Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

Скопје1.мк

urgenten-centar

Дете најверојатно ќе остане инвалид: вчера на Ургентен примени и девет пациенти од сообраќајки

На Ургентниот центар имало околу 30 проценти помалку пациенти од минатата година во текот на новогодишната ноќ. Направени се околу 35 прегледи, од кои девет биле сообраќајки со лесни повреди.Најтешки повреди имало дете, кое се уште е хоспитализирано на клиниката. Тоа е на возраст од 13 години кое има тешка повреда на раката од петарда и е оперирано на Детската клиника за хирургија. Според докторите, најверојатно, тоа ќе остане со инвалидитет на раката.Примен бил и странски државјанин во алкохолизирана состојба, кој имал повреда на раката, но е пуштен на домашно лекување.

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2024-04-18-at-15.40.23

17-години има најмладата пациентка на Токсикологија, а затруено со алкохол било и момче на 14-години

Помалку пациенти се примени на Токсикологија за време на новогодишната ноќ. Директорот д-р Андон Чибишев кажа дека вчера се примени вкупно 22 пациенти. Примен е и пациент кој измешал алкохол со таблети.„Од 22 прегледи, 18 пациенти се со акутни труења со алкохол. Четири пациенти се од женски пол, а 14 од машки пол. Сите пациенти се пуштени на домашно лекување“, рече Чибишев.Тој ја кажа и возраста.„Кај женските, најмладата пациентка е 17 години, а најстарата е 26 години. Кај машките 14 години има најмладиот пациент, 38 години е најстариот пациент“, додаде Чибишев.

Македонија | пред 1 година

gasovod-rusja-x-epa

Запрен извозот на руски гас во Европа: „Ова е историски ден!

Извозот на руски природен гас во Европа, преку цевководи од советската ера што минуваат низ Украина, беше прекинат во раните утрински часови на новата година, бидејќи истече договорот за транзит, a завојуваните Москва и Киев не постигнаа договор за продолжување на протокот.Рускиот енергетски гигант Газпром во средата соопшти дека извозот на гас преку Украина во Европа е прекинат во 8 часот по московско време, бидејќи договорот за транзит истекол. Тие знаеја дека гасот од руските наоѓалишта повеќе нема да тече во Централна Европа преку гасоводот Јамал по 60 години повеќе или помалку непречено снабдување.Пред агресијата, ЕУ увезуваше 40 отсто од вкупните потреби за гас од Русија, но сега уделот падна на осум отсто, со тренд на опаѓање. Украина во средата соопшти дека транзитот на руски природен гас низ нејзина територија е суспендиран од 7 часот наутро по локално време, поради „националната безбедност“.„Го запревме транзитот на руски гас. Ова е историски настан“, изјави министерот за енергетика Герман Галушченко.Соопштението на киевското Министерство за енергетика уследи по истекот на петгодишниот договор меѓу Гаспром и украински Нафтогас.„Русија ги губи своите пазари, ќе претрпи финансиски загуби. Европа веќе донесе одлука да се откаже од рускиот гас“, додаде тој.Затворањето на најстарата руска рута за гас за Европа стави крај на една деценија на тензични односи предизвикани од нелегалното заземање на Крим од страна на Русија во 2014 година. Украина престана да купува руски гас следната година. Запирањето на протокот на гас се очекуваше поради војната, која започна во февруари 2022 година со инвазијата на Москва на Украина.Украина беше категорична дека нема да го продолжи договорот. Транзитот на гас преку Украина сочинуваше приближно половина од вкупниот извоз на гас на Русија преку цевководи до Европа. Русија сè уште извезува гас преку гасоводот Турски тек на дното на Црното Море. Турски тек има две линии - едната за турскиот пазар, а другата за снабдување на потрошувачите во Централна Европа, вклучувајќи ги Унгарија и Србија.

Свет | пред 1 година

policiska-lenta-policija-srbija-960x639

Трагедија во Србија: Две едномесечни бебиња загинаа по верижен судар во близина на Нови Сад

Вчера во Србија се случи тешка сообраќајна несреќа во која тешко се повредени две девојчиња, едномесечни бебиња, јавува РТС. По несреќата тие биле примени во Детската болница во Нови Сад со тешки телесни повреди опасни по живот, но за жал денеска починале.Блиц јавува дека починатите девојчиња биле близначки.Во несреќата се судриле два автомобили, а се се случило на автопатот Нови Сад-Зрењанин.Покрај бебињата, по несреќата во болница се пренесени и двајца мажи на возраст од 43 и 34 години, како и една жена на возраст од 34 години. Сите биле однесени на реанимација.РТС јавува дека, според неофицијални информации, возачот на автомобилот од засега неутврдени причини преминал на спротивната лента и дошло до верижен судар со друг автомобил.

Свет | пред 1 година

370060E9-5209-4390-B716-5BA0E10F6C46_1_105_c

Подготвени ли сте? Новата 2025 дојде!

Нека новата 2025 година ви донесе здравје во изобилие, мир во вашите срца, љубов во вашите семејства и остварување на вашите најголеми соништа. Секогаш верувајте во себе и никогаш не се откажувајте!Нека 2025 година биде ново поглавје исполнето со нови можности, напредок и незаборавни моменти со луѓето кои најмногу ги сакате.Среќна Нова година 2025!

Македонија | пред 1 година

vozacka-1

Од денес нема да важат личните документи и возачките дозволи со старото уставно име

Од денес личните документи и возачките дозволи со старото уставно име нема да важат. Оние кои ќе бидат затекнати со стара возачка, ќе бидат санкционирани со парична казна од 100 евра.“На пунктовите веќе подолго време не се забележува метеж, службите функционираат со полн капацитет, а процесот на замена тече без проблеми”, велат од МВР.Согласно Преспанскиот договор, по промената на уставното име на државата, граѓаните имаа обврска да ги променат патните исправи, личните карти и возачките дозволи.

Македонија | пред 1 година

siljanovska-davkova-2

Сиљановска-Давкова помилува седум осудени лица

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод новогодишните празници донесе одлука за помилување на 7 осудени лица, од кои 1 потполно, а 6 лица делумно се ослободуваат од понатамошно извршување на казната затвор.Шестемина осудени лица се помилувани во траење од 3 месеци, а едно лице 3 месеци и 4 дена, што кај него доведе до потполно ослободување од извршување на казната затвор.

Македонија | пред 1 година

zemjotres-2-2

Земјотрес почувствуван во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва 1 јануари 2025 година во 00 часот и 15 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа во соседна Албанија, 80 km западно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда ML3.3.Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Тетово, Гостивар и околината со интензитет од III степени Европската макросеизмичка скала.

Македонија | пред 1 година

bebe

Се роди првото бебе во 2025 година во Скопје

„Првото бебе во 2025 година се роди на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство во Скопје во 00.01 часот.Годинава ја почнавме со принц!“, велат од ЈЗУ Универзитетска Клиника за Гинекологија и Акушерство - Скопје и додаваат:Бебето е од машки пол, тешко е 3190грама и е долго 50 сантиметар и е прво на мама и тато.На принцот му посакуваме силно здравје и среќни детски дни, реализирани сни и куп детски палавости што впрочем зборува за големи детски радости, посочуваат од Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство во Скопје.

Македонија | пред 1 година

pozarna-avtobus-nokje

Опожарено „ауди“ во Ѓорче Петров, од пожарот зафатено уште едно возило

Вчера во 12.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров настанал пожар во патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на М.Н.(44) од Скопје.Според пријавеното, пожарот настанал при стартување на возилото и притоа делумно било зафатено и патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, кое било паркирано до возилото „ауди“.Пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема.

Скопје | пред 1 година

policija-nokje-4141

21-годишник од Скопје нападнат од неколку лица во центарот на градот

Вчера во 17.30 часот во СВР Скопје, 21-годишниот А.М. од Скопје пријавил дека на 29.12.2024 околу 03.10 часот пред угостителски објект на подрачјето на Центар бил физички нападнат од неколку лица, при што едно од нив му одзело личен накит.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 1 година

50-evra

Жена од Гостивар измамена од едно лице за сума од 380 евра

Вчера во 17.30 часот во ОВР Гостивар, 36-годишна жена од Гостивар пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 380 евра.Според пријавеното, лицето се претставило дека работи со хуманитарни организации од Косово и Албанија и дека за нејзино лекување биле обезбедени 7.000 евра, но за да ги добие требало да уплати 380 евра преку брз трансфер на пари.Како што е пријавено, таа позајмила пари и му ги пуштила, но веќе наредниот ден не одговарал на нејзините повици, по што сфатила дека била измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 1 година

tancerki

Затекнати осум девојки во кафеана на автопатот Тетово – Скопје, три од нив биле странски државјанки кои го злоупотребиле престојот во државата

Ноќта од 30 кон 31 декември, во периодот од 23.00 до 05.00 часот, полициски службеници од СВР Тетово извршиле контрола во угостителски објект покрај автопат Тетово – Скопје, сопственост на 43-годишниот Џ.М. од Тетово.При контролата биле затекнати осум женски лица, од кои пет македонски државјанки и три странски државјанки кои го злоупотребиле туристичкиот престој.Тие биле приведени и задржани во полициска станица за понатамошна постапка.

Македонија | пред 1 година

avstralija-sidnej-novagodina

(Видео) Спектакуларен новогодишен огномет над познатата Сиднејска опера и мостот во Сиднеј

Голем број домашни и странски туристи уживаа во спектакуларниот новогодишен огномет над познатата Сиднејска опера и мостот во Сиднеј во Австралија.Државата Самоа, Кирибати и Нов Зеланд први влегоа во новата календарска 2025 година, а полноќ отчука и на Фиџи и Австралија.Сиднеј е еден од првите големи градови кои влегуваат во новата година, па тој дочек го одбележа навистина спектакуларно. Милиони луѓе се собраа за да уживаат во овој поглед над култната Опера.

Свет | пред 1 година

1-1

Студентите ќе имаат бесплатен превоз во 2025 година, кажа Јаневска

Студентите во главниот град ќе имаат бесплатен јавен превоз во 2025 година. На денешната седница, Владата донесе одлука да му префрли 120 милиони денари на ЈСП - Скопје, информираа на прес конференција претседателот на Владата, Христијан Мицкоски и министерката за образование и наука Весна Јаневска.„Претходната Влада три години не обезбедуваше средства за оваа намена и немаше донесено ваква одлука. Оттука и недовербата која студентите ја имаа кон извршната власт. Ги уверувам треба да бидат спокојни затоа што новата Влада ги исполнува ветувањата и обврските кон граѓаните, а токму оваа наша одлука е потврда за тоа“, рече премиерот Мицкоски, додавајќи дека бесплатниот јавен превоз, ќе им овозможи на студентите поголема достапност и ќе ги ослободи од финансискиот товар со што ќе може повеќе да се фокусираат на студиите и личниот развој. Министерката Јаневска рече дека во изминатите 6 месеци министерството интензивно комуницираше со студентите околу нивните потреби и беа прифатени повеќе нивни барања.„Овозможивме бруцоши да користат субвенциониран оброк од први октомври, што не беше така до лани. Во 2025 година, или ќе се прошири опфатот на оваа мерка со вклучување на оние кои се вработени на половина работно време, или пак, ќе се зголеми износот на дневниот надоместок. Тоа ќе одлучиме заедно со студентските организации“, додаде министерката.Годинава беше овозможено за стипендиите за втор циклус на студии во државата, да аплицираат и студенти со завршени тригодишни додипломски студии. Навремено беа исплатени ученичките и студентските стипендии за тековната учебна, односно академска година, за разлика од минатото кога доцнеа повеќе од половина година.Јаневска потсети и дека беа олеснети постапките за аплицирање и за остварување на правото на стипендија. Учениците и студентите повеќе не доставуваат хартиени договори во МОН, ниту пак, министерството доставува хартиени решенија. Процесот за прв пат се одвиваат целосно електронски.Јаневска информираше дека за 2025 година е обезбеден за 18% поголем буџет за студентски стандард споредбено со годинава и ќе изнесува 30 милиони евра. Ќе продолжи реконструкцијата на државните студентски домови, како и изградбата на објектите за ФИНКИ и ФФК.

Македонија | пред 1 година

20230227071314

При гасење пожар во куќа, струмичките пожарникари пронајдоа мртво лице

Денес 31.12.2024 година, во 12.35 часот на улицата Широк дол, ТППЕ Струмица со едно противпожарно возило и 4 пожарникари-спасители интервенираше на гасење на запалена просторија од куќа.При интервенцијата внатре во просторијата е пронајдено мртво лице. Увид на лице место вршат надлежните органи.Причините за настанувањето на пожарот се уште не се утврдени.

Македонија | пред 1 година

31122024-Mickoski-pres

(Видео) Мицкоски: Бесплатен јавен превоз за студентите ќе има, Владата донесе одлука да му префрли 120 милиони денари на ЈСП

„Во изминатите неколку недели актуелна беше темата за јавниот бесплатен превоз на студентите. Имајќи ја во предвид очајната финансиска состојба во Јавното сообраќајно претпријатие се наметна темата дали тоа воопшто ќе продолжи да работи, да функционира и се доведе во прашање имплементацијата на самата мерка за бесплатниот превоз на студентите“, кажа премиерот Христијан Мицкоски.„Станува збор за наследен проект и проект кој беше заглавен со многу недоречености и долгови.Дополнително на ова, свесни за фактот што студентите се иднината на нашата држава, но и за тоа дека, секојдневно се соочуваат со големи предизвици, високи трошоци за школување, сместување и живот. Во вакви околности, јавниот превоз е еден од главните трошоци за студентите.Затоа Владата на денешната редовна седница одлучи да му префрли 120 милиони денари на Градот Скопје, односно на Јавното сообраќајно претпријатие, за да може оваа мерка непречено да се реализира и следната календарска година. Тоа е едно дополнително олеснување на образовниот процес на студентите и една грижа помалку за нив, од финансиски аспект.За потсетување, претходната Влада три години не обезбедуваше средства за оваа намена и немаше донесено ваква одлука. Оттука и недовербата која студентите ја имаа кон извршната власт. Ги уверувам, треба да бидат спокојни, затоа што новата Влада ги исполнува ветувањата и обврските кон граѓаните, а токму оваа наша одлука е потврда на тоа.Во изминатите нешто повеќе од 6 месеци имавме редовна и отворена комуникација со младите, со студентите за што повеќе ќе говори министерката. Често дискутиравме за нивните потреби, барања и наталожени предизвици.Бесплатниот јавен превоз ќе им овозможи поголема достапност до образованието и ќе ги ослободи од финансискиот товар, со што тие ќе можат повеќе да се фокусираат на своите студии и личен развој.Оваа мерка има се разбира и еколошки аспект. Поттикнувајќи ги младите да го користат јавниот превоз, намалуваме употреба на приватни возила, со што придонесуваме за почист воздух, помали емисии на штетни гасови и поздрави градови.Сакам да истакнам дека наследивме Влада со многу проблеми, но ги решаваме, целосно посветени на она што преставува реална потреба на сите граѓани. И во последниот ден од оваа година сакам да посочам неколку работи. Надежта се роди и очекувањата се големи. Ќе работиме до ситните часови, и секој ден така, само за да не ги изневериме очекувањата на граѓани“, изјави Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

siljanovska-davkova-novagodina

Сиљановска-Давкова: Посакувам 2025-та година да биде година на успеси, стабилност, радости и остварени соништа

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова упати честитка по повод новогодишните празници.„Драги сограѓани, драги сопатници во заедничкото македонско патување и патешествие, во нашето споделување на арното и лошото, денеска е тој ден, најден, со заслужени суперлативи – најдолг, најсреќен, најубав, ден кога нешто оставаме како спомен од минатото и со себе ја земаме надежта за поубава година.Во годинава што изминува бевме сведоци на многу порази и падови, но и на успеси, хуманост, меѓусебна помош и поддршка.Новата година е момент да се направат многу нешта во пријатна атмосфера, но и момент да се потсетиме дека некои храбри луѓе бдеат над нашата благосостојба.Новата година секогаш буди оптимизам, надеж и раѓа нови можности.Како и во вашите животи, и во мојот, има и подеми и падови, но и стотици причини и мотиви да не се откажуваме. Ние секогаш имаме обврска да чекориме напред и кон подобро, заради нас самите, заради нашите деца и за општото добро. Мудриот рекол една гранка лесно се крши, но кога десет гранки ќе се сплотат, тоа е невозможно.Живеејќи во свет на искривени вредности, да испратиме пораки дека заедно сме посилни и посреќни. Да им подадеме рака и на немоќните, на лицата коишто живеат на маргините, потребни сме им, но и тие нам. Да изградиме општество во кое секој ќе има шанса за пристоен и достоинствен живот, ранливите ̶ поддршка, а младите ̶ инспирација, мотив и иднина. Имаме насушна потреба од еколошка правда и договор со природата, но не како наметната обврска, туку како предуслов за извесна иднина.Како нација имаме право да го покажеме пред светот нашето вистинско лице, да ја кажеме нашата долговековна приказна, да веруваме во нашиот македонски сон.И како човек и како претседателка верувам дека вреди да се бориме за правото, правдата и моралот. Држејќи се до овие начела, малите земји имаат шанса да ги пребродат големите бури во меѓународните води.Да го чуваме како добри домаќини нашиот заеднички дом. Посакувам 2025-та година да биде година на успеси, стабилност, радости и остварени соништа. Да живееме во мир, спокој и хармонија со оние што ги сакаме и што нѐ сакаат.Среќна Нова година!“, се наведува во честитката на Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

Македонија | пред 1 година

brza-pomos-nokje-3

Сообраќајка на магистралниот пат Радовиш - Струмица, двајца повредени

Вчера во 20.35 часот во СВР Струмица било пријавено дека на магистрален пат Радовиш - Струмица, делница помеѓу крстосница за село Василево и Струмица, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“ со струмички регистарски ознаки, управувано од О.П.(47) од село Градашорци, струмичко и патничко возило „бмв“ со струмички регистарски ознаки, управувано од М.Т.(21) од село Владевци, струмичко.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот М.Т., а со телесни повреди се здобил возачот О.П., констатирани во Медицински центар Струмица.Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.

Македонија | пред 1 година

kradec-maska-151

Уапсени двајца од Неготинско: краделе од општинско основно училиште во село Криволак

Вчера во 10.50 часот и во 13.00 часот, полициски службеници од ОВР Неготино ги лишиле од слобода Д.Н.(19) и Ф.М.(21), двајцата од село Криволак, неготинско.Тие се сомничат дека во периодот од 29.12.2024 до 30.12.2024 одзеле повеќе предмети од општинско основно училиште во село Криволак.Предметите биле пронајдени и вратени во училиштето. Д.Н. и Ф.М. биле приведени, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 1 година

101013308-147590

„Ауди“ излета од локален пат во Струшко: двајца повредени

Денеска во 03.40 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека на локалниот пат од населбата Теферич кон село Шум, струшко, патничко возило „ауди“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 27-годишниот Р.О. од Охрид, излетало од патот.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобил неговиот сопатник Л.М. од село Заграчани, струшко, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Струга.

Македонија | пред 1 година

policija-rekord-avtobus

Апсења низ Скопје: пронајдена дрога

Денеска (31.12.2024) во 00.00 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар го лишиле од слобода К.А.(19) од Кочани затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 30.12.2024 во 20.00 часот во Скопје, на место викано Сончев град, полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода го лишиле од слобода З.С.(39) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 30.12.2024 во 20.25 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Е.А.(22) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 30.12.2024 во 22.20 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.С.(31) од Петровец затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 30.12.2024 во 22.10 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.А.(39) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Скопје | пред 1 година

bolnica-bitola

Прегазена битолчанка: со тешки повреди пренесени во болница

Вчера во 13.24 часот во СВР Битола било пријавено дека на улицата „Карпош“ во Битола, патничко возило „форд“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 47-годишниот Г.С. од Битола, удрило во 61-годишната З.Д. од Битола.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила З.Д., констатирани во Клиничка болница Битола.Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од СВР Битола.

Македонија | пред 1 година

petardii

Апсења во Битола, Прилеп и Радовиш: пронајдени разновидни пиротехнички средства

На 30.12.2024 во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода У.Ш.(50) од Битола. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени разновидни пиротехнички средства. По документирање на настанот против него ќе следува соодветна пријава.На 30.12.2024 во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода А.О.(26) од Прилеп. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени 400 парчиња разновидни пиротехнички средства. По документирање на настанот, против него ќе следува соодветна пријава.На 30.12.2024 во 12.00 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица - ОВР Радовиш го лишиле од слобода Д.Р.(30) од Шуто Оризари, скопско. При преглед кај него биле пронајдени разновидни пиротехнички средства. Запознаен бил јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 1 година

viber_image_2024-12-13_00-14-31-790

Kомунална хигиена-Скопје подигна 𝟣𝟤𝟢𝟢 кубни метри отпад од диви депонии во текот на декември

Во текот на последниот месец од 2024-та година, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа приближно 1200 кубни метри непрописно одложен отпад од јавни и сообраќајни површини на територијата на градот Скопје. Најголем број диви депонии се отстранети во скопските општини Чаир, Ѓорче Петров и Аеродром, извести Kомунална хигиена-Скопје.Во текот на месецов, ЈП Комунална хигиена-Скопје бележи и голем број интервенции на таканаречените „црни точки“ каде што континуирано непрописно се одлага отпад, лоцирани на булеварот Никола Карев (Пластичарска улица) - во општината Чаир, улиците Ѓорче Петров, Лука Геров, Христо Батанџиев и Македонска војска - во општината Ѓорче Петров, улицата Васил Чакаларов - во општината Карпош и улицата Димо Хаџи Димов - во општината Кисела Вода.На овие локации секојдневно се реализираат и интервентни патролни дежурства од страна на Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје, којашто во текот на месец декември изготви и врачи вкупно 29 едукативно-информативни записници за граѓани и правни субјекти што се затекнати при прекршување на Законот за јавна чистота, соопшти Kомунална хигиена-Скопје.

Скопје | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања