Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

64540ecd-497c-40a5-b1a7-78eb63174c5f

Два моста се урнаа во Русија, еден падна врз воз, 7 мртви

Два надвозници се урнаа во различни руски региони што граничат со Украина, со што возовите излетаа од шините и загинаа најмалку седум лица, а десетици беа повредени, соопштија руските власти, додека руски политичар го нарече Киев „терористичка енклава“.Областите во јужна Русија беа честа цел на напади од страна на Украина за време на војната што Русија ја започна со инвазија пред повеќе од три години.Седум лица беа убиени, а 69 повредени кога надвозник се урна врз железничките пруги, со што излета воз што се приближуваше во регионот Брјанск доцна во саботата, соопштија Министерството за вонредни ситуации на Русија и регионалните претставници.Гувернерот на Брјанск, Александар Богомаз, изјави на Телеграм дека 47 лица се хоспитализирани. Меѓу повредените има три деца, а едно е во сериозна состојба, рече тој.Уривањето во регионот Курск се случи рано утрово додека товарен воз минувал преку надвозник, соопштија Александар Кинштајн, вршител на должноста гувернер на регионот, и Руските железници на Телеграм. „Дел од возот падна на патот под надвозникот“, рече Кинштајн.Тој додаде дека локомотивата се запалила, кој брзо бил изгаснат. Еден од машиновозачите претрпел повреди на ногата, а тој и тимот што го управувал возот биле однесени во локална болница, додаде Кинштајн.Андреј Клишас, висок член на Советот на Федерацијата, горниот дом на рускиот парламент, изјави на апликацијата за пораки Телеграм дека инцидентот во Брјанск покажува дека „Украина одамна ги изгубила атрибутите на држава и се претворила во терористичка енклава“.Рускиот Телеграм канал База, кој често објавува информации од извори во безбедносните служби и агенциите за спроведување на законот, објави, без да даде докази, дека, според прелиминарните информации, надвозник во Брјанск бил дигнат во воздух.Истакнатиот руски воен блогер Семјон Пегов, кој е познат по името Вар Гонзо, го нарече уривањето на надвозникот во Брјанск „саботажа“. Ројтерс не можеше независно да ги потврди извештаите на База или Пегов. Немаше веднаш коментар од Украина.

Свет | пред 11 месец

Screenshot-2025-05-31-at-20.58.50

(Видео) Семејствата на жртвите од „Пулс“ во Кочани: „Не бараме милост, не ги штитете полицијата и виновниците“

На осмиот „Марш за ангелите“, семејствата на загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани повторно упатија остри пораки до институциите, барајќи правда и одговорност.„Не ја штитете полицијата, не ги штитете виновниците. Не сме слепи, ни глуви. Не бараме милост – бараме правда. За секое дете што нема да се врати, за секоја мајка што навечер гушка воздух“, порачаа родителите.Тие упатија прашања: зошто дискотеката – импровизирана и без лиценца – не била затворена навреме, и кој сè дозволил таа да работи спротивно на законот?“. Прстот беше вперен во Министерството за економија, МВР, Обвинителството, УЈП, Пазарниот инспекторат и Општина Кочани, како институции што, според родителите, затаиле и придонеле за трагедијата.„Да ве потсетиме – на 16 март Кочани замолкна. Во огнот на ‘Пулс’ живи изгореа 62 млади души. Над 200 беа повредени, половина од нив беа деца, без наполнети 18 години. Таа вечер, во објект без дозвола, беа натрупани 500 лица. Газдата ги пушти од алчност“, изјави една од мајките.Таа рече и дека полицијата наместо да ги заштити, им ја затворила вратата, мислејќи дека бегаат од инспекција: „Тоа беше масовно убиство. Не ги штитете убијците – ако ви останало нешто човечно“.Друг родител ја критикуваше истрагата, откако беше објавено дека од првично 73 осомничени, само 46 остануваат под сомнение – а половина од нив, според семејствата, не биле ниту повикани на распит.„Апелираме да се следат доказите, не позициите. Вистинските виновници мора да бидат откриени, без оглед кој се кријат зад нив. Ако вие не ги гледате, ние сме тука да ви ги покажеме“, порачаа родителите.Сите изјави, како што најавија, ќе бидат објавени на заедничката страница на здружението „16.03“.„Во сета болка, ние моравме да ги следиме сите правни норми. Но, нема да молчиме“, завршија родителите.

Македонија | пред 11 месец

Screenshot-2025-05-31-at-16.25.32

(Видео) Родителите од Кочани со порака до вас: „Ние изгубивме, вие имате уште за што да се борите“

Молчејќи, со фотографиите од загинатите чеда во рацете, родителите, семејството, пријателите и јавноста излезе на осмиот по ред марш преку кој се упатува порака дека се чека правда. Зад родителите, транспаренти. Овојпат со порака до јавноста: „Ние изгубивме, вие имате уште за што да се борите“. На протестот освен жители на Кочани, дојдоа и од другите градови.Ова е осми по ред марш кој го организираат. Тие не ја кријат болката, а очекуваат јавноста да ја почувствува и да застане рамо до рамо со нив, за да ваква трагедија не се повтори. Постојано повторуваат дека молчат и се следат, бидејќи даваат шанса. Минатата сабота порачаа до институциите - дека трпението им е при крај.

Македонија | пред 11 месец

puls-35-1

Тешки обвинувања од СДСМ: Кој го штити разрешениот началник на СВР Штип, има снимка кај што се гледа пред „Пулс“ ноќта пред трагедијата

„Власта која ја зави Македонија во црно се испречи на патот на правдата за најголемата трагедија во поновата македонска историја, пожарот во дискотеката Пулс во кој 62 деца го загубија својот живот, а 200 беа повредени“, вели Каја Шукова“, потпретседателка на СДСМ и додава:Христијан Мицкоски ги искористи сите механизми на власта, закани, уцени и присоци со единствена цел да ги заштити своите луѓе, односно оние кои се најодговорни за трагедијата која го снајде Кочани, а тоа се актуелните функционери на власта.Токму обвинителот Љубомир Коцевски кој беше под закана дека ќе биде сменет од актуелната власт, вчера ја затвори истрагата без ниту еден осомничен или обвинет актуелен функционер на власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ.Со што ли го држи Мицкоски Коцевски под своја целосна контрола?СДСМ остави простор истрагата да биде завршена целосно и се надеваше дека ќе има правда. Денес е јасно дека правда нема. Ниеден од актуелните финкционери не е обвинет!Од денес ги поставуваме клучните прашања и ги изнесуваме клучните докази кои очигледно се кријат за да се заштитат оние од власта. Прво заштитено лице е Дејан Салтировски.Обвинителството мора да одговори:Дали постои пишана наредба за акциска контрола во која стои дека вратите на дискотеката Пулс треба да бидат затворени? Ова е спротивно на стандардните операциски процедури. Прашуваме кој бил потпишан на таквата наредба?Зошто ако обвинителството поседува ваков документ нема ниту еден обвинет актуелен полициски функционер од таа вечер?Понатаму, Обвинтелството и Власта мора да одговорат зошто нема обвинение против тогаш актуелниот началник на СВР Штип, Дејан Салтировски? Тој знаел или морал да знае дека во наредбата за акциска контрола спротивно на СОП стои дека ќе бидат затворени вратите во дискотеката Пулс?!Понатаму, зошто обвинителството не го објави јавно видеото на кое се гледа началникот на СВР Штип, Дејан Салтировски во периодот 12:30 до 01:20 част пред дискотеката Пулс во Кочани.Дали обвинителството го запраша Салтировски што барал во овој период пред дискотеката и зошто полицијата не влегла да врши акциска контрола како што било предвидено во 12:30 часот кога започнува забавата наместо на крајот од истата?Дали Дејан Салтировски во меѓувреме фалсификувал документација дека вечерта не бил на работа или за тоа постојат конкретни докази?Дали Дејан Салтировски е заштитен од кривичен прогон затоа што ее во кумовска врска со Орце Тодоровски - Ефто еден од најблиските соработници и бизнис партнери на Христијан Мицкоски со кој градеше хидроцентрални и кој беше обвинет за милионски криминал во случајот Делчевски ниви?Дали Дејан Салтировски е заштитен лично од Панче Тошковски кој што бил негов адвокат и не само што правно го застапувал туку како вработен во гранична полиција на полицајците им нудел потпишано полномошно од адвокат Панче Тошковски со цел да испумпуваат пари од буџетот на државата?Дали е точно дека Дејан Салтировски подолго време не можел да добие безбеносен сертификат и ако е така како е можно да биде поставен на една така висока позиција во МВР?Мајките завиени во црно и стотиците повредени најмалку што заслужуваат е правда!Одговорност за оние кои го завија Кочани и Македонија во црно мора да има!Вистината за трагедијата во Пулс мора да излезе на виделина! Јавно го повикуваме обвинителството да се ослободи од стегите на властазатоа што селективната правда е неправда!Во меѓувреме СДСМ ќе продолжи јавно да ги објавува сите информации кои ги има поврзани со трагедијата во Кочани се додека нема одговорност за актуелните функционери на власта.Ова е само првиот во серијалот пресови за она што се случувало во кочанската дискотека Пулс.

Македонија | пред 11 месец

Screenshot-2021-09-20-at-08.55.18

Афера Провизии кои чинат живот – Венко Филипче дозволил градба на модуларната болница во која не смеело да се обавува здравствена дејност, вели Манасиевски

„Министерството за здравство, во времето на Венко Филипче дозволил изградба на 16 КОВИД модуларни болници низ територијата на Република Македонија, кои не исполнуваат минимални стандарди“, вели Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ и додава:За време на КОВИД кризата, Светска Банка дава 30 милиони евра на МЗ за справување со КОВИД кризата, односно набавка на лекови, опрема и меѓу другото, изградба на нови 16 модуларни болници.Светска банка, проценила дека МЗ нема капацитети да ги менаџира овие пари, па парите се даваат на проектна единица во МТСП, да ги спроведе сите набавки согласно меѓународните правила за потребите на МЗ.Спроведувањето на набавката го прави МТСП, а техничките спецификации и усогласеност на постапка според законски и подзаконски акти за здравствени објекти, го прави лице од МЗ, назначено од Венко Филипче.Е сега, што е тука спорно почитувани,Спорна е техничката спецификација, која ја прави одговорното лице назначено од Венко Филипче, каде што подоцна се констатира, дека не е во согласност со ниту еден стандард за изградба на објекти од областа на здравството. Не се почитувале Законот за градење и Законот за здравствена дејност, и не се почитувале минималните технички стандарди за заштита од пожари и експлозии.Исто така многу важно за овој случај, е што овие болници се набавени и поставени како стоки, а стоки во ниту еден случај не можат да бидат користени како објект во кој се обавува здравствена дејност!Пред да се случи пожарот во модуларната болница каде што загинуваат 14 наши сограѓани, наместо да се подобрат стандардите на болниците, Министерството за транспорт и врски, по предлог на Владата, го промениле законот за градење по итна постапка, со цел овој тип на објекти да ги преместат во урбана опрема за чие поставување одобрение ќе издава МЗ или тогашниот министер, Венко Филипче.Овие болници не се запишани во катастар, немаат добиено одлука од Влада за трајно користење и немаат одобрение за употреба по правилник за простор опрема и кадар.За овие работи, има евиденција во проектната единица во МЗ и истата е предадена на Јавното обвинителство за организиран криминал на ден 12.12.2023.Почитувани,Од сето ова произлегува дека,Модуларните болници се бесправно и противзаконски поставени и не смеат да бидат користени за вршење на било каква здравствена или медицинска дејност.Оттука, го прашуваме Филипче, дали провизиите чинеа повеќе од животот на граѓаните? Зошто одобрил изградба на модуларни болници противзаконски? Зошто модуларните болници ги квалифицирале како стоки, во кои никако не смее да се обавува здравствена дејност?Вистината за модуларната болница, јавноста мора да ја дознае!Утре во исто време продолжуваме со нови детали од Аферата „Провизии кои чинат животи“.

Македонија | пред 11 месец

ljubco_georgievski

И партијата на Георгиевски се вмеша во именувањето на нов митрополит: Ѓоко нема ден монашки живот

„Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) се наоѓа пред сериозен морален и институционален предизвик, откако јавноста беше изненадена од информацијата дека поранешниот амбасадор во Ватикан, Ѓоко Ѓорѓевски, е замонашен од Архиепископот Г.Г. Стефан – и тоа како чекор кон негово поставување за нов митрополит на Дебарско-кичевската епархија, без еден ден монашки живот, без послушание и без искуство во духовното раководење“, вели во соопштение ВМРО-Народна партија чиј претседател е Љубчо Георгиевски и додава:Се работи за една од највлијателните епархии на МПЦ-ОА, а целиот процес се одвива во тишина, без канонски консултации, без духовна подготовка, без јасна визија и што е најважно без одговорност кон верниците.Ова поставување, тивко и со невообичаена брзина, отвора сериозни прашања:- Кој и какви центри стојат зад ваквата одлука?- Зошто се игнорираат духовници со децениско искуство, како постоечкиот викарен епископ?Доколку ова сценарио се реализира, МПЦ-ОА ќе се соочи со историски преседан: митрополит без монашки стаж и без реален духовен пат.Тоа не е само канонски спорно, туку и опасно за духовниот легитимитет на целата црква.Архиепископот Г.Г. Стефан како духовен лидер, треба да знае дека довербата на паството се гради со искреност, канонска чистота и мудрост, а не со потези што личат на договарања зад затворени врати.Денес кога верниците очекуваат духовност, чесност и одговорност, МПЦ-ОА нема луксуз за да си игра со довербата.Овој потег не е само контроверзен туку тој е и удар врз мисијата на црквата.Па сходно на тоа логични се прашањата:- Дали Македонската православна црква е духовна институција или пазар за лични агенди?- Дали Македонската православна црква го слуша гласот на своето стадо или работи по диктат од надвор? Во време на духовен и општествен метеж, црквата треба да биде светилник, а не сенка на туѓи интереси“.

Македонија | пред 11 месец

vmro_dpmne

Ширењето на хистерија околу распишувањето на тендери е само обид за оттргнување на вниманието од безидејноста на СДС, реагира ВМРО-ДПМНЕ

„Најновиот тренд на СДС е да создава хистерија околу текот и постапката на спроведувањето на тендерите, за да се покори неконструктивноста и безидејноста на Филипче и СДС“, вели ВМРО-ДПМНЕ како реакција на прес-конференцијата на СДСМ.Тие додаваат:Најновиот тренд на СДС е да создава хистерија околу текот и постапката на спроведувањето на тендерите, за да се покори неконструктивноста и безидејноста на Филипче и СДС.Нивната тактика е секој тендер да го прикажат за криминален, без да изведат некакви докази. Се расфрлаат со бројки и воопштени квалификации со цел да внесат сомнеж иако за своите тврдења немаат никакви докази.Распишувањето на тендери не е криминал, но провизиите од тендери за вакцини против корона какви набавуваше Венко Филипче е криминал.Веројатно се работи за потсвест и меморија уште кога СДС беше власт па во секој тендер гледа криминал, но Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи во согласност со законите и процедурите, штитејќи го интересот на граѓаните.Вистината е дека тендерите за кои збори СДС генерално се истите и со истата тематика како и во времето на нивната влада. Разликата е тоа што тогаш исклучиво сите тендери ги добиваше омилената агенција Рејтинг на Спасов, агенцијата која и сега го работи ПР на СДС, а денес има конкуренција и цените паѓаат. Да потсетиме дека СДС беше партијата која потроши милиони евра за измислен настан во Борис Трајковски.Главното прашање денес не е зошто се распишуваат тендери, туку што има незаконско во нив?Одговорот е дека се е законски.Овие прес-конференции на СДС се обид за ширење на хистерија за оттргнување на фактот што тие се безидејни и синоним за криминал, неспособност и предавства.

Македонија | пред 11 месец

IMG_6897

Поранешен партнер нападнал девојка и нејзин колега во Центар – случајот е пријавен во полиција

На 30 мај 2025 година во 20:00 часот, во СВР Скопје 29-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 15:00 часот, на подрачјето на општина Центар, била физички нападната од нејзиниот поранешен партнер А.М. (26) од скопското село Никиштане. Според пријавата, А.М. физички го нападнал и нејзиниот колега.Случајот е пријавен, а по негово целосно документирање ќе биде поднесен соодветен поднесок до надлежните органи.

Скопје | пред 11 месец

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-34-6630PM

Пијан возач предизвика сообраќајка во Штип – 1,89 промили алкохол, приведен на лице место

На 30 мај 2025 година околу 19:00 часот на улицата „Генерал Михајло Апостолски“ во Штип се случила сообраќајна несреќа во која возачот Љ.С. (63) од Штип, управувајќи патничко возило „Опел“ со штипски регистарски ознаки, удрил во возило „Пежо“ управувано од 40-годишната В.К., исто така од Штип.„По интервенција на полициски службеници од СВР Штип, извршено е алкотестирање на Љ.С., при што било утврдено присуство на 1,89 промили алкохол во крвта. Тој веднаш бил исклучен од сообраќај и лишен од слобода во 19:39 часот, по што бил задржан во Полициската станица“, велат од МВР и додаваат:За случајот е известен надлежен јавен обвинител, а по целосно документирање на настанот, против Љ.С. ќе биде поднесена соодветна пријава согласно член 297-а од Кривичниот законик.

Македонија | пред 11 месец

Screenshot-2024-12-05-at-15.57.12

Четири возила во тешка сообраќајка кај Колари – една жена со тешки повреди пренесена во Скопје

На 30 мај 2025 година, околу 16:10 часот, на магистралниот пат Кичево – Гостивар, кај селото Колари, се случила тешка сообраќајна несреќа во која учествувале четири патнички возила:„Фолксваген Артеон“ со скопски таблички, управуван од А.Р. (38) од Скопје„Фолксваген Голф“ со кичевски таблички, управуван од Б.Т. (22) од Кичево„Митсубиши“ со скопски таблички, управуван од В.А. (61) од Скопје„Сеат“ со охридски таблички, управуван од Д.Ѓ. (56) од Македонски Брод„Во несреќата со телесни повреди се здобиле возачите на „Сеат“ и „Митсубиши“, како и Р.И. (20) од Кичево, сопатник во „Голфот“. Најтешко повредена е С.Ѓ. (55) од Македонски Брод, сопатничка во возилото „Сеат“, која е префрлена во Ургентниот центар „Мајка Тереза“ во Скопје со тешки телесни повреди“, велат од МВР.На местото на несреќата извршен е увид од полициски екипи. Се работи на утврдување на причините за несреќата.

Македонија | пред 11 месец

83A8C0E4-4AC5-468D-9103-997021EF4AC3_1_105_c

Во недела посебен режим на сообраќај во Скопје

СВР Скопје ги известува граѓаните дека на 01.06.2025 (недела) со почеток во 17.00 до 18.00 часот поради одржување на ревијална трка на велосипеди, ролерки, тротинети, детска и трка на родители со бебешки колички, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.Трката ќе започне со стартна позиција од Порта Македонија, десно долж ул.„Димитрие Чупоски“, десно по ул.„Васил Главинов“, право по бул.„ВМРО“, лево по бул.„Илинден“ до крстосница со ул.„Наум Наумовски Борче“–Градски парк кај споменикот на Гоце Делчев.СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

Скопје | пред 11 месец

Нема фотографија

780.000 евра за два тендери, перење пари за промоција на Мицкоски, вели СДСМ

„Власта на ВМРО-ДПМНЕ буквално аздисува со парите на граѓаните. Летаат тендери, јавни набавки, власта на големо троши пари ама за лична промоција и политички маркетинг“, вели Симона Цветаноски, членка на Извршниот одбор на СДСМ и додава:На ангро се перат пари.Каде завршуваат народните пари? Во чии џебови?Денеска ќе објавиме уште еден скандал.Додека семејствата на загинатите во Кочани немаат никаква поддршка од владата, додека болниците немаат никакви услови, кочанската болница е во хаос, Владата предводена од Мицкоски троши милиони од државниот буџет за да си го „билда“рејтингот!Владата склучила договор со бугарска фирма за фотографирање, снимање видеа и спроведување кампањи. Не за граѓаните, туку за промоција на Мицкоски и неговите „успеси“. И тоа – не било каде, туку преку бугарска компанија.Додека во Македонија граѓаните едвај преживуваат, не можат да наполнат цела кошничка во маркет, Владата ќе фрла астрономски суми, 1.500 денари за една фотографија и над 15.000 денари за едно видео.Вкупно 380 илјади евра!Претходно Владата склучи договор вреден 400.000 евра за анкети за мерење на рејтигнот на Мицкоски. Анкети, спотови, слики – 780.000 евра народни пари за да се продава лажната слика.Пари за реални проблеми нема. Пари за болници нема. Пари за семејства од Кочани – нема.Но затоа има пари за „спотче“, сликичка и комуникациски кампањи за Мицкоски!780 илјади евра за маркетинг на владата само со две јавни набавки!Ова е класичен грабеж и перење на народни пари и ништо друго.СДСМ бара итна истрага за начинот на кој се трошат државните пари. Ги повикуваме Антикорупциската комисија и Јавното обвинителство да отворат постапки за овој случај. Доста беше молк и амнестија!Македонија не смее да стане заложник на тендерски шеми на Мицкоски. Граѓаните заслужуваат правда, поддршка и вистински проекти – не пропаганда!

Македонија | пред 11 месец

IMG_2107

Обвинител ја чека Арсоска да ја сослуша за заканите, па да провери - за дивоградбите во Чаир очекуваат таа да соработува со нив

Обвинителството испрати јасна порака до градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска: ако знае за криминал на градоначалникот на Чаир, Ганиу – нека го пријави! Основното јавно обвинителство Скопје веќе постапува по известување од СВР Скопје и издало повеќе наредби. Надлежните органи бараат јасни податоци за сомнителни парцели и згради, додека Министерството за внатрешни работи се вклучува поради наводните закани кон Арсовска.„Основното јавно обвинителство Скопје постапува по доставено известување од СВР Скопје и издаде повеќе наредби по кои веќе се преземаат дејствија. Доколку градоначалничката како службено лице има сознанија за кривично дело, таа има обврска тоа да го пријави, да соработува со јавното обвинителство и да посочи кај кои конкретни парцели или згради се откриени сомненија за незаконитости. Тоа е неопходно за да може да постапува обвинителството и да спречи евентуално компромитирање на доказниот материјал“, велат од Обвинителството.Се постапува и по заканите за кои Арсовска сведочеше во телевизиско интервју, дека ги добивала.„Во однос на заканите, Министерството за внатрешни работи е орган директно надлежен за заштита на животот на граѓаните, како и за откривање и спречување на тие што го загрозуваат. Основното јавно обвинителство Скопје е на располагање преку дежурен јавен обвинител, веднаш без одлагање, доколку сака градоначалничката, да ја сослуша за сите сомненија, сознанија и закани и да ги провери сите околности“, вели Обвинителството.

Македонија | пред 11 месец

volodimir-zelenski1-830x0

Зеленски: Москва прави сè што може за да го направи следниот состанок неуспешен

Претседателот на Украина ја доведе во прашање посветеноста на Русија за напредок во мировните преговори откако Москва потврди дека испраќа тим во Истанбул на разговори задутре, објави Би-Би-Си.Русија сè уште не ги испратила своите преговарачки предлози до Украина, што е клучно барање од Киев. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека условите на Москва за прекин на огнот ќе бидат дискутирани во Турција, но Володимир Зеленски ја обвини Москва дека прави сè што може за да се осигури дека следниот состанок ќе биде неуспешен.„За состанокот да биде значаен, дневниот ред мора да биде јасен и преговорите мора да бидат правилно подготвени“, рече тој. Украина ги испрати своите предлози до Русија, потврдувајќи, како што рече, својата подготвеност за целосно и безусловно прекин на огнот.Првата рунда разговори во Истанбул пред две недели не донесе голем напредок, но беше постигната размена на воени заробеници. Рускиот претседател Владимир Путин започна инвазија на Украина во февруари 2022 година. Русија моментално контролира околу 20 проценти од територијата на Украина, вклучувајќи го и јужниот полуостров Крим, кој Москва го анектираше во 2014 година. Во периодот пред разговорите, и Русија и Украина пријавија експлозии.Во украинскиот Херсонски регион, тројца луѓе се убиени, а десет се повредени, според Олександр Прокудин, началник на воената администрација на регионот. Тој објави на социјалните мрежи дека руската армија погодила станбени области на населби во регионот. Едно лице е убиено и во Сумискиот регион, објави тамошната администрација.Службениците соопштија дека најмалку едно лице е повредено во експлозиите во градовите Харков и Изјум. Во меѓувреме, најмалку четиринаесет лица се повредени во експлозија во рускиот Курски регион, според изјавата на вршителот на должноста локален гувернер Александар Кинштајн за руската државна новинска агенција ТАСС.Вчера, украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха повтори дека Киев веќе испратил своја визија за идните чекори до Русија, додавајќи дека Москва мора да прифати безусловно примирје за да се отвори патот за пошироки преговори. „Заинтересирани сме да видиме како ќе продолжат овие состаноци бидејќи сакаме војната да заврши оваа година“, рече Сибиха за време на заедничката прес-конференција со неговиот турски колега Хакан Фидан.Путин и Зеленски нема да дојдат на разговорите задутре, но Фидан рече дека Турција се надева дека на крајот ќе биде домаќин на самит на високо ниво. „Искрено сметаме дека е време претседателот Трамп, претседателот Путин и претседателот Зеленски да седнат на маса“, рече тој.Песков рече дека предлозите на Русија за прекин на огнот нема да бидат објавени јавно и дека Москва ќе ја разгледа идејата за самит на високо ниво само ако има значителен напредок во прелиминарните разговори меѓу двете земји.

Свет | пред 11 месец

belgrad

Дојави за поставени бомби на повеќе локации, Белград под полициска опсада

Министерството за внатрешни работи на Србија, соопшти дека бомби се пријавени на неколку локации во Белград.Една од пријавените бомби била и на пазарот на булеварот „Крал Александар“.Полициска истрага е во тек.Во минатото низ Белград имаше лажни дојави за бомби во училишта, универзитети и градинки.

Свет | пред 11 месец

IMG_2106ll

ВРЕДИ обвинува: Апасиев е во служба на Данела и ДУИ, коалицијата на срамот е официјализирана

ВРЕДИ во соопштение ги обвини ДУИ, Апасиев и Данела дека се во „коалиција на срамот”.„Кога мислевме дека ДУИ не може да падне пониско, еве го најсрамниот сојуз во политичката историја на земјата: ДУИ, Данела Арсовска и Димитар Апасиев, сите заедно, против ВЛЕН и против Албанците од Чаир“, велат од ВРЕДИ.„Апасиев, човекот познат по навреди, омраза и клевети против Албанците, сега стана партнер на ДУИ во обид да ја спаси Данела и да го одржи стариот режим на Блерим Беџети во живот. Ова е сојуз на лицемерие, низок интерес и длабока паника пред промената што доаѓа од ВЛЕН.Чаир е нападнат со сите средства: политички, а сега идеолошки, преку трио кое не дели ниту вредности ниту принципи, туку само страв од губење. ДУИ одлучи да направи сојуз со најголемиот антиалбанец во земјата, само за да го запре моментумот на ВЛЕН.Но, тие нема да можат да го спречат тоа. ВЛЕН е гласот на народот, тоа е волјата на мнозинството и тоа е иднината која се приближува со сигурни чекори. Ниту Апасиев, ниту Данела, ниту ДУИ не можат да го спречат овој ураган на промени што започна од Чаир!“, пишува во соопштението на ВРЕДИ.

Македонија | пред 11 месец

drzavna-matura

Почна полагањето матура со предупредување: Фатен препишувач – пауза една година

Повеќе од 15.000 матуранти денеска го полагаат првиот екстерен испит од државната матура – мајчин јазик и литература. Испитот е задолжителен за сите ученици, а најголем дел се пријавени за македонски (9969), албански (4339), турски (292) и српски јазик (10).Според Државниот испитен центар, вкупно се пријавени 15.004 кандидати – од кои најмногу од стручни училишта (8816), гимназии (5966) и уметнички училишта (222).Следниот екстерен испит, кој е изборен, ќе се полага на 11 јуни. Најмногу ученици ќе полагаат англиски јазик (13.457), а останатите се пријавени за математика, германски, француски, естетика, филозофија и други предмети.Испитите се одржуваат во училишта со соодветни услови, а каде тоа не е можно во факултетски амфитеатри. Околу 2000 тестатори се вклучени во процесот на надгледување.Матурантите кои нема да ја положат матурата сега, ќе имаат поправна можност во августовската сесија.„Сакам да упатам апел до сите учесници. Набљудувачите, тестаторите и директорите на училиштата да бидат на висина на задачата и да придонесат за објективност на целиот процес. Да не дозволиме да се повторуваат непријатни ситуации и нерегуларности кои ги гледавме во минатото. Правната регулатива е затегната и секој сноси одговорност. Учениците да си ја сфатат сериозно обврската. Верувам дека го повториле материјалот кој е веќе совладан и соодветно на тоа, нема треба од иновативни обиди за изигрување на системот и правилата. Знам дека дел од нив поседуваат голема креативност, но таа да се искористи за нешто друго, наместо непотребно да се ризикува. Верувам никој не сака негативни последици. Фатен препишувач, си го стопира времето за цела една година, да не може да полага и да ја добие дипломата од која му зависи понатамошна едукација или вработување. Среќно на сите”, им порача министерката Весна Јаневска.

Македонија | пред 11 месец

Screenshot-2025-05-31-at-09.57.38

Камион се удри во Боинг на лондонскиот Хитроу, возачот ги измеша сопирачката и гаста

Камион се удри во Боинг 787-9 на „Сауди Арабиан ерлајнс“ на аеродромот Хитроу пред три дена околу 14:54 часот, правејќи дупка во авионот и предизвикувајќи долги одложувања, објавува „Мирор“.Возачот ја изгубил контролата врз камионот, кој се удри во авионот на земја откако ги помешал гасот со сопирачката. Ова се случило само неколку минути откако патниците на летот SVA105 од Меѓународниот аеродром „Крал Абдулазиз“ во Џеда, Саудиска Арабија, се истоварија на Терминал 4 на лондонскиот аеродром.Ракувачите со багаж на местото на настанот опишаа што се случило.„Возачот веројатно се обидувал да изврши протокол за безбедносен маневар каде што мора да ги активира сопирачките неколку пати додека се приближува кон авионот“, велат тие.Тие имаат протокол каде што мораат целосно да застанат неколку пати додека се приближуваат кон авионот. Мислам дека го помешал педалот за гас со сопирачката и се удрил во авионот. Со оглед на тоа што трупот бил дупнат, пристигнале противпожарната служба и полицијата.„Тој авион нема да може да лета долго време бидејќи мора да се замени и, се разбира, мора да се затвори дупката за да лета“, објасни персоналот. Следниот лет од Хитроу до Џеда беше откажан, а патниците на оригиналниот лет мораа да чекаат кај местото за подигање багаж.

Свет | пред 11 месец

FA7F9C6D-5D57-4B53-91C1-D1C262968A1D_1_105_c

Болката одново ќе се излие на кочанските улици, родителите на загинатите и денеска на улиците

Денеска во 16 часот и 5 минути, семејствата на загинатите во трагичниот пожар во кочанската дискотека ќе го одржат осмиот по ред „Марш за ангелите“. Toj ќе започне од Паркот на револуцијата и ќе се движи низ централните улици – преку Трговскиот центар, пред зградата на Општина Кочани, Полициската станица, Основниот суд и Јавното обвинителство.Организаторите упатија јавна покана до сите граѓани кои сакаат да ја поддржат нивната борба за вистина и правда, да им се придружат на маршот. Мајките на загинатите деца се обратија до мајките. Машрот се организира секој викенд, во истиот термин.На минатиот марш, тие порачаа правосудните институции да не си играат со нивното трпение, а дека нивниот молк кажува многу.Основното јавно обвинителство Скопје соопшти дека истрагата за пожарот е завршена. Вкупно 46 лица се осомничени за тешки кривични дела против општата сигурност, меѓу кои и 14 полициски службеници, чии предмети се водат од страна на Обвинителството за гонење организиран криминал.

Македонија | пред 11 месец

putin-4124

Кибер-војна започната: Лондон формира нова елитна команда за сајбер војување против Русија и Кина

Во свет каде што војните повеќе не се водат само на бојното поле, туку и зад екранот, Велика Британија инвестира повеќе од милијарда фунти за да создаде нова воена единица што ќе ги обедини сајбер и електронското војување.Наречена Команда за сајбер и електромагнетно војување, новата единица ќе има задача да ја заштити Велика Британија од растечките дигитални закани, но и да биде подготвена за напади во дигиталниот простор, објави „Телеграф“. Веста доаѓа во време кога Велика Британија се соочува со сајбер напади секојдневно, а министерот за одбрана Џон Хили не ја крие сериозноста на ситуацијата: „Тастатурата е едно од најмоќните оружја денес. Се соочуваме со речиси постојани напади од Русија, Кина и мора да бидеме подготвени да одговориме за секунда.“Новата команда, која ќе работи под покровителство на генералот Сер Џејмс Хокенхал, командант на Стратешката команда на Велика Британија, ќе ги обедини капацитетите на армијата, морнарицата и воздухопловните сили во дигиталната сфера. Тоа ќе биде клучно за спроведување на Стратешкиот одбранбен преглед (SDR), документот што ја дефинира одбранбената стратегија на Велика Британија за следната деценија.Дел од инвестицијата ќе биде насочен кон развој на напреден систем за дигитално таргетирање, познат и како „мрежа за убивање“, кој користи вештачка интелигенција за поврзување на сензори, оружје и борбени единици во реално време. Системот овозможува, на пример, сателитски сензор или радар базиран на брод да идентификува цел, а потоа F-35, беспилотни летала или тим за хакерство да дејствува речиси веднаш.„Победата ќе ја постигнат оние кои се не само подобро опремени, туку и подобро поврзани и побрзи во иновациите“, нагласи Хили, додавајќи дека новата структура ќе овозможи реакции „со брзина што никогаш порано не е видена“.Покрај сајбер можностите, командата ќе игра клучна улога и во електронското војување, вклучително и попречување на беспилотни летала и ракети, пресретнување на комуникациите и нарушување на непријателските командни и комуникациски системи. Министерството за одбрана вели дека технологијата одиграла клучна улога во запирањето на рускиот напредок во Украина, дозволувајќи им на украинските сили брзо да ги идентификуваат и елиминираат заканите.Според официјалните бројки, Министерството за одбрана било цел на повеќе од 90.000 сајбер напади во последните две години, што е двојно повеќе отколку во 2021 година. Најчестите напади доаѓаат од Русија, Кина, Иран и Северна Кореја, а вклучуваат шпионажа, саботажа и напади со рансомвер.Министерството нагласува дека новиот пристап кон сајбер безбедноста има пошироки цели, не само заштита на вооружените сили, туку и зајакнување на националната безбедност, дигиталната отпорност и економската стабилност. Предупредувањата стануваат сè погласни: извештајот на Комисијата за јавни сметки на Парламентот претходно овој месец предупреди на застарени ИТ системи во јавната администрација, кои веќе се преземени од сајбер криминалците.

Свет | пред 11 месец

Screenshot-2025-01-21-at-15.47.36

Трамп најави удвојување на царините за увоз на челик: „Ќе ја продлабочам трговската војна“

Американскиот претседател Доналд Трамп во петокот изјави дека планира да ги зголеми царините за увоз на американски челик од 25 на 50 проценти, зголемувајќи го притисокот врз глобалните производители на челик и ветувајќи дека ќе ја продлабочи својата трговска војна.„Ќе воведеме зголемување на царините од 25 проценти. Ќе ги зголемиме царините за американскиот челик од 25 на 50 проценти, што дополнително ќе ја заштити американската челична индустрија“, рече тој на митинг во Пенсилванија.Во февруари, Трамп ги зголеми царините за челик и алуминиум на фиксни 25 проценти „без исклучоци или ослободувања“ во еден од неговите први потези за да им помогне на индустриите кои се борат со странска конкуренција.Царините ќе се применуваат на милиони тони челик и алуминиум увезени од Канада, Бразил, Мексико, Јужна Кореја и други земји кои извезуваат без царина во САД.

Свет | пред 11 месец

eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-44-2850PM

Бугарите масовно протестираат против воведувањето на еврото: „Се качуваме на Титаник, ќе бидеме уште посиромашни“

Се очекува Бугарија да добие зелено светло од Брисел за усвојување на еврото во јуни, но оваа перспектива ги вознемирува многу граѓани.„Ако Бугарија се приклучи на еврозоната, тоа ќе биде како да се качува на Титаник“, изјави за АФП Николај Иванов, пензиониран висок функционер, на неодамнешниот протест со кој се бараше задржување на валутата на земјата, левот.Од јануари, противниците на единствената европска валута во Бугарија организираат протести и бараат референдум за ова прашање, среде поплава од дезинформации.Сеќавањата на економската криза од 1996-1997 година, во која пропаднаа 14 банки, а хиперинфлацијата надмина 300 проценти, исто така се оживеаја, поттикнувајќи го противењето.Неколку неодамнешни анкети покажаа дека речиси половина од испитаниците велат дека се противат на приклучувањето на Бугарија кон еврозоната.Дебатата повторно ја разгоре анти-ЕУ пропагандата, при што многу од оние кои се противат на усвојувањето на еврото мавтаат со руски знамиња.Бугарија, која се приклучи на Европската унија во 2007 година, е најсиромашната земја во блокот.И „сиромашните се плашат дека ќе станат посиромашни“, рече Боријана Димитрова, директорка на Институтот за истражување Алфа.Тоа, заедно со недовербата во институциите по години нестабилност, создаде плодна почва за населението од 6,4 милиони да се плаши од економски промени.Тој страв го разгореа некои политички групи, вклучувајќи ја и крајно десничарската партија Вазраждане, која повика на нов антиевро митинг во главниот град во сабота.Претседателот на земјата, Румен Радев, даде изненадувачка најава на почетокот на мај, исто така повикувајќи на референдум за ова прашање.Оваа недела тој ја обвини владата дека не ги спровела потребните мерки за да им овозможи на „најранливите“ да го издржат шокот од усвојувањето на еврото.Според Евростат, една третина од Бугарите се соочиле со заканата од сиромаштија или социјална исклученост минатата година.Дезинформациите што се широко распространети на социјалните медиуми лажно тврдат дека со воведувањето на еврото, „Брисел ќе ги конфискува вашите заштеди за да ја финансира Украина“.Во меѓувреме, проевропските гласови се борат да бидат слушнати.„Во Софија и поголемите градови, населението - побогато, подобро образовано и помладо - го гледа тоа како логичен следен чекор во процесот на европска интеграција“, рече Димитрова.

Свет | пред 11 месец

Screenshot-2025-01-21-at-17.56.02

Дали ова е најлудата војна што Трамп некогаш ја водел? Сè беше наговестено во говорот на Венс во 2021 година

За време на минатогодишната претседателска кампања во САД, Доналд Трамп предложи давање автоматски дозволи за престој во САД на странски студенти по дипломирањето, жалејќи се дека тие заминуваат за да основаат успешни компании во Кина и Индија.Сега вратен во Белата куќа, неговата реторика драматично се промени.Со цел да ја уништи академската заедница што ја смета за свој непријател, Трамп започна невидени потези против странските студенти за кои експертите предупредуваат дека веројатно ќе доведат до запишување на помалку студенти, што потенцијално ќе доведе до одлив на врвни таленти.За неколку дена, администрацијата на Трамп се обиде да им забрани на сите странски студенти да влезат во Универзитетот Харвард, една од најпрестижните институции во Америка, а државниот секретар Марко Рубио вети дека „агресивно“ ќе ги поништи визите за студентите од Кина, долго време најголемиот извор на студенти во Соединетите Држави, иако неодамна беше надминат од Индија.Рубио веќе поништи илјадници визи, главно поради неговиот активизам против израелската офанзива во Газа, но исто така и за помали сообраќајни и други прекршоци.„Соединетите Американски Држави, историски гледано, имаат репутација низ целиот свет како многу отворена клима за научни и технички истражувања, а тоа привлекува многу луѓе, особено луѓе од земји кои не мора нужно да ја имаат таа отвореност“, рече Фиби Сенгерс, професорка по информатика и студии за наука и технологија на Универзитетот Корнел, еден од најпрестижните универзитети во Америка.Таа рече дека бројот на странски студенти сигурно ќе „нагло се намали во наредните години“.„Предизвикот со тоа е што студентите што доаѓаат тука нема само да исчезнат. Тие ќе останат во своите матични земји или ќе одат во други земји каде што можат да добијат техничко образование и ќе градат компании во тие земји и ќе се натпреваруваат директно со нашите компании“, објасни таа.Американските универзитети долго време се меѓу најдобрите во светот, но тие се исто така меѓу најскапите за студирање.Меѓународните студенти со целосна школарина се витален извор на приходи, како и федералните истражувачки грантови, кои администрацијата на Трамп исто така ги намалува.Стејт департментот ги оправда своите мерки тврдејќи дека американската технологија е „украдена“ од Кина, а Трамп зборуваше за создавање повеќе места за студенти родени во Америка.Но, внатрешниот круг на Трамп одамна јасно ги стави на знаење своите намери да отвори оган врз универзитетите, чии често левоориентирани факултети, високите трошоци и селективноста ги прават совршен контраст на администрацијата насочена кон спротивставените елити и странци.Потпретседателот Џ.Д. Венс јасно стави до знаење дека се надева дека ќе ја уништи моќта на академијата во говорот од 2021 година насловен како „Универзитетите се непријател“.Тој самиот се искачи од сиромаштија до моќ студирајќи право на Јеил, една од најелитните институции во земјата.Универзитетите имаат огромно влијание врз економијата, при што меѓународните студенти директно придонесуваат со 50 милијарди долари во економијата на САД во 2023 година, според Министерството за трговија на САД.Многу од водечките претприемачи во Америка се имигранти кои дошле како студенти, вклучувајќи го и сојузникот на Трамп, Елон Маск, Јужноафриканец, а околу половина од компаниите од листата Fortune 500 се основани од имигранти или нивни потомци.Кришна Биста, професор на Државниот универзитет Морган, кој ја проучува меѓународната студентска мобилност, рече дека тонот што го постави администрацијата на Трамп „може да ги одврати дури и најквалификуваните кандидати“ од Соединетите Држави.„Не е само прашање на виза, туку влијае на чувството на безбедност, припадност и академска слобода на студентите“, рече тој.„Другите нации градат политики за регрутирање таленти и е ирационално САД да го отфрлат тоа“, додаде тој.Соединетите Држави привлекуваат меѓународни студенти низ администрациите, иако бројките се намалија од нападите на 11 септември 2001 година поради зголемените ограничувања за сите визи.Рекордни 1,1 милиони странски студенти студирале во Соединетите Држави во академската 2023-24 година, според извештајот на Институтот за меѓународно образование, кој беше поддржан од Стејт департментот.Но, меѓународните студенти сочинуваат нешто помалку од 6 проценти од универзитетската популација во САД, што е далеку под Обединетото Кралство, другата водечка дестинација за меѓународни студенти, каде што бројката е 25 проценти.Можноста за промена на курсот можеби веќе е пропуштена.„Дури и ако сè се смени утре, нашиот углед како отворено и гостопримливо општество веќе претрпе значителна штета“, заклучува Сенгерс.„Ќе биде потребен заеднички напор за да се вратат работите таму каде што беа пред четири месеци.“

Македонија | пред 11 месец

modul

Тетово и Кочани – две вистини, две трагедии, а каква правда: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ со прес-конференции денес

ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе открива која е вистината за запалената модуларна болница во Тетово, каде живи изгореа пациенти и нивни блиски кои биле на посета. Во исто време, СДСМ соопшти дека ќе ја објавува вистината за Кочани оти се штителе функционери од власта. ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе за започне денеска на пладне.„Вистината за модуларната болница, провизии што чинат животи, утре прес-конференција во 12 часот. Вистината за модуларната болница, провизии што чинат животи, утре прес-конференција во 12 часот. „Провизии кои чинат животи“ аферата што ќе ја разоткрие вистинската одговорност за трагедијата во Тетово. 14 животи згаснаа. Одговорност мора да има кај вистинските виновници Кој дозволи да се градат болници од неогноотпорни материјали Кој потпишуваше? Кој молчеше? Кој профитираше? ВМРО-ДПМНЕ, започнува серија на прес-конференции што ќе ја откријат целата вистина“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.Еден час подоцна, прес за Кочани ќе одржи СДСМ.„СДСМ од денес ја објавува вистината за Кочани. Во серија на прес конфернеции ќе ги објавиме сите факти и докази за тоа како Обвинителството и власта ги заштитија актуелните функционери! Јавноста ќе дознае кого кријат и сите детали со кои Владата и Коцевски ги заштитија блиските луѓе на Тошковски, Мицкоски и сите кои требаше директно да одговараат. Селективната правда повторно ги убива жртвите и им става сол на раните на семејствата. Правда во овој случај нема“, велат од СДСМ.

Македонија | пред 11 месец

243941276_1069883230416652_6973794369084620008_n

Демографската слика сè поцрна – Македонија се празни

Негативниот природен прираст, кој со години се продлабочува, не е само прашање од висок национален интерес, туку станува и прашање на опстанокот на државата – предупредуваат експертите. Без луѓе, нема ниту држава.Најновите податоци од Државниот завод за статистика (ДЗС) се алармантни. Во првото тримесечје од 2025 година се родиле 3.526 деца, а починале 5.398 лица – што значи дека се бележи негативен природен прираст од минус 1.872 луѓе. Во однос на истиот период лани, бројот на новородени е намален за 2,9%, додека бројот на починати е зголемен за 3,8%.Дополнително загрижува и значителниот пад на бројот на склучени бракови – во првите три месеци од годинава се регистрирани само 1.846 бракови, што е за 25% помалку отколку во истиот период во 2024 година.Демографските бројки покажуваат опасен тренд – се раѓаат сè помалку деца, сè повеќе луѓе умираат, а се склучуваат сè помалку бракови. Ако ова продолжи, Македонија ризикува да се претвори во празна држава.

Македонија | пред 11 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања