Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

bojan-stojanoski-1

(Видео) Стојаноски: СДС и ДУИ, заедно со нивните судии и обвинители се во акција за заштита на мазут мафијата

„Ланецот СДС-ДУИ заедно со алките - правосудство и мазут мафија го краделе народот и со украдените пари ги труеле граѓаните. Оваа спрега деновиве, со случајот мазут мафија, дополнително излезе на површина“, вели Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и додава:Судството и обвинителството се во акција за одбрана на криминал тежок 167 милиони евра за канцероген мазут со кој се труеле граѓаните.За дел од набавките, според информациите во јавноста, немало ниту јавен повик, а владата предводена од СДС , кога премиер е Зоран Заев, а Венко Филипче министер за здравство, внимавајте во една од набавките во декември 2021 година, директно го помогнала купувањето на канцероген мазут со 15 милиони евра буџетски пари!Оттука обвинителство и судството ги штитат директно и Заев и Филипче.Дополнително, правосудниот систем на СДС и ДУИ преку мерка куќен притвор за еден од осомничените, синот на пратеникот Јахоски, праќа порака дека ако го крадеш народот и ако притоа со тие негови украдени пари дополнително и го труеш, следи само симболичен чин притвор во домашни услови.Во целиот овој случај, има и еден бегалец, тоа е Васко Ковачевски, поранешен директор на ЕСМ и човек од СДС.Постапките на судството и обвинителството покажуваат дека поединци од овој систем работат само по насоки од СДС и ДУИ и го штитат криминалот, наместо да ја работат својата работа која е воспоставување на владеење на правото.Токму овој правосуден систем воопшто не се грижи за граѓаните, исто како што не се грижат и неговите работодавачи СДС и ДУИ. Колку за илустрaција, иако изгласана недоверба на пет судии од Судскиот совет во Собранието која ја претставува народната волја, тие судии мува не ги лази.Судиите од Судскиот совет за кои е изгласана недоверба ладнокрвно велат ќе си работеле и понатаму без разлика што довербата од граѓаните им е на ниво на статистичка грешка или околу два проценти.На дело е спрегата правосуден систем – мазут мафија – СДС, ДУИ. Резултат е кражба и труење на народот. Затоа мора да се стави крај на ваквите случаи, а за тоа мора да има одговорност.

Македонија | пред 1 година

272275387_469538504637781_7337616212632868526_n

Претрес во Струга: полицијата најде оружје и куршуми

На 12.03.2025 во 08.00 часот, полициски службеници од ОВР Струга го лишиле од слобода Џ.Д.(71) од с.Делогожда, струшко. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени ловечка пушка „Брно ЗХ 321“ калибар 16 милиметри, куршуми со калибар 8х57, ловечки патрони калибар 16 милиметри, други предмети и соодветна дозвола.При претрес во неговото возило „хјундаи“ со швајцарски национални ознаки, кое било паркирано во дворот, биле пронајдени и одземени ловечка пушка карабин 8х57 „Црвена Застава“, ловечки патрони калибар 16 милиметри и куршуми калибар 8х57, кои нелегално ги поседувал. По целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 1 година

zaharova

Русија ќе одговори со сите сили ако некој распредели војници во Украина, најави Захарова

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова предупреди дека распоредувањето на странски сили во Украина ќе предизвика жестока реакција од Москва.„Кремљ ќе го смета доаѓањето на странски сили како директно мешање во конфликтот“, истакна таа.Таа додаде дека Русија „ќе одговори со сите расположливи средства“ доколку некоја земја се обиде да распореди свои војници во Украина.Да потсетиме, како дел од напорите да се гарантира безбедноста на Украина по каков било потенцијален мировен договор, европските лидери предложија испраќање мировни сили во земјата. САД ја отфрлија можноста за испраќање свои војници, но Велика Британија и Франција се меѓу земјите во Европа кои ја разгледуваат можноста.Британските медиуми минатата недела објавија дека околу 20 земји, главно од Европа и Комонвелтот, покажале интерес да се приклучат на т.н. коалиција на спремни, која би и пружила помош на Украина. Иницијативата за формирање „коалиција на волните“ доаѓа од Британија, поточно од кабинетот на британскиот премиер Кир Стармер.

Свет | пред 1 година

kapusevski-kovacevski-jahoski

Пуцко Петрол и Ратко Капушевски, тераа бизниси изроден како резултат на коалицијата ДПМНЕ и ДУИ, вели СДСМ

Опозициската СДСМ се огласи за скандалот и корупцијата со набавка на мазут.„Подобо е ВМРО- ДПМНЕ ДА молчи и да не го повикува СДСМ за било што поврзано со Пуцко Петрол и Ратко Капушевски, бизнис изроден како резултат на коалицијата ДПМНЕ и ДУИ“, велат од СДСМ.Капушевски посочуваат е долгогодишен поддржувач и „дете на Груевски“, ДПМНЕ точно знае дека за овој случај е одговорен човек кој излегол од нивните структури, а Пуцко Петрол е компанија која израсна во времето на коалицијата ДПМНЕ-ДУИ и е главен бизнис партнер на сите градоначачници на ДПМНЕ ама и на институциите кои ги водат.,,Само во последните 9 месеци, општини и институции раководени од ДПМНЕ имаат склучено 170 тендери со компанијата Пуцко Петрол. За ова треба да одговори ДПМНЕ.СДСМ дава поддршка на истрагата и очекуваме целосно расветлување на случајот. Секој кој се огрешил треба да одговара.Но, ДПМНЕ треба да одговори како тоа повторно кога е обвинет некој од ДУИ нема притвор, дали повторно има договор како што беше со Артан Груби кој беше пуштен да избега“, соопштија од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-03-13-at-11.36.28

Овчар запалил нива кај Катланово, обвинителството го гони за дело со кое е предивден затвор

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 49-годишен жител на Тетово за кого постои основано сомнение дека во Скопје сторил кривично дело – Предизвикување општа опасност согласно член 288 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.На 11 март, во атарот на селото Катланово каде што бил ангажиран како овчар, осомничениот, иако знаел дека постои реален ризик да се предизвика опасност, запалил оган кој се проширил од ветрот што довело до опожарување на површина од 4,7 хектари од кои еден дел била дабова шума и ниска вегетација. Со пожарот била причинета штета проценета на околу 196.000 денари.Надлежниот јавен обвинител од судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје побара да бидат определени мерки на претпазливост – обврска осомничениот повремено да се јавува во Судот и забрана за преземање на определени работни активности кои се поврзани со кривичното дело.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-03-12-at-20.14.35

(Видео) Извршителката Деловска: Не се чувствувам како уништувач на животи, старите предмети и нас ни тежат

Во „Претрес со Ландов”, вечерва гостин е претседателката на Комората на извршители, Весна Деловска. Извршителите се свесни како ги етикетираат, но, вели Деловска, има повеќе вистини.„Не се чувствувам како уништувач на човечки животи, некогаш и психолози стануваме. Знаеме со кого имаме работа уште кога ќе влезе странката. Се добива впечаток за нечовечност, но тоа не е така, тоа е и дел од домашно воспитување. Повеќе мака имаме од доверителите кои некогаш се нетрпеливи да ги добијат своите пари”, вели Деловска.Ние не утврдуваме нечие право, старите предмети и нас ни тежат, вели Деловска.

Македонија | пред 1 година

polska-granica

Полска ги повика САД да го пренесат своето нуклеарно оружје на нејзина територија

За да ја одврати Русија од идна инвазија, полскиот претседател сака Вашингтон да го префрли своето нуклеарно оружје на полска територија.Во интервју за Фајненшл тајмс, Анджеј Дуда рече дека ја покренал идејата со специјалниот пратеник на Доналд Трамп за војната во Украина, Кит Келог.- Во 1999 година границите на НАТО се поместија кон исток, па 26 години подоцна и инфраструктурата на НАТО треба да се движи кон исток. Тоа ми е очигледно. Побезбедно би било ова оружје да биде веќе во земјата“, рече тој.Трамп го потврди блискиот сојуз меѓу САД и Полска на состанокот меѓу двајцата претседатели минатиот месец и ја пофали посветеноста на Варшава за зголемување на трошоците за одбрана, објави Белата куќа во саботата по средбата.„Реков дека безбедноста на Полска и Централна Европа треба да се зајакне, но тој рече дека како еден од најсигурните сојузници не треба да бидам загрижен“, рече тогаш Дуда во Вашингтон.

Свет | пред 1 година

izrael

ОН: Израелците јавно ги соблекуваат и сексуално ги злоставуваат Палестинците

Израел извршил „геноцидни акти“ врз Палестинците со систематско уништување на здравствените установи на жените за време на конфликтот во Газа и користел сексуално насилство како воена стратегија, велат експертите на ОН во новиот извештај.Постојаната мисија на Израел во ОН во Женева ги опиша наводите во извештајот како неосновани, пристрасни и неверодостојни.„Израелските власти делумно го уништија репродуктивниот капацитет на палестинските жени во Газа како група, вклучително и со наметнување мерки наменети за спречување на раѓања, што е една од категориите на геноцидни акти во Римскиот статут и Конвенцијата за геноцид“, соопшти Независната меѓународна истражна комисија на ОН, осврнувајќи се на окупираните, Израел, палестинската територија и Источна територија.[caption id="attachment_323969" align="alignnone" width="665"] Screenshot[/caption]Овие дела, заедно со зголемувањето на смртноста на мајките поради ограничениот пристап до медицински материјали, претставуваат злосторство против човештвото по пат на истребување, објасни комисијата.Извештајот ги обвини израелските безбедносни сили дека користеле присилно јавно соблекување и сексуален напад како дел од нивните стандардни оперативни процедури за казнување на Палестинците, по нападот предводен од Хамас врз јужен Израел во октомври 2023 година.Израел ги отфрли обвинувањата.„ИДФ (Израелските одбранбени сили) имаат конкретни директиви... и политики кои недвосмислено забрануваат такво однесување“, одговори постојаната мисија во ОН во Женева во соопштението, додавајќи дека нејзините процеси за преглед се во согласност со меѓународните стандарди.Претходниот извештај објавен од Комисијата во јуни 2024 година го обвини Хамас и другите палестински вооружени групи за сериозни прекршувања на правата во нападот на 7 октомври 2023 година, вклучително и тортура и понижувачко постапување.Израел е страна на Конвенцијата за геноцид и Меѓународниот суд на правдата му нареди во јануари 2024 година да преземе мерки за спречување на акти на геноцид за време на војната против Хамас.Таа не е членка на Римскиот статут, кој му дава јурисдикција на Меѓународниот кривичен суд да решава поединечни кривични случаи кои вклучуваат геноцид и злосторства против човештвото. Јужна Африка поднесе тужба за геноцид против акциите на Израел во Газа пред Меѓународниот суд на правдата.

Свет | пред 1 година

Screenshot-2025-03-13-at-10.52.34

За нови возила државата потрошила 8,5 милиони евра - две фирми највеќе ќаруваат, најскапото го земале во Шутка

Државните институции во 2023 и 2024 година потрошиле вкупно 8,5 милиони евра за набавка на нови патнички возила, дел купени, а дел земени на лизинг, покажува најновата анализа за јавните набавки на на Центарот за граѓански комуникации.Според податоците, Владата на лизинг набавила 45 возила за сегашните функционери, како и за поранешните премиери и претседатели, при што секое од нив чинело по 50.000 евра. Најскапото возило е набавено од Општина Шуто Оризари за 55.000 евра, додека Општина Прилеп најпрво купила возило за 63.000 евра, но потоа го раскинала договорот.Просечната вредност на сите набавени возила во последните две години е 31.760 евра.Поединечно по институции, најмногу возила набавиле Електрани на Македонија – 82 возила за вкупна вредност од 2,2 милиони евра. Исто толку пари, но за речиси двојно помалку возила, има потрошено и Владата, преку Службата за општи и заеднички работи, за набавката на лизинг на 45 возила, секое по 50 илјади евра. Следно на листата е Министерството за внатрешни работи, кое набавило вкупно 28 возила за 900 илјади евра. По повеќе од половина милион евра за нови возила потрошиле Агенцијата за национална безбедност, за набавени 23 возила, и Водостопанство, за набавени 15 возила.Просечниот број понуди од фирмите на тендерите за набавка на нови возила изнесувал 1,4 понуди. На дури 70% од овие набавки имало само по една понуда. Највисок број на добиени понуди на еден тендер бил три, но такви имало само во четири постапки.– Кога станува збор за фирмите коишто ги добиваат овие тендери, дури 78% од 8,5 милиони евра одат само кај три фирми. Меѓу нив, најголема вкупна вредност на склучените договори за јавна набавка на возила имаат две фирми. И двете оствариле по околу 2,8 милиони евра вкупна вредност на договорите за анализираните две години. Станува збор за Порше лизинг со 2.853.911 евра и Аутомотив груп со 2.744.380 евра. Трета, со 1.062.920 евра е Еуроимпекс. Во оваа група на фирми коишто се издвојуваат според вредноста на договорите за јавни набавки за возила спаѓаат уште и Јосифов со 653.203 евра и Делукс-ауто со 620.985 евра. Сите други фирми што продаваат возила или нудат возила на лизинг имаат значително помали износи на склучени договори за јавни набавки за возила – покажува истражувањето.Најголемите добитници на договори за набавка на возила се Порше Лизинг и Аутомотив Груп, секоја со договори вредни околу 2,8 милиони евра во последните две години.

Македонија | пред 1 година

policija-rekord-avtobus

Гостиварец осуден за силување, наместо во затвор се шетал низ град - вчера бил уапсен

На 12.03.2025 во 19.50 часот на улица ,,Бане Вељаноски“ во Гостивар, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка Скопје го привеле И.Б.(34) од Гостивар.“Тој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување казна затвор од три години за сторено кривично дело по член 186 став 2 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во Казнено - поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната“, велат од МВР, а делото е силување со тешка телесна повреда, смрт или други последици.

Македонија | пред 1 година

IMG_2111

Русија објави дека украинските специјални служби планирале да испратат бомби по пошта

Руската безбедносна служба тврди дека биле планирани серија терористички акти против руската војска и државните службеници, но тие биле спречени.ФСБ објави дека украинските специјални служби планирале да испратат бомби по пошта. Тие тврдат дека станува збор за рачно изработен експлозив засаден во парфеми за подароци. Во извештајот се наведува дека уредите биле деактивирани од одредите за бомби.Подоцна, наводно бил приведен руски државјанин, за кој ФСБ тврди дека „ги отстранил споменатите пакети од скривалиштето во Чељабинск и ги испратил преку руска пошта до воениот персонал и владините претставници кои живеат во Москва, Воронеж, Краснодарскиот крај и Саратовската област“.Службата соопшти дека лицето било регрутирано од Украина и работело за компензација.

Свет | пред 1 година

asmir-jahoski

Обвинителство и судот се обвинуваат кој го спаси Јахоски од притвор во Шутка

Бил татко на четири деца, имал неколку фирми но и татко пратеник од ДУИ и долгогодишен градоначалник на Пласница. Што беше одлучувачко сопственикот на Пуцко Петрол Асмир Јахоски наместо во активен притвор да оди во куќен притвор.Судот и Обвинителството со различна содржина во соопштенијата меѓусебно се обвинуваат кај кого е вината и различниот аршин при одредување на мерка за обезбедување на Асмир Јахоски и другите осомничени за тендерите за мазут за ТЕЦ Неготино.Обвинителството вчера соопшти дека побарало притвор за Асмир Јахоски, но судот му определи домашен притвор. Судот пак синоќа информира дека Јавниот обвинител се согласил за промена на предлогот за определување мерка притвор со предлог за определување на мерка куќен притвор, што било прифатено од судијата на претходна постапка. Обвинителството денеска повторно се огласи со став дека тие си барале притвор, но судот не прифатил.„Судијата на претходна постапка при донесување на одлуката ги имал предвид околностите истакнати во предлогот на обвинителството, но во исто време ги имал предвид и субјективните околности што се на страна на осомничениот, односно дека истиот со одлука на Основен граѓански суд Скопје е старател на неговите четири деца, од кои три се малолетни, дека има оформени цврсти врски со државата и сопствена фирма со повеќе вработени, како и дека неговата здравствена состојба е нарушена за што доставил документација.Судијата на претходна постапка не прифаќајќи го предлогот на обвинителството одлучил на осомничениот да му изрече мерка куќен притвор, а воедно оценил дека се исполнети условите да му биде изречена и мерка на претпазливост – одземање на патна исправа и забрана за издавање на нова патна исправа“, соопшти денеска Обвинителството.Судот во соопштение вчера објавија дека јавниот обвинител се согласил осомничен за милионски суми да оди во куќен притвор.„Во однос на осомничениот А.Ј., по произнесување на осомничениот пред судија на претходна постапка Јавниот обвинител се согласи за промена на предлогот за определување мерка притвор со предлог за определување на мерка куќен притвор, што беше прифатено од судијката на претходна постапка”, објави вчера кривичниот суд.Премиерот Христијан Мицкоски, без да го спомене по име се огласи денес со алузија дека улога одиграл токму шефот на обвинителството за гонење организиран криминал и корупција Ислам Абази, човек кој одамна важи за близок до ДУИ и имаше фотографии со челници на ДУИ.„За мене се алармантни информациите коишто ги добивам, коишто се поврзани со однесувањето на прв човек на едно обвинителство кога слушнал за акцијата којашто ја спроведуваше МВР и БЈБ пред два дена. Навистина сум шокиран како се однесувал тој човек и како продолжува да се однесува. На нив не им е местото таму. Ако сакаат да бидат дворско-партиски забавувачи, тогаш нивното место не е во Обвинителството, туку во оние големи хациенди коишто се изградени во Западна Македонија, но доколку сакаат навистина да имплементираат правдина, тогаш треба да го сменат своето однесување. Но, тоа што го слушнав како тој човек се однесувал, мислам дека многу скоро од денеска ќе се кае, но тогаш се плашам ќе му биде доцна“, изјави Мицкоски.Обвинителството вчера по извршените акции отвори истрага против 13 лица и една фирма за сторени кривични дела:злоупотреби и перење пари при набавка на мазут со сомнителен квалитет за државните електрани. Провоосомничен е Ратко Капушевски кој од вчера е во истражниот затвор Шутка заедно со партнерот Ерџан Сулкоски и екс директорот на ЕСМ Адријан Муча. Останатите 8 лица се во куќен притвор. Екс директорот на ЕСМ Васко Ковачевски се уште е во бегство.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-45-4430PM

Возач удрил тинејџер од Тетово, па избегал

На 11.03.2025 во 18.50 часот во СВР Тетово било пријавено дека на крстосница од ул.„Борис Кидрич“ со ул.„Благоја Тоска“ во Тетово, патничко возило, управувано од женско лице, удрило во А.З.(18) од Тетово и го напуштило местото на настанот.Во несреќата, А.З. се здобила со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Тетово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-03-11-at-10.00.38

Одлуката за куќен притвор за синот на пратеникот Исмаил Јахоски ја донесе корумпираното судство на СДС и ДУИ, вели ВМРО-ДПМНЕ

„СДС во паника и соочен со сопствените скандали, очајнички се обидува да ја префрли вината, но реалноста е повеќе од јасна: одлуката за куќен притвор за синот на пратеникот Исмаил Јахоски ја донесе корумпираното судство на СДС и ДУИ“, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:СДСМ должи одговор: како тоа „независното“ судство под нивна контрола му додели привилегиран третман на главниот бизнис партнер на Зоран Заев и пратеник на Али Ахмети?СДСМ е последниот што има право да зборува за правда.Истото судство што пушташе криминалци низ судските ходници, што го амнестираше Рашковски, што го ослободуваше Филипче, сега повторно го прави истото.Факт е дека оваа одлука на корумпираниот судски систем е во нивен интерес, затоа што го заштитува нивниот криминален круг.Судството кое го бетонираа со своите кадри, сега продолжува да работи по нивен терк.А сега ќе ви кажеме кој се јавил – нека биде тоа наградна игра за вас.а) се јавил или шефот на Обвинителството за организиран криминал, сосед и другар од детство на Али Ахмети, по договорот што паднал на средбата меѓу Ахмети и Пуцко сениор во канцелариите на Партизански одреди пред четири недели, кога разговарале и на тема „што ако има нови апсења на блиски луѓе на ДУИ“ - средба за кое цело Скопје денес зборуваб) се јавил Венко Филипче по налог на Али Ахмети за да го спаси синот на финансиерот на ДУИ, Пуцко, затоа што СДС сè уште е заложник на ДУИ, особено откако фанатично со денови го брани Судскиот совет, кој завчера криумчарски и шверцерски избра вршител на должноста претседател на Врховниот суд од ДУИв) се јавил истиот што се јавува стално, а поврзан е и со точка а и со точка б, поврзан со СДС, кој е измеќар на политичките и бизнис-структурите во државата што ја гушат правдата и ја уништуваат државатаИ на крај, пораката е јасна и недвосмислена: ќе ви дојде крајот на сите криминалци.Може да ги кочите процесите, може да ги опструирате, може да се обидувате од петни жили да ја запрете правдата, но нашата волја е челична. Ќе воведеме ред и сите што се огрешиле ќе одговараат.Ваквите мизерни соопштенија само ве откриваат – и вас, и вашите намери, и вашето измеќарство кон ДУИ. А не се сомневаме дека ќе ги откриеме и вистинските причини зошто толку фанатично го штитите ДУИ.Во случај кога за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, МВР апси поранешен функционер на ВМРО-ДПМНЕ, Капушевски, кој добива притвор, но за поддржувачот на ДУИ не смее да има притвор – тоа е вашиот „правен систем“.Затоа сте избезумени сега, затоа што гледате дека нема кај нас милост кога правдата е во прашање и тоа ве плаши.

Македонија | пред 1 година

sednica-co-sdsm-4

ДПМНЕ да одговори кој од Белата палата се јави за да има куќен притвор за Асмир Пуцко Петрол?, прашува СДСМ

„ДПМНЕ наместо да си ја ишка мувата на капата треба да одговори дали откако бил поднесен предлог за притвор по интервенција од Белата палата следувало препавање на решението во куќен притвор?“, вели СДСМ и додава:Зошто надлежните судови досега не го преиначиле ова решение за куќен притвор иако имаат надлежност за тоа?Или ДПМНЕ е над сите закони и судови и што ќе каже белата палата тоа е?Јасно е зошто има само куќен притвор за осомничениот Асмир Јахоски, од Пуцко Петрол.Старо-новата коалиција на ДПМНЕ и ДУИ очигледно си функционира одлично.Коалицијата ДУИ и ДПМНЕ го пушти и Артан Груби да избега преку граница и да биде недостапен за правдата. Поминаа цели 3 месеци власта не презема ништо да го врати.Кога Бојан Стојановски ќе држи прес конференции следен пат нека одговори што и должи ДПМНЕ на ДУИ. За колкави провизии станува збор?

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-03-11-at-10.00.38

Јахоски од „Пуцко Петрол“ не добил притвор оти бил татко, имал силни врски со државата, фирма и лоша здравствена состојба

Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција тврди дека барале притвор за Ахмир Јахоски, сопственик на „Пуцко Петрол“, а не куќен притвор како што посочуваат од Кривичниот суд.„За едно лице (Ахмир Јахоски, Пуцко Петрол) осомничено за кривично дело Перење пари и други приноси од казниво дело предлогот на обвинителството за определување на мерка притвор не е прифатен и е определена мерка куќен притвор. Во образложението на Решението е истакнато дека судијата на претходна постапка при донесување на одлуката ги имал предвид околностите истакнати во предлогот на обвинителството, но во исто време ги имал предвид и субјективните околности што се на страна на осомничениот, односно дека истиот со одлука на Основен граѓански суд Скопје е старател на неговите четири деца, од кои три се малолетни, дека има оформени цврсти врски со државата и сопствена фирма со повеќе вработени, како и дека неговата здравствена состојба е нарушена за што доставил документација.Сите овие околности, како што е истакнато во решението, одат во прилог на намален ризик од бегство и во насока на оправданост за определување на поблага мерка за обезбедување на присуство. Така, Судијата на претходна постапка не прифаќајќи го предлогот на обвинителството одлучил на осомничениот да му изрече мерка куќен притвор, а воедно оценил дека се исполнети условите да му биде изречена и мерка на претпазливост – одземање на патна исправа и забрана за издавање на нова патна исправа.Обвинителството во соработка со правосудната полиција презема дејствија во насока на обезбедување на докази за сопственост на движен и недвижен имот на осомничените со цел нивно обезбедување заради понатамошна евентуална конфискација“, велат од Обвинителството.

Македонија | пред 1 година

Kapusevski-Jahoski-Kovacevski

Мицкоски: Ги труеле граѓаните со канцероген мазут за да се стекнат со богатство од над стотици милиони евра, секој кој се огрешил пред законот ќе одговара

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање во однос акцијата на МВР за случајот канцероген мазут и мерките издадени од судот, изјави:„Па видете, јас не би ги коментирал одлуките на судот. Тоа сум го кажал многу пати во минатото. Но можам да кажам дека овие луѓе коишто правеле стотици милиони евра бизнис на грбот на граѓаните, практично се богателе на грбот на македонските граѓани со тоа што користеле, ете такви недозволиви, би рекол, средства и согорувале таков тип на недозволиви материи со што го загрозувале животот и го уништувале единственото право на живот коешто е уставно гарантирано за сите граѓани.Довербата во судството е таква каква што е. Јас тука немам што да додадам. Секој оној којшто се огрешил пред законот ќе одговара, јас тоа сум го кажал многу пати во минатото, без разлика за кого станува збор.Но, исто така дозволете ми да се заблагодарам и на Министерството за внатрешни работи, на Бирото за јавна безбедност и останатите припадници на МВР коишто беа вклучени во акциите. Затоа што мора еднаш засекогаш да владее правото, правната држава и таа да биде подеднаква држава за сите граѓани, а не само за едни да биде мајка, а за други маќеа.Така што еве ги охрабрувам овие акции коишто се во насока на борба против организираниот криминал, како што е овој случај за којшто вие зборувате.“А во однос на тоа дека станува збор за набавка на сомнителен мазут, со сомнително потекло и квалитет, премиерот Мицкоски додаде:„Да почекаме истрагата да заврши и дури откако ќе заврши истрагата можеме да коментираме кои се сите основани сомневања за коишто овие лица ќе бидат обвинети. До тогаш ќе се држиме до она до коешто Министерството за внатрешни работи и Бирото за јавна безбедност го соопштија на јавноста.“

Македонија | пред 1 година

policija-rekord-avtobus

827 казни за сообраќајни прекршоци во текот на вчерашниот ден

Во текот на вчерашниот ден (11.03.) од вкупно изречените 827 платни налози од страна на полициските службеници во рамки на опфатните сообраќајни контроли на патиштата низ земјата, после подолг период прекршоците од делот на неправилно паркирање и непридржување до пропишаната брзина на движење, статистички се симнати од врвот за сметка од вчера изречените 209 прекршоци што ги сториле пешаците.Па така по основ на неправилно паркирање и непридржување до пропишаната брзина на движење согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата вчера биле изречени 203, односно само 52 прекршоци. Исто така евидентиран е и зголемен број на прекршоци по основ на неносење сигурносен појас – 82, потоа 13 учесници во сообраќајот се казнети заради неносење заштитен шлем а 35 возачи заради говорење на мобилен телефон при возење.Покрај ова вчера петмина возачи минале на црвено светло, шестмина управувале под дејство на алкохол, 69 возачи управувале возила без возачки дозволи, а пак следствено одредбите од Законот за возила – 10 возила се исклучени од сообраќак заради техничка неисправност, а 16 возила затоа што не биле со валидна регистрација.

Македонија | пред 1 година

jakimovski-stevco

Жителите на Злокуќани тргнаа во бунт за да не се префрли центарот за зависници во болницата Бардовци

Градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски заедно со локалното население од Злокуќани ги повикаа владата и министерството за здравство да ја преиспитаат намерата да го префрлат центарот за зависници од Кисела Вода во болницата Бардовци.Имам крајно непријатна потреба да се обратам до јавноста, затоа што се наоѓаме пред болницата за душевно болни „Бардовци“ што се наоѓа на територија на општина Карпош и уште понепријатно ми е што граѓаните мораат на ваков начин да го изразуваат револтот на ваков начин и јас како градоначалник. Нормално е кога треба луѓе да се лекуваат. Треба и ние да создадеме услови за лекување на секој еден. Оваа душевна болница е скоро 60 и кусур години на оваа локација. Граѓаните се веќе научени со проблемите што ги имаат со нејзе, со децении, и очигледно дека веќе немаме никаков проблем. Но, сега се јавува еден огромен проблем, затоа што министерството за здравство сака сите лица зависници од опојни дроги да ги донесе овде и лекувањето да биде во душевната болница. Ние немаме проблем да се врши лечење, но секој треба да се лечи во својата општина. Што значи тоа? Сите зависници од општина Карпош, треба да се лекуваат во Карпош, и сите што се во други општини да се лечат на други места. Јас го побарав министерот за здравство, му објаснив дека имаме сериозна реакција од граѓаните, во исто време и јас не се сложувам со ваквиот начин на решавање на проблемите. Објаснувањето беше дека имаат само два тима, изјави градоначалникот Јакимовски на прес конференција.Јакимовски предупреди дека доколку се реализира планот на министерот за здравство директно ќе се загрози животот на жителите на Злокуќани, кои во моментот веќе трпат огромен терор од неколку семејства доселени од Косово кои се недопирливи за полицијата, обвинителството и судот.-Не можеме ние само да бидеме колатерална штета и граѓаните на Злокуќани, затоа што имаме неодговорно министерство, не зборувам само за ова, зашто има само два тима за лекување. Замислите, сакаат сите овие зависници од дрога, што биле во Кисела Вода да ги префрлат овде во Карпош, и замислете кое е објаснувањето. Градоначалникот на Кисела Вода имал изборно ветување дека ќе ги тргне зависниците од болницата каде што се лекуваат во Кисела Вода. Јас на колега Орце Георгиевски сакам да му порачам дека оваа работа не е наша општинска, ова е државна работа. Второ, ако тој има дадено ветување да ги трга од својата општина зависниците од друга, јас не сум дал ветување на граѓаните на Злокуќани и Карпош дека ќе им доведам овде зависници од дрога од територија на сите општини на град Скопје. Затоа сметам дека тој најмалку треба да се прави газда во туѓ двор, односно најмалку да посочува каде треба да бидат сместени. Од друга страна морам да упатам критика до министерството за здравство, мора да си најде решение, но овие граѓани овде нема да дозволиме да бидат реметени токму од зависниците од опојни дроги, затоа што Злокуќани и сега трпи огромен терор, особено од неколку семејства што се доселени од Косово со кои не може да се справи ни полицијата, ни обвинителството, ни судовите, ни граѓаните... и сега ако го направиме и овој дополнителен товар на овие граѓани буквално покажуваме желба да ги исселиме, а никако да им го подобриме животот и животните услови, изјави Јакимовски.Градоначалникот предлага секоја општина да се грижи посебно за зависниците од дрога од својата општина, за конечно да се надмине овој проблем.-Општината направила се овие луѓе да живеат тука во слога и да имаме нормално функционирање на локалната самоуправа. За жал имаме обид за реметење на животот на овие граѓани. Минатата власт сакаше во Бардовци да ни донесе имигранти, оваа власт сака да ни ги донесе зависниците од дрога. Луѓето имаат објективни причини да се плашат кој во нивна близина ќе постои и ќе оперира. Затоа сметаме дека секој треба да се лечи во својата општина, министерството мора да го коригира ставот, во спротивно ќе имаме сериозни проблеми. Граѓаните ова не го заслужуваат, изјави градоначалникот на општина Карпош.Жителите на Злокуќани предупредија дека доколку ги донесат зависниците во оваа населба, староседелците ќе бидат принудени да се исселат бидејќи ќе имаат многу проблеми со нив. Затоа јавно порачаа дека нема да се сложат со ваквата евентуална одлука на министерството за здравство.

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2025-03-06-at-10.06.31

Рубио: Денеска ќе контактираме со Русите за прекин на огнот

Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека САД денеска ќе стапат во контакт со руската страна и се надеваат на позитивен одговор од Москва.„Силно ги повикуваме Русите да ги прекинат сите непријателства. Нема воено решение за овој конфликт“, рече Рубио.Тој потврди дека преговорите во Џеда вклучиле дискусии за „како треба да изгледа преговарачкиот процес“, вклучително и „разговори за територијални отстапки“.„Ако Русите одбијат, тоа ќе ни каже многу за нивните цели и начин на размислување“, рече Рубио.Рубио, кој сигурно ќе биде пречекан во Киев, истакна дека на Украина и треба доволно силна заштита од идни напади. Тој додаде дека европските земји ќе мора да се вклучат во овој поглед, пренесува Ројтерс. Тој истакна дека договорот за минерални суровини не треба да се толкува како безбедносна гаранција.

Свет | пред 1 година

gjorcevski-aleksandar

Таткото првпат ми го покажаа во полициска станица на распит, каде бев принуден да кажам дека контактирал со Палевски, вели Манев

Им кажал дека треба да грабнат жена на возраст од 38-40 години, која е ќерка на фармацевт, но никогаш не им кажал дека грабнувањето на Вања Ѓорчевска е грешка. Ова го просведочи Велибор Манев во неговиот исказ во судот. Манев сведочи дека бил принуден во полициска станица да каже дека го познава обвинетиот татко на Вања, лицето Александар Ѓорчевски.Обвинителство: Кога Палевски ја прашува чие дете е од која фамилија, дали тогаш дознавте кое е детето? Oдговорите од детето ги слушавте?Обвинетиот Манев: Ви кажав, кога видов дека е дете, на Палевски му рековме дека е грешка дека треба да ја пуштиме од кога дознав дека е дете. Но, тој рече седите таму, се е чисто, немајте гајле.Обвинителство: Значи ли тоа дека Палевски во ниту еден момент не рекол дека Вања е грешка?Обвинетиот Манев: Да.Обвинителство:  Споменавте дека една од жртвите требало да биде ќерка на фармецефт, значи ли тоа дека мислите да грабнувате ќерка на фармацефт?Обвинетиот Манев: Точно, знаевме дека грабнуваме ќерка на фармацефт. На некој, името не му го знам, тоа го знае организаторот Љупчо Палевски, бидејќи тој познавал ВИП личности, се што знаев е дека тоа е ќерка на фармацефт од прв брак. Кој фармацефт не знам.Обвинителство:  Ќе си согласите дека пари требаше да бидат побарани пари од мајката на детето за што постоел договор помеѓу Александар Ѓорчевски и Палевски?Обвинетиот Манев: Никогаш не сум слушнал од Кешишев дека и од кого треба да се земат пари. Поготово од Кешишев. А претходно кажав дека таткото првпат ми го покажаа првпат на телефон во ПС на распит каде бев принуден дека Љупчо Палевски и Сашко имале контакт на телефон.Обвинителство: На сила го дававте и исказот пред обвинителството?Обвинетиот Манев: Мислам дека и таму кажав дека таткото не го познавам, и дека не знам дали контактирал со Палевски. На било која изјава и распит немам кажано дека тие две особи контактирале меѓу себе.Обвинителство:  Можам ли да заклучам дека вие ни кажувате не сте имале намера ниту првиот пат да го убиете Жежовски, ниту оштетеното дете, туку вашата замисла била да грабнете човек, да го ставите во дупка која ја нарекувате земуница, да го чувате седум дена таму?Обвинетиот Манев: Со мала разлика на ова што го кажавте, идејата беше да се земе пензионерот Панче, да се спушти во земницата, да биде 24 чса таму до грабнувањето и тука да се направи замената, и жената да се држи да се земат парите од фамилијата.Обвинителство: Рековте сте носеле маски на лицата, маски на целото лице?Обвинетиот Манев: Медицински маски преку глава со капче и да се гледаат само очите.

Македонија | пред 1 година

fatmir-limani-2

Скандал, на министерот на Мицкоски му е забранет влез во САД, вели СДСМ

СДСМ обелодени дека на Фатмир Лимани, која е дел од коалицијата “Вреди“ и е министер за социјална политика, му е забранет влез во САД.Еве што стои во соопштението на СДСМ:,,Скандал до скандал во Владата на Мицкоски. Иако тврди дека гради стабилни односи со САД, премиерот крие од јавноста дека неговиот министер, Фатмир Лимани, добил забрана за влез во САД. Поради ова, тој бил принуден да ја откаже планираната посета, а Владата молчи за причините зад оваа драматична одлука.Ова отвора сериозни прашања за кредибилитетот на владините претставници и за политиката што ја води Мицкоски. Доколку тој навистина ужива поддршка од американската администрација, како што често тврди, сега е моментот да го докаже тоа со конкретни чекори.Во спротивно, неговата тишина само ќе потврди дека во Владата се толерираат контроверзни личности.Јавноста има право да знае: кои се причините поради кои Лимани е прогласен за непожелен во САД? Дали ова значи дека тој е вмешан во скандал што ја загрозува меѓународната репутација на земјата?Мицкоски не може да остане без одговор. Доколку навистина е посветен на транспарентноста и партнерството со САД, мора веднаш да го разреши министерот Лимани. Секое одолговлекување само ќе покаже дека премиерот ја става партиската лојалност пред државните интереси.Ги повикуваме Лимани и Мицкоски веднаш да излезат пред јавноста и да одговорат:Зошто министерот има забрана за влез во САД?Дали ќе биде разрешен или Владата ќе продолжи да го штити?Ова не е случај што може да се премолчи”.

Македонија | пред 1 година

IMG_7454

Пешак прегазен во Штип

На 11.03.2025 во 11.50 часот во СВР Штип било пријавено дека на ул.„Христијан Тодоровски Карпош“ во Штип, патничко возило „мицубиши“ со штипски регистарски ознаки, управувано од П.Б.(41) од Штип, удрило во пешакот Ј.Ј.(67) од Штип.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Клиничка болница Штип.Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.

Македонија | пред 1 година

0964BAC4-1A3C-40D7-9AAE-CF47671F6FE0_1_105_c

Кремљ денеска првпат реагираше на американско-украинскиот договор

Кремљ денеска првпат реагираше на американско-украинскиот договор за 30-дневен прекин на огнот, но соопшти дека нема да извлекува предвремени заклучоци пред да добие официјални информации од Вашингтон.Говорејќи на редовниот брифинг со новинарите, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека Москва внимателно ги проучува изјавите од Џеда, каде што САД и Украина се договорија за прекин на непријателствата и враќање на американската безбедносна помош за Украина.„Се запознаваме со заедничката изјава од Џеда и изјавите што следеа по средбата“, рече Песков.Тој додаде дека Кремљ во следните неколку дена ќе добие дополнителни информации од американскиот државен секретар Марко Рубио и советникот за национална безбедност Мајк Валц, кои ќе ги пренесат деталите од договорот преку различни дипломатски канали.„Ги разгледуваме сите опции, вклучително и можноста за телефонски разговор на највисоко ниво, односно меѓу претседателот Путин и претседателот Трамп“, рече Песков. На прашањето за реакцијата на Русија на предлогот за прекин на огнот, тој повтори дека Москва мора прво да добие целосни информации од американските претставници.„Видете, не сакаме да донесуваме предвремени заклучоци, тоа е последното нешто што го сакаме“, рече Песков, нагласувајќи дека веќе се закажани контакти со американската страна и дека се очекуваат целосни информации за содржината на преговорите во Саудиска Арабија.САД и Украина, за потсетување, вчера на состанокот во Џеда постигнаа договор за 30-дневен прекин на огнот, кој може да се продолжи со заедничка согласност на Русија и Украина. Договорот вклучува обновување на американската воена помош и размена на разузнавачки информации за Украина.Целта на договорот е да се отвори простор за преговори со Русија, додека Украина се согласи да формира преговарачки тим и да работи на трајно решение на војната. Путин претходно нагласи дека му е потребна долгорочна безбедност за Русија, а не привремено примирје.

Свет | пред 1 година

velibor-manev

Манев го раскажа цел монструозен план за убиството на Панче: Палчо му пукаше во слепоочницата, по четири дена нѐ прати да ја затвориме дупката за да не мириса

Обвинетиот Велибор Манев дава свој исказ пред судот за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежововски. Монструозни детали откри за планот, но и за изведувањето на двете убиства. Прво зборуваше за убиството на Жежовски, со кого се знаеле од порано. Раскажа дека неговото возило „цитроен“ требало да се искористи за грабнување на жена на возраст од 38-40 години.Интегрално, „Скопје1“ го пренесува распитот на Манев:Адвокатот Горан Бошевски: Кого познавате од другите обвинети?Обвинетиот Манев: Сите.Адвокатот Горан Бошевски: За секој одделено од кога се познавате каков е карактерот на вашата комуникација?Обвинетиот Манев: Со Боре Видевски од основно, од дете. Цел живот се знаеме , Живееме, не сме имале никакви проблеми со неговите, живееме и едноставно сме се поштувале. Со Љупчо Палевски од 2018 година тогаш стапивме во ФБ пријателство, после потребата од неговата потреба за изборни набљудувачи, му пристапив во канцеларија така се запознавме и лично. И потоа одлучив да му пристапам како член на тогашна Движење ‘Трета’, и од тогаш до денеска сум овдека со неговото познавање и знаење. Со Влатко Кешишев се понавам 2,5 години, ако не ги сметам овие година ипол во затвор. Човекот дојде во ’Опера хаус’, канцеларија на тогашна ‘Tрета’. Како готвач како домаќин, 24 часа да биде домаќин да ги оддржува канцелариите и му готвеше на Палевски. После тоа и он е тука поради тоа што му ја даде довербата на Љупчо Палевски.  2,5 години му готвеше, му служеше без никаква наднохнада, јас така знам.Адвокатот Горан Бошевски: Дали го познавате Александар Ѓорчевски?Обвинетиот Манев:  Не, ниту го знам ниту го познавам ниту претходно сум го видел.Адвокатот Горан Бошевски: Дали го познававте сега покојниот Панче Жежовски?Обвинетиот Манев: Да го познавав, работев на неговата куќа пред 15-16 години тогаш, ме измами, не ме измами едноставно не ми ги плати средствата што требаше да бидат исплата за завршена работа. Бараше коцки и камен да му се реди на влезот од куќата, одно од најскапите варијанти на изведба во градежништво.Ми остана должен 1500 евра, он кажал на неговите дека должел 500 евра, а уствари беа 1500 евра. Се спречкавме, се скаравме, му извадив 12-13 квадрати од бекатон плочките што му ги редев, он повика полиција дома, полицијата направи записник и ме опеменаа дека не смеам така да постапувам и понашам, дигнав раце од сето тоа и толку.  Уште еднаш отидов кај него во фризерницата му ги побарав парите што ми ги должи, ме избрка дојдов до степен до физички контакт да го тепам не но го сторив тоа дигнав раце и оставив на Господ. Тоа беше со контактот и познавањето на Панче.Адвокатот Горан Бошевски: Кој ги донесе овластените службени лица, од СВР Велес и Скопје, до месноста Рудник во Велес? (местото каде е закопан убиениот Панче Жежовски)Обвинетиот Манев:  Јас.Адвокатот Горан Бошевски: Кој ја ископал таа скривница/дупка?Обвинетиот Манев: Јас ја копав заедно со Влатко Кешишев. Целта беше да се чуваат грабнатите лица и откако ќе се изврши наплата да се пуштат.Адвокатот Горан Бошевски: За кои лица се работи?Обвинетиот Манев: Првично требаше Панче Жежовски, требаше да биде врзен за бетонски тег за ногата со за ланец за да се искористи неговото возило за грабнување на жена од 38-40 годишна возраст и откако ќе се грабне таа Панче да се извади, да се направи замена на грабнатите, Панче да се пушти да си замине со колата, а жената да биде лувана додека не се изврши наплата.Адвокатот Горан Бошевски: Кога е копана дупката?Обвинетиот Манев: Дупката е копана 2022 година една година и повеќе пред ова. Со ког одоговаравте киднапирање на Панче? Прво баравме некој објект каде што ќе бидат чувани грабнатите лица, но поради тоа што не најдовме, едно попладне бев во канцеларијата на трета кај ‘Шампионче’, Љупчо Палевски ми предложи да го оставам телефонот и наводно ќе сме се прошетале некаде, па кога излеговме од канцеларијата ми рече дека објект тешко може да се најде и да одредиме некое место локација за размена и каде ќе може да ги чуваме грабнатите лица. Откога го најдовме местото заедно, , се одлучи тука да се направи земуницата (дупка), и ја оставивме така да се замаскира од самата природа. За одлуката за грабнување на Панче Жежовски, некаде околу месец ипол, пред грабнувањето на лицата, бараше некоја не обележена кола, крадена или не знам што, за да може да го извршиме грабнувањето.Адвокатот Горан Бошевски: Кој бараше кола?Обвинетиот Манев: Љупчо Палевски за да може жената да е грабаната со необележена кола. Не можеше да се најде таква кола, и по негов предлог, предложи да бараме некој, пензионер сам, што ќе може да му ја искористиме колата и после кратко време ќе може да биде пуштен на слобода. Во канцеларија седевме и дојде на ум неплатениот борч на Панче Жежовски. Му кажав, дека има близок до мене, таков ме зафркнал ме измамил едноставно што ми го земал лебот и би можеле да го искористиме тој човек за целите на грабнување.Адвокатот Горан Бошевски: Кои други лица се приклучија со вас за да се реализира грабнувањето на Панче?Обвинетиот Манев: На почетокот бевме Палевски, јас и Влатко кои учеснуваа во копањето на дупките. Фалеше уште еден човек и размислив Боре беше со мене и му предложив да оди да разговара со Палчо за тоа. Евентуално приклучување ако сака да пристапи како 4 член на групата.Адвокатот Горан Бошевски:  Дали се приклучи во групата?Обвинетиот Манев: Да.Адвокатот Горан Бошевски: Кога и како го грабнавте Панче Жежовски?Обвинетиот Манев:  Панче го грабнавме на 23.11.2023 што го имаше на камерите кај мене. На 22 вечерта дојдоа Палчо со Влатко, наводно да го провери местото дали одговора за грабнување на Панче Жежовски. Отидовме до местото, го виде, и одлучи дека наредната вечер, да отидеме и да го грабнеме Панче.Адвокатот Горан Бошевски: Што се сучуваше следната вечер?Обвинетиот Манев:  23-ти утрото кога доаѓаат, во утринските часови, е вечер, кога дојдоа пиевме кафе, и утрото околу 5 ипол 6 часот, тргнавме накај куќата да го земеме Палчо. Да напоменам, дека снимките кои ги гледавме не се совпаѓа со ова што сега го кажувам, така да отидовме кај куќата на Панчета, јас Боре и Палчо, Влатко Кешишев го зема кангуто и се спушти доле кај пругата да не чека таму. Почекавме, мислевме дека сам ќе излезе, да му се нафрлиме и да го однесеме, некаде до 7:30, до 7:45, не излезе, на ладното што да излегува, па Палчо преку моторолата рече да му се тропне на врата и во самото предсобје да се врзе, да се земе. Јас не можев да се појавам, бидејќи ме знае и ми го познава гласот и одлучи Боре да му тропне на врата и да го бутне внатре,во претсобјето, ние да притрчаме и да може да го врземе. Направивме така како што кажа Палчо, тропна на врата, и слушнав дека го бутна во предсобјето, видов како Палчо влегува во претсобјето, и викаше Панче, јас пријдов пред и му ја ставив раката на устата да не може да вика, бев, бевме со маски, не не позна никој, поради тоа што пријдов јас, Палчо се исправи, јас почнав да му ги врзувам рацете, Палчо завлезе во куќата, го земал телефонот на Панче Жежовски, од влезната врата ги извади клучевите, на нив без и клучевите од колата на Панче, Љупчо Палевски отиде ја извади церадата од колата, ја бутна во претсобјето, отиде да ја пали колата а јас и Боре го изнесовме Панчета за да го ставиме во ѓепек. После тоа се симнавме доле, кај што беше паркирано ‘кангуто со кое дојдоа, Влатко Кешишев беше во него, тука ставивме гориво во колата на Панче, додека да го ставиме гориво, Палевски го фрлил телефонот на долот на Панче Жежовски. После тоа се упативме према земуницата (дупката), за да го спуштиме доле и ние отидовме за Скопје.Адвокатот Горан Бошевски: Како наточивте гориво во цитроенот?Обвинетиот Манев: Претходната вечер земавме две туби за вода, и јас и Кешишев отидовме до бензиска и наполнивме гориво, една дизел една бензин.Адвокатот Горан Бошевски: Со какви средства комуницирате за време на грабнувањето?Обвинетиот Манев: Со мотороли комунициравме, кога одлучивме за буткање во претсобјето, тоа го кажав веќе мислам, кога одлучи Палевски дека Панче нема да излезе преку моторолата ме извести дека Боре ќе го отбутне во претсобјето и ќе го направиме тоа што го направивме. Кажав и претходно дека ги користевме моторолите.Адвокатот Горан Бошевски:  Каде се упативте после грабнувањето на Панче?Обвинетиот Манев: Откога го ставивме горивото на паркингот кај пругата тргнавме кон земуницата (дупката) преку езеро, покрај Романтик по стариот пат за Скопје и селото Рудник. Стасавме до земуницата (дупката) со колата на Панче, пред нас цело време возеше пикапот, Љупчо Палевски со Влатко Кешишев беа во пикапот, а јас и Боре во возилото на Панче Жежовски. И стасавме горе кај земуницата (дупката).Адвокатот Горан Бошевски:  Што направивте кога стасавте?Обвинетиот Манев: Го изнесовме од колата, го донесовме до самиот отвор, имаше вратичка на земуницата (дупката), го спуштивме тука да му се одврзат рацете и да може да го спуштиме доле по скалите. Беше легнат на самиот отвор да можам да го одврзам, тука не напоменав само дека пикапот и Влатко Кешишев останаа подоле на самата база на ‘Македонија пат’ и остана таму да чека на 300-400 метри, а Палевски дојде со нас горе кај земуницата (дупката). Откако се наведнав да го одврзувам Љупчо Палевски така наеднаш му испука куршум во слепоочница на Панче Жежовски. Јас останав како да ви кажав, останав, (издишува) без зборови едноставно срипав и излегов од шумичката која што беше врз самата земуница (дупката) што беше обрасната. Застанав таму во некое ситуација пред колабирање, се соземав со дишење се тресев од тоа што го видов, и го видов како Боре излага молчешкум од местото, а со крај на окото видов како Палевски го превртува Панче со се церадата во дупката. Дојде до мене, јас го прашав: зошто ова, не требаше вака? Ми рече: ‘Вака е почисто, нема што да се секираш’. И тогаш прв пат ми рече ме потбутна со раката и ми рече „да не расипуваме пријателство имаш убава фамилија“.Адвокатот Горан Бошевски: Како планиравте да го обезбедите Панче да не избега?Обвинетиот Манев: Претходно кажав, и пак ќе кажам, имаше бетонски тег во самата земуница (дупка), со алка на него, а јас носев синџир за да може да го врземе за ногата за да не може да се качува нагоре. Така беше планот за да го обезбеди Панче, а потоа и грабната жена што ќе дојде на негово место.Адвокатот Горан Бошевски: После убиството што направивте со земуницата (дупката)?Обвинетиот Манев: Три четири дена стоеше отворена и после тоа ни кажа Палевски, се јави, да отидеме да го стрпеме местото да не почне да мириса. Мислам дека беше недела, јас и Боре отидовме и го затрупивме.Адвокатот Горан Бошевски: После убиството каде се упативме?Обвинетиот Манев: После убиството, ме натера повторно да ја земам колата на Панче Жежоевски, и да ја возам до Скопје. Се симнавме до пикапот, Палевски седна во пикапот, и тргна пред мене, и продолживме за Скопје. Се спуштивме на автопат, на местото каде што чекаше Влатко со пикапот. Тоа беше над самата база на Македонија пат и има прклучок за да може да се излезе на автопат.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања