Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Претседателот на Египет до Трамп: „Ве молам, запрете ја војната“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Свет
media-libraryrhfnvbj6ievfeNpGhYp
The White House

Претседателот на Египет, Абдел Фатах ал-Сиси, упати директен и драматичен апел до американскиот претседател Доналд Трамп да ја запре војната во Иран, оценувајќи дека токму Вашингтон има клучна улога за деескалација.

— реклама —

„Никој освен вас не може да го запре овој конфликт. Ве молам, помогнете ни да ја запреме војната“, порача Сиси на енергетската конференција во Каиро.

— реклама —

Тој предупреди дека ескалацијата може да предизвика сериозни последици за глобалната економија, вклучително и нагло зголемување на цената на нафтата, која, според проценките, може да достигне и над 200 долари по барел.

Сиси истакна дека нападите врз енергетската инфраструктура и нарушувањето на снабдувањето ќе доведат до двоен удар – недостиг на ресурси и раст на цените, со најтешки последици за земјите со послаби економии.

— реклама —

Дополнително, предупреди и на можна глобална прехранбена криза, поради нарушувања во извозот на ѓубрива, што може да ја загрози стабилноста на многу држави.

Во меѓувреме, Советот за соработка во Заливот оцени дека нападите врз енергетската инфраструктура и затворањето на Ормускиот теснец претставуваат сериозна закана за глобалната енергетска безбедност, со оглед дека преку овој морски пат се транспортира значителен дел од светската нафта.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3lp5aqc3s2v192BIUrY

Арагчи со предупредување: „Иран го нападнаа двапати, ако се обидат повторно, резултатот ќе биде ист“

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryp4td1q8uuucqamn57JJ

„Ќе ги кренат рацете и ќе се предадат“ – Трамп со остра порака до Куба

Свет | пред 2 дена

media-libraryjkf1kip65pc7cmRzgab

Иран се закани дека ќе ги нападне американските бази ако продолжи придружувањето на бродови

Свет | пред 4 дена

media-libraryjkf1kip65pc7cmRzgab

(Видео) Пожар на нафтен танкер во Ормускиот Теснец, Иран тврди дека удрил во мина

Свет | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања