.При претресите пронајдени се и одземени марихуана, три дигитални видео рекордери од поставен видео надзор и други предмети. По документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Македонија | пред 10 месеци

0BD6D5C7-09E3-4D7C-9ECA-726723107B72_1_105_c

Лишени од слобода возачи во Тетово и Гостивар затоа што управувале возила под дејство на алкохол

На 12.07.2025 во 14.00 часот на улица „Браќа Миладинови" во Тетово, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишиле од слобода Љ.Т.(64) од Тетово.При вршење на увид на претходно случена сообраќајна несреќа, полициските службеници утврдиле дека Љ.Т. управувал патничко возило „фиат пунто“ со тетовски регистерски таблици, а било видливо дека е под дејство на алкохол и побарале да го алкотестират, но Љ.Т. одбил. Поради тоа Љ.Т., е однесен во Клиничката болница Тетово, за утврдување на нивото на алкохол во крвта, а потоа е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок по член 297а од КЗ „безобѕирно управување со возило".На 13.07.2025 во 03.00 часот на улица „Светозар Пепоски" во Гостивар, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гостивар го лишиле од слобода Д.Т.(44) од Гостивар, кој управувал патничко возило „фолксваген лупо“ со гостиварски регистерски таблици, под дејство на алкохол, однсоно му биле измерени 2.08% промили алкохол во крвта.Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок по член 297 а од КЗ „безобѕирно управување со моторно возило".

Македонија | пред 10 месеци

IMG_5168

Жена тешко повредена во сообраќајка во Охрид – петмина се тепале сред Кичево

Во изминатите два дена, полицијата регистрираше низа инциденти на подрачјето на СВР Охрид и Кичево, вклучувајќи сообраќајна несреќа со тешко повредено лице, пожари во возила и случаи на семејно и јавно насилство.На 12 јули, во 06:40 часот, на кружниот тек кај улиците „15-ти Корпус“, „Железничка“, „7 Ноември“ и „Ристо Чадо“ во Охрид, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно патничко возило „Рено“, управувано од 53-годишниот О.Ф. од с. Лескоец, и велосипед управуван од 56-годишната В.Л. од Охрид. Жената се здобила со тешки телесни повреди и била хоспитализирана во Општата болница во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Охрид.Истиот ден, во 17 часот, во СВР Охрид било пријавено семејно насилство – А.А. од Охрид физички ја нападнал својата сопруга во семејниот дом. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.Во текот на денот биле регистрирани и два одделни пожари во возила. Првиот се случил во 13:45 часот на улицата „Дејан Војвода“ во Охрид, кога запалено било возило „Форд“, управувано од 65-годишниот Н.П. Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица.Вториот пожар бил пријавен во ОВР Струга на 11 јули во 14 часот. Возило „Мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Н.М. од Охрид, се запалило на магистралниот пат Охрид–Струга. И во овој случај нема повредени.Во Кичево, регистрирани се две тепачки и нарушувања на јавниот ред и мир. На 11 јули во 22:20 часот, на булеварот „Ослободување“, три лица – А.Ќ. (24), Н.В. (47) и едно малолетно лице – се степале меѓу себе. Претходно, на 12 јули во 00:30 часот, на улицата „Партизански одреди“, уште пет лица, сите од Кичево, учествувале во меѓусебна пресметка. Во двата случаи, полицијата најави соодветни пријави по целосно документирање на настаните.Од СВР Охрид информираат дека се преземаат дополнителни мерки за расчистување на сите случаи.

Македонија | пред 10 месеци

Screenshot-2025-07-13-at-12.45.27

Напишал „не играјте си со оние што немаат што да изгубат“, па го убил внукот и 13-годишниот Милан

Панчо Чупаркоски и неговиот 13-годишен син Милан се жртвите на ликвидаторот Пеце Белото.Пред да го стори грозоморниот злочин, попладнето во 17 часот, објавил и фејсбук статус со морничава фотографија. Напишал: „Мојата сестра Љуба Чупаркоска и нејзиниот син ... Ми украде и одзеде скоро Сее, останатото им го дадов Сам, но... Не играјте си со оние кои што немаат што да изгубат!“. Потоа го извршил злочинот.[caption id="attachment_342865" align="alignnone" width="1366"] Screenshot[/caption]Пријавата до МВР, дека ги нема Панчо и Милан, дошла во 21:20 минути, кога се јавила мајката односно сопругата на двете жртви, кои биле ликвидирани со огнено оружје. Во куќата е влезено по повеќе од три часа, кога се најдени безживотните тела на двете жртви, но и на ликвидаторот кој се самоубил.Вечерта кога се случи грозоморниот настан, ликвидаторот имал именден. Жртвите ги намамил додека бил надвор од домот, а потоа, кога ги внел во неговата куќа, им ги одземал телефоните и им се заканувал. Со него освен огнено оружје, имал и бомба. Засега не е познато во кој дел од денот ги извршил убиствата.Ликвидаторот има низа контроверзни и морбидни објави на неговиот профил на „Фејсбук“. Ги величи Путин и севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун, напишал „Човекот е најголемото зло на земјата“.Сомневањата на обвинителот се дека убиствата се сторени поради семејни недоразбирања кои траеле подолг период, а поврзани со имнотно-правни прашања. Ликвидаторот имал 63 години.

Македонија | пред 10 месеци

IMG_7897

Нова духовна глава на Дебарско-кичевската епархија

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, упати официјална честитка до архимандритот Георгиј по повод неговото хиротонисување и востоличување за епископ на Дебарско-кичевската епархија на Македонската православна црква – Охридска архиепископија.„Со искрена радост и длабока почит, Ви го честитам хиротонисувањето и востоличувањето на челниот престол на Дебарско-кичевската епархија. Нека Господ Ви дарува крепко здравје, мудрост и сила во Вашето ново служење, за доброто на нашата света Црква и спасението на верниот народ. Нека Вашиот архипастирски пат биде осветлен со Божјата благодат. Достоен! Достоен! Достоен!“, напиша Пецаков.Инаку, архимандритот Георгиј е новоизбраниот епископ на една од најзначајните епархии во југозападниот дел од земјата, со седиште во Дебар и Кичево. Востоличувањето беше проследено со свечена литургија и присуство на голем број верници и црковни великодостојници.

Македонија | пред 10 месеци

posumuvanje-Kuckovo-1

Осум лица казнети во струмичко поради непочитување на забраната за движење во шуми

Осум лица се санкционирани вчера во шумски подрачја во Струмичко поради непочитување на одлуката за забрана за движење во шуми, информираат од Министерството за внатрешни работи.На 12 јули, полициски службеници од СВР Струмица спровеле теренска контрола во шумски предели со цел да проверат дали граѓаните ја почитуваат мерката што е на сила од 1 јули до 31 август 2025 година.„При контролата беа затекнати осум лица кои се движеле низ шума без да поседуваат соодветно одобрение за движење, издадено од ЈП 'Национални шуми'“, информираат од МВР.За случаите е известена и Шумската полиција во Струмица, која е надлежна за понатамошно постапување согласно член 57 став 3 од Законот за шуми.Од МВР апелираат граѓаните строго да се придржуваат до забраната, која има за цел превенција од пожари и заштита на шумските екосистеми во периодот на високи температури и зголемен ризик.

Македонија | пред 10 месеци

tajvan-voeni-avioni

Австралија одбива однапред да се обврзе за можен конфликт околу Тајван: „Одлуката ќе ја носи идната влада“

Австралија нема однапред да се обврзе за евентуално испраќање свои трупи во случај на воен конфликт меѓу САД и Кина околу Тајван, изјави министерот за одбрана Пат Конрој во неделата. Изјавата е реакција на медиумски извештаи дека Пентагон врши притисок врз Канбера да појасни каква би била нејзината улога доколку избие војна во Индо-Пацификот.„Австралија нема да дискутира за хипотетички сценарија. Одлуката дали ќе учествуваме во некаква воена интервенција ќе ја носи владата која тогаш ќе биде на власт“, изјави Конрој за националната телевизија ABC.Весникот Financial Times објави дека поранешниот заменик-министер за одбрана на САД, Елбриџ Колби, вршел притисок врз австралиски и јапонски функционери да кажат дали би се вклучиле во евентуален конфликт околу Тајван – иако ниту самите САД формално не гарантираат дека ќе ја бранат таа островска држава.„Политиката на САД се води од стратегијата Америка на прво место, што значи дека се очекува и сојузниците да вложат повеќе во одбраната“, објави Колби на социјалната мрежа X.Кина го смета Тајван за своја територија и не ја исклучува употребата на сила за враќање под своја контрола. Тајванскиот претседател Лај Чинг-те, пак, изјави дека само народот на Тајван има право да одлучува за иднината на државата.Во меѓувреме, во Сиднеј започна најголемата воена вежба во историјата на Австралија, Talisman Sabre, во која учествуваат над 30.000 војници од 19 земји, вклучувајќи и САД.Министерот Конрој изјави дека Австралија е загрижена поради нагомилувањето на кинеско нуклеарно и конвенционално оружје, и се стреми кон рамнотежа во Индо-Пацификот без доминација на поединечна сила.Исто така, изрази загриженост дека Кина се обидува да воспостави воена база во Океанија, што би било „неповолно за Австралија“, додека земјата се обидува да остане примарен безбедносен партнер во регионот.Паралелно, австралискиот премиер Ентони Албанезе отпатува во Шангај на шестдневна посета, каде се очекува да разговара и за прашања поврзани со безбедноста.

Свет | пред 10 месеци

Screenshot-2025-06-24-at-09.17.25

Трамп до своите: Престанете со напади, имаме совршена администрација

Aмериканскиot претседател Доналд Трамп ги повика своите поддржувачи да престанат да ја напаѓаат неговата администрација поради новите податоци поврзани со случајот Џефри Епстин. Коментарите на Трамп доаѓаат откако Министерството за правда и ФБИ објавија дека нема докази за т.н. „список на клиенти“ или за уцени од страна на озлогласениот финансиски измамник и сексуален престапник.Во документите, исто така, се потврдува дека Епстин извршил самоубиство во затвор во 2019 година, отфрлајќи ги бројните теории на заговор за негово убиство. Оваа информација предизвика силни реакции меѓу дел од крајната десница и MAGA поддржувачите, кои со години инсистираат дека „длабоката држава“ ги крие вистинските виновници од елитата.„Што им е на моите луѓе?! Напаѓаат фантастична личност како Пам Бонди! Ние сме еден MAGA тим! Имаме совршена администрација, за која зборува светот!“, напиша Трамп на својата мрежа Truth Social.Тој додаде дека целата хистерија околу Епстин е „демократска измама“, со цел политички поени и одвлекување внимание од „украдените избори во 2020“.„Веќе со години слушаме за Епстин. Доста е. Никого не му е гајле. Пуштете ја Пам Бонди да си ја врши работата“, повика Трамп, додавајќи дека случајот треба да се затвори, а фокусот да се пренасочи кон повторно истражување на изборите.Неговите изјави доаѓаат по внатрешна критика од влијателни десничарски фигури како Алекс Џонс, Лора Лумер и Ден Бонгино, кои тврдат дека владата ја прикрива вистината. Дел од нив дури и го повикаа Трамп да ја отпушти Бонди, нарекувајќи ја „срамота“.Иако Трамп се има појавено на видео-снимки од забави со Епстин од 90-тите, тврди дека не бил во контакт со него најмалку 18 години пред смртта и дека не биле пријатели.Во меѓувреме, директорот на ФБИ, Кеш Пател, порача дека теориите на заговор „никогаш не биле вистинити“, но тоа не ги смири најгласните гласови во MAGA движењето.

Свет | пред 10 месеци

1L3A3247

(Видео) Пијаното на Хуангчи и духот на Пајдушкото ја отворија фестивалската магија на Охридското лето

Со гала-концерт на светски познатата пијанистка Клер Хуангчи и извонредните уметници од Националната Филхармонија на Република Северна Македонија, а под диригентката палка на маестро Едвин Оутвотер, во магичниот амбиент на Античкиот театар вчеравечер беше отворено 65. издание на фестивалот „Охридско лето“. Во духот на годинешното мото „Трансформација на сетилата“, виртуозноста на уметниците беше оплеменета со 3Д мапинг на португалскиот сценарист Рафаел Карико. Охрид имаше вечер кога класиката ја запозна традицијата. На сцената на Охридско лето, светски познатата пијанистка Клер Хуангчи го изведе Пајдушко оро заедно со Македонската филхармонија, под диригентската палка на маестро Едвин Аутвотер од САД. Пајдушкото – македонски ритам со душа, доби ново пијано руво.Прогласувајќи го за отворен, покровителот на фестивалот, Претседателката на Р.С. Македонија, Гордана Силјановска-Давкова потсети дека токму кога се отвора фестивалот и додека трае програмата, Охрид се отвора како волшебна школка и како што рече, од него излегува највредниот бисер-уметноста.-Шеесет и пет години „Охридско лето" е нашето скапоцено уметничко огледало, престижен уметнички центар! Шеесет и пет години уметноста влегува низ охридските порти и кружи низ градот! Секоја нота, секој стих и мисла, секој глас и чекор се слеваат во охридската летна симфонија! Како што древниот Охрид е вечен со своите напластени културни, духовни и цивилизациски слоеви, така и фестивалот „Охридско лето" прераснува во препознатлива традиција, никната врз цврсти темели и доградувана преку уметнички мостови на обединување, будејќи го убавото, хуманото и културното! Охрид е еден, Охрид е Охрид! Не постои уметничко лето како охридското! Не постои фестивал како охридскиот, рече Претседателката Силјановска-Давкова.Обраќајќи се пред преполното гледалиште на Античкиот театар, министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, нагласи дека „Охридско лето“ не е само фестивалска програма, туку е хроника на незаборавни уметнички средби, духовен календар на едно народно живеење што, како што додаде, секое лето блеска во својата најчиста форма.-Оваа фестивалска година не ја одбележуваме само со бројки и големина, туку со созреаност на духот и визија за иднината. Не сме овде само за да се восхитуваме, тука сме за да ја потврдиме нашата верба дека културата е темел, а не додаток. Таа не е украс, туку јадро на нашето постоење. Уметноста е нашата најмоќна потврда дека сме народ што памети, што чувствува, што се стреми кон повисоки вредности, рече министерот Љутков.Директорот на НУ „Охридско лето“, Ѓорѓи Цуцковски изради огромна благодарност за покровителството на најзначајната музичко-сценска манифестација која според него, во наредните денови ќе биде исполнета со настани што имаат врвна естетика и уметничка совршеност.-Под мотото „Уметноста трансформира“, годинава создадовме една нова, модерна и креативна културна вредност како дел од вековната традиција на Фестивалот.Посакувам незаборавни вечери на уметничка трансформација како и безброј емотивни сензации затоа што впрочем токму тоа е и мисијата на фестивалот „Охридско лето“, да сплотува, да инспирира, да трансформира, кажа првиот човек на фестивалот „Охридско лето“.Уметничката порака годинава ја пренесе актерот и режисер Ѓорѓи Јолевски кој низ годините како селектор ја градеше и успешната театарска приказна на фестивалот.-Бертол Брехт вели: „Уметноста не е огледало што ја рефлектира реалноста, туку чекан што ја обликува.“ Во тој контекст, секој концерт, секоја претстава, секој збор на сцената — не е одраз на светот таков каков што е, туку обид да стане подобар. Живееме во време на војни, каде што човечкиот живот е девалвиран, а политичката реторика е театар без катарза. Во таков свет, уметноста не е луксуз — таа е нужност. Нужност и апел да се потсетиме што значи да се биде човек, истакна Јолевски.Гала-концертот на свеченото отворање го проследија дел од државниот врв на Македонија предводен од премиерот Христијан Мицковски, министри, амбасадори и дипломатски претставници во земјава, градоначалникот на Општина Охрид, како и претседателот на Република Албанија Бајрам Бегај.Фестивалот „Охридско лето“ се одржува под покровителство на Претседателот на државата, финансиски поддржан од Владата, Министерството за култура и туризам и Општина Охрид, а огромна заслуга за успесите имаат и верните пријатели, генералниот спонзор А1 Македонија, бројни спонзори и помагатели, љубители на уметноста и поддржувачи на културните вредности.

Магазин | пред 10 месеци

policiska-lenta

Уби двајца меѓу кои и дете, објави на Фејсбук, па се самоуби: монструмот од Прилеп фрлил и бомба кон полицијата

Крвава трагедија го потресе Прилеп доцна синоќа, каде во семејна куќа во центарот на градот беа пронајдени три безживотни тела – на 63-годишен маж, 43-годишен татко и неговиот 13-годишен син.Според официјалните информации од МВР, трагедијата започнала на 12 јули околу 21:20 часот, кога К.Ч. (43) пријавила дека од нивниот дом се оддалечиле нејзиниот сопруг П.Ч. (43) и нивниот син. Таа изјавила дека се сомнева оти двајцата се упатиле во домот на нивниот роднина П.Ѓ. (62).Полициски службеници веднаш извршиле проверка на локацијата, но никој не ја отворил вратата. По наредба од јавен обвинител, полицијата ја отворила вратата со употреба на сила, по што едно лице фрлило бомба кон нив – за среќа, таа не експлодирала. Додека полицијата се повлекувала, било отворено оган кон нив, по што било возвратено со службено оружје.Околу 01:35 часот, лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт кај трите лица – П.Ч., неговиот малолетен син и П.Ѓ.Основното јавно обвинителство Прилеп потврди дека се работи за двојно убиство и самоубиство. Според нивните првични сознанија, П.Ѓ. го убил својот внук од сестра и неговиот син поради долготрајни семејни конфликти и нерасчистени имотни прашања. Наводно, тој ги објавил мотивите и на една социјална мрежа пред да си го одземе животот.Јавниот обвинител издаде наредба за обдукција, како и за вештачење на оружјето и муницијата пронајдени на лице место. Истрагата е во тек, а полицијата и обвинителството преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 10 месеци

najnova

Крвава семејна веселба во Прилеп: Двојно убиство и самоубиство!

Двојно убиство и самоубиство вечерва се случило во Прилеп, дознава “Скопје1”. Според неофицијални информации од наши извори, драмата се одвивала за време на семејна веселба.“Скопје1” дознава дека вујко, убил внук и таткото на внукот, по што извршил самоубиство. Засега овие информации се непотврдени од институциите.На терен во месноста каде се случил ужасниот настан, има силно полициско присуство.“Скопје1” побара информации од МВР, а одговор се очекува во текот на утрото.

Македонија | пред 10 месеци

batinci

Мотивот зад убиството во Батинци – маж пукал во татко на девојка која одбивала брак

МВР ја откри причината за убиството на влезот од скопското село Батинци кое се случи вчера, а каде што 50-годишниот А.М. им подлегна на прострелни рани откако во него пукал Џ.М., осомничен дека делото го сторил од одмазда поради одбиван предлог за брак.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, инцидентот е пријавен во 10:15 часот, а жртвата била веднаш пренесена во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, каде што околу 11:00 часот починал.Потресни детали открива ќерката на убиениот, 20-годишната Е.М., која изјавила дека, заедно со нејзиниот татко, биле на Клиниката за неврологија. Таму се обидел да стапи во контакт со неа Џ.М., кој во изминатиот период ѝ се заканувал затоа што не сакала да се омажи за него. Девојката одбила да комуницира, по што следувал крвавиот епилог.„Кога тргнале кон домот во с. Батинци, патот им бил попречен од возило од кое излегол Џ.М. и пукал кон А.М.“, информираат од МВР.Случајот се води како убиство со сомневање за семејно/родово мотивирана омраза, а надлежните органи преземаат мерки за целосно расчистување на околностите и утврдување на мотивите.

Скопје | пред 10 месеци

arsovska-1

Куќен притвор доби лицето осомничено дека ја нападнало Арсовска

Куќен притвор доби лицето С.Љ. кое Обвинителството го гони за физички напад и закани упатени кон градоначалничката Данела Арсовска. И второто лице, кое има исти иницијали, доби мерки, односно забрана да и се доближува на Арсовска.„С.Љ., осомничени дека вербално и физички ја нападнал оштетената му се определува мерка куќен притвор во траење од 8 дена, со оглед да се работи за скратена постапка; Додека на второ осомничениот, исто така со иницијали С.Љ, кој се товари дека се заканувал кон оштетената, му се определуваат мерки за претпазливост согласно чл. 146 ст.1 т. 1,2,3 и 6 од ЗКП односно: Забрана за напуштање на живеалиштето, Обврска за повремено јавување во судот, Одземање на патната исправа и Забрана за приближување и контактирање со одредени лица“, велат од Кривичен суд.Претходно:

Македонија | пред 10 месеци

0BD6D5C7-09E3-4D7C-9ECA-726723107B72_1_105_c

Лишен од слобода скопјанец, кај него пронајдени запалени кабли

На 11.07.2025 во 16.10 часот на ул.„Лазар Личеновски“ во Скопје полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода И.К.(44) од Скопје, откако при преглед кај него биле пронајдени запалка, најлонска вреќа во која имало запалени кабли, метални и бакарни предмети.Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе следи соодветен поднесок.

Скопје | пред 10 месеци

milka-majha

Ал Џезира Балканс се одјави по 14 години: „Беше чест да им служиме на гледачите“

По точно 4970 дена постоење, денеска официјално престана со работа Ал Џезира Балканс – регионалната редакција на глобалната медиумска мрежа, која од 2011 година известуваше од Сараево, Белград, Загреб, Подгорица, Скопје, Љубљана и Приштина.Во својата последна програма, редакцијата се обрати до јавноста со емотивна порака:„Се трудевме да бидеме глас на оние чиј глас не се слуша, остров на вистината, културата, на дијалог и етичкото новинарство. Ништо од тоа не би било можно без вашата доверба. Ви благодариме што бевте со нас.“Меѓу првите кои се поздравија со гледачите на Ал-Џезира беа новинарките од македонската редакција, Милка Смилевска и Маја Блажевска, кои преку лични пораки на социјалните мрежи ја изразија својата благодарност за можноста да бидат дел од овој медиум.„Имав огромна привилегија 14 години да работам со професионалци, почитувана, заштитена и финансиски наградена. Благодарна сум за секој ден искуство и работа“, напиша Смилевска.Нејзината колешка Блажевска, исто така, се осврна на патот од централната редакција во Сараево до известувањето од терен во Скопје: „Имав можност да направам стории што значат, да интервјуирам луѓе кои го менуваат светот. Беше чест да се работи според највисоки новинарски стандарди.“Одлуката за затворање на Ал Џезира Балканс е дел од поширока медиумска консолидација во рамки на Al Jazeera Media Network, со седиште во Доха, Катар. И покрај обемниот, влијателен и често пофалуван програмски опсег, мрежата одлучи да стави клуч на својата балканска редакција, оставајќи празнина во медиумскиот простор кој го покриваше објективно и критички.За многумина, Ал Џезира Балканс ќе остане пример за професионализам, објективност и регионална солидарност.

Коментари | пред 10 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања