Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

Screenshot-2025-01-21-at-17.55.24

Трамп: Америка се врати, само што почнав.

Американскиот претседател Доналд Трамп го одржа своето инаугуративно обраќање пред двата дома на Конгресот во кое ги презентираше активностите на неговата администрација во првите 40 дена и најави дополнителни мерки, опишувајќи го првиот месец од неговиот мандат како најуспешен во американската историја.„Првиот месец од мојот мандат е најуспешен во историјата“, тврди Трамп, наведувајќи го Џорџ Вашингтон како втор најуспешен.Тој рече дека неговата инаугурација пред шест недели „ја прогласи зората на златното доба на Америка“. Досега немаше „ништо освен брза акција“, рече Трамп, додавајќи дека неговата администрација досега направила повеќе од која било друга во четири цели години. „И јас само што почнав“, рече тој.„До моите сограѓани, Америка се врати“, рече Трамп во својот говор, на громогласни овации и аплаузи од републиканците. Потпишани се над 1.000 одлуки, ова е време за големи соништа, изјави американскиот претседател.Во текот на целото обраќање на Трамп, републиканците во Капитол станаа со ракоплескање и одобрување, додека демократите држеа табли на кои пишуваше „Неточно“ и „Маск краде“.Зборувајќи за брзите достигнувања на неговата администрација во првите 44 дена, Трамп го издвои проблемот со имигрантите, тврдејќи дека тие „одлучиле да не доаѓаат откако ги слушнале моите закани“. „Ја испратив американската војска и граничната патрола да ја одбијат инвазијата на границите на земјата“, рече тој, додавајќи дека „нелегалните преминувања минатиот месец беа убедливо најниските досега забележани“.

Свет | пред 1 година

Screenshot-2024-09-29-at-12.14.03

Жена загина, две лица се борат за живот - тешка сообраќајка на патот Тетово-Гостивар

Жена загина, а две лица се тешко повредени, по несреќа на патот Тетово-Гостивар.До несреќата дошло кога се судриле патничко возило „пежо“ со охридски регистерски таблици, кое го управувал Г.В.(47) од Охрид и патничко возило „,мерцедес“ со словенчки национални ознаки, управувано од А.А.(19) од Гостивар.„Во незгодата на самото место на повредите им подлегнала Д.М.(81) од Охрид сопатничка во 'пежото'. Со тешки повреди се здобиле возачот и уште едниот сопатник сите од Охрид, констатирани во урегентното одделение во гостиварската болница“, велат од СВР Тетово.Увид на местото на несреќата врши екипа при ОВР Гостивар во содејство со јавен обвинител.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_26-08-2023_12-35-50-6940PM

Започна и веднаш се одложи повтореното судење за трагичната смрт на Теодора

Во тетовскиот суд започна и веднаш се одложи повтореното судење за сообраќајката во која загина 22-годишната Теодора Ристовска.Судијата информираше дека се отсутни обвинетиот Менсур Пајазити и неговиот адвокат.Пајазити, стои во образложението, се наоѓа на болничко лекување во Тетовската клиничка болница во одделот за интерна медицина судењето.Ова е инаку повторено судење откако Основниот суд Тетово го осуди Пајазити на три и пол години затвор. Апелацискиот суд во Гостивар му ја намали казната на две години, по што Врховниот суд ги укина двете пресуди и го врати судењето во Основен суд Тетово.„По две и пол години повторно се наоѓаме пред Основен суд, повторно ни ја враќаат болката, повторно го преживуваме истиот хорор. Сестра ми имаше само 22 години. Студентка која се бореше за своите права, имаше соништа и беше човек со огромна душа. Овие луѓе денеска тука дојдоа да ни дадат поддршка, бидејќи сестра ми имаше душа за сите. Не ми е јасно уште колку треба да поминуваме низ истиот пекол за нешто што е очигледно и колку солзи треба да пролееме“, изјави Ева Ристовска, сестрата на Теодора.Теодора беше прегазена на пешачки премин на 15 август 2022 на булеварот Видео Смилевски-Бато.Судењето е одложено за 27 март.

Македонија | пред 1 година

DSC02115

Под истрага двајца полициски службеници

Јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција постапувајќи по кривичната пријава поднесена од МВР, донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против двајца полициски службеници. Постои основано сомнение дека осомничените сториле продолжено кривично дело Попречување на правдата, продолжено кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување и продолжено кривично дело Фалсификување исправа.Според прибраните докази во предистражната постапка осомничените како службени лица – началник и виш инспектор, по претходен договор и заедно, не извршувајќи ја својата службена должност ја злоупотребиле својата службена положба со намера да го спречат докажувањето во постапки што се воделе пред ОЈО Куманово.Така, во август 2023 година во предмет против осомничен за кривично дело Предизвикување општа опасност, иако при претрес била пронајдена пушка, второосомничениот не го известил надлежниот јавен обвинител и со Известувањето што го подготвил до ОЈО Куманово, а кое го одобрил и потпишал првоосомничениот, не го доставил пронајденото оружје, ниту побарал негово вештачење. На тој начин осомничените злоупотребувајќи ја својата положба со неизвршување на својата службена должност, го прикриле предметот што служел за докажување на стореното кривично дело и овозможиле пријавата против осомничениот да биде отфрлена со што потешко ги повредиле правата на оштетените пријавители на кривичното дело.Кон крајот на месец декември минатата година, првоосомничениот изработил Потврда за вратени предмети со која на осомничен во предмет му вратиле возило што претходно било одземено поради постоење основи на сомневање на сторено кривично дело Фалсификување исправа. Иако знаеле дека идентитетот на возилото според извршеното вештачење е променет, првоосомничениот наместо да поднесе кривична пријава, подготвил Известување до ОЈО Куманово кое второосомничениот како началник го одобрил и потпишал, а потоа истото било доставено до обвинителството. Враќајќи го возилото осомничените му овозможиле на друг да прибави имотна корист во вредност од 7.640 евра.Согледувајќи ги околностите што укажуваат на опасност од бегство доколку осомничените се бранат од слобода, како и дека ќе ја попречуваат кривичната постапка со влијание врз сведоците и соучесниците кои би дале важни информации за случените кривично правни настани, а имајќи ги предвид работните позиции, јавниот обвинител цени дека реално постојат и особени околности кои го оправдуваат стравот дека осомничените ќе го повторат кривичното дело. Затоа, до судијата на претходна постапка при Основен кривичен суд Скопје обвинителството достави предлог за определување на мерка притвор за двајцата осомничени кој предлог е прифатен и со Решение им е определена мерка притвор во траење од 30 дена.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-03-04-at-18.28.37

Дрво падна врз малолетник во Карпош 3, позади Лептокарија – однесен е во болница

Дрво паднало врз малолетник во Карпош 3, близу до Лептокарија,кој е пренесен во болница. Ова го објави Општина Карпош, обвинувајќи дека „Паркови и Зеленило“ требало да го исечат дотрајаното дрво.„Меѓутоа, како и во стотици други случаи јавното претпријатие и Градот Скопје остануваат глуви на барањата на Општина Карпош и на граѓаните. Општина Карпош бара Министерството за внатрешни работи да го документира овој немил настан, да се утврди одговорноста и за истата да се сносат правни последици“, велат од Општина Карпош.Од градското претпријатие „Паркови и Зеленило“ велат дека дрвото не било обележано за сечење.„За конкретното дрво до нас нема пристигнато никакво барање ниту пак има издадено Решение за сечење. По барањата на странките за интервенција врз дрвјата редовно се постапува. Во досегашното работење на сите барања на Општина Карпош е одговорено. Сметаме дека надлежните од општината го злоупотребиле овој немил настан од причина што доколку се работи за подрачје на нивна општина за кое требало да поднесат барање“, велат од претпријатието објаснувајќи ја процедурата како се сече дрво и по чие барање.

Скопје | пред 1 година

1741093198-Screenshot-2025-03-04-135943

(Видео) Јајца, димни бомби, бибер спреј, пратеници обоени во бело, српскиот Парламент како бојно поле

Политичка криза во Србија и хаос во Собранието од доаѓањето на СНС на власт.Собраниската сала повторно како бојно поле, опозицијата фрла димни бомби и јајца на масата на која седеше претседателката на Собранието, Ана Брнабиќ.Радомир Лазовиќ го активирал противпожарниот апарат во собраниската сала, кој ги обои пратениците во бело.Новиот пратеник на ДСС, Милош Јовановиќ, ја испрска пратеничката Соња Илиќ, која е во осмиот месец од бременоста, со бибер спреј.Дежурниот јавен обвинител на Првото основно јавно обвинителство во Белград, во врска со инцидентите испрати барање за прибирање на потребните информации до Министерството за внатрешни работи и Управата за криминалистичка полиција со цел да се утврди сторителот и постоењето на кривични дела од суштинско значење за јавната безбедност.На полициските службеници им е наложено да ги утврдат релевантните факти и да ги соберат сите расположливи докази со цел да се утврди идентитетот на лицата кои ги донеле и употребиле пиротехничките средства, но и како тие биле внесени во просториите на Народното собрание. $bp("videoBox-2027714", {"id":"34612","width":"600","height":"338","video":"2027714","autoplay":0,"shared":true});

Македонија | пред 1 година

Kocani

Петгодишно дете се затруло со лекови, друго земало отров за глувци

На Детското одделение во Општата болница во Кочани синоќа било донесено петгодишно дете од делчевското село Тработивиште, за кое било пријавено дека проголтало неколку таблети.Детето со медицинска придружба било донесено од Делчево, било во свесна и контактибилна состојба, но поради понатамошна контрола и превентива, дежурниот педијатар го препратил на Детската клиника во Скопје.Според првичните сознанија, петгодишното дете проголтало таблети кои се користат за регулирање на сонот кај возрасните.Пред неколку дена, дете од Прилеп е донесено откако зело отров за глувци. Детето сега е во стабилна состојба.

Македонија | пред 1 година

rezim-soobrakaj

Од утре метеж и посебен сообраќаен режим во Скопје

СВР Скопје ги известува жителите на Скопје дека од 05.03.2025 до 07.03.2025 (среда, четврток и петок), поради официјалната посета на претседателот на Собранието на Република Хрватска Гордан Јандроковиќ, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје.СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

Скопје | пред 1 година

Нема фотографија

Брнабиќ до опозицијата: Вие сте терористичка, срам да ви е

Врие во српското собрание.„Вие сте херои на шиптарските медиуми на Косово и Метохија”, ѝ порача Ана Брнабиќ на опозицијата, држејќи ги в раце насловните страни на Коха и Репортери.„Aлександар Вучиќ е на пат да ја посети Јасмина Обрадовиќ, ако ѝ се случи нешто на Јасмина покренавте во Србија нешто никогаш видено, срам да ви е, вие сте терористичка банда, а не политички партии”, се закани Брнабиќ.

Свет | пред 1 година

praten

(Видео) Пратеничка на СНС се бори за живот, погодена од шок-бомба во српското Собрание

„Работата и борбата ќе победат. Добро е што ги покажавте вашите вистински бои. Сакате да дојдете на власт со солзавец“, рече претседателката на Собранието Ана Брнабиќ, додавајќи дека пратеничката на СНС Јасмина Обрадовиќ била погодена во главата и била пренесена со возило на брза помош.Брнабиќ ја обвини опозицијата, нарекувајќи ги „миленичињата на Албина Курти“.„Може да не убиете само ако сакате да не спречите да работиме“, рече таа обраќајќи ѝ се на опозицијата.„Можевте да ги однесете јајцата на семејство наместо да ги фрлате во беспомошност и ароганција“, додаде таа.Во Народното собрание на Србија денеска почна првата седница на редовната пролетна седница, а беше предложен дневен ред со 62 точки, меѓу кои и четири закони од областа на образованието, меѓу кои и измените на Законот за високо образование.Налетот на опозицијата од клупите кон говорницата дојде неколку секунди по поставувањето на дневниот ред за денешната седница. Прво излегоа од клупите пред масата на претседателката, а потоа следеше општ хаос со димни бомби кои потсетуваа на сцените од тогашното собрание во Приштина.

Свет | пред 1 година

sobranie-srbija

(Видео) Хаос во српското Собрание: шок бомби, пратеничка со мозочен удар, Брнабиќ нападната

Седницата на Народното собрание на Србија, на која се очекуваше претставниците да ја констатираат оставката на премиерот Милош Вучевиќ, продолжи откако беше прекината поради инциденти и судири, кога претставници на опозицијата фрлија димни бомби и солзавец во салата.Седницата се одржува среде звуци на вувузели, свирежи и врева од пратениците од опозицијата, пренесе „Анадолија“.Репортерката на „Ал Џезира“, претходно објави дека пратениците од опозицијата фрлиле димни бомби во Собранието и дека дошло до судир.Пратеничката Јасмина Обрадовиќ била однесена со брза помош откако, како што тврди Ана Брнабиќ, доживеала мозочен удар при фрлена шок бомба. Брнабиќ изјави и дека пратениците се борат за живот.За време на пролетната седница настанала тепачка меѓу пратениците во Народното собраниеНекои пратеници запалија факели. Летаат и шишињата, пренесуваат повеќе српски медиуми.Седницата на Народното собрание на Србија почна денеска, по тримесечна пауза, со предлог дневен ред од 62 точки, а на крајот, како што претходно рече Брнабиќ, пратениците треба да ја признаат оставката на премиерот Милош Вучевиќ, која ја поднесе на 28 јануари.

Македонија | пред 1 година

Sokol

СДС и Филипче громогласно молчат и не се оградуваат од Сокол, дали тоа значи дека тој криминално работел по нивна насока?, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„СДС се синоним за криминал и корупција. Седум години власт кадрите на СДС криминално се богатеа, додека народот осиромашуваше, а државната каса ја опустошиле“, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:Нема ниту еден позитивен пример на човек од СДС кој што чесно ја вршел должноста во управувањето на институциите на системот.СДС продолжува да ги штити своите партиски лица иако се длабоко заглавени во криминал.Тоа го потврдува и последниот пример со поранешниот директор на затворот Скопје, Филип Андов Сокол којшто од Шутка направи „хотел промаја“, па затворениците можеа слободно да излегуваат кога и каде ќе посакаат.За иронијата да биде уште поголема, советникот на Зоран Заев, Филип Андов сеуште е дел од високите партиски структури на СДС.СДС и Венко Филипче, до сега, не најдоа за сходно ниту да се оградат од криминалното работење на Филип Андов Сокол, ниту пак да го исклучат од ЦО на партијата.Оттука се поставуваат прашањата, дали Сокол работел по насока на СДС и по нивна директива рашетувал затвореници и тоа со државни ресурси, па затоа сега Филипче молчи и не смее да се огради?Дали СДС и Венко Филипче молчат за криминалот на нивниот кадар Сокол, затоа што се плашат од тоа што тој може да каже пред надлежните органи?Од што се плашат СДС и Филипче, па толку громогласно молчат?Чии насоки спроведувал Филип Андов Сокол, кога наместо да ги затвори во ќелија криминалците ги пуштал и ги шетал низ Скопје и давал привилегии на затвореници?Дали и поради сето ова погоре набројано, последниот бастион под контрола на СДС во одбрана на нивните криминалци, судството грчевито се бореше Сокол да не оди во притвор, туку да се брани од слобода?Правда и одговорност мора да има, борбата против криминалот и корупцијата ќе продолжи и токму за тоа е потребна и реформата во правосудството.А, тоа што можат и треба СДС и Венко Филипче да направат е да излезат и да кажат дали и што од погоре напишаното е точно, или барем да се оградат од нивниот партиски кадар Сокол.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-03-04-at-09.39.34

Ахмети и ДУИ со закани: Ако е засегнат Законот за јазици, нема да има локални избори

Според лидерот на ДУИ, одржувањето на локалните избори следнава есен е доведено под прашање. Ахмети од Липково ја повика коалицијата Вреди да ја напушти Владата и заедно со локалните да се одржат и предвремени парламентарни избори.„Ако го допрат Законот за јазици нема да има локални избори, нема да може да се постават гласачки кутии. Законот не е на ДУИ. Законот е и на оние кои ќе се родат додека изгрее сонцето. Затоа секој Албанец мора да стане господар на правото не јазикот, ниту да го политизира ниту да го проблематизира“, изјави Ахмети.Бујар Османи од ДУИ вели дека не може да има локални избори без парламентарни избори, но и без враќање на Балансерот, Бадентер и без гаранцијата на Законот за јазиците.„Ние велиме дека не може да има избори во услови кога Албанците ќе бидат деградирани до тоа ниво. Ќе се создаде длабока политичка криза. Албанците нема да дозволат денот да продолжи како ништо да не се случило. Тоа е морална обврска, тоа е национална обврска, тоа е човечка обврска кон оние кои ги дале своите животи за овој јазик. И сега ќе се однесуваме како ништо да не се случило“, вели Османи за Дејли клик на ТВ21.Уставен на 20 март во присуство на експерти ќе ја подготвителната седница за Законот за јазици.

Македонија | пред 1 година

siljanovska-davkova-4

СДСМ: Сиљановска ја штити и релативизира за Кочоска, таа е нем набљудувач на дискриминацијата

„Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која во кампањата се претставуваше како борец за правата на жените, денес молчи пред отворена дискриминација кон една жена, пратеничка во Собранието. Наместо јасно и недвосмислено да ја осуди навредата на министерката Кочоска кон пратеничката Петровска, Сиљановска се задоволи со блага и беспомошна констатација дека 'не е лошо човек понекогаш и да се извини'“, вели СДСМ и додаваОваа изјава не е ниту осуда, ниту порака за заштита на жените од дискриминација – напротив, тоа е релативизирање на проблемот и обид да се заташка скандалот. Од Сиљановска очекувавме да покаже истата жестина во одбрана на женските права каква што покажуваше пред изборите, но очигледно дека тогашната борба била само празна реторика за политички поени.Фактот што министерката Кочоска не само што не се извини, туку во интервју дополнително ги продлабочи навредите, е доволен показател дека оваа Влада нема ниту основна политичка култура, ниту чувствителност кон дискриминацијата врз жените.СДСМ прашува – каде е сега борецот за женски права Гордана Сиљановска? Ако дури и претседателката не смета дека една ваква навреда заслужува јасна и силна осуда, тогаш таа го губи секој кредибилитет да зборува за родова еднаквост и заштита на жените.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-02-19-at-18.11.52

Првата реакција на Украина: Ова никогаш не го замислувавме во нашиот најлош кошмар

Соединетите Држави ја прекинуваат воената помош за Украина неколку дена откако американскиот претседател Доналд Трамп се судри со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Овалната соба, потврди во понеделникот официјален претставник на Белата куќа за Ројтерс.Канцеларијата на Зеленски не одговори веднаш на барањето на Ројтерс за коментар.„Ова не е трајно прекинување на помошта, тоа е пауза“, цитира Фокс њуз претставник на администрацијата на Трамп. Блумберг објави дека е запрена испораката на целата американска воена опрема која моментално не е во Украина, вклучително и оружје во транзит на авиони и бродови или оние кои чекаат во транзитните области во Полска.Олександр Мережко, украински пратеник од партијата на претседателот Зеленски, рече дека е „шокиран“ од веста.Говорејќи за Њуздеј на Би-Би-Си, тој рече: „Она што се случува е неверојатно. Ниту во моите најлоши кошмари не можев да замислам дека Трамп може да ја спречи воената помош за Украина во време кога ни е најпотребна“.Мережко смета дека американскиот претседател Доналд Трамп се обидува да ги турка Украина и Европа настрана за да постигне договор со Русија.„Мислам дека господинот Трамп треба сериозно да размисли како ќе остане запаметен во историјата. За мене ова е ден кој ќе остане во историјата како срамен“, заклучи тој.Тој додаде дека одлуката на администрацијата на Трамп да ја прекине воената помош за Украина потсетува на отстапките на Адолф Хитлер во 1938 година, кога беше потпишан Минхенскиот договор.„Сопирањето на помошта сега значи да му се помогне на Путин. На прв поглед, ова изгледа многу лошо. Изгледа дека Доналд Трамп не турка кон капитулација, кон прифаќање на руските барања. Најлошото е што ова е психолошки и политички удар за Украина – тоа не ни помага на нашиот морал е крајно опасно“.Потсетиме дека на 30 септември 1938 година, Германија, Велика Британија, Франција и Италија постигнаа договор со кој нацистичка Германија ѝ дозволи да ја анектира Судетската област, тогаш западниот дел на Чехословачка.

Свет | пред 1 година

Screenshot-2025-03-03-at-12.19.51

Слободан Трендафилов како портпарол на СДС, им враќа ли за претседателското место во ССМ?, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Слободан Трендафилов како портпарол на СДС, им враќа ли за претседателското место во ССМ?“, прашува ВМРО-ДПМНЕ и додава:Слободан Трендафилов се однесува како портпарол на СДС, им враќа ли за претседателското место во ССМ?Подолг период наназад претседателот на ССМ делува во целост усогласено со партиските соопштенија на СДС.Тоа што СДС ќе го пласира како политичка теза, Слободан Трендафилов го презема како синдикално делување.Барањата на ССМ се барања направено во СДС.Усогласената политика помеѓу СДС и ССМ има некои подлабоки корени, а за тоа кои се тие, ќе откриеме на денешната пресконференција.Претходно:

Македонија | пред 1 година

mvr-525123

(Видео) Граѓаните да не наседнуваат на измами со лажни сообраќајки, веднаш да пријават во полиција, алармира МВР

„Во изминатиот период во Министерството за внатрешни работи од страна на граѓаните пријавени се повеќе кривични дела „измама“, кои се извршени врз повозрасни лица. Сторителите ги доведуваат во заблуда лицата на тој начин што им се јавуваат телефонски и им се претставуваат како службени лица, најчесто полициски службеници, и од нив бараат финансиски средства за ослободување од кривичен прогон на нивни деца или внуци кои, наводно, непосредно пред јавувањето направиле сообраќајна несреќа со смртни последици. Измамниците ги контактираат жртвите најчесто на фиксен телефон, но има случаи каде што се контактирани и преку мобилен телефон со скриен број, а за да бидат поуверливи во позадина се слуша глас кој бара помош“, алармира МВР и додава:Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека се преземаат мерки и активности за расчистување на досега пријавените кривични дела и воедно апелираме до граѓани да не наседнуваат на ваквиот вид на измами, а доколку бидат контактирани, веднаш да пријават во полиција.

Македонија | пред 1 година

kocoska-siljanovska

Не е лошо човек да се извини, вели Силјановска по реакциите за министерката Кочоска

Претседателката Гордана Силјановска Давкова изјави дека сите политичари, како и пратениците треба да внимаваат на говорот, а “не е лошо човек да се извини”. Ставот на претседателката е даден откако Кочоска одговараше на пратеничко прашање во Собранието, па на едно од излагањата и се обрати на пратеничката Славјанка Петровска. Таа и рече дека не може да зборува за мајките што имаат деца, оти нема деца.Претседателката вели дека сите политичари, како и пратениците да внимаваат на говорот.„Не е лошо човек да се извини, не е лошо човек да рече дека можеби перцепцијата не е таква каква што требало да биде, намерата не била лоша намера. Мислам дека тоа ќе доведе до надминување на ваквите проблеми“, изјави Сиљановска-Давкова.Минатата недела, тешки зборови се разменија во собраниската сала на седницата на која се поставуваа пратенички прашања. Реакции на социјалните мрежи предизвика изјавата на министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска која пратеничката од СДСМ Славјанка Петровска ја праша врз основа на што ги става в уста мајките што имаат деца, таа е мајка на два сина и многу добро знае колку треба да троши едно 4-члено семејство.„Пратеничке Славјанка Петровска, не можам да ве кажам почитувана. За да кажам почитувана, треба да ја заслужите мојата почит. Врз основа на што вие ги ставате во уста мајките што имаат деца и како знаете вие едно повеќечлено семејство колку треба да троши? Јас сум мајка на два сина и многу добро знам колку треба да троши едно 4 члено семејство. Во однос на грашокот, и јас сакам да купам од конзерва, ама не сум сама, четири члена сме. Мораме да одиме во најевтините маркети и да купиме замрзнат грашок. Тоа беше коментарот, зошто да купуваме грашоци кои се поскапи од 100 денари. Исто беше и за млекото. Некој може троши и по 18 литри, а некој воопшто не пие. Бадемовото вам ќе ви го оставам, вам ви треба, а не мене”, рече министерката Гордана Димитриеска-Кочоска.

Свет | пред 1 година

filipce-sdsm-co-5

Филипче за локалните избори: Ќе настапиме со најдобрите

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, вели дека СДСМ на локалните избори ќе настапи со најдобрите кандидати за градоначалници и советници.„Ќе ги избереме во широк консултативен процес, пред сè со членството, а потоа и преку сондажи со сите граѓани. Граѓаните заслужуваат да ги водат најдобрите и оние кои можат најмногу да придонесат за секоја општина. Покрај поддршката од членовите и граѓаните, кандидатите мора да ги имаат потребните квалификации и искуство за позицијата за која се кандидираат. Вечерва во Кочани, на работна средба со новото раководство, зборувавме за претстојните локални избори и начинот на избор на кандидати“, објави Филипче на „Фејсбук“

Свет | пред 1 година

20170612161849

Професорот по безбедност: Не знам каде Европа ќе најде десетици илјади војници за да ги испрати во Украина, откако Трамп се сврте кон Москва

Русија ја слави одлуката на актуелниот американски претседател Доналд Трамп да ја замрзне воената помош за Украина, додека Европа се обидува да се обедини откако Трамп се сврте кон Москва, велат аналитичарите.„Мислам дека Кремљ добива практично сè што сака од Трамп“, рече Метју Шмит, професор по национална безбедност и политички науки на Универзитетот во Њу Хевн.„Всушност гледаме како САД преговараат само со Европа, а во исто време вршат притисок врз Украина, што е прилично чуден пресврт на настаните“, рече Шмит.Франција и Велика Британија понудија алтернативен мировен план за Украина, кој вклучува „коалиција на подготвените“, со војници на земја и авиони во воздух, изјави британскиот премиер Кир Стармер во текот на викендот.Но, Шмит за Си-Ен-Ен изјави дека има мали шанси Трамп да прифати каков било европски предлог за прекин на огнот.Тој, исто така, додаде дека ќе биде многу тешко за европските сојузници на Украина да соберат „десетици илјади“ војници потребни за мировните сили.„Немам поим од каде Европа би можела да добие толку многу војници“, рече Шмит.

Свет | пред 1 година

Screenshot-2025-03-04-at-08.39.17

Куче спасител го пронајде исчезнатото девојче во Србија - било премрзнато и е пренесено во болница

Малата Дуња која исчезна вчера е пронајдена свесна и комуникативна, но премрзната. Веднаш била пренесена во болница на преглед и дополнителна нега.Како што рече министерот Дачиќ, таа била пронајдена на околу два до три километри од куќата. Полициски екипи се уште се на лице место и ќе вршат увид на местото каде што е пронајдено детето.Според членовите на ГСС, полициско куче ја намирисало на околу километар од дома, а девојчето во моментот на откривање било хипотермично.Сѐ се случило брзо. Службеник јавил дека кучето го нашло исчезнатото девојче и сите одеднаш почнале да трчаат, влегле во автомобилот и тргнале кон репетиторот.Кога мајката и таткото на исчезнатата Дуња, како и нивните роднини ја слушнале радосната вест, почнале да трчаат кон автомобилот кој ги однел во болницата во Ваљево, каде лекарите сега детално ќе го прегледаат девојчето.Вицепремиерот и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ потврди дека малата Дуња, која вчера исчезна во Уб, е пронајдена, свесна и комуникативна и дека е пренесена на преглед во болница.„Малата Дуња, која исчезна вчера во Уб, е пронајдена свесна и комуникативна и е пренесена на преглед во болница. Девојчето е пронајдено на околу два до три километри од дома.

Свет | пред 1 година

112864_93bba290-f7df-11ef-b5e9-ab8b0c7fd430_f

Почина Австралиецот чија крв спаси 2,4 милиони бебиња

Еден од најплодните крводарители во светот – чија плазма ги спаси животите на повеќе од два милиони бебиња – почина.Џејмс Харисон почина во сон во дом за стари лица во Нов Јужен Велс, Австралија, на 17 февруари, соопшти неговото семејство во понеделникот.Имаше 88 години.Во Австралија познат како човекот со златна рака, крвта на Харисон содржела ретко антитело, Анти-Д, кое се користи за производство на лек кој им се дава на бремени жени чија крв може да ги загрози неродените бебиња.Австралиската служба за трансфузија на крв на Црвениот крст, која му оддаде почит на Харисон, рече дека тој се обврзал да стане донатор откако примил трансфузија за време на голема операција на градниот кош кога имал 14 години.Тој почнал да донира крвна плазма кога имал 18 години и продолжил да го прави тоа на секои две недели до својата 81 година.Во 2005 година го постави светскиот рекорд за најголема донирана крвна плазма – титула што ја имаше до 2022 година, кога беше надминат од човек од САД.„Тој секогаш велеше дека не боли, а животот што ќе го спасите може да биде ваш“, вели Трејси Мелошип, ќерката на Харисон.Анти-Д инјекциите штитат од фатално нарушување на крвта наречено хемолитичко заболување на фетусот и новороденчето (HDFN).Оваа состојба се јавува за време на бременоста кога црвените крвни зрнца на мајката не се компатибилни со крвните зрнца на фетусот.Имунолошкиот систем на мајката потоа ги препознава крвните клетки на плодот како закана и произведува антитела кои ги напаѓаат.Ова може сериозно да му наштети на бебето, предизвикувајќи тешка анемија, срцева слабост, па дури и смрт.Пред да се развијат анти-Д интервенциите во средината на 1960-тите, едно од две бебиња на кои им беше дијагностицирана HDFN почина.Не е јасно како крвта на Харисон станала толку богата со анти-Д антитела, но некои извештаи сугерираат дека тоа е поврзано со голема трансфузија на крв што ја примил на 14-годишна возраст.Во Австралија има помалку од 200 донатори на Anti-D, но тие им помагаат на околу 45.000 мајки и нивните бебиња секоја година, според Австралиската служба за трансфузија на крв на Црвениот крст, позната и како Lifeblood.Lifeblood соработува со Институтот за медицински истражувања Волтер и Елиза Хол во Австралија за да одгледува анти-Д антитела во лабораторија, реплицирајќи крв и имунолошки клетки од Харисон и други донатори.Истражувачите кои учествуваат во овој проект се надеваат дека лабораториски произведениот Anti-D еден ден ќе може да им помогне на бремените жени ширум светот.„Создавањето нова терапија долго време беше „светиот грал““, вели Дејвид Ирвинг, директор за истражување во Lifeblood.Тој го потенцираше недостигот на дарители кои се посветени на редовно дарување крв и способни да произведуваат антитела во доволен квалитет и квантитет.

Свет | пред 1 година

sajber1

Америка продолжува со сајбер операциите против Русија

Пентагон ги демантираше медиумските извештаи дека американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет наредил запирање на сајбер операциите против Русија, изјави за Блумберг висок претставник на американското Министерство за одбрана.Хегсет не откажа или одложи ниедна сајбер-операција насочена кон руски хакери, ниту издаде наредби за запирање на тие активности и напади, рече функционерот, кој сакаше да остане анонимен за да разговара за внатрешните одлуки.Демантот дојде откако специјализираниот портал за сајбер безбедност The Record објави дека Хегсет и наредил на американската сајбер команда да ги запре сите планови против Русија, вклучително и навредливи дигитални акции. Веста потоа ја објавија Вашингтон пост и Њујорк тајмс, цитирајќи свои извори меѓу неименувани официјални лица.Најавите за наводната суспензија предизвикаа остри реакции од демократите, вклучувајќи го и лидерот на малцинството во Сенатот, Чак Шумер. Тој ја обвини администрацијата на Трамп дека „и дава одврзани раце на Русија додека таа продолжува со сајбер нападите врз американската инфраструктура“.Според тие извештаи, одлуката за суспензија наводно била донесена пред јавната конфронтација меѓу Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски во Овалната соба во петокот, а медиумите ја опишаа како обид да се охрабри Русија да преговара за завршување на војната во Украина.Запрашан за претходните тврдења дека операциите се прекинати, Пентагон не ги коментираше деталите, но рече дека Хегсет нема повисок приоритет од безбедноста на американските војници.Командата за сајбер операции на САД управува со 135 тимови за сајбер-мисии, познати како „оперативна сила“ на командата. Меѓу нив се и офанзивните оперативни тимови наречени тимови за сајбер борбена мисија.Без разлика, Трамп нареди суспензија на сета воена помош за Украина додека не утврди дека украинските лидери демонстрираат искрена посветеност на мирот, изјави висок функционер на Пентагон, кој исто така сакаше да остане анонимен.Официјалниот претставник рече дека ќе биде запрена целата американска воена опрема која моментално не е во Украина, вклучително и оружје во транзит со авиони и бродови или чекање испорака во Полска.

Свет | пред 1 година

volodimir-zelenski1-830x0

БиБиСи: „По суспендирањето на американската воена помош, Зеленски има само две опции на маса!“

Што можеше да направи Володимир Зеленски за да ја смени најавата на Белата куќа за прекин на воената помош за Украина, која го шокираше светот преку ноќ?Да му се извини на претседателот Доналд Трамп за јавната пресметка во Овалната соба? Да го потпише договор за минерали?Се чини дека тоа би можело да биде она што го сака администрацијата на Трамп, пишува Би-Би-Си. Овој извонреден потег за прекин на помошта беше јасно дизајниран да изврши притисок врз воениот претседател на Украина и да го принуди на отстапки.Но, Зеленски веќе рече дека ќе го стори тоа. Во интервју минатата година, тој ја прифати можноста окупираните украински територии да бидат руски. Но, тој рече дека членството во НАТО може да им се понуди на неокупираните делови од земјата. Пред неколку дена Зеленски изјави и дека е подготвен да се повлече од претседателската функција во замена за членство во НАТО.Сепак, претседателот Трамп ја отфрли можноста Украина да се приклучи на Северноатлантскиот договор, што е во согласност со ставот на Москва.Американската воена помош за украинските воени напори е сложен механизам, но има три главни форми или фондови.Првиот беше воспоставен преку претседателските овластувања за повлекување пари, вториот преку финансирање на странските воени сили во рамките на Стејт департментот и третиот преку формирањето на Иницијативата за безбедносна помош на Украина, т.н.Преку претседателските овластувања за повлекување средства, според висок функционер на Белата куќа, остануваат околу 3,85 милијарди долари, кои во овој момент, според најавите, треба да бидат замрзнати.Во рамките на Стејт департментот има и одвоени 1,5 милијарди долари кои, според Би-Би-Си, во моментов ги „разгледува“ американскиот државен секретар Марко Рубио.Иницијативата за безбедносна помош на Украина (УСАИ) и дава пари на Украина, а Киев потоа ги дава тие пари директно на американските производители на оружје. Како што пренесува Би-Би-Си, во оваа фаза не е јасно како денешната најава за прекин на воената помош точно ќе влијае на секој од тековите на помош и што би можело да се случи со нив во иднина.

Свет | пред 1 година

ukraina-vojnici-451

Гувернерот Прокудин: Русите испраќаат војници во самоубиствени мисии да го преминат Днепар

Русија испраќа војници во самоубиствени мисии за да заземат упориште на реката Днепар, тврди Украина. Москва се обидува да освои што е можно поголем дел од регионот Керсон пред можните мировни преговори, пренесува Гардијан.„Руските сили постојано се обидуваат да стекнат упориште преку украинскиот Днепар, испраќајќи војници во мисии со големи жртви за да заземат територија пред идните мировни преговори“, рече гувернерот на регионот Керсон.Олександар Прокудин рече дека руските сили се обидуваат да ја преминат реката на четири места за да ги потврдат своите претензии кон целата област, еден од четирите украински региони што Москва сака да ги припои.„Тие се обидуваат да преминат секој ден, секој ден“, рече Прокудин за време на работната посета на ОК.„Според информациите од нашата разузнавачка служба, рускиот заменик командант им рекол на војниците во областа дека мора да ја преминат реката по секоја цена, иако не сите војници се подготвени да го сторат тоа“, додаде тој.Гувернерот, кој беше директно назначен од украинскиот претседател Володимир Зеленски, рече дека, според неговите информации, на руските војници им е наредено да се погрижат десниот, западен брег да биде вклучен во мировните преговори, што треба да го постигнат со заземање села преку реката, но досега не успеале да го сторат тоа.Прокудин додаде дека загубите биле големи, а напаѓачите биле убиени или ранети речиси веднаш.„На Русите им е апсолутно јасно дека ова е самоубиствена мисија“, рече тој.Според документите пронајдени кај војниците, некои биле регрути, додека други се бореле во Украина повеќе од две години.Во раните фази на војната, Русија го зазеде најголемиот дел од Керсонската област, која опфаќа територија од двете страни на реката Днепар, но во ноември 2022 година беше принудена да се повлече од десниот брег и градот Керсон, бидејќи снабдувањето стана невозможно.Неколку недели пред повлекувањето, рускиот претседател Владимир Путин еднострано прогласи анексија на целиот регион, како и на уште три украински региони, изјавувајќи во Кремљ дека луѓето што живеат во тие региони засекогаш ќе бидат руски државјани.Керсон е особено важен бидејќи се наоѓа на устието на главната украинска река. Пред војната имаше околу милион жители, но денес само околу 155.000 останаа на страната под контрола на Украина, додека нападите со беспилотни летала и артилерии продолжуваат во областите на фронтот. Иако Украина постојано повторува дека официјално нема да се откаже од територијата, раководството на земјата е свесно дека не може да ја врати на бојното поле.Минатиот месец, САД започнаа директни разговори со Русија, при што Украина се најде на второто место, а Прокудин верува дека тоа ги забрза руските претензии кон регионот Керсон.Гувернерот на Керсон рече дека верува дека постојат три можни сценарија за крај на војната, вклучително и едно во кое Володимир Зеленски би бил заменет со проруски претседател и земјата на крајот би ѝ отстапила територии на Москва, што би значело дека границите на Русија ќе се приближат до Европа.Тој го наведе најповолното сценарио како она во кое Украина ќе добие силни безбедносни гаранции од Европа и другите земји, но се прашуваше дали Европа е подготвена за тоа без поддршката на САД. Останува, како што го нарече најверојатното, трето сценарио, замрзнување на конфликтот на сегашната линија на фронтот, иако стравува дека во тој случај Русија ќе има време да се прегрупира и да ги надополни резервите со муниција.Прокудин беше во ОК за да потпише договор за економско партнерство со округот Линколншир. Линколншир, како и регионот Керсон, е претежно земјоделски регион, а англиската област е исто така дом на мала украинска заедница која прими илјада бегалци преку програмата Домови за Украина.

Свет | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања