Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

Screenshot-2023-09-16-at-11.47.44

(Видео) Кој се среќавал со Груевски во Будимпешта? Мицкоски најави дека ќе излезе со докази

Премиерот Христијан Мицкоски не се сретнал со експремиерот Никола Груевски кој е бегалец и азилант во Будимпешта. Но најави дека со докази ќе обзнани кој се среќавал со него. Спроед Мицкоски, тоа се ексфункционери.„Не се сретнав, но доколку би се сретнал, ќе бидете информирани. Јас водам политика на принципот – вистината е најточна. Кога нешто ќе се случи, тоа го кажувам. Немам што да кријам, совеста ми е секогаш чистам. Но во име на таа вистина, можам да потврдам, многу скоро со докази, многу голем дел од функционерите на поранешната владина коалиција на СДСМ и ДУИ се среќавале со Груевски во Будимпешта, за што не даваа искрени одговори, за што јас би дал“, рече Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-37-8710PM

Сообраќајка на патот Скопје-Тетово, кај Сарај: возач има тешки повреди

На 04.03.2025 во 21.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на регионалниот пат Скопје-Тетово, во атaр на село Арнакија, општина Сарај, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „ивеко“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.И.(30) од Скопје и патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.А.(39) од с.Буковиќ, скопско.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Р.И., констатирани во Градската општа болница „8 Септември“.Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Македонија | пред 1 година

31122024-Mickoski-pres

(Видео) Мицкоски директно до Османи: Човекот кој го распродаваше македонскиот идентитет има најмал кредибилитет да зборува!

Премиерот Христијан Мицкоски упати директна порака до лидерот на ДУИ, Али Ахмети и потпретседателот Бујар Османи, по заканите дека ќе има политичка криза ако се укине Законот за употребата на јазиците од страна на Уставниот суд. Ахмети и Османи се заканија дека во ваков случај нема да има ниту локални избори.„Човекот кој го распродаваше мојот македонски идентитет и мојот македонски јазик има најмал кредибилитет да зборува, затоа што тој ако мене не ме почитува, не го почитува ниту својот мајчин албански јазик“, му порача Мицкоски.Рече дека ДУИ беше пример за двојни стандарди, корупција и криминал.„Таму владее паника и страв, се гледа од коментарите на челниците на од ДУИ, а за што станува збор, многу скоро ќе биде сведок и јавноста“, додаде Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

sednica-co-sdsm-4

„Скандал на власта: Инспекторите работат на црно, сите контроли се незаконски“, вели СДСМ

„СДСМ денеска открива уште еден скандал кој покажува до каде ја доведе државата и институициите оваа неспособна власт на ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ“, вели СДСМ и додава:„Во овој момент, Државниот инспекторат за труд практично не постои! Од 28 февруари, државните инспектори од Трудовиот инспекторат се одјавени од Агенцијата за вработување.Инспекторите кои треба да се борат против работата на црно, самите работат на црно! Веќе цела недела не се вработени, односно се отпуштени од работа.Владата на Мицкоски ги доведе во ситуација тие да работат без правен основ, што е скандалозно и апсолутно недозволиво.Но скандалот е уште поголем затоа што ова значи дека сите инспекциски надзори кои ги спроведуваат се апсолутно нелегални, незаконски.Сите акции што се спроведуваат со Министерството за внатрешни работи во изминатите денови се правно неважечки.И тоа не е сè. Инспекторите ја добиле својата плата за декември 2024 година дури на 12 февруари оваа година, а за јануари и февруари 2025 година – платите сè уште не им се исплатени!Тоа значи дека тие немаат ниту здравствено осигурување, што е директен напад врз нивните основни работнички права.Замислете, тие што треба да ги штитат работниците власта ги остави незаштитени, без работа, без плата и без осигурување. Парадокси на новото нормално на ДПМНЕ.Ова се резултатите од избрзаните и непромислени измени на Законот за организација и работа на органите на државната управа, против кои СДСМ предупредуваше уште минатата година.Иако два пати се носеа законски измени проблемот не е решен. Неспособната Власта доведе до хаос во администрацијата, што денеска го гледаме со сопствени очи.Бараме власта веднаш да го реши проблемот, сите инспектори да бидат повторно пријавени и да им се исплати платата.За овој хаос во Државниот инспекторат за труд, мора да има одговорност“.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-03-05-at-10.32.50

(Видео) Кај Боре Видевски се најдени куршуми, но не и пиштолот за нив, сведочи полицаец во случајот за убиствата на Вања и Панче

Полицискиот службеник Стојан Кујунџиевски, вработен во СВР Велес, а кој е повикан како сведок на обвинетиот Љупчо Палевски-Палчо во случајот за убиството на Вања и Панче Жежовски, раскажуваше како течела потрагата по сега убиениот велешанец. Палевски го прашуваше полицискиот службеник каде е пиштолот на Боре Видевски и што се случувало при претресот на домот на овој обвинет.„Јас заедно со другите колеги од СВР Велес во иистрагата по исчезнато лице Панче Жежовски. По добивање на сознание, беа извршени контроли, беа прегледани видео записи од влезови и излезите на Велес, со цел лоцирање на возилото на исчезнатиот Панче Жежовски“, рече Кујунџиевски.Палевски му покажа службена белешка на службеникот потпишана од него, во која било наведено дека од снимки одземени од надзорни камери во хотел „Романтик“, стоело дека се гледало возилото „Ренко Кангу“ со две лица и „Цитроен“ со едно лице. Па го праша: „Дали и денеска стоите на ова во службената белешка?“.„Да, доколку тогаш сум го кажал тоа. Сте констатирале дека во цитроенот има две лица, во реното едно. Дали се сеќавате како беа облечени? Немам одговор, не можам да се сетам како беа обллечени“, рече сведокот.Сведокот беше прашан и за оружјето одземено од домот на обвинетиот Боре Видевски. Меѓудругото биле најдени куршуми за пиштол, но не и пиштол, појасни сведокот.„Дали сте сеќавате дека сте одземале предмети од Јасминка Видевска?“, праша Палевски на што доби одговор: „Ловна пушка, патроли за ловна пушка, и куршуми 9мм за пиштол“. Потоа Палевски допраша: „А каде ги предадовте?“, на што доби одговор: „Во магацин на СВР Велес“.„Пиштолот не беше пронајден при претресот и дополнителното одземање на истиот. Претресот е правен од страна на колеги, на 03.12.2023 и јас не бев присутен на истиот. При претресот кај Боре Видевски беше барано оружјето, но не можам да кажам што се случувало или не бидејќи јас не бев присутен. Дополнително, јас немав никаков контакт со Боре Видевски за да го прашам каде е пиштолот“, рече сведокот, кој е полициски службеник од СВР Велес.Потоа, на 13 декември 2023 година, сите предмети потребни за истрагата од СВР Велес биле предадени во СВР Скопје.„Дали преднетите кои ги наведовте СВР Скопје ги виде?“, праша Палевски и доби одговор: „ Предметите не ги виде, но документацијата да“. Потоа допраша: „Зошто предметите не?“, на што сведокот одговори: „Предметите се предмет на управна постапка за одземање на оружје и истите во магацин на СВР Велес за чување. Исто и дозволите за чување“.Четиринаесетгодишната Вања и велешанецот Панче, беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември 2023 година, а беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес неколку дена подоцна, односно на 3 декември 2023 година.

Македонија | пред 1 година

480604994_1178362884296679_3547417140927990935_n

Гордана Кочоска дискриминира ама и живее во паралелен универзум, економијата и стандардот тонат, вели СДСМ

„Во недостиг на економски успеси, Кочоска осве што дискриминира други жени, тргна да се фали со БДП во еден квартал на крајот на минатата година, без да ги каже реалните индикатори за економијата и кризата во која таа и Мицкоски ја донесоа државата. Смешен е податокот за БДП од 3,2% во последниот квартал, кога инфлацијата е 5%, а кај храната од 10 до 15%. Ова значи дека нема никаков раст, туку, реално, граѓаните осиромашуваат“, вели СДСМ и додава:Со неверојатна леснотија, Кочоска прикажува економски победи, додека 83.000 работници не земале плата за јануари, додека цените постојано растат, а таа не презема ништо, додека платите стагнираат, а таа лично е против нивно покачување. Ова е потценување и исмевање на маката на граѓаните од страна на министерката, која, освен навреди кон пратенички, досега нема сработено буквално ништо во интерес на граѓаните.Секојдневно компаниите отпуштаат работници, што е најдобар индикатор за тоа во која насока се движи економијата во државата. СДСМ постојано нуди конкретни решенија за подобрување на животот на граѓаните, се бори за стандардот преку понудени мерки и закони, но Владата нема интерес за тоа. Затоа, економијата и животниот стандард тонат и ќе продолжат да тонат додека оваа Влада ја води државата. ВМРО-ДПМНЕ и Кочоска реално немаат интерес да го подобрат стандардот на граѓаните и се фалат со лажни и половични економски индикатори.

Македонија | пред 1 година

burkinan-faso

Кина дополнително се вооружува

Законодавниот дом на Кина ја отвори третата седница бидејќи Пекинг најави дека ќе го зголеми буџетот за одбрана за 7,2 отсто оваа година.Според нацрт-буџетот доставен до Конгресот на разгледување, планираните трошоци за одбрана ќе изнесуваат повеќе од 1,78 трилиони јуани (околу 249 милијарди долари), објави новинската агенција Ксинхуа.На отворањето на конгресот во Големата сала на народот во Пекинг присуствуваа кинескиот претседател Си Џинпинг и други официјални претставници, а извештајот за работата на владата го презентираше премиерот Ли Кианг.На конгресот беше разгледан и извештајот на Државниот совет за спроведувањето на Националниот план за економски и социјален развој за 2024 година и Нацрт-планот за 2025 година, како и Нацрт-планот за национален економски и социјален развој во 2025 година. Според извештаите, Пекинг има поставено цел на економски раст од околу пет проценти во 2025 година.Во извештајот се наведуваат и голем број други развојни цели за оваа година, вклучително и одржување на испитуваната стапка на невработеност во урбаните средини на околу 5,5 отсто, отворање на повеќе од 12 милиони нови работни места во урбаните средини и зголемување на индексот на потрошувачки цени за околу два отсто.Земјата постигна економски раст од пет проценти во 2024 година бидејќи „влијанието на политичкиот пакет, заедно со другите мерки за подобрување на растот, помогнаа да поттикне силен економски моментум“, се вели во извештајот.„Ќе преземеме пристап насочен кон луѓето и ќе ставиме посилен фокус на економската политика за подобрување на животниот стандард и зголемување на потрошувачката“, се вели во извештајот за трудот, додавајќи дека домашната побарувачка ќе стане главен двигател на економскиот раст.

Свет | пред 1 година

apsenje

Уапсен лихвар од Тетово - претресен му е домот, најдени тетратки со должници

На 04.03.2025 во 10.20 часот во угостителски објект во Тетово, полициски службеници од Биро за јавна безбедност при МВР го лишиле од слобода Џ.Д.(56) од с. Гајре, тетовско, поради основано сомнение за сторено кривично дело „лихварство“ по член 260 од Кривичниот законик.„При контрола во објектот, полициски службеници извршиле преглед на повеќе лица и притоа кај Џ.Д. биле пронајдени и одземени пари во различни валути и апоени, список со должници и други предмети за кои постои сомнение дека се поврзани со кривично дело.Подоцна, со судска наредба, во присуство на адвокат, неговата сопруга и неговиот брат, биле извршени претреси во два негови станови во Тетово, како и во семејниот дом во с.Гајре. Притоа, во едниот стан во Тетово и во домот во с.Гајре биле пронајдени и одземени пари во различни валути и апоени, тетратки со списоци од должници и телефонски броеви, три лап-топ компјутери, мобилни телефони и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.Лицето било задржано во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, велат од МВР

Македонија | пред 1 година

kazni-policija-policaec

Возачот кој го усмрти велосипедистот не бил во алкохолизирана состојба

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид на лице место на сообраќајна несреќа во која ноќеска околу полноќ животот го загуби 77-годишен велосипедист.Несреќата се случила на булеварот „Киро Глигоров“, во близина на железничкиот надвозник, кога автомобил „Мицубиши“ со скопски регистарски ознаки, управуван од 26-годишен возач, удрило во велосипедот. Велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди од кои починал на лице место.Се преземаат сите дејствија за испитување на причините за несреќата и евентуалната одговорност. Непосредно по настанот, кај возачот не е регистрирано присуство на алкохол, меѓутоа сепак се земени примероци од крв и урина за дополнителни анализи. Издадена е наредба за обдукција на телото на починатиот, како и наредба за обезбедување на евентуални снимки од видео надзор. При увидот на лице место беше вклучен и сообраќаен вештак, а автомобилот е испратен на вонреден технички преглед.Categories

Скопје | пред 1 година

ursula-1

Лидерите на ЕУ: Мора да и помогнеме на Украина на краток рок, да ја зајакнеме одбраната на долг рок

Лидерите на земјите-членки на Европската унија денеска ќе се соберат на вонреден самит за да разговараат за зајакнување на одбранбените капацитети и помош за Украина.Претседателот на Европскиот совет Антонио Коста напиша во писмото со покана до лидерите дека би сакал тие да ги донесат првите краткорочни одлуки за да ја направат Европа посуверена, способна и подготвена да се соочи со непосредните и идните предизвици за нејзината безбедност. На средбата е поканет и украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој ќе се приклучи преку видео врска.Лидерите ќе имаат на маса предлог за план за вооружување на Европа, кој вчера го претстави претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен. Според неа, планот може да мобилизира близу 800 милијарди евра за одбрана.„Безбедноста е она на што почива нашиот просперитет и од што зависи нашата слобода. Затоа мораме да воспоставиме одвраќање против оние кои се обидуваат да ни наштетат“, напиша Урсула фон дер Лајен во писмото до лидерите на земјите-членки во кое го наведува нејзиниот план.Таа нагласи дека сега е време за вооружување и дека Европа е подготвена масовно да ги зголеми своите одбранбени инвестиции, краткорочно да и помогне на Украина, но и долгорочно, за Европа да ја преземе одговорноста за нејзината безбедност.Комисијата предлага да се воспостави посебен финансиски инструмент од 150 милијарди евра заеми за земјите-членки за инвестиции во одбраната. Комисијата ќе го позајми овој износ на финансиските пазари и ќе одобри заеми од земјите-членки.За да добијат ваков заем, земјите-членки ќе треба да излезат со предлог како ќе ги трошат бараните средства. Бидејќи провизијата има највисок можен кредитен рејтинг, овие заеми би биле многу поволни со ниски каматни стапки и долги рокови.Овие средства би биле искористени за финансирање на проекти кои би биле од корист за сите, како што се воздушна и ракетна одбрана, артилериски системи, беспилотни летала со ракети и муниција и системи против беспилотни летала, како и за решавање на други потреби - од сајбер безбедност до воена мобилност.

Свет | пред 1 година

DSC_0288

Уапсен е 19-годишниот возач поради сообраќајната несреќа на патот Тетово-Гостивар во која загина жена

Полицијата го притвори 19-годишниот А.А. поради сообраќајна несреќа на атопатот Тетово – Гостивар во која вчера попладне загина 81-годишна жена од Охрид.Во 15.50 часот вчера во СВР Тетово е пријавено дека на автопатот Тетово-Гостивар се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Пежо” со охридски регистарски таблички, управувано од Г.В.(47) од Охрид и патничко возило „Мерцедес” со регистарски таблички од Р.Словенија, управувано од А.А. (19) од с. Градец. На местото на настанот починала Д.М. (81) од Охрид, сопатничка во возилото „Пежо”, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Гостивар.Со тешки телесни повреди се здобиле В.В. (47) и С.В. (69) од Охрид, сопатници во возилото „Пежо”, кои со возило на Итна медицинска помош се пренесени во Ургентен центар Гостивар за укажување на лекарска помош.Извршен е увид од ОВР Гостивар и јавен обвинител, по чија наредба возачот А.А. е лишен од слобода и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-03-05-at-08.33.38

Демократ по говорот на Трамп: Обожава диктатори како Путин, да беше Трамп во Студената војна ќе ја изгубевме

Демократската сенаторка од Мичиген Елиса Слоткин зборуваше по говорот на Трамп во Конгресот и рече дека Роналд Реган ќе се сврти во гробот по „спектаклот“ што сегашниот американски претседател Доналд Трамп го приреди во Овалната соба со украинскиот претседател Володимир Зеленски, пренесува Си-Ен-Ен.Слоткин рече дека Трамп ја украл фразата на Реган „мир преку сила“ и посочи дека поранешниот републикански претседател ја гледа силата не само преку воената и економската моќ, туку и преку моралната јасност.„Сите сакаме крај на војната во Украина, но Реган знаеше дека вистинската сила значи комбинирање на американската воена и економска моќ со морално лидерство. А она што го видовме во Овалната соба не беше само лоша епизода од реалити ТВ, тоа е олицетворение на пристапот на Трамп кон светот“, рече Слоткин.„Тој обожава диктатори како Владимир Путин и клоца сојузници како Канаѓаните. За него, американското раководство е само серија зделки за недвижнини. Како некој што пораснал во Студената војна, благодарна сум што Реган тогаш беше во Белата куќа, а не Трамп. Со Трамп, ќе ја изгубевме Студената војна“, додаде таа.За време на нејзиниот одговор на обраќањето на Трамп во Конгресот, Слоткин го критикуваше Илон Маск, нагласувајќи дека на САД им треба поефикасна влада, но не и хаотични намалувања што таа ги споредува со стилот на раководење на Маск.„Зборувајќи за Илон Маск, има ли некој во Америка кој се чувствува удобно со него и неговата екипа од дваесет и нешто луѓе кои користат сопствени сервери за да ги копаат вашите даночни пријави, здравствени досиеја и банкарски сметки? Нема надзор, нема заштита од сајбер напади, нема ограничувања за тоа што прават со вашите приватни податоци“, праша Слоткин.Таа додаде дека поддржува ефикасна влада и борба против отпадот, но смета дека промените не треба да бидат хаотични или да ја загрозат безбедноста.„Бесмислено отпуштање луѓе кои го штитат нашето нуклеарно оружје, ја одржуваат безбедноста на воздушниот сообраќај и спроведуваат истражувања за ракот, за да ги вработат назад два дена подоцна? Ниту еден извршен директор во Америка не би преживеал такво нешто без веднаш да биде отпуштен“, рече Слоткин.Во својот одговор на говорот на Трамп, Слоткин го критикуваше економскиот план на актуелниот претседател, тврдејќи дека тоа нема да им помогне на Американците да живеат подобро.Таа ја истакна потребата да се намалат цените на храната, домувањето и здравствената заштита, да се вратат работните места и синџирите на снабдување од Кина и да се обезбеди стабилност за американските компании.„Потребен ни е даночен систем кој е праведен кон луѓето кои немаат милијарда долари. Претседателот зборува големи приказни за економијата, но секогаш треба да ги читате ситните букви. Дали неговите планови им помагаат на Американците да просперираат? Ниту блиску“, рече Слоткин.„Трамп се обидува да им овозможи историско давање на своите милијардери. Тој бара трилиони долари за да ги пренасочи кон најбогатите во Америка“, рече таа.

Свет | пред 1 година

Screenshot-2025-03-04-at-18.09.46

Сестрата на смртно-прегазената Теодора: Сестра ми сака мирно да спие, до кога ќе умираме од болка?

"И пак умираме, пак и пак пак до кога? Зарем нетреба да се стави крај на сето оваа, или веќе кога не враќаат во првостепена, ќе ги одложуваме повторно и рочишта до кога? Веќе све е очигледно! До кога ќе се врти неправдата оклу нас, до кога ќе ги гледам моите родители како молат за правда, до кога ќе ни гори душата? До кога ќе молиме и лелекаме за правда? Сестра ми Теодора сака правда, Сестра ми сакам мирно да спиее! Сакаме правда за Теодора! Сакаме веќе колечно да имаме правда!ПРАВДА ЗА ТЕОДОРА!"Ова вчера на Фејсбук го напиша Ева Ристовска, сестрата на Теодора Ристовска, која во 2022 година на 22 години го загуби животот во сообраќајна несреќа.- "За која правда да зборувам, за кој суд да зборувам за која Македонија да зборувам, мизерија од људи станавмо се страмим од мојата државам се страмим од људите кои раковода со нашава држава. Да згазнеш девојче на само 22години и да завршиш со условна казна,жално страмотно, згора на тоа убиецот секојдневно се шета пред мене со насмевка, без грам срам, жалост и виновност, без признавање на дело зад кое тој сам го сторил. За кое дело да зборим, пред тебе стои мермер на младо девојче, зад тебе људи со душевна болка што навечер неможат да заспијаат, на кого да кажем на убиец што нема никакви чуства, мене сварно ми е јасно како може ваке да фукционирамо ваке,како може толку лесно да ја купиш правдата, како можеш да не одговараш за твојата грешка, како можеш дома да отидеш да ги видиш твојте деца а да не ти текне дека ти си убил нејчио дете. Дете за кој некој се трудел да го порасне,и да му го покаже вистинскиот пат. Пешачкиот премин е од едната до другата страна на улицата а не од овој до другиот свет, на Теодора не вредеше вака да и заврши животот, и тоа без никаква правда. Како може човек да не раководи со своите емоции и чуства да нема епатија и човечност. Оф оф оф.. Македонијо тешки луѓе те газат", додаде таа, велејќи и дека правда во Македонија не постои ни на лист хартија.Инаку, во Тетово вчера овторно се одложи за 27 март судењето за Теодора Ристовска.По сообраќајната несреќа во август 2022 година, првото судење почна скоро една година подоцна во јули 2023, а во ноември 2023 по признавање на вина на возачот, бил осуден на три години и шест месеци затвор.- Обвинетиот поднесе жалба до Апелацискиот суд во Гостивар. Како резултат на ова, Апелацискиот суд ја намали казната на две години затвор. Тој поднесе барање за преиспитување на пресудата пред Врховниот суд на Северна Македонија, кој одлучи да ги укине пресудите на Основниот и Апелацискиот суд и предметот го врати на повторно судење, вели Ева Ристовска. Возачот не одлежал ниту еден ден затвор, иако несреќата се случи пред речиси три години, изјави Ева Ристовска.

Македонија | пред 1 година

putin-i-lukasenko

Лукашенко ги повика Трамп, Зеленски и Путин на преговири во Минск

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко ги покани претседателите на Соединетите Американски Држави, Русија и Украина, Доналд Трамп, Владимир Путин и Володимир Зеленски, да дојдат во Минск и да водат преговори за постигнување мир и ставање крај на војната во Украина.Во интервју со блогерот Марио Науфал, Лукашенко рече дека нема потреба да се врши притисок врз Зеленски и дека е важно да се постигне договор со него, бидејќи голем дел од украинското општество ја поддржува неговата позиција, пренесе Белта.„Нема потреба да се турка Зеленски, кој и да е тој. Мораме да се договориме со него. Ако сакаш, дојди. Минск е блиску до Киев, половина час со авион. Ги чекам Трамп, Путин и Зеленски, ќе седнеме и мирно ќе се договориме“, рече Лукашенко.Тој истакна и дека верува оти Трамп е понезависен од неговиот претходник Џозеф Бајден, на кој, според него, големо влијание имале неговите советници. Лукашенко додаде дека Бајден поради карактерот и физичката кондиција имал потешкотии во донесувањето независни одлуки, додека Трамп е поспособен да носи одлуки.

Свет | пред 1 година

w_57571547

Како може Европа да се одбрани од Русија без Америка?

САД го носат убедливо најголемиот дел од трошоците за финансирање на НАТО, воен сојуз кој обединува 32 земји. Европската безбедност зависи и од американските војници и нивното оружје - првенствено од специјалните воени способности што Европејците сè уште ги немаат на располагање. На пример, во однос на воздушен транспорт на тенкови или војници, но и сателитско извидување и надзор.За Европејците да можат да се бранат од Русија без американска поддршка, ќе бидат потребни дополнителни 250 милијарди евра годишно (покрај постојните трошоци за одбрана и вооружување), според бриселскиот тинк-тенк „Бројгел“ и Килскиот институт за светска економија. Поточно, ова вклучува околу 50 бригади со вкупно 300.000 војници и 3.400 нови тенкови. За споредба: испраќањето на една нова бригада во Литванија (со околу 5.000 војници) го доведе германскиот Бундесвер на работ на постоечките капацитети, пишува Дојче веле.Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен го претстави „Планот за повторно вооружување на Европа“ вреден стотици милијарди евра овој вторник (4 март), пред кризниот самит на ЕУ за Украина. Планот вклучува олеснување на правилата за задолжување, како и стимулации за зголемување на трошоците за одбрана, рече фон дер Лајен во Брисел. Таа процени дека на тој начин ЕУ може да мобилизира „речиси 800 милијарди евра“.Една од ставките треба да биде нов фонд, вреден 150 милијарди евра, за зголемување на одбранбените инвестиции во ЕУ, вклучително и воената помош за Украина. Покрај тоа, фон дер Лајен смета и на приватен капитал и на дополнителни средства од Европската инвестициска банка.Овој план на претседателот на Европската комисија мора да биде одобрен од земјите-членки на ЕУ.Урсула фон дер Лајен предлага „омекнување“ на строгите правила за максималниот износ на националниот долг, дефиниран со Договорот од Мастрихт. Ова конкретно би значело дека националните влади би можеле да инвестираат дополнителни милијарди евра во тенкови, борбени авиони или муниција без овие инвестиции да се сметаат за дозволениот дефицит пропишан со Договорот од Мастрихт. Сојузниот канцелар Олаф Шолц го поддржува овој предлог, кој е во согласност со прокламираниот германски став дека одбраната треба да остане во надлежност на националните власти, односно дека трошоците за вооружување треба да се финансираат од буџетите на земјите-членки.Со цел да се забрза безбедносната соработка во Европа, бриселскиот тинк-тенк European Policy Centre (EPC) сугерира дека 27-те земји на ЕУ не треба да се трудат премногу да донесат едногласни заклучоци, туку наместо тоа, оние земји кои сакаат да го сторат тоа треба побрзо да напредуваат. Во оваа „коалиција на волните“, се наведува, треба да се вклучат и земји кои моментално не се членки на Унијата, како Велика Британија или Норвешка. Овие земји би уплаќале пари во заеднички фонд (Европски фонд за финансирање на безбедноста), а со заедничките средства, како што понатаму се наведува, би можел да се постигне „финансиски ефект на потпора“, т.е. да се задолжи многу повеќе со заеднички напори отколку што би било можно со збир на поединечни капацитети.Франција, Шпанија и Грција сакаат европското вооружување да се плаќа со заеднички европски заеми, што, како што велат, би помогнало да се избегне дополнително оптоварување на нивните и онака презадолжени национални буџети. Пред сè, францускиот претседател Емануел Макрон е тој што предлага формирање на европски воен одбранбен фонд, по моделот на фондот на ЕУ за надминување на последиците од управувањето со кризи за време на пандемијата на коронавирус.Еврообврзници, или еврообврзници, дури и зборот е доволен за да предизвика загриженост кај германскиот министер за финансии. И не е само Германија која е резервирана за идејата и некои други земји кои практикуваат строга буџетска дисциплина имаат слични резерви. Овие земји претпочитаат концепт според кој трошоците за одбрана ќе останат одговорност на националните влади во иднина. Меѓутоа, во тој случај, би било целосно нејасно како земјите како Шпанија или Италија, кои издвојуваат помалку од 1,5 отсто од својот БДП за одбраната, би можеле некогаш да се приближат до прокламираната цел на НАТО од 2 отсто од БДП во иднина, особено кога се гледа во контекст на нивниот (пре)висок национален долг?Досега заедничките набавки на оружје беа исклучок во ЕУ. А последица на ваквата практика е фактот што во Европа се користат пет пати повеќе различни системи за оружје отколку во САД. Од економска перспектива, многу попаметно би било да се распише тендер за развој на ново оружје, а работата да се даде на концернот кој произведува воена опрема и поднесува најатрактивна понуда. Ако сите армии, на пример, купат однапред договорен модел на тенкови, тогаш производството на поголем број тенкови на крајот би било поевтино (по парче).Она што изгледа како добра идеја економски често пропаѓа поради националниот егоизам. Министерствата за одбрана досега беа среќни да купуваат системи произведени од домашни фабрики за оружје. Реализацијата на заедничките проекти би доцнела поради комплицираниот процес на усогласување на ставовите. Според мислењето на воените експерти, заедничката набавка е, и покрај сето ова, нешто што има најголем потенцијал за подобро опремување на армијата по поднослива цена.

Свет | пред 1 година

trendafilov

Народот го прочита и знае дека Трендафилов, кој сега глуми синдикалец, е на тастер на СДС, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

„Слободан Трендафилов сега глуми синдикалец, откако глас не пушти за работничките права и раст на платите во времето кога СДС беа на власт“, велат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат:Дали молчењето на Трендафилов и сега глумењето синдикалец загрижен за правата и достоинството на работниците е поради тоа што токму СДС го постави на чело на ССМ?Слободан Трендафилов на незаконски и крајно насилен начин, со кршење и изигрување на прописите, е поставен за претседател на ССМ.Трендафилов не можел да биде избран на чело на ССМ, затоа што тој претходно не бил претседател на грански синдикат како што налага Статусот и законите, туку бил секретар.Нелегалното поставување Трендафилов на чело на ССМ се случи за време на власт на СДС и беше дозволено токму од нив. Целиот тогашен државен систем го одмолчи ова незаконие, со цел на чело на овој синдикат да дојде послушник кој што ќе биде мирен и ќе молчи за време на власт на СДС, а ќе глуми синдикалец кога ќе бидат во опозиција.Сега на дело можеме да го видиме ваквото делување на Трендафилов, бидејќи неговите ставови се идентични како на тие на СДС, што човек би помислил дека се координирани во штабот на Бихаќка.Слободан Трендафилов нема автентично делување, тој го пресликува и во целост усогласен со СДС.Затоа и до сега никаде го немаше и како синдикалец, Трендафилов молчеше за системското деградирање на работникот во време на владеење на СДС, премолчи кога Талат Џафери пцуеше вработени во Собрание, збор не кажа за сексуалните напади врз припаднички на армијата од страна на старешини.Така да, народот го прочита Трендафилов и знае дека тој е на тастер на СДС.Исто така, народот гледа дека ВМРО-ДПМНЕ на власт посветено работи на подобрување на животот на граѓаните, расте минималната плата, растат платите во здравство и образование, пензиите и содокажаниот раст на економијата ќе продолжат да растат и платите во приватниот сектор.

Македонија | пред 1 година

nesrekja-velosipedist

Загина велосипедист во Скопје: Уапсен 26-годишен возач

Денеска (05.03.2025) во 00.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Киро Глигоров“ во Скопје, патничко возило „мицубиши аутлендер“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.В.(26) од Скопје, удрило во велосипед, управуван од Б.К.(78) од Скопје.„Од здобиените повреди, на местото на настанот починал велосипедистот Б.К., а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.Увид извршиле увидна екипа од СВР Скопје и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција, а возачот К.В. бил лишен од слобода.Тој бил приведен во Полициската станица Кисела Вода за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, велат од МВР.

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2025-03-05-at-09.09.29

Вучиќ: Благодарам на Ана Брнабиќ за нејзиното храбро и почесно однесување на вчерашната седница

Српскиот претседател Александар Вучиќ по вчерашниот инцидент на седницата на Националното собрание изјави дека чека да слушне што имаат да кажат обвинителите, но нема да мирува „додека тие што го направиле ова не одговараат“, пренесува Klix.ba.Тој додаде дека вчера бил тежок ден за Србија и за секој нормален граѓанин на таа земја, поради, како што вели, силеџиското и хулиганското однесување и сцените чии слични не се видени од воспоставувањето на повеќепартискиот систем. Вучиќ најави дека ќе бара кривична одговорност за сите одговорни за вчерашните сцени.Потсетиме дека пратениците од српската опозиција вчера фрлаа димни бомби во парламентот, протестирајќи против владините политики и изразувајќи поддршка за студентите кои протестираат со месеци, со директен пренос на државната телевизија.Според него, пратеничката Соња Илиќ, која е во осмиот месец од бременоста, е добро, како и нејзиното бебе, додека Јасмина Обрадовиќ, која Вучиќ ја посети во болница, е стабилна по мозочниот удар. Вучиќ ја спомна и Јасмина Каранац која Милош Јовановиќ ја испрска со солзавец и рече дека разговарал и со неа.Тој им се заблагодари на пратениците, на дел од министрите и на претседателката на Народното собрание Ана Брнабиќ за, како што рече, чесното и храбро однесување за време на седницата.Вучиќ додаде дека пратениците од опозицијата со измама донеле димни бомби направени од картон и пластика во парламентот, истакнувајќи дека ги шверцувале во долна облека.Според него, протестот на опозицијата кулминираше затоа што забележуваат пад на поддршката за протестите и гледаат дека луѓето не сакаат насилство и се нервозни поради тоа.

Свет | пред 1 година

drango

По фотографијата со убиената мечка, Данго остана без директорската фотелја во „Македонија пат“

По два месеци по фотографијата на која позира со убиена мечка, Сашо Дранго е разрешен од функцијата заменик-директор на „Македонијапат“. На негово место е назначен Александар Шуковски, економист од Ресен.„Денес е мојот прв работен ден на позицијата, в.д. заменик генерален директор на јавното претпријатие за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта (Македонија Пат). Голема благодарност до претседателот на Владата, г-дин. проф.д-р Христијан Мицкоски, членовите на Владата и членовите на Управниот одбор на институцијата за дадената доверба. Дадената доверба е голема обврска, но и одговорност, затоа можам да ветам, дека напорно ќе работам за да ја оправдам довербата која ми е дадена“, напиша Шуковски на својот Фејсбук профил.Дранго лани во декември објави на социјалните мрежи објави фотографија со застрелана мечка иако ова диво животно е под заштита и нејзиното ловење, прогонување или вознемирување е строго забрането за што е предвидена и затворска казна. По реакциите на здруженијата за заштита на животните Дранго изјави дека тој не ја застрелал мечката, туку дека таа била жртва на сообраќајна несреќа, па тој заедно со вработените во „Македонија пат“ само ја тргнале од коловозот на патот Битола-Ресен, по што тој се сликал со неа. Дранго велеше дека за ова имало и записник во полициската станица во Битола, но од таму негираа дека има пријава.Од Основното јавно обвинителство од Битола изјавија дека ќе отворат предмет за случајот со мечката.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-24-57-7740PM

Сончево и топло до 18 степени во Скопје

МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ (во °С)-7 Берово, -5 Битола, -4 Маврови Анови, -3 Скопје-Петровец, Тетово, Прилеп, Демир Капија, Струмица, -2 Претор, Штип, Гевгелија, -1 Крива Паланка, Велес, Кавадарци, Попова Шапка, 0 Скопје-Зајчев Рид, Охрид, Куманово, Крушево, 1 Виница.ВИСИНА НА СНЕЖНА ПОКРИВКА во 07 часот (во сm)23 Попова Шапка.ВРЕМЕТО ДЕНЕСКАНаутро постудено, преку денот сончево и релативно топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 19 степени.Во Скопје, сончево и релативно топло со слаб северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 18 степени.Дежурен синоптичар:Дипл.инж.метеоролог Јулијана Фиданоска – Мишкоска

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-01-21-at-17.55.24

Трамп: Америка се врати, само што почнав.

Американскиот претседател Доналд Трамп го одржа своето инаугуративно обраќање пред двата дома на Конгресот во кое ги презентираше активностите на неговата администрација во првите 40 дена и најави дополнителни мерки, опишувајќи го првиот месец од неговиот мандат како најуспешен во американската историја.„Првиот месец од мојот мандат е најуспешен во историјата“, тврди Трамп, наведувајќи го Џорџ Вашингтон како втор најуспешен.Тој рече дека неговата инаугурација пред шест недели „ја прогласи зората на златното доба на Америка“. Досега немаше „ништо освен брза акција“, рече Трамп, додавајќи дека неговата администрација досега направила повеќе од која било друга во четири цели години. „И јас само што почнав“, рече тој.„До моите сограѓани, Америка се врати“, рече Трамп во својот говор, на громогласни овации и аплаузи од републиканците. Потпишани се над 1.000 одлуки, ова е време за големи соништа, изјави американскиот претседател.Во текот на целото обраќање на Трамп, републиканците во Капитол станаа со ракоплескање и одобрување, додека демократите држеа табли на кои пишуваше „Неточно“ и „Маск краде“.Зборувајќи за брзите достигнувања на неговата администрација во првите 44 дена, Трамп го издвои проблемот со имигрантите, тврдејќи дека тие „одлучиле да не доаѓаат откако ги слушнале моите закани“. „Ја испратив американската војска и граничната патрола да ја одбијат инвазијата на границите на земјата“, рече тој, додавајќи дека „нелегалните преминувања минатиот месец беа убедливо најниските досега забележани“.

Свет | пред 1 година

Screenshot-2024-09-29-at-12.14.03

Жена загина, две лица се борат за живот - тешка сообраќајка на патот Тетово-Гостивар

Жена загина, а две лица се тешко повредени, по несреќа на патот Тетово-Гостивар.До несреќата дошло кога се судриле патничко возило „пежо“ со охридски регистерски таблици, кое го управувал Г.В.(47) од Охрид и патничко возило „,мерцедес“ со словенчки национални ознаки, управувано од А.А.(19) од Гостивар.„Во незгодата на самото место на повредите им подлегнала Д.М.(81) од Охрид сопатничка во 'пежото'. Со тешки повреди се здобиле возачот и уште едниот сопатник сите од Охрид, констатирани во урегентното одделение во гостиварската болница“, велат од СВР Тетово.Увид на местото на несреќата врши екипа при ОВР Гостивар во содејство со јавен обвинител.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_26-08-2023_12-35-50-6940PM

Започна и веднаш се одложи повтореното судење за трагичната смрт на Теодора

Во тетовскиот суд започна и веднаш се одложи повтореното судење за сообраќајката во која загина 22-годишната Теодора Ристовска.Судијата информираше дека се отсутни обвинетиот Менсур Пајазити и неговиот адвокат.Пајазити, стои во образложението, се наоѓа на болничко лекување во Тетовската клиничка болница во одделот за интерна медицина судењето.Ова е инаку повторено судење откако Основниот суд Тетово го осуди Пајазити на три и пол години затвор. Апелацискиот суд во Гостивар му ја намали казната на две години, по што Врховниот суд ги укина двете пресуди и го врати судењето во Основен суд Тетово.„По две и пол години повторно се наоѓаме пред Основен суд, повторно ни ја враќаат болката, повторно го преживуваме истиот хорор. Сестра ми имаше само 22 години. Студентка која се бореше за своите права, имаше соништа и беше човек со огромна душа. Овие луѓе денеска тука дојдоа да ни дадат поддршка, бидејќи сестра ми имаше душа за сите. Не ми е јасно уште колку треба да поминуваме низ истиот пекол за нешто што е очигледно и колку солзи треба да пролееме“, изјави Ева Ристовска, сестрата на Теодора.Теодора беше прегазена на пешачки премин на 15 август 2022 на булеварот Видео Смилевски-Бато.Судењето е одложено за 27 март.

Македонија | пред 1 година

DSC02115

Под истрага двајца полициски службеници

Јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција постапувајќи по кривичната пријава поднесена од МВР, донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против двајца полициски службеници. Постои основано сомнение дека осомничените сториле продолжено кривично дело Попречување на правдата, продолжено кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување и продолжено кривично дело Фалсификување исправа.Според прибраните докази во предистражната постапка осомничените како службени лица – началник и виш инспектор, по претходен договор и заедно, не извршувајќи ја својата службена должност ја злоупотребиле својата службена положба со намера да го спречат докажувањето во постапки што се воделе пред ОЈО Куманово.Така, во август 2023 година во предмет против осомничен за кривично дело Предизвикување општа опасност, иако при претрес била пронајдена пушка, второосомничениот не го известил надлежниот јавен обвинител и со Известувањето што го подготвил до ОЈО Куманово, а кое го одобрил и потпишал првоосомничениот, не го доставил пронајденото оружје, ниту побарал негово вештачење. На тој начин осомничените злоупотребувајќи ја својата положба со неизвршување на својата службена должност, го прикриле предметот што служел за докажување на стореното кривично дело и овозможиле пријавата против осомничениот да биде отфрлена со што потешко ги повредиле правата на оштетените пријавители на кривичното дело.Кон крајот на месец декември минатата година, првоосомничениот изработил Потврда за вратени предмети со која на осомничен во предмет му вратиле возило што претходно било одземено поради постоење основи на сомневање на сторено кривично дело Фалсификување исправа. Иако знаеле дека идентитетот на возилото според извршеното вештачење е променет, првоосомничениот наместо да поднесе кривична пријава, подготвил Известување до ОЈО Куманово кое второосомничениот како началник го одобрил и потпишал, а потоа истото било доставено до обвинителството. Враќајќи го возилото осомничените му овозможиле на друг да прибави имотна корист во вредност од 7.640 евра.Согледувајќи ги околностите што укажуваат на опасност од бегство доколку осомничените се бранат од слобода, како и дека ќе ја попречуваат кривичната постапка со влијание врз сведоците и соучесниците кои би дале важни информации за случените кривично правни настани, а имајќи ги предвид работните позиции, јавниот обвинител цени дека реално постојат и особени околности кои го оправдуваат стравот дека осомничените ќе го повторат кривичното дело. Затоа, до судијата на претходна постапка при Основен кривичен суд Скопје обвинителството достави предлог за определување на мерка притвор за двајцата осомничени кој предлог е прифатен и со Решение им е определена мерка притвор во траење од 30 дена.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-03-04-at-18.28.37

Дрво падна врз малолетник во Карпош 3, позади Лептокарија – однесен е во болница

Дрво паднало врз малолетник во Карпош 3, близу до Лептокарија,кој е пренесен во болница. Ова го објави Општина Карпош, обвинувајќи дека „Паркови и Зеленило“ требало да го исечат дотрајаното дрво.„Меѓутоа, како и во стотици други случаи јавното претпријатие и Градот Скопје остануваат глуви на барањата на Општина Карпош и на граѓаните. Општина Карпош бара Министерството за внатрешни работи да го документира овој немил настан, да се утврди одговорноста и за истата да се сносат правни последици“, велат од Општина Карпош.Од градското претпријатие „Паркови и Зеленило“ велат дека дрвото не било обележано за сечење.„За конкретното дрво до нас нема пристигнато никакво барање ниту пак има издадено Решение за сечење. По барањата на странките за интервенција врз дрвјата редовно се постапува. Во досегашното работење на сите барања на Општина Карпош е одговорено. Сметаме дека надлежните од општината го злоупотребиле овој немил настан од причина што доколку се работи за подрачје на нивна општина за кое требало да поднесат барање“, велат од претпријатието објаснувајќи ја процедурата како се сече дрво и по чие барање.

Скопје | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања